ОБИЧАИ ПО ПОВОД БАДНИК И БОЖИЌ

HRISTOS SE RODI
Од денот на Христовото раѓање започнува христијанската ера, и од тој ден христијанскиот народ, а и целиот останат свет почнуваат да ги бројат годините.
За спомен од раѓањето на Христос, уште од времњата на апостолите воспоставен е големиот празник –Божик. Свети Јован Златоуст вели дека Божик представува извор за сите христијански празници, затоа што да не било Христовото раѓање, не би имало ни крштевање, ни воскресение, ниту нешто друго.
Божик од почеток не се празнувал истиот ден, туку дури во четвртиот век, во времето на царот Аркадиј, воведено е Божик да се празнува одвоено од Богојавление и да се празнува на 25 декември, по Јулијанскиот календар, (7.јануари, по новиот Грегоријански). Тој ист ден Римјаните имале празник кој се викал„ Dies natalis Solis invicti„ ден на славење на сонцето кое непрекинато се враќа кон летото и се повторува, така да празнувањето на Божиќ е определено во тој ден за да се потисне овој римски празник.
За христијаните достојно да се припремат за Божиќ воспоставен е пост од 15. ноември до 24.декември, според Православниот, Јулијански календар, кој не е така строг како Велигденскиот. Тој одговара на зимскиот годишен период. Меѓутоа Божиќ, без разлика во кој ден ќе падне, е мрсен.
На иконата на Христовото раѓање, претставено е вака: пештера и во неа јасли; Пресвета Богородица со Јосиф и младиот Исус. Овчарите се поклонуваат, а сјајна ѕвеѕда со својата светлост го осветлува новородениот Христос. Во височината летаат ангели, за јаслите се врзани мазгите, а јагнето е во преден план.
Божиќ е подарок над подароците, ден во кој се открило она што е ново под сонцето. Бог нас и сите човечки поколенија не учи да не се одвојуваме едни од други, туку едни на други бремињата им ги носиме, да се сакаме едни со други, да им помагаме на слабите и сиромашните и братски да ги делиме добрата. На големиот празник му предходи и голема припрема претставена во четириесетдневен Божиќен пост. Бадниковата вечер и Божик традиционално се прославуваат во семејството, а со пригодно украсување на куќата во духот на овој голем празник, дополнително се нагласува свечената атмосфера.
За Божоќ лугето со, наместо вообичаениот поздрав, се поздравуваат со “Христос се роди“ и “Вистина се роди“.
Некогаш домаќинките со посебна љубов ги украсувале своите домови и така го спремале за денот на Христовото раѓање, а наместо елка, традиционално е украсуван голем Бадник и тоа најчесто со суво овошје, со шишарки, со бомбони завиткани во шарена украсна хартија и со останати пригодни украси.
Многу адети денес се приспособени на современиот начин на живот.Интересно е тоа што за вечера се спрема непарен број на посни јадења, а тоа, како што се верува има врска со култот на предците. Трпезата е сместена на подот, затоа што се верувало дека така ќе биде најблиску до душите на умрените. Затоа вечерата поминувала во мир и тишина, а ако имало скарани во семејството, на Бадник мораат задолжително да се смират.
Обичај е домаќинот на Бадник да оди да сече бадникови гранки, најчесто е тоа дабово дрво, да би го вечерта внел дома и со тоа би го означил почетокот на Божиќните празници. На Бадник ништо не се изнесува од дома и се јадат посни јадења. Со овој ден веќе почнува Божиќното славење. Постои верување дека на овој ден не е добро да се караат, а ниту да позајмуваат туѓи работи.
Менито за Бадниковата вечера никојпат не се менува. Додека домаќинот е во шума и сече бадниково дрво, домаќинката го меси бадниковиот колач, бадниковата погача без квасец, чесница, која за време на вечерата се крши, не се сече. Од јадењата на маса, покрај лебот и солта, треба да се најде и риба пржена на зејтин, кисела зелка, тестенини со ораси, зимница, мед, вино и тавче гравче.
Секој дел на оваа празнична посна трпеза има своја симболика.
Во очи на Божиќ со слама се посипува подот од куќата, со што домот се претвора во онаа витлеемска пештера, во која се роди Христос, и во која се простира слама за да лежи стоката. Во селските куќи сламата на подот останува и по три дена, а во градовите оваа симболика е сведена на еден грст слама која се поставува до бадниковото дрво.
На ден Божиќ христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат а потоа си одат дома, каде што е спремена богата трпеза. Адет е и да цел ден на масата стои пченицата во која има ставено свеќа.
Ова природно зеленило е украс на божиќната маса, а симболично представува умирање и повторно раѓање на природата, а во христијанската вера благослов на жетвата.
Тој ден луѓето празнуваат во својот дом, а после ручекот одат да им честитаат Божиќ на роднините и пријателите. Коледе или честитање некојпат се правело со пеење на традиционални божиќни песни, а адет било домаќините да ги даруваат коледарите.
Православните верници вториот ден го слават Собор на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божиќ, се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.
СИМБОЛИ НА БОЖИЌ – БАДНИКОВО ГРАНЧЕ
Тоа е обично мало дабово дрво кое на Бадник рано наутро се сече и се носи пред куќа. Навечер, во очи на Божиќ, бадниковото дрво се сече и заедно со сламата се внесува дома.
Бадниковото гранче симболички го претставува дрвото кое овчарите го донеле, кое праведниот Јосиф го запалил во студената пештера, кога се родил Христос.
СЛАМА
После бадниковото гранче, во домот се внесува сламата, која се посипува по цела куќа. Според народното верување , сламата се внесува дома затоа што и Христос е роден на слама.
ПОСНА ВЕЧЕРА
Кога ќе се внесе бадниковот гранче и сламата, семејството седнува на масата. Вечерата е посна, најчесто се спрема тавче гравче, свежа или сушена риба, и други посни јадења.
ЧЕСНИЦА
Таа се смета за многу важен обреден колач. Рано наутро на Божиќ домаќинката замесува тесто од кое ќе пече погача која се вика чесница. Во неа се става метална паричка, одозгора се боцка со бадниково гранче и таа чесница има улога на славски колач за Божиќ. Кога чесницата ќе биде печена, се поставува на маса, каде што веќе е поставен божиќниот ручек. Чесницата се крши на онолку делови колки што има членови семејството. Тој кој што ќе добие чесница во која што е паричката, по народно верување, ќе биде среќен цела година. Кога ќе се заврши со кршење на чесницата, семејтвото еден на друг си го честитаат празникот и седнуваат на трпезата .
СВЕЧЕН РУЧЕК
Првиот ден на Божиќ не се оди никаде од домот, туку семејството собрано ужива во ручекот и во топлата семејна атмосфера. Божиќниот ручек е првиот мрсен оброк после долгиот пост и секојпат е богат и разновиден, но го одбележуваат два неизоставни елементи:чесница и печеница. Ручекот претставува најсвечен момент на Божиќ. Божиќната трпеза, по народното сфаќање, мора да биде полна и обилна. Било правило да на Божиќ целото семејство добро се најаде и напие.
Превод од српски јазик сестра Слободанка

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.