ПРИКАЗНА ГОСПОДОВА ЗА СПАСЕНИОТ БЛУДЕН СИН

imax_jerusalem_city
(Лк.15:11-32)
1.Ќе биде глад,рекол пророкот,оплакувајќи го Ерусалим,но не глад за леб и вода,туку глад по слушањето на Божјите зборови (Ам.8;11).Гладот е состојба на лишеност и воедно желба за најнеопходна храна. Меѓутоа,постои,и глад која е полоша е помачна од оваа глад,а тоа се случува кога човекот,бидејќи лишен од она што е неопходно за спасение,не ја сваќа својата несреќа и нема желба за спасение.Гладниот човек кој не ја пронаоѓа храната оди насекаде нагору надолу,барајќи да пронајде леб,се радува дури и ако пронајде мувлосано тесто ,или кога некој ќе му понуди погача од просо или мекица или било каква друга послабо ценета храна,и тоа во онаа мерка,во која пред тоа додека гладувал,пател.Така и човекот кој е духовно гледен,т.е.,кој е лишен од духовната храна а има желба за неа,оди насекаде нагоре надоле во потрага за оној кој ја има дарбата за учење од Бога; доколку го најде,со радост го вкусува лебот на духовниот живот,т.е спасоносниот збор.Овој збор неможе да не ја пронајде тој кој до крај упорно ја бара:Секој кој сака ќе добие,кој бара ќе пронајде,кој чука ќе му се отвори,кажа Господ (в.Лк.11;10).
2.Постојат и такви кои после повеќедневно гладување го губат разумот дури и желбата за храна.Тие стануваат безчувствителни за губитокот (кој го трпат)и поради долгата духовна глад,ја губат и желбата да ја задоволат. Стануваат немарни,дури и кога учителот е тука,тие одбиваат дури и да ги слушаат поуките.Кога не би го имале учителот,не би го ни барале,туку би живееле по грешно и од блудниот син.Иако со своето заминување (одалечување) се лишил од заедничкиот Хранител,отец и Господар, блудниот син досегнал до уште поголема глад и чувствувајќи ја лишеноста се покајал,вратил и одново ја примил боженствената и чиста храна,и благодарение на покајувањето во голена мерка ги добил даровите од Духот,станал предмет на завист на богатиот.
3.Меѓутоа,подобро да тргнеме од почеток и да ја изложиме на вашата љубов оваа Господова евангелиска парабола(приказана),која денес вообичаено се чита во црквите.
4.Еден човек-кажа Господ,имаше два сина.Под зборот “човек“ Господ тука се подразбира Самиот Себе,и тука нема ништо чудно.Ако Тој поради нашето спасение навистина станал Човек,зошто тогаш би било чудно ако поради наша корист (во приказната) Себе си се представува како еден од луѓето-Тој Кој,како Господар и Творец и на едното и на другото,секогаш се грижи за нашата душа и тело,Кој единсвено ги покажал љубовните дела кон нас и обилната грижа дури и пред да постоиме?
5.Тој,како што и Самиот кажува,нам ни спремил вечно наследство на Царството и останокот на светот (б.Мт.25,34).Пред тоа поради нас ги создал ангелите кои се како што кажува Павле,испратени да им служат на оние кои треба да го наследат спасението.(в.Јевр.1,14)Пред тоа,исто поради нас,на сето што е видливо (буквално на емоционалните сетила достапно) во светот го раширил небото,подигајќи го како некоја заедничка и подеднакво присутна кожа над овој краткотраен живот,небо кое се движи,многу се движи и е непокретно.Непокретно е бидејќи со своите,со своите промени не би предизвикало пропаднување на тоа што на него живее,многудвижечко , бидејќи му се чини дека со рамномерното движење на самиот себе си го задржува карактеристичното место за себе.Движејќи се насекаде во себе самиот тоа ги носи и мноштвото ѕвезди,за од тоа да го научиме проаѓањето на сегашниот живот и со сето тоа да се насладуваме,како со тоа што е под небото,така и со тоа што е над нашите глави.Тој поради нас и пред нас го создал големото светло да управува со денот и помали светла да управуваат со ноќта.Нив и другите ѕвезди ги поставил на сводот небески да се движат во ист или спротивен правец со сводот,разноврсно да се спојуваат или раздвојуваат за да ни послужат како знакови за времето и периодот.Ова не и е потребно ниту на умната (духовна) природа која е над сетилата (перцепциски видливи феномени),ниту пак безумните животни кои се раководат единствено со своите сетила.Тоа е секако создадено за нас со сите чула да се насладуваме,како и со останатите видливи дарови и убавини чии знаци,со посредувањето на сетилата ги примаме со умот.
6.Тој поради нас ја создаде земјата,го распростре морето и над него богато го изли небото.Над небото потоа премудро ја постави вртлогот на огнот, за да ја урамнотежи прекумерното студенило во тоа што е под него,но и да остане сочувана топлината на огнот во неговата околина.Иако на безумните животни поради нивниот опстанок,им е потребно истото што и на луѓето,сепак нив ги создал пред нас за да им служат на луѓето ,како што во Псалмите кажува пророкот Давид (б.Пс.103,14).
7.И пред да не создаде нас ,нашиот Творец,поради опстанокот на нашето тело целиот космос изникнал(го извел) од небитието.Што се не направил нашиот доброљубив Господар,за да ја поправи нашата природа и не раководи кон доблестите?Сиот овој видлив космос го создал како свеврсно огледало на надкосмичкото(надсветовното,надземното) за со духовна контемплација на овдешното,како по некоја чудесна скала,би можеле да се воздигнеме до оној повисок свет.Положил во нас природен (вроден,вкоренет) закон како некое непопустлив принцип,како незгрешив судија и учител кој не може да се доведе во заблуда т.е. нашата сопствена свест.На тој начин ,нам ,доколку ги средиме своите мисли ,не ни е потребен учител за разбирање на добрата.Ако долично ги пренесуваме умот кон запазувањето на надворешноста,тогаш,по зборовите на Апостолот,тоа што на Него е невидливо од почетокот на светот со ум на суштествата јасно се гледа (Рим.1,20)
8.Значи спознавајќи ги доблестите низ природата и супстанцатаТој ги поставил ангелите-чувари,ги покрена татковците и пророците да не чуваат,ни покажа знаци и чуда кои водат кон верата,ни даде пишан Закон кој му помага на законот,положен во нашата словесна (разумна)природа и спознавање добиоено со набљудување на супстанцата.Конечно,бидејќи сето то го занемаривме-о каков немир од наша страна,и напротив какво долго трпение и загриженост од страна на Оној Кој не љуби-Тој самиот Себе се предаде за нас,потиснувајќи(досл.испразнувајќи) го богатството на Своето боженство во нашата слабост,примајќи ја нашата природа и бидејќи стана човек какви што сме ние нежно сакаше да стане наш Учител.Тој Сам не поучува за возвишеното човекољубие,покажувајќи го тоа со зборови и дела и подтикнувајќи не да го поддржуваме Неговото жртвување кон луѓето,додека истовемено оние што Му се послушни ги оттргнува од камено однесување.
9.Дарбата на љубовта е својствена за оние што управуваат со државата,на пастирите,и оние што господарат со сопствениот имот.Меѓутоа ,тој тука не е толку силен како кај оние кои се крвно поврзани и сродни,посебно кај татковците и неговите деца.Тој затоа нивната љубов ја неведува како примен на Своето човекољубие,нарекувајќи се Себе си човек и Татко на сите нас,бидејќи станал човек поради нас и не препородил низ божественото крштевање и благодетот на Својот боженствен Дух.
10.Така, некој Човек кажува Тој имаше два сина. Тука разликата во карактерот ја поделила една природа на две како што разликата помеѓу доблестите и гревовите довела до раздвојување на мноштвото на две целини. И ние понекогаш кажуваме дека некоја личност е двојака кога има дволичен карактер. Како што кажуваме дека многумина претставуваат едно кога меѓусебно се согласуваат. Му кажа помладиот од нив на таткото-Навистина “помладиот“ бидејќи постави младечко (незрело) и сосема неразумно барање. Така и гревот кога некој го смислува и доведува до отпаѓање (од Бога) помладиот и по потекло подоцнежниот пород на нашата волја. Доблеста е постара по потекло, таа од век и векови постои во Бога и неа Бог со Својата благодет од почетокот ја положил во нашата душа.
11.Помладиот син му пристапил на таткото и му рекол: Татко, дај ми го делот од имотот кој ми припаѓа на мене. Каква е таа непромисленост! Тој не падна на колена , не замоли, туку просто “рече“ и не само тоа, туку настапи како да бара враќање на долг од Оној Кој по благодетта на сите се и дава. Дај ми го делот од имотот кој мене ми припаѓа. Каков е тоа закон и како може да биде праведен ако по него татковците се должници на своите деца?!Напротив и самата природа покажала дека децата им се должни на татковците бидејќи од нив го примиле животот(дос.на природата). Ова ја покажува и незрелоста на неговото размислување.
12. Што направи Тој Кој го испраќа дождот и на праведните и на неправедните и му заповеда на сонцето да свети и на злите и на добрите? Тој им кажува подели го имотот.Гледаш ли дека на овој Човек и Татко ништо не му недостасува? Некој друг имено не би го поделил имотот само на двајца и на два дела туку третиот дел би го сочувал за себе. Тој меѓутоа, како Бог како што кажува и пророкот Давид нема потреба за нашите добра (Пс.15,2). И само на тие два сина го поделил имотот т.е. целиот свет. И како што една природа покрај различниот карактер се дели на две така и еден свет се дели поради различното користење. Едниот на пример зборува: Сиот ден Господе ги пружав Кон тебе рацете свои (Пс.87,10), седум пати на ден Те фалев за судовите на Твојата правда (Пс.118,164), на полноќ станував да Ти се исповедам за судот на правдата Твоја(Пс.118,62), се потпрев на Твоите зборови(Пс. 118,42) и наутро ги исфрлав сите грешници на земјата(Пс.100,8), отсекувајќи ги сите страсти на телото кои водат кон слатка страст.Другиот пак го поминува денот во пијанчење и гледа каде има некоја пијанка додека ноќта ја поминува во недолични и беззаконски дела, брза да прави скриени замки или отворено да ги оствари своите зли намери, брза да краде пари и смислува зло. Зарем тие двајца не ја делат истата ноќ и истото сонце а пред ова и истата природа, користејќи го и едното и другото на потполно различен начин? Бог на сите поддеднакво ни го поделил целото создадение препуштајќи секому на волја како да го употреби.
13. И после неколку дена, кажува, ги собра помладиот син своите работи и отиде во земја далечна. Зошто не отишол веднаш, туку после неколку дена? Затоа што итриот шептач ѓавол не му предлага веднаш на човекот своеволие и грев туку постепено вешто не поткрадува, ни дошепнува и зборува: “Ако живееш по сопствена волја, не посетувајќи го храмот Божји и не водејќи грижа за учењето на Црквата ќе можеш да видиш што треба да направиш а да не се оддалечиш од доброто“. Кога некого ќе го одвои од свештените богослужби и од слушањето на свештените учители, со самото тоа го одвојува и од боженскиот надзор и го предава кон р’ѓави дела. Господ е секаде присутен, само е едно подалеку од доброто (Бога) а тоа е злото во кое се наоѓаме со оглед на гревовите и посредството со кое се оддалечуваме од Бога. Беззакониците нема да стојат пред очите Твои, му кажува на Бога пророкот Давид(Пс. 5,6).
14.Така младиот син се одалечи (од својот Татко)и отиде во далечната замја каде,кажува,го расеа имотот свој живеејќи развратно.На кој начин го расеа имотот свој!Нашиот главен имот и богатство е –нашиот роден ум.Се дотогаш додека се држиме за спасоносниот пат,умот е сконцентриран на себе си и на Првиот и Најголем Ум-на Бога.Кога пак ги отвораме вратите кон страста,тој бргу се губи,,во секој момент лута по телесните и земјени работи,по разноврсните наслади и страсните помисли кои се со нив поврзани. Богатството на умот е здравиот разум кој во него живее и способен е да го разликува доброто од злото се додека остане послушен на заповедите и светците на највозвишениот Отец.Ако тој ги растури уздите, тогаш се расфрла со блудничавост и лудиоло кое е во еден час на едно а во деруг на друго зло.
15.Истото се однесува и на секоја наша доблест и сила,бидејќи се тие навистина нашето богатство кое се расфрла ако се препушта на дејството на многуличното зло.Самиот ум управува со своето тежнеење,кон единственто или поточно кон Бога,со едиственото богатство,единствената желба, единствениот кој пружа вистинска наслада,непомешана со било какво страдание. Кога пак умот отапува,тогаш душевната сила на вистинската љубов се врти од тоа што е навистина пожелно и тежнее кон разнолики наслади-еднаш се нафрла на желбата за јадењата кои не се неопходни,друг пат на недоличните барања на телото,на желбата за некорисните работи,а понекогаш го привлекува безвредна и неславна слава.Така несреќниот човек се расфрла на ситници:станувајќи со грижите врзан за таквите работи,тој и самото сонце,тој и самиот воздух,тоа заедничко богатство на сите,го набљудува и вдишува без задоволство.
16.Самиот наш ум,кој сеуште не одстапил од Бога,побудува во нас гнев поротив ѓавлот и ја употребува душевната смелост во борбата против р’ѓавите страсти,против кнезовите на темнината,против духовите на злото.Ако не се придржува кон боженствените заповеди и Господ кој го наоружал,тогаш војува против ближните,беснее на своите сонародници,се лути на оние кои не го разбираат неговото безумно тежнеење,и така тој чобек станува човекоубиец,споредувајќи се не само со животните туку и влекачите и отровниците.Тој што е поставен да биде помеѓу Божјите синови станува како шкорпија или змија,како поколение на злото.Гледаш ли на кој начин го расфрли и изгуби својот имот?А кога ќе потроши се , кажува, (помладиот син)почна да му недостасува.Гладуваше,но сеуште не помислуваше да се пресврти,затоа што беше блуден.Затоа се смести кај еден жител од таа земја ,а тој го прати на поле да чува свињи.
17.Кои се граѓаните и владетелите на таа земја кој е далеку од Бога?Тоа се секако демоните под чија власт е синот на Небескиот Отец,станал жител на разбојничките јами,главен цариник,и предводник на разбојниците, предводник на побунениците,бидејќи секоја страст, крајната заради крајната нечистотија се нарекува свински начин на живот.Свињите пак ги представуваат тие што се валкаат во калта на страста.Помладиот син поминувајќи ги сите во сладостраста,станал нивен предводник ,бидејќи неможеше да се насити со трошките кои тие ги јаделе т.е неможеше да ја задоволи(досл.засити)својата страст.
18.Како тоа природата на телото не е доволно да служи на желбите на развратниците?Кога ќе се најдат во рацете на златољубивиот или сребро љубивиот човек,златото и среброто ја зголемуваат потребата.Сеедно колку злато и сребро ќе имаат се поголема желба ќе се буди во нив,и подобро речено сиот свет нема да биде доволен за еден користољубив или властољубив.Бидејќи такви луѓе има многу,а светот е еден,како воопшто некој од нив може да ја задоволи својата страст?Така и оној кој одстапил од Бога неможел да се насити “бидејќи никој не му даваше“.Кој би му дал? Бог бил далеку а единствено размислувајќи за Него,тој што размислува може радосно да се насити,како што е речено:Јас во правдината ќе се јавам во лицето Твое,ќе се наситам кога ќе ја здогледам славата Твоја (Пс.16,15). Ѓаволот не сака на човекот да му дозволи да ги засити своите срамни желби бидејќи тие што се колебаат(оние кои се склони кон промени)ситоста обично предизвикува пресврт во однос на таа желба.Значи,со право никој не му дал да јаде.
19.Дури тогаш кога дошол при себе и сватил во каква р’ѓава состојба се наоѓа, овој син кој се одвоил од Таткото почнал да се оплакува самиот себе си говорејќи:Колку наемници во Таткото мој имаат и премногу леб,а јас умирам од глад!Кој се тие наемници?Тоа се оние кои добиваат спасение како некоја плата за солзите на покајанието и за смирувањето.Синови се пак оние кои од љубов кон Него се усогласуваат на Неговите заповеди поради што Господ вели:Ако некој ме љуби,ќе го држи Мојот збор (Јн.14,23).
20.Најмладиот син се лишил себе си од достојанството на син и по сопствена волја отпаднал од свештената татковина,кога доспеал во глад се осудил самиот себе,се смирил и во покајание рекол:Станувајќи ќе отидам кај Таткото свој па ќе речам:Оче му згрешив на небото и на тебе.Оправдано во почетокот кажавме дека Таткото во оваа приказна е Бог:како на друг начин,син кој го оставил татко то му згрешил на небото ако тоа не би бил небескиот Татко ?Тој кажува:му згрешив на небото т.е. против светците на небото чиј живот е на небото и Ти згрешив тебе,Кој со Своите Светци живееш на небото.Веќе не сум достоен да се нарекувам син Твој:прими ме како еден од наемниците Свои.Внимателно во сегашното смирување го додава и ова:прими ме,бидејќи никој со сопствени сили не стапнува на скалите кои водат кон доблеста иако тоа не се случува без човековата слободна волја.И станувјќи отиде кај својот Татко.А беше уште подалеку. Како треба да се свати тоа дека „тргнал“ и дека истовремено „бил далеку“? Зошто Таткото сожалувајќи се на него му излегол во пресрет?Човек кој од душата се кае,со тоа што има добра волја и што одстапил од гревот,му се приближува на Бога.Меѓутоа,бидејќи сеуште се наоѓа под тиранијата на злата навика и погрешните сваќања тој е далеку од Бога:за да се спаси, потребна му е голема милост и помош од небото.
21.Поради тоа Таткото секое добро го прилагодува кон него и му излегува во пресрет,го гушка,го љуби и им заповеда на слугите т.е. свештениците да го облечат во првобитната свечена облека,т.е. во достоинството на синот во кое порано бил облечен низ светото Крштавање.Заповеда и да му стават прстен на раката т.е на дел од душата,кој го симболизира раката да му се стави печат на доблеста како залог на идното наследство.Исто така кажува на нозете да ме се стават обувки т.е. боженствена заштита и сигурност која му дава моќ да стапнува на змии и шкорпии и на секоја ѓаволска сила.Потоа заповеда да се донесе угоено теле,да се заколе и да се изнесе за јадење.Ова Теле е Самиот Господ Кој излегува од скриеноста на Боженството,од престолот кој се наоѓа над се што постои за да се појави на земјата како Човек како теле да биде заколен (жртвуван) за нас грешните и ни се понудил на Самиот Себеси како Леб за храната.
22.Покрај тоа Бог заедно со Светците Свои се радува и весели,прифаќајќи по Своето големо човекољубие она што ние нам својствено говорејќи: дојдете да јадеме и да се веселиме.Меѓутоа постариот син се налутил.Се чини дека тука Христос ги представил Јудејците кои се лутеле поради повикувањето на безбожниците,како и писателите кои се навредувале со тоа што Господ ги прифаќа грешниците и јаде со нив.Ако пак ова сакаш да го сватиш во смисла дека тука се зборува за праведниците,што е изненадувачки во тоа што ни на праведникот не му е познато целото богатство на Божјото милосрдие бидејќи тоа го надминува секој ум?Затоа заедничкиот Татко го теши и поучува на праведност говорејќи му:ти си секогаш со мене и учествуваш во непроменливата радост.Треба да се развеселиме и израдуваме бидејќи овој твој брат беше мртов и оживеа;и беше изгубен,и го најдоа.Тој беше мртов поради гревот,а воскресна благодарејќи на покајанието;пропаѓаше бидејќи не се наоѓаше во Бога.Кога го најдоа го исполни небото со радост како што е и напишано :голема е радоста на небото поради едниот грешник кој се кае (Лк.15,7)
23.Што толку го натажило постариот син?Мене никогаш не си ми дал ниту јаре за да се провеселам со своите пријатели.А кога ќе дојде тој Твој син,кој кој го растурил имотот Твој со блудници му закла теле угоено:до таа мера е преобилна милоста Божја кон нас,за да ,како што кажува првиот меѓу апостолите,Петар и самите анѓели сакале да се приближат кон благодедта која ни се дава низ Неговота инкарнација (в.1.Петр.1,12). Праведниците исто така сакале поради тие добрини Христос да дојде и пред времето одредено за неговата инкарнација,како што и Аврам сакал да го види Неговит ден.Меѓутоа Тој тогаш не дошол а кога дошол не ги повикал праведниците,туку грешниците на покајание и поради нив,се распнал земајќи ги на Себе сите гревови на светот,бидејќи каде што ќе се умножи гревот таму уште повеќе се умножува благодедта (Рим.5,20)
24.А тоа дека на праведниците и покрај нивните барања не им дал ни едно јаре т.е. ниеден од грешниците,можеме да го видеме низ многу други примери,а посебно од видувањето на светиот и блажен Карп.Тој ги проколнувал некој зли луѓе и говорел како не е праведно беззакониците и оне кои ги искривуваат патиштата Божји да се оставаат во живот,но не само што не бил ислушан туку дури го почувствувал незадоволството Божје и ги слушнал страшните зборови кои доведуваат до препознавање на неизречивото и за наш ум необјаснивото Божјо долго трпение,зборови кои не учат да не ги проколнуваме луѓето што живеат во грев бидејќи на таквите Бог им дава уште време за покајание(“еве удри ме “ му рекол Господ на Карп во смисла “спремен Сум уште многу пати да бидам распнат за спасение на луѓето,тоа ми е подраго отколку луѓето да грешат.А ти види дали ти е подраго да се најдеш во провалија заедно со змијата,која како и ти ги мрзи грешниците и сака да ги погуби, или да бидеш на небото заедно со Бога и со човекољубивите и добри ангели?“).Значи,Бог на оние кои се каат и Таткото на милосрдието ја представил оваа приказна (за блудниот син) како би покажал дека над оние кои Му се обраќаат низ покајание Тој им дарува големи дарови-дарови кои предизвикуваат завист.
25.Да го прифатиме и ние,браќа,покајанието на дело,да се одтргнеме од злото и неговите пастири.Да бидеме далеку од свињите и од роговите со кои се хранат т.е. од гнасните страсти и од оние кои се приврзани за нив, да се одвратиме од лошите пасишта т.е. од злата навика,да побегнеме од земјата на страстите т.е. од неверувањето,незаситеноста и неумереноста,да побегнеме од земјата во која вледее тешка глад за доброто, и тешка состојба,пострашна од гладта,да појдеме кај Таткото на непропаѓањето, Дарителот на животот,одејќи со посредство на доблеста по патот на животот бидејќи таму ќе го најдеме Него Кој човекољубиво ни излегува во пресрет и ни дарува простување на нашите гревови,бесмртност залог на идното наследство.Така и блудниот син ,како што не учи Спасителот,за сето време на своето живеење во земјата на страстите,иако се предомислувал,па дури и ги изговарал зборовите на покајанието,сепак не добиввал никакво деобро се додека не ги напуштил сите тие грешни дела и побрза кај Таткото.Кога пак го доби она што ја надминуваше секоја негова надеж, конечно во спокој го поминал остатокот од својот живот,живеејќи мудро и праведно и чувајќи ја неповредена обновената боженствена благодет во него.
26.Ајде и ние да ја задобиеме да ја чуваме неповредена оваа благодет,како во идниот век би се радувале заедно со спасениот блуден син во Горниот Ерусалим,Мајката на сиот живот,во Црквата на првородените,во Самиот Христос нашиот Господ,Кому му доликува славата во век и векови.Амин.

На Евангелието и Второто доаќање на Христа и за милосрдието и творењето на добрата.
1.Во предхорниот Неделен ден,Црквата со приказната за спасениот блуден син се присетувала на бескрајното Божјо човекољубие кон нас.Оваа недела таа подучува за страшниот Божји Суд,држејќи се за правилното и прекрасно потекло и следејќи ги зборовите на пророкот,бидејќи е запишано:Милоста и судот ќе Ти ги пејам,Господе (Пс.100,1)и :Еднашка говореше Бог а обие двајца слушнаа:дека е моќта Божја и Твоја,Господе,бидејќи Ти ќе возвратиш секому по делата негови (Пс.61,12-13).
2.Милосрдието и стрпливоста на Бога му претходат,на Неговиот Суд.Бог во Себе поседува и ја опфаќа секоја добрест,Тој е огромната праведност и милосрдие.Меѓутоа,како милосрдието не се соединува со судот(т.е со непристрасната праведност на судот) ,како што е напишано:Да не поштедиш никого на судот (Приказ.Сол.24,23),Тој правилно го распоредил времето и за едното и за другото,така сегашниот век го основал како ера на милосрдието,а идното како ера на праведната плата.заради тоа се што се твори во Светата Црква со благодедта на Светиот Дух,востановено е така да не научи дека овде добиваме опростување на гревовите,да побрзаме да, додека сме во овој живот,задобиеме милост и бидеме достојни на Божјото човекољубие,бидејќи оној,последен суд е немилосрден за оние кои не твореле милост.
3.Неодамна зборувавме за неспоредливата милост Божја кон нас а денес ни предстои говор за Второто доаѓање Христово и со него поврзаинит страшен Суд,како и за оние непознати работи кои се се случат заради него,а кои окото не ги виде, ни увото не ги чу,ни во срцето човеково,ако не е чудото на боженствениот Дух,не дојдоа-за работите кои го надминуваат не само сетилата ,туку и умот и разумот на луѓето.И иако за ова нас не подучува Оној Кој знае се и Кој на оваа земја ќе и суди,Тој сепак снисходи кон нашите моќи на разбирање,нудејќи ни примерени поими.Затоа,се воведуваат поими како “молња“,“облаци“,“звукот на трубата“,“тронот“ и на нив слични иако,во согласност на Неговото кажување,ние очекуваме ново небо и нова земја,кога ова сегашната ќе се измени.
4.Ако пак тоа што е кажано-и тоа во вид на снисходително кон нашето поимување-на душата свесните слушатели исполнета со страв и трепет,што ќе биде тогаш кога сево ова на дело ке се случува?!Колку достојни би требало да бидеме во животот во светото однесување и малку чест додека го чекаме денот на Доаѓањето Божје,поради кого,како што кажува свети Петар,небото со хук ќе помине,стихијата вжарена ќе се распадне и земјата и телата што се на неа ќе изгорат.(2.Пртр.3;10,12)?А пред ова да се заврши,ќе се случи заморно доаѓање и влијание антихристово поради борбата со верата,кој ќе биде допуштен на кратко време.Кога таа состојба нема да се прекрати,никој нема да се спаси,како што проповедува Господ во Еванѓелијата.Зато Тој ги советува Своите ближни,говорејќи:Бдејме,значи, во секое време,молејќи се да се удостоиме да го избегнете се што ќе се случи,и да застанете пред Синот Човечки(Лк.21;36).
5.Нас сето ова навистина не исполнува со голем трепет.Меѓутоа оние кои животот го проѓаат во неверство,неправда и немарност им прети нешто пострашно од ова,за што и самиот Господ кажува:Ќе проплачат сите племиња на земјата.Племињата на земјата се оние кои не се потчиниле на Тој Кој дошол од небесата,ниту го познале или признале Таткото небески,ниту пак со сличноста на своите дела се вознеле кон Неговото племе.Се кажува и следново:Бидејќи ќе дојде (оној ден)како замка на сите што живеат( десл.седат) на лицето на целата земја (Лк.21,35),односно на оние кои во прејадувањето,пијанчењето,раскошот и животните грижи се приковале себе си за земјата и земјеното,потполно засакувајќи го она што со сетилата изгледа како блескаво-богатство,слава и насладување.Со изразот “лицето на земјата“ Господ прикриено наговестува во што се состои неговата привидна радост.Зборувајќи како таквите “седат“ ( грч.καθήμενους ) Господ укажува на нивната постојана длабоко вкоренет застоен воздух.Тој со овие зборови на бесбожните им ги придружува и оние кои без покајување до крај живеат во грев,како ште претскажал Исаја:заедно ќе гори грешникот и безаконикот,и никој нема да има да говори (Иса.1,31).-Нашето живеење е на небесата ,од каде го ожекуваме Спасителот Господ Исус Христос,кажува апостолот (Фил.3,20),а Вие не сте од светот,рече Господ на Своите ученици,на кој им го порачува и ова : А кога ќе почне ова да се случува,исправете се и подигнете ги главите свои,бидејќи се приближува избавувањето ваше (лк.21,28).
6.Гледате ли како оние кои живеат во Христа исполнети со радост и неискажана храброст заради она што неопходно ќе се случи веднаш после овие случувања,додека оние кои живеат по телото исполнето со срам,жолчно и засрамено?Затоа и Павле воскликнува кажувајќи : Бог ќе му даде на секого споед делата Негови:вечен живот на оние кои со истрајноста во добрите дела ја бараат славата,честа и бесмртноста,а фурија и гнев на оние кои упорно се противат на вистината а се покоруваат на неправдата. Неволја и тага на декоја душа на човекот кој чини зло(Рим.2,6-9).Така било и во Ноевото време,кога гревот силно се намножил и превладал скоро со сите луѓе и кога од Бога дојде потопот,кој уништи се што дише,сочувувајќи го само овој праведник со целиот негов дом,поради стварање на друг свет. Бог и после ова до некаде го пресекуваше секое зло кое би се намножило во светот:со оган ги спалил Содомјаните,фараоновите луѓе ги потопил во морето а безочниот род јудејски го истребуваше со глад,немири,болести и страшни одмазди.
7.Иако сеопштиот Исцелител поради човечкиот род употребил болни лекови и постапки на исцелување,Тој не ги пропуштил ни оние средства кои радуваат и кои со лагодност се користат:така ги воздигнуваше татковците,ги покажа пророците,формирал знаменитости,го даде Мојсејевиот закон,ги прати Ангелите.Меѓутоа сето ова беше слабо пред незадржливата поплава на нашето зло,и Самиот Логос Божји го приклони небото и се симна на земјата,како голем Лек,Кој става крај и на најтешките согрешенија.Тој во се,освен во гревот стана онаков какви што сме и ние,во Самиот Себе го укина гревот и охрабрувајќи не го отапе неговото делување со крстот ги посрами неговите началници и содружници,со смртта уништувајќи го оној кој располага со смртна моќ.
8.И како што во Ноевите денови Господ ги потопи со вода грешниците,така подоцна со Својата праведност и благодет го потопи и самиот грев,е воскресна Себеси како бесмртен,како некое семе и прв плод во вечниот свет,како пример и израз на нашето воскреснување,на кое што се надеваме. Воскеснувајќи и вознесувајќи се на небото Господ по целиот универзум пратил апостоли,извел неброен збор на маченици (или сведоци)истакнал мноштво учители,ја покажал Црквата на светите (досл.преподобните). И Бидејќи се завршил,непропуштајќи да направи ништо од она што било неопходно,увидел дека со нашето самоволие повторно се зголемува злото или подобро кажано,увидел дека злото ќе се размножува во таа мера така што луѓето,оставајќи го Самиот вистинит Бог и Самиот вистинит Христос, ќе му се поклонат на антихристот и ќе му бидат послушни.Тогаш Тој Самиот ќе се симне од небото со сила и голема слава,но не веќе за да биде долготрпелив,туку да ги казни оние кои со своите лукави дела во времето на долготрпение го собрале против себе гневот Божји.Тој,тие неицелени грешници ќе ги отсече од здравите како иструлени и ќе ги предаде на огинот додека Своите ќе ги спаси од влијанието на лошите луѓе и соживотот со нив,и ќе ги направи наследници на Царството небесно.
9.А веднаш после омразената дрскост антихристова,ониј Кој се држи во Својата десница ќе предизвика огромен потрес на се,согласно со она што го кажал преку пророкот: нема да ја потресам само земјата туку и небото (Агеј 2,21),Тој,значи, ќе го потресе светот и ќе ги раскине највисоките граници ќе го свие небескиот свод,земјата ќе ја помеша со огнот и се ќе уништи, одоздола ќе ги сруши,таканаречените,темели на универзумот, а одозгора како необјасниви удари на молњата ќе ги прати мноштвото ѕвезди на главите на оние кои го обоготворуваат лукавиот,како најпрвин би ги казнил оние кој му поверувале на антихристот кој им го врзал умот,така што го поставиле наместо Бога.Потоа ќе се појави Самиот Тој со неописива слава и со силен глас ќе ги оживее сите што се заспиени од настанувањето на светот,како што некогаш со својот здив го оживеал нашиот прататко (Адам),и ќе ги покаже пред себе како живи.Тој безбожниците нема да ги изведе на суд ниту ќе ги удостои барем и со еден збор, бидејќи согласно зборовите во Писмото,безбожниците нема да воскреснат на суд,туку на осуда.
10.Според денес прочитаноите евангелски зборови Тој на суд ќе ги изнесе сите наши ,бидејќи е кажано :Кога ќе дојде Синот Човечки во славата Своја и сите Свети ангели со него.На Неговото Прво доаѓање , славата на Неговото Боженство била скриена под телото кое поради нас го примил на Себе.Сега таа се сокрива кај Таткото на небото,заедно со рамнобожно тело. Тогаш,меѓутоа,ќе се открие целата Негова слава ,бидејќи од исток до запад ќе се покаже како сјае и сите краеви на универзумот обсјајува со пламенот на боженството.Неа ќе ја следи гласот на животворната труба,кој ќе го исполни целиот универзум,и заедно со тој глас(оваа пројавена слава Божја) ќе ги повикува сите кон Него.И додека порано Тој невидливо ги попречуваше ангелите задржувајќи го нивното противење на богоборците тогаш Тој ќе дојде на очиглед на сите и нема да премолчи туку со презир ќе ги отвфрли непокорните и ќе ги предаде на маки.
11.Значи,“кога ќе дојде Синот Човечки во славата Своја и сите свети атели со Него,тогаш ќе седнат на престолот на славата Своја “,запишано е во Евангелието.На ист начин ова го претскажал и предвидел и пророкот Данило зборувајќи:Гледав до каде се поставија престоли,и седна Старецот Дана….и гледај,како Син Човечки идеше со облаците небески,и дојде до Старецот Дана и застана пред Него ,и Му се даде секоја сила и чест,и илјадници илјадници Му служеа ,и десет илјади по десет илјади стоеа пред Него (Дан.7;9.10;13).Со ова е согласно и светото Евангелие:И ќе се соберат пред Него сите народи,и ќе ги одвои помеѓу себе како пастирот што ги одвојува овците од јарињата.“Овците“ Тој ги нарекува праведниците како луѓе кротки и добри ,луѓе кои оделе по прав пат на долестите кој Тој го расчистил и кои Нему му се визуелизираа,бидејќи и Него самиот пророкот и Крстител го нарекувал Јагне говорејќи:Гледај Јагне Божјо Кое ги зема на Себе гревовите на светот (Јн.1;29).“Јариња“ пак ги нарекува грешниците како луѓе бесрамни ,кои пред себе немале пат,туку се судираа со стрмните скали на гревот.Тие првите ,кои правеле праведни дела,ќе ги постави на десна страна од Себе,а Оние кои не се како нив –од лева.“Тогаш Царот ќе рече“,кажува Тој,не додавајќи кој Цар или Цар на што,бидејќи освен Него друг цар нема:бидејќи ако тука и има многу цареви и владари,сепак постои само еден вистински Господ,еден Цар,природен Господар на универзумот. Поради ова,единствениот Цар ќе им рече на оние што Му стојат од десна страна : Одете благословени Од Такото Мој,примете го царството кое ви е припремено од настанувањето на светот (Мт.25;32)
12.И навистина ,кон тоа од самиот почеток било усмерено создавањето на светот,кон таа цел била управувана онаа небеска и најстара намера на Татковците,према кој Ангелот на Татковиот Голем свет го створил живиот човек не само по Својот образ,туку и по Своето подобие,човек кој еднаш ќе смогне во себе да го смести величенството на Царството Божје,блаженото наследство Божје ,совршенството на благословот од Отецот Небески ,и низ која (намера) станало се видливо и невидливо.Тој не кажа:од постоењето на чулниот свет,туку едноставно-“од постоењето на светот“ како небескиот така и на земјата.И не само ова ,туку и боженственото и неискажано смалување (грч. Κένωσις ) како богокочовечки начин на живот,спасоносно Страдание и сите Свети Тајни кои се смислени и мудро подредени,имаат за цел на оној кој во овој живот бил верен од устата на Спасителот да ги чуе зборовите: Добро,слого добар и верен, малиот беше верен,над многуте ќе те поставам;влези во радоста на Господарот свој (Мт.25;21).Вие што сте ја,по Моја замисла ,благоразумно користеле земјата,пропадливиот и пролазен свет,одете да го наследите овој свет кој настаил и кој сега е,свет небесен, кажа Господ,бидејќи огладенев,и Ми дадевте да јадам;ожеднев,Ме напоивте;бев странец,Ме примивте ;бев гол,Ме облековте;бев болен,Ме посетивте;бев во темнина,и Ми дојдовте.
13.Тука треба да испитаме заради што Тој ја споменува само милистињата, поради која го подарил благословот и наследството на Царството? Меѓутоа,на оние што слушаат со разбирање јасно е (Господ) не ја споменал само неа,бидејќи оние што творат милостиња претходно ги нарекол “овци“. Со тоа ја потврдил нивната сличност со Себе и исполнетост со Секаква доблест,како и тоа дека тие поради доброто секогаш биле спремни да одат во смрт,слично на Него Самиот,како што е напишано : Како јагне на колење би бил воден и како овца нема пред оние кои ја стрижат,не ја отворив устата Своја (Иса.53;7).
14.Кога би,значи,такви биле и оние,посебно го величи творење на добрата, бидејќи е потребно оној кој ќе го наследи вечното Царство и ова го поседува како појава (доказ) и плод на љубовта,како глава која ги надвиснува сите останати доблести. Господ ова го покажа и во приказната за десетте девојки (в.Мт.25;11).Имено,не сите што таму се нашле биле воведени во боженствената (брачна) комора,туку само оние кои биле украсени со девственоста.Девственоста се нема успешно до крај да се очува доколку не ја пратат аксетизам и воздржување,како и многуте и разнолики подвизи во задобивање на доблеста.Освен кога,девојките во своите раце ги држат светилките,т.е својот ум и познавање кое ме е поверено,како и активност на својата душа а што е сликовито представено како “рацете“-тие се оние кои воздигнуваат,го потврдуват и во текот на сиот свој живот му го посветуваат на Бога умот и душата,поради тоа и се поврзуваат со светилките.Неопходно е исто така да има и доволно масло ,за светилките да можат да горат.Маслото е љубов,како круна на доблеста.И како што би , поставувајќи темели и подигнувајќи зидови но не доизградувајќи кров,сиот свој труд бил бескорисен,така ќе се случи и ако ги стекнеш сите доблести,но не ја задобиеш љубовта: со тоа сите нив ќе ги направиш бескорисни и залудни.Меѓутоа подеднакво е точно дека ни кровот на куќата неможе да се догради без потпорнице ѕидови одоздола.
15.Според тоа,Господ го дава наследството на Царството на оние на кои им останале доблестите запечатени со делото на љубовта:таквите дошле до љубовта или со својот беспрекорен живот или преку покајанието во неа нашле засолниште.Како чувари на таинственото раѓање од Бога ,оние првите меѓу нив ги нарекувам “синови“.Другите пак “наемници“,бидејќи, заблагодарувајќи на обилството на потта од покајание и смирување, повторно ја здобиле благодедта како некоја плата (за својот труд).
16.Заради тоа,изложувајќи предходно во светото Евангелие тоа што се однесува на судот,Господ потоа го навел и тоа што се однесува на љубовта како нешто што се усовршува и подтикнува на веќе наброени доблести (творбата на добрата).Праведниците пак одговарајќи ќе кажат: Господе кога Те видовме гладен,те наранивме? Или жеден,напоивме?Кога ли Те видовме како странец,те примивме?Или гол,те облековме?Кога ли Те видовме болен или во темнина дојдовме кај Тебе!Ги гледате ли тие праведници што стојат од десна страна на Бога?На нив покрај праведноста и напоредно со праведноста својствено и милосрдието.Ја гледате ли уште едната доблест посведочена кај праведниците како дополна на многуте љубови,која е слична благовремено подигнат бадем(да ги штити сите доблести) а тоа е помирувањето?Таквите тврдат дека се недостојни на величење и пофалби,како да не направиле ништо добро-и тоа заправо тие за кои имаме сведоштво дека ниедно добро не пропуштиле да него направат!
17.Токму поради тоа,како што мислам ,Господ одговара на нивната смелост,како би се покажале на сите,како со своето смирување би се возвишиле и праведно би ја задобиле Неговата благодет.Така и сега Тој им говори:навистина ви кажувам:кога му помогнавте на едниот од овие Мои најмали браќа,Мене ми помогнавте.“Најмалите“ ги нарекува и покрај сиромаштвото и незнаењето на нивната положба,а “браќа“ заради тоа што и самиот така (во сиромаштво) живеел на земјата во телото.
18.Слушнете и исрадувајте се сите,кој сте сироти и сиромашни,бидејќи по тоа сте браќа Господова;и без разлика што сте биле сироти и сиромашни независно од вашата волја,со тоа што ќе трпите и ќе благодарите (на бога),ќе направите тоа ваше богатство да постане доброволно.Почујте и вие, богатите , и пригрлете го блаженото сиромаштво,за да станете сенаследници и браќа на Христа,и тоа уште поблиски отколку што се тоа луѓе кои се во сиропиташиште спротивно од својата волја,бидејќи и Тој поради нас доброволно бил сираче.Почујте и заплачите вие што наоколу ги презирате своите страдални браќа,или ,подобро речено,браќа на Господа,па од вашето изобилие на сиромашните не им давајте ни храна,ни засолниште,ни облека, ни неопходно стареење,и својот остаток (сувишно) не користете го за пополнување на нивните недостатоци.И подобро би било да кажам,бидејќи и мене самиот ,кој ова ви го зборува,прекорува совеста, бидејќи не сум потполно слободен од страстите:се додека има многу од оние што се смрзнуваат и гладуваат,толку сум јас пресит и облечен.На големиот плач се достојни оние што добрата,кои ги надминуваат секојдневните потреби,ги поседуваат и задржуваат,па дури се грижат и како да ги размножат.На нив им е заповедано да ги љубат ближните свои како самите себе,а тие не ги сметаат за вредни дури ни за земјениот прав! Тоа значи дека среброто и златото сме ги засакале повеќе отколку своите браќа!
19.Да се обратиме и покаеме и помагајќи им на браќата кои се сираци во нашата средина ,да ги направиме заеднички сопственици на имотот со кој што располагаме.Ако своеволно не избереме богољубиво да го разделиме целиот свој имот,немој немилосрдно да задржиме се за себе.Да го направиме ова едно,а поради она што го пропуштаме да се смириме пред Бога,па ќе го добиеме неговото простување,бидејќи неговото човекољубие ќе го дополни нашиот недостаток.Никако да не се случи да го слушнеме оној страшен глас како вели:Одете од Мене,проклети.О како е тоа страшно: Одалечете се од животот,бидете изземени од насладувањето,бидете лишени од светлоста!
20.Тоа меѓутоа не е се бидејќи го вели и ова:Пак Одете од Мене проклети,во вечниот оган кој што е подготвен за ѓаволот и неговите анѓели. Оние што се наоѓаат од десната страна ќе имаат “изобилие“ :ќе го имаат во изобилие поради тоа што се наоѓаат во близината Божја,но и поради тоа што ќе живеат како синови и наследници на Царството.Наспроти ова оние што стојат од левата страна со одалечувањето од Бога го изгубиле вистинскиот живот. Тие ќе изобилуваат со зло бидејќи ќе бидат придружувани од демоните и предадени на пеколни маки.
21.Каков е тој огин кој ги спалува и телесните суштества и бестелесните духови,така што се мачат а остануваат бесмртни,оган од кого ќе се растопи и нашиот земен оган , како што е запишано :стихиите ужарени ќе се растопат (2,Петр.3;12)?Колку се зголемува страдањето поради отсуство на надежта во избавувањето,бидејќи тој оган е неизгасив! Што означува тоа насилно фрлање во оган?Велат постои река која го носи тој оган и ги носи луѓето се подалеку од Бога. Затоа Христос не кажал:“отидете“,туку “одете“ (т.е непрестанато одалечувајте се)од Мене проклети,бидејќи сте проклети и поради сиромашните иако тие би ве трпеле,достојни сте на проклетството. Одете,говори Господ,во оган кој што не е подготвен за вас,туку за ѓаволот и неговите анѓели.Не беше таква Мојата првобитна волја,не ве створив поради тоа ниту пак поради вас го создадов тој оган.Тој неизгасив оган запален е поради демоните на кои злото им стана навика но вашата непокаена волја слична на нивната и вас ве сврстила помеѓу нив.Вие самите доброволно сте го избрале соживотот со злите ангели:Бидејќи огладенев,и не Ми дадевте да јадам;ожеднев и не Ме напоивте;бев странец и не Ме примивте;бев гол ,и не Ме облековте;бев болен и во темница,не Ме посетивте. И како што браќа, љубовта и љубовните дела представуваат мноштво на доблести,така и омразата и делата на омразата,одсуството на страдање и волја ништо со никого да не делиме представуваат мноштво на гревови; и како што деблестите го следат човекољубието и постојат паралелно со него,така и омразата ја следат гревови и затоа луѓето веќе и само поради неа (омразата) биваат осудени.
22.Сакав да кажам,дека нема поголем пример на омраза кон луѓето одколку кога некој изобилството на пари го цени повеќе од братот.Меѓутоа,гледам дека може да се најде уште поголемо зло и уште полош пример на омраза кон луѓето,бидејќи има и такви луѓе кои не само што не сакаат да ја делат милостињата од своето богатство,туку и туѓото ќе го присвојат.Така врз основа на она што е одлучено за немилосрдните,нека заклучаш што всушност на себе си,си спремаат,какви страдања ќе ги достигнат,на какви непоимливи и страшни осуди се достојни,нека се одалечат од неправдата и со делата на покајание го смилуваат Бога.Тие тогаш вака ќе говорат:Господе кога Те видовме или гладен или жеден или странец или гол или болен или во темница и не Ти послуживме ?
23.Го приметувате ли (со овие збороби) и она најкрајното зло-гордоста,која секогаш е поврзана со бесчуствителноста (досл.со стсуство на сострадание) како што е ,спротивно на тоа состраданието поврзано со смирувањето? Така праведниците пофалени поради правењето добра,не сакаат да се оправдуваат ,туку уште повеќе се смируваат.Оние пак (горделивите) бидејќи Праведниот Судија ги осудува поради нивната бездушност,нималку не паѓаат и не се смируваат,туку си противречат самите на себе ,поради што ќе се чуе :навистина ви велам: Кога не му помогнавте ниту на еден од овие најмалите,не ми помогнавте ниту на Мене.Така,кажува (Евангелието) ќе отидат “овие во вечна мака ,а праведниците во вечен живот“.
24.Да бидеме,значи,браќа милостиви кон самите себе си,така што ќе бидеме милостиви кон ближните;со состраданието,ќе добиеме сострадание,да направиме добро за и на нас да ни биде направено добро,бидејќи нашата плата ќе биде соодветна на тоа.Меѓутоа нашето доброчинителство и човекољубие,нашата љубов,милосрдие и сострадание ниту по мерка,нито по значење неможат да се споредат со она што далеку ги надминува. Ти,всушност,пружаш од она со што располага човекот,и колку човекот е кадарен да направи добро, а примаш стопати повеќе од боженствените и непресушни ризници и добиваш вечен живот ,а добрините ги добиваш од она колку што Бог може да чини добро,односно од она што окото не го виде, увото не го слушна и во срцето на човекот не влезе (1.Кор.2,9).
25.Да побрзаме да се здобиеме со богатството на милоста,со малку пари да купиме вечно наследство.Да се престрашиме на доличен начин поради одлуката која е донесена за немилисрдните,за да не бидеме и ние одудени врз основа на неа.Да не се плашиме дека со делењето милостиња и самите ќе осиромашиме,бидејќи и ние ќе чуеме од Христа : Одете благословени од Мојот Татко,наследете го Царството.Да се престрашиме, и да направиме се за да поради немилосрдноста не останеме надвор од љубовта кон Бога, бидејќи како што кажува Евангелистот кој не го љуби братот свој кој го гледа,како може да го љуби Бога Кого не го видел(1.Јн.4;20)? И како би можел оној што не го љуби Бога да живее покрај Него?Оној пак што не е со Него,ќе си отиде од Него ,а кој си оди од него ќе се сруши во пеколот.
26.Ние меѓутоа ќе ги покажеме делата на љубов кон нашите браќа во Христа:пружајќи милост на сиромашните,враќајќи ги заблудените на правиот пат, каква и да била нивната заблуда или потреба,ќе бидеме праведни кон неправедните,ќе ги крепиме оние што лежат поради слбост, било да страдаат од видливи или невидливи непријатели,било да трпат маки поради зли духови или поради страстите на бесчесноста ,ќе ги посетиме затворените во темнините, поднесувајќи ги оние што не напаѓаат и си угодуваат еден на дрг дури и ако него негодува поради својот брат, бидејќи и Христос нам ни угодувал.Едноставно кажано, на сите нажини, со сите дела и зборови, со се што располагаме да покажеме љубов едни кон други,за да и од Бога добиеме љубов и за да Тој не благослови,за да го наследиме небесното и вечно Царство кое ни е ветено и подготвено за нас од настанувањето на светот.
27.Сите ние да се удостоиме за ова Царство со благодет и човекољуние на Господ наш Исус Христос,со кој нека е на Отецот како и Светиот Дух чест и слава во век и векови.Амин,
превод на македонски сестра Сања

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.