Предсоборските одлуки на императорот биле заклучени со негово послание до самиот собор. Со посланието на ваков начин го објаснува свикувањето на соборот: „бидејќи богољубезниот епископ Флавијан сакаше да го започне прашањето за светата вера против најуважениот архимандрит Евтих, ние би сакале да застанеме на патот на настанатиот неред зошто доволно сме втемелени во православната вера каква ни е предадена од светите отци кои беа во Никеја и каква е потврдена на соборот одржан во Ефес. Но иако многу пати сме го убедувале најблаггоќестивиот епископ да се откаже од таквото испрашување, за тоа не стане причина за неред по целата вселена, тој сепак не се согласи. Просудувајќи дека не е безопасно без вашиот свет собор и без предстојниците на светите цркви да се спроведе такво испрашување за верата, сметавме дека е неопходно да се соберат вашите светости за да го откорнете целиот ѓаволски корен од светите цркви и да ги исфрлите оние кои ревнуваат за богохулството на безбожникот Несториј или оние кои му се налконети и неповредливоста на православната вера да ја направите навистина непоколеблива, зошто целата наша надеж и силата на нашата империја зависат од православната вера во Бога и од вашите свети молитви“.
Во непогодни услови за заштита на православната вистина, соборот бил отворен на 8 август 449 година во Ефес. Неговите заседувања се одвивале во храмот на Пресвета Дева Марија, како и заседанијата на Третиот Вселенски собор. Бројот на учесниците нс соборот бил меѓу 122 и 130. На соборот не било дозволено читањето на посланието на папата Лав Велики, бидејќи тоа не било во прилог на Евтих Диоскор, зошто било насочено против нивните еретички учења.
Своите објаснувања на соборот Евтих ги почнал со зборови кои покажувале дека во отците на соборот тој видел свои истомисленици: „јас самиот себе се предадов на Отецот и Синот и Светиот Дух и вас ве имам за свои сведоци на верата, за која, заедно со вас, се подвизував“. Потоа на отците две пишани дела кои го содржеле неговото иповедување на верта. Евтих во целина го наведува Никејскиот символ и додава дека тој тврдо се држи до одлуката на Никејскиот и Ефескиот собор и дека ги проколнува еретиците. По таквото исповедување следеле неколку Евтихови жалби против епископот Флавијан и Константинаполскиот собор божем Евсевиј Дорилејски, обвинувајќи го на соборот за ерес, не укажал на ересот директно и одредено, дека соборот, кој бил запознат со неговиот завет дека не го напушта манастирот, сепак упорно го повикувал да доаѓа на судски расправи сакајќи да го осуди како човек непослушен на Црквата зошто не се отповикува на соборските повици, дека на самиот собор не му пружиле можност да зборува во своја одбрана, туку веднаш бил наклеветен и дека актите на Константинаполскиот собор подоцна биле преправени на негова штета.
Архиепископ Флавијан, обвинет од страна на Евтих, побарал на соборот најпрво да се повика Евсевиј Дорилејски за да ги изложи точките на обвинувањето против Евтих. Но императоровиот службеник тоа не го дозволил, повикувајќи се на наредбата на императорот дека Евтиховите судии (од Константинаполскиот собор) треба да останат меѓу обвинетите и дека немаат право на глас. Наместо да се исполни барањето на Флавијан, тој наредил да се прочитаат и да се претресат актите на Константинополскиот собор од 448 година.
При читањето на тие акти, сосема јасно се покажала еретичноста (монофизитството) на председавачот на соборот, Диоскор, и поголемиот дел од присутните епископи. Кога во читањето дошло до прашањето кое Евсевиј на Константинаполскиот собор му го поставил на Евтих: „исповедуваш ли ти две природи по вопотувањето“? Многумина од учесниците на овој собор повикале: „ Фатете го и запалете го Евсевиј (Дорилејски), нека гори жив, нека биде раздвоен како што го разделувал Христа“ Гледајќи дека се слуќи пресврт на настаните поволен за себе, еден од службениците на императорот им се обратил на епископите со прашањето: „дали за вас е поднослив тој израз две природи по воплорувањето?“ „Анатема на оној кој така зборува“, одговорил соборот. Така на овој безакон собор монофизитската ерес била прогласена за вистина, а православието погазено. Освен тоа, Евтих, како главен поборник на монофизитската ерес, бил прогласен за православен и вратен во достоинство на архимандрит и во чин на презвитер.
Сега дошло на ред судењето на Флавијан, архиепископ Константинополски. Сопред однапред подготвен план, некако во тоа време од Евтиховиот манастир на соборот пристигнала група на монаси со писмена молба која ги содржела најнеправедните оптужби на сметка на архиепископ. „ Флавијан го опсипувал со клевети и хули кон нашиот пастир Евтих и под изговор на побожност покренал неправедна оптужба против него, а нам ни нареди да го избегнуваме својот пастир и да не зборуваме со него, додека за манастирскиот имот, под изговор да се помогне на сиромашните, наредил да се чуа за него зошто тргувал со него. Затоа, се заклучува во молбата, го молиме светиот собор да се сожали над нас, кои претрпевме таква неправедна казна, да ни се врати црковното општење, кое ни е одземено и него, кој тоа го направи (т.е. Флавијан) да се казни заради таа што неправедно ни судел“. Од 300 монаси од Евтиховиот манастир молбата ја потпишале само 35, така што тука работата, без сомнение, не била сосема чиста. Соборот ги примил монасите во црковно општење, а нивната молба му прижила на Диоскор добра основа за понатамошни сплетки против недолжниот Константинополски архиепископ.
Така монофизитската ерес однесе оствари победа над вистината на православието, по пат на неправда и насилство. Темни облаци на ересот се надвисиле речиси над целиот Исток. Сепак Господ не задоцнил да дојде на помош на Својата Црква преку Својот достоен служител, свети Лав Велики. Кога од ѓаконот Илариј и од архиепископот Флавијан добил извештај за делата на „разбојничкиот“ собор, Лав Велики се обратил на императорот Теодосиј и неговата сестра Пулхерија со послание во кое укажал на неопходното свикување на нов Вселенски собор „кој сите направени неправди да ги поништи така да веќе да нема никакви сомневања по прашањето на верата, ниту поделба во љубовта“. Исто така свети Лав со две посланија се обратил на клирот и народот на Константинопол: „Кој мисли монофизитски – советувал во своите посланија ревносниот борец за православието- тој влегува во заедница со Арија, на кого многу му годи тоа злобно учење кое ја порекнува човечка природа во Бога Логосот… Кој не ја признава човечката природа, која Единородниот Син Божји ја прими во утробата на Ќерката Давидова, тој се одвојува себеси од секоја тајна на верата христијанска и не познавајќи го Женикот (Христа), не ја познава ни Невестата (Црквата), ниту може да биде учесник во братската гозба (спасението). Телото Христово е покров на Логосот, во него се облекува секој кој го исповеда Логосот. А кој се срами и отфрла како да е недостојно (телото Негово), тој не може да добие од Него никаков украс, дури ни кога таков би пристапил на царската слава и дрско се придружи на свештената вечера. Впрочем, како злобен собеседник тој не може да се сокрие од строгоста Царева, туку како што посведочи Господ, туку ќе биде со врзани раце и со нога фрлен во најдлабоката темнина, каде ќе има плач и чкртање со забите (Мт 22, 13). Затоа, кој не го исповедува човечкото тело во Христа, тој самиот признава дека е недостоен за тајната на воплотувањето и не може да има учество во таа тајна“. “Не ли мислите, возљубени-се обратил светиот папа со зборови на охрабрување на источните цркви – дека над светата Црква сега нема или дека во иднината нема да има Боженствена Промисла. Чистотата на верата засветува токму тогаш кога од неа се одвојуваат примесите на заблудата. Провидението секогаш на своите им ја покажува неопходната помош“. И Семоќниот, Главата на Црквата, не се премислуваше да го покаже оправдувањето на таквата вера во Неговата промислителска дејност: императорот теодосиј, заштитиник на монофизитите, наскоро умрел. Неговото место, во август 450 година, по избор на војската и сенатот, го зазел војсководачот Маркијан, човек длабоко верен на православието. Тој наскоро се оженил со Пулхерија, сестрата на Теодосиј, исто така позната по својата ревност за православието. Црковните работи добија нов тек во корист на православните. Идејата на Лав Велики за свикување на нов вселенски собор почна да се остварува. Соборот бил свикан во Никеја, а потоа, за императорот полесно да може да ја следи неговата работа, бил преместен во Халкидон, кој од Константинопол бил одвоен само со Босфорскиот проток. Тука соборот бил отворен на 8 октомври во величенствениот и простран храм на Светата маченица Евтимија. Бројот на отците бил многу голем, меѓу 600 и 630, колку што не било на ниту еден од дотогашните собори. Најугледните негови учесници биле: архиепископот Константинополски Анатолиј, архиепископот Антиохиски Максим, архиепископот Ерусалимски Јувеналиј, епископот кападокиски Таласиј и пратеници на папата, епископите Пасхазин и Лукентие и презвитерот Бонифатие. Присутни биле и бројни воени и граѓански службеници, који пак не можеле да земат учество во разгледувањето на чисто црковните работи, како на пример во случај на суд над епископ.
Работата на Четвртиот Вселенски собор се состоела 1) во суд над „разбојничкиот’ собор од 449 година и главата на тој собор Диоскор Александриски и 2) во изнесување на вистинското вероучење за соединувањето на двете природи во Лицето на Богочовекот.
1) Веќе на првото заседание на соборот на 8 октомври, на инсистирање на папските претставници, Диоскор Александриски морал да го напушти своето место меѓу епископите, да седне во средина, како обвинет и бил лишен од правото на глас. Тогаш во својство на тужител истапил Евсевиј Дорилејски, кој многу претрпел на „разбојничкиот“ собор. „Мене ме навреди Диоскор, изјави Евсевиј, ја навреди верата, го уби епископот Флавијан и неправедно, заедно со мене, го осуди. Заповедајте мојата молба да се прими“. Во таа молба Диоскор бил обвинет главно заради тоа што „собирјќи задивена голема група на народ и здобивајќи моќ преку пари, ја понижи колку што можел верата на православните и ја утврди безбожноста на монахот Евтих“. „Бидејќи неговото (Диоскоровото) втурнување на верата и на нас, т.е. на самиот Евсевиј и на Флавијан, беше големо, затоа молам на Диоскор му биде наредено да се брани од она за што го обвинуваме“. Почна преиспитувањето на работата на Константинополскиот собор од 448 година и Ефескиот „разбојнички“ собор. Читањето на актите на „разбојничкиот“ собор било прекинато кога на ред дошол нам познатиот императосрки указ со кој на Теодорит Кирски условно му се дозволува присуство на соборот ако самиот собор тоа го бара од него. По тоа потсетување на Теодорит Кирски му било поставено барање овој ревносен заштитник на православието од монофизитите да се повика на соборско заседавање. Неговото појавување предизвикала права бура меѓу отците: еден од нив, следбеник на Диоскор, викале Теодорит да се отстрани; другите пак, заштитниците на праволсавието, барале Диоскор да се отстрани. Викотницата меѓу двете страни предизвикала голема бука која успеале да ја стивнат службениците и сенаторите кога на виновниците на нередите им се обратиле со следниве зборови: „Во името на Господ! Не попречувајте го понатамошното сослушување, дозволете да се прочита се по ред“. Кога дочле до императорскиот указ, со кој Диоскор бил поставен за председавач на соборот, и кога Диоскор се обидел дел од одговорноста за незаконитите дела на соборот да ја префрли од себе на епископите Јувеналиј и Таласиј, на целиот собор и на императорот, епископите на Антиохиската област изјавиле дека „со осудата на епископот Флавијан и епископот Евсевиј на соборот во Ефес не бил согласен никој од православните епископи. Беше направено насилство и со сила го потпишавме докуметот на кој подоцна била додадена и осудата на епископите. Нам ни се закануваа со осуда и со прогонство. Наоколу стоеја војници со плаки и мечеви што кај нас предизвика страв – каков е тој собор каде има палки и мечеви? Војниците ги симнаа од позициите Флавијан и Евсевиј пред она што го направивме, а го направивме од страв“. Оваа заедничка изјава за насилствата и заплашувањата кои ги вршел Диоскор, ја потврдија Ефескиот епископ Стефан, Клаудиополскиот епископ Теодор, епископот на Селеукија Исавриска Василиј, со појаснување на некои детали кои предизвикале нарушување на праведноста. Според изјави на многумина, исто така се покажало дека Диоскор „намерно го спречил“ читањето на посланието на папата Лав, иако тој „седум пати пред сите се заколнал дека ќе нареди да се прочита“. Како што продолжувало читањето на актот на Ефескиот собор и како на виделина излегувале нови и нови злоупотреби на Диоскор кои во целост го осветлиле злосторството на неговите постапки, епископите кои учествувале во работата на Ефескиот собор и кои во поголема или помала мера биле одговорни за неговите безакони дела, длабоко се каеле заради својот грев и многу пати пред соборот извикувале: „молиме за простување“! Само Диоскор со неколкумина египетски епископи упорно останувале во ерес, дури и отворено, пред целиот собор ги изнел своите еретички монофизитски погледи.
Уверувајќи се во злоупотребата на „разбојничкиот“ собор, отците на Четвртиот Вселенски собор пресудија поголемиот дел од учесниците на овој „разбојнички собор“, заради нивното искрено покајување, не бил лишен од епископските чинови. Пресудата отците ја дочекале со извици на одушевување. Случајот на Диоскор бил разгледан посебно на заседанието на 13 октомври. Соборот сите молби против него ги прими и донесе одлука да се свика Диоскор и тој лично да одговори на обвинувањата. Не одповикувајќи се на три повици, Диоскор се правдал со разни причини и затоа пресудата била донесена во негово отсуство. Соборот донел одлука дека тој заслужил осуда која ја пропишуваат каноните за непокорените. Диоскор бил симнат од позицијата, а императорот ја потврдил одлуката на соборот. Потоа Диоскор бил протеран во градот Гангри.
2) Разгледувањето на прашањето за соединувањето на двете природи во исуса Христа отците на соборот го започнале кога на соборот му било предложено да се состави ново исповедување на верата, со кое ќе се отстрани лажното учење на монофизитите и на сите да им донесе мир. Во размената на мислењата во врска со тој предлог, после неколку маќни несогласувања, соборот еднодушно го прифати решението да се прочитаат некои дела на соборите и отците на Црквата во кои особено јасно била изложена вистината на праволсвието. Пред се бил прочитан Никејскиот символ на верата на кое отците извикале: „Тоа е верата на православните! Сите така веруваме, во таа вера сме крстени и во неа крштеваме. Сите така веруваме!“ Исто така биле прочитани и делата на свети Кирил Александриски, посланието на свети Кирил до Несториј и познаттото послание на светиот отец напишано по воспоставувањето на унијата („Томос на соединувањето“). Читањето на делата на свети Кирил било прекинувано со извици: „Така веруваме! Како Кирил, така веруваме!“ Потоа била прочитано окружното послание на свети Лав Велики кое било прекинувано од некои епископи зошто не се согласувале, но потоа тие сепак го прифатиле. Потоа биле читани делови од отечките дела во кои, како и во посланието на Лав Велики, особено било изразено учењето за полнотата на двете природи во Христа. Така читале од делото на Илариј Пуатерски (366година) : „Гледаш ли дека Христос се исповедува како Бог и човек, така да смртта се припишува на човекот, а воскресението на телото се припишува на Бог. Природата на Бога препознај ја во силата на воскресението, човечкиот поредок сфати го во смртта. Запомни дека Христос е едното и другото„; од делото на Григориј Богослов се читало:„ од Девата произлезе Бог, еден од двата спротивставени меѓу себе тело и Дух, од кои едното е вознесено во Боженственото достоинство, а другото дало благодат на обожување“; „вистина, Тој е испратен, но како човек зошто во него имало двојна природа; затоа се заморувал, огладнувал, ожеднувал и се подвизувал и плачел по законот на човечкото тело“. Меѓу извадоците од делата на Св. Амвросиј Медиолански, покрај останатото било прочитано и ова: „да го задржиме разликувањето на Боженственото и телото. И во едното и во другото зборува Синот Божји, зошто во Него е и едната и другата природа. Истото го зборува Тој, но не на ист начин. Забележи кај Него во еден момент слава На Бога, а во друг момент страдање на човек. Како Бог, Тој зборува за Боженственото, зошто Тој е Логос Божји; како човек зборува за човечкото, зошто зборува во таа (човечка) природа“. Од делата на Свети Јован Златоуст за читање било избрано следното место: „значи Тој ги принесе основите на нашата природа на Отецот. Отецот, заради високото достоинство на Оној Кој ги принесува, и заради чистотата на Принесениот, го примил дарот (Него) со сопствените раце, го направил соучесник на Својот Престол, дури и повеќе од тоа-го ставил на десната страна од Себе“. На крајот пред соборот биле читани извадоци од делото на Свети Кирил „За очовечувањето“ и следниве изреки на светиот отец: „Тој (т.е. Христос) се јави на земјата не останувајќи она што бил, туку ја примил нашата човека природа, совршена во својата смисла“; „она што се населува обично се сфаќа како едно во друго, т.е. Боженствената природа во човечката не претрпе мешање или слевање или претворање во она што порано не била. Зошто она за што се кажува дека пребива во другото, не станало тоа во кое се населило, напротив, се смета за различно во различно.“
Конечно, соборот пристапи на составување на вероисповедувањето за да го објави православното учење за Богочовекот. При тоа „имало многу конфликти, дискусии, недоверби, но ништо од тоа не му попречи на соборот да се заврши онака како што се посакуваше: да прогласи најчисто учење за Богочовекот. Но на соборот и понатаму се случуваа конфликти за двете природи на Христос. Сепак, она што изгледало течко достапно на човечките сили, тоа по благодатта на Светиот Дух, е остварено на наједноставен начин. Императорските службеници ги повториле своите зборови „и на соборот завладеала најпотполно посакувана најсвета еднодушност“. „Диоскор велел: од две природи примам, но двете природи не ги примам. А свети Лав Велики велел дека во Христа се две природи соединети неслиено, неизменето и неразделно во еден Единороден Син, Спасител наш. Значи: кого го следите, Лав или Диоскор?“ Отците на соборот едноглсно одговориле: „Како Лав веруваме! Оние кои противрекуваат се следбеници на Евтих! Лав се изложи православно!“ Исоритувајќи ја таа еднодушност, службениците предложиле во вероисповедувањето да се внесе мислењето на Лав Велики, дека во Христа се две природи соединети неслиено, неизменето и неразделно. Тој предлог бил прифатен без приговор. Истовремено, на општо барање, била избрана комисија составена од епископи претствници на најзначајните области кои за кратко време се оддалечиле од соборот за да направат измени во вероисповедувањето. По враќање на членовите на комисијата, со еднодушно одушевување, бил прочитан оросот на верата на Халкидонскиот собор.
Овој документ, прочуен во историјата на христијанството, се состои од опширен увод и кратко исповедување на верата. Во воведот е укажано на оние догматски дела на христијанската Црква, кои мора да ги признае секој верник која навистина сака, а не само по име, да биде православен. Тука беше истакнат Никејскиот символ, потоа Константинаполскиот символ од Вториот Вселенски собор, за кој се зборува со особени пофалби и уважување. Така „Константинаполскиот символ конечно, после бури на спорови и несогласици за него, благодарејќи на Халкидонскиот собор, влезе во тивкото пристаниште“. Со оросот на верата се потврдени одредбите на Третиот Вселенски собор за кого се уште се водат спорови дали е или не е вселенски. Во продолжение на изложувањето на верата се издвојуваат следните светоотечки дела кои имаат големо значење за решавање на прашањата за личноста на Богочовекот: посланието на свети Кирил Александриски до Несториј, прочитано на Константинаполскиот собор во 448 година и неговиот „Томос на соединување“, напишан по воспоставувањето на унијата. На тој начин светите отци кои биле за унијата „без причина не пострадале од разбојничкиот собор, нивната крв извикувала кон небото, а Духот Свети преку устите на отците го благословил нивното дело и ги наградил нивните напори“. После делото на Свети Кирил, изложувањето на верата најпофално се изразува кон окружното послание на Свети Лав Велики.
А по тој вовед следело изложувањето на верата на Четвртиот Вселенски собор во Халкидон:
„Според светите отци, сите согласно учиме да исповедуваме еден ист Син, Господ наш Исус Христос, совршен во Боженствена и совршен во човечка природа, вистински Бог и вистински човек, од разумна душа и тело, едносуштен на Отецот по Боженствена и Нему ист едносуштен на нас по човечка природа, во се подобен на нас, освен во гревот, роден пред векови од Отецот по Боженствена природа, а во последните денови заради нас и заради нашето спасение од Марија Дева, Богородица по човечка природа, еден ист Христос, Син на Господ, Единороден во две природи неслиено, неизменето, неразделно, така да со соединувањето воопшто не се нарушува разликувањето на двете природи, туку со тоа повеќе се чува сојството на секоја природа и соединувањето во едно Лице, во еден Ипостас, не во две лица раздвоено или разделено, туку на еден ист Син, Единороден, Бог Логос, Господ Исус Христос, како што во старите времиња пророците учеле за Него и како Самиот Господ Исус Христос не научи и како символот од тогаш ни предаде:“
Отците на соборот својата еднодушна согласност со символот ја изразиле со извикување: „тоа е верата на отците! Нека архиепископите веднаш потпишат; нека тоа што е добро одредено не трпи одложување. Со таа вера сите се согласуваме. Сите така мислиме!“
За воспоставувањето на вероисповеста отците на соборот го известиле императорот за особениот акт кој изгледал вака:
„Послание од Халкидонскиот собор до императорите Валентинијан и Маркијан.
До најпобожните, најблаговерните и најхристијанските императори, победници и триумфиратори, светиот и велик собор, по благодат Божја и ваша заповед, се собра во градот Халкидон. Господ ја испрати вашата побожност како најдобар лекар на страдањата на вселената за да ги исцелите со соодветни лекови. И вие, прифаќајќи го Боженственото одредување, пред сите други, покажавте долична грижа за Црквата, препишувајќи на преосвештениците лек на согласност. Зошто, собирајќи не од сите страни, ги употребивте сите средства за да ги уништите постоечките несогласувања и го утврдивте учењето на светоотечката вера. А ние, размислувајќи и пронаоѓајќи причина за бурата која се крена по вселената, најдовме дека виновник на таа сфера е Диоскор, поранешен епископ Александриски. Како прво затоа што забрани пред најпочитуваните епископи собрани во Ефес да се прочита посланието на најсветиот архиепископ на стариот Рим, Лав, упатено како блажен спомен на Флавијан, поранешен епископ на Константинопол, и тоа откако ветил и повеќе пати се заколнал, а тоа го знаеме зошто бевме присутни. Како второ, затоа што Евтих, болен од безбожноста на Манихеј, незаконски го вратил како свештенството така и управата над монасите, пред соборската одлука, и тогаш, кога најсветиот и најблажениот атхиепископ на Рим, Лав, во споматото послание, му одредил што треба и го осудил злобното учење на Евтих, кој велел: „исповедувам две природи на нашиот Господ исус Христос пред соединувањето, а по соединувањето само една природа“.
Понатаму, затоа што нанесе навреди на најбогољубезниот епископ Евсевиј, што своеволно примил во општење некои кои на различни собори биле осудени, иако светите правила пропишуваат дека оние кои едните ги лишиле од општење, другите не треба да ги примаат во општење. Тој можел да добие простување за тие и таквите престапи, доколку со соодветно покајување побарал лек од овој вселенски собор. Но бидејќи тој без срам и понатаму војувал и против самиот апостолски престол и се обидувал да состави грамата на оддалечувања против најсветиот и најблажениот папа Лав, зошто не сакал да одговори на обвинувањата кои против него биле насочени целосно презирајќи ги, а ги презрел и трите повици да се јави пред праведниот вселенски собор, соборот го лиши од свештенското и епископското достоинство. Ова претставувало за останатите пример на поредок и строгост, зошто Боженствениот закон наредува велејќи: Исфрлете го злобниот меѓу вас самите (1. Кор. 5, 13). Што може да биде погрдо од оној кој греши во таквите работи, кој ги гази Боженствените канони, од оној кој со бранови и бура ја исполнува целата вселена, кој ги крши деловите на Црквата и меѓусебно ги раскарува? За тоа ја известуваме вашата побожна власт, да го разгледате и неговото злосторство и чистотата на оправданата пресуда изречена над него како пред Лицето Божје. Ние сме уверени дека и вие, најпобожни и најхристијански императори, ќе се согласите со нас. Знаеме каков страв влева кај злите вашата чесна власт и каква грижа покажувате за црковниот мир зошто сме поучени од искуството. А со цел вашата најхристијанска влчаст појасно да сфати што е точно и согласно со светите птравила и со волјата Божја одредено, на ова послание ги додадовме и соборските акти со потписи од сите нас“.
Оросот на верата е воспоставен и прочитан на соборот во недела на 22 октомври 451 гофина. На следното, шесто заседание, на 25 октомври, оросот на верата свечено бил објавен во присуство на императорот Маркијан, императорката Пулхерија и голем број дворски службеници. Тоа радосно заседание императорот го отворил со беседа упатена до отците на соборот, на која , меѓу останатото рекол: „неодамна се појавиле некои кои заради алчност и злобни склоности измислувале секакви работи и пред луѓето излагале учења исполнети со грозни заблуди. Сакајќи да го излечиме тоа зло, го свикавме вашиот свет собор уверени дека од вашите напори ќе произлезе најголем успех во делата на утврдување на Богопочитувањето, така да ќе се отстрани темнината која лежела во умот на заблудените луѓе. Нака се покаже вистината. Ние одлушивме да присуствуваме на соборот не затоа да покажеме моќ, туку да ги потврдиме соборските дела, земајќи го како пример блажениот спомен на Константин“. Беседата на императорот отците го проследиле со радосни извици, а потоа уследило читањето на оросот на верата, после што господарот ги запрашал отците: „нека светиот собор каже дали со согласност на сите епископи сега е прогласен прочитаниот орос на верата?“ „Сите така веруваме, се слушнал одговор, сите така мислиме! На Маркијан, новиот Константин, новиот Павле, новиот Давид: за многу години! Вие сте мир на вселената; вие сте светлото на православието; Господи, сочувај ги светлата на вселената! Пулхерија, нова Елена! На Несториј, Евтих и Диоскор анатема! Светата Троица ги исфрли овие троица!“
По свеченото утврдување на оросот на верата на Четвртиот Вселенски собор, императорот Маркијан издал неколку укази насочени кон пресекување на ересот и кон зајакнување на православното учење. Но таквите укази не можеле да го прекинат немирот во Црквата кој во разни краеви продолжувал и по Халкидонскиот собор. Задачата за конечно смирување на Црквата, потресена од споровите за двете природи во Христа, го зема на себе следниот, Петти Вселенски собор.
Споменот на Четвртиот Вселенски собор Православната Црква го слави на 16 јули.
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.