КОРИСНО ВОЗДРЖУВАЊЕ

1713_u Crvenoj pecini
Развивањето на воздржаност, како една од основните карактерни особини, води кон сигурен успех во христијанскиот живот. За личнота, семејната и општествената благосостојба,возрджувањето е незаменливо.
Во библиската историја наоѓаме примери на вистинско воздржување и лесно откриваме колку е тесна врската меѓу духовните и физичките моќи. Библиското возржување не е самата по себе цел. Од секој библиски херој на духот и верата се барала и највисоката физичка способност и сила да се издржат сите напори и да се победат сите слабости.
Многу векови пред современта медицина, Библијата објави дека воздржувањето во јадење и пиење е лек за многу болести, а попуштањето на апетитот е најголем причинител за физички и духовни слабости. Но библиското воздржување не се сведува само на јадење и пиење. Значењето на принципот на воздржувањето е многу пошироко и ги опфаќа сите подрачја на физичкиот и духовниот живот. Овој принцип од почетокот на животот на Земјата бил вткаен во човековиот боженствен лик. Од самиот почеток Библијата зборува дека човекот по својот првобитен карактер личел на својот Творец. Неговата природа, особините на карактерот биле во целосна хармонија со волјата Божја. Неговиот ум бил способен да сфати она што е боженствено. Неговите чувства биле чисти, а неговиот апетит и нагони биле под контрола на разумот. Се додека живеел во согласност со Божјата волја, бил совршено здрав и среќен.
Потоа дојде првото искушение и тоа на изглед на така едноставно прашање како што е прашањето за јадењето. Но се покажало дека испитот бил многу тежок. Прашањето било несовладливо и Адам, како и Ева, доживеал трагичен крај.
За Ева речиси било сеедно дали ќе го послуша Бога или не во така мало прашање како што е залак од плод од забранетото дрво. За Ева вкусот на тој плод не е поврзан со вкусот на смртта; дури го понудила на својот маж. Кој тогаш можел да знае, во моментот на искушувањето на апетитот, какви ужасни последици ќе донесе само еден погрешен чекор, само еден степен помалку на скалата на воздржувањето?!
Можеби токму набљудувајќи го проблемот на гревот апостол Павле ја дал една од големите дефиниции на воздржувањето: „Се ми е слободно, но не е се на корист; се ми е слободно, но не сакам нешто да завладее со мене“ (1 Кор. 6, 12).
Необично е но вистинито дека денес многу христијани го делат мислењето на Ева дека прашањето на јадењето и пиењето е премногу мало да би требале да станат пробирливи во јадењето и пиењето и да прават разлика меѓу умерено и неумерено, воздржување и невоздржување.
Тие како да забораваат дека во Новиот Завет е повторен старозаветниот принцип на строго воздржување со зборовите: „Прославете го Бога во телата свои“(1 Кор. 6, 20).
Според тоа, прашањето „Што ќе јадеме, што ќе пиеме“ и „Во што ќе се облечеме“ (Мт. 6, 25) – исто така е религиско прашање како и прашањето на покајувањето.
Таткото на Самсон, Маное, со право го постави прашањето на Бога кое се однесувало на животните навики на уште неродениот Самсон: „Кога ќе биде она што си рекол (дека ќе се роди Самсон), какво ќе биде правилото за дете и што ќе се прави со него?“ (Судии, 13, 12).
Векови пред современата медицина да почне да се занимава со прашањето на влијанието на мајчините навики во јадењето и пиењето на уште нероденото дете, Бог објави дека постои најтесна поврзаност меѓу јадењето и карактерот, меѓу пиењето и духовното, душевното и физичкото здравје на децата. Бог преку ангел му одговори на Маное она што денес можеме да прочитаме во секое здравствено списание: идната мајка да се чува од алкохолни пијалоци и да не јаде ништо „нечисто“ (Судии 13, 14).
Апостол Петар исто така ги спомнува „нечистите “ јадења пренесувајќи го во Новиот Завет не само изразот туку и правилото за чиста и нечиста храна, според Божјиот список даден во Стариот Завет. Иако бил Христов апостол и верен христијанин, слободен од обредски прописи од старата религија, сепак во христијанството вовел строго воздржување кон забранетите јадења и пиења со зборовите: „Никако Господи! Зошто никогаш не сум јадел што е погано или нечисто“ (Дап. 10, 14).
При тоа мислел на визијата за „четвороножните животни на Земјата и ѕверовите и птиците небесни“ (10, 12) кои му биле понудени за јадење, но не буквално, туку во симболично значење кое подоцна го разбрал. Небесниот ангел ја упатил не само идната мајка на Самсон за правилната исхрана на детето, туку скоро истото упатство го повторил и на Захарие, таткото на Јован Крстител.
И Самсон и Јован Крстител уште пред да се родат биле одредени за особена духовна мислија, во која физичката и духовната подготвеност биле неопходни и меѓусебно поврзани.
За Јован Крстител да може да биде „голем пред Бога“, не смеел „да пие вино ни жестоки пијалоци“ (Лк. 1, 15). Разликата меѓу Самсон и Јован Крстител не била во почетокот, туку на крајот на животот, и тоа по прашање на воздржаноста. Крајот на Самсон бил повеќе од жален, додека крајот на Јован Крстител бил повеќе од славен. Самиот Христос рекол за него дека „ниту еден меѓу родените од жена не е поголем пророк од Јован Крстител“ (Лк. 7, 28). Со неговото воздржување во храната, пиењето и облекувањето можеле да се поредат само најголемите луѓе во Библијата, како што тоа бил Даниел со своите тројца другари. Тие исто така пред секој друг испит го положувале испитот во воздржливост во јадење и пиење, свесни за односот кој постои меѓу храната и моралот, пиењето и духовноста.
Иако демонот на нездравиот апетит има џиновска сила, овие момчиња на вавилонскиот дворец покажале што можат млади луѓе кога ќе го направат Бог за своја морална сила и молитвата за секојдневна потреба. Тие покажале дека разликуваат меѓу чиста и нечиста храна, меѓу алкохол и вода, и станале пример што може Божјата милост да направи од секој човек кој ги почитува Неговите наредби. Од извештајот за овие принципиелни момчиња можеме да ја црпиме силата да се спротивставиме на искушението, потпирајќи се на Божјиот Збор, а не на себе. За да постигнеме таква висина на духовна култура и за да изградиме принцип на христијанска воздржаност во својот карактер, треба да ги имаме на ум боженствените зборови: „Зошто тие ќе ги почитуваат оние кои Мене ме почитуваат“ (1 Самуилова 2, 30).
Даниел и неговите другари не само што го поставиле принципот на воздржувањето како религиски принцип кој влегува во сите пори на јавниот и приватниот живот, туку и го извршувале. Во врска со сите нивни другари по струка, се покажало дека се „ во се каде треба мудрост и разум…десет пати подобри од сите волшебници и гатачи што беа во целото царство негово “ (Вавилонско), (Даниел 1, 20). Следната дефиниција за воздржаност претставува највисок домет на христијанскиот карактер: „Да се исчистиме себеси од се валкано на телото и духот, довршувајќи ја својата светост во стравот Божји“ (2.Кор. 7, 1). Не е ли тоа цел за која вреди да се бориме?
Нека Господ Благтослови †

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.