ИСТОРИЈА НА ЕРУСАЛИМ

old_city_of_jerusalem
Историјата на Ерусалим започнува уште пред 5000 години. Околу 2500 година пред Христа, градот го населиле Канаанити. Подоцна, Ерусалим станал тврдина на Евуситите. Кога цар Давид го освоил градот во 1000 година п.н.е., Евуситите биле претопени во Еврејскиот народ. Давид го направи Ерусалим главен град на своето царство и Соломон го изгради првиот Храм каде бил сместен Ковчегот на Заветот. Во 586 година п.н.е. вавилонскиот цар Навуходоносор II го уништил Ерусалим и Храмот и ги истерал Евреите во Вавилон. По 50 години (537 година), Персискиот цар Кир Велики го освоил Вавилон и им дозволил на Евреите да се вратат во Ерусалим и повторно да го изградат Храмот. Персија го држел градот под своја власт се до 333 годинас п.н.е., кога Александар Велики ја додал Палестина на својата империја. Во 323 година п.н.е. египетскиот цар Птоломеј I ја презел Палестина во своето царство.
Околу 198 година п.н.е. царот Антиохиј III ја освоил Јудеја (од која Ерусалим беше дел), и ја направи дел од Сирија. Евреите подоцна се побуниле под водство на Макавејците и ги победиле Сиријците. Храмот бил повторно обновен во 165 година п.н.е. и Макавејската Династија владеела се додека Рим не го презел градот во 63 година п.н.е. Римјаните поставиле локална династија, домот на Ирод, да владее со поголемиот дел на Палестина; Ирод Велики (владеел од 40-4 година п.н.е.) го изградил поголемиот дел од Ерусалим, вклучувајќи го и Храмот. Римските гувернери, сепак, ја омале главната контрола над територијата; еден од нив, Понтиј Пилат, ја дал наредбата за распнувањето на Господ Исус Христос. При задушувањето на еден поголем бунт на Евреите, Римјаните го уништиле Вториот Храм во 70 година н.е. Во 135 година, по неуспехот на бунтот на Бар Кохва, Евреите биле истерани од Ерусалим. Од почетокот на четвртиот век, кога Христијанството станало легално во Римската империја, Ерусалим се развил како центар на христијансиот Аџилак. Биле изградени Црквата на Гробот на Господ и многу други христијански свети места. Освен за време на еден кус период под Персиска власт (614-628 година) градот остана под римска власт (подоцна византисика) се до 638 година, кога муслиманските Арапи го презедоа Ерусалим. Арапите ја изградија џамијата Кубе на Каменот (688-691година), на истото место на Храмот.
Во XI век, градот бил освоен од Фатимид калиф-ал Хаким (кој владеел 996-1021) и Сељук во 1071 година. Западното христијанство одговори на ова со започнување на Крстоносна војна. Крстоносците го освоиле Ерусалим во 1099 година и воспоставиле Крстоносна држава. Саладин повторно го освоил градот и тој повторно потпаднал под муслиманска власт во 1187 година, а династиите Ајувид и Мамелук владееле се до 1517 година, кога власта ја презела Отоманската империја.
Во 1917 година Британците го окупирале Ерусалим и тој станал главен град на Палестина од 1923 до 1948 година. Во текот на овој период Арапите се бунтувале против Евреите. Со планот на Обединетите Нации за поделба на Палестина, повикаа на интернационализирање на градот. Арапите ја одбија оваа резолуција и од 1949 година Ерусалим е поделен на израелски и јордански сектор. Градот остана поделен се до 1967 година кога Израел го презеде целиот град по Шестдневната војна. Градот повторно е обединет под израелската влада, која гарантира религиозна слобода и заштита на сите свети места.

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.