ЧЕТВРТИ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР 1 ДЕЛ

ЧЕТВРТИ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР 1 дел
Со Вселенскиот собор во Ефес не се стави крај на расправиите за Богочовекот; тој не донесе мир во конфликтот меѓу несторијанците и православните. Но наскоро, поточно во триесетите години од петиот век, постигнато е помирување по пат на унија, т.е. соединување со кое речиси и да беше прекината црковната поделба.
Откако виде дека Ефескиот собор не доведе до воспоставување мир во Црквата, императорот Теодосиј Помаладиот веднаш по соборот му се обрати на Јован Антиохиски со барање тој да влезе во општење со свети Кирил Александриски. Во почетокот, Јован и неговите следбеници постигнувањето на мирот го условувале со невозможно барање – свети Кирил да се одрече од своите дела во кои тој го изложил учењето за Лицето на Богочовекот. Таквото одрекување би било еднакво на отфрлање на догматските активности на Ефескиот Вселенски собор, кој штотуку беше завршен. Свети Кирил не се согласил на тоа, туку на антиохиските епископи им се обратил со смирен и правилен предлог да се откажат од еретичките (несториевите) мисли и да се приклучат на предлогот на Ефескиот Вселенски собор за симнување на Несториј од местото, и за законски пастир да го признаат архиепископот Константинополски Максимијан, кого на местото на сменетиот Несториј го избра Ефескиот собор од редовите на истомислениците на свети Кирил. Како одговор на ова, на свети Кирил, по негови сопствени зборови, му било доставено писмо од Јован во кое не било она што требало да биде напишано, туку тоа било напишано со потсмешлив тон. Зошто, кажува свети Кирил, место да ја смират мојата тага заради настаните кои претходеа, тагата која (антиохиските епископи) со своите постапки во Ефес ја предизвикаа, тие ја искористија приликата да го излеат врз мене својот гнев како божем да произлегол од нивната ревност за светите догмати. Но, тежнеејќи за мир во Црквата, свети Кирил не престанувал да вложува напори за да го постигне. И Господ го благослови трудот на големиот архипастир. Плод на тој труд бил исповедувањето на верата кое на свети кирил му го испратил Јован Антиохиски пред сите епископи на антиохиската област, исповедување чија суштина била содржана во следново:„ Ние исповедуваме, пишуваа антиохиските епископи, дека нашиот Господ Исус Христос, Единороден Син Божји, е совршен Бог и совршен човек, Кој се состои од разумни душа и разумно тело; дека Тој е пред векови роден од Отецот по Божество, а во последно време, заради нас и нашето спасение, од Марија Дева по човечка природа; дека Тој е едносуштен на Оца по Божество и едносуштен нам по човечка природа, зошто во Него е совршено соединувањето на двете природи. Затоа ние исповедуваме еден Христос, еден Син, еден Господ. Врз основа на таквото соединување ние ја исповедуваме Пресветата Дева Богородица, зошто Бог Логосот се воплоти и очовечи и бидејќи во самото зачнување го соедини со Себе Храмот кој го прими од Неа. Познато е дека бофословите некои од евангеските и апостолските изреки за Господ ги сметаат за општи, зошто се однесуваат на едно лице, а други, заради разликувањето на двете природи, ги земаат одвоено, и оние од нив кои доликуваат на Бог ги врзуваат за Боженствената природа на Христа, додека оние кои го унижуваат, ги поврзуваат за Неговата човечка природа“. На крајот на посланието се наоѓало анатемисувањето на Несториј и неговото учење со изјава дека го примаат Максимијан во општење. Ова исповедување на Јован и епископите кои имале исто мислење како и тој, свети Кирил Александриски го примил како дар од небото и го прифати како целосно православно. Мирот почналл да се враќа во Црквата, расправиите да се стишуваат, што гледаме по следниве изрази од посланието на Јован Антиохиски (437 година): „сите епископи од Исток (т.е. антиохиската област), како и епископите од останатите краеви ма светот, го осудија Несториј и се согласија за негово симнување. Има веќе четири години како сме го направиле и објавиле она што беше потребно. Сите приморски епископи се согласиле и се потпишале. Епископите на втората Феникија, Киликијците, го направија тоа минатата година; Арапите преку својот епископ Антиох, Месопотамската земја Еуфрат и втора Сирија одобрија се што преземавме. Од Исавријците одамна добивме потврден одговор; сите епископи на прва Сирија се потпишаа со нас“.
Меѓутоа, сред крајната напнатост која во животот на Црквата постоела околу прашањата кои ги поттикнаа несторијанците, соединувањето не можело а да не наиде на осуда од страна на некои кои од неа не биле задоволни, како во Александрија, така и во Антиохија. За мирот во Црквата особено биле опасни оние противници на помируањето на Александрија и Антиохија, кои излегле од редовите на следбениците на свети Кирил. Тие биле претходници на монофизитетската ерес кој наскоро се појавила. Стапувањето на свети Кирил во општење со Јован Антиохиски, тие го сметале за предавство на православието, додека во учењето на свети Кирил за двете природи во Христа го виделе како ерес. Од своја страна свети Кирил направил се за да ги „замолчи непријателите меѓу своите претходни другари“. Приближувајќи се на нивните погледи, тој не престанал да го пбјаснува дека учењето за двете природи во Христа не го исклучува учењето за нивното соединување. Но поранешните пријатели на свети Кирил, упорни во своите заблуди, не обраќале внимание на неговите објаснувања и предупредувања, така што големиот јерарх отишол во гроб не знаејќи дали соединувањето, кое на негова голема радост било постигнато, ќе може да опстане.
Како што поминувало времето, бројот на следбениците и заштитниците на соединувањето растел, а тоа повеќе ги лутело неговите противници, излезени од редовите на поранешните почитувачи на свети Кирил. Без разлика на својата многубројност, тие биле воздржани се додека свети Кирил бил жив заради големото почитување кое светителот го уживал во Црквата. Но, после неговата смрт, состојбата на работите се измениле. Непријателите на соединувањето во Александрија почнале отворено да му се спротивставуваат, оправдувајќи се дека тоа го прават во името на православието, додека всушност делувале во име на своето еретичко учење, во историјата на Црквата под име монофизитизам. Главниот претставник на монофизитската ерес бил Евтих, архимандрит на еден од константинаполските манастири. Во време на Вселенскиот собор Евтих бил ревносен приврзаник на свети Кирил Александриски во неговата борба против Несториевата ерес: „кога Несториј се спротивставувал на вистината, Евтих стел во нејзина одбрана“. Заради таквото негово делување се здобил со благодарност од св. Кирил: после Третиот Вселенски собор свети Кирил му испратил на Евтих примерок на описот на активностите на штотуку завршениот собор. Но Евтих, како и сите Александријци кои се противеле на соединувањето, го почитувал св. Кирил само како борец против Несториј. Делувањето на светиот отец за време и по соеднинувањето тој го сметал за грешка, ако не и за предавство на православието. Затоа Евтих не ги прифатил делата кои понатиот Александриски архиепископ ги напишал со цел да се подготви и заштитат соединувањата. Во тие дела Кирил го развивал и утврдувал сфаќањето за двете природи во Лицето на Господ Исус Христос, што било сосема спротивно на еретичките монофизитски Евтихови погледи, зошто тој учел: „по воплотувањето на Богот Логос јас се поклонувам на една природа – природата на воплотениот очовечениот Бог“; „исповедувам дека нашиот Господ се состои од две природи пред соединувањето, а по соединувањето исповедувам една природа“. Треба да се забележи дека тие изреки се среќаваат кај свети Кирил, кој сметал дека тие потекнуват од свети Атанасиј Александриски; на тој начин овие изреки претставуваат Евтихов изум, зошто тој ги зел од делата на свети Кирил, ги извадил од контекст на Кириловите погледи, и така тие добиле еретички карактер каков немаат на местото од каде се изземени. Сепак околноста дека наведените зборови се наоѓаат во делата на свети Кирил, давала привид на вистинитост на еретичкото учење на монофизитот и му обезбедувала следбеници од редовите на недалекувидливите христијани.
Прашањето на Евтиховото учење го започна епископ Евсевиј Дорилејски, познат борец против Несториј. На еден од епископските собори, кои во старите времиња биле чести, и кој овојпат се случил во Константинопол во 448 година, Евсевиј направил предпоставка за тоа дека Евтих, архимандрит на најпознат константинополски манастир, еретички, мисли за Спасителот и за Неговата тајна несогласно со апостолските преданија и учењето на Никејскиот символ. Во белешката која со таа птрепоставка била предадена на архиепископот Константинополски Флавијан и на соборот на епископите, Евсевиј меѓу останатото напишал: „јас го молев Евтих, презвитер и архимандрит, да не подлегнува на таквата бесчуствителност, опијеност на мисли и полуденост на умот, што дури заборава на стравот Божји и да биде толку дрзок што еретиците ги нарекува отци кои се почитуваат како свети и нас кои ги следиме во вера; но тој, бидејќи има голема уста и невоздржан јазик, не престанува да ги негира благочестивите догмати на православието. Ја молам и преколнувам вашата светост да не ги оставите без внимание моите барања, туку повикајте го Евтих, да дојде на вашиот свет собор и да се брани од она што го обвинувам. Спремен сум да го разобличам, да покажам дека тој само го носи името православно, а на православната вера е сосема туѓ.“ Не сакајќи работата да се разгласи, а истовремено не сметајќи за можно дека Евсевиј претпоставката ја оставил без внимание, Флавијан, претседавачот на соборот, му предложи на Евсевиј насамо „во ќелија“ да се објасни со Евтих. Евсевиј повеќе пати отишол кај Евтих за да го советува, но се покажало дека се било бескорисно. Сега Евсевиј настапил одлучно: „ не е можно јас, откако по честите одења кај него не успеав да го убедам, повторно да одам таму и да слушам хулни зборови“. Откако ја виде решеноста на Евсевиј, соборот бил принуден на Евтих да му ги исптари пратениците – презвитерот Јован и ѓаконот Андреј. Тие биле обврзани Евтих да го запознаат со извештајот на Евсевиј Дорилејски и да го повикаат архимандритот на соборот заради разјаснување. По враќањето од Евтих, пратениците на соборот му го дадоа следново соопштение: „отидовме кај него во неговиот манастир, му го прочитавме обвинувањето и му врачивме копија, му објавивме кој е тужител и го обавестивме дека е повикан да се оправда пред вашата светост. Тој одби да дојде и да се оправда, велејќи дека за него воспоставено е од почеток и е законски одредено никогаш и никаде да не се одвојува од своето братство, туку да живее во манастирот како во гроб. Тој не замоли да ја информираме вашата светост дека епископот Евсевиј, кој одамна е негов непријател, ја подигнал таа оптужба против него заради омраза и пакост. Тој соопштил дека е подготвен да се согласи со излагањето на светите отци кои се состанале на соборот во Никеја и Ефес и ветил дека ќе ги потпише нивните толкувања…По воплотувањето на Богот Логос, т.е. раѓањето на нашиот Господ Исус Христос, тој се поклонува на една природа, на природата на Бог, воплотен и очовечен… Дека нашиот Господ Исус Христос се состои од две природи, соединение ипостасно, тоа тој не го нашол во излагањата на светите отци, а ако се случи кај некого да прочита нешто слично, тој тоа нема да го прифати, бидејќи Боженственото Писмо е над учењата на отците. Исповедал дека Оној Кој се родил од Дева Марија е совршен Бог и совршен човек, кои нема тело кое е едносушно на нас“. Ова што го слушнавме, рекол Евсевиј по извештајот на пратениците, доволно е за да се појасни какво лошо мислење, спротивно на излагањето на светите отци, има Евтих. Молам Евтих повторно да се повика ваму“. Се одлучило на Евтих повторно да му се испратат пратеници, уште двајца презвитери, Мама и Теофил; на пратениците му било предадено писмо со кое Евтих се повикува „без никакво одложување“ да се појави на соборот. Од извештајот што на соборот го поднеле вторите пратеници се гледа дека Евтих два пати одбивал да ги прими пратениците со изговор дека е болен, и дека тие потребното сведоштво го добиле само благодарение на својата упорност. „ Откако влеговме (кај Евтих), кажале пратениците, му го предадовме писмото; тој нареди да се прочита пред нас и откако беше прочитано, рече: јас земав за правило да не излегувам од манастирот, само во смртна потреба; светиот собор и најбогољубивите епископи гледаат дека сум стар и изнемоштен; нека архиепископот и соборот прават со мене што сакаат; јас молам само едно, никој да не се вознемирува, зошто мене ми е одредено да не излегувам од манастирот“. Откако го слушнаа извештајот, соборот одлучи: „потребно е и по третпат да се убеди Евтих да дојде на овој свет собор; ако тоа не го нправи, самиот себеси ќе се обвини“. Третата мисија на пратеници ја сочинуваа презвитерите и чуварите на садовите Мемнон и Епифаниј и ѓаконот Герман. По нив на Евтих повторно му бил упатен пимен повик, во кој стоело: „ти знаеш што е одредено со светите канони против непослушните и оние кои не сакаат да се одповикаат на повикот. Побрзај да дојдеш утре наутро, т.е. во четвртиот ден на неделата, во седумнаесетиот ден на месецот ноември“. Во пресрет на денот, пред отците на соборот стасале претставници од Евтих – архимандрит Аврамиј и торица ѓакони. Архимандритот пред соборот соопштил дека Евтих бил болен и понудил место болниот, тој самиот да даде некои објаснувавања на соборот. Архиепископот ветил дека ќе го почека оздравувањето на Евтих, а предлогот на Архимандритот го одбил. Третата мисија на пратеници, на 17 ноември, по враќањето од Евтих, ја предал следнава негова молба: „замолете го господинот архиепископ и светиот собор да ми дадат одложување за оваа недела, а следната недела, ако биде угодно на Бога, ќе дојдам и ќе се оправдам пред господинт и пред светиот собор“. Молбата била примена, а архиепископ Флавијан пред соборот донел одлука: „Му го даваме на Евтих бараното одложување. Ако покрај сопственото ветување не се појави ни следната недела (22 ноември), тогаш конечно ќе биде лишен и од презвитерскиот ќин и од управата над манастирот.“
Дошло 22 ноември. Членовите на соборот се состанале во Врховниот суд на епископијата. Евтих дошол во придружба на голем број војници и државни службеници; освен тоа, Евтих го придружувал и силенциариј Магнус кого императорот го испратил со цел пред соборот да ја соопшти следнава одлука: „Загрижени сме поради мирот на светата Црква и православната вера; сакаме да ја сочуваме верата која вистински и по вдахновност Божја ја изложиле нашите свети отци кои се собраа во 318 година во Никеја, и кои беа во Ефес заради осуда на Несториј. Не сакаме да се вовлече некакво соблазнување во православието. А бидејќи патрициј Флоренциј го знаеме како цврст и проврен во правослвието, наша желба е тој да биде присутен на соборското заседавање, бидејќи се работи за верата“. По читањето на императорскиот декрет, архиепископот Флавијан рекол: „Сите го знаеме господинот Флоренциј како цврст и проверен во православието и сакаме тој да биде присутен“. По доажањето на Флоренциј на соборот, почнало разгледувањето на работите поврзани со Евтих. На заседанието, посветено на Евтих, Константинополскиот собор од 448 година својата одлука по прашањето за соединувањето на двете природи во Христа ја заснова главно на посланието на свети Кирил Александриски, во кое се изложува текот на соединувањето, го потврдува исповедувањето на верата на Јован Антиохиски и, што за соборот било особено важно, и одлучно се демантира лажното учење на монофизитите: „да се затвори устата на оние, се вели во посланието, кои пророведаат или истоветност, или слевање, или мешање на Синот Божји со телото“. Од другите дела на свети Кирил, соборот се раководел само уште со посланието до Несториј во кое сосема јасно го исповедал учењето за двете природи во Христа. Судејќи му на Евтих, соборот главно се трудел да разјасни дали тој се согласува со горспомнатото послание на свети Кирил и со зборовите на исповедувањето на Јован Антиохиски кое во него се наоѓало. Ѓаконот кој на соборот го читал посланието на свети Кирил до „Источните епископи“, непречено дојде до следниве зборови: „Ние исповедуваме дека нашиот Господ исус Христос, Единороден Син Божји, е совршен Бог и совршен човек, Кој се состои од разумна душа и тело; дека Тој пред векови е роден од Отецот по Божество, а во последно време заради нас и заради нашето спасение, и од Марија Дева по човечка природа; дека Тој е едносуштен на Оца по Божество и едносуштен на нас по човечката природа, зошто во Него е соврешо соединување на двете природи. Затоа ние исповедуваме еден Христос, еден Син, еден Господ. Врз основа на таквото неслиено соединување ние ја исповедуваме Пресвета Дева за Богородица, зошто Богот Логос се воплоти и очовечи, и зошто во самото зачнување се соединил со Себе Храм кој го примил од Неа“. На тоа место, читањето на посланието го прекина извикот на Евсеви Дорилејски: „Евтих не исповедува така и никогаш не беше согласен со тос, туку мудруваше и учеше спротивно.“ Оваа забелешке доведе до расправа со Евтих, прво префектот Флоренциј, а потоа архиепископот Флавиј и Евсевиј Дорилејски. На крај рапаравата доведе до тоа Евтиј да го изјави следново: „исповедувам дека нашиот Господ се состоел од две природи пред соединувањето, а по соединувањето исповедувам една природа“. Немаше веќе никакво сомневање во тоа дека Евтих е еретик. За да предупредат на тешките последици од Евтиховата ерес по Црквата, отците на соборот му предложиле да анатемиса се што било противно на соборските догмати. Но Евтих со тон исполнет со лутина го одбил тој предлог. Тогаш отците на соборот станале и објавбиле: „анатема на Евтих!“ Потоа, по советувањето, била направена ваква изјава, која ја потпишал архиепископит Флавијан, 31 епископ и 23 архимандрити: „од се, и од претходните дела и врз основа на сегашното лично признание на Евтих, се гледа дека тој страда од заблудите на Валентин Аполинариј. Посрамувајќи се од нашето наговарање и прекор, тој не сакал да се согласи со вистинските догмати; затоа, воздивнувајќи и оплакувајќи ја неговата целосна пропаст, ние, во Господ Исус Христос, Кого тој го клевети, решивме да го отстраниме од секоја свештенска служба, од општење со нас и од управата над манастирот. Нека знаат сите оние кои после ова се состанат со него и разговараат, дека и самите ќе потпаднат под епитимија на одалечување, како и оние кои се уште контактираат со него“.
Константинополскиот собор од 448 година сепак не претставуваше крај на раздорот: Александриската (т.е. Египетската) црква, која била средиште на противниците на соединувањето, не го признала, исто како и Ерусалимската црква, која одамна, уште од времето на Првиот Вселенски собор, во решавањето на спорните догматски прашања, биле рака под рака со Александриската. Римската црква во ликот на папата Лав Велики, од почеток не го прифатила Константинополскиот собор со целосно одобрување, зошто не била доволно запозната со деталите на конфликтите кои се случувале на далечниот Исток. Константинополскиот собор го прифатила Константинаполската црква и оние од Мала Азија и Сирија, кои и претходно благонаклоно се однесувале кон унијата. Затоа и не изненадува што кога соборот не наиде на потребната поддршка кај највисоките светски власти, за Православната Црква настапија тешки времиња: следбениците на унијата, заштитниците на вистинската вера, биле сметани за непријатели на православието, додека монофизитите зајакнувале онолку колку и аријанците во тешките денови на императорот Констанциј.
Со таквата состојба на работите, природно било што одлуките од Константинаполскиот собор не можеле да ја скршат тврдата непопустливост на Евтих. Тој, потпирајќи се на поддршката на Дворот, решил да се во Рим, спротивстави на соборот и на својот архиепископ: до императорот Теодосиј поднел молба неговата работа да се испита на нов собор. Истовремено, Евтих упатил жалба до светиот папа Лав Велики (440 – 461) во која пишувало дека кај нив на Исток, т.е. во Константинопол, „ со труд на луѓе повторно воскрснува несториевата ерес“; со ова Евтих сакал да му каже на папата дека на соборот во Константинопол, него, Евтих, божем го осудиле како заштитник и следбеник на делата на свети Кирил, кој, како што видовме, ја посветри борбата против несторијанството. Во одговорот до Евтих, папата Лав ја одобрува неговата благочестива ревност, повикувајќи се при тоа на својата слаба упатеност во оваа работа: „штом ќе прибавиме поцелосни обавестувања, писувал светиот папа, ќе одговориме како ќе биде неопходно, за да, со Божја помош, се погрижиме со коренот да ја истргнеме оваа веќе одамна осудена зараза“. Со молба работата да му се објасни, светиот Лав се обратил на Флавијан, архиепископот Константинополски: „нека братот најподробно не извести за тоа како кај вас се појавила иновација која е спротивна на древната вера“. Флавијан не одолговлекувал со одговорот. Тој на папата му ја објасни суштината на Евтиховото лажно учење, го обавести за Евтиховите сплетки по неговите осуди на Константинаполскиот собор, и го замоли папата да ја укрепи верата „на најблагочестивиот император“. Наскоро Флавијан му испрати на папата и друго послание, со поподробно излагање на Евтиховото еретичко учење.
Одговорот на ова послание во историјата на Црквата е познатото „Окружно или соборно послание на најсветиот Лав, архиепископ на градот Рим, напишано до Флавијан, архиепископот на Константинопол (против Евтиховите ереси).“
„До возљубениот брат Флавијан, Лав епископ.
Откако го прочитав твоето послание на љубовта, чие доцнење многу не изненади, и разгледувајќи го поредокот на работата на епископите, конечно дознавме како кај вас дошло до соблазност и како таа станала против чистотата на верата и она што претходно изгледало тајно, сега за нас постана јавно. Така се покажа дека Евтих, кој беше удостоен со звањето архимандрит и со презвитерски чин, многу неразумен и толку голем незнајко што на него може да се применат зборовите на пророкот: не сака да се вразуми за да прави добро, на својата постела смислува (Пс. 36, 3-4). А има ли поголемо безаконие отколку есрамно да се мудрува за верата и да не се следи помудрото и поискусното? Во такво безумие паѓаат оние кои, кога ќе наидат на некоја нејасност или потешкотија и за да ја спознаат вистината, не прибегнуваат кон пророчките изреки, апостолските писма и евангелскиот авторитет, туку прибегнуваат кон самите себе ( својот ум) и на таков начин, бидејќи не сакаат да бидат ученици на вистината, тие стануваат учители на заблудата. Зошто какви успеси во познавањето на свештените книги на Стариот и Новиот Завет може да постигне оној кој не ги сфатил првите зборови на Символот на верата. Она што по целата вселена го исповедуваат устите на сите препородени (новокрстени), тоа уште со срцето не го сфаќа тој старец. Бидејќи не го знае она што за воплотувањето на Бог Логосот мора да се знае, и бидејќи не сака да се потруди на широката сцена на Светото Писмо за да се удостои со светлината на познанието, тој морал, во најмала рака, внимателно да го сослуша она сеопшто и едногласно исповедување, кое го исповедуваат сите кои веруваат: „Верувам во едниот Бог Отец Седржител, и во Исус Христос, Единороден Син Негов, Господ наш, Кој се роди од Духот Свети и Марија Дева“.
Овие три изреки го соборуваат лукавството на скоро сите еретици. Зошто кога веруваме дека Бог е и Седржител и вечен Отец, тогаш со тоа се докажува дека Синот е совечен и Него и дека во ништо не се разликува од Отецот, бидејќи Оној кој е роден од Бога е Бог и од Седржител е Седржител и од Вечниот е Совечен, а не е подоцна по времето, ниту понизок по битие. Tој од вечниот Отец е Единороден (Син), Кој се родил од Светиот Дух и Марија Дева. Тоа раѓање во време никако не го намали она боженственото и вечно раѓање, и ништо не му додаде, туку целосно е предадено на спасение на заблудениот човек, за да ја победи смртта и со својата сила да го уништи ѓаволот, кој ја има моѓта на смртта (Евр. 2, 14). Зошто ние не би можеле да го победиме причинителот на гревот и смртта ако нашата природа не ја промени и усвои Оној, Кого ни гревот не можел да го зароби, ниту смртта да го задржи под своја власт. Тој е зачнат од Светиот Дух во утробата на Мајката Дева, Која како што зачнала и останала дева, така и родила сочувајќи ја девственоста.
Но ако Евтих точното сфаќање не можел да го исцрпи од тој најчист извор на христијанската вера (т.е. символот на верата), бидејќи со сопственото слепило го затемни за себе тој блесок на очигледна вистина, можел да се обрати на евангелското учење, каде Матеј вели: „Родословот на Исуса Христа, синот Давидов, Авраамовиот син (Мт.1,1); можел исто така поука да побара во апостолската проповед, читајќи го посланието до Римјаните:Павле, слуга на Исуса Христа, повикан апостол, избран за евангелие Божје, кое Бог однапред го вети преку пророците свои во Светите Писма, за Синот Свој, Кој по тело е оден од семето Давидово (Рим. 1, 13); со благочестива љубопитност можел да пристапи на пророчките книги, каде ќе го најдеше заветот Божји, даден на Авраам: и ќе се благословат во семето твое сите народи (Пост. 22, 17). А за да не бил во недоумица за својството на тоа семе требало да го следи апостолот, кој рекол: На Авраам и на семето негово беа речени ветувања: во семето твое кое е Христос ( Гал. 3, 16). Требало исто така со својот внатрешен слух да го ослушне пророштвото на Исаиа, кој вели: ете Девојка ќе зачне и ќе роди Син и ќе му даде име Емануил, што значи: Бод со нас (Ис. 7, 14; Мт. 1, 23); можел исласта му така со вера да ги прочита вие зборови на истиот пророк: Зошто ни се роди Дете, Син ни се даде, на Кого власта му е на раме, и име ќе му биди Ангел (Весник) на Великиот Совет, Бог силен, Отец на вечноста, Кнез на мирот (Ис. 9, 2). Тогаш не би зборувал бесмислици, дека Логосот станал тело, така што Христос, Кој е роден од Девствена утроба, имал лик (образ) човек, но дека немал вистинско тело (какво што било и телото на Неговата) на Мајката. Можеби тој сметал дека Господ Исус Христос немал наша природа заради тоа што ангелот кој беше испратен на благословената Марија и рекол: Светиот Дух ќе дојде на тебе, и силата на Вишниот ќе те осени; затоа и она што ќе се роди ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји (Лк. 1, 35), т.е. бидејќи зачнувањето на Девата било боженствено, тогаш и телото на Оној Кој е зачнат не било од природата на Онаа Која зачнала? Но, тоа раѓање кое претставува исклучително чудо и чудесен исклучок, не треба да биде сфатено така што со необјаснивоста на раѓањето било уништено своството на родот“.
„Плодотворноста на Девата било дар од Светиот Дух и вистинското Тело било позајмено од Нејзиното тело. Кога Премудроста на тој начин си создала Себеси дом, ЛОГОСОТ СТАНА тело и се насели меѓу нас (Јн. 1, 14), т.е. ( се насели) во она тело кое го позајмил од човека и кое го одуховил со дух на разумен живот“.
„Така со очувување на својставата на едната и другата природа и со нивното соединување во едно лице, возвишеноста примила унижување, моќта примила немоќ, вечноста примила смртност. Заради откуп на долгот на нашата природа, бестрасната природа се соединила со страсната, за да едниот ист Посредник меѓу Бога и луѓето, човекот Исус Христос (1. Тим. 2,5) можел да умре по едната природа, а да не умре по другата, како што тоа го бараше начинот на нашето излекување. Затоа вистинскиот Бог се роди во вистинска и совршена природа на вистински човек: сецел во Своето и сецел во нашето. Наше нарекуваме она што Творецот во нас положил во почетокот и што посакал да ни врати“.
„Бидејќи во Спасителот нема ни траг од она што во човекот внесе искушувачот и што прелаганиот човек допуштил“.
„Макар стана заедничар со човечките немоќи, тоа не значи дека станал и заедничар со нашите гревови. Тој го зеде образот на слугата, но без нечистотијата на гревот, величајќи го човечкото и не намалувајќи го Боженственото, зошто тоа намалување, по кое невидливиот стана видлив и по кој Творецот и Владиката на секое суштество посака да стане еден од луѓето, претставуваше снисхидување на Неговото милосрдие, а не недостаток на силата. Заради тоа Оној Кој пребивајќи во облик Божји го создаде човекот и Сам стана човек примајќи облик на слуга. Зошто секоја природа го чува она што и е својствено без никаков губиток. И бидејќи ликот (образот Божји не го поништува ликот на слугата, така и ликот на слугата не го намалува ликот Божји. А бидејќи ѓволот се фалел со тоа дека човекот, измамен со неговото лукавство, го лишил од боженствените дарови и неминливите добра и дека се потчинил на сторгата казна со смрт, додека пак тој (ѓаволот), во сојата бедна положба, нашол некаква утеха во тоа што добил соучесник во своето предавство,, така и Бог, според правилниот суд Свој, се чини дека го променил Своето првобитно одредување на човекот, кого го создал за таква чест, во домостројот на тајниот совет се појавила потреба неменливиот Бог, Чија волја не може да се лиши од својата сопствена благост, со посретство на најскриените тајни, го оствари правото на ветување на Својата љубов, и така човекот, кој благодарејќи на ѓаволската расипаност падна во грв, не го погина спротивното на боженствената намера. Значи, Синот Божји, симнувајќи се од небесниот престол, доаѓа во овој земски свет и не одвојувајќи се од славата на Отецот, се раѓа на нов начин, со ново раѓање. На нов начин зошто Невидливиот во сопствената природа станува видлив за нас, Непоимливиот Бог благоволи да стане поимлив. Предвечниот почнува да постои во времето, Господарот на вселената зема лик на слугата криејќи ја Својата неизмерна возвишеност, бестрасниот Бог не се грозел да стане човек, кој може да страда и Бесмртниот се потчинува на законот на смртта.Тој е роден со ново раѓање зошто непорочната девственост не познавала страст, а дала материја за тело. Така Господ од Мајката ја примил природата, но не го примил гревот.“
„А од тоа што ова раѓање е чудесно, не следи дека природата на нашиот Господ Исус Христос, Кој е роден од утробата на Дева, е различна од нашата. Зошто Оној Кој е вистински Бог, е воедно и вистински човек. И ако човечката униженост и Боженствената возвишеност се соединиле, во тоа единство нема никакви измени. Зошто како што Бог не се менува преку милосрдието, така човекот не се уништува преку прославувањето. Секоја од двете природи во соединувањето со другата делува онака како што нејзе и е својствено. Логосот прави она што е својствено На Логосот, а телото го извршува она што е својствено на телото. Едното од нив свети со чудеса, а другото подлегнува на страдањата. И како што Логосот не отпаѓа од еднаквоста во славата со Отецот, така и телото не ја губи природата на нашиот род. Зошто еден ист е и вистиснки Син Божји и вистински Син Човеков: и е Бог – во почетокот беше Логос и Логосот беше во Бога и Логосот беше Бог (Јн. 1,1); е и човек зошто: Логосот стана тело и се насели меѓу нас (Јн. 1, 14); Бог бидејќи се стана преку Него и ништо што стана не стана без Него (Јн. 1, 3); човек зошто се роди од жена под законот (Гал. 4,4). Раѓањето на телото е покажување на човечката природа; а што Девата раѓа, тоа е знак на боженствена сила. Оној Кого нечестивиот Ирод сакаше да го убие, е налик на Новороден човечки син; но Оној, Кому со понизност и со радост му доаѓаат на поклонение мудреците, е и Господ на вселената. Кога Тој дошол да прими кршевање од Свети Јован Претеча, тогаш, за да не остане тајна дека под покровот на телото е скриено Божество, од небото загрме глас од Отецот: Ова е Синот Мој возљубен, Кој е по Моја волја (Мт. 3, 17). Понатаму, Него, како човек, го искушува ѓаволското лукавство и Нему, како Бог, му служат ангелските чинови. Да е гладен, да е жеден, да се напрегнува и да спие, својствено е, очигледно, на човекот, но дека пет илјади луѓе да насити со пет леба, на жената Самарјанка и даде жива вода од која нема веќе да ожедни оној кој од неа пие, да оди по површината на морето и да со уништувањето на бурата ги скроти брановите, тоа е, без сомнение, Боженствено дело. Како што не се дела на една иста природа и плачењето од сочувствителност за умрениот пријател, и воскресението на истиот со силата на еден збор по поместувањето на каменот од гробот во кој тој претходно шетири дена престојувал; или да виси на дрво и истовремено да го менува денот во ноќ и да ги поколеба сите (природни) стихии; или да биде закован на крст и истовремено да ги отвори рајските двери за верата која ја покажа разбојникот; така не е на една иста природа карактеристично да зборува: Јас и Отецот едно сме (Јн. 10, 30) и Отецот Мој поголем е од Мене (Јн. 14, 28). Зошто иако е во Господ Исус Христос едно лице на Бог и човек, сепак, едно е тоа од каде и на едното и на другото му доаѓа заедничкото унижување, а друго е од каде потекнува нивното заедничко прославување.“
„Од нас е човечката природа по која Тој е понизок од Отецот, а од Отецот е Боженствената природа по која Тој е еднаков на Отецот. Сред тоа единство на лицето, кое треба да се сфати во однос кон едната и другата природа, за Синот човечки сметаме дека се симнал од небото тогаш кога Синот Божји го прими телото од Дева од Која се родил; и обратно, за Синот Божји се кажува дека Тој е распнат и погребен, што не го претрпел со Боженствена природа, по која Единородниот е совечен и едносуштен на Отецот, туку со немоќна човечка природа. Отаму сите ние во Символот на верата исповедуваме дека Единородниот Син Божји е распнат и погребан според зборовите на апостолот: зошто ако ја познаа (Премудроста Божја во тајна скриена), не би го распнале Господа на слава (1. Кор. 2,8). А кога нашиот Господ и Спасител, поучувајќи ги по пат на прашања Своите ученици на верата, запраша: што за Мене зборуваат луѓето, кој е Синот Човечки? И кога на нивниот одговор дека луѓето имаат различни мислења, запраша: а вие, што велите, кој сум Јас? Тогаш блажениот Петар, по вдахновеност од горе и на корист на сите народи исповеда: Ти си Христос, Син На Живиот Бог (Мт. 16, 13-16). И достојно е наречен блажен од Господ и од тоа прволик Камен стекна тврдост и сила и името свое, тој кој по откритието на Отецот исповеда еден ист и како Син Божји и како Христос; зошто едното од тие именувања земено одвоено од другото не служело на спасение, туку напротив, би било еднакво опасно да се исповеда Господ Исус Христос само како Бог, а не воедно и како човек или да се смета само за човек, а не воедно и за Бог!“
„По воскресението на Господ кое, конечно, е воскресение на вистинско тело, зошто не восресна некој друг, туку Оној Кој беше распнат и умре, што се случувало во текот на Неговото четириесетдневно пребивање на земјата, и само заради тоа нашата вера да биде слободна од секоја темнина. Тој беседел со своите ученици, се среќавал и јадел со нив, а на оние кои биле вознемирувани со сомневање, им дозволувал да го допрат и да се утешат на особен начин; влегувал кај своите ученици тогаш кога вратата била затворена, им дал Дух Свети со Својот здив и давајќи им ја светлината на спознанието, им ги откривал тајните на Свештените Писма; ја покажал раната и дупките од клинците и сите знаци на Неговото страдање, велејќи: ги гледате Моите раце, дека тоа сум Јас, допрете ме и видете; зошто духот нема тело и коски како што тоа гледате дека Јас имам (Лк. 24, 39). И сето тоа за да покаже дека во Него пребиваат неразделно особини на Боженствена и човечка природа, и ние на тој начин да знаеме дека во Него, Логосот не е исто што и телото, и да исповедаме Еден Син Божји, и како Логос и како тело (заедно). На Евтих оваа тајна на верата му била сосема непозната зошто тој во Единородниот Син Божји не ја признава нашата природа ни во унижувањето на смртта, ниту во славата на воскресението“.
„Евтих не се ужасна ниту од судот на блажениот апостол и евангелист Јован кој вели: секој дух кој не признава дека Исус Христос дошол во тело, не е од Бпга; и тоа е дух на антихрист (1. Јн. 4, 3). А што значи разделен Исус ако не одвојување од Него човечката природа и со бесрамни измислици да се укинува тајната на верата со која единствена сме спасени? Останувајќи слеп во однос на природата на Телото Христово, тој исто така слепо безумствува и кога е збор за Неговото страдање. Зошто ако крстот Господов не го сметал за привид и ако не се сомневал во тоа дека страдањето било заради спасувањето на светот, тогаш морал да го прифати и телото на Оној во Чија смрт верува.“
„Вистинската вера сосема успешно се штити само тогаш кога лажното мислење го осудуваат самите негови следбеници. Се надеваме на помошта Божја дека заблудените, кога ќе ја осудат неисправноста на своето мислење, ќе се спасат“.
Посланието било завршено со изјавата на папата: „заради точно и непристрасно испитување на целата работа, испративме (на претстојниот собор) свои претставници, браќата наши епископ Јулијан и презвитерот Ренат и уште синот мој, ѓаконот Илариј. Со нив го испративме и нашиот бележник Дулкитиј чија вера многу пати сме ја провериле“.
Од оваа изјава на папата се гледа дека посредниците на Евтих, кои пред императорската власт излегле со барање за свикување на нов собор, имале во тоа успех. Навистина, користејќи се со покровителство на непријателите на архиепископот Флавијан, семоќниот министер Хрисафиј, кој управувал со волјата на слабиот и бескарактерен император Теодосиј, на Евтих му успеало четири месеци по неговата осуда императорот да свика нов сецрковен собор заради испитување на неизедначените догматски погледи на Личноста Богочовек и начинот на соединување на двете природи во Него, и заради преиспитување на одлуката на Константинаполскиот собро за Евтиховиот случај. Се претпоставувало дека повторно свиканиот собор ќе има вселенски карактер, како и соборот од 431 година. Но судот на Промислата Божја не бил таков: во историјата овој собор не понесе назив вселенски, туку заради својата работа, усмерена не кон победа на православието, туку кон еретичките мудрувања, беше наречен „разбојнички“. Веќе и самата околност дека соборот е свикан по желба на Евтих и неговите следбеници, не навестувала ништо добро за православието и неговите заштотници. Затоа вистинските поборници на вистината на православието, какви што биле Флавијан, архиепископ Константинополски и папата Лав, со одобрение не се однесувале кон свикувањето на нов собор, претпоставувајќи какви немири и нереди ќе донесе на Црквата. Основа на ваквите стравувања биле одлуките на највисоките светски власти кои претходеле на отворањето на соборот. Така со указ на императот оддалечен од соборот бил остроумниот непријател на монофизитството, балажениот Теодорит, кој имал горчливи недоразбирања и расправии со свети Кирил. Тој всушност бил оддалечен, не како противник на свети Кирил, туку како можен силен противник на Евтих. На овој собор, со особен указ со право на глас бил повикан архимандрит Версум од Сирија, иако по каноните членовите на соборот можеле само да бидат епископи. Овој исклучок, кога е во прашање Варсума, направен е заради тоа што тој, како кажува указот, „води борба против некои источни епископи, заразени со Несториеото безбожништво“, поточно против православните епископи кои монофозитите ги нарекувале несторијанци затоа што наспроти Евтих учеле за двете природи во Христос по воплотувањето. Со указ председателството му било доверено на Диоскор, архиепископ Александриски, кој се приближил на Евтиховите следбеници и кој бил близок на Хрисафиј. На двајца високи службеници императорот им заповедал да го следат соборот и да не допуштат никаков неред.
ПРОДОЛЖУВА

This entry was posted in Догматика. Bookmark the permalink.

Comments are closed.