МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СИНАКСАР МАЈ,СПОРЕД ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАР ГО ЧЕСТВУВА

ДЕНЕСКА, 1 МАЈ, СВЕТИ ПРОРОК ЕРЕМИЈА
Роден е шест века пред Христа во селото Анатот во близина на Ерусалим. Почнал да пророкува во времето на царот Јосиј, во својата 15 година. Постојано бил прогонуван бидејќи пророкувал многу несреќи на царевите и великодостојниците заради нивната вера во лажните идоли и заради принесување на деца како жртва на тие идоли. На царот Јаоким му прорекол дека телото ќе му биде влечено надвор од ѕидовите на Ерусалим; на царот Ехониј дека ќе биде одведен во Вавилон со целото семејство и таму ќе умре.
Кога на престолот во Ерусалим дошол цар Седекиј, Еремија му прорекол пад на Ерусалим и ропство под јаремот на Вавилонците. Во долината Тотеф под Ерусалим, на местото каде деца биле жртвувани на идолите, прорекол скорашен пад на Јудејското царство. Наскоро Вавилонците го зазеле Ерусалим, го разориле градот и го оплјачкале, многу луѓе убиле, а робовите ги однеле во Вавилон. Пророк Еремија го земал ќивотот од храмот и го сокрил на ридот Нават каде умрел Мојсеј, а огнот од храмот го сокрил во еден длабок бунар. Некои Евреи го однеле во Египет, каде прорекувал пропаст на египетските идоли и доаѓање на Девата со Младенецот. Тука, во Египет, Евреите го каменувале светиот Еремија и тука бил закопан. Според преданието, царот Александар Велики го посетил гробот на пророк Еремија. По наредба на царот, телото на Еремија било пренесено и закопано во Александрија.
Тропар, глас 2:
На Пророкот Твој, Еремеија, споменот Господи го славиме, затоа Те молиме, спаси ги душите наши.
Кондак, глас 3:
Очистубајќи го со дух твоето светозарно срце, велик пророку и мачениче, славен Еремија, од Небесата си добил дар на пророштво, и си говорел гласно на сите страни: ова е Бог наш и нема други богови освен Него, кој со овоплотување се јави на Земјата.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА,2 МАЈ, СВЕТИ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ, АРХИЕПИСКОП АЛЕКСАНДРИСКИ
Овој светител го празнуваме на 31 јануари (18 јануари), но на денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти и чудата призлезени од нив.
Роден во Александрија 296 година и уште од детството бил наклонет кон духовниот призив. Бил ѓакон кај архиепископит Александар и го придружувал својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На соборот многу се прославил си својата ученост, благочестивост и ревност за Правослабието, а особено со пишувањето на Символот на верата кој беше усвоен на Соборот. По смртта на Александар, тој бил избран за архиепископ на Александрија и на таа позиција, со помали прекини, останал повеќе од 40 години.
Во текот на целиот негов живот, свети Атанасиј бил прогонуван од еретици. Го прогонувале царот Констанциј, Јулијан и Валент, еретикот Арија и неговите следбеници, епископ Евсевиј никомидијски и многу други. Бил принуден да се крие насекаде: во бунар, во гроб, во пустина, по куќи и двапати бегал во Рим. Мал е бројот на светители кои толку биле наклеветени и толку гонети како свети Атанасиј. Трпеливо и со јасно всадена истина и верата во себе, успеал да истрае до крај. Дури пред смртта еден период имал мирен живот, а потоа, во 373 година се упокоил, преминувајќи среќен кај својот Господ.
Тропар, глас 3:
Беше столб на Православието, потпирајќи ги боженствените догми на Црквата, првосвештенику Атанасиј, и Синот на Единосушниот Отец си го проповедал, посрамувајќи го Ариј. Оче свети, моли Го Христа Бога да ни дарува голема милост.
Кондак, глас 2:
Го рашири православното учење, исекувајќи ги трњата на ересот и умножувајќи го семето на верата на благодатта на Духот Свет: Затоа те славиме, Атанасиј Велики.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 6 МАЈ, СВЕТИОТ ПРАВЕДЕН И МНОГУСТРАДАЛЕН ЈОВ
Јов бил потомок на Исав, внукот Авраамов и живеел во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му бил Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име било Јовав. Бил чесен човек, богобојазлив и многу богат. Но во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допуштил тешки искушенија врз него преку сатаната, како што сѐ е убаво опишано во Книгата Јов. Во еден ден Јов го изгубил сиот свој имот, сите свои синови и ќерки. Потоа врз него паднала тешка болест од која целото тело му се покрило со рани од темето до табаните и Јов лежел на ѓубриштето надвор од градот и со парче керамида си го вадел гнојот од раните. Но тој не зароптал на Господа, а стрпливо докрај ги поднел сите оние маки. Затоа Бог му го вратил здравјето и му дал многу поголемо богатство од претходното и пак му се родиле седум синови и три ќерки, колку што ги имал претходно. Поживеал уште двесте четириесет и осум години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање кое Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус Христос.
Нека Господ Бог Благослови!

ДЕНЕСКА,8 MAJ, СВЕТИ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ ЈОВАН БОГОСЛОВ
Свети Апостол и Евангелист Јован е роден во Витсаида Галилејска од татко Заведеј и мајка Саломија. По занимање бил рибар, а потоа најмладиот по години ученик на Господ Исус Христос. Тој го напишал Евангелието, три посланија и последната книга на Новиот Завет – Откровението јованово или Апокалипсата.
Основач е на Азиската црква и затоа се смета како најзаслужен апостол во Мала Азија. Бил сведок на сите чуда Христови, сведок на преображението, смртта Христова и нему Господ му ја доверил својата мајка, Пресвета Богородица на чување и како таков бил еден од најревносните ученици во ширењето на Евангелието и утврдувањето на христијанската љубов меѓу христијаните. Поучувал со зборови и дела, покажал со сопствениот пример како треба да се биде Христијанин. Ги обиколувал селата и градовите, основал црковни општини, поставувал епископи, свештеници и ѓакони. Предизвикал сите да го следат неговиот пример.
Римскиот император Диоклицијан кога дознал за големите успеси на новата вера во Мала Азија, заповедал да го доведат апостолот во Рим и кога царот го видел пред себе си, почнал да го мачи жестоко, му дале да испие чаша полна со отров, го фрлиле во казан каде имало врело масло. Но свети Јован Богослов останал здрав и неповреден. Се исполниле врз него зборовите на Господа:”Ако оние што веруваат во Него и да испијат нешто смртоносно нема да им наштети”. Оние кои присуствувале на мачењето почнале да извикуваат:”Голем е христијанскиот Бог”. Императорот кога го видел тоа решил повеќе да не го мачи и го испратил на заточение на островот Патмос. Престојот на тој остров послужил за спасение во Господа на тамошните жители.
Апостолот и тука го проповедал Светото Евангелие, исцелувал болни и вршел многу чудеса. На сите им бил пример на кротост, незлобие и покажувал љубов кон Бога и ближните. Кога умрел императорот Диоклицијан гонењето против Христијаните стивнало. Тоа му дало можност на Свети Јован да се врати во Ефес. Христијаните од тој град го пресретнале со голема радост и велеле:”Благословен е оној кој иде во името Господово”. Светиот Апостол Јован до крајот на животот останал во Мала Азија и го продолжил Спасителното дело.
Умрел во 120 година а бил положен во гробот кој самиот го подготвил. На своите ученици им дал последни напаствија, ги благословил и ја предал душата на Господа. И секоја година на 8 мај(21) од гробот излегувал ситен прав кој исцелувал разни болести. Поради тоа споменот на Свети Јован Богослов се празнува на овој ден.
Тропар:
Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помоли; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 9 МАЈ, ПРЕНОС НА МОШТИТЕ НА СВЕТИ НИКОЛАЈ
Пренос на моштите на Свети Николај Чудотворец Мирликиски. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случило заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јавил во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповедал неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари бил православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случиле многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото кое изобилно се излевало од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го вратил видот на слепиот крал Стефан.
Тропар, глас 4:
Дојде денот на големото славење, градот Бари се радува и со него целата вселена се весели, со песни и пеење духовно. Денеска е светло славење, пренос на чесните и многуисцелителни мошти на светителот и чудотворец Николај, кој како сонце кое не заоѓа, свети со своите светли зраци и ја растерува темнината на искушенијата и напади врз оние кои со вера го повикуваат: Спаси не, како наш заштитник, велики Николае.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 11 МАЈ, СВЕТИТЕ СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Свети Кирил и Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер поминал десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната сесловенската историја.
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот.Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици – латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел била да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот биле пронајдени овие двајца браќа и биле испратени меѓу Хазарите. Откако го увериле Каган во верата Христова, тие го крстиле овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратиле во Цариград каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле православната вера, и ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминле за Рим, каде што Кирил се разболел и се упокоил, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се вратил во Моравија и до смртта се потрудил на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените.
Што се однесува до Св. Методиј Солунски, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено
Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и почина на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.
Делото на светите браќа по упокојувањето на Свети Методиј било доведено во прашање, но благодарение на нивните најдаровити ученици – Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави Божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.
ТРОПАР,Глас 4
Богомудри Кирил и Методиј,еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји.Владиката на сите молете Го,словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста,да го смири светот и да ги спаси нашите души.
КОНДАК,Глас 3
Почит да и одадеме на свештената двојка наши просветители,кои со преводот на Боженствените Писма ни го дадоа изворот на Богопознание,црпејќи од него до денес неисцрпно,ве славиме вас,Кириле и Методие,кои стоите пред престолот на Свевишниот и топло се молите за душите наши.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета! ДЕНЕСКА, 20 МАЈ, СВЕТИОТ МАЧЕНИК ТАЛАЛЕЈ
Светиот маченик Талалеј бил родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија. На осумнаесетгодишна возраст ова момче бил со прекрасен изглед, со црвеножолта коса.Тој бил лекар по занимање, а пострадал за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедал својата вера во Господ Исус Христос пред мачителот, овој им наредил на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но на џелатите како една невидлива сила да им го зел видот и наместо Талалеј тие издупчиле една штица и ја обесиле на дрвото. Кога дознал за ова мачителот помислил дека тоа го направиле намерно и наредил да ги тепаат. Тогаш Александар и Астериј повикале: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ Кога го слушнал ова, мачителот наредил и ги убијат со меч. Тогаш самиот мачител зел сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеле и морал да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го сторил со молитва. Потоа го фрлиле во вода, но тој жив му се јавил на мачителот. Зашто Талалеј во себе Го молел Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките. Кога го фрлиле на ѕверовите, тие се умилкувале околу него и му ги лижеле нозете. Најпосле бил убиен со меч и се преселил во Царството Небесно, во 284 година.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 21 МАЈ, ЦАР КОНСТАНТИН И ЦАРИЦА ЕЛЕНА
Цар Константин се родил меѓу 271 и 273 година на 27 феврури, во римскиот град Наис (Naissus) т.е. Ниш, во провинцијата Горна Мезија. Татко му бил Констанције Хлор, во тоа време римски офицер од висок ранг, а мајка Елена која имала скромно потекло. Бидејќи Констанције и Елена потекнувале од две различни општествени, се претпоставува дека живееле во конкубинат што значи еден вид на брак кој бил возможен на сопружницисо различно општествено потекло.
Констанције Хлор подоцна напреднал до местото на преторијански префект на царот Максимијан (286 – 305, другата влада: 306 – 308) на совладарот на Диоклецијан. Кога се јавола потреба царскиот колегиум да се пришири во 293 година, августите Диоклецијан и Максимијан за совладари од понизок ранг – цезари ги зеле Галерије и Констанције. Поради настанатите прилики, Констанције морал да се раздели од Елена и да се ожени со ќерката Максимијан, Теодора, потоа бил испратен во Галија со задача да ја брани римската граница на реката Рајна. Константин, во тоа време момче од 20 години, бил испратен на исток во дворецот на Диоклецијан. Се претпоставува дека Диоклецијан го сметал Константин за свој престолонаследник и затоа сакал во својот дворец да го образува и упати во административните и воените работи.
Според ретките историски податоци се чини дека Константин го следел цезар Галерије во неговите походи против варварите и Сансанидската Персија во 289година и Диоклецијан во посетата на Египет во 301/2 година. На иницијатива на Галерије, Гиоклецијан во 303 година го започна Големиот прогон, последниот и најсуровиот, на христијаните во Римското царство. Важно е да се напомене дека само првиот од четирите едикти против христијаните бил објавен во западнипт дел на царството и дека Максимијан и цезар Констанције, морале да го применат. Колку во тоа биле ревносни е сосема друго прашање. Констанције чувствувал симпатии кон христијаните и според зборовите на ораторот Лактанције, Констанције уништил неколку цркви, но го сочувал вистинскиот храм Божји, а тоа е човековото тело.
Борбата против христијанската црква само привремено го преокупирала Диоклецијан бидејќи прашањето на наследувањето на престолот станало акутно поради неговата хронична болест. Веќе на 1 мај 305 година во близината на Никомедија Диоклецијан се повлекол доброволно од власта заедно со својот совладар Максимијан. Галерије и Констанције станале новите августи, а нивни цезари двајца штитеници на Галерије- Север и Максимин, внук од сестра на Галерије. Константин и синот на Максимијан, Максенције, биле заобиколени во поделбата на власта.
Се чини дека со ваквиот исход на настаните положбата на Константин во дворецот нс Галерије станала опасна. Констанције, под изговор дека имал слабо здравје, побарал од Галерије да му го испрати синот и тој во летото 305 година му се приклучил на таткото. По заедничкиот поход против Пиктите, Констанције умрел во Ебуракум – денешен Јорк – на 25 јули 306 година. Неговата смрт длабоко го потресе системот на Диоклецијан, бидејќи собраните војници извикувале за новиот август – Константин. Иако на почетокот се противел, Галерије го одобрил воздигнувањето на Константин, но само за цезар и потчинет на Север, новиот август на запад. Иако четврти во хиерарискиот царски колегиум, Константин задржал сигурна власт над териториите на својот татко: Галија, Британија и Хиспанија. Еден од првите чекори на Константин бил да ги повлече сите мерки против христијаните и да им ги врати правата и имотите.
На 28 октомври 306 година Максенциј се прогласил за цар во Рим со помош и поддршка на сенатот и преторијанската гарда. Галерије одбил да го признае за легитимен владетел, но и покрај тоа Максенциј се одржал како валдетел на Италија и Африка.
Изнемоштен од болест Галерије пред смрт на 30 април 311 година во Сердика (денешна Софија) го издаде Едиктот за толеранција. Тој наредил прекин на прогонот на христијаните на неговите територии – Балкна и Мала Азија – и им наложил да се молат за спас на владетелот, државата и самите себе.
По тешко освоената победа кај Верона, Константин станал неоспорен господар на северна Италија. Максенција, по вестите за неуспехот на својата војска на север, се затворил во римските ѕидини. На патот кон вечниот град, Константин доживеал мистериозно искуство по што отворено се определил за христијанската вера. На сон, во ноќта која претходела на битката кај Малвискиот мост, нему му било наложено на штитовите на своите војници да ја стави буквата Х. Оваа случка самиот цар, под заклетва, му ја раскажал на неговиот биограф Евсевије Цезарејски. Според приказната на Евсевиј „Вита Константини“ царот се молел на богот кого го почитувал тој и неговиот татко и следниот ден на небото, над сонцето, Константин и неговата војска здогледале светлосен крст со натпис: „со ова победувај“. Царот не бил сигурен во значењето на визијата се додека самиот Христос не го посетил и му препорачал да направи воен знак во облик на знакот виден на небото и да го искористи во битката. Утредента Константин наредил да се направи воено знаме со венец на врвот каде се наоѓале буквите Х и Р во вид на христовиот монограм. По овој настан царот решил да го следи богот кој му се покажал и ги повикал околу себе христијанските свештеници од кои побарал да го упатат во Христовата вера. Стариот Милвиски мост на реката Тибар, северно од Рим, бил срушен за да се отежни патот на војската во нејзиниот пристап до градот, а бранителите подигнале потонски мост од чамци. Веќе при самиот прв судир, војската на Максенције биле натерана да се повлече и потонскиот мост попуштил под товарот на нивното неорганизирано преоѓање на реката. Меѓу многумината кои тогаш се удавиле бил и самиот Максенције. Наредниот ден Константин победоносно влегол во Рим.
Константин во Италија го обнародил едиктот на Галерије за толеранција од 311 година и потоа наредил на Црквата да и се врати одземениот имот. Во оправданоста на својата верска политика сакал да го убеди и својот сојузник Лициније кога во февруари 313 година се сретнале во Милано каде Лиценције се оженил со полусестрата на својот сојузник, Констанција. Овој состанок послужил како основа за преданието на Миланскиот едикт со кој Константин на христијаните им дал слобода на вероисповед, а христијанството го направил рамноправно какп останатите религии во царството. Тој ги победил и Византијците и го изградил градот Константинопол. Во 323 година станал единствен цар на целото Римско Царство.
ПРВ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР
Првите три века од живото на Црквата се обележани со гонења, прво од страна на Јудеја, а потоа од страна на многобожците; најдобрите синови на Црквата претрпеа мачења до смрт заради нивното исповедување на името Христово; понекогаш во поедини делови на Римското Царство течеле потоци од христијанска крв. Но силата на Духот не можела да биде победена со силата на видливото оружје, и така многубожечкиот меч конечно бил принуден да се тргне пред знакот на Крстот Христов кога во почетокот на четвртиот век во грчко-римскиот свет за првпат завладеа христијански цар, светиот и равноапостолен Константин Велики.
Во 325 година го повикал Првиот Вселенски Собор во Никеја, на кој е утврдено православието, а е осудена Ариевата ерес. Тој ја почувствувал “силата на распнатиот на Крстот”, го почитувал Крстот, тоа свето Христово непобедиво оружје, сакал да го прослави самото живоносно крстно дрво, на кое бил доброволно распнат Царот и Господ, Крстот кој е осветен преку допирањето со Неговото Свето тело и Неговата пречиста крв. Го украсил Гробот на Христа и изградил голем храм. Ја испратил својата мајка на аџилак во Светата Земја. Таа дознала дека Господовиот Крст е закопан под идолскиот Венерин храм. Наредила да се сруши храмот и да се копа длабоко. Пронајдени се 3 крста, чесните клинци и таблицата со натпис. Кога 3-от Крст го ставиле на мртовец, тој оживел. Со тоа е откриен Чесниот и Животворен Христов Крст.
Царицата Елена прва го примила Чесниот Крст, му се поклонила и го целивала. Патријархот Макариј го издигнал високо за да го видат луѓето. Царицата Елена во Светата Земја ги подигнала црквите: Рождество Христово, Вознесение Господово, Успение на Пресвета Богородица, и многу други цркви. Се вратила во Цариград носејќи со себе честица од дрвото на Животворниот Крст и светите клинци со кои беше приковано телото Христово.
Цар Константин се упокоил во градот Никомидија на 22 мај во 337 година и според негова лична желба неговото тело било погребано во специјално изграден гроб во црквата на Светите Апостоли во Константинопол. Неговата света мајка, царицата Елена се упокоила на 18 август во 327 година. Според некои сведоштва се упокоила во Палестина, а по две години моштите и биле пренесени во Константинопол и погребени во црквата на Светите Апостоли.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 25 МАЈ, ТРЕТОТО НАОЃАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ
Во времето на лутото иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител била пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престанало иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован била пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Тропар, глас 4:
Како божествено благо сокриено во земја, Христос ни ја најде твојата глава, пророку и Претеча. Сите кои се собравме да го прославиме пронаоѓањето на твојата света глава, со песни на прекрасниот Спасител му пееме кој не спасува од пропаст со твоите молитви.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!

ДЕНЕСКА, 28 МАЈ, СВЕТИ НИКИТА ИСПОВЕДНИК, ЕПИСКОП ХАЛКИДОНСКИ
Свети Никита уште во младоста се одрекол од светот и се оддалечил на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, тој бил забележан од црковните старешини и воздигнат на архиерејскиот престол во Халкидон. Како архиереј особено бил милостив кон бедните и многу се грижел за сираците, вдовиците и ништите. Кога злобниот Лав Ерменин започнал борба против иконите, Свети Никита Исповедник застанал во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпел многу понижувања, озлобувања и затварања. Најпосле бил протеран во прогонство заради исповедањето на вистинската вера и сред трудови и страдања се преставил кај Господ за да прими венец на слава во Царството Божјо.
Нека Господ Бог Благослови!

This entry was posted in Синаксар. Bookmark the permalink.

Comments are closed.