ДУХОВНИ БЕСЕДИ НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ

Sv.Makarije Veliki
ОКОЛУ ТОА ДЕКА БРАЌАТА ТЕБА ДА ЖИВЕАТ ВО ЧИСТОТА, ЕДНОСТАВНОСТ, ЉУБОВ И МИР, А БОРБА И БИТКА ДА ВОДАТ САМО СО ВНАТРЕШНА МИСЛА
Било да се молат или да го читаат Светото Писмо или се занимават со некаква работа-нека во темелите стават љубов еден спрема друг; во тој случај, нивната намера може да се удостои со Божјо благословување. И тој што се моли, и тој што чита, и тој кој работи, можат тоа да го прават со добивка, доколку меѓусебно живеат во чистота и едноставност. Што е, всушност, напишано? Да биде вољата Твоја и на земјата, како и на небото (Мт.6;10), за браќата меѓусебно да можат да живеат како што живеат ангелите на небесата и претстојуваат во едномислие, живеејќи во мир и љубов, така да помеѓу нив да нема никакво превозвишување и завист, туку само взаемна љубов и чистота. Во колку на триесетина луѓе им се случи да се занимаваат со еден дел , тие тоа не можат да го прават цел ден и ноќ; напротив, некои од нив ќе поминат шест часа во молитва и ќе сакаат да читаат, некои ќе ги служат, а други пак , ќе се занимаваат со некоја работа.
Освен тоа, ако браќата нешто работат, мораат да бидат во взаемна љубов и радост. Нека тој што работи за тој што се моли го каже следното: “Богатството кое го поседува мојот брат е заедничко, и според тоа и јас го поседувам“. Тој, пак, кој се моли, нека за тој што чита нека каже вака:„Тој тоа што го користи додека чита, и на мене нека ми биде од корист“. Тој што работи, нека го каже следното: “Оваа услуга, која јас ја правам значи заедничка корист“. Телото има многу делови, а сите тие сочинуваат едно тело и взаемно си помагаат едни на други, така да секој дел си ја обавува својата посебна работа; освен тоа, окото гледа за целото тело, рацете работат за сите останати делови, нозете одат и на себе ги носат сите останати делови на телото и секој дел соработува со останатите. Значи, така нека биде и помеѓу браќата. Тој што се моли, нека не го осудува тој што работи затоа што не се моли. Тој ,пак, што работи, нека не го осудува тој што се моли, зборувајќи:“Тој продолжува со молитва, а јас работам!“ Тој кој послужува, нека не го осудува другиот. Напротив, нека секој, што и да работи-нека го работи тоа со Божја слава. Нека тој што чита со љубов и радост гледа на тој што се моли, и вака нека размислува:“Тој и за мене се моли!“ Тој што се моли, нека за оној што работи размислува на овој начин:“Тоа што тој работи, го работи за заедничка корист!“
На тој начин има голема едногласност, мир и еднодушност и тие ќе бидат во состојба меѓусебно да се здружат во сојуз на мир и ќе можат едни со други да живеат во чистота и еднодушност, привлекувајќи на себе Божјо благољубение. Очигледно е, меѓутоа, дека од се е најважно благовремено да претстојуваме во молитва. Освен тоа, нека цел на преобразбата биде единствено-да имаме во душата добро и живот,односно, да го имаме Господ во умот.
Било некој да работи, да се моли или чита, нека ја поседува онаа вечна сопственост, т.е. Светиот Дух. Некои велат дека Господ од луѓето бара само видливи плодови, а она што е тајно го извршува Самиот Бог. Во стварноста, меѓутоа, не е така: напротив, во колку некој се оградува од надворешниот човек, во толку мора да се бори и да води војна со своите мисли, затоа што Господ од тебе бара да бидеш лут на самиот себе, да водиш војна со сопствениот ум, да не се согласуваш со ѓаволските мисли и да не се насладуваш со нив.
Искоренување на гревот и злото кои во нас живеат, може, всушност, да се изврши единствено со Божја сила, зошто на човекот не му е дадено, и нема можност, гревот да го искорени со сопствена сила. Во твоја моќ е да се бориш со него, да му се спротивставуваш и да бидеш ранет од него, додека неговото искоренување е –Божје дело. Кога би бил сам способен ти тоа да го сториш, тогаш каква би била потребата за Господовото доаѓање? Како што окото не може да гледа без светлина, како што е невозможно да зборуваме без јазик, да слушаме без уши или да одиме без нозе и да работиме без раце, така ни е без Исус невозможно да се спасиме и да влеземе во Царството небесно. Ако ти велиш:“Јас на видлив начин не сум ни блудник, нити прељубник, нити среброљубец, а тоа сигурно значи дека сум праведник“, е тогаш со тоа се лажеш, мислејќи дека се си завршил. Гревот, всушност, нема само три дела од кои човекот треба да се огради, туку ги има на илјада. Од каде дрскост, бесстрашност, фалење, неверување, омраза, завидување, лукавство, лицемерие? Зарем не би требало со нив да војуваш и да водиш битка во тајност и во мислите? Ако во твојот дом се наоѓа арамија, ти тогаш се жалиш поради тоа и тоа не ти дозволува да бидеш безгрижен, па дури и самиот почнуваш да го напаѓаш, да му нанесуваш рани и да бидеш ранет од него: така и душата би требало да се противи, да се спротивставува и да одбива.
Твојата волја, кога се спротивставува, претстојувајки во напори и жалост, почнува, најпосле, да победува; таа паѓа, но и да станува, гревот повторно ја соборува, и во десет и дваесет битки победува и ја соборува душата; со тек на време, всушност, и душата, во нешто ќе почне да го победува гревот. Или пак, ако душата стои цврсто и во ништо не слабее, таа почнува да добива предност, да се решава за војна и да се здобие со победа над гревот. Всушност, ако и тука внимателно гледаш,(ќе видиш) гревот и понатаму надвладува на човекот, се додека тој не ја достигне мерката на совршен човек (Еф.4;13) и додека потполно не ја победи смрта, зошто е кажано: Последниот непријател ќе се укине со-смрт (1.Кор.15;26). Всушност така луѓето го победуваат гревот и постануваат победници над него. Доколку, некој зборува онака, како што веќе рековме: “Јас не сум блудник, не сум прељубник,не сум среброљубец и на мене ова ми е доволно“, тогаш тој се бори со три дела, но не војува со другите дваесет, со кои гревот исто така војува со душата; напротив тој е победен од нив. Поради тоа во се мораме да се бориме и да се подвизуваме, зошто умот, како што сме рекле повеќе пати-е борец и има подеднаква сила и за расправање со гревот и за спротивставување на мислите.
Ако кажеш дека спротивната сила е поголема и дека порокот потполно царува над човекот, тогаш за неправедноста го оптужуваш Бог, Кој човештвото го осудува затоа што го послушало ѓаволот. Кога ѓаволот е моќен и кога покорува со некоја принудна сила, тогаш тој , како што мислиш ти, е поголем и посилен од душата, но немој да и се покоруваш на таква помисла. Ако момче се бори со дете, и ако детето биде победено, а потоа и го осудат детето затоа што е победено, тогаш тоа е голема неправда. Затоа тврдам дека умот е борец, и тоа подеднакво силен борец. Душата која се бори и бара помош и заштита, ќе добие и едно и друго и ќе биде удостоена со избавување, зошто борбата и подвигот се можни доколку силите се еднакви. Го прославуваме Отецот и Синот и Светиот Дух во векови. Амин.
ЗА ТОА ДЕКА ДАРОВИТЕ ОД БОЖЈАТА БЛАГОДАТ СЕ ЧУВААТ И СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СО СМИРЕНОУМИЕ И ИСКРЕНОСТ, А СЕ ГУБАТ СО ГОРДОСТА И НЕРАБОТА
Вистинољубиви и богољубиви души кои со голема надеж и вера посакале целосно да се облечат воХриста, не е толку потребно да ги опоменуваат другите; тие не трпат во себе никакво намалување во небесната копнеж и љубов кон Господ. Напротив, во потполност се приковуваат за крстот Христов, секојдневно чувствувајки во себе духовен напредок кон приврзаноста за духовниот Женик. Бидејки се ранети од небесниот копнеж и бидејки се жедни за правда на доблестите, силно и незаситно копнеат за духовно просветлување. Ако, пак, се удостојат порди својата вера и да се здобијат со спознавање на божјите тајни или постанат чудесни на веселбата на небесните благодети, тие немаат доверба во сами себе, сметајки дека се нешто. Напротив, во која мерка се удостојат со небесни дарови, во таа мерка се должи незаситеноста на небесните желби, со уште поголем труд ги бара тие дарови, во таа мерка стануваат гладни и жедни за чудата на благодатта и нејзиното умножување. Колку духовно се обогатуваат, толку како да осиромашуваат во сопственото мислење за сами себе и тоа се должи на незаситеноста на духовниот копнеж и се стремат кон духовниот Женик, како што вели Писмото: Тие кои Ме јадат повторно ќе огладнат, тие кои Ме пијат повторно ќе ожеднат (Прем. Сир.24;23).
Таквите души, имајќи во себе пламена и незаситна љубов кон Господ, достојни се за вечен живот; заради тоа ќе бидат удостоени со избавување од страсти и во полнота на благодатта во потполност ќе примат осветлување и чудесност на Светиот Дух, неискажана и таинствена заедница. Плашливите и слабите души кои, со самото тоа што сеуште се посветени на телото, што не се трудат да овде поради истрајност и долготрпение примат во себе не делумно, туку потполно осветување на срцето, не се надеваат на совршето, со целосни чувства и без никаков сомнеж дека ќе бидат во заедница со Утешителниот Дух-поради тој самиот од Духот не примиле избавување од штетните страсти ниту, наспроти тоа, се удостоиле за Божјата благодат, туку, привлечени од порокот, се предале на некоја лежерност и хаос.
Ако се случи некој да го прими благословот на Духот и пронаоѓајќи благодатна утеха во спокојство, копнеж и духовна сладост, потоа надевајќи се во тоа, станат горделиви и се препуштат на лежерност, не скротувајки го срцето, не се смируваат во мислите и не достигнуваат совршена мерка на бестрашост, не добивајки го она што најискрено и со вера потполно би го исполниле со благослов, задоволувајќи се со тоа да бидат спокојни и запирајки се кај мала благодатна утеха, тогаш овие души повеќе напредуваат во гордоста, отколку во смиреност. Ако и бидат удостоени со некој дар ќе бидат лишени поради несовесната лежерност и поради празно фалење и превознесување.
Вистинска богољубива и христољубива душа, дури и ако направи илјада праведни дела, поради својот незаситен стремеж кон Господ, размислува за себе како сеуште ништо да не направила; дури и ако го исцрпи своето тело со постови и бдеења, останува при чувство дека сеуште не почнала да се докажува на доблестите; дури и ако се удостои да постигне различни духовни дарови или откритија и небесни тајни, таа, кон неизмерната и незаситената љубов кон Господ, во себе чувствува како ништо да не задобила; напротив, бидејќи секојдневно е гладна и жедна, со вера и љубов престојувајќи во молитва, не може да се насити на благодатните тајни и устројувајќи се себеси во секоја доблест. Таа е ранета со љубовта на небесниот Дух и со помош на благослови непрестано во себе го потикнува пламенот за стремење кон небесниот Женик, копнеејќи потполно да се удостои со таинствено и неискажливо заедништво со Него во светиња на Духот, со откриено лице на душата, да гледа на небесниот Женик лице во лице, во духовна и неопишлива светлост, со својата бессомнителност да се соедини со Него, а соживувајќи се со Неговата смрт; ваква душа со голема желба непрестајно ја очекува смртта за Христос и без никаков сомнеж верува дека низ Духот ќе прими потполно избавување од гревовите, а со тоа и страстите и исчистувајки се со Духот, осветлувајќи се душевно и телесно, да биде почестена да стане чист сасуд кој во себе ќе го прими небесното миро и стане живеалиште на небесниот и вистински Цар, Христос. Тогаш таа станува достојна за небесниот живот, бидејки уште тука е чисто живеалиште на Светиот Дух.
Во ваква состојба не може, пред се, да се дојде одеднаш и без искушенија. Токму спротивно, дури после многу труд и подвизи, со текот на подолго време, со ревност и после испитувања и различни искушенија, ваквата душа прима духовно растење и напредување дури до совршена мерка на бестрастие; тогаш, пак, кога храбро и спремно го издржала секое искушение кое доаѓа од гревот, таа станува удостоена со големи почести, духовни дарови и небесно богатство. Таа на тој начин станува наследничка на небесното Царство во Исус Христос, нашиот Господ. На Него нека Му е слава и сила во векови! Амин.
превод од српски јазик,сестра Слободанка

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.