ТРИЕСЕТ И ТРИ МОЛИТВИ ЗА ТРИЕСЕТ И ТРИТЕ ЈАЗЛИ НА БРОЈАНИЦАТА

150974_409351615814654_1263705815_n

01. Спомни, Господи, за мир во светот.

02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие.

03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Епископот наш и неговото братство.

04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици.

05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство.

06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби.

07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ.

08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас.

09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители.

10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини.

11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе.

12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите.

13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат.

14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки.

15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите.

16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства.

17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри.

18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците.

19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение.

20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа.

21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии.

22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви.

23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните.

24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа.

25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите.

26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие.

27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно.

28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите.

29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа.

30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси.

31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз.

32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши.

33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.

Молитва втора на свети Василиј Велики
Многумилостив, непреоден, чист, безгрешен Господи, исчисти ме мене, Твојот непотребен слуга, од секакво оскврнување, телесно и душевно, и од мојата нечистотија која од негрижа и мрзливост се умножила во мене со сите свои останати беззаконија и покажи ме чист, господару, заради добрината на Твојот Христа; и освети ме преку слегувањето на Пресветиот Твој Дух, за откако дојдам кон себе од маглата на нечистите ѓаволски привиденија и секаква осквернатост, да ме удостоиш со чиста совест да ја отворам својата извалкана и нечиста уста и да го славам Сесветото Твое име, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Молитва за благослов на домот
Семилостив Боже, благослови го нашот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај не’ од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски напади, и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, кој се’ осквернува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и безгрижност кон Твојот свет закон; внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта.
Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и тврда душа, нашите души да се приближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти Господи кај нас, и да живееш во нашиот дом – да царуваш во него; во нашите души и срца, да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи не’ од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Поткрепувај не’ кога сме салби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страдања и солзи се полесни, поподносливи.
Исцели ги нашите скриени болки и душевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Господи, не оставај не’ никогаш сами за да не дојде непријателот на нашето спасение и да не’ погуби.
Потоа
Тебе, која си почиста од херувимите ие непсоредливо пославна од серафимите, Која без маана Го роди Бога Словото, Вистинската Мајка Божја, ние Те величаме.
Слава : И сега :
Господи, помилуј! (3 пати)
Благослови!
Отпуст.
Потоа
Прими ја Господи, молитвата од мене грешниот, и помилуј ме како Благ и Човекољубив.

Молитва за дар за простување
Спасителу!
Научи ме да простувам од душа на сите, коишто со нешто ме повредиле. Знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувството на омразата која се крие во мојата душа. Огрубено е, Боже, моето срце! Во мене нема љубов. Ти се молам, научи ме да им простувам на оние кои ме повредиле, огорчиле и нажалостиле, како што и Ти Сам, Спасителу, им прости на Своите непријатели, на Крстот!
Амин!

Молитва за духовниот отец
Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец (име), не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот. Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, изполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ги Твоите богати милости.Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и нетелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели, и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години заради нас грешните.
О, Пресладок Исусе! Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец (име), оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости, зашто си Благ и Човекољубив. (поклон)

Молитва за местото во кое живееме

Господи, Те молиме за местото во кое живееме, за сите наши сожители, за секој од нас да најде човечен соживот и место на мирот. Те молиме за сите кои живеат покрај нас, за соседите и познатите, за нашите пријатели и за оние кои ни се надлежни.
Те молиме за сигурен помин во нашето место, за никој да не го изложува својот живот и животот на другите во опасност. Господи, чувај ги нашите деца од несреќа! Те молиме да се одмориме во тишина, за оние кои немаат мир, за средината да биде здрава и човекољубива. Те молиме за оние кои работаат во фабриките, за уметниците, за научниците, за учителите и професорите, за социјалните работници и за сите кои се трудат по болниците. Ти се молиме исто така, и за нашите свештеници, за оние кои ја претставуваа Црквата за сложно да ги впрегнат своите сили за доброто на нашето место.
Те молиме за оние кои бараат живеалиште и за оние кои го изгубиле живеалиштето, за туѓинците да ги прифатиме со сета гостољубивост и за сите на кои им е судено да останат со нас. Се молиме и за оние кои се богати, за да знаат секогаш да ги отворат своите куќи и своите срца за сите кои имаат потреба и кои се несреќни. Ти се молиме за сите меѓу нас кои се болни, несреќни, изложени на разни искушенија, за оние што ги мачи страв, досада и очај, за одземените од нашата средина, за оние по затворите, за душевно погодените, за оние што умираат и за умрените.
Ти се молиме за самите нас, за местото да ни биде радосно. Помогни ни Боже, да не се глодаме еден со друг со дела што создаваат омраза, што прават раздори, туку секогаш да бидеме сложни како едно тело, да бидеме Божји град на земјата. Амин!

Молитва за мир во бракот

Господи Боже, Ти го освети нашиот брак на чистота, Ти не’ благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело. Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува. Благословот на мирот и едномисленоста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, изчезнува љубовта што не’ врзуваше. Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква.
Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам кон Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни го мирот, врати ни ги едномисленоста и разбирањето. Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (мојата сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе благословен, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опасниот пат и приврзи го кон неговите чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина. Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака. Амин.

Молитва за мир во домот
Боже на љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти, Господи, си долготрпелив кон нас, грешниците. Скротувај не’ со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не’ раздели.
Ти се’ простуваш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кроткоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено, да напрдуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.
Амин!

Молитва за нашите непријатели

Господи Исусе Христе, Ти им прости на Твоите непријатели, зашто не знаеја што прават. Ти се молам од се’ срце, биди милостив кон оние што ме мразат, што ме навредуваат, хулат и клеветат. Ти ја испитуваш длабочината на човечкото срце и знаеш дека сум немоќен и грешен. Поткрепи ме да го очистам моето срце, да ги умножам делата на љубовта кон моите блиски и да не ги огорчувам со ништо.
По Твојата голема милост прости им на моите непријатели; вразуми ги, просвети ги со Твојата вистина за да не се ожесточуваат против мене и да не бидат казнети поради мене. Добро ми е кога сум во Твојата рака. Ти се молам, не дозволувај да ме победи злото, не дозволувај да загине ниту еден од моите непријатели, но сите да се обрнеме кон Тебе, кон Твојот мир и да бидеме Твои верни чеда, зашто Ти си единствен Благословен во вечни векови. Амин!

Молитва за подобар христијански живот
Господи, Господи, сило на моето спасение! Сврти Си го лицето од моите гревови, избриши ги моите беззаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш. Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна приврзност.
Верувам, Господи, помогни му на моето неверие пројавено во мисли, зборови и дела. Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот боженствен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на него и го притиска кон земното. Дај и’ крила на волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја. Води ги моите стапки кон верата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има попатиштата на мојот живот. Ти си патот на спасението. Нека Твојата вечна светлина ја осветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомневање, колебливост, нерешителност земен страв и човечка суетност да Те наоѓа Тебе – Патот на вистинскиот живот.
Чувај ме од секакво телесно мудрување што е непријателство против Тебе, против Твојата вистина и волја. Не дозволувај да ме завладее мислата на земното. Ти знаеш што е нужно за мојот земен живот. Не лишувај ме од тоа, туку помогни ми да го придобијам преку благословениот од тебе труд. Закрилувај ме од лукавото мудрување на телото кое го смета земного богатство за најголема вредност. Дај ми очи да го гледам животот во вистинска, а не во лажна светлина, и секогаш да паметам дека пред се’ друго треба да го барам Твоето царство и Твојата правда и дека се’ друго ќе ми биде дадено.
Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – до облаците, Твојата правда е како планините, а Твоите планови – голема бездна. Помогни ми да успевам во духовниот живот, душата моја секогаш да Те прославува Тебе, Господи на моето спасение. Амин!

This entry was posted in Молитвеник. Bookmark the permalink.

Comments are closed.