МОЛИТВА ЗА ИСЦЕЛЕНИЕ НА БЛИЖЕН

Христе, наш Заштитнуку, посети и исцели го Твојот слуга (името) што страда, отстранувајќи од него секаква болест и тешка болка. Подигни го за да може да Те воспева Тебе и непрестајно да Те славослови, по молитвите на Богородица, Ти Кој си човекољубец. Милостив Господи, посети и исцели го Твојот болен слуга (името), кој сега лежи на болничка постела тешко страдајќи, како што Ти, Спасителе, некогаш си ја подигнал тештата на Петра и парализираниот човек носен на неговата постела, зашто Самиот Ти си ја понел болеста и немоќта на нашиот род, и со Тебе ништо не е невозможно, зашто си семилостив.

This entry was posted in Молитвеник. Bookmark the permalink.

Comments are closed.