ВИСТИНАТА ВО ЦРКВАТА ПРАВОСЛАВНА

MVPCZNAME6Црквата на многу мистериозен начин ја прикажува својата внатрешност и во последните дваесет години се повеќе од себе го одвојува својот верник.
Многумина се прашуваат зошто е тоа така,и поред тоа што некои од монасите се обидуваат да ја водат верата кон народот, но за жал се оневозможени од една или друга причина или пак им е директно неовозножено да ја спроведат вистинската црква на Господ Исус Христос, Кој единствен Тој ја донесе верата права на народот, им ја подари целата своја љубов и на крај Самиот го понесе својот Чесен Крст на Голгота.
Од тогаш па се до денешно врме, до овој момент кога ви го пишувам ова свое лично објаснување создадено од моите поученија од пророците, мачениците, апостолите, светителите и од сите оние на кои Господ им ја подари својата поука со цел нас да не научат, за и ние вас да ве учиме во Православната и Единствена Вера .
Црквата на Господа, Вистинската Црква е создадена од Господа за самиот народ.Тој на народот му покажа како да се крсти,како да се моли,како да почука на Неговара врата,како да посака за да му се отвори се пред него и даде се што ќе побара.
Господ за сето тоа не побара ништо од народот,туку само едно, а тоа е народот да верува во Него.
Сестрите на Лазар го повикаа Господа и Тој го крена Лазара од мртвите и после четири дена лежејки во гробот,Тој им го врати единствениот брат на сестрите, но од нив не побара ништо.
Господ на самото влегување во храмот на својот татко сретна еден слепец на кого видот му го поврати и од него Господ не побара ништо.
Господ влезе во Ерусалим и кога виде дека во храмот на својот татко трговците се надметнуваат пазарејќи со своите продукти, Господ ги истера од храмот и од нив побара да си одат и да не водат трговија во храмот на Таткото.
Во секоја црква тогаш и денес е се од Господа и за Господа така да во црквата на Господа парите немаат вредност која треба да биде во корист на тие кои ја водат црквата која Господ им ја доверил.
Воцрквата, манастирот, епископијата, архиепископијата, патријаршијата народот треба да се чувствува како дома, како во својата куќа која е всушност куќата на нашиот Господ Исус Христос.
Секој еден е Благословен кој доаѓа во името на Господа кој бара да биде крстен во името на Господа, кој бара да се венча во името на Господа, кој треба да се упокои во името на Господа. За сето тоа Господ не барал пари,ниту пак денес сето тоа треба да се наплатува од страна на црквата.
Оставени се многу убави објаснувања како треба ние да живееме кои служиме во името на Господа.Пред се да ги почитуваме десетте Божји заповеди.
Заради сето тоа сме дојдени на самиот почеток оти Господ рече дека на светот нема да има крај и тоа се покажа дека е така, каде што сега дојдовме до самиот почеток – до почетокот на Македонска Вистинска Православна Црква.
Црква која не е далеку од сето ова кое го објаснивме, црква која не е далку од Господа и неговите Апостоли и црква која ке го бележи и чествува сето кое Господ ги учеше Апостолите свои, а од кои ние се научивме како да живееме во Господа.
Како да ја чувствуваме љубовта од Господа која ни ја покажува и дава и која е секаде во Црквата.
Во Црквата на Господа народот треба сето тоа да го почувствува, види и доживее, но никако да му биде срам и страв да се појави пред својот свештеник во колку тој не е достоен да даде, туку треба самата црква нему да му даде затоа што Господ не учеше да со секој еден треба да го поделиме тоа кое го имаме и така да живееме во слога и љубов и да го сакаме секој еден како што Господ нас не сака сите подеднакво.
Не смееме да дозволиме децата на нашиот најближен денес да немаат леб на трпезата, а ние да фрламе леб од вчера,туку се кое го имаме двојно со сите ближни и народ во Господа да го поделиме и подадеме на секој еден кој нема.
Црквата треба да ни биде куќата на нашата радост, место на среќавање во која ќе се чувствуваме слободни, радосни и среќни и така и на Господа да му поиме.
Така мили мои браќа и сестри во Господа ќе живееме сите заедно во Македонска Вистинска Православна Црква.
«А кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите дарови во благајната.
А виде и една бедна вдовица, како пушти таму две лепти,и рече: „Вистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите,зашто сите овие приложија дар за Бога, од својот вишок; а таа од својата немаштија: пушти сè што имаше за живеење.»
Благословени да сте од Господа
Секојпат со вас Патријарх на Македонска Вистинска Православна Црква
+++Јован Хаџи

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.