Православната Црква го прославува споменот на светите Отци од Седмиот Вселенски собор на 11 октомври. Повод за свикување на овој собор од страна на благочестивата царица Ирина и Константинополскиот патријарх Тарасиј, бил т.н. ерес на иконоборци.
Продолжение на оваа ерес достигнува и во времето на Лав Исавриец (717-741), кој издал указ со кој пропишува од црквите и домовите да се изнесат свети икони и да се запалат на плоштадите и да се уништата претставите на Спасителот, Мајката Божја и на свети угодници поставени на јавни места во градовите, или на ѕидовите на храмовите. Кога народот се спротивставил во извршувањето на овој указ, Лав дал наредба за нивно прогонување и издадена е наредба да се убијат сите кои протестираат. Многумина, особено жени, тој ден паднале од мечот на иконоборците, заради својата љубов и ревност за светите икони. Потоа императорот наредил да се затвори вишото богословско училиште во Константинопол, со цел православните да бидат лишени од победоносното оружје во борбата против иконоборците кои умееле да извлечат солидно богословско образование. Некои византиски историчари велат дека тој со таа цел дури ја запалил и богатата библиотека која се наоѓала при училиштето. Но, гонителите насекаде наидувале на жесток отпор на своите заповеди. Од Сирија, од Дамаск, против нив пишувал и Свети Јован дамаскин. Од Рим, по смртта на Григориј втори, продолжил да пишува неговиот наследник папата Григориј трети. А во други места на нив одговарале дури со отворени востанија.
Синот и наследникот на Лав, Константин Копроним не го напушти правецот кој го зазел неговиот татко по прашањето за почитување на светите икони. Решил во најголема мерка да влијае на духовништвото, зошто главни противници на иконоборството насекаде биле епископите и монасите.
Заради тоа се потрудил да свика собор на кој било осудено почитувањето на иконите. Непосредната последица на лажниот вселенски собор била таа што иконите биле исфрлени од црквата и најголем дел од нив запалени, додека живопишаните и мозаичните претстави на ѕидовите на храмовите биле прекриени со вар.
Ова не го избегна ни величенствениот Влахернски храм на Богомајката, на чии ѕидови најдобрите уметници го претставиле целиот земски живот на Богочовекот, сите Негови чуда, сите настани од евнгелската историја заклучно со симнувањето на Духот Свети на апостолите. Од гонењето на иконите, Копроним премина на гонење на светите мошти; било наредено да бидат исфрлени од храмовите. Тоа е направено со светите мошти на великомаченицата Евтимија: нејзините мошти заедно со гробницата биле исфрлени од храмот и фрлени во море, а прекрасниот Халкидоснки храм, посветен на нејзиното име, бил претворен во касарна. Сметајќи ги монасите за главни поборници на иконопочитувањето, Копроним одлучил сите манастири да ги затвори. Многу константинополски манастири, почнувајќи од прочуениот Далматски, биле претворено во касарни или биле урнати. Многу монаси биле ставени на маки, и многу често им ги кршеле главите токму со оние икони во чија заштита истапувале.
За време на владеењето на наследникот на Копроним, Лав четврти, почитувачите на иконите можеле нешто послободно да дишат. Но целосната победа на иконопочитувачите е остварена дури во времето на императорката Ирина, која по смртта на нејзиниот сопруг Лав четврти го заменувала малолетниот син Константин. Доаѓајќи на престолот, таа прво ги вратила од прогон сите монаси осудени заради почитување на иконите, додека поголемиот дел од катедрите ги предала на ревносни заштитници на иконопочитувањето. Потоа на светите мошти им ги вратила сите почести кои им биле одземени. Но императорката сфаќала дека се тоа е малку за целосна обнова на почитувањето на иконите. Било неопходно да се свика Вселенски собор на кој ќе се осуди претходниот Копронимов собор и ќе ја обнови вистината на почитувањето на иконите. За тоа, при стапувањето на патријаршкиот престол особено инсистирал Тарасиј.
„Ако на императорката навистина и е навистина угодно, рекол тој, Тарасиј да го прими бремето на патријаршката управа, тој тоа го прифаќа, но не на друг начин, туку под услов да се свика Вселенски собор“.
Сослушувајќи го барањето на Тарасиј, императорката го изнесе пред сенаторите и духовништвото кои биле собрани во Матаурскиот дворец заради избор на патријарх. Во својата впечатлива беседа, Тарасиј пред целиот собран народ изјавил дека ако тие сакаат тој да прифати да биде патријарх, треба да свикаат Вселенски собор заради воспоставување на почитување на икони. Поголемиот дел од присутните ја прифатиле оправданоста на неговото барање и така Тарасиј на празникот Рождество Христово во 784 година е поставен за патријарх. Наскоро, во име на императорката Ирина и нејзиниот син Константин, за чие малолетништво таа управувала со државата, било испратено послание до Римскиот папа Адријан со покана за присуство на соборот. Заедно со тоа послание, патријархот тарасиј испратил и свој повик. Папата ја одбил честа лично да присуствува на соборот и испратил двајца претставници: Петар, протопрезвитер на црквата на св. Апостол Петар во Рим, и Петар, игуман на семејството во Св. Сава, исто во Рим. Во Константинопол стасале и претставници на Александрискиот и Антиохискиот патријарх. Тоа биле нивни постари синѓели, презвитерите Јован и Тома. Освен што имале полномошно од своите патријарси, тие донеле уште и послание од Ерусалимскиот паријарх во кое последниот изразува своја согласност на воспоставување на почитување на иконите. Во престолнината биле повикани и епископите на Константинаполската патријаршија. Прво било планирано соборот да почне со работа во летото 786 година во Константинополскиот храм на Светите Апостоли. Се било подготвено за отворање на соборот, кога одеднаш, пред самото отворање, во Константинопол дошло до воена побуна која го попречила неговиот почеток. Соборот бил отворен дури во есента следната година (24 септември), и тоа не во Константинопол, туку во блиската Никеја, каде е одржан и Првиот Вселенски собор, во храмот на Св. Софија. Бројот на членовите на соборот не е точно утврден. Во секој случај имало повеќе од 300 зошто под соборските акти се наоѓаат потписи на 307 епископи. Соборот почнал со обраќање на патријархот Тарасиј после што било прочитано императорското послание до соборот. По неговото читање, соборот прешол на утврдување на вината на епископите кои биле вплеткани во иконоборството.
После тоа императорскиот секретар леонтиј го потсети соборот на неопходноста да се слушаат посланијата на папата Адријан за светите икони, упатени до императорот и патријархот. Овие посланија пред нас откриваат завеса со најдлабоки апостолски старини и објаснуваат како во тоа време светата Црква гледала на иконите. По читањето на двете посланија, претставниците на папата сакале да знаат дали патријарсите и сите членови на соборот се согласни со нив.
Тарасиј одговорил дека тој прифаќа се што напишал папата. „Ова треба да се следи, а да му се противречи (на папата) значи целосна неразумност. И ние самите, врз основа на Светото Писмо, заклучоците и доказите, истражувајќи ја вистината и спознавајќи ја на основата на учењето на отците, исповедивме и ќе ги исповедиме живописните икони, поклонувајќи им се со пламена љубов, зошто тие ги претставуваат Господ Бог и непорочната Владичица наша Света Богородица, светите апостоли и сите светии, но поклонувањето и верата ќе ја оддаваме само на Еден Вистински Бог.“
„Целиот свет собор вака учи“ се слушна одговор на негобите зборови од страна на сите членови на соборот.
Потоа било прочитано окружното послание на патријархот Тарасиј, кое го напишал до епископите и пшрезвитерите на Антиохија, Александрија и Ерусалим со стапувањето на патријаршкиот престол, како и одговори до источните патријарси. По читањето на овие посланија, отците на соборот едногласно изјавиле: „во целост сме согласни со нив; со љубов ги прифаќаме и почитуваме свештените и уважените икони и им се поклонуваме“,
На почетокот на следното заседание по совет на патријархот тарасиј се одлучило да се испитаат сите места од Светото Писмо, од делата на светите отци и од житијата на светителите кои можат да послужат како основа за утврдување на догмата на иконопочитување. Меѓу овие последниве имало многу историја за чуда кои произлегле од светите икони и моштите. Еве неколку од нив:
Во описот на мачеништвото на свети Атанасиј Перијанец се вели дека при пренесувањето на неговите мошти во Кесарија палестинска, кога од сите страни , надоаѓал за да го сретне, една жена, по име Арета, се посомневала и рекла:
„Јас не се поклонувам на моштите кои се донесени од Персија“.
По неколку дена светиот маченик и се јавил на Арета во сон и ја прашал: „Ти страдаш од болест во бедрата?“
Арета не ни стасла да му одговори дека е здрава, кога одеднаш почувствувала дека е навистина болна. Долго се мачела во својата болест, а потоа почувствувајќи краткотрајно олеснување, почнала да размислува заради што неа ја стасала таква болест. Поминала четири дена во размислување. Утрото на петтиот ден повторно и се јави светиот маченик и и рекол:
„Оди во Тетрапил (дел во Константинопол каде се наоѓале моштите на светителот). Помоли се на свети Атанасиј и ќе бидеш здрава“.
Кога ја донеле до тоа место и кога ја видела иконата на светиот маченик, гласно рекла:
„Тоа е навистина истиот оној кого го видов на сон“. Фрлајќи се на под, долго плачела со солзи на покајување и станала целосно здрава.
Бидејќи на соборот бил прочитано ова чудо, претставниците на папата изјавија дека спомнатата икона на св. Атанасиј се наоѓа во еден манастир во Рим, а епископот Тавромениски, Јован, на нивната изјава додал дека знаел некоја жена од Сицилија која откко дошла во Рим, добила исцелување од иконата на овој свет маченик.
Потоа Петар, епископ Никомидиски, соопшти за чудо кое во Берит се случило од Господова икона, додека од Еваргија наведено е чудо кое произлегло од Неракотворните Образи на Спасителот во Едеса. Чудото се состоело во следново:
Еднаш Едеса била опседната од Хозорје, персиски цар. Од огромните насипи кои по негова наредба биле подигнати, војниците со стрели ги гаѓале жителите на градот. Жителите на Едеса одлучиле да ги поткопаат насипите и да ги запалат. Но огнот кој го палеле во поткопите секој пат се гасел поради недостаток на воздух. Тогаш тие ја зеле иконата Неракотворен Образ, ја донеле во поткопот, ја попрскале со вода и со капките кои се разлеале по неа го испрскале слабиот оган по што дрвата букнале со необичен пламен. Претворајќи ги во јаглен, пламенот прешол на горните дрва и набрзо ја уништил целата градба на Хозроје.
При читањето на ова чудо, чтецот на големата Константинополска црква соопштил:
„јас, недостоен слуга, кога сум одел во Сирија со царските апокрисии, бев во Едеса и го видов Неракотворениот Образ кој верните го почитуваат и му се поклонуваат“.
На следните заседанија на соборот биле прочитани многу други извадоци од делата на светите отци, слични на овие кои се наведени. Кога отците на соборот, како што се изразил патријархот Тарасиј, „ се заситиле со сведоштвата на светите отци“, на средината на собранието била изнесена една многу ценета икона и пред неа сите присутни отци, целивајќи ја, изговориле дваесет и две кратки изреки, секоја повторувајќи ја по три пати. Во тие изреки биле осудени и предадени на проклетство сите главне иконоборски постапки.
Следните заседанија биле посветени на разгледување на одредбите на лажниот вселенски собор на Копроним. Разгледувањето било направено со најголема грижа, така да цело време го воделе две лица, како две страни: еден читал она што било одредено на лажниот собор, а другиот читал демантирање на она што во тие одредувања било лажно. Местата од Светото Писмо кои на соборот на Копроним било лажно толкувано, сега повторно биле протолкувани. На пример: Во Светото Писмо на Стариот Завет иконоборците како одбрана на своите ставови укажувале на забраната од Десетте заповеди „не ќе си правиш врезан лик“ (Изл. 20, 4).
Отците на соборот на ова одговориле:
„Она што е кажано на Израелскиот народ кој служел на телето и на кои не им биле непознати египетските заблуди не треба да се применува на Боженствениот собор на христијани. Бог сакал да ги воведе Јудејците во ветената земја, затоа им дал заповед: не ќе си правиш врезан лик, зошто таму живееле идолопоклоници, кои се поклонувале на демони, и на сонцето, месечината и ѕвездите и други предмети, па дури и на птици, четвороножни животни, влекачи, а не му се поклонувале само на Живиот Бог и Вистината. Кога, по заповед Господова, Мојсеј направил Скинија на Заветот, тој, покажувајќи дека се служи на Бога, од злато направил херувими со лик на човек кои претставувале слика на духовните херувими“.
Соборот на Копроним исто така лажно протолкувал и некои места од делата на светите отци. Во своја одбрана иконоборците наведувале, на пример, дека ова место од делата на св. Атанасиј Александриски:
„Како да не ги жалиме оние кои го почитуваат созданието, кога оние кои гледаат се поклонуваат на оние кои не слушаат? Работата никогаш нема да може да ја спаси работата“.
Но, на соборот објасни дека св. Атанасиј на даденото масто ги имал во вид безбожниците и дека против нив го насочил својот збор. Христијаните никогаш не и служеле на созданието, место на Единиот Бог, како што ги обвинувале иконоборците. Исто така се покажало дека иконоборците делата на светите отци често ги наведувале парцијално, земајќи делови надвор од контекст, така што од тие зборови можеле да извлечат онакво значење какво што сакале.
Конечно, за некои од изјавите кои ги кажувале на иконоборечкиот собор, се покажало дека се во целост лажни.
Бидејќи набрзо излегло на виделина дека поставките кои вселенски собор ги навел за оправдување на своите одредувања на верата се лажни и недоволни, на сите им стана јасно дека и самото негово одредување на верата, утврдена на такви поставки, е исто така лажно, и затоа отците на соборот преминале на конечна изработка на сопственото соборно одредување на верата. Во тоа завршно одредување на верата, отците на соборот нашле за потребно повторно да потсетат за поводот за свикување на соборот и на делата кои ги презеле, потоа буквално да ја наведат целата Символ на Верата и отфрлање на сите ереси кои веќе се осудени на шесте претходни Вселенски собори и на крај, да го утврдат догматот на иконопоклонувањето за вечни времиња:
„„Ние одредуваме дека светите и чесни икони се поставуваат заради поклонувања токму онака како се поставуваат изобразувања на Чесниот и Животворниот Крст, без разлика дали тие се од бои или од коцки мозаик или од некој друг материјал, само ако се направени на соодветен начин, во црквите Божји, на свештенички садови или одежди, на ѕидови или на даски, или во домови или покрај патишта, без разлика дали тоа се икони на Господ Бог и Сапсител наш исус Христос, или Непорочната Владичица наша Света Богородица, или на чесните Ангели и сите свети и праведни луѓе. Доста често со помош на иконите тие стануваат предмет на нашето созерцување, така што оние кои гледаат во тие икони повеќе ќе се упатат кон подражавање на самите Оригинали. Тие ќе се здобијат со повеќе љубов кон нив и ќе добиваат поголем потстрек да ги целиваат, да им оддаваат почитување и поклонување, но не и вистинско служење, кое по верата наша тоа приликува единствено на Боженствената природа. Оние кои гледаат на овие икони се потстикнати да им принесат темјан и да палат свеќа во нивна чест, како тоа се правело во старини, зошто честа која се оддава на иконата (ликот) се однесува на нејзиниот Оригинал (прволик) и кој се поклонува на икона, се поклонува на ипостасот на оној кој на неа е изобразен“.
„Оние кои се осмелат да мислат или да учат друго, ако се епископи или клирици, треба да бидат отстранети, и ако се монаси или мирјани, треба да бидат оддалечени.
Соборот е завршен со прославување на Господ од страна на сите епископи, старешини, офоцоро и други граѓани на Константинопол, кои во огромен број ја исполниле салата во дворецот. Преписите на соборските дела биле испратени до папата, на источните патријарси, императорката и императорот и на сите цркви во Константинополската патријаршија.
Така на свечен начин бил завршен Седмиот Вселенски собор кој го обновил истото иконопочитување и кој секоја година до ден денес се спомнува на 11 октомври во целата Православна Источна Црква.
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.