ПСАЛМ 3
1.Господи! Колку многу се моите противници,
колку многу се креваат против мене!
2.Мнозина се што зборуваат за мојата душа:
„Нема за него спасение при Бога!”
3. Сепак, Господи, Ти си мој штит, моја слава,
Ти ми ја воздигна главата.
4. Со глас извикав кон Господа
и Он ме послуша од Својата Света Гора.
5. Јас легнувам, спијам и се разбудувам,
зашто Господ ме чува.
6. Не се плашам од десетици илјади луѓе,
што се нафрлаат на мене од сите страни.
7. Стани, о Господи спаси ме, о мој Боже!
Ти ги удираш по образи сите мои непријатели,
им ги кршиш забите на нечесните.
8. Спасението е во Бога:
Твојот благослов е над Твојот народ.
„Давидов псалм, кога побегна пред Авесалом, својот син“
Така гласи натписот кој е ставен покрај овој псалм зошто тој зборува дека зборот на пророкот трпи прогони од еврејскиот народ. Цар Давид е претставникот на оние кои се гонети, а таков е зборот на пророците. И затоа, како што Авесалом спремил бунт против својот татко, т.е. Давид, така и Евреите станувале против своите пророци зошто не ги прифатиле Божјите заповеди, туку им се спротивставувале.
„Господи! Колку многу се моите противници, колку многу се креваат против мене!“
„Нема за него спасение при Бога“. Односно дека неговиот Бог нема да го спаси. Тие ги гледале само неговите гревови, незнаејќи за неговото покајание. Тоа јасно покажува дека псалмот говори за Давид. Се вели дека се негови противници оние кои претходно биле негови поданици, а потоа започнале војна.
„ Сепак, Господи, Ти си мој штит“. Вакви зборови се долични на верата на еден пророк кој непоколебливо поднесува голем број несреќи и се надева дека нема да биде напуштен, туку напротив, дека ќе добие помош, ќе се воздигне и ќе прими царство. „ Ти ми ја воздигна главата.“ Според тоа славата на праведникот е Бог во Кого тој се потпрел и верувал, а на кого славата е Бог, тој ќе ја крене и главата.
„ Со глас извикав кон Господа“. Таа изрека не учи дека во тешки околности не би требало да бараме помош од никој друг, туку од Бога. Прво изнел молитва, а потоа, после дијапсалмот (така се нарекува или промената на музичкиот тон или пресвртот во мислите или силината на зборовите), има заблагодарување за добиеното. Сега го врти лицето кон нас и раскажува како се молел и бил ислушан и вели: со глас извикав кон Господа. Под зборот „глас“ се подразбира умот упатен кон Бога. Тој не зборува за плач, туку за молитва која се изговара со ум. Зборовите: „и Он ме послуша од Својата Света Гора“ се изговорени со општоприфатлив начин на претставување. Имено, мислеле дека Бог живее во скинијата, зошто Евреите, свештениците од таму ги добивале пророчките одговори. Или:„од Света Гора“ значи: „од небото“ и таа смисла ја имаат изразите: „на Гората Света Твоја“ (Пс. 14, 1) како и:„приближете се до Горите вечни“ (Мих. 2, 10). Светата Божја гора може да ја означува онаа гора од која Бог ги набљудува молителите и за која е речено: „Ќе се случи на крајот на деновите, гората на Господовиот дом ќе биде поставена над сите гори“ (Ис. 2, 2), зошто со тие зборови се означува Господовото јавување и Неговото доаѓање на крајот на вековите. Или „од светата Гора“, од небесата. Божја Света гора значи и натприродно познавање на Бога.
„Јас легнувам и спијам“. Се зборува за сон на умот, по кое и паѓа во грев, а зборовите „се разбудувам“ значи: бидејќи го вкусив Божјиот пресврт, станав подобар по злото кое ми се случи.
„Ти ги удираш по образи сите мои непријатели“. Го моли Бога во најскоро време да стане или да се освети на непријателите. Залудно има непријатели оној кој не дава повод за омраза. „ Им ги кршиш забите на нечесните“-се однесува или на оние кои згрешиле против него или пак на нивните клевети и хули. Исто така може да се однесува на неразумните помисли кои неприродно се појавуваат во нас, зошто противниците често ни се приближуваат користејќи ги мислите за да го уништата нашето тело, т.е. она што е од телото родено, зошто „познати се делата на телото“, вели божествениот Апостол (Гал. 5, 19). Псалмопејачот зборува за забите во преносна смисла користејќи го примерот на ѕверот чија снага е првенствено во забите и затоа што кога ним им се искршат забите стануваат безопасни. Убијците и крвопијачите се полоши и од најкрвожедните ѕверови.
„Спасението е во Бога: Спаси ме“, вели Давид. Меѓутоа „Твојот благослов е над Твојот народ.“ Би требало да се знае дека овој псалм може да се однесува на целиот човечки род кој згрешил и заради тоа бил предаден на духовните непријатели но, кој во своите страдања проплакал и бил слушнат од Бога и спасен со Неговото воскресение од мртвите и поразувањето на демоните кои војуваат против нас. Он е Господ кој „ги здроби вилиците на лавовите“ (Пс. 57, 6), Он или од Него е спасението. Своите надежи не ги полагам на човекот, вели Давид, туку од Тебе очекувам спасение и јас и народот Твој кој, како и мене, го напаѓаат непријатели.
ПСАЛМ 4
1.Кога викам послушај ме, Боже на мојата правда,
Ти што ме избави од тесно: смилувај ми се и послушај ја мојата молитва!
2.Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам?
До кога ќе ја љубите суетата и ќе ги барате лагите?
3.Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател;
Господ слуша кога викам кон Него.
4.Треперете и не грешете; размислувајте во срцата,
на вашите легла, и покајте се.
5. Принесете жртви на правда
и надевајте се на Господа!
6. Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?”
Господи, осветли нè со светлината на Твоето лице!
7. Ми даде радост во моето срце поголема од нивната,
кога им се раѓа изобилно жито и вино.
8. Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти,
Господи, ми даваш да живеам во безбедност.
Овој псалм Давид го посветил на победникот откако извојувал победа над непријателите. Ова е победничка песна.
„ Кога викам послушај ме, Боже на мојата правда.“Тоа е слично на она што е речено: „Ќе викаш и ќе рече: еве ме“ (Ис. 58, 9). „Ти што ме избави од тесно“. Ти ме изведе од тешки околности и ми помогна да застанам на голема широчина. Сива и Верзилиј му донеле како подарок на Давид храна и ткаенина кога тој, спасувајќи се од бекството од Авесалом, живеел во пустините и горите, слично на тројцата момчиња во печката и на Даниел меѓу лавовите. Кога ги знаеме причините за тагата и искушенијата, тогаш се распространуваме. Но зборот широчина може да се објасни и на друг начин. „ Смилувај ми се и послушај ја мојата молитва“. Бидејќи рекол дека Господ ги слуша неговите молитви заради својата праведност, затоа и притекнува кон Божјите милости.
„ Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам“! Тоа е упатено до оние кои мислеле дека со помош на многубројноста на војниците ќе го фатат праведникот. Но таа надеж, вели тој, била лажна и залудна.
„ Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател“, т.е. вие кои се надевавте на мноштвото, дознајте колкаво чудо покажал Господ на оној кој во Него се потпрел. „ Господ слуша кога викам кон Него“.
„Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и покајте се“. Тоа го зборува на своите ближни и на своите луѓе. Ако себе си дозволите грев, тогаш со каење на срцето во тишина ќе го направите неефикасен, зосшто со тие зборови зрачи: „на вашите легла покајте се“.
„ Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа! Не учи како да ги победуваме непријателите. А како, всушност, да ги победиме? Творејќи правда и примесувајќи го тоа како жртва пред Бога.
„. Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?” Тоа се зборови на луѓе кои не обрнуваат внимание на Божјите одлуки.
„ Господи, осветли нè со светлината на Твоето лице!“ Светлината на светот е Христос. Он не научи да ги препознаеме вистинските добра од кои се здобиваме со духовна веселба на умот и срцето.
ПСАЛМ 5
1. О Господи, послушај ги моите зборови,
Разбери ги воздишките мои.
2.Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже мој,
зашто Тебе Ти се молам!
3. Наутро го слушаш мојот глас; о Господи!
Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.
4. Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието;
нечесниот нема да живее при Тебе;
5. ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи,
Ти не си Бог на оние што прават беззаконие.
6. Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага;
Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.
7. А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост;
ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе.
8. Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели;
израмни го Твојот пат пред мене.
9. Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност;
нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.
10. Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле;
истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе.
11. И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител;
и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.
12. Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот;
го заштитуваш, со Својата милост, како со штит.
„ О Господи, послушај ги моите зборови, Разбери ги воздишките мои. Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам!“ Во насладувањето со духовната светлина, ќе се молам на Тебе, затоа и се надевам дека ќе ме ислушаш.
„ Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“Голема е пофалбата за ревноста кога веднаш откако ќе се стане од постела се застанува пред Бога и кога сонцето се претекнува со заблагодарување. Вели дека така ќе гледа на Неговите божествени и свети тајни кои си ги подготвил за оние што Го љубат.
„ Ти не си Бог на оние што прават беззаконие.“ Се надевам дека Ти ќе ме ислушаш, зошто не правев ништо од она што Ти неодобруваш. Ти неодобруваш безаконија, лукавства, неправда, лаги, завист, перфидност. Ги замрази сите оние кои чинат безаконија.
„. Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага“. Оние кои чинат безаконија се оние кои грешат во начинот на животот и Бог тоа не го одобрува. Оние, пак, кои отпаднале од вистината и кои мислат различно, Бог ги нарекол дека говорат лага: Бог и нив ќе ги погуби. Забележете ја разликата меѓу „ги замрази“ и „ќе ги истребиш“. Во „ќе ги истребиш“ го изразува она што е полошо отколку во „ги замрази“; како второ едниот глагол е во минато време, а другиот во идно. Под оние кои зборуваат лага се подразбираат и оние кои идолите и самите демони ги нарекуваат богови и кои во идолите даваат лажни и нејасни одговори и пророштва. „Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник“ зошто Бог не го одобрува таквиот и се одвраќа од него.
„А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост“, во небесниот Ерусалим и мајката на првородените.„ Ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе“. Божјиот храм е смела и света душевна состојба и оние кои ја достигнале храбро говорат: „Христос како Син се одмара во Неговиот дом, а Неговиот дом сме ние (Евр. 3, 6). Насладувајќи се со Твоето човекољубие, говори света и чиста душа и бидејќи е заштитена од Твојата десница, непрестајно ќе Ти принесувам поклони во осветениот храм на славата Твоја зошто постојано чувајќи го стравот Твој, никогаш нема да се одлучам да го отфрлам, имајќи доверба во Твоето човекољубие.
„. Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели; израмни го Твојот пат пред мене.“
„Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност; нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.“ Срцата на мудреците од овој век или еретиците, зошто тие не ги познаваат зборовите на вистината. Тие го омекнуваат својот јазик, а исфрлаат смртоносни учења.
„. Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле; истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе“. Тие сите свои предомислувања ги насочиле против мене спротивставувајќи се на моето напредување во Бога. Оние кои ја прогонуваат душата која твори она што е угодно пред Бога Го огорчуваат Бога постанувајќи отворени богоборци.
„ И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител“, Зошто ќе дојде и Он и Неговиот Отец и во него ќе се населат (Јн. 14, 23).
„ И ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име. Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот“. Бидејќи Своите слуги ги даруваш со Својот благослов и Својата промисла, оние кои се посветиле на почитувањето на Твоето име, под Твоја грижа се воздигнуваат со духот, кажувајќи ја силата Твоја. Така говори и блажениот Пвле: „Кој се фали, нека се фали со Господа“(2Кор. 10, 17).
„ Ти го благословуваш праведникот; го заштитуваш, со Својата милост, како со штит“, на крај заради нашиот труд ни даруваш венец, оградувајќи не со него како со некој штит.
ПСАЛМ 6
На пејачкиот началник, со осум-жичена свирка. Давидов псалм.
Господи, не ме карај во Својата лутина,
ниту ме казнувај во Својот гнев.
2. Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен,
Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.
3. Исто и мојата душа е силно потресена;
а Ти Господи до кога?
4. Врати се, Господи, избави ми ја душата;
спаси ме заради Твојата милост,
5. зашто во смртта не спомнуваат за Тебе;
кој ќе Те слави во Подземјето?
6. Се заморив од своите воздишки;
секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела;
со солзи го натопувам своето легло.
7. Моето око гасне и слабее од жалост,
ми ослабе поради сите мои непријатели.
8. Отстапете од мене сите, што правите беззаконие
зашто Господ го чу мојот плач.
9. Господ ја чу мојата молба;
Господ ја прими мојата молитва!
10. Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели;
нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!
Цар Давид го испеал овој псалм откако долго време живеел во покајание кое го принесувал заради својот грев.
„ Господи, не ме карај во Својата лутина“. Тој не Го моли да го избави од карање, туку да не го кара во лутина и не Го моли да го избави од казнувања, туку од казнувања во гнев.
„ Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен“. Ниедна душа не паѓа во грев пред да изнемошти нејзината сила. Се мисли на онаа немоќ која потекнува од изнемоштеноста на духот и тагувањето.
„ Исто и мојата душа е силно потресена“, се однесува на душевните сили. „А Ти Господи до кога?“ Израз кој укажува на долготрајноста на покајанието.
„. Врати се, Господи, избави ми ја душата“. Значи дека Господ се одвратил од него, очигледно заради гревот. „Спаси ме заради Твојата милост,“ зошто сето наше спасение мора да припадне на милоста Божја.
„ Зашто во смртта не спомнуваат за Тебе“. Бидејќи времето на моето покајание е долго, стравувам дека Твоето милосрдие не го попречи смртта во која веќе нема места за исповедување. Затоа молам да побрзаш со милоста.
„ Се заморив од своите воздишки“. Да послушаме какво покајание покажал царот. Тој не се трудел едноставно, туку се изморил од воздишки, не плачел едноставно, туку со солзи ја перел својата постела, и тоа секоја ноќ. Освен тоа тој не зборува само за минато време, туку ветува дека тоа ќе го прави и во иднина, во текот на целиот живот: време кои многумина го користат за починка, а тој го посветува на исповедување. „Секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела“. Заради една ноќ во која згрешив, многу ноќи поминав наквасувајќи ја својата постела со солзи.
„ Моето око гасне и слабее од жалост“. Тој со зборот око го нарекува умот, зошто умот е окото на душата.„ Ми ослабе поради сите мои непријатели“. Тука го означува времето на страдањето кое се обратило во негова заслуга зошто било долготрајно.
„ Господ ја чу мојата молба“. Откако бил ислушан, тој упатува силен збор кон своите непријатели. Да се направи голем пат кон доблеста значи да се бега и да се спаси од зајдисонцето на лукавите. Тоа е плод на покајанието и здовибањето на солзите. Или тоа е кажано во скратен облик и значи: подари за на непријателите кои ме напаѓаат можам да им кажам да остапат, зошто сум ислушан и прифатен јас, кој заради грев бев отфрлен.
ПСАЛМ 7
1. Давидова тажачка, што Му ја испеа на Господа поради зборовите на Венијаминецот Хус.
Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе спаси ме од сите мои гонители и избави ме;
2. Зошто тие како лавови ќе ме зграбат,
Ќе ме влечат, а ќе нема кој да спасува.
3. Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа,
ако има неправда во моите раце,
4. ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене;
или го ограбив оној, кој ме гони без причина;
5. тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне;
и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.
6. Стани, Господи, во Својот гнев;
крени се против јароста на моите противници,
и подигни се заради мене, Ти, Кој го одреди судот.
7. И нека собраните народи Те опкружат;
врати се на високо, над нив.
8. Господ им суди на народите! Суди ми и мене,
Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене.
9. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот.
Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.
10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.
11. Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците.
12. Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч,
ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак.
13. Тој приготвил против нив смртоносни оружја,
ги прави огнени Своите стрели.
14. Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама.
15. Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа.
16. Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме.
17. А јас ќе Го фалам Господа заради Неговата правда и ќе му пеам на Името на Сèвишниот Господ.
Царот Давид својот прв пријател Хус, го испратил кај Авесалом за да се спортивстави на Ахитофел кој го советувал против Давид. Тој го напуштил цар Давид и се претворал дека е предавник. Кога Авесалом побарал совет од него и Ахитофел и кога Ахитофел предложил да го гонат царот Давид, Хус рекол: не, бидејќи не смее без доволно сили да се прогонува оној кој е вешт во војувањето. Со тие зборови го спасил Давид кој по тој повод испеал благодарствена песна на Бога припишувајќи се на Неговата благодат, а не на некој од луѓето.
„ Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе“. Бидејќи не очекувам спасение од човекот, иако зборовите на Хус се прекрасни, Ти спаси ме, како од вистинските непријатели, така и од духовниот лав кој ја лови мојата душа.
„Ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина; тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.“Овие зборови ја имаат следната смисла: нека паднам во рацете на шаволот ако сум направил нешто од горе наведеното! Ако сум го направил тоа или нешто друго, нека пред смрт не бидам ослободен од гревот.
„Стани, Господи, во Својот гнев;крени се против јароста на моите противници“,т.е. меѓу најсилните од моите непријатели зошто јароста ги означува нивните тврдини.
„ И подигни се заради мене, Ти, Кој го одреди судот“. Со овие зборови јасно благовести за богојавувањето на Спасителот.
„ И нека собраните народи Те опкружат“. Со овие зборови јасно ја покажува верата во Неговата Црква. „Врати се на високо, над нив“. Со зборовите „на високо“ се подразбира или Чесниот Крст на кој Христос беше распнат заради нашите гревови, или воснесението на небесата зошто: „Влезе…да се појави пред лицето Божје заради нас (Евр. 9, 24).
„Суди ми и мене, Господи, според мојата правда“, повторно моли да го спаси од непријателите, молејќи за милосрдие со она што го направил.
„ Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.“ Бидејќи Ти ги знаеш помислите во нашето срце, затоа и барам помош.
„Бог е праведен судија“. Со овие зборови се изразува долготрпеливоста на Бога Кој, иако не простува сосема, го одложува нашето казнување.
„ Ги прави огнени Своите стрели“. Под зборот стрели мисли на казнувањето, а под зборот огнени, мисли на оние кои се достојни за оган.
„ Ете, злотворот зачна неправда“- тоа е непријателот на нашиот живот. „заноси нечесност и роди измама.“, т.е. замислил и својата замисла ја спровел во дело.
„ Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа.“ Подготвувајќи смрт за нашиот Спасител Христос, самиот непријател се предал на смртта.
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.