ВЕРАТА ВО ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ДЕНЕС

crkva-vaskrsenja-u-jerusalimu-1
Сите сме родени од татко и мајка православни и тоа е едно од најголемите дарови кои сме ги наследиле од нашите претци и нашето семејство.
Сите веруваме во она кое сме го наследиле, кое сме живееле и сме се соживувале со години од нашето рано детство во и после турското, потоа фашизмот и комунизмот и денес после сето тоа во една од последните фази на диктатура наметната со сила и пари.
Зборот ќе биде тука во овој текст конкретно за црквата наследена од времето во последните денови на стариот завет во кој Свети Јован Крстител го најавува доаѓањето на Господа Кој ќе ни го донесе спасението и воскресението и вечниот живот.
Со самото доаѓање на Исус Христос и со почнувањето на Неговото време го гледаме и Неговото живеење во куќата на праведниот Јосиф и Пресвета Дева Марија кои живеат едноставно и сиромашно, но среќни знаејќи што имаат во својот дом. Исус како дете ја покажува на сите својата скромност и во своето облекување кое било се до неговото последно на земјата многу едноставно и кога почнал да служи во тогашната црква Он и сите останати биле во едноставна одежда од ленено платно од кое тогаш ги правеле своите секојдневни облеки.
Така и со доаѓањето во Ерусалим, Исус го чекале фарисеите и останатите верници во златни кочии и пратеници околу него со златни срмени одежди кои денес ги гледаме многу убаво на нашите денешни фарисеи кои го продолжија своето верување во златото и парите.
Да токму така, сето тоа го гледаме во прикажаните слики и во денешните храмови на светите литургии и празници како се денес облечени свештениците ,архиереите и патријарсите во разно разни бои на одеждите во златна срма и златни митри и крстови од свети камења, а сето тоа од народот кој поверува и верува во Господ Исус Христос и во Него верувајќи, го одвојуваат од себе и последното за да го подарат на овие денешни зла кои ја здогледаа убаво можноста од верата да го остварат својот сокриен живот зад ѕидините на манастирите и храмовите од каде ја соопштуваат лажно состојбата на сиромашната црква која вистински всушност живее во раскол и раскош.
Црквата денес од своите верници, еве прво во Ерусалим каде и се започна, каде што секојдневно доааѓаат милиони вернци од сиот свет, а преку годината поминуваат и над 20 до 30 милиони луѓе наречени туристи да го посетат Гробот на Исуса и градовите околу каде Он живеел со своите Апостоли, црпи пари.
Грубо избројано е дека секој еден турст, верник или гостин преку годината, остава во црквата и самата земја по еден долар,тоа би било 20 до 30 милиони долари и така ако сето тоа го помножиме, реално доаѓаме до една цифра годишна само во Палестина од 50 милијарди долари за една година, а тоа веќе е така во последните 30 години.
Замислете што е со останатите православни сметки и трезори?
Замислете што се би можело да се стори со овие пари, а не се прави, туку се трошат за свои лични интереси и личен убав и без проблеми живот „православен“.
Зборувам само за Православната црква оти во неа сум роден и за друга незнам.
Зборувам оти во последниве години во нашата земја Македонија се изградија цркви без потреба вредни и по 2 до 3 милиони евра, а во земјата глад, жед, црна сиромаштија и беда, православниот македонски народ одвај составува крај со крај во еден месец, а понегокаш и не може да состави.
Една архијерејска одежда чини од 5 до 10 илјади долари. Замислите во 3 бои истата само за еден, а каде се останатите.
Од каде се тие пари? Зошто сето тоа во православната вера, во православната црква одговорот е сокриен зад високите верски ѕидини.
Но сето ова не е причина да престанеме да веруваме во Господ, туку сето ова да го измениме и стопираме оти Господ тоа од својот народ не го бара.
Едноставна црква и силна вера со скромни секојдневни традиции.
Секој еден треба да верува оти без вера не сме народ, без вера во себе сме празни.
Патријарх на Македонска Вистинска Православна Црква
††† Јован – Хаџи

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.