ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО

j_share_morocco_mr_4639
Во овој свет постојат само две групи луѓе: оние кои се осудени и изгубени и оние кои се помилувани, спасени; грешници и свети. И ти, пријателе мој, припаѓаш во една од овие групи. Или си, или не си христијанин.
Има само два пата: ШИРОК ПАТ кој води во пропаст и смрт; и ТЕСЕН ПАТ кој води во небо и вечен живот. Ти, драги мој патнику, се наоѓаш на еден од овие два пата. Трет пат не постои. Или патуваш кон небото или патуваш кон пеколот.
Има само два учитела, Бог и ѓаволот. Ти му служиш или на едниот или на другиот, бидејќи „никој не може да им служи на два господара”, (Матеј 6:24). Затоа дозволи ми да те прашам: На која група и припаѓаш? Каде одиш? Кому му служиш?
Над едната група стои натписот „осудени”, а над другата „помилувани” и „нема разлика”. Нема никаква разлика дали си бил многу добар или многу лош, дали се сметаш за мал или голем грешник, дали си виновен или не си.
Твоето име може да биде запишано во картотеките на илјадници цркви, можеш да бидеш и најдобриот работник во црквата, можеш да поминеш години од својот живот во каење за некои твои големи гревови, но сето тоа заедно нема никакво значење. Ако не си спасен тогаш си виновен и во тој случај и припаѓаш на групата која што оди по широкиот пат кон пропаста.
Можеш да бидеш и цивилизиран, образован и фин, да имаш многу работи со кои можеш да се истакнеш и на кои можеш да се повикаш, но Бог сепак те става во истата група со најзакоравените грешници на светот и те жигосува како „виновен”. He ce сите од таа група еднакво деградирани, но сите се еднакво виновни „зашто нема разлика, сите згрешија и сите се лишени од славата Божја”, (Римјаните 3:22-23).
ГОЛЕМИОТ ПОТОП
Колку е грозна сликата што ја замислуваме при помислата на големиот потоп, кога водата го уништила целиот човечки род, освен Ное и оние што биле со него во коработ! И грешниците кои што живееле со добар и морален живот и оние најразвратните грешници, биле заедно потопени од силните бранови кои што ги однеле во вечна пропаст.
Само два вида, само две групи: тие во коработ и тие надвор од неа. He било важно дали нивниот грев бил мал или голем, дали нивните животи биле, како што велиме, добри или лоши – тие биле непослушни кон Бог, го одбиле предупредувањето и одбиле да влезат во коработ на сигурноста. Друга алтернатива, друго решение не постои. Или во коработ или смрт.
Силно плачеле и викале додека се качувале кон највисокиот планински врв, свесни дека нивните молитви и солзи доаѓаат предоцна и дека сега плачењето и солзите не можат да им помогнат: веќе не можат да се спасат. Сите, без разлика, мора да загинат. Пропуштиле да влезат во коработ. Твојата пресуда нема да биде запечатена затоа што си извршил убиство,
ниту затоа што рацете ти се крвави, туку заради тоа што не си ја прифатил единствената надеж за избавување, која што ти била понудена.
Зарем не го игнорираше прашањето: „Како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение?” (Евреите 2:3). Слушни го ова: „Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.”(Псалм 9:17). Можеш да живееш многу примерен живот од надвор, можеби не си направил ни еден од тешките гревови на ова време, но не си се грижел за Божјото спасение, си препуштил да влезеш во Коработ на Спасението, во Исус Христос, затоа си виновен и мора да погинеш.
СИТЕ СЕ ВИНОВНИ
Во големите светски затвори ќе најдеш секаков вид затвореници: од убијци, па се до оние кои го кршат законот, закоравени грешници, чии што раце се извалкани со крв, се заедно со оние кои се виновни само заради тоа што одбиле да земат оружје и да ги убијат своите ближни сите се виновни и сите се под осуда.
Човекот не мора да влезе цел километар под водата за да се удави. Доволно е само еден метар. Коњот, кој на едно место ја скршил оградата со која бил затворен, ја добива со тоа истата слобода како и оној коњ кој би ја искршил целата ограда.
Така, само еден грев ќе те спречи да влезеш во небото и ќе те стави во друштвото на изгубените, исто како да си згрешил милиони пати. Зарем Бог не рече „Оти, кој го пази целиот закон, а згрешил само во едно, виновен ќе биде за се”. (Јаков 2:10). Зарем нема да му веруваш на Божјиот збор? Размисли малку: ако згрешиш во една точка, ако прекршиш само една заповед ако направиш само еден грев, сепак ќе бидеш виновен за сe!
НАЈГОЛЕМИОТ ГРЕВ
Ми велиш дека не си виновен! Ми велиш дека не си згрешил! A jac ти велам дека си виновен за најголемиот грев кој што човекот може да го направи. Те оптужувам за најголемиот престап за кој човек може да биде виновен. Си го отфрлил Господ Исус Христос. Си ја презрел Неговата љубов, си ја игнорирал Неговата заинтересираност и си ја згазил под своите нозе Неговата скапоцена крв. Си одбил да ја прифатиш Божјата понуда за милост и виновен си за гревот на неверството, најголем грев кој е запишан во Библијата.
Бог ти го нуди Својот Син како подарок, а ти неблагодарен беднику, го одбиваш тој подарок. „ А Тој (Светиот Дух), кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев”. Каков грев? Убиство? Блудство? Кражба? He! Слушни! „За грев дека неверуваат во Мене.” (Јован 16:8-9).
Неверство! Ова е тој голем, неопростив грев. Воопшто не би помислил да навредиш некој свој земен пријател со тоа што ќе го одбиеш неговиот подарок, но не ти е грижа што го одбиваш Божјиот подарок, од кој зависи твојата вечност. Ако не бидеш спасен тогаш сега, во овој момент си виновен за неверство – за најголемиот грев што може да се направи.
HE Е ВО ПРАШАЊЕ ДЛАБОЧИНАТА НА ГРЕВОТ
He e прашање длабочината на гревот. Прашањето гласи: Каков е твојот став кон Исус Христос? Дали си Го примил за Спасител или не? Нема поважно прашање од она што го поставил Пилат: „Што да направам со Исус наречен Христос?” Твојот однос кон Исус ја решава твојата вечна судбина.
Дали сега ќе признаеш дека си „виновен”? Зарем се уште не си се уверил во својот грев? Зарем не знаеш дека само еден единствен грев и не ќе можеш да влезеш во небо? Ќе речеш дека не е фер, дека не е праведно. Но забораваш, дека небото е приготвено место за еден посебен народ. Затоа не би било праведно од Божја страна, да те пушти да влезеш во небото со твојот грев, бидејќи ти таму би бил најнесреќниот. Како се чувствуваш во друштво на свети? Дали се чувствуваш пријатно? Зарем не ти е попријатно во друштво со еднакво грешни? Мораш да се подготвиш, мораш да добиеш нов карактер и мора да си нановороден, за да можеш да уживаш во Божјитеработи. Запомни дека ништо несвето нема да влезе во небото. Само чистите срца ќе Го видат Бог (Матеја 5-8).
ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА СПАСЕНИЕТО
Каде и да одам, среќавам луѓе кои што живеат со погрешно убедување и се потпираат врз погрешна основа, веруваат дека се спасени, а не се. Илјадници и илјадници членови на разни цркви, стотици кои тврдат дека се христијани, не можат да кажат на што се темели нивната надеж за одење на небо. Мислат дека со нив се е во ред, веруваат дека се подготвени да се сретнат со Бог, а сепак кога би ги прашал неколку едноставни прашања – нивните одговори ги откриваат фактите, дека Божјиот пат им е непознат исто толку колку и на паганите таму во Африка.
Ѓаволот им ги заслепил очите, им ги затворил ушите и им го замрачил разумот, за да не се освестат и да не се обратат. Нивните души се завиткани скоро во потполн мрак, а работата на сатаната е во тоа да ги задржи што подолго во таква состојба Многумина од нив се активни работници во црквата, верни службеници на разните црквени одбори и здруженија, добри, морални и чесни во своите животи, но не се спасени.
Размисли за тоа! Да бидеш отворен христијанин, член на една црква, да го оставиш овој свет со потполна убеденост дека одиш право во небо – а сепак да ја најдеш таа врата заклучена, а влезот затворен!!! Какво горко и страшно разочарување!!!
Драг пријателе, дозволи ми да бидам чист од твојата крв. Дозволи ми да ти го покажам патот. И дозволи ми да те натерам да побрзаш, да те растресам, било да си спасен или не, да го слушнеш она што го зборувам, за да не бидеш и ти, да, дури и ти, излажан.
ЧОВЕКОВАТА ПРЕТСТАВА ЗА СПАСЕНИЕТО
Во човековото срце постои наследено верување дека мора нешто да прави за да се спаси. Таму далеку, во Индија, има луѓе кои што не ја познаваат Божјата милост, ниту пак го знаат фактот дека Божјото спасение е подарок, кои се обидуваат со своите дела и заслуги и преку своите настојувања да добијат вечен живот. Еден лежи на кревет од шајки под жешко сонце. Друг се налегнува над оган. Трет се заколнува на молчење, a четврт ја држи раката подигната нагоре додека не му се вкочани. Многумина ползат или пешачат и по стотина километри на своите „свети” патувања, испружувајќи се на земјата после секои шест стапки поминат пат. Илјадници и илјадници доаѓаат да се искапат во реката Ганг, настојувајќи со тоа да си го здобијат спасението,
Слично е и со православна црква, со јудеизмот, со римо-католичката црква, тоа се религии на дела, како и сите други. Прави, прави, прави! Колку тешки окови и ропства се човечки создадените религии! И покрај тоа што Бог јасно и гласно изјавува многу пати, дека животот е подарок и дека никогаш нема да се заслужи со дела, човекот сам си става окови. Мораш да го примиш како подарок инаку вечниот живот нема да го заслужиш.
ФАРИСЕЈОТ И ДАНОЧНИКОТ
„Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе – разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; постам двапати во седмицата и давам десеток од сe што придобивам.’ А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ ” (Лука 18:10-13).
Кај фарисејот се било„ јас”. „ Јас постам, јас давам, јас сум, јас не сум”. Ова била религија и самоправедност до крајни граници. И денес ако запрашаш некого за темелот на неговото спасение, ќе ти каже како и илјадници други „Одам редовно во црква, давам десеток, ги поучувам децата во неделното училиште, крстен сум, сум активен работник сум во црквата,” итн. Сето тоа е само „jac, јас”, и во сето тоа не постои ни најмала трага од Христос. He постои она што „Христос” го направи, туку она што „јас” го правам. Колку се различни од Павловите зборови, кога вели: „He jac, туку Христос”. Ајде да ги завземеме нашите места како грешници, бидејќи тоа е нашето вечно обележје. И да се пофалиме со она што Христос го направи, имајќи на ум дека сета наша праведност е слична на валкани алишта и дека „Исус плати за сè”.
СПАСЕНИЕТО HE МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ НА НИКАКОВ НАЧИН
Можеш да бидеш и најактивниот член на црквата, а сепак да не бидеш спасен, бидејќи активноста во црквата никогаш никого не спасила. Доктрините и догмите, молитвите, самоодрекувањето, давањето десеток, солзите и каењето, колку и да се добри, нема да те спасат. He може да те спаси ниеден проповедник, ниеден слуга Божји. „Зошто под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме”, (Дела на Апостолите 4:12). Христос, и само Христос може да те спаси.
Што се однесува до Божјото спасение, нема никаков вид работа, ни морал, ни религија, кој би можел барем малку да допринесе. Ни најдобриот живот, кој што човек може да го живее, заедно со најактивното работење во црквата, која што човек може да ја работи – сето тоа заедно нема да те донесе ни чекор поблизу до Бог. Колку и да е добра моралноста, колку и да е драгоцена праведноста, сожалувањето, човекољубието и жртвувањето за други, сепак со нив не може да се заслужи спасението, ниту да My се угоди на Бог. Најдобро речено: „He е од дела, да не би некојда се пофали”. (Ефесјаните 2:9).
Е, драг мој пријателе, ако зависиш од она што го работиш или од она што си, тогаш си изгубен. Никој сам не може да се спаси.
НЕБЕСНИОТ ПЛАН ЗА СПАСУВАЊЕ
Човековиот план за спасување секогаш се темели на заслугите, а Божјиот план се темели на милоста. Бог вели: „по благодат сте спасени” (Ефесјаните 2:8). Милоста е нешто сосема спротивно од заслугите, едно го исклучува другото. Ако спасувањето е преку милост, тогаш не е по заслуга, а ако е преку заслуга, тогаш не е потребна милост. Или е во потполност преку милост или во потполност е преку заслуги.
„Милоста е еден од најголемите зборови во Библијата „Евангелието на милоста Божја” значи добра вест, која ни е дадена за да ја објавиме. Една од најдобрите изјави која некогаш е дадена во врска со Божјото спасување, се наоѓа во Посланието до Римјаните 3:24, каде што е запишано: „но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса” Секој збор има силно значење.
Да го земеме само оној голем збор „откуп”, што значи „да се купи повторно”. Преку првиот човек, Адам, човечкиот род му бил предаден на сатаната, на гревот и на смртта. Исус Христос дојде да ја плати откупнината со тоа што го зед гревот на себе и казната за гревот како откуп. He купи повторно од пазарот за робови на сатаната.
Цената со која плати беше Неговата крв. „Знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот,… туку со скапоцената крв на непорочното и чист Јагне Христос”, (I Посл. на Петар 1:18-19).
Штом цената на откупот е во потполност платена, Бог може да оправдува бесплатно. Грчкиот збор кој што во горе-наведениот стих т.е! во Посл. до Римјаните 3:24 е преведен како „преку дар“ во Евангелието според Јован е преведен како „за ништо”. „Ме замразија за ништо.” т.е. без било каква причина или основа за омраза. Тоа е начинот на кој што Бог го оправдува грешникот. „За ништо”. Ништо добро нема во нас со што би ја задобиле Неговата наклонетост. Бог оправдува во потполност само врз основа на откупот што Исус Христос го изврши.
Според тоа, милоста е една „незаслужена благодат”, a спасението по милост е дадено бесплатно на оние кои не го заслужуваат. Сe е од Бог. Човекот не може да направи ништо со што би заслужил или би станал вреден за да се спаси. He може ни да се заработи, ни да се купи.
Постојат два начина да се задоволи законот. Едниот е да се пази законот, а другиот – да се поднесе казната поради неговото прекршување. Казната гласи „смрт”. „Платата што је дава гревот е смрт’ (Римјаните). „Која душа ќе погреши таа ќе умре’ (Езекиeл 18:4). Законот секогаш во себе содржи и казна. He e можно да се прекрши законот, а тоа да на повлече казна.
Но Бог, во Својата желба да го спаси грешникот, а сепак при тоа да постапи според правдата „па да ја покаже Својата правда во сегашно време, дека Тој е праведен и дека го оправдува секој што верува во Исус” (Римјаните 3:26), го даде Христос, да биде жртва помирница” или „накнада” за човечките гревови. „Кого Бог Го определи со крвта Своја за да биде милостивна жртва преку вера, за да ја покаже Својата правда”, (Римјаните 3:25). „A Toj (Исус) ги исчисти нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет.” (1 Јованово 2:2). Така Тој, преку смртта како казна за грев, My овозможи на Бог да работи со човекот според милост.Еден ден им делевме трактати на сите што ги среќававме. Да претпоставиме дека еден човек лази зад нас на раце и колена, молејќи за еден трактат. Што би мислеле луѓето за нас? Би зборувале од прилика вака: „Погледни ги скржавциве. Оној сиромав ги моли за еден трактат, а тие само му вртат грб и си oдaт.,, Но не, тоа не беше нашиот став. Напротив, ние сакавме да ги делиме трактатите и секој можеше да добие еден.Бог не му заврте грб на човештво. Човекот не треба да го колне и моли и мами за да се спаси. Тоа Бог всушност и го чека – чека да спаси некого. За тоа и го даде Својот Син. Тој стои завртен кон паднатиот човечки род, наведнат со љубов и милост и вика: „Дојди, земи, довери се, прими!”
Бог му го нуди на народот дарот на вечниот живот. Дали човекот моли да му се даде подарок за Божиќ во моментот кога веќе му е даден? Сигурно не би сакале да навредиме некого молејќи го за нешто што веќе ни е понудено. Едноставно би го зеле и би рекле „Благодарам”. Да го примиме и Божјиот подарок и да My заблагодариме.
Да, тоа е толку едноставно. Прими го со вера, а Светиот Дух ќе го направи другото. Смртта на Исус Христос која откупува е основа и темел за спасување. Верата е врска, мост помеѓу грешникот и Христос. Верата се надева на она што Бог веќе Го приготвил. Затоа: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш”. (Делата на Апостолите 16:31).

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.