ИЗОЛАЦИЈА НА ПАТРИЈАРХОТ ИРИНЕЈ ОД 2005 ГОДИНА ГОСПОДОВА

Оваа трагедија се случува 2005 година кога еден КРИМИНАЛЕЦ САМОНАЗНАЧЕН ПАТРИЈАРХ ТЕОФИЛ го обвинува лажно Патријархот Иринеј,еден безпрекорен борец за човекови права на Палестинскиот и сиот Православен народ во Палестина и надвор од неа.
-Ваша Светос Легитимен Патријарх на Ерусалимската Патријаршија и Татко на Многумина денес Архиепископи кој сме од Вас Хиротонисани ние сме сите секојпат со Вас.
Вистината секојпат ќе биде вистина!!!!!!!!!!!
+++ Јован Хаџи
PatriarchIrineos
БАРАМЕ ПАТРИЈАРХОТ ЕРУСАЛИМСКИ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД МАНАСТИРСКИОТ ЗАТВОР
ГОСПОД Е ПРЕДАДЕН ТИВКО!
- Вартоломеј ни кажа дека Максим е нелегитимниот Патријарх на Бугарија, дека тој треба да ја напушти Бугарија. Ние му рековме на Вартоломеј: зарем не се срамиш да кажеш такви зборови? Максим е легитимен Патријарх. Како е можно да се постави некој друг кога веќе има Патријарх.
- Духовната катастрофа се случи во 2005 година. Неговото Блаженство, Патријархот на Ерусалим Иринеј беше повлечен од Патријаршијата на Ерусалим како резултат на завера и без претерување ние можеме да кажеме дека се работи за масонска завера. Оваа завера беше организирана од високи официјални лица, политички и религиозни. Дури и патријарсите се здружија во оваа завера. Тоа што тие го соборија законскиот Патријарх на Ерусалим од Патријаршијата значи забоден нож во срцето на Православната Црква. Дали неговото соборување значи и дека Ерусалимскиот Патријарх Иринеј не е Патријарх? Патријархот Иринеј е се уште Патријарх, а неговото соборување беше незаконско. Тој е 140-сетиот по ред Патријарх на Ерусалим. Во историјата на Православната Црква на Ерусалим никогаш немало случај на соборување на Патријарх, така да ова е прв случај во историјата на Православната Црква. Првичниот чекор го презеде Патријархот Вартоломеј во соработка со неколку грчки претставници и секако со политички претставници на светската влада. Причината за ваквиот акт против Ерусалимскиот Патријарх Иринеј е неговиот антиекуменистички став. Тој врз основа на Православието отворено и јавно им фрли анатема на католиците и еретиците, тој не им дозволуваше да присуствуваат на православни литургии, беше против толеранцијата и покажување универзална почит кон луѓето од другите вери и поради тоа беше сосема непожелен за екуменистите. Можеме сосема сигурно да кажеме дека тоа беше план на светската влада која сака да воспостави антихристијански свет, да го поплочат патот на антихристот и да се воспостави црква на антихристите. Оваа црква ги обединува сите религии. Тоа беше причина за заговор.
-Како беше Патријархот соборен и кој беше главниот заговорник?
-Тоа беше направено на еден гнасен начин. Архиерехјскиот синод се сретнал и се здружиле како волци и се согласиле да го соборат Патријархот Иринеј. Ова беше потврдено од очевидци кога дошле кај Патријархот после Пасхалната Литургија во 2005 година и го затвориле. Тој запрашал: Што се случи и зошто јас сум заклучен тука? Ова беше гнасно узурпирање на Патријархатот. Главниот заговорник бил Теофил кој е поставен за Патријарх на Ерусалим. Но се разбира дека тој не може да се смета за Патријарх. Интересен факт е дека Патријархот Иринеј го хиротонисал Теофил за епископ во февруари 2005 година. И веќе во мај 2005 година овој таканаречен ученик, сковал завера и да речеме, ја предводел оваа завера и стана Патријарх. Додека Теофил бил во Катар, му рекол на американскиот амбасадор: ти имаш моќ, помогни ми да станам Патријарх. Тие имале заеднички интереси. Теофил му рекол: Кога јас ќе станам Патријарх, ние ќе соработуваме. Вартоломеј, Патријарх на Константинопол, му ветил на Патријархот Иринеј: дојди во Истанбул и јас ќе ти помогнам. Кога Патријархот Иринеј пристигнал во Истанбул, Патријархот Вартоломеј му рекол: дај ми 19 цркви што ги имаш во други земји и јас ќе ти помогнам. Патријархот Иринеј му одговорил: Не можам. На тоа Патријархот Вартоломеј му рекол: Тогаш нема да ти помогнам. Како што знаеме оваа незаконска одлука, архиерејска одлука е чист заговор, но тие ја сметаат за законска во името на мирот и Црквата и така натаму. Тоа беше Патријархот Вартоломеј и други патријарси, вклучувајќи го и Митрополитот Кирил, бидејќи Патријархот Алексеј не дошол во Истанбул, го потврдил ова незаконско решение. Патријархот Иринеј, се разбира, не го признал тоа. Тој и понатаму се смета за Патријарх на Ерусалим. Свети Јован Златоуст не ја напуштил црквата и не ја признал одлуката на синодот составен од волци. Патријархот Иринеј го направи истото. Тој вели: јас сум легитимен Патријарх, ова е работа на мафијата. Тој се наоѓа на територијата на Патријаршијата на Ерусалим и одбива да ја напушти својата ќелија. Патријархот Теофил и неговите соработници, забрануваат било каков пристап до Патријархот Иринеј, а на Патријархот му забранува да ја напушти ќелијата. Неговите духовни чеда и следбеници му донесуваат храна, ја врзуваат за јаже, а Патријархот ја крева нагоре. Само благодарение на Божјиот благослов, Патријархот Иринеј се уште е жив до сега. Тој е исповедник, тој е последниот Ерусалемски Патријарх со вистински православен дух кој ја брани вистината. За жал тоа е огромна катастрофа што оваа завера беше придружена од патријарсите од локалните православни цркви или од нивните претставници. Колку што разбравме тие се патријарси со екуменистички погледи кои учествуваат во екуменистички настани, ја поддржуваат глобализација и така натаму. Претежно биле грчки епископи и грчки политичари кои учествувале во оваа завера, тие ќе ја добијат најголемата казна од Господа. Патријархот Иринеј беше истеран од Патријаршијата во 2005 година и од 2006 година Грција почна да ја губи својот национален суверенитет. Неодамна дојде епископ од Грција и му рече на Патријархот Теофил: Го ставив зборот Патријарх во наводници зошто тој не е патријарх, туку конспиратор. Така тој дошол до Теофил и рекол: Вратете го Патријархот Иринеј на неговиот трон и вратете ги нештата на правото место бидејќи Грција пропаѓа. Веќе грчките епископи почнале да забележуваат дека се случува катастрофа и Господ дава до знаење дека постојат опасности државата и воопшто да не постои. Она што Теофил прави е учество на меѓуцрковни средби во Украина. Сега тие ја институираат црквата на антихристот и повикуваат на обединување на црквите. Ние треба да сакаме секого и се треба да се обедини, така да тие ја институционираат црквата на антихристот и како што гледате, Теофил зема активно учество во тоа.
- Кој може да му помогне на Патријархот Иринеј. Слушнав дека луѓето во Русија собираат пари за да изнајмат адвокат, неколку меѓународни организации за човекови права напишаа писма до владата во Израел, но сите одбија да помогнат. И кој е ставот на Патријархот Иринеј за глобализацијата, за електорнските документи.
-Во еден разговор со него го прашав за неговиот став за електорнските документи и дали ние треба да се бориме против нив. Тој ми рече: Да, секако. Тој никогаш не бил глобалист и тој порано зборуваше за антихристот и неговото доаѓање во светот. Во Русија веќе се воведоа универзални електронски картичи, а веќе истото, според некои луѓе, се случило и во Израел. Според изјавата на луѓе блиски до Патријархот, кога тој слушнал за оваа информација, рекол: антихристот доаѓа во светот и Русија веќе падна. И ако бев точно информиран, тој ги рекол овие зборови: Наскоро треба да се одржи средба на Архиерејскиот синод. Ако тие не ги предупредат своите духовни чеда за опасноста од примањето на овие опасни докуманти, тоа значи нивно одобрување. Руската Православна Црква веќе падна. Таа не го крена својот глас против, а луѓето ќе почнат да ги користат овие документи и тоа ќе биде катастрофа.
„Наши пастори, заштитете не!“ „Наши пастори, заштитите не. Ве молиме земете го ова!“
Патријархот Иринеј е под постојано набљудување. Кога псевдопатријархот Теофил наредил да се прекине доставата на струја и вода до ќелијата на Патријархот Иринеј, со цел да го натера да ја напушти ќелијата или да умре, израелската власт го извести Ерусалимскиот Патријархат: ние ја вршиме доставата на струја и вода, така да вие немате право да ја исклучувате.
-Што може православниот народ да направи во име на вистината и Патријархот повторно да биде вратен на својот трон.
-Прво и основно: молете се на Бога. И што друго може да се направи. Јас мислам дека треба да се пишуваат писма до локалните епископи. Овој случај не треба да се заборави. За оваа тема до сега не се зборувало јавно бидејќи никој не разбрал што се случува. Треба да направиме се. Исто така треба да апелираме до псевдопатријархот Теофил и до Ерусалимскиот Патријархат и да побараме од него да ја врати правдата, да ја напушти Патријаршијата која тој ја узурпирал во 2005 година.
+ИЛИЈА
ПАТРИЈАРХ НА ВИЗАНТИСКАТА ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА
-Патријархот на Византиската Вселенска Патријаршија апелира до поранешниот епископ и псевдопатријархот Теофил да го напушти тронот во Ерусалим и на негово место повторно да дојде вистинскиот и законски Ерусалемски Патријарх Иринеј. Патријархот Иринеј насилно е држен во изолација од 2005 година. На 25 април 2012 година, поранешниот епископ Теофил направил акт на апостасија во Киев. Тој јавно го претставил паганското обожавање на демоните и паганскиот бог како еднакви патишта преку кои се доаѓа до спасение. Овој гест претставува врвна ерес. Поради овој гест, Теофил падна под Божја клетва, под анатема, според Посланието до Галатјаните на Апостол Павле, глава 1, стихови 8 и 9. (8. Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема! 9. Како што рековме порано, и сега пак велиме: оној што ви благовествува нешто поинаку од она што го примивте – нека биде анатема!) Анатемата е објавена на трети мај 2012 година. Теофил не покажува никакво каење и со тоа извршува грев против Светиот Дух. Во случај на ненадејна смрт, за него нека има вечно проклетство. На први мај 2011 година беше објавена анатема врз папата Бенедикт шеснаесети и поради неговото прогласување за блажен на папата Јован Павле втори и постхумно и врз папата Јован Павле втори. Поради овој јавен гест, Светиот Дух беше истеран од Вселенската Црква и беше прифатен духот на Асизи, духот на антихристот. Епископите и свештениците кои се во единство со духот на антихристот ја служат литургијата неправилно. Објавена е анатема врз нив на истиот ден, први мај, 2011 година. Патријархот Вартоломеј падна под Божја клевета поради неговиот гест на апостасија во Асизи на 27 октомври 2011 година. Анатемата беше јавно објавена на 24 мај 2013 година. Патријархот Кирил паднал под Божја клетва поради неговиот гест на апостасија и е под анатема на 13 мај 2012 година. Анатемата беше јавно објавена на 31 мај 2012 година. Византиската Вселенска Патријаршија апелира до Теофил да се покае и да го отстапи местото/тронот на легитимниот Патријарх Иринеј. Ако тој не го направи тоа, тој симнува клетва не само врз себе, туку и врз целиот град Ерусалим.

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.