ПОКАЈНА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Господи, пред тркалото на времето да сопре во мојот живот, помилуј ме!
Пред и ветрот на смртта да дувне, и на телото мое болести се појават – на смртта весници – помилуј ме! Пред и величественото сонце на висините да се помрачи за мене – помилуј ме! И нека блесне за мене светлоста Твоја од висините, и нека ја растера од умот мој страшната темнина. Пред и земјата да се врати во земја, и стане гнилеж, и пред пропаста на сите црти на личотата нејзина – помилуј!
Пред и гревовите мои да ме прелажат на Судот и посрамат пред Судијата – помилуј, Господи, со благости исполнет! Пред и воинствата да излезат, и претходат на Синот Царев, да го соберат родот наш беден, пред Престолот на Судијата – помилуј! Пред и гласот на трубата пред присуството Твое да се зачуе, поштеди ги слугите Твои и помилуј, Господи наш Исусе!
Пред и дверите Твои да ги заклучиш пред мене, Сине Божји, и пред и храна на незгасливиот оган пеколен да станам јас, помилуј ме!

This entry was posted in Молитвеник. Bookmark the permalink.

Comments are closed.