ШТО ТРЕБА И ЗОШТО ТРЕБА ???

Siemiatycze. Cerkiew p.w. ss.  Apostolow Piotra i Pawla, 1866r. - ikonostas fot. H. Oleszczuk
КОРИСНО ВОЗДРЖУВАЊЕ
Развивањето на воздржаност, како една од основните карактерни особини, води кон сигурен успех во христијанскиот живот. За личнота, семејната и општествената благосостојба,возрджувањето е незаменливо.
Во библиската историја наоѓаме примери на вистинско воздржување и лесно откриваме колку е тесна врската меѓу духовните и физичките моќи. Библиското возржување не е самата по себе цел. Од секој библиски херој на духот и верата се барала и највисоката физичка способност и сила да се издржат сите напори и да се победат сите слабости.
Многу векови пред современта медицина, Библијата објави дека воздржувањето во јадење и пиење е лек за многу болести, а попуштањето на апетитот е најголем причинител за физички и духовни слабости. Но библиското воздржување не се сведува само на јадење и пиење. Значењето на принципот на воздржувањето е многу пошироко и ги опфаќа сите подрачја на физичкиот и духовниот живот. Овој принцип од почетокот на животот на Земјата бил вткаен во човековиот боженствен лик. Од самиот почеток Библијата зборува дека човекот по својот првобитен карактер личел на својот Творец. Неговата природа, особините на карактерот биле во целосна хармонија со волјата Божја. Неговиот ум бил способен да сфати она што е боженствено. Неговите чувства биле чисти, а неговиот апетит и нагони биле под контрола на разумот. Се додека живеел во согласност со Божјата волја, бил совршено здрав и среќен.
Потоа дојде првото искушение и тоа на изглед на така едноставно прашање како што е прашањето за јадењето. Но се покажало дека испитот бил многу тежок. Прашањето било несовладливо и Адам, како и Ева, доживеал трагичен крај.
За Ева речиси било сеедно дали ќе го послуша Бога или не во така мало прашање како што е залак од плод од забранетото дрво. За Ева вкусот на тој плод не е поврзан со вкусот на смртта; дури го понудила на својот маж. Кој тогаш можел да знае, во моментот на искушувањето на апетитот, какви ужасни последици ќе донесе само еден погрешен чекор, само еден степен помалку на скалата на воздржувањето?!
Можеби токму набљудувајќи го проблемот на гревот апостол Павле ја дал една од големите дефиниции на воздржувањето: „Се ми е слободно, но не е се на корист; се ми е слободно, но не сакам нешто да завладее со мене“ (1 Кор. 6, 12).
Необично е но вистинито дека денес многу христијани го делат мислењето на Ева дека прашањето на јадењето и пиењето е премногу мало да би требале да станат пробирливи во јадењето и пиењето и да прават разлика меѓу умерено и неумерено, воздржување и невоздржување.
Тие како да забораваат дека во Новиот Завет е повторен старозаветниот принцип на строго воздржување со зборовите: „Прославете го Бога во телата свои“(1 Кор. 6, 20).
Според тоа, прашањето „Што ќе јадеме, што ќе пиеме“ и „Во што ќе се облечеме“ (Мт. 6, 25) – исто така е религиско прашање како и прашањето на покајувањето.
Таткото на Самсон, Маное, со право го постави прашањето на Бога кое се однесувало на животните навики на уште неродениот Самсон: „Кога ќе биде она што си рекол (дека ќе се роди Самсон), какво ќе биде правилото за дете и што ќе се прави со него?“ (Судии, 13, 12).
Векови пред современата медицина да почне да се занимава со прашањето на влијанието на мајчините навики во јадењето и пиењето на уште нероденото дете, Бог објави дека постои најтесна поврзаност меѓу јадењето и карактерот, меѓу пиењето и духовното, душевното и физичкото здравје на децата. Бог преку ангел му одговори на Маное она што денес можеме да прочитаме во секое здравствено списание: идната мајка да се чува од алкохолни пијалоци и да не јаде ништо „нечисто“ (Судии 13, 14).
Апостол Петар исто така ги спомнува „нечистите “ јадења пренесувајќи го во Новиот Завет не само изразот туку и правилото за чиста и нечиста храна, според Божјиот список даден во Стариот Завет. Иако бил Христов апостол и верен христијанин, слободен од обредски прописи од старата религија, сепак во христијанството вовел строго воздржување кон забранетите јадења и пиења со зборовите: „Никако Господи! Зошто никогаш не сум јадел што е погано или нечисто“ (Дап. 10, 14).
При тоа мислел на визијата за „четвороножните животни на Земјата и ѕверовите и птиците небесни“ (10, 12) кои му биле понудени за јадење, но не буквално, туку во симболично значење кое подоцна го разбрал. Небесниот ангел ја упатил не само идната мајка на Самсон за правилната исхрана на детето, туку скоро истото упатство го повторил и на Захарие, таткото на Јован Крстител.
И Самсон и Јован Крстител уште пред да се родат биле одредени за особена духовна мислија, во која физичката и духовната подготвеност биле неопходни и меѓусебно поврзани.
За Јован Крстител да може да биде „голем пред Бога“, не смеел „да пие вино ни жестоки пијалоци“ (Лк. 1, 15). Разликата меѓу Самсон и Јован Крстител не била во почетокот, туку на крајот на животот, и тоа по прашање на воздржаноста. Крајот на Самсон бил повеќе од жален, додека крајот на Јован Крстител бил повеќе од славен. Самиот Христос рекол за него дека „ниту еден меѓу родените од жена не е поголем пророк од Јован Крстител“ (Лк. 7, 28). Со неговото воздржување во храната, пиењето и облекувањето можеле да се поредат само најголемите луѓе во Библијата, како што тоа бил Даниел со своите тројца другари. Тие исто така пред секој друг испит го положувале испитот во воздржливост во јадење и пиење, свесни за односот кој постои меѓу храната и моралот, пиењето и духовноста.
Иако демонот на нездравиот апетит има џиновска сила, овие момчиња на вавилонскиот дворец покажале што можат млади луѓе кога ќе го направат Бог за своја морална сила и молитвата за секојдневна потреба. Тие покажале дека разликуваат меѓу чиста и нечиста храна, меѓу алкохол и вода, и станале пример што може Божјата милост да направи од секој човек кој ги почитува Неговите наредби. Од извештајот за овие принципиелни момчиња можеме да ја црпиме силата да се спротивставиме на искушението, потпирајќи се на Божјиот Збор, а не на себе. За да постигнеме таква висина на духовна култура и за да изградиме принцип на христијанска воздржаност во својот карактер, треба да ги имаме на ум боженствените зборови: „Зошто тие ќе ги почитуваат оние кои Мене ме почитуваат“ (1 Самуилова 2, 30).
Даниел и неговите другари не само што го поставиле принципот на воздржувањето како религиски принцип кој влегува во сите пори на јавниот и приватниот живот, туку и го извршувале. Во врска со сите нивни другари по струка, се покажало дека се „ во се каде треба мудрост и разум…десет пати подобри од сите волшебници и гатачи што беа во целото царство негово “ (Вавилонско), (Даниел 1, 20). Следната дефиниција за воздржаност претставува највисок домет на христијанскиот карактер: „Да се исчистиме себеси од се валкано на телото и духот, довршувајќи ја својата светост во стравот Божји“ (2.Кор. 7, 1). Не е ли тоа цел за која вреди да се бориме?
Нека Господ Благтослови †

ИЗБОР – АПСОЛУТНА ВИСТИНА
Од сите природни науки кои постојат и за која човекот знае дека е апсолутна, е математиката, како дел од природните науки. Во неа за сигурно се знае дека 2+2 =4, дека квадратен корен од 4 е 2, и сите безбројни математички операции кои во било која зададена ситуација секогаш го имаат истиот резултат. Што се однесува до останатите науки, секогаш постои сомневање дека не се баш толку вистинити, дека во други услови може да се дојде до други резултати, како во физиката, хемијата и медицината, биологијата а за историјата и да не зборуваме, зошто таа е најмалку веродостојна од сите науки.
Од друга страна постои една апсолутна вистина, постојана, непроменета со векови, беспочетна, бескрајна и единствена, вистина која е постојано негирана, напаѓана, исмевана, плукана, осудувана, нарекувана со секакви имиња, обвинувана за сите несреќи кои се случуваат на земјата, таа апсолутна вистина се вика Бог. Тој е Творецот на се видливо и невидливо, на светлината, на небото и земјата, на целата природа и животни и на човекот. Сите созданија го слават Бога, сите се придржуваат на Неговите заповеди, но за жал човекот е тој кој постојано и неуморно го негира Неговото постоење, а има и голем број на луѓе кои пак од друга страна го обвинуваат за се она што тие самите го прават, сите зла, сите тортури, сите безумства.
Во самиот почеток, да го наречеме така зошто човечкиот ум е ограничен во една временска рамка каде се има почеток и крај, беше Бог со сите свои небесни сили. Но еден од Неговите Архангели, светлоносецот толку се погордеа што собра свои истомисленеци ангели и ги заврте против Бога обвинувајќи го за диктатор, егоист и славољубив. Од тогаш почна вековната борба меѓу Бог и сатаната, меѓу Доброто и злото. Сатаната заедно со една третини од побунетите ангели, негови истомисленици, беа отфрлени од Небесата и тие дојдоа на земјата да ја шират својата злоба меѓу луѓето. Значи од тогаш, од пред создавањето на светот, веќе постоела борбата меѓу доброто и злото, каде злото е играч кој ги користи сите сретства само и само да ја оствари својата цел-да уништи се пред себе.
Откако Бог го создаде човекот и воспостави еден божествен сооднос меѓу Него и човекот, сатаната го виде тоа и како мразител на секоја совршена хармонија и убавина, ја искорити најмалата слабост кај човекот и ја уништи довербата која Бог ја имаше во своето Боголико создание. Од тогаш почнува постојаната борба на сатаната за уништување на се она што Бог создал, почнувајќи од човекот, а преку него на се останато на овој наш свет, природата и животните. Како што времето поминувало тој не престанувал со своите напади и плетење на мрежи само за да го лови човекот и да го тера да се спротивставува на Бога и се повеќе да се оддалечува од Него. Така се случи и убиството на Каин на својот брат Авел, тој ги облеа своите раце со крвта на својот брат и злото влезе во него.
Од тогаш па се до денес, кога го читаме Светото Писмо- Стар и Нов Завет – гледаме безброј пимери за тоа како човекот и покрај сите заложби на Бога да го стави човекот под своја заштита барајќи од него да почитува 10 заповеди, да ја слуша Неговата добронамерност, грижа и неизмерна љубов, но се повеќе човекот дозволува ѓаволот да влезе во него.
Денес, во ова модерно време, во кое постои толку големо извртување на Апсолутната Вистина, што човекот се наоѓа милијарди километри далеку од Бога, оддалеченоста е толку голема што никогаш во историјата не била поголема. Сега луѓето веруваат дека нема ни Бог и со тоа нема ни ѓавол. Тоа е она што ѓаволот сакал да го постигне, со неговото непризнавање всушност се доаѓа до непризнавање на Бога. Или пак тој создал таков хаос на земјата, такво зло што и оние кои го спонуваат Бога, го прават тоа само за да го обвинат за главен виновник на се лошо што се случува. Или пак постојат луѓе кои воопшто не се заморуваат да размислуваат за било што поврзано со Бога, едноставно се зафатени со сопствените животи и мислат дека тие се управители на се што им се случува, особено на успесите и не пропуштаат да се пофалат, т.е. да кажат колку се горди поради „сопствениот“ постигнат резултат.
А сите треба да се вратат на самиот почеток, а тоа е дека постои Бог и сатана и дека или си со Бог или со сатаната, нема трето, нема неприпадност, зошто ако не си со Бога не треба да се надеваш дека не си со сатаната. НЕ, тоа е сосема погрешно. Зошто тоа е заблуда која сатаната им ја става на луѓето во нивниот ум и тие се задоволни со таа ситуација, а не се воопшто свесни дека се заплеткале во неговата мрежа.
Секој поеднинец треба добро да размисли дека треба да се избере страна: Бог – чиј пат е тесен и тежок но со крајна цел – светлина и вечен живот; или сатана – чиј пат е широк, лесен, страсен, кој дозволува се, но преполн со зла, и со крајна цел – пекол, вечно страдање. Овој избор не смее никој да го избегне, тој избор не е како секој друг на земјава, НЕ, овој избор треба да се направи, зошто тој е невидлив, но се чувстува, се случува секој ден. При овој избор се одредуваш за вечност, ја одредуваш својата вечна иднина, зошто тоа е Апсолутната Вистина која постои од самиот почеток, но нема крај.
Ако сме го избрале Бога, тогаш сме мудри зошто се плашиме од Бога, сме ја избрале љубовта, светлината, вечноста. Ако и кога сме биле крстени сме се облекле во Христа, и затоа никогаш да не дозволиме да ја соблечеме таа облека од себе, таа не заштитува, таа не чува, таа не топли, и не води до крајната цел-Царството Небесно, до Апсолутната Вистина-Бог.

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.