Што нарекуваме света тајна?
Светата тајна е видлива свештеничка работа,низ која невидливата спaсителна сила,која се нарекува Божја благодет,ги пренесува чудотворните подароци на оние кои ја примаат.
Што е Божјата благодaт?
Божјата благодaт се оние дарови,кои Отецот Бог ни ги дава низ Светиот Дух,по заслуга на Синот.
Кои подароци се тоа?
Сите можни добри дарови кои се неопходни за нашето пронаоѓање, осветување и спасение.
Дали се спасуваме само со Божјата благодат?
Да, доколку со слободна волја ја прифаќаме Божјата благодат со верата, која се изразува низ добрите дела.
Колку свети тајни има во Православната Црква?
Ги има седум:
• Крштевање
• Миропомазание
• Причестување
• Покајување
• Свештенство
• Брак
• Осветување
Кои свети тајни можат да се повторат,а кои не можат?
Не може да се повтори:крштевањето, миропомазанието, осветувањето.
Светата Тајна на Крштевањето
Што е светата тајна на крштевањето?
Тоа е света тајна со која лицето кое се крсти се чисти од сите гревови, наследени и лични и како новородено дете Божјо се вклучува во Црквата Христова.
Која е најважната работа во оваа света тајна?
Трикратно натопување во вода во името на Светата Троица:Отецот, Синот и Светиот Дух со соодветни молитви на свештеното лице.
По чија заповед сметаме дека е крштевањето неопходно за секој член за црквата?
Христовата заповед:
Прво, следбено на Неговиот сопствен пример;
Второ,држејќи се за Неговите заповеди кои ги дал на своите ученици:
”Одете и научете ги сите народи,крстејќи ги во име на Отецот,Синот и Светиот Дух” (XXVIII,19)
Трето,Чувајќи ја Неговата строга опомена”…Кој не се роди со водата и Духот,неможе да влезе во Царството Божје”(Јн.111,5)
Што значи трикратното натопување и вадење од водата на лицето кое се крсти?
Трикратното натопување занчи смрт на гревовите против Светата Троица а трикратното вадење од вода означува живот во Светата Троица.
Кои три работи свестеникот ги бара од лицето кое се крсти?
Одрекнување од Сатаната,покајување и вистински вероисповед (симбол на верата)
Каде се крстат децата и кој во нивно име го изговара одрекнувањето, каењето и вероисповедта?
Кумот кој гарантира во овој случај.
Која е должноста на кумот?
Да ги подучува и да им помага при подучувањето на сите христијански вистини во воспитувањето на детето кое е крстено.
Какво почитување му се укажува на кумот?
Кај православните, на кумот му се укажува големо почитување како духовен татко.
Зошто е потребно децата да се крштеваат?
Прво од страв за детето, ако умре некрстено, биде исклучено од христојанското семејство и на Последниот суд да се појави помеѓу незнабошците.
Второ, затоа што апостолите ги крштевале децата.
Трето,Господ Исус многу ги сакал децата ,и заповедал:”Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене.”
Светата тајна на миропомазанието
Што е Света Тајна на Миропомазение?
Тоа е света тајна низ која крстеното лице ги добива даровите на Светиот Дух во снагата, мудроста и другите дарови кои му помагаат да ја чува вистинската вера и да живее со свет живот.
Како се извршува оваа тајна на лицето кое се крштева?
Свештеникот ги намачкува одредените делови од телото на лицето кое се крштева со светото миро и ги изговорува следниве зборови:”Печат на дарот на Светиот Дух.Амин”
Од каде се земени овие зборови?
Од светиот апостол Павле,кој рекол:”Бог не потврди со вас во Христа,не намачка,со што не запечати и го заложи Духот во срцата наши”(II Кор. I, 21-22).
Зошто најпрво се мачка телото?
За да се освети разумот и да се размислува за Бога и Неговите закони.
Зошто градите?
За да се освети срцето да го љуби Бога.
Зошто очите?
За да се осветат да го видат Божото добро во секое суштество.
Зошто уштие?
За да се осветат да ги слушаат Божјите зборови.
Зошто образите?
Да се осветат да изразуваат радост за направеното добро и срам за гревот.
Зошто устата?
За да се освети и да може да го слави Господа Бога у секогаш да зборува вистина и добро.
Зошто рацете?
За да се осветат за секогаш да прават добри и блегородни дела пред Бога.
Зошто нозете?
Да се осветат да одат на правиот христијански пат кој води во Царството Божје.
Што можеме да кажеме накратко?
Да се освети цел човек,и душата и телото,да биде свети како што е Бог свет.
Дали е правилно да се врши светата тајна на миропомазанието одма после крстевањето?
Правилно е според Светото писмо и Светото предние,бидејќи крштевањето со вода означува очистување а Миропомазениото означува осветување со Светиот Дух.Читајте ги овие секции:I Јн. II,20-21/II Кор.121-22;Делот ап. VII,14-16.Едното од другото не треба да се одвојува (читајте ја исто така и книгата Порака XXIX,4-7).
Дали светата тајна на миропомазението ја врши свештеникот?
Да,но не без учеството на епископот во неа.Епископите го подготвуваат и осветуваат своето миро ,без кое свештеникот не може да го врши светата тајна на миропомазението.
Дали во Стариот завет постоела пракса како праслика на светата тајна на миропомазението?
Да старите цареви биле помазивани (I Самуил X,1;XVI,13,Пс.1XX1X,20).Сега се сите христијани миропомазани ,бидејќи Христос нас не направил да бидеме свештеници и цареви пред бога и неговиот Отец (открив.I,6).
Светата Тајна на Причестувањето-Вовед
Што е светата тајна на причестувањето?
Тоа е света тајна во која побожните христијани под маската на лебот и виното ги примаат востинското тело и крв Господова нашиот Исус Хрисос.
Кој ја пронашол светата тајна на причестувањето?
Господ,нашиот Исус Хрисос пред своите ученици на последната вечера непосредно пред неговото страдание и смрт.
Како Тој ја пронашол оваа света тајна?
Тоа е опишано во светото Евангелие-“И кога на јеџах , Исус му го зема лебот благословувајки го и рече-земете јадете ова е телото мое.Ја зема чашата ја благослови и им ја даде говорејќи-пијте од неа сите ,бидејќи ова е крвта моја на новиот завет која ќе се пролее за многумина поради ослободување на гревот” (Мат.XXII,26-28).
За време на кое богослужение во црква се подготвува и прима светата тајна на причестувањето?
За време на најважните црковни богослуженија кои се викаат Света литургија.
Зошто е светата литургија најважна од сите црковни богослуженија?
Затоа што таа ја прикажува сета драма на Христовиот живот од неговото раѓање до Неговото вознесение на небото.
Кои се најважните моменти на светата литургија?
Осветувањето на лебот и виното кое го вршат епископот или свештеникот.
Зошто оваа света тајна се врши постојано во црква?
Затоа што Христос заповедал:”Ова чинете го за мое сеќавање” (Лк.XXII,19).
Зошто е потребно да се причестуваме?
Бидејќи од тоа зависи нашиот вечен живот.Христос рекол:” тој што го јаде моето тело и ја пие мојата крв има вечен живот,и јас ќе го воскреснам на последниот ден” (Јн.VI,54)
Какви се последиците на непричестувањето?
Во тој случај сме во смрттна опасност,бидејќи Господ кажал сосема јасно:Ако не го јадете Синот Човечки и не ја пиете Неговата крв,нема да имате живот во себе 11 (Јн.VI,53).
Како треба да се подготвиме за светата тајна на причестувањето?
Со пост и молитва,исповедање на своите гревови и простувањето на оние кои ни згрешиле.
Што добиваме низ светата тајна на причестувањето?
Го примаме самиот живот на Христа во себе и така соединети до Него,имаме вечен живот, според неговите зборови:”Тој што го јаде моето тело и ја пие мојата крв стои во мене а јас во него” (Јн.VI,56).”Тој што ме јаде мене,тој ќе живее поради мене”(Јн.VI,57)
Може ли ова да се објасни со некоја споредба?
Децата го земаат млекото од своите мајки,кое е всушност мајчиното тело и крв,но со оваа храна телото расте.Слично и во св.причестување го зимаме телото и крвта Христова и со оваа храна нашите души растат и созреваат.
Колку пати треба да се причестуваме?
Најмалку четири пати годишно (во текот на четирите поста).Препорачливо е да се пристапува кон светата причест почесто,тоа е во зависност од подготвеноста на причесникот,Особено важно е причестувањето бо болест.
Која молитва треба да ја изговараме пред примањето на светата тајна на причестувањето?
“Верувам,Господе,и признавам дека си ти навистина Христос,Син на Богот жив,кој дошол на светот да ги спасиш грешниците од кои сум прво јас.Сеуште верувам дека ова е вистинско и пречисто тело Твое,и дека е ова самата Твоја пречиста крв.Затоа Ти се молам помилувај ме и прости ми ги гревовите мои направени намерно или ненамерно,со зборови,дела, свесно или несвесно и удостои ме без осудување да се причестам со Светата Тајна Твоја за простување на гревовите и за животот вечен.”
На зборовите од Павловите посланици на Коранѓаните:”Јас го примив од господа тоа што ви го предадов”, понатаму (1.Кор.11,23).
Светата Тајна на Причестот
Свети Кирил Ерусалимски
1.Дури и само ова учење на блажениот Павле доволно е да не увери во поглед на Светите Тајни,со кои се удостоивме, и станавме со Христа сателесни и истокрвни.Бидејќи Апостолот објавил:” Господ Исус онаа ноќ кога беше предаден го зема лебот го преполови и рече:Земете јадете ова е Телото Мое (1.Кор.11.23.24,25).Потоа ја зема чашата и заблагодарувајќи им ја подаде и кажа:(Земете)пијте бидејќи ова е крвта Моја” (Мт.26,27)
Кога тој Самиот (Христос) објавил и рекол за лебот:”Ова е Телото Мое”,кој ќе се осуди после тоа да не верува?И кога Тој Самиот дал уверување и кажал за чашата:”Ова е Крвта Моја”,кој било кога би се посомневал и би рекол дека тоа не е Крвте Негова?
2.Во Кана Галилејска каде Тој тогаш водата во вино ја претворил(Јн.2,1-10) слично со крвта:па тогаш зарем не заслужува да Му веруваме,кога виното го претвара во крв? Со оглед на тоа дека поканет на свадбата телесна ,го сторил праславното чудо ,не заслужува ли ,бидејќи Своето Тело и Крв ги подарил на „сватовите“(Мт.9,15)за насладување, доверба наша?
3.Поради што со секоја верба го добиваме ова како тело и крв Христова? Под маската на лебот ти се дарува Телото,а под маската на виното Крвта,и причестувајќи се со Телото и Крвта Христова би станал со Него сателесен и истокрвен .Бидејќи на тој начин стануваме Христоносни,кога Телото и Крвта Негова се дарува на екстремитетите наши.Така,по зборовите на блажениот Петар,стануваме причесници на Боженствената природа.(2.Петр.1,4)
4.Некогаш Христос им зборувал на Јудејаните:„Ако не го јадете Телото Мое и не ја пиете Крвте Моја ,немате живот во себе“(Јн.6,53).Тие пак не примајќи го реченото со дух,скандалозно се „вратија назад“(Јн.6,61,62,66) мислејќи дека Тој ги наговорува на човекојадење.
5.И во Стариот Завет постоеле лебови предлогот:но тие какви што постоеле во Стариот Завет укинати се.Во Новиот Завет постои Леб небески и Чашата на спсението(Пс.116,4),кои ја осветуваат душата и телото.Бидејќи како што лебот е сличен на телото така и зборот и доликува на душата.
6.Соодветно на тоа ,лебот и виното (во Евхаристеја) не го разбирај буквално:бидејќи тие се Тело и Крв Христова ,по зборивите на Владиката.Но иако тие чула го портретираат ова,нека вербата те утврдува.Немој со вкусовите да расудуваш за работите ,туку со вербата и биди сигурен дека без сомнежи си се удостоил со Телото и Крвта Христова.
7.Давид ти ја објаснува силата на оваа тајна ,зборувајќи:„Си поставил пред мене трпеза на повидок на непријателите мои“ (Пс.23,5).Зборовите негови го означуваат следново:пред Твоето доаѓање, трпезата на луѓето им ја поставуваа демоните,нечиста и осквернета(Малах.1,7),исполнета со ѓаволската сила:но после Твоето доаѓање,Владико,„постави пред мене трпеза“.Кога човек му зборува на Бога вели:„Постави пред мене трпеза“,што значи ова,дека таинствената и духовна трпеза која Бог нам ни ја поставува „на видик“,односно спротивно од демоните?Тоа е точно.Бидејќи таа имала заедница со демоните,а оваа-заедница со Бога.„Ја намачка со масло мојата глава“(Пс.23,5).Со масло ја намачка главата твоја на чело,врз печатот кој го имаш од Бога,за да бидеш„како на печатот:светиња на Господа“ (2.Мојс.28,36).„И преполна е чашата со која ме поиш“(Пс.23,5) Гледаш ли дека овдека се зборува за онаа чаша која Исус ја зема во рака,се заблагодари и кажа:„Ова е Крвта Моја,која се пролева за многумина поради разрешување на гревовите“ (Мт.26,28)
8.Заради ова и Соломон,порекнувајќи ја оваа благодет,во Книгата на Проповедникот кажува:Ајде,јади го твојот леб со радост (Књ.Проп.9,7),тоа значи духовниот леб.Со зборот „ајде“ тој го означува спасоносен и блаженотворен повик.„Со весело срце пиј го виното твое“,односно духовното вино.„маслото на главата твоја да не се трга“(исто,9,8).Гледаш ли на кој начин таинствено го означува и миропомазението?„Секогаш фустаните нека ти се бели,бидејќи се мили на Бога делата твои“(ст.8,7). Бидејќи пред да и пристапиш на благодетта,делата твои беа „суета на суетите“(Кн.Проп.1,2).Кога ги симна старите фустани и духовно ги облече белите,ти доликува во секое време да одиш во бело.Воопшто не зборуваме за тоа дека си ти таканаречено должен во секое време да се облакаш во бела облека,туку да одиш во бело и во светло во вистинска смисла (односно духовна):должен си вака да правиш ,за да можеш со блажениот Исаи да зборуваш:„Многу ќе се радувам во Господа,и душата моја ќе му се весели на Богот мој,бидејќи ме облече во фустаните на спасот и со мантијата на правдината ме нагрна“(Иса.61,10).
9.Ова познавајќи го и уверувајќи се дека лебот видлив не е леб,иако на вкус така изгледа,туку Телото Христово,и дека виното што го гледаме не е вино , иако на вкус така ни изгледа,туку крвта Христова,за кое некогаш и Давид пиејќи зборуваше:„Лебот го закрепнува срцето човеково,а лицето светлее од маслото“(Пс,104,15),го закрепнува срцето твое ,причестувајќи се со ова како духовно;мачкај го лицето од душата твоја ,имајќи го откриеното во чистата совести одразувајќи ја славата Господна“,како би се преобразил „од слава во слава“(2,Кор.3,18) во Исус Христос,на кого нека му е честа,моќта и славата за век и векови.Амин.
Светиот Симеон Нов Благослов
Кога некој човек од богато и благородничко потекло,напуштајќи го расчистениот и уреден пат и навлегувајќи во едно пусто и тешко проодно место,доспее во рацете на разбојниците,кои фаќајќи го би го растргнале од него доброто руво кое го носел и би го облекле во валкана облека од крв и секаква нечистотија и потоа ставајќи го покрај нив би го натерале заедно со нив да се прејадува,пијанчи,и прави срамни дела,дури и да биде разбојник како нив,а тој би пронаоѓал задоволство во прекумерното јадење на се и сешто,во пијанчењето и валканите дела,со време навикнувајќи се на нивните разбојнички обичаи засекогаш би останал со нив,заборавајќи на потеклото негово и на претходниот благороден и чесен живот од причина што во него потполно се оладила поранешната љубов кон чесните и почитувани обичаи и таквиот начин на живот,на истиот и уште полош начин страда и Христијанонот кој ,напуштајќи го патот по кој на Христијаните им доликува да одат ,наидувајќи на ѓаволски пустелии,кога тој примерно работи оставајќи честит и трудољубив живот во кој се издржувал со својата работа и бил со малку задоволен,го изгуби животот со светата удобност и поради тоа навлегува во неправдата,навредата,одземањето ,потоа влегува и во валканите и срамни дела на блудничарењето.
Нели е очигледно дека таквиот човек доспеал во рацете на демоните и дека тие му го одтргнеле благодетот на Светото Крштение?
Очигледниот доказ и факт дека од него е одтргната благодедта на Светото Крштение представува негово сопствено признавање дека воопшто не е кадар да ја пресече и отсече својата срамната похотливост и да се воздржи,за да не ја задоволува таа страст со срамни дела.
Колку се помеѓу нас такви несреќници,кои се толку несреќни што не се свесни и не ја чувствуваат својата бедна позиција?Меѓутоа запазуваме дека некои меѓу нив доспеваат до толкаво безумение,и се осудуваат да се причестат со пречистото Тело и бесценетата Крв Христова.Каква бесрамност и заборавање!Тешко си на свештеникот кој на таквите им ја дава Светата Тајна,тешко си и на оној кој во таква состојба се причестува.Тешко на оној кој се причестува ,бидејќи причестувајќи се после срамни дела кои не се очистени со покајување и епитимија,тој се повеќе и повеќе потпаѓа под власништво на ѓаволот,за да на крајот со него во целост владеат,а Бог таквите во целост ги напушта заради неговиот срам и нечистотија а особено поради бесрамноста и дрскоста негова,како што светото Евангелие сведочи за Јуда,дека штом го вкусил лебот, кој му го дал Господ Христос на таа света вечера,во истиот момент по првиот залак во него влегол сатаната (Јн.13,27).
Тешко си на свештеникот кој таквиот го причестува,бидејќи со причестувањето го удостојува недостојниот и му го дава чистото Тело и чесната Крв од Христа.Спасение му дава на оној кој не е достоен дури ни да го пречекори прагог од Божјиот храм,на оној со кој на секој Христијанин му е забрането дури и заедно да ја јаде обичната храна како што востановил Светиот Апостол Павле,зборувајќи:Со некој кој се вика брат ако е блудник,користољубив,идолопоклоник,пијаница,или киднапер,со таков човек заедно и да не јадете.(1.Кор.5,11).Гледаш ли дека на Христијаните таквиот човек навистине не му е брат туку само така се вика.
Оној кој на таквиот му ја дава Тајната, со право подлегнува на осуда заради тоа што на овој начин човекот што греши, од причина на одалечување од истите помисли и од причина на лесномисленоста и немарноста го прави апсолутен непријател на Бога.Свештеникот или духовниот отец не смее на таквиот да му ги обезбедува Тајните,туку е должен да го поттикне на покајување со зборовите на нежност и умилкување напоменувајќи му ги оние страшни адски маки кои неминовно ги искусуваат грешниците,должен е да го вразуми и да го води како слепец ,да се сожали на него како на некој кој е надвор од умот и кој страда од искушението и насилството ѓаволско,и да му се помоли на Господа да го отвори слухот на душта негова и да му помогне барем малку да дојде при себе и да ја познае нечесноста своја ,за повторно преку покајувањето да се врати помеѓу верниците бидејќи во ваква состојба тој е неверен нечесник.Кога тој би имал трепет и почит кон вербата во Христа,и кога би се исповедал од срце дека е Христос Бог кој несака беззаконие,во Кого нема место за зло,безбожници,нема да излезе пред очите негови“(Пс.5,4-5),би се исплашил и би пазел да не се причестува со пречистата Тајна Негова со толкава лесномисленост,за да не со состигне анѓелскиот меч.
Има многу такви во светот,кои заради срамот од луѓето ,за да не излезе на виделина дека се недостојни,дрско присуствуваат на пречистите Тајни,иако се свесни дека не се достојни,и доколку некој ги одвраќа од тие дрскости,на тој би се лутеле и нафрлале со погрдни зборови,не доаѓајќи при себе, не срамејќи се и несвесни на својот зол ум,туку на сите можни начини противејќи се на оние кои не им даваат да пристапат кон Светото Причестение бидејќи таквите по секоја цена сакаат да се причестат,или подобро речено,сакаат да се воведат во крајна катастрофа во безнадежност и отфрленост од Бога.Таквите би требало да ги послушаат оние кои им го забрануваат недостојното причестување и да им заблагодарат,бидејќи тие ги избавуваат од најголемите неволји од кои поголеми нема,и никогаш не ги ни имало,бидејќи оние кои недостојно се причестуваат виновни се со Крвта Христова и ќе бидат осудени заедно со Јуда и со оние што Господа го распнаа.
Што може да биде полошо и неповолно од паѓање во истата онаа осуда под која ќе подпаднат оние кои го распнаа Господа?
Би требало заради таквиот грешник да се соберат сите браќа на куп и со солзи да го молат Бога, да го предаде на сатаната на телесното мачење,за да се спаси духот на денот Господен,како што порачува Светиот Павле (1,Кор.5,5).Предавањето на сатаната на телесното мачење помеѓу другото означува грешникот да биде казнет со секаква телесна немоќ,страдание,рани и неизлечиви болести како би доспеал во целосна мудрост,би дошол при себе и би се покајал барем ненамерно,бидејќи на тоа е принуден со телесните страдања,бидејќи она што несакал да го направи како здрав бил принуден да го направи заради болеста и телесното мачење,Бидејќи Бог кога душата ќе погреши го казнува телото ,за душата да дојде при себе да се покае и го спаси.А кога таквиот бидејќи се покајал и поправил ,ќе се причести со Светите Тајни ,светоста на Боженственото Причестување во него ќе пројави голема сила и власт,ќе го скрши гревот и ќе ја очисти душата негова од склоноста кон гревот и похотливоста.како што оганот и водата неможат да се наоѓаат заедно во ист црковен сад,така и еден ист Христијанин неможе заедно да живеат со пречистото Тело Христово и мерзност на гревот.
Секој оној кој е љубител на гревот и недостојно се причестува со пречистата Тајна на Телото и крвта на Спасителот,одма не подлегне на мачење заради вразумување,нема да ги избегне вечните маки таму каде што црвот не спие,и огнот не се гаси.Значи,ако таквиот не се плаши од вечниот оган и неизджливите маки заедно со ѓаволот за век и векови ,нека се причестува без страв. Но ако се плаши,за него е подобро да се воздржи некое време од причестување со пречистите Тајни,да се покае,да се исплаче пред Бога,да се потруди согласно неговите моќи да ја промени својата волја да ја пресече своја зла грешна навика,дури тогаш да се причести,без опасност за својата душа;ќе биде истеран од него сатаната,кој живеејќи во него го поттикнувал кон насилство,разврат и секаква нечистотија.
Оној кој ги љуби срамните и гнасни дела,не ги љуби сам од себе,туку под дејство на сатаната,кој најпрво го прелажува,отварајќи му ја само вратата на сладострасното,колку само да ѕирне со главата своја,односно само да ги постави темелите на гревот,но подоцна,малку по малку,со учврстување на грешните навики,сатаната целосно влегува во него,владее со сите сили на душата,живее во срцето негово и со дејството свое ја разгорува во него љубовта кон срамните дела,за тој да им се оддава со сласт,слично како што ѓавоиманите неретко го јадат сопствениот измет со задоволство и сласт.Ова треба да го има секој на ум,после големото човекољубие од Бога,под дејство од посетата Божја,добива извесен одмор од сатанските гревни наклонетости,за да дојде при себе и прибегне кон Христа,Кој Единствено е моќен демоните да ги истера,и секоја душевна и телесна болест да ја излечи.
Убаво е да знаеме дека постојат пет групи на луѓе на кои Светиот Отец им забранува да пристапат кон Светотата Причест,во првата група се некрстените,во втората крстените,но оние кои ги засакале срамните и неправедни дела,како одстапници од светото живеење поради кое се крстени,тука спаѓаат:блудниците,убиците,алчните,киднаперите,крадците, горделивите,завидливите,злопамтилата,сите кои живеат во ваква состојба,не чувствуваат дека се непријатели Божји,заради тоа се наоѓаат во една положба,поради која не жалат и не плачат за своите гревови и не се покајуваат;во третата група спаѓаат ѓавоиманите,изложени на потсмев и богохулење на оваа Света Тајна;четвртата група се оние кои дошле при себе и се покајале,ги прекинале грешните дела свои се исповедале но носат епитимија(забрана) која им е изречена,за да стојат надвор од црквата на одредено време;петата група се оние се оние кај кои плодот на покајувањето сеуште не созреал,односно оние кои сеуште не решиле на Бога да му го посветат сиот свој живот и преостанатиот време да го поминат во Христа во чист и беспрекорен живот.Овие пет групи очигледно е дека се недостојни на Свето Причестување.Достоен е да се причести со Тајните оној кој е чист и кој во себе ги нема гревовите за кои зборувавме.
Но кога некој од достојните се оскврне на било каква нечистотија,како човек,тогаш се подразбира,и тој нема достојно да се причести,доколку не го измие со покајание тоа со што се оскврнал.Согласно на ова,јадел и пиел недостојно оној кој бил достоен,но не приспапил дотојно кон Светите Тајни.
Да даде Господ да бидеме достојни за достојно да се причестуваме со пречистите Тајни,во нашиот Господ Исус Христос,на кого нека му е слава во бесконечните век и векови.Амин.
Наместо трпезите преполни со разноврсни јадења,држи само до Хлебот на животот,кој со сетилата ни изгледа како леб,а во мислите е Телото Христово.Ова е леб кој се симнува од небото и му дава живот на светот,Леб од кој кога го јадеш,не само што те храни туку и оживува и воскреснува од мртвите.Нека овој леб ти биде и храна и радост,од која неможеш да се наситиш и која не можеш да ја потрошиш.Виното,кое е во оваа Тајна, навистина е Крвта Божја,нека биде светлост неискажана,сладост неопишана, вечна радост.Ако достојно пиеш од своето вино,нема од ожедниш никогаш,само пиј со душевна смисла и мирно расположение ма душевните сили твои.И добро придржувај се во смислата на она што се кажува.Ако со небесниот леб и виното,односно Телото и Крвта Христова,се причестуваш со чувства и свесно како што се и тие,знај дека се причестуваш достојно;ако не се причестуваш на овој начин,тогаш јадеш и пиеш недостојно. Причестувајќи се со чисто срце и верба,покажуваш дека си достоен за таинствената Трпеза,ако не се удостојуваш со ова,нема да се соединиш со Христа.
На кој начин доаѓа до тоа,некој преку Светото Причестување да се соедини со Бога,а некој да не се соедини?
Оние кои недостојно се причестуваат со Светите Тајни,нека не мислат дека преку нив така едноставно ќе се соеднинат со бога,бидејќи тоа со нив не се случува и до тоа не може да дојде,се додека се тие такви.Само оние кои преку причестувањето со Боженственото Тело Господово се осмелуваат да гледаат со окото на умот(духот),да чувствуваат со умните(духовни) сетила,со умните(духовни)усти да пробаат од невидливото, недопирливото, невкусивото Боженство,само тие знаат дека е Господ Добар.Тие не вкусуваат само од сетилниот леб и не пијан само од сетилното вино,на конкретен начин,туку во исто веме го јадат и пијат Бога со двојните сетила на душата и телото,тие пробуваат од телото телесно а од Бога,мисловно(духовно)и на тој начин телесно и духовно се соединуваат со Христа кој е двоен по природа, Бог и човек,и стануваат сателесници Негови и соучесници на славата Негова и Боженството.Точно на овој начин се соединуваат со Бога оние кој достојно се причестуваат-оние кои пробуваат од лебот и пијат од Чашата со познавање и созерцавањето на силите на овие Тајни и со душевното чувство.А тие кои недостојно се причестуваат остануваат празни од благодедта на Светиот Дух,и го ранат само телото свое,не и душата своја.
Која е разликата помеѓу оние кои се причестуваат достојно и оние кои се причестуваат недостојно?
Сакан,немој да протестираш слушајќи ја вистината која ти ја откривам бидејќи тоа е вистина.Имено доколку веруваш и признаваш дека Телото Христово е Хебот на животот и дека тоа го дарува животот вечен на оние кои од него јадат,и дека Крвта Негова на оние кој од неа пијат е Извор на вода што тече кон вечниот живот,кажи ми те молам заради што тогаш, причестувајќи се со овие Свети тајни ,не добиваш во душата своја нисто особено во споредба со тоа што си го имал пред Причестувањето :туку ако чувствуваш барем мала среќа додека се причестуваш,после некое време повторно стануваш ист онаков каков си бил пред тоа,и воопшто не чувствуваш во себе некаков прилив на живот или светлост.За оние кои не се вознесле над сетилата,овој Леб е обичен леб,иако во мистична смисла тој-светлоста не ја опфаќа и е непристапна,како што е виното во таинствена смисла светлост,живот,оган,жива вода.Затоа,кога ќе пробаш од овој Боженствен леб и ќе пиеш од ова вино на радоста, сепак нема да почувтвуваш дека си почнал да живееш со живот бесмртен,примајќи ја во себе светноносната и огнена сила,како што Пророкот Исаија во устата ја прими жарта,и да си ја примил Крвта Господова како жива вода и радостотворна,ако,велам не чувствуваш во себе дека си примил нешто од оноа за кое тогаш зборував,мислиш ли дека си здобил удел во вечниот живот,дека си пристапил кон непристапната светлост на Боженството,дека си станал заедништво со светлоста неизгасива?Не,брату мој,не;ништо слично со тебе не се случило,бидејќи не чувствуваш во себе ништо од кажаното.Туку таа светлост се излива врз тебе ,а ти си слеп и остануваш неосветлен,и огнот тој излева врз тебе топлина,а ти остануваш ладен,а тој живот влегол во тебе,а ти не чувствуваш,и живееш во мртвилото,и живата вода поминала низ душата твоја,како низ корито,и не се задржала во тебе,не наоѓајќи во тебе достојно сместување,за во тебе да се насели. Затоа,ако на овој начин се причестуваш со пречистите Тајни ,а не чувствуваш благодет во душата твоја,значи дека се причестуваш само на видлив начин,додека во тебе нисто не добиваш.Бидејќи тие кои достојно пристапуваат кон овие Тајни и правилно се подготвуваат за во нив да го примат Синот Божји-тој Леб на животот кој се симнува од небото,на тие Тој допира на чувствителен начин,и со нив се соединува,давајќи им на конкретен начин да го чувствуваат Неговото Благодетно присуство.
Заради тоа,ако се причестуваш со Светите Тајни,како што ти кажав,сиот живот твој ќе биде едно непрестанато празнување,една бесконечна Пасха, преоѓање од видливото кон невидливото,онаму каде ќе исчезнат сите облици,сенки и самовили и прослава на присутните во овој живот,каде што засекогаш чистите ќе имаат вечно засладување со најчистата Жртва,Господ Христос и Отецот Бог и едносушен Дух,секогаш наѕиркувајќи да се видени од Него,живеејќи и царувајќи заедно со Него,. од кое нема ништо повозвишено и блажено во Царството Негово.Нему му прилега сета слава,чест и поклонување,сега и секогаш и во век и векови.Амин.
За обичаите и за дрскоста пред нас,браќа не е секојдевната жртва,ние стоиме пред Светиот Олтар а никој не се причестува!
+++
Тој кој често се причестува,често ја чисти својата совест со Светите Тајни на Покајувањето,обновувајќи ја при тоа тагата и скрушеното поради направените грешки,таквиот човек се повеќе стекнува спасоносен страв божји,кој го чува од гревовите.
+++
Не ја одбегнуваат тие христијанската должност поради големот стравопочит кон Светите Тајни,туку заради тоа што не сакаат да се воздржат од своите размазени навики и не сакаат да се одрекнат од своите вообичаени задоволства.
+++
Телесните(плотски) страсти тие луѓе потполно ги заслепиле.Не сокривајќи го своето непочитување,тие на Христовиот глас дрско одговараат:„не можеме да дојдеме?“ Но зошто?„затоа што грешните страсти толку многу завладеале со нас и не сме во состојба од нив да се воздржиме барем за кратко“.Значи тие не сакаат да пријдат кон Боженствената Трпеза не затоа што се чувствуваат недостојни,туку затоа што животот во грев ги донел до потполна отупелост и рамнодушност кон своето вечно спасение. Задушувајќи ја совеста,тие престануваат да обрнуваат внимание на своите дела и не ја гледаат трагедијата на својата положба.„Исполнета е желбата за сладост на душата,а на безумните им е тешко да одстапат од злото“ (Пр.Сол.13,19)
Има и такви луѓе кои периодично воздивнуваат под тежината на своето тело и чувствуваат тешко поробување од гревот,сакаат да се ослободат:совеста ги потсетува на зборовите на Псалмо пејачите:„Кој би ми дал крила од Голуб? Јас би полетал и би се обврзал“(Пс.55,6).Но има напротив и толку помеѓу телесните луѓе кои не само што не жалат поради својата грешна состојба,туку дури и се насладуваат со неа.Нагазнувајќи во гревна кал,тие не помислуваат да го променат својот живот и да си ја очистат совеста; наместо Господовата Трпеза тие секојдневно се насладуваат со демонска трпеза,те.се предаваат на разни телесни страсти.Но токму тие луѓе кои ја чувствуваат во себе сета сила на грешните страсти,треба се повеќе да се причестуваат,бидејќи со светото Причествување би ги скротиле нивните страсти,и би згаснал во нив огнот на грешните желби и навлегла во нивната душа читотата и светоста,грешните навики малку по малку би ја изгубиле претходната сила и во срцето би завладеал мир,тишина,радост во Духот Свет.Возљубени чеда Христови!
+++
Да ја отфрлиме сокоја причина на изговори и смело да пристапиме кон Светата Чаша!Господ нам затоа ни ја дал таа најсвета и спасоносна Тајна, бидејќи сме ние големи грешници и без Божјата помош никако неможеме да се вознесеме себе си на патот на спасението.Да одговориме на блажените зборови на нашиот Спасител:„Дојдете,јадете го Мојот Леб,пијте го виното кое сум ви го подготвил,оставете ја неразбраноста и ќе бидете живи“ (Прше Со-ломон.3.).
Ако Христос сака да го збогати нашиот живот со небеските радости,зарем не е неразбрано да ги одбиеме ,и да несакаме да ги примиме?Иако светата Црква нашата мајка полна со љубов,не вика во името на Христа да ја осветиме својата душа,зарем ние како нејзини деца се осудуваме да не ја послушаме?
Зарем нам не ни е грижа за вечниот спас?Ах,колку време Адам поминал во покајување,во тага кога е прогонет од Божјиот рај!Колку ли горчливо му било при помислата наместо да ги вкуси плодовите од Дрвото на животот кое дарува бесмртност,посакал да го вкуси плодот од забранетото дрво и со тоа си нанел себе си бессмртна рана.Така и ние на крајот на овој живот горко ќе зажалиме и ќе се укоруваме себе си,заради својата мрзеливост сме ја избегнувале Тајната на Причестувањето,изворот на бесмртноста!Колку ли ќе ни биде горко во душата кога ќе се сетиме дека сме го одбивале Лебот на животот и Чашата на спасот-и тоа заради ништо друго,туку затоа што не сме сакале да се одрекнеме од грашните задоволства!
+++
Во моментот на принесувањето на Бескрвната Жртва,создржувај ги мислите и чувствата.стој во стравот Божји,за достојно да се причестиш со Светите Тајни и да добиеш исцелување од Господа.
Преподобен Исаија Ава (82,165)
+++
Свети Јован Златоуст (113,536)
Во мигот на принесувањето (Бескрвната жртва)создржувај се со мислите и чувствата,за да стоиш со стравот Божји и достојно да се причестиш со Светите Тајни и од Господа да добиеш исцелување(34,18).Ако сакаш да се причестиш со Телото Христово,чувај се во твоето срце да нема гнев и омраза.
+++
Преподобен Исаија Ава (34,205)
Крвта од Јагне за тебе е спасоносна ако и пристапиш со верба,ако својте чувства и мисли ,низ кои во чекор со гревот влегува смртта,како со крв да ја намачкуваш верата,како кога Израел со крв ги мачкал вратите.Бидејќи ако страста не влезе низ тебе со очи,слух,мирис,вкус и допир,а потоа и низ разумот,тогаш ни смртта нема да те победи.Тогаш носејќи го во телото умртвувањето на Исус Христос,ќе имаш и Живот кој се појавува во твоето тело (42,940)
Најпрво ќе умрам,пред да дозволам да се причестам со Крвта на Владиката недостојно,и претпочитам да пролеам своја крв,да не допуштам недостојно да се причестам со толку Страшна Крв.
+++
Свети Јован Златоуст (46,547)
Со каква намера треба да го јадеме Телото и пиеме Крвта Господова?Во спомен на Господовата послушност се до смртта,за да не живееме за себе туку за Оној Кој умрел и воскреснал поради нас.
+++
Свети Василиј Велики (6,332)
Треба со чиста душа да се прима во себе храната која се симнува од висините…. која е Леб несеен кој доаѓа од горе а се стекнува на земјата.
+++
ОТЦИТЕ НА ЦРКВАТА ЗА ТОА КОЛКУ ЧЕСТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЧЕСТУВАМЕ
Кому да му го дадеме тоа право?Дали на оние кои се причестиле еднаш,или на оние кои се причестуваат често,или пак на оние кои тоа го прават ретко?Ни на едните,ни на другите,ни третите,туку на оние кои се причестуваат со чиста совест,чисто срце и беспрекорен живот(46,153)
Времето на причестувањето не го одредува празникот или славата,туку чистата совест и беспрекорниот живот (35,554),Не е дрскоста во тоа што пристапуваат често,туку што тоа е недостојно,дури и да го сторат тоа еднаш за сиот живот.
Свети Јован Златоуст (45,656)
Добро е и корисно секојдневно да се причестуваш и да го примаш Светото Тело и Крвта.Христос јасно кажува:Кој го јаде Телото Мое и ја пие Крвта Моја има вечен живот (Јн,6,54)…Бидејќи кој се сомнева во тоа дека непрестанао да бидеш причесник на животот не значи ништо друго туку да живееш многустрано ?Што се однесува до нас,ние се причестуваме четири пати секоја недела,во денот Господов,во среда,петок,сабота и исто така и на друг ден ако е спомен на некој Светител.
Свети Василиј Велики (113,533)
+++
Гледам многумина не се причестуват често:ѓаволска е таа работа,тој се меша во честото примање на Телото Христово.И очигледно е дека тој кој не се причестува често,на ѓаволот му дава голема власт над себе,и ѓаволот го сема под свое и го наведува на разно зло.
Свети Јован Златоуст (113,533)
+++
Ап.Павле Црквата ја прикажува и како Невеста која е свртена кон својот Небески Младоженец.Ние тука наоѓаме не само органско еднинство на Телото и Главата,туку и брачна заедница,еднинство,на Невестинската свртеност кон Младоженецот.Корените од Старите завети на таа претстава се очигледни,и последната книга од Новиот Завет завршува со повикот:И Духот и Невестата зборваат:Дојди,…да Дојди,Господе Исусе(Откр.22,17,20). Токму во Беженстваната Евхаристеја се манифестира стремежот на Црквата и на секоја христијанска душа кон Небескиот Младошенец Христос.
Доведување во врска и спојување на тие две основни Павлови Црковни представи,на Телото и Невестана,допринесуваат кон разбирливоста на двојната природа на Црквата,Од една страна ,Црква,заедно со својата Глава Христос,првиот свештеник ва вечните добра,кој се наоѓа во непрестанато состојба на исчекување,посредување и просветување на благодетните дарови од Светиот Дух,ветени од самиот Господ:Јас ке го намолам Отецот, да ви даде друг Утешител кој ќе живее со вас за век и векови (Јн.14,16).Во небеската Литургија „Првосвештеникот Исус посредува за нас“ (Рим.8,34;1,Јн.2,1),„предстој сега за нас пред Лицето Божје“(Јевр.9,24).
+++
Во современата православна свест,тајната на Црквата е неодвоива од Светата Тајна Евхаристија.„Таму каде е Евхаристија таму е и Црквата“,пишувал Св.Кипријан Картагински.Ќе се осмелам да потврдам дека при совршенството на Евхаристеја се пројавува вистинската природа на Црквата,нејзиното таинствено и скриено суштество,Значи,може да се зборува за евхаристиската природа на Црквата или како е обичај да зборуваме ние на Запад,за евхариската екслисиологија.
+++
Тие што го свикаа Собранието во 992 година од раѓањето на Христа,забранија не само четврт брак,туку ова правило го воспоставија и во врска со третиот брак.Релевантното правило кажува:„Ако некој кој дошол на возраст од четириесет години и при тоа не срамејќи се од својата возраст,и негрижејќи се за Христијанскиот достоен живот,туко само по нагонот на страсната жеба да склучи трет брак,нека биде со својата грижливост и будното следење во рок од пет години лишен од Причестувањето со Светите Тајни,тој период на ниеден начин неможе да биде скратен.Но доколку се удостои со пречистата Причест,нека не му биде допуштено да се причестува во некое друго време освен на спасоносното Воскресение на Христа Бога поради очистување,колку е можно,кое доаѓа од предходното воздржување за ( текот на Големиот) постот.
Ако некој на триесет годишна возраст,имајќи деца од предходиот брак, склучи брак со трета жена,неминовно нека не се причестува четири години со Светите Тајни.После тоа тој може да се причести со Светите Тајни,но нека се удостои да се насладува со нив само три пати годишно:прв пат-на спасоносното Воскресение на Христа нашиот Бог,вториот пат на Успението на Пресвета Богородица,и третиот пат на денот на Раѓањето на Христа нашиот Бог,заради постот кој го држел во текот на претходните денови и користа од него.
+++
Самиот страв со кој тие пристапуваат на Светата Тајна,не е од Бога,како што кажува пророкот:„Таму се исплашија од страв каде страв немаше“(Пс.52,6). Имено стравот треба да биде присутен таму каде е на дело прекршувањето на заповедите,а не таму каде што владее покорноста и послушноста.И трепетот на тие не е вистински туку вештачки и лицемерен,бидејќи вистинскиот трепет подразбира почитување на зборовите и заповедта Господова,а не нивно занемарување.Тоа што го зборуваат нема за цел да ги направи Христијаните повнимателни и исполнети со трепетно почитување во однос на Причеста,туку од нив да ја лиши храброста и совршено да ги отсече од Него,и соодветно на тоа да ги доведе до душевна смрт.
Затоа и Боженствениот Кирил Александриски им одговара на оние кои се кажуваат исклучително побожни.„Ако посакаме вечен живот,тогаш да се молиме во неа да живее Дарителот на бесмртноста ,не се одалечуваме од благословот(Причестувањето),како тоа што го прават несовесните.Нека ѓаволот искусен во измамата не ви подметнува замки мрежи во вид на штетен трепет (во однос на Светата Тајна).Ако ти кажеш:„Еве ,Павле пишува дека кој го јаде Лебот и пие од Чашата Господова,недостојно,на своја осуда јаде и пие.Значи,испитувајќи се себе си ,гледам дека сум недостоен да се причестам“.На ова ќе ти одговорам:„Кога ќе бидеш достоен?Коге ќе се ставиш себе си пред Христа?Ако секогаш се плашиш од своите најситни гревови(како човек) никогаш нема да престанеш да ги правиш (кој ке свати пред да згреши),Пс.18,13 како што кажува светиот Псалмо пејач,и така за навек ќе останешнеш непричестен со заштитата од Светоста.
Кажи ми,те молам:ако некој цар заповеда:„Тој што ќе направи такво и такво злодело,да не и се приближува на мојата трпеза“-зарем не би посакале заради таа чест да ги вложите сите напори да се сочувате од злото?(Но кога свештеникот не повикува да појдеме да се причестиме,тогаш нас Господ не повикува да се вознесеме на Небесата за Трпезата на големиот и чудесен Цар),а ние тоа го одбиваме и се двоумиме,и не брзаме и не тежнееме кон тоа,тогаш каква надеж за спас ни останува? Ние неможеме да кажеме дека ни е препрека болеста или природата,само нашиот немир не чини недостојни!
+++
Сега Христос ни зборува на сите нас кои стоиме безобразно и бесрамно, бидејќи секој кој не се причестува со Светите Тајни стои оезооразно и бесрамно.Поради оваа причина (ѓаконите) прво ги одалечуваат оние кои живеат во грев.Бидејќи кога Господарот треба да седне на Трпезата,на неа несмеат да седнат слугите кои во него се огрешиле-таквите мораат да се тргнат од пред Неговото лице.Така несомнено се случува и тука,кога се извршува Литургијатаи кога Агнец,Јагнето Владичино,приноси на жртвата.
+++
Човеку! Зарем си недостоен за Причестување?Доколку е така,тогаш не си достоен ниту да ја слушаш молитвената Литургија.Имено,ти го слушаш ѓаконот кој стои и зборува:„Сите вие кои живеете во покајување,молете го Бог да ви прости“.Оние кои не се причестуваат,се наоѓаат сеуште во редот на покајниците.
Затоа,зошто стоиш?
Ако си помеѓу покајниците,тогаш не можеш да се причестиш,бидејќи тој што не се причестува е во купот помеѓу покајниците.Зошто ѓаконот збори:„Излезете сите вие кои неможете да му се молите на Бога“,додека ти бесрамно остануваш да стоиш на свое место?Ако не си помеѓу пакајниците,туку помеѓу оние кои имаат можност да се причестат,зошто тогаш се грижиш да се причестиш?Можеби не сметаш дека е Причестот голем дар и заради тоа го занемаруваш!
+++
Тој кажува:„Гледам дека многумина се причестуваат со Телото (и Крвта) Христово,како ќе им дојде,раководејќи се пред се од обичаите и некаков формален однос,а не разумно расудување.Имено,кога ќе дојде времето на Светиот Велики пост,секако за кого и да се работи ,дали е достоен или недостоен,се причестува со Тајните.Исто така секој тоа го право и кога ќе дојде денот на Богојавление,дури и ако не му е време да се причестува.Меѓутоа,ниту Богојавлението нито Големиот пост,не ги прават луѓето достојни на причеста,туку достојноста ја прави искреноста и чистината на душата.Со таа чистина на душата можеш да се причестуваш секој пат(кога си присутен на Литургијата)!
+++
Наредувам причестување со Светите Христови Животворни Тајни….во сите четири поста и на дваесетте празника,како и на големите празнични денови. Што почесто ,тоа подобро…Бидејќи благодедта која ни ја дарува Приопштувањето толку е голема ,да човекот колку и да бил недостоен и грешен,само ако пристапи со смирена свест за својата сегрешност пред Господа кој ги искупува сите нас,иако од глава до пети сме покриени го гревовни рани,чистејќи се со благодедта Христова,се повеќе и повеќе ќе светлеат,и целосно ќе се осветат и најпосле спасат!
Преподобен Серафим Саровски
+++
Ние не треба да го избегнуваме причестувањето Господово затоа што сме увиделе дека сме грешни,туку треба со уште поголема и посилна желба да итеме кон Него поради исцелување на душата и очистување на духот.Уште,треба да се причестуваме со таква смиреност на духот и верата, иако сметајќи се себе си недостојни кон добивањето на таа благодет,ние се повеќе тежнееме за излечување на нашите рани.Меѓутоа,ниту да се причестуваме еднаш годишно ,невозможно би било тоа достојно да го направиме.Така некои и прават : живеејќи во манастирите тие толку високо ја ценат,величенственоста,светоста и благотворноста на Небескоте Тајни,и мислат дека смеат да ги примаат само светите и праведните.Иако е правилно да се мисли дека Тајните со примањето на благодетта нас не прават чесни и свети.Бидејќи тие покажуваат повеќе годрост отколку смиреност,како тие се чувствуваат,кога веќе ја примаат еднаш годишно,тоа значи дека се сметаат достојни на нејзиното примање.Би било многу по правилно сите ние ,со смиреноста во срцето со кое веруваме и се исповедаме,дека никогаш неможеме достојно да ги допреме Светите Тајни,во секој ден од Господа(секоја недела)примаме поради исцелување на своите болести,отколку,вознесувајќи се со суетното уверување на срцето,веруваме дека сме достојни после едногодишно воздржување.
Преподобен Јован Касијан Римјан
Светата Тајна на Покајанието
Што е Светата Тајна на Покајанието?
Тоа е света тајна преку која се простуваат сите наши гревови,ако се исповедаме,и низ која добиваме помирување со Бога.
Кои гревови преку светата тајна се простуваат, а кои не?
Сите гревови кои сме ги направиле после кршевањето и за кои сме се исповедале на свештеникот и сме се покајале.
Но неможе да биде простен наследниот грев само поради покајување без крштевање.Исто така смртните грвови не се опростуваат „ниту на овој ,ниту на идниот свет“ според Христовите зборови (Мат.XII 31).
Што е потребно за таа Света тајна?
Исповедување на гревовите пред свештеникот,после тоа свештеникот чита молитви и во име на Светата Троица го разрешува лицето кое со кае.
Како да знаеме дека на лицето кое се кае гревовите му се простени?
Знаеме од Светото писмо и Светата традиција.Христос ги простил гревовите на покајникот,истото тоа го направиле и Апостолите.Од Светата традиција знаеме за многу примери на грешниците,кои се покајале за своите гревови,се поправиле во животот и станале светители.
Кој им дал власт на епископите и свештениците да ги простуваат гревовите?
Самиот Господ Исус Хрисос,им кажал на своите апостоли:„Примете го Светиот Дух.На тие што ќе им ги простите гревовите,ќе им се прости,на кои ќе им ги задржите,ќе се задржат“(Јн.XX,22.23).
Ако некој кој што згрешил,му е простено од страна на оној на когу му згрешил,дали е потребно тој да оди кај свештеникот за исповед?
Препорачливо е ,бидејќи секој грев кој сме им го нанеле на луѓето,сме го нанеле и на Бога.Нема грев кој не го навредува Бога.Затоа е потребно секогаш да одиме кај Божјиот свештеник за исповед и проштевање.
Со какво духовно расположение треба да одиме кај свештеникот на исповед?
Со искрено покајување и скрушено срце,исто така со чувство на простување кон сите кои ни згрешиле,и со решеност да му се покориме на свештеникот кој ја врши исповеддта,доколку налага епитимија.
Каква епитимија(казна)може свештеникот да ни наложи?
Различна епитимија,зависно од озбилноста на нашите гревови,на пример ,да постиме,да се молиме,да надокнадиме некого кого сме оштетиле,да правиме дела на милосрдие,или дури да не пристапуваме кон светата тајна на причестот едно извесно време.
Дали треба често да пристапуваме кон светата тајна на покајание?
Што почесто,тоа подобро.Неопходно е да се исповедаме пред пристапувањето кон светата тајна на причестувањето.Крајно нужно во болест бидејќи не го знаеме времето на својата смрт.Поради тоа потребно е да бидеме спремни,сосема спремни да се соединимесо небеското Божјо семејство,како покајани,ослободени од грев и благословени деца Божји.
Света Тајна на Свештенството
Што е Светата Тајна На Свештенството?
Тоа е света тајна во која Светиот Дух преку пружање на рака на епископот дава благодет и право на оној кој ќе стане епископ или свештеник да ги извршува останатите свети тајни и да раководи со верскиот живот на луѓето.
Колку степени има во Светата Тајна на Свештенството?
Три степени:епископ,свештеник,ѓакон.
Каква е разликата во овие три степени на свештенството?
Епископот може да ги извршува сите седум свети тајни,свештеникот сите освен светата тајна на свештенството а ѓаконот им помага на епископот и свештеникот,но сам неможе да извршува ниту една од светите тајни.
Кои се пониските чинови во Православната црква?
Чтеци,ипоѓакони и ѓакониси.
Кој го поставува епископот?
Два или повеќе епископа.
Кој го поставува свештеникот?
Епископот.
Чии наследници се епископите?
Епископите се наследници на апостолите.
Кој ја востановил хиерархијата во Црквата?
Самиот Господ Христос како прв Првосвештеник(Јевр.V,4-6).Тој како извор на секоја власт и право во Неговата Црква,им дал на апостолите власт да учат,исцелуваат и простуваат гревови.
Што тогаш представува целината на хиерархијата?
Најпрвин Христос како вечен Првосвештеник и глава на Црквата,потоа од Него апостолите,па од апостолите епископите,и од епископите свештениците и ѓаконите.
Зошто е неопходно положување на раката во оваа света тајна?
Тоа најпрвин го правеле апостолите(I Тим.IV,14;V,22).Положувањето на раката во оваа света тајна се пренесува на лицето на кого му се доделува духовна сила и така се постигнува законста врска на црковната власт и свештенослужителите.
Дали може да постои црковна заедница,а да не се признае и да не му се покорува на епископот?
Неможе да постои,бидејќи таквата црковна заедница се одделува од телото на Вселенската православна црква и се лишува себе си од благодетите Божји.
Зошто го нарекуваме свештеникот „Отец“ ?
Затоа што преку свештениците во светата тајна на крштевање сме препородени во деца Божји;преку нив во светата тајна на причестот ја добиваме небесната храна (Христовото тело и крв),во светата тајна на покајанието преку нив добиваме простување на своите гревови,а во останатите свети тајни посебните дарови на светиот дух.Покрај тоа,свештениците непрекинато се молат за нас,не советуваат,неопоменуваат и раководат со нас.Според тоа,тие се навистина наши духовни отеци.Секако тие мора да бидат достојни на тоа име и таа голема служба.
Светата Тајна Брак
Што е Светата Тајна Брак?
Светата Тајна Брак или Венчавањето е Света Тајна низ која Светиот Дух ги соединува во едно суштество христијанинот и христијанката,кои пред свештеникот непоколебливо изјавуваат дека целиот свој живот взаемно ќе се сакаат,ќе бидат верни еден на друг,и кои примаат благослов за раѓање и воспитување на деца.
Како Бог ја благословил првата брачна заедница?
Господ Бог во Рајот ги благословил нашите прародители Адам и Ева и им рекол:„Раѓајте се ,множете се и наполнете ја земјата“(Пос.,1,28)
Какво е ова единство на мажот и жената во бракот?
Тоа е нешто најблиско од сите човечки односи бидејќи кажано е:„човекот ќе го остави таткото свој и мајката своја и ќе се припои кон жената своја,и ќе бидат двајцата едно тело.(Пос.II,24)
Дали Господ Христос го потврдил овој стар закон за бракот?
Да.Тој ги повторил истите зборови од Стариот Завет,и зборувајќи против разводот на бракот додал:„Што Бог соединил,човек да не го раздели“ (Мат.XIX,6)
Дали Господ Христот го осветил бракот?
Тој го осветил бракот со Своето присуство на свадбата во Кана Галилејска и со претворањето на водата во вино на таа свадба.(Јн.II)
Дали Тој со тоа му дал подлабока смисла на бракот?
Да,исто како што водата се променила во вино,така со Неговото присуство телесната љубов се менува во духовна љубов на две души.
Дали Новиот завет внел некоја промена во поглед на раѓањето деца?
Раѓањето деца во предхристијанското време имало за цел„да се наполни земјата“ додека христијанскиот брак има за цел да ја наполни Христовата Црква и на земјата и на небото,конечно да го наполни Рајот.
Има ли хрисијанскиот брак некое подлабоко симболично значење?
Има.Светиот ап. Павле ја споредува брачната врска на мажот и жената со врската на Христа и Неговата Црква:„Мажот е глава на жената како што е Христос глава на Црквата“како што човекот и жната во бракот стануваат едно,така се едно и неразделно Христос и неговата Црква.
Светата Тајна Осветување
Што е Светата Тајна Осветување?
Светата Тајна Осветување се состои од молитвите на свештеникот и премачкувањето на болниот со осветено масло,низ кое делува Божјиот благодет за оздравување на болниот.
Што овде значи болеста?
Заболување на душата или телото
Како делува Божјиот благодет во оваа света тајна?
Таа го лечи телото од неговите немоќи и ја чисти душата од нејзините гревови.
Од кое време оваа тајна се вршела во Црквата?
Од времето на Христа.По заповед на Христа,апостолите оделе да проповедаат Евангелие,и, меѓу другите луѓе „ги премачкувале со јелеј многуте болни и ги лекувале“(Марко VI,13)
Како е пренесено вршењето на оваа света тајна на епископите и свештениците?
Со заповед на апостолот.Свети ап.Јаков пишува сосема јасно:„Болува ли некој меѓу вас,нека ги повика црковните старешини,тие нека читаат молитва над него и нека го премачкаат со масло во име Господово.И молитвата на верата ќе му помогне на болниот,и ќе го подигне Господ,иако направил грев ќе му се прости“(Јак.V,14-15)
Дали светата тајна на осветување се врши само над тешко болните и оние кои умираат?
Не,оваа чудотворна света тајна се врши и над оние кои се полесно болни.
превод на македонски сестра Сања
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.