МАЈКА ИСИДОРА ЗА КРАЈОТ НА СВЕТОТ

- Помина времето на животот на земјата.
-Дали сте забележале дека времето е забрзано?
-Секој ќе биде убиен кој нема да сака да прими печат.
-Сакаат да го пцујат лебот,го пцујат сонцето, Го пцујат Бога…
-Па кого тогаш вие го сакате? – никого!
-Спаси го Боже овој свет, кој сака кај тебе, а кој не сака, не можеме никого со сила да го натераме во Рај!
-Оставете го светот, молете се на Бога, деца мои, за да не ја изгубите вечноста!
-Тешко на оној кој нема да биде споен со Бога, тој изгубил се, да. И не е важно…овие сите се светители…но не е важно ништо, туку е важен Бог! Какви сме со срцето кон Бога! Дали Го љубиме или само онака, млако. Млакото не е љубов кон Бога. Или пламено или ништо…така е тоа. Тука Бог благословува.
Доаѓа време кога светот ќе исчезне од земјата. Доаѓа време кога Бог ќе ги воскресне сите мртви, но мртвите нема да бидат изгорени…А Бог ќе ја запали земјата се да изгори. Мртвите ќе воскреснат и ќе отидат од земјата и тогаш земјата ќе пламне како кога човек плаи бензин. Тоа ќе биде страшно, но мора прво антихристот да зацари во Ерусалим, во Соломоновиот храм. Тогаш ќе има голема церемонија, тоа ќе го видат сите земји, тоа ќе биде нешто –чудо Божје. Кој тој ќе се зацари повеќе нема да заврни дожд, ниту снег, ништо нема да ја навлажни земјата, ништо. Тоа ќе биде страшно, страшна глад, ќе нема да се пие вода…Нема да имаат што да се јаде и да се пие, тоа ќе биде ужасно…Тоа ќе трае три ипол години…а потоа ќе го снема сонцето, благиот Бог од небото ќе дојде со својот Чесен Крст. Он ќе свети како многу сонца и сите ангели и тогаш ќе биде собир на целиот свет и мртви и живи во Ерусалим. И тука Господ ќе одлучува кои се за Него на десната страна, а кои се за антихристот се на левата страна. И кои не се и денес му служат исто на антихристот. Што има врска што овој народ е неморален, се вели…во весниците пишува…Не знам колку девојчиња од 9 години бараат молба да извршат абортус-од 9 години!? Тоа е ужасно расипано. Тоа е СТРАШНО! Народот го завртел грбот кон Бога, тоа не е божји народ кој тоа прави…Овие кафулија што ги измислиле, сите тие се „антихристови цркви“ – ѓаволски! Народот оди, особено младите луѓе и тоа од 21 или 22 часот па се до утрото додека може. Наутро се млитави, не се наспани, се влечеле цела ноќ наваму-натаму…и тие се како пси на улица. Така народот пропдна, толку е тажен маченик…Го нема Бога, го нема крстот, нема пост, нема молитви, нема ништо. И тогаш не сме Божји, тој не може да биде Божји, зошто молитвата и постот не спојуваат со Бога. Љубовта кон Бога. А никој не може да се моли, ниту да пости ако не го љуби Бога. Ако Го љуби Бога, тој со сета страст ќе може лесно да пости , сите честири поста и секоја среда и петок. И тогаш е Божји, молитва секое утро и навечер, но тоа денес го нема, светот огладна, не останало ништо, И затоа, мои деца, има катастрофи во овој цел свет! Доаѓаат војни, се случуваат земјотреси, некаде поплави…не е добро.
Дали сте забележале дека времето е забрзано? Час е недела, час е сабота и така брзо поминува еден месец, а не знаеш кога поминало. Така ќе биде за време на антихристот кога тој ќе се зацари во Ерусалим и тогаш времето ќе се забрза. Тогаш денот многу брзо ќе помине, побрзо отколу еден час. Така ќе се менуваат ноќ-ден, ноќ-ден, додека не поминат тие три ипол години на владеење на антихристот. Тоа е страшно. Не се надевјате на нешто добро. Да имате имате полна торба! Внимавајте. Полна торба да имате или полн куфер со златници-тоа не е ништо кога доаѓа Страшниот суд, тоа нема да вреди ништо. А нема да има ништо да се купи…земјата нема да раѓа, водата ќе ја снема, дожд нема да има…Тогаш Бог ќе им суди на народите. Тој народ кој ќе живее во тоа време многу ќе се намачи. И кој ќе прими печат ќе биде на ѓаволот, а кој нема да прими печат …зошто таа полиција на тој антихрист, ќе го убие секого кој нема да сака да го прими печатот! Ако не го примите печатот и ако дознае тој – не се запечатил, – или печат или пиштол во чело! А кога ќе прими печат ќе стане ѓавол, ист како нив…Боже, спаси го овој свет, кој сака при Тебе, а кој не сака-не можеме никогаш со сила да го натераме во Рај. Така времето, поминало времето на животот на земјата!
Ете, ова лето имаше суша кај нас, ужасно. А таму во весниците пишува…тука кај нас беа наши некои владици и купиле весници нешто да прочитаме нешто…кај нас весници не доаѓаат…овие државните…само црквата што печати. И што велат…таму некои Американци го нарекуваат сонцето лудо, во некое место, дека сонцето е лудо…Потоа имаат луди крави, тоа е второ. Трето велат дека тој леден гребен ќе се одмрзне, почнал да се топи и дека некои делови на земјата ќе бидат потопени, но Америка најмногу ќе ја погоди.
Вие спремете се за Господ! Кога ќе дојде да рече: ајде со Мене благословени…да уживате со Мене, каде сум Јас, зошто Ми служевте Мене…Не пцујте Го Бога. Бог не се пцуе и ништо Божје. Сакаат да го пцујат лебот, го пцујат сонцето, Го пцујат Бога…Па кого вие го сакате? – Никого! Кога сега од вас би барала леб и сега да излезам таму и постојано да ве пцујам, што би ми рекле: море надвор бабо од таму и не ти давам ниту трошка…зарем не е така, а да не зборуваме за Творецот. Еден двоножец Го пцуе Бога…Што Бог ни направи лошо? Ни даде сонце преку ден да не грее и месечина да ја осветлува ноќта. И се убаво уредил: воздух, вода, се имаме, а постојано Го пцуеме Бога…И што ќе правиме кога ќе каже: каде се вашите молитви, дали сте се молеле на Мене…а нема ниту една молитва, тоа е опасна работа. Кој размисли зрело за тоа, ќе види дека е страшно. Доаѓаат страшни денови, но ако народот размисли и Му се приближи на Бога, тогаш ќе биде спасен.
Се вели дека Свети Макариј одел по пустина и нашол еден череп. И повика кон Бога да Бог го врати духот во тој череп за да прозбори и да каже што бил на земјата. И Бог исполни и тој череп прозборел и го запрашал Свети Макариј: што си бил на земјата? Тој одговорил: бев незнабожечки поп, учев на безбожје. И потоа прашува: каде се наоѓаш сега после смртта? Каде ти е душата? А черепот рекол: колку небото е високот од земјата, толку над нас има оган во пеколот. Што мислите на колкава висина летаат авионите и само малку ги надминуваат облаците. А колку има после горе, до Господ, таму? (овој дел мајка Исисдора намерно го додава заради народот). И вели: а дали има некој под вас? Кој е доле: прашал Свети Макариј. Вели: сите Срби кои се крстени, а се одрекле од Бога. Значи комунистите. Тие се уште подлабоко долу во оние вечни маки, што мислите, ееее…Ова не е шега! Бог, нашиот Спасител, Кој слезе од небото и живееше на земјата 33 години, и што Он го учеше народот, проповедал, ги воскреснувал мртвите, Јаировата ќерка ја воскреснал, Свети Лазар, кој 4 дена бил во гроб, Он го воскреснал, а почнал да смрди и отишол со него, во неговата куќа каде јаделе. Значи Лазар почнал да се распаѓа во гроб, се усмрдел и кога Бог го воскреснал тој одел како и сите нормални луѓе. Дошле во неговата куќа и тука спремиле вечера и тука вечерале. А сите тие безбожници, кои тогаш биле, гледале дали Лазар ќе јаде кога сега станал од гроб. Тој јаде нормално како и сите, а тоа Бог го направил – и Него Го пцуеме! А? Што мислите. Па тоа е ужасно, па тоа е страшно, па тоа е …тоа е…Боже мили, јас не знам, Сине Божји, како да се спаси таа бедна душа која го пцуе Творецот и Мајката Божја и ова сонце. Тоа е страшно и затоа помина времето, сега блиску ќе биде крајот на светот – готово. И Бог ќе суди за секој наш збор, што сме кажале, што Нему не Му е угодно…Што на Бога не Му е угодно, тоа е страшно.
Нека Бог се грижи, нека Бог ве помилува, нека Бог ви даде здравје. Но најважно, деца мои, е спасението на душата, тоа е вечно. Внимавајте добро, немојте да ја изгубите. Работете и се, но чувајте се од гревови. Молете се на Бога за Бог да ве научи, да ве направи мудри, што треба денес да мислите, а не веднаш да зборувате. За нешто да не погрешите, за да не каже Господ на Страшниот суд: оди од Мене, не те познавам! Како може тоа да биде – мајка која го родила своето дете да не го познава кога таа го родила? Така нашиот Бог не создал. Тоа е нашиот Спасител, Творецот Кој не создал. И да каже на Страшниот суд: оди, не те познавам! Тоа е страшно! Ќе има пискотници меѓу народот, не знам што ќе прави самиот со себе зошто ја пропуштил ВЕЧНОСТА. А сега се смеат, ова-она, се шегуваат, отргнете се од сето тоа, молете се на бога, деца мои, за да не ја изгубите ВЕЧНОСТА.
Беседење на блаженопочинатата Мајка Исидора, од манастирот Сисојевац, мај 2001 година, пред мала група поклоници, за последните времиња.

Превод на Македонски:сестра Луиза

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.