БИБЛИСКА ИСТОРИЈА

GRBOTNAMVPC
Со благослов на неговата Светост
Патријарх на
МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ПАТРИЈАРШИЈА И ЦРКВА
на Македонија и македонскиот народ во дијаспората, Норвешка,Скандинавија,Палестина и цел свет
††† Јован – Хаџи
БИБЛИСКА ИСТОРИЈА
Издава:МВПЦ
Превод и технички уредник:
Сестра Слободанка
Скопје, Република Македонија
2015 година Господова

Протојереј Мирослав Д. ПРОТИЧ
СОЗДАВАЊЕ НА СВЕТОТ, ЖИВОТ НА ПРВИТЕ ЛУЃЕ ВО РАЈОТ
Создавање на светот,како што кажува апостол Павле: “ШТО СЕ НАПИША – ЗА НАШАТА НАУКА СЕ НАПИША, ДА НАДЕЖ ИМАМЕ СО ТРПЕНИЕ И УТЕХА НА ПИСМОТО“ (Римј. 15,4).
Пост. 1, 1-27; 2, 1-3.
Во почетокот, кога сеуште немаше ни денови ни време, го создаде Бог небото и земјата. Под небо се подразбира светот невидлив духовен, – бестелесен духовен, обдарен со разум и слободна воља, кои се викаат ангели, и нивното место на живеење; а под земја – свет видлив, вештаствен.
Земјата беше безоблична и празна. Тоа е вештаство, кое немало определен облик, особини и граници, не било поставено на определен темел. Над овие невидливи вештаства се подигаше живототворниот Дух Божји и влеваше во него создавачка и живоносна сила.
И рече Бог : “нека биде светлост“, и биде светлост. Бог ја раздели светлоста од темнината; светлоста ја нарече ден, а темнината – ноќ. Одпочна сметање на времето: биде вечер и биде утро, – ден прв.
Потоа рече Бог: “нека биде свод по средина на водата“. И така биде: создаденото прво вештаство на светот се радели на многу небесни тела, и помеѓу овие тела се формираа отворени простори на небото воздушесто и ѕвездано, во кои тие силно се држат: поради што и небесните простории се нарекуваат свод. И биде вечер, и биде утро, – ден втор.
Во третиот ден рече Бог: “нека се собере водата што е под небото на едно место, и нека се покаже суво“. Така, затоа и биде. И сувото го нарече Бог земја, а збориштата водени ги нарече море. Пак Бог рече: “нека ја пушти земјата од себе тревата, билките што имаат семе и дрво родно“. И се појави на земјата трева, билки што носат семе, и дрва родни.
Во четвртиот ден Бог рече: “нека бидат светила на сводот небесен да ја осветлат земјата“. И гледај, светлост, создадена во првиот ден, се формирала на определени места, и на сводот небесен се појави сонце, месечина и ѕвезди.
Во петиот ден, на речта Божја, земјата ги произведе сите живи души што се движат и рибите, и птиците полетаа над земјата. И ги благослови Бог, велејќи: “раѓајте се множете се и наполнете ја водата по морињата, и птиците нека се множат на земјата“.
Во шестиот ден, на речта Божја, земјата произведе стока и ситни животни и ѕверови земски. Кога на земјата се појавија живи битија, Бог го создаде човекот, – маж и жена. И виде Бог се што создаде, и најде дека се е многу добро. И биде вечер, и биде утро, ден шести.
Во седмиот ден Бог се почина од делата создавани, т.е. не создавал ништо ново: затоа тој ден е наречен сабота, што значи одмор. Господ го благослови тој ден и го освети, и стана саботата празник на луѓето, свештен ден во спомен на создавање на светот.
Создавајќи го светот, Господ Бог не го остави без Своја грижа и не престана да работи во него. Он е творец на Светот и Седржител на се; Он го држи светот во Своја власт, управува со него и се грижи за него, со еден збор: Он чува живот и сила на се што создал, се во светот упатува на добро и помага секакво добро.
Бог создал се по својата добрина затоа, да секое од создадените битија добива од Него толку добро, колку што може да прими, и да се радува колку што силите му дозволуваат. По својата природа човекот е поголем од сите земски створенија; затоа и Бог му наменил поголем дел од блажестава во тоа, да го познае Бог и да живее во слава Божја.
2.Создавање на светот, Блажениот живот на прародителите во рајот
5508. г. пред Христос.
Пост. 2. 7-25; 1, 27-29; 5, 1-2

Бог го создал човекот од прав земјен и дувнал во него душа, создадена по слика и прилика Божја, т.е. обдарен со чист разум, нерасипан и со света воља. Со оваа душа човекот воглавно и се разликува од останатите животни. Првиот човек наречен бил Адам, што значи црвен, направен од црвена земја. Бог го насели во рајот, убава градина, во Едем, на исток, каде течат реките Тигар и Еуфрат, и му определи да се храни со семе од билки и плодови од дрвата, а животните на земјата со – трева. Освен обичните дрва во рајот растело и дрвото на животот, чиј што плод имал моќ да го чува човекот од болести и смрт, и дрво од познавање на добро и зло. Воведувајќи го Адам во рајот, Господ му даде закон да го чува и да го обработува (2) и му ги донесе сите животни. Адам на секое животно му даде име и запази да помеѓу живите битија не се најде другар како него. Тогаш Господ пушти на Адам тврд сон, и додека спиеше зема од него едно ребро и од тоа ребро му создаде жена. Он ја доведе кај Адам, ги благослови, како маж и жена, и им рече: “множете се и наполнете ја земјата, и владејте со неа, и бидете господари на сите животни, и над сета земја. (3) И еве, ви ги дадов сите билки што носат семе по сета земја и сите родни дрва“.
Да луѓето не би се занесле со својата големина и да не заборават дека над нив е Бог, Кој ги создал по своја слика, Господ им даде заповед. Водејќи го Адам во рајот, Он му рече: “не јади од дрвото на познавање на доброто и злото, бидејќи во кој ден ќе вкусиш од него, ќе умреш“. Адам и кажа на жената своја за оваа заповед Божја.
Првите луѓе јаделе во рајот. Не боледувале, ниту се мачеле телесно; во нивната душа немаше ни лага, ниту непријателство и тие како подполно невини деца не знаеа за срам. Совеста ја чувала душата нивна од секакво зло.
Живеејќи во рајот, луѓето ги изучувале созданијата Божји, по созданијата го познавале големиот Творец и се учеле да Го љубат и да го прославуваат, се научиле и да живеат така, да бидат над земските созданија и поблиску кон Бог. Згора на тоа, Сам Бог им се јавувал во рајот и зборувал со нив, како со Свои деца, им одкривал тоа што им било потребно да го знаат а што самите не можеле да го знаат – им давал Свое божествено откровение.
3. Првиот грев.
Пост. 3,1-7.

Блаженството на првите луѓе не траело долго. Ѓаволот им позавиде и ги излажа да ја погазт Божјата заповед. Еднаш жената се запре кај забранетото дрво и ја здогледа на него змијата, животно, најитро од сите полски зверови. Ѓаволот влезе во таа змија и ја праша жената: “дали е вистина дека Бог рекол да не јадете од секое дрво во рајот?“ Жената одговори: “ние јадеме плодови од секое дрво во рајот; само плодот од тоа дрво среде рајот, рече Бог, не јадете и не допирајте го него да не умрете“. На тоа ѓаволот рече: “нема вие да умрете; туку знае Бог дека вам во тој ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што е зло“.
Зборовите на ѓаволот ја разбудија во жената радозналоста и недовербата кон тој што и кажа Адам за дрвото од познавање на доброто и злото; кај нејзе се роди желба да вкуси од забранетиот плд, и таа се не воздржа од таа желба. Забранетото дрво и се покажа особено убаво; таа помисли како мора да биде сладок плодот негов, и како е убаво да се знае се, добро и лошо. Таа собра плод од него и го вкуси; потоа му даде и на Адам, па и тој вкуси.
Така првите луѓе згрешија и со својот грев ги заразија не само своите души, туку и душите на сите луѓе, кои произлегле од нив.
4. Поледици од гревот. Казна за гревот и ветување за Спасителот.
Пост. 3, 7 21.

Кога првите луѓе погрешиле, во нивната душа се се променило. Тие го изгубиле душевниот мир. Совеста ги мачела; чувствувале срам и страв. Збунети, срамејќи се едно од друго, тие сплетоа листови смоквини и направија за себе престилки. А кога залади (во вечерните часови), тие го слушнаа гласот на Господ Бог, Кој одеше по рајот.Порано се радуваа на појавата Господова; сега таа ги исплаши, и тие се скрија помеѓу дрвјата во рајот. Тие и не помислуваа дека од Бог, Кој е сегде присатен, човек не може да се сокрие; толку гревот им го помрачил паметот. Бог сакал да луѓето сами ја признаат својата вина и зато го праша Адама: “каде си?“ Адам одговори: “го чув Твојот глас во градината, па се уплашив, бидејќи сум гол, па се сокрив“. – “ А кој ти кажа дека си гол? Да не си јадел од тоа дрво што сум ти забранил да не јадеш од него?“, го запраша Господ. Но гревот го расипал и срцето на луѓето. Наместо да го признае својот грев, Адам почнада ја фрла својата вина на жената, а со тоа и на Самиот Бог, Кој му дал жена: “жената која си ја здружил со мене, таа ми даде од дрвото па јадев“. Тогаш Господ ја праша жената: “зошто тоа го направи?“ Угледувајќи се на мажот, жената одговори: “змијата ме прелажа, па јадев“. Така првите луѓе согешиле и со тоа се одалечиле од Господа. Тие сами себе многу се казнија и биле на ивица на пропаста.
Но преблагиот Бог не сакал да луѓето пропаднат. Он сакал да ги спаси. Поради тоа пред се го проколна ѓаволот, кој зборувал со устата на змијата, и рече: “ставам непријателство помеѓу тебе и жената и помеѓу семето твое и нејзино; тоа на глава ќе ти стои, а ти за пета ќе го касаш“. (4)
Изрекувајќи му ја казната на ѓаволот, Господ им изрече казна и на луѓето. Он и рече на жената: “со мака ќе раѓаш деца, и волјата твоја ќе стои под власта на мажот твој, и тој ќе ти биде господар“. Потоа се заврте кон Адам и му рече: “земјата да ти е проклета; со мака ќе се од нејзе храниш до својот век; трње и коров ќе ти раѓа, а ти ќе јадеш зеленчук полски; со пот на лицето свое ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земја од каде си земен; бидејќи си прав, и во прав ќе се вратиш“.
Луѓето со вера примиле од Господ ветување за Спасителот, Кој ќе ја победи смрта. Таа вера Адам одма и ја покажал, нарекувајќи ја својата жена Ева, што значи живот. А да луѓето не заборават на ова Божјо ветување, милостивиот Господ им заповеда, да Му за жртва колат телиња, овни и јарци и да ги спалуваат, молејќи се да им ги прости гревовите и верувајќи во доаѓањето на Спасителот. (5) Во рајот била принесена првата жртва за грев на луѓето. Од кожата животинска Господ направи алишта на Адам и на Ева и ги истера од рајот. По заповед Божја херувим, со пламен меч застана на влезот во рајот и не дозволува на луѓето да дојдат до дрвото на живот.
РОДОТ ЧОВЕКОВ ДО ПОТОПОТ
5. Каин и Авел.
Пост. 4. 1-16, 25, 5, 8.

Адам и Ева се населија источно од рајот. И одма почнаа да ги стасуваат страдања и несреќи. Со тешка работа тие добивале храна. Земјата често им дава трње наместо леб; многу животни, кои порано им се покоруваа, сега им станаа штетни; воздухот им носеше болести. Во исто време гревот ја притискаше душата нивна. Едно само сигурно имале – надеж на Спасителот. Со нетрпение го чекале Спасителот, и со верба во Него се молеле на Бог и Му принесувале жртви за гревовите свои.
По протерување од рајот Адам и Ева почнале да добиваат деца, синови и ќерки. Кога им се родил првиот син, Ева рече: “добив човек од Господ“ и го нарече Каин, што значи добиток. По своја прилика таа помислила дека овој син и е ветениот Избавител. Но наскоро видела дека се излажала во надежта, а својот втор син го нарече Авел, што значи суета (или плач, привидение).
Децата на Адам и Ева порасна и почнаа да работат. Секој превзема работа спрема своите наклонетости: Авел, пасел овци, а Каин обработувал земја. Еднаш Каин и Авел принеле жртва на Бог. Каин принел жртва од родот земјин, а Авел – првенец од овнот од своето стадо. Двајцата принесоа тоа што беше најубаво од својте трудови. Но Авел принел жртва со вера во ветениот Спасител, со молитва за помилување, а Каин принел без верба и гледал на жртвата, како на своја заслуга пред Бог. Поради тоа Господ жртвата Авелова ја прими, а Каиновата не. Од тоа време Каин почна да му завидува на својот брат и го замрази.
Милостивиот Бог сакаше да се Каин поправи и го чуваше од лоши дела. Он му рече на Каин: “што се љутиш? Зошто ти се промени лицето? Внимавај, гревот е на врата; а неговата волја е под твоја власт, и ти си постариот“. Каин не го уништи во себе тежњењето кон зло и зависта го доведе до страшен грев: тој го одведе братот свој Авел во поле и таму го уби. Тогаш Господ го запраша Каин: “каде е брати Авел?“ Каин дрско одговори: “не знам; зарем сум јас чувар на братот свој?“ Господ му рече на Каин: “што направи? Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене. И сега, да си проклет на земјата, која ја отворила устата своја да ја прими крвта на братот твој од раката твоја. Ќе бидеш бегалец на земјата“. Каин затрепери, но не затоа што се каеше за својот злочин, туку од страв да не му се осветат за смрта на братот. “Вината моја е голема да неможе да ми се прости“, му рече на Господ. “Еве ме истеруваш денеска од оваа земја да се кријам пред Тебе, и да се скитам и талкам по земјата, па ќе ме убие, секој кој ќе ме сретне“. Но Господ одговори: “за тоа кој го убие Каина, седум пати ќе се покае“ (1). И направи Господ знак на Каина да не го убие, кој ќе го сретне. После тоа Каин не можел да остане во таа земја во која Бог се јавувал на луѓето; тој отиде со својата жена и се насели на исток кон Едем, каде подоцна изградил град.
Лошото дело Каиново многу ги разжалостило Адам и Ева. Тогаш Бог и подарил наместо Авела друг син, кого Ева го нарече Сит, што зачи темел. Сит бил столб и темел на побожниот род. (2)
6. Каинови и Ситови поколенија. Мешање на племиња.
Пост. 4, 17-24. 5.6, 1-2.

Каин, родоначалник на племето, кое се одвоило од домот Адамов, ја предаде на ова племе и својата несреќа. Неговите поколенија брзо заборавија на Бог и се грижеа само за земската добивка. Многу корисно тие направија за попројатно живеење. Тие на крај го пронајдоа челикот и железото, ги измислија музичките направи, рачните работи и накитите. Изгледало дека животот им поминувал многу весело; но среќа немаше во тој живот. Во поколението Каиново секој се грижеше само за себе и не мислеше за другите. Како Каиновите поколенија не живееа по сликата Божја , па поради тоа се наречени синови човекови.
Поинаку беше во поколението на побожниот Сит. Таму се сочувала верата во Бога, надеж на Спасителот, љубовта кон доброто и вистината. Ситовото поколение живееше помеѓу себе во љубов и согласност, си помагаа едни на други и се грижеа да живеат по Божјата волја, поради што и се нарекуваа синови Божји. Раководител нивни во животот бил најстариот во родот, – патријарх. Тој ги решавал семејните дела, ги истражувал расправиите, ги казнувал виновниците. Од него сите домашни добивале претстава за Бог и волјата Божја; тој принесувал жртви. Бог ја покажувал Својата милост на побожните луѓе, им ги олеснувал нивните несреќи и им давал долг живот. Патријасите живееле готово до иљаду години (3). Од патријасите од тоа доба особено е познат Енох, кој живеел по волја Божја, т.е. секојпат памтел, да Бог ги гледа сите дела негови, мисли и чувствува, и се грижел да му угоди на Бог, поради што бил пренесен од земјата, да не ја види смрта (Јевр. 11,5).
Поколението на Каин и Сит, синовите човекови и синовите Божји, во почеток живее одвоено, далеку едни од други. А кога луѓето се намножија, тогаш и племињата, порано одвоени, почнаа да живеат блиску дено до друго и да стапуваат во заедница. Веселиот и безгрижен живот на Каиновото поколение им се допаднало на некои Ситови поколенија. Тие почнале често да ги посетуваат друштвата на безбожното племе, почнале да се женат од тоа племе и малку-помалку се навикнаа на се што не е убаво, што виделе помеѓу своите нови роднини. На тој начин безбожништвото, кое одпочна во поколението Каиново, со тек на време се повеќе се прошири и во поколението Ситово. Најпосле дојде до тука, да целата земја се наоплни со зличини. Но помеѓу општото безбожништво, верата во Бога и надежта на идниот Избавител се сочува во семејството на патријархот Ное, во племето Ситово. Ное беше праведен и непорочен.
7. Целосен потоп.
Пост. 6, 3-22. 7. 8. 1-19.

Милостивиот Бог сакал луѓето да се покајат и објавил,дека ќе им остави поради каење сто дваесет години. Годините на Божјото милосрдие поминуваа, а луѓето не се покајаа. Тогаш Господ ја повтори Својата волја да уништи се што е живо на земјата. А кога безбожниците не обрнаа внимание на оваа божја намера, Господ му објави на праведниот Ное, дека времето на уништување на се што живее на земјата дошло, и му нареди да направи ковчег (брод) во кој би можело да се смести неговото семејставо и сите животни на земјата. Кога ковчегот бил готов, Бог му заповедал на Ное да влезе во него со семејството и да земе со себе од животните и птиците, кои се принесувани за жртва и се сметаа за чисти, по седум, се мажјаци и женката негова, а од останатите, нечисти, по две, мажјак и женка негова и храна за година дена за сите, и му објави, дека до седум дена ќе пушти дожд на земјата за четириесет дена и четириесет ноќи. Ное ја изврши заповедта Божја. Во ковчегот влегоа само осумина: Ное, неговата жена и три сина, Сим, Хам и Јафет, со нивните жени.
Во есента удри голем дожд и врнеше четириесет дена и четириесет ноќи. Водата се излеа над брегот, растела во продолжение сто педесет дена, ја покрила сета земја и највисоките планини и потопила се живо на земјата; само ковчегот пловел по површината на водата. Овој потоп, кој ја покрил целата земја, целиот свет, се вика сеопшт потоп.
По Божја заповед, после сто педесет дена дувна силен ветар, кој ги растерал дождовните облаци, и водата почна да опаѓа. Во тоа време ковчегот се запре на планината Арарат. Во летото се покажаа врвовите на планините. После тоа Ное почека четириесет дена и го пушти од ковчегот гавранот. Гавранот одлетуваше и долетуваше на кровот од ковчегот. Тогаш Ное ја пушти и голубицата; голубицата не најде каде да застане, бидејќи имало уште многу вода на површината земјина, и се врати. Ное почека уште седум дена и ја пушти голубицата по втор пат. Голубицата се врати со зелен лист маслинов во клунот. Маслинката била знак на милост и помирување. Ное со радост ја пуштил голубицата во ковчегот, како гласник на милоста Божја. После седум дена голубицата пак беше пуштена од ковчегот, и повеќе не се врати. Почека уште некое време, кога земјата подполно се исушила и се покрила со зеленило, Ное по заповед Божја излезе од ковчегот. Тој пак го здогледа убавиот свет Божји. Земјата како да го погребала своето безбожништво во водата, ја измила во нејзе својата нечистотија. Тоа било на година дена од почеток на потопот.
ПОТОП И ПОСТАНОК НА НАРОДИТЕ
6. Ноевата жртва после потопот. Хамовото непочитување кон таткото.
Ноевото пророштво за судбината на неговите синови.
Пост. 8, 20-22. 9.

По излегувањето од ковчегот, Ное направи жртвеник и принесе жртва паленица на Господ од сите чисти животни и птици. Со оваа жртва Ное не се заблагодарил само за спасението, туку и го смирил, го умилостивил Бог, и со тоа покажал верба во ветениот Спасител на светот. Господ ја прими жртвата на праведникот и направи завет (т.е. договор) со луѓето. Он го благослови Ное и неговите синови да се множат, им даде да владеат со целата земја, им дозволи да употребуваат за исхрана и животни, забранувајќи им само да јадат крв нивна и нареди да се со смрт казни тој, кој се осмели да убие човек; освен тоа Он им вети на луѓето дека повеќе нема да има сеопшт потоп, и за знак дека ветувањето ќе го исполни им го покажа виножитото (1) кое во тоа време се појави низ облакот.
Наскоро после потопот злото повторно се појави помеѓу луѓето. Ное посади лозје, и кога грозјето созреа, го собра и исцеди пијалок. Ное не знаел, дека од сокот на грозјето се прави вино, со кое човек може да се опие. Еднаш, да ја угасне жедта, тој се напи вино, се опијани и лежеше гол под својот шатор. Хам ја виде голотијата на својот татко, и злобно се поднасмеа, им кажа на браќата за тоа. Но Сим и Јафет одма влегоа во татковиот шатор и го покрија со фустан, грижејќи се да не го видат таткото не покриен.
Кога Ное се разбуди и дозна што било, ги повика своите синови. Тој го проколна Хам во синот негов Ханан, и по Божјо надахновение предскажа, дека поколението Хананово ќе бидат најпрезрени слуги на поколенијата Симови и Јафетови, кога луѓето ќе се разотидат по целата земја и заборават на своето сродство. Во исто време Ное ги благослови Сим и Јафет. На Сим му предскажа, дека во неговото поколение ќе се сочува почитувањето кон Бог и ќе се јави Господ Бог; а на Јафет – дека од него ќе настанат многу народи, дека неговото поколение ќе владее со нселбите на Сит и ќе ја уживаат милоста Божја, која ќе се појави во овие населби. (2)
7. Вавилонската кула и раселување на луѓето.
Пост. 11, 1-9.

Од трите сина Ноеви родот човеков пак се намножи.Од тоа место, на кое се запре ковчегот, Ноевото поколение тргна на запад и се населија во долината на земјата Сенарска. Тука сите луѓе живееле заедно, сочинувале еден народ и зборувале еден јазик. Но подоцна лошите работи и поделбите се зголемуваа од ден на ден и луѓето видоа, дека ќе мораат да се раселат. Тогаш поколението Хамово, – синови човекови, на кои ми се закануваше пророштвото Ноево за раселување и робство помислиле да го измешаат раселувањето на луѓе. Тие се договорија со некои племиња Симови и Јефетови и решија: “ајде да изѕидаме град, и кула, на која врвот ќе и биде до небо, да стекнеме за себеси име, за да не се раштркаме по земјата“. Подобрите луѓе од племето на Сим не сакаа да учествуваат во оваа незаконска работа. Од почеток лошото дело одело успешно. Но Бог го сруши. Он им го измешал јазик на ѕидарите така, да престанале да се разбираат еден со друг. Тогаш тие го напуштија ѕидањето и се разотидоа на разни страни. Градот кој почнаа да го ѕидаат и не годоѕидаа, беше наречен Вавилон, а тоа значи конфузија. Во тоа време патријарх на побожното племе беше Евер.
Јафетовото поколение тргна на север од Вавилон и ја населија Европа; Хамовото поколение ја населија Африка и дел од Азија; поколението Симово остана во Азија. Вавилон го освои Нимрод, внук на Хам, кој се прочу како ловец на животни.
Заминувајќи на разни страни, племињата човекови почнаа да забораваат на своето сродство. Малку – помалку се измени и самиот јазик, на кој зборуваа, и тогаш постепено се отуѓија. На тој начин настанаа разни народи, кои зборуваат на разни јазици.
8. Појава на идолопоклонство.
Додека сите луѓе живееле заедно, ги чувале правилните поими за Бог, невидливиот Дух, Творецот на светот. Такви поими Бог влеал во побожните патријарси, кои добиле одкривање од самиот Бог. А кога луѓето се раселија по земјата, тие малку – помалку забораваа тоа што им го предадоа патријарсите, и не беа способни да добијат од Бог нови откривања, и кај нив, наместо вистинска вера, се појавиле неправилни поими, празноверија.
Луѓето виделе околу себе многу убавини, неразбирливост. (3) Сето тоа им се чинело дека е Бог. И почнаа едни од нив да се молат на сонцето, ѕвездите, месечината, а други да ја обожаваат растителната сила на земјата, морето, огнот, разни животни; некои племиња го сметале човекот за Бог. Така, наместо еден невидлив Бог се јавија кај луѓето многу видливи богови. Луѓето ги двоеле тие богови на добри и лоши, со оглед на корист или штета која ја имаа од нив. Сакајќи да боговите им бидат блиску, луѓето почнале да градат ликови нивни од камен, дрво или метал. Таквите ликови се викаат идоли, кумири. Во почетокот луѓето гледале во идолите само слики, ликови на своите богови, потоа почнаа да веруват дека во идолите живее божествена сила, и згора на тоа почнаа идолите да ги сметаа за богови и да им се молат. Така настанало идолопоклонството. Идолопоклониците обично ги нарекуваат незнабошци.
Незнабошците чувствувале, дека го навредиле Бог со своите гревови, и затоа со скапи жртви и други молитви се грижеле да ги одоброволат своите богови. На нив им се чинело, дека е малку да принесуваат на боговите за жртва подобри животни; тие почнаа да им принесуваат и луѓе, во почетокот своите заробени непријатели, а подоцна и своите деца. Луѓето кои принесувале жртви, ги нарекувале жреци, а зградите во кои стоеле идолите, храмови и олтари. Идолопоклониците верувале дека боговите живеат во своите храмови, а на жреците гледале како на луѓе без чија помош на би можеле да добијат милост од Бог.
Идолопоклонството се повеќе се ширело помеѓу луѓето, и најпосле дошло до таму, да сите луѓе почнале да се молат на идоли. Верен на вистинскиот Бог бил само Аврам, синот на Тарин, од родот Еверов. Аврам живеел во земјата Халдејска.
ПЕРИОД НА ПАТРИЈАРХОТ
6.Повикот на Аврам. Негова преселба во Ханан и разделба со Лот.
Пост. 12, 1-10. 13.

Господ го одбрал Аврама, да биде чувар на вистинската вера во единствениот Бог и ветениот Спасител. Еднаш се јави Бог на Аврам и му рече: “оди од земјта своја во земја која ќе ти ја покажам Јас. И ќе направам од тебе голем народ, името твое ќе го прославам и во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата. (1) Тоа било прво Божјо јавување на Аврам. Аврам направи по Божјата заповед. Тој ја зема својата жена Сара, внукот Лот, кој после смрта на својот татко остана сираче, целиот свој имот, и се пресели од земјта Халдејска во земјата Хананска, која Бог му ја покажа и каде живееа најбезбожните идолопоклоници. Аврам тогаш имаше 75 години. Со него појде и неговиот татко Тара, но по пат умре (во Месопотамија, во градот Харан).
На побожниот Аврам му беше тешко да живее помеѓу неверните Хананци. Тој овде не можел да пронајде за себеси пријател и живееше оделен од сите, ширејќи ги шаторите на туѓа земја. Само се тешел со верата во Бог и со надеж од Спасителот.
Аврам прво се насели блиску до Сихем. Тука Господ по втор пат му се јави и му рече: “оваа земја ќе му ја дадам на твоето поколение“. Од Сихам Аврам тргна кон Ветил и потоа се преселуваше помеѓу Ветил и јужните краеви на Хананската земја. Поради глад тој бил и во самиот Мисир.
Во самиот почеток на живот во Ханан голема тага му зададе Лот. Аврам го сакаше, како роден син. Во туѓиот свет Лот му беше единствен роднина. Но помеѓу нив се појавија несогласувања. Аврам и Лот беа сточари; и едниот и другиот имаа огромни стада. Нивните овчари се караа околу пасиштата, а Лот не беше секогаш праведен, бранејќи ги своите овчари. Тогаш Аврам му рече: “немој да се караме јас и ти; бидејќи сме роднини. Нели ти е отворена целата земја? Одели се од мене. Ако одиш на лево, јас на десно; ако сакаш ти на десно, јас ќе одам на лево“. Во тоа време тие живееле блиску до Ветил. Лот ја одбра убавата долина Сидимска, низ која течела реката Јордан, и каде беа градовите Содом и Гомор. Во таа долина имало многу јами. Бирајќи ја Лот гледал само на убавината и плодноста на местото и помисли, дека жителите на таа земја се лоши и големи грешници пред Господ; Аврам остана блиску до Ветил. Тука Господ се јави на Аврам (трет пат) и рече: “погледај од местото каде си на свер и на југ, и на исток и на запад; целата земја што ја гледаш (од гората) тебе ќе ти ја дадам и на поколението твое до век и ќе направам да поколението твое биде како правта на земјата“. Аврам со верба го прими Божјото ветување. Тој ја разгледа ветенета му земја, потоа се премести јужно од Ветил и ги рашири своите шатори по Мамриската равнина, која е кај Хеврон.
7. Лотово ослободување од ропство. Малхиседек.
Агара и Исмаило.
Пост. 14. 15. И 16. глава.

Набрзо одкако роднините се оделија, со Лот се случи голема несреќа. Истата година кога се насели во Содом, царевите од рамнината Сидимска не платиле данок на соседнит цар (Еламски), на кого му плаќале данок дванаесет години. Царот тој ги нападна нив, ги опљачка нивните градови и ги зароби луѓето и имотот. Помеѓу заробениците беше и Лот. Дознавајќи за тоа, Аврам одма ги собра своите слуги (318 луѓе), ги повика на помош соседите, ги стигна непријателите (во близина на Дана), одненадеж го нападна и го поврати целиот плен. Кога Аврам се враќаше дома, царевите свечено го дочекаа. Мелхиседек, свештеник на Бог Севишен и цар Салимски, (2) му принесе на дар леб и вино, и го благослови. За Мелхиседек, за неговото потеклои смрт, не е ништо познато. Аврам понизно прими благослов од него и му подари десети дел од пленот. Царот Содомски му понуди на Аврама на дар целиот свој имот кој е повратен од непријателот, а Аврам се одрече да го прими тој дар. “Ја кревам мојата рака кон Господ Бог Севишен (т.е. се колнам во Бог), рече тој, дека ни конец, ни ремен од облеката нема да земам, да не речеш: јас го обогатив Аврама“.
После оваа победа населението на Ханан почнаа да му завидуваат на Аврам и да се плашат. Тогаш Господ му се јави ноќта (четврто јавување) и му рече: “не се плаши Авраме, Јас сум твој штит, и платата твоја е многу голема“. Аврам одговори: “Господе! Што ќе ми дадеш, кога живеам без деца, и на кого ќе остане мојата куќа, тоа е Елиезер овој Дамаштанин“. Господ му рече: “нема тој да биде наследник твој; наследник твој ќе биде твој син. Погледај на небото и преброј ги ѕвездите; толкаво ќе биде поколението твое“. Аврам му веруваше на Господ и Господ му го прими тоа во правда и рече: “на поколението твое му ја дадов земјата оваа од реката Мисирска до големата река Еуфрат“. При тоа Господ му предскажа, што ќе биде со неговото поколение пред да ја наследи ветената земја: “знај сигурно дека поколението твое ќе бидат дојденци во земја туѓа, па ќе и служи, а потоа ќе ги мачат четири стотини години; но ќе му судам и на народот на кој ќе му служат, а после тие ќе излезат со големо богатство. А тие во четвртото колено ќе се вратат овде, а ти ќе појдеш кај своите татковци во мир и ќе бидеш погребан во длабока старост“.
Но Сара, жената на Аврам, беше неродкиња. Еднаш таа му предложи на својот маж да ја земе за себе за жена робинката Мисирка Агара со тоа, да неговите деца кои ќе ги роди Агара бидат нејзини деца. Аврам ја послуша жената. Но Агара станувајќи Аврамова жена, почна немарливо да се однесува кон својата господарка. Поради тоа почна Сара да ја злоупотребува, па таа избега од дома. На патот за Мисир ангел Господов ја сретна Агара, и и заповеда да се врати кај својата господарка и да и се покори, и во исто време и предскажа од името Господово: “ќе го намножи многу поколението твое: ете ќе родиш син, и ќе му го ставиш името Исмаил“. Агара се врати дома и наскоро роди син ( Аврам тогаш имаше 86 години).
8. Божји завет со Аврам.
Пост. 17.

Кога Аврам наполни деведесет и девет години, а Сара деведесет, Господ му се јави на Аврам (пето јавување) и му рече: “биди поштен, и ќе направам вечен завет Мој со тебе, и ќе бидеш татко на многу народи. И поставувам завет Свој помеѓу себе и тебе и поколенијата твои, – завет вечен, дека сум Бог на тебе и на поколението твое, и ќе ви ја дадам целата земја Хананска во сопственост вечна. А како знак на тоа, нека се обрезува секое машко дете во осмит ден од раѓањето. А необрезаните да не припаѓаат на Мојот народ. Јас ќе ја благословам и Сара жената твоја, и таа ќе ти роди син; народи и цареви ќе излезат од неа“. Тогаш падна Аврам ничкум, се насмеја и помисли: “ е да на човек од сто години и Сара, жена од деведесет години ќе се роди син?“ Но Господ го потврди Своето ветување и рече: “навистина Сара, жената твоја, ќе ти роди син, и ќе му го ставиш името Исак (тоа значи смеа), и ќе поставам завет Свој со него, да биде завет вечен во ПОКОЛЕНИЕТО негово после него. А и за Исмаил те ПОСЛУШАВ: ете го благословив и го намножив многу, и ќе направам од него голем народ. А завет Свој ќе направам и со Исак, кога ќе ти го роди Сара догодина во овој период“. Одма после ова јавување Аврам ја исполни заповедта Божја и прими на себе обрезување и го обреза Исмаил синот свој, сите домашни свои, родени во неговиот дом и купени за пари од странци.
9.Бог се јавува на Аврама кај дабот Мамриски.
Казна на Содома и Гомора.
Пост.18. и 19. Глава.

Наскоро по заклучениот завет со Аврам, Господ пак му се јави (шесто јавување). Еднаш Аврам седеше пред шаторот свој (во рамнината Мамриска) и гледаше каде што три човека стојат недалеку од него. Гостољубивиот Аврам им притрча одма во пресрет, се поклони до земја и рече: “Господе! Ако сум нашол милост пред тебе, немој да го поминеш слугата твој. Да ви донесам малку вода да ги измиете нозете, па подпрете се малку под ова дрво, а јас ќе ви донесам малку леб, да се подкрепите, па после продолжете“. Патниците го прифатија овој повик. Кога седнаа и јадеа леб, масло, млеко и телето кое беше зготвено, Аврам стоеше пред нив под дрвото и ги нудеше. И еден од нив рече: догодина во овој период повторно ќе дојдам кај тебе, а Сара жената твоја ќе има син. Слушнувајќи го тоа, Сара се насмеја во себе, зборувајќи: “одкако остарев сега ли ќе ми дојде радоста“. Патникот му рече на Аврама: “што се смее Сара и зборува: навистина ли ќе родам кога остарев? Има ли нешто тешко за Господа?“ Аврам виде дека пред него не стојат обични патници, туку гласници Божји. Па затоа, кога патниците станаа од трпезата и тргнаа на пат, тој побожно ги испрати.
Патниците се упатија кон Содома. Патем еден помеѓу нив рече: “ како би криел од Аврама, слугата свој што ќе направа?“ И потоа му нагласи, дека со смрт ќе ги казни жителите на Содом и Гомор за нивните тешки гревови. Во тоа време два петника отидоа во Содом. Аврам виде дека со него зборува Сам Господ БОГ, и Му се обрати молејќи Го да ги поштеди безбожните градови. “Ќе ги погубиш и праведните со неправедните?“ – Му рече на Господа. “Можеби има педесет праведни во градот; ќе сакаш и нив да ги погубиш, и не ќе му простиш на местото поради тие праведници?“ Господ одговори: “ако најдам во Содом педесет праведници, ќе му простам на целото место поради нив“. Аврам тогаш рече: “ете сега би проговорил со Господ, иако сум прав и пепел. Може да биде праведни педесет помалку пет, ќе сакаш поради тие пет да го сотреш градот?“ Господ одговори: Нема ако најдам четириесет и пет“. Аврам продолжи: “можеби ќе се најдат четириесет?“ Господ одговори: “нема поради тие четириесет“. Повторно Аврам рече: “немој да се гневиш Господе, што ќе речам: можеби ќе се најдат триесет?“ Господ вети дека ќе го поштеди градот и поради триесет, па и поради дваесет праведници. Аврам рече: “немој да се лутиш Господе, што ќе проговорам уште еднаш: мижеби ќе се најдат десет?“ Господ вети дека нема да го уништи тоа место ни поради десетмина праведници. И отиде Господ, завршувајќи го разговорот со Аврам; а Аврам се врати во своето место.
Истиот ден вечерта се приближија кон Содом двајца патници. Лот сееше на вратата Содомска. Тој ги викна патниците да кај него преноќеваат. Кога патниците влегоа во неговиот дом, жителите на Содом побараа од Лот да им ги предаде овие дојденци. Но Лот ја затвори вратата позади себе и рече: “немојте браќа да правите зло. Јас попрво ќе дозволам да ми ги навредите ќерките, одколку гостите“. Овој е и самиот дојденец, па уште сака да ни суди: “сега тебе ќе ти направиме полошо, одколку на нив“, повикаа содомјаните и почнаа да ја вадат вратата. Тогаш патниците сите ги ослепеа. Тоа беа ангели кои ги прати Бог. А кога се раздени, тие го изведоа Лот, неговата жена и двете ќерки од градот, и еден меѓу нив му рече на Лот: “бегај на оној рид и не се врти назад, и во целата оваа равница да не си застанал за да не погинеш“. Лот се обрати со молитва: “Господе, јас не можам да избегамна на ридот за да не ме стигне злото и да не погинам. Ене град поблизу: таму може да се избега, а мал е тој (покажа на Сигор); да бегаме таму, па ќе останам жив“. Патникот рече: “брзо бегај таму: бидејќи не можам да направам ништо додека не стигнеш таму“. И кога сонцето огреа на земјата, Лот стигна во Сигор. Тогаш пушти Господ на Содом и на Гомор од небото дожд од сулфур и оган и ги сотре тие градови и целата таа околина, и сите жители, и целиот род земски. Но жената на Лот неможеше да се спаси. Таа не го послуша ангелот, се заврте кога бегаше од Содома и стана солен камен. Содомскат рамнина се растури, и се формира на нејзиното место солено езеро. Бидејќи рибата која од Јордан залута во езерото одма угина, затоа и го нарекле Мртво море. Лот се плашеше да живее во Сигор и се населеи во горите на исток од ова море со двете свои ќерки. (Од него настанале два народа: Моавци и Амониќани).
10.Исаково раѓање. Аврамова жртва.
Пост. 21, 22, 1-10.

Смрдеата која доаѓаше од Сидимскат рамнина, го принуди Аврама да се пресели од Мамре во земјата Филистимска, каде поживеал многу години. Аврам ове ископа кладенец, и го нарече Вирсавија, што значи кладенец од заклетва. Така се нарече овој кладенец затоа, што околу него Аврам под зклетва склучил сојуз со еден од филистимските цареви. Овде се исполни и предскажувањето Божјо. Стогодишниот Аврам го доби синот Исак.
Кога Исак подпораснал, Сара примети да Исмаил му се посмева, тоа го сметаше за навреда и му рече на мажот свој : “истерај ја оваа робинка со синот нејзин, бидејќи синот на таа робинка нема да биде наследнк со мојот син“. На Аврам му беше тешко да го исполни ова барање на жената; но му се јави Господ (седмо јавување) и му заповеда да ја пушти од куќата Агара со Исмаил, и го утеши со ветување, дека и од него ќе настане голем народ. Порасна Исмаил, се ожени со Мисирка и живееше во пустината Фарана, на југ од Вирсавија. Од него постанале Исмаиловци.
Наскоро Господ ја стави верата Аврамова на големо искушение. Кога Исак имал околу дваесет години, Господ му се јави на Аврам (осмо јавување) и му рече: “Авраме, земи го синот свој единец, својот мил Исак, па оди во земјата Морија и спали го на жртва таму на ридот, каде ќе ти покажам“. Тешко му беше на Аврам да ја изврши оваа заповед Божја, но се реши да ја изврши. Утредента рано тој нацепи дрва за жртва, го насамари магарето, зема со себе две момчиња и Исак, и отиде во земјата Морија. Стана третиот ден, одако тргнаа на пат, а Господ сеуште не им го кажуваше местото за жртва. Страшни маки издржувало срцето Аврамово. Три дена тој во душата своја го принесувал Исак на жртва, три дена Исак како да беше мртов за него. Најпосле Аврам здогледа рид, определен за жртва. (3) Во подножјето на ридот ги остави момчињата и магарето, дрвата му ги даде на Исак, а сам зема во рацете оган и нож, па отидоа двајцата во планината. По пат Исак запраша: “татко! Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва? – “Бог ќе се, синко, погрижи за јагнето за жртва за себеси“, одговори Аврам. Кога дојдоа на местото, кое Бог му го покажа, Аврам му ја кажа на синот волјата Божја, направи жртвеник, ги подпали дрвата, и врзувајќи го Исак, го постави на жртвеникот. Исак не се противеше. Аврам го зема ножот и ја подигна раката да го заколе синот, и наеднаш слушна глас од небото: “Авраме, не кревај рака на своето дете, бидејќи познав дека се плашиш од Бог, кога не го зажали Синот свој, единецот свој, поради Мене“.Аврам застана. Тој ја исполни волјата Божја, и во исто време Исак остана жив. Тој се заврте и го здогледа овнот, кој со роговите се заплеткал во густишот. Аврам го фати и го принесе на жртва наместо синот свој Исак. Тогаш пак чу глас на ангелот, кој му зборуваше во име Божјо: “кога не го зажали синот свој единец поради Мене, Јас ќе те благословам и потомството твое ќе го умножам, да биде како ѕвезди на небото и како песок на брегот морски, и ќе се благословат во поколенија твои сите народи на земјата“. После тоа Аврам со синот се врати во Вирсавија (Тој го заслужи името на оците верни, бидејќи го виде идниот ден на Христос-Спасителот).
11. Женидбата на Исак.
Пост.23.24.

Сара умрела во длабока старост (во127. г.) во Хеврон, а Аврам ја погребал во пештерата Макпелска (спрема Мамра, која ја купил од Хананец заедно со нивата околу неа). И самиот тој почувствува дека е со слабо здравје и почна да мисли за тоа, да го ожени синот, само не со Ханејка. Исак веќе наполнил четириесет години. Аврам го повика својот постар слуга и му рече: “да те заколнам во Господа дека нема да донесеш жена на синот мој помеѓу ќерките на Хананејците, туку дека ќе отидеш во земјата моја и во родот мој и ќе доведеш жена на синот мој Исак“. Слугата се заколна и одма тргна на пат. Тогаш било обичај, да младоженецот ги дарува родителите од невестата; колку невестата била побогата, толку и даровите биле поскапи. Слугата Аврамов понел богати дарови и десет камили“ и отиде во градот Харан, каде живееше Нахор, брат на Аврам. Приближувајќи се кон градот, стариот слуга застана кај кладенецот и Му се обрати на Бог со молитва, да му ја покаже невестата за Исак. Слугата Аврамов се молеше:“Боже на мојот господар Аврам, дај ми среќа денес и направи милост на господарот мој. Еве, јас ќе стојам кај оној кладенец, а граѓанките ќе доаѓаат да наоплнат вода. На која девојка и речам: навалија ја стомната твоја да се напијам, а таа ми рече: на, пиј, и камилите ќе ти ги напојам, дај да биде таа која си ја наменил за Исак“. Само што се помоли на Бог, на кладенецот дојде со стомна на рамо убава девојка, ја наполни стомната и тргна. Слугата Аврамов и рече: “дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја“ “На, пиј, господару“, одговоти таа, и ја симна стомната од рамото на раце. А кога се напи, девојката рече: “и на камилите твои ќе им налејам, нека се напијат“, и почна да истура во поилото за камили. Камилите се напоиа; тогаш слугата Аврамов и подари на девоката златна гривна и две нараквици на раците и ја праша: “чија си ќерка? Кажи ми. Има ли во куќата на таткото твој место за нас да преноќеваме?“ Девојката одговорила: “јас сум ќерка на Ватуил, син на Нахор; има кај нас многу слама и пијалок и место за преноќевање“. Слугата Аврамов падна на колена и се заблагодари на Бог што ја послушал неговата молитва. Ревека, така се викала девојката, отрча дома и им кажа за тоа на домашните. Братот нејзин Лаван одма отрча кај кладенецот и му рече на слугата на Аврам: “дојди, кој си балгословен од Господ: зошто да стоиш надвор? Ја спремив куќата, има место и за камилите“. Слугата влезе во куќата. Таму ги одседлаа камилите, им дадоа слама и вода, донесоа вода да ги измијат нозете и на него и на луѓето негови и поставија да јадат. Но слугата Аврамов рече: “нема да јададам додека не ја кажам мојата работа“. Потоа опширно раскажа, зошто е дојден и како Господ на молитва негова му ја покажал во Ревека невестата Исакова, и заврши со зборовите: “Ако сакате, затоа, да направите љубов и вера на мојот господар, кажите ми, или нејќете, кажите ми?“ Лаван и Батуило одговориле: “од Господ ова дошло; ние не можеме да ти кажеме ни добро ни зло. Ете, Ревека е во твоја власт, земи ја и оди и нека биде жена на синот на твојот господар, како што кажа Господ“. Слугата ги извади златните и сребрени работи и ја дарува невестата, нејзиниот брат и мајка и. Утредента слугата замоли, да ги пуштат да одат. Братот и мајката на Ревека почнаа да го наговараат да остане барем десет дена, но тој одговори: “немојте да ме задржувате, кога Господ даде среќа на мојот пат“. Тогаш родителите ја повикаа Ревека и ја запрашаа, дали сака да оди со овој човек, и кога Ревека се согласи, ја благословија и ја пуштија на пат. Кога патниците се приближија со камилите на шаторите Аврамови, Исак ги дочека. И Ревека постана Исакова жена.
17. Децата на Исак – Исав и Јаков.
Пост.25, 7-11 и 20-34. 27. 28. 1-5.

Кога Аврам имаше сто седумдесет и пет години, умре и го погребаа каде и Сара, во Макпела. После неговата смрт Исак доби во наследство големо богатство, славно име и ветување дека од него ќе произлезе големо Поколение, кое ќе донесе благослов Божји на сите луѓе. Како и Аврам, и Исак бил верен и послушен на Бог, поради тоа Бог Аврамов бил и Бог на Исак. Но во животот негов, како и во животот на Аврам, имало несреќи. Дваесет години поминаа од неговата женидба и тој немаше деца. Но, сепак, тој верувал, дека Божјото ветување за неговото поколение неизбежно ќе се исполни, и стрпливо ја поднесувал својата несреќа. Навистина Божјата реч се исполни, тој доби два сина близнаци Исав и Јаков. Исав стана одличен ловец на животни и орач (земјоделец), а Јаков – кроток, и се занимаваше во шаторите. Исак го сакаше својот првенец Исав, а Јаков беше љубимец на мајкаму и на сите домашни.
Во тоа време првенците имаа посебни права, кои се викаа право на првородените. Таткото на смртната постела на постариот син му ја предавал власта над помладите браќа, поголемиот дел на имотот и Божјото ветување, дека од него ќе постане големо Поколение Спасител. Такво предавање на правата се нарекувале благослов на првородениот. Како првенец, Исав имал право на тој благослов. Но тој по својата несериозност го одстапил под зклетва своето право на Јаков за тањир варена црвена леќа. Поради тоа Исав го нарекоа Едом, што значи црвен. Кога дознала за тоа, Ревека многу се израдувала: жената на Исав, Харенејка, со која се оженил без волја на родителите ја навредуваше Ревека, и затоа таа и можела да мисли, дека нема да може во куќата да опстане, ако Исав после смрта на Исак биде старешина во куќата. А Исак ништо не знаеше за таа продажба на првенството.
Кога Исак остере и видот му ослабе, почувствува дека скоро ќе умре. Затоа го повика својот постар син Исав и му рече: “еве, остарев, незнам кога ќе умрам; појди во планина, те ми фати лов, и зготви ми јадење по моја волја, и донеси ми да јадам, па да те благослови душата моја додека не сум умрел“. Исак не му кажа на татко му, дека на брат му го продал правото на првенство, и отиде во лов, како да имал право на полн благослов. Кога чу за што Исак зборува на Исав, Ревека се уплаши за Јаков да не го изгуби благословот, на кого брат му му го продаде правото. Таа зготви јадења од јариња, кои мажот ги сакаше, и го наговори Јакова да влезе во татковиот шатор, да каже дека е Исав и да добие благослов од него; вината за оваа превара таа ја зема на себе. Како Исав бил влакнест, да би Јаков повеќе личел на брат му Ревека му ја облече облеката на Исак, а рацете негови и мазниот врат ги обвитка со јарешка кожа. Исак го прегрна и го бакна Јаков, и мислејќи дека е Исав, му рече, “Бог да ти даде роси небески, и добра земја и пшеница и вино во изобилие! Народи да ти служат и племиња да ти се поклонуваат: проклет да биде кој тебе ќе те проколне и благословен кој тебе ќе те благослови! Штом доби благослов, Јаков излезе од кај Исак, а влезе Исав со јадење од дивечот и го замоли таткото да го благослови. Исак се исплаши: тој виде дека го излажаа. Но како даде свој благослов не во свое име, туку по надахновение Божјо, виде дека таква била волјата Божја да Јаков го добие благословот на првенството, и му даде на Исав благослов помал: “ете, живеалиштето ќе ти биде на родната земја и росата небесна одозгора; но ќе живееш од мечот свој, и на братот твој ќе му служиш; но ќе дојде време кога ќе го скршиш од себе јаремот негов“.
Од тој период Исав го замрзе луто својот брат, заборавајќи дека сам му го продаде првенството, и еднаш пред слугите рече: “блиску се тажните денови на мојот татко, тогаш ќе го убијам Јаков братот свој“. Ревека дозна што рече Исак и му рече на Јаков: “Исав твојот брат се теши со тоа, што сака да те убије. Туку сине, послушај што ќе ти кажам, бегај кај Лавин, братот мој во Харан. И остани кај него некое време, додека помине лутината на братот твој, а тогаш јас ќе испратам по тебе“. Јаков го послуша советот на мајка му. На молба Ревекина Исак го повика Јаков, му дозволи да оди во Месопотамија и му завешта да се ожени со една од Лавановите ќерки. Опростувајќи се со синот, тој го потврди својот благослов: “Бог семоќен да те благослови, и да ти даде благослов Аврамов, да ја наследиш земјата во која си дојденец, која Бог му ја даде на поколението Аврамово“.
18. Јаковлевото замунување во Месопотамија. Поглед на таинствените скалила. Неговиот живот во домот на Лаван.
Пост. 28, 10-22 29, 1-28 3,1.

Плашејќи се од Исав, Јаков отиде од Вирсавија во Месопотанија сам со нешто работи на пат. Кога сонцето зајде, Јаков стави под глава камен и легна да спие (недалеку од градот Луза). Голема тага носел на срцето; нему му се чинело да за него во целиот светот нема помошник. Со овие мисли заспа и виде во сон: на земјата стојат скали и со врвот свој досегаат до небото: ангели Божји се симнуваат и се качуваат по нејзе, а на врвот стои Госод и зборува: “Јас сум Господ Бог Аврамов на таткото твој и Бог Исаков; таа земја на која спиеш тебе ќе ти ја дадам и на поколението твое. И поколението твое ќе биде како прав на земјата, и сите народи на земјата ќе се благословат во тебе и во поколението твое.
И јас ќе те чувам каде и да појдеш, и ќе те вратам назад во оваа земја“. Разбудувајќи се Јаков, рече: “сигурно е Господ на ова место; овдека навистина е куќата Божја, и ова е вратата небесна“, и го нарече тоа место Ветиљ, што значи дом Божји.
Јаков дојде во градот Харан, каде што живееше Лаван, неговиот вујко. Лаван го прими со задоволство. Јаков се насели кај него и се занимаваше со сточарство. Гледајќи ја работата Јаковлева, Лавин му понуди плата. Но Јаков ја засака Рахила, ќерката Лаванова, и одговори: “ќе ти служам седум години за Рахила, помладата ќерка твоја“. Лаван се согласи и му даде збор, дека ќе му ја даде за жена својатат помлада ќерка. Поминаа седум години. Дојде време за свадба. Невестите тогаш ги доведувале под покривало. Кога Јаков го симна покривалото до својата жена, виде дека го излажале. Лаван место Рахела му ја даде постарата ќерка Лија. “Што ми направи тоа?“ тажно праша Јаков. “Зошто си ме излажал?“ Лаван се оправдуваше, дека во неговото место не бива помладата да се мажи пред постарата, и му даде збор дека за Јаков ќе ја омажи и Рахила после седум дена, ако тој даде збор дека ќе служи кај него нови седум години за нејзе. Јаков се согласи, и се ожени и со Рахила. Поминаа седум години кои Јаков ги одработи за Рахила, и он почна да го моли дедото да го пушти во Ханан. Лаван се трудеше да го задржи, бидејќи Јаков со својата работа му бил од голема корист. А кога Јаков рече дека има свое семејство и дека треба да работи и за својата куќа, Лаван го наговори да остане барем уште некое време и да ги пасе неговите стада за определена плата. Јаков го служеше Лаван уште шест години и Господ ги благослови неговите трудови; Јаков стекна за себе големи стада. Овој напредок предизвика голема завист кај Лаван и неговите синови. Тогаш Јаков со своето семејство и имањето отиде во Ханан кај својот татко Исак. И така, далеку од својата куќа, тој проживеа дваесет години. Во неговото семејство во тоа време беа единаесет синови негови (Рувим, Симеун, Левие, Јуда, Исахар, Завулон, Дан, Нефталин, Гад, Асир, Јосиф) и една ќерка (Дина); од овие синови Рахилин беше само еден – Јосиф.
19. Јаковлевот враќање во Ханан.
Пост. 32.33.35.

Приближувајќи се на Ханан, Јаков виде ангели Божји во околината. (Тој го нарече тоа место Манахаим, т.е. око). Без обзир на ова утешно видување, тој многу се уплаши кога дозна дека во пресрет му доаѓа Исав и со него четири стотини момци. Тој испрати во пресрет на својот брат богати дарови, потоа ги пушти своите стада, поделувајќи ги во две чети, сметајќи, ако Исав нападне една чета, другата ќе се спаси, и почна срдечно да се моли на Бог да го спаси од раката на Исав. Се стемни. Јаков ја испрати својата фамилија со имањето преку реката Јавока, а самиот остана и се молеше на Бог. Одеднаш, во ноќната темнина, некој му се приближи и почна со него да се бори; борбата продолжи до утрото. Јаков чувствуваше, дека со него не се бори обичен човек, туку некој, кој е посилен, затоа се борел смирено и молејќи се. Борачот не го победи Јакова, само му го измести бутот од зглобот, а кога се раздени, рече: “пушти ме“. – “Нема да те пуштам, додека не ме благословиш“, одговори Јаков. Борачот го праша: “како се викаш?“ и доби одговор “Јаков“. Тогаш тој рече: “одсега нема да се викаш Јаков, туку Израил (т.е. Богоборец), бидејќи јуначки се бореше и со Бог и со луѓето, и одолеа, и го благослови (Јаков ова место го нарече Фануил, што значи лице Божјо). Знак за борба беше што Јаков кривеше со ногата. Утредента браќата се сретнаа и се разделија братски. Исак отиде во својата земја Сир, јужно од Мртвото море; оваа земја доби име Идумеја, по Едом, како што го нарекоа Исав. А Јаков помина преку Јордан и прво ги оптегна своите шатори околу Сихем, каде купи нива, а потоа се премести во правец на Ветил. Тука Господ се јави на Јаков и го повтори своето ветување, дека земјата Хананска ќе му ја даде на него и на неговото поколение.
Од Ветил Јаков тргна на југ. И уште не стигна до шаторите Исакови, а со него се случи голема несреќа. Околу Витлеем, Рахила, милата жена негова, му роди син, се разболе после тоа, и умре. Тешко му беше на Јаков да ја истрпи оваа несреќа. Но тој веруваше, да преблагиот Бог се прави, и што повеќе несреќи испраќа за човеково добро и затоа својот најмал син кого го роди Рахила, го нарече Венијамин, што значи сон на среќата. Ја погреба Рахила на патот во Витлеем, Јаков појде на југ и се насели заедно со Исак во Хеврон. Кога Исак умре, неговите синови Исав и Јаков го погребаа во пештерата Маквелска, Исаковиот имот помина во наследство на Јаков.
20. Децата на Јаков. Браќата го продаваат Јосиф.
Пост. 37.

Хананците, на чија земја Јаков ги разапнал својте шатори, го почитуваа како и Исак. Бог Аврамов и Исаков бил и Бог Јаковлев. Од сите свои синови Јаков највеќе го сакаше Јосиф, постариот син на Рахила, за неговата смиреност и простосрдечност го истакнувал пред другите синови, кои понекојпат го навредувале со своето самоволие. Јаков на Јосиф му направи шарена облека. Тоа не им се допаѓало на постарите браќа; браќата му завидувале на својот помлад брат. Нивната завидливост се претвори во омраза кон Јосиф, кога им го раскажал својот сон: “да слушнете што сон сум сонил. Врзувавме снопје во полето, па мојот сноп стана и се исправи, вашите снопови одеа наоколу и му се поклонуваа на мојот сноп“. Браќата се разлутија и му рекоа: “да не сакаш уште да бидеш цар над нас?“ После неколку дена Јосиф им раскажа на таткото и браќата друг сон: “сонив повторно сон, а тоа сонце, месечината и единесет ѕвезди ми се поклонуваа на мене“.Таткото го искара и му рече:“дали ќе дојдеме јас и твојата мајка и браќата твои, да се поклонуваме пред тебе до земја?“ Браќата се лутеле на Јосиф, а таткото го запамети неговиот сон.
Најпосле омразата кон Јосиф ги доведе браќата до таму, да решија да го убијат и само чекале згодна можност. Еднаш Јосифовите браќа појдоа со стадата кон Сихем, барајќи пасишта. Не добивајќи глас од нив, Јаков се вознемири и му рече на Јосиф: “оди, и види како се браќата твои и како е стоката“. Јосиф отиде. Кога се доближи на Дотан (на север од Сихем), каде тогаш биле браќата негови со стадата, тие го здогледаа од далеку, и рекоа еден на друг: “гледај, еве го тој што сонува сонови. Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ќе кажеме: лута зверка го изела; тогаш ќе видиме, што ќе биде од неговите сонови“. Но Рувим, најстариот брат, не се согласи на тоа и рече: “немојте крв да пролевате; фрлете го во оваа јама во пустинатам, но не кревајте рака на него“. Рувим имал намера да ноќта го извлече Јосифа и да го скришно прати кај татко му. Браќата послушаа. Кога Јосиф дојде, тие ја соблекоа од него шарената облека, го фрлија во празната јама, а самите седнаа да јадат.
Во тоа време тие видоа, каде иде караванот на Исмаиловците. Тогаш еден од браќата, Јуда, рече: “каква корист што ќе го убиеме братот свој и ќе ја скрием крвта негова? Ајде да го продадеме на Исмаиловците, па да не ги креваме нашите раце на него, бидејќи е наш брат“, Јудиниот совет го послушаа. Кога трговците се приближија, браќата го извлекоја Јосифа од јамата и го продадоа братот свој за дваест сребреници.
Рувим во тоа време не беше со нив. Кога се тој врати и не го најде братот во јамата, многу се натажи. “Го нема детето; а јас каде ќе одам“. Браќата се обидуваа да го смират. Сите се договорија и заклаа јаре, ја намачкаа со крв неговата шарена облека и ја испратија кај татко им со порака дека ја нашле и дека мислат дека тоа е облеката Јосифова. Јаков одма ја позна и рече: “на синот мој облеката; лута зверка го изела; Јосиф навистина е растргнат“. И горко, неутешно го оплакуваше Јаков синот миленик.
21. Животот на Јосиф во Мисир и неговата слава во дворот на Фараонот.
Пост. 39.40. 41, 1-46.

Исмаиловците го доведоа Јосиф во Мисир и го продадоа на дворјанин на мисирскиот цар, Петефриј (Потифар), заповедник на царските стражи, кој го зема за слуга на почеток во својот дом, а подоцна му препорача да биде настојник на целиот негов имот. За несреќа, жената Потифарова се разлути на Јосиф затоа, што тој не се согласуваше да со нејзе го мами нејзиниот маж, и го истера. Петефрије го фрли Јосиф во затвор, како злочинец.
Но Господ Бог и таму не го остави Јосиф без своја помош. Чуварот го засака, бидејќи беше поштен и му поверува; тој му ги предаде сите затвореници и го постави за настојник над нивните работи. Се случи еднаш, да два човека, кои имаа голема власт во дворот царски, старешина над пехарниците кој управувал со царскиот пијалок, и старешина над лебарите, кој ја надгледувал царската трпеза, нешто му згрешиле на царот Мисирски. Сите цареви мисирски се викаа Фараони. Фараонот се разлути на овие дворјани и ги фрли во истиот затвор, во кој беше и Јосиф. Јосиф ги служеше. Еднаш тој влезе кај дворјаните и виде дека се онерасположени. Сакајќи да ги утеши затворениците, Јосиф ги праша: “што сте денеска со лица невесели?“ Тие му одговорија: “сон сонивме и двајцата, и нема кој да ни каже што значат“. А Јосиф им рече: “што значат, нели е во Бог? Но раскажете ми“. Тогаш старешината на пехарниците го раскажа својот сон: “сонував, а пред мене лозница; и на лозницата беа три лози, и напупи, и процвета, и грозјето на нејзе узреа. А во раката ми беше чашата фараонова, па го набрав зрелото грозје, и го изцедив во чашата фараонова“. По надахновение Божјо, Јосиф му рече, дека три лози значат три дена, дека тој по три дена ќе биде ослободен од затвор и дека ќе го добие поранешното место. Јосиф беше убеден дека неговото предскажување навистина ќе се исполни, и затоа го замоли пехарникот, велејќи му: “немиј да ме заборавиш мене кога ќе бидеш во добро, направи милост, и спомни му на фараонот за мене, и извади ме од оваа куќа. Бидејќи ме украдоа од земјата Еврејска, а тука ништо не направив за да ме фрлат во овој затвор“. – “И јас сонив“, му раскажа старешината над лебовите, “а мене на главата три кошници бели. И во најгорната кошница имаше секакви колачи за фараонот, и птиците јадеа од кошниците на мојата глава“. А Јосиф му одговори: три кошници се три дена. Уште три дена и фараонот ќе те обеси на бесилка, а птиците ќе јадат од тебе месо“. И се случи се така, како предскажа Јосиф. А старешината добивајќи го поранешното место, го заборави Јосиф и не му помогна. Поминаа уште две години, а Јосиф остана уште во затвор.
Еднаш фараонот сони како да стои на брегот на реката Нил. И гледај, излегоа од реката седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат по брегот. По нив излегоа од реката седум крави толку грди и слаби, какви тој не видел во целата земја Мисирска, и застанаа покрај тие на речниот брег. И овие крави слаби ги изедоа тие седум дебели, но од тоа не се здебелија. Фараонот се разбуди. Потоа пак заспа и сони, како да од едно стебло израснаа седум класови крупни, а по нив изникнаа седум помали, мрачни, исушени од ветер, и овие мрачни класови ги изедоа тие седум крупни. На фараонот му се причини дека неговите сонови имаат некое посебно значење; но што значеа, не знаеше. Тој ги повика сите мудреци Мисирски; но мудреците не можеа да му ги протолкуваат соновите. Тогаш настојникот на пехарниците, кој беше со Јосиф во затвор, му раскажа на царот, како некој млад Евреин во затворот точно ги протолкувал соновите и на него и на неговиот другар. Фараонот заповеда одма да му го доведат Јосиф, и штом дојде му рече: “сонував сон па, никој не умее да ми каже што значи; а за тебе слушам дека умееш да ги толкуваш соновите“. Јосиф рече: “тоа не е во моја власт. Бог ќе му јави добро на фараонот“. Тогаш царот му раскажа, што сонувал. “Двата сона фараонови се исти“, одговоро Јосиф. “Бог му јавува на фараонот, што наумил. Седумте убави крави и седумте крупни класови се седум години, а седумте слаби крави и седумте мрачни се пак седум години. Еве ќе дојдат седум години многу родни по целата земја Мисирска. А по нив ќе дојдат седум гладни години, кога ќе се заборави целото изобилие, бидејќи глад ќе ја сотре земјата“. Протолкувајќи го сонот, Јосиф вака посоветува: “нека сега побара фараонот да се постави старешина во земјата, и да собере петина по земјата Мисирска за седум родни години, да се најде храна на земјата са седум гладни години“. Толкувањето на соновите и мудриот совет Јосифов се допаднал не само на царот, туку и на сите дворјани негови. “Можеме ли да најдеме човек каков што е овој, во кого би бил Духот Божји?“ рече царот и го постави Јосифа за главен старешина над сета земја Мисирска, прв до себе, и му препорача, да во време на родните години спреми храна за сите гладни години. Царот му подари на Јосиф прстен од својата рака, скапоцена облека од тенко ткање, златно ланче за врат и друга царска кола. Јосиф се ожени со Асенета, ќерка на свештеникот Илиополски. Нему тогаш му беа триесет години.
22. Прво Јосифово видување со браќата.
Пост. 41,47-57,42.

Се што предскажал Јосиф, се исполнило. Дојдоа години неверојатно родни, во тоа време Јосиф собра многу храна така да престана да ја мери. После седум години родни настапија години на глад. Тогаш Јосиф ги отвори своите амбари и почна да продава на Мисирците. Гладта ја зафати и земјата Хананска. Дознавајќи дека во Мисир има многу храна и дека таму ја продаваат и на странци, Јаков ги испрати своите синови да купат храна. Со него остана само Венијамин, кого не сакаше да го пушти, плашејќи се да не му се случи нешто. Сите луѓе кои доаѓаа во Мисир од туѓи краеви да купат храна, морале да му се јават на Јосиф. Поради тоа браќата Јосифови ги доведоа кај него, и тие му се поклонија до земја. Јосиф ги позна и се израдува, што може да дознае нешто за својот татко. Меѓутоа браќата не го познаа Јосифа. Јосиф виде, дека браќата не го познаа и сакаше да ги испита, дали се поправиле. Тој ги праша, како луѓе совршено непознати: од каде дошле? Тие одговорија: “од земјата Хананска да купиме храна“. – “Вие сте шпиони; дојдовте да видите каде земјата е слаба“. “Не“, одговорија тие, “туку слуги твои дојдовме да купиме храна. Сите сме синови на еден човек, чесни луѓе; никогаш твоите слуги не биле шпиони“. Тогаш Јосиф почна да се распрашува за нивното роднинство. Тие му рекоа: “ ние бевме дванаесет браќа, слуги твои, синови на еден човек во земјата Хананска: и ете, најмалиот денеска е кај нашиот татко, а еден нема веќе“. “Велам јас, дека сте шпиони“, им рече Јосиф, “туку сакам да се уверам вака: ако сте чесни, еден брат помеѓу вас нека остане во затвор, а вие одете и однесете жито колку треба на вашите семејства. Па потоа доведете го кај мене најмалиот брат свој да се потврдат вашите зборови и да не погинете“. Јосиф со нив зборуваше преку толкувач. Браќата мислеле дека тој не го знае нивниот јазик, и почнаа да зборуваат помеѓу себе, “навистина се огрешивме кон братот свој, бидејќи ја видовме маката на душата негова, па се оглушивме; затоа дојде на нас оваа мака“. Рувим на тоа им рече: “нели ви зборував: немојте да се огрешувата кон детето? Но не ме послушавте; и затоа ете се бара од нас крвта негова“. Јосиф се заврте од нив, и заплака, потоа се врати и ги проверуваше, дали се каат навистина. Тој го зема помеѓу нив Симеон и го врза пред нив, а останатите ги пушти дома со купената храна. При тоа тој заповеда да скришно ги стават во нивните вреќи и тие пари, со кои ја платија храната. Доаѓајќи дона, браќата Јосифова му раскажаа на таткото се што се случи со нив; кажувајќи му го и тоа да старешината Мисирски бара да му го одведат и Венијамина. Јаков се исплаши, кога виде во вреќите пари во пакети; се уплашија и неговите синови. Јаков рече: “ми ги сотревте децата; Јосиф го нема, Симон го нема, па сакате и Венијамина да го земете!“ На тоа Рувим одговори: “двајца мои синови убиј ги, ако не ти го донесам назад; дај го во мои раце, и јас пак ќе ти го вратам“. Но Јаков рече “нема да оди синот мој со вас, бидејќи братот негов умре, а тој остана сам“.
23.Второ видување на Јосиф со браќата.
Пост. 43. 44. 45, 1-24.

Помина година дена. Гладта во земјата Хананска не престана, а храната, донесена од Мисир, се потроши. Требе повторно да се патува во Мисир по храна, но Јакововите синови на се согласуваа да патуваат без Бенијамин. Израил го очекувала нова тага, да се раздели со својот љубимец, но тој на тоа не можел да се реши. Тогаш Јуда му рече: “пушти го детето со мене; јас ти гарантирам за него, од моите раце барај го; ако не ти го донесам назад, да сум ти крив до век“. Најпосле Јаков се согласи. “Земете со себе плодови од земјата наша за дар и пари да платите за храната“, рече тој, “и земете ги парите што беа одозгора во вреќите ваши и однесете ги назад; можеби е грешка. И земете го братот свој. А семоќниот Бог да ви даде да најдете милост во тој човек. А на мене ако ми е судено да останам без деца, нека останам“. Синовите тргнаа на пат. Кога дојдоа во Мисир и излегоа пред Јосиф, Јосиф го здогледа помеѓу нив Венијамина и му нареди на управникот на куќата негова да ги одведе во куќата. Браќата се уплашија; тие помислија дека ќе ги зароби, и му рекоа на управникот на куќата дека ги враќаат тие пари, со кои порано платиле за храната и ги пронашле во своите вреќи, а сега носат други пари да купат храна. Управникот им одговорил: “бидете мирни, не се плашете; Бог ваш ви ставил богатство во вреќите ваши; парите ваши беа кај мене“. И го доведе управникот Симеон. Влезе Јосиф; тие му ги дадоа подароците и се поклонија до земја. Јосиф љубезно ги праша: “како е таткото ваш стар?“ Браќата одговорија: “добро е слугата твој,а татко наш“, и пак му се поклонија до земја. Јосиф погледна во Венијамин и рече: “тоа ли е вашиот најмал брат, за кого ми зборувавте? Бог да ти биде милостив, синко“. И брзо замина во другата соба, и таму плачеше. А кога се врати во собата каде беа браќата, рече да донесат јадење. За време на ручекот браќата беа наместени да седат по старешинство а особено внимание му беше покажано на Венијамин. Браќата се восхитуваа на се, како се постапуваше со нив. Јосиф и тогаш не им се кажа.
Сепак, Јосиф заповеда да вреќите на браќата се наполнат со храна и во нив да се стават парите донесени за храна, а во вреќата на најмалиот скришно да се стави заедно со парите и неговата сребрена чаша. Утредента рано браќата одпатуваа. Но чим излегоа од градот, управникот на домот ги стигна и рече, дека ја украле сребрената чаша на неговиот господар. Јосиф оваа итрина ја употреби за да види, како браќата ќе се однесуваат во невоља. Јаковлевите синови знаеа дека не се криви за кражбата, и затоа одговорија: “зошто зборуваш,господару, такви зборови? Чувај Боже да слугите твои направат такво нешто! Ете и парите ти ги вративме назад што ги најдовме одозгора во вреќите свои. Во кого помеѓу слугите твои се пронајде чашата, тој нека погине, и над тоа ние ќе бидеме робови на господарот твој“. Ги претресоја вреќите и чашата се најде во вреќата на Венијамин. Синовите Јаковлеви се изненадија. Тие не разбраа, како на нив им се случи оваа несреќа, и се вратија кај Јосиф. “Што сте направиле тоа?“ грозно ги запраша Јосиф. “Што да ти кажеме, господару? Како ли да се оправдаме?“ одговори Јуда. “Бог го откри злоделото на твоите слуги. Ете, ние сите сме робови твои, господару, и ние и овој, кај кого се нашла чашата“. Но Јосиф им рече: “Боже чувај! Несакам јас тоа ; кај кого се нашла чашата, тој нека биде роб, а вие одете со мир кај вашиот татко“. Тогаш му пристапи Јуда и рече: “ако отидам дома без детето, татко ќе умре од тага. Јас сум залог за детето. Затоа јас да останам роб наместо детето, а детето нека оди со браќата свои“. Јосиф виде дека браќата се поправиле; дека се готови се сами да поднесат, само да не го натажат татко им. Тој ги одстрани од собата сите странци, остана насамо со браќата, па почна да плаче и рече: “јас сум Јосиф; дали татко ми е сеуште жив?“ Браќата многу се збунија. Јосиф им рече: “пристапете поблиску до мене; јас сум Јосиф вашиот брат, кого го продадовте во Мисир. Но сега немојте да жалите што ме продадовте овде, бидејќи Бог мене ме испрати пред вас поради животот ваш. Кажете му ја на татко мој целата слава моја во Мисир и доведете го овде; бидејќи уште пет години ќе биде глад“. Потоа тој со солзи го прегрна Венијамин, ги избакна сите свои браќа и плачеше, и ги гушкаше. И така Јосиф, кого браќата невин го продадоа, по совет на Јуда, за сребреници, и кој невино страдаше во Мисир, стана спасител на целото поколение луѓе од смрт со глад.
Дојде глас и до фараонот дека дошле браќата Јосифови. Па тоа му било мило и на царот, и на дворјаните, бидејќи Јосиф сите го сакаа. Фараонот му заповеда да ги повика и таткото и браќата во Мисир и вети да им даде подобро место во земјата Мисирска. По заповед на царот, Јосиф им даде подароци за татко им, кола за селидба и храна за по пат. Браќата свои исто така ги даруваше. Пуштајќи ги во Ханан, тој им рече: “немојте да се обвинувате по пат“.
ЕВРЕИ ВО МИСИ
18. Преселбата на Јаков во Мисир
Пост. 45, 25-28. 46. 47, 1-12.

Јаковлевите синови пристигнаа од Мисир во Ханан и му раскажаа на татко им се што им се случило. Од почеток Јаков не верувал, но кога ја виде царската кола, од радост силно му зачука срцето негово, и тој рече: “доволно ми е кога е жив синот мој Јосиф; одам да го видам додека не сум умрел“. И трга Јаков на пат со се што имал.
Сакајќи да ја дознае волјата Божја, тој дојде во Вирсавија и принесе жртва на Бог. Господ му се јави ноќта и му рече: “не се плаши да одиш во Мисир; бидејќи таму од тебе ќе направам народ голем и јас ќе те одведам тамо, и Јосиф ќе ја стави раката своја на очите твои“. Од Вирсавија синовите го превезоа таткото и целото семејство, во кое беше, освен жените, околу осумдесет луѓе, на колите фараонови во Мисир; тие ја земаа со себе целата стока и целиот имот. Во земјата Гесемска Јосиф го сретна татко му; потоа го извести фараонот дека му допатувала родбината со целиот имот и му претстави пет браќа. На прашање од фараонот “каква работа работите?“ Синовите Јаковлеви одговорија: “ние сме овчари, дојдовме да живееме во оваа земја, бидејќи владее голема глад во земјата Хананска; а сега дозволи да живеат во земјата Гесемска слугите твои“. Фараонот му рече на Јосиф: “нека живеат во земјата Гесемска; и ако знаеш некои помеѓу нив дека се вредни луѓе, постави ги над мојата стока“. Јосиф го доведе пред фараоноти таткото свој.
“Колку ти имаш години? Го праша фараонот. Јаков одговори: во мене има сто триесет години, како сум дојденец. Малку се денови на животот мој и лоши беа, ниту ги достигаат вековите на татковците мои“. Заминувајќи од царот, Јаков го благослови. И се насели со семејството Еврејско во подобриот дел на Мисир, во земјата Гесемска. Јосиф ја снабдуваше со храна целата задруга Јаковлева спрема потребите на секое семејство.
19. Јаковлево пророштво за судбината на неговите синови и неговата смрт. Јосифова смрт, Состојбата на Евреите во Мисир после смрта на Јоасиф.
Пост. 47, 27-31. 48. 49. 50. Изл. 1.

Јаков поживеа во Мисир седумнаесет години. Гледајќи дека му се наближува смрта, тој го повика Јосиф со децата и ги благослови. Јосифовите синови Јефрем и Манасиј тој ги израмни со своите деца, предскажувајќи дека помладиот, Јефрем, ќе биде поголем од постариот брат, а на самиот Јосиф му определи парче земја, која ја купил во Ханан, и го заколна да не го погребуваат во Мисир, туку во гробот на неговите татковци. Потоа Јаков ги викна сите свои синови и ги благослови, и ја предскажа на секого судбината на неговото поколение. Благословувајќи ги, тој ги предаде правата на првенство на четвртиот син Јуда. Јаков му предскажа на Јуда дека неговото поколение ќе дава цареви и водачи, додека не дојде Спасителот. Потоа им заповеда да го погребат во пештерата Макпелска, покрај Аврам и Исак, и умре во сто четириесет и седмата година. Јосиф и браќата негови го исполнија ветувањето татково. Одкако, по Мисирскиот адет, го балсамирале телото татково тие го погребаа во земјата Хананска, во Макпели.
Еве го пророштвото на Јаков за судбината на неговите синови: „Рувиме, ти си првенц мој! Нагол си како вода; нема да бидеш прв. Симеон и Левије, браќа, мечовите им се оруди на неправда. Ќе ги разелам по Јаков и ќе ги растурам по Израел. Јуда тебе ќе те фалат браќата твои, раката ќе ти биде на вратот на непријателите твои, и ќе ти се поклонуваат синовите на таткото твој. Палицата владеачка нема да се одвојува од Јуда, ниту од нозете негови тој кој поставува закон додека не дојде Измирителот. Завулун ќе живее покрај море и каде што доаѓаат бродовите, и граница ќе му биде до Сидон. Исахар е магаре со силни коски, кој лежи во бачило. И виде дека одморот е добар и дека земјата е мила, ќе ги наведне рамената свои да коси, и ќе плаќа данок. Дан ќе му суди на својот народ; и ќе биде змија на патот и змија на стазата која го каснува коњот за кичица. Гад, него војската ќе го совлада; но најпосле тој ќе надвладее. Во Асир ќе има изобилие на храна, и тој ќе им даде сладост царска. Нефталим е срна пуштена, и ќе зборува убави зборови. Јосиф е родна гранка, на која гранките и се раширија од врв на зидовите. Но го разжалостија луто и стрелаа во него, пак остана јака стрелата негова и се зацврснаа мускулите на рацете негови; од каде постана овчар камен на Израел, од Бог таткото твој, кој ќе ти помага и ќе те благослови. Венијамин е волк граблив, наутро го јаде ловот, а навечер го дели пленот“
Плашејќи се, да Јосиф после татковата смрт не им се освети за злото, кое му го направиле, Јосифовите браќа решија, да го молат за прошка; тие дојдоа кај него, паднаа пред него и рекоа: “ние сме слуги твои“. Јосиф им одговори: “не се плашете, зарем су јас наместо Бог. Вие ми мислевте лошо на мене, но Бог мислел добро“ И ги смири браќата свои од се срце. После смрта на Јаков Јосиф поживеа шест години и за време на животот ги снабдуваше браќата со се што им беше потребно за живот. Умирајќи ги заколна синовите Израилеви, да ги понесат со себе коските негови, кога Бог ќе ги изведе од Мисир. Јосиф умре кога имаше сто десет години. Телото негово било балсамирано и погребано во Мисир.
После Јосифовата смрт Јакововото семејство многу се намножило и формирала цела нација, која се викала Израелци, по името на патријархот Израел и Евреин, по име на патријархот Евер. Спрема бројот на дванаесете синови на Јаков, тој народ се поделил на дванаесет племиња, колена. Секое колено си бирало на себеси старешина.
Во почетокот Израелците не се дружеле со Мисирците. Тие живееле во земјата Гасемска во шатори, и се занимавале со сточарство, кое Мисирците го презирале. Тие имале свои обичаи, свои празници, своја вера. Но како одминувало времето, тие се повеќе се дружеле со Мисирците и постепено ги прифаќале нивните обичаи. Многумина ја напуштиле верата во невидливиот Бог и заедно со Мисирците принесувале жртви на бик, крокодол и мачка. Со почитување на Мисирските богови тие ги примиле сите зла мисирски. Многу Израелци почнаа да живеат беспутно, се караа помеѓу себе и секој ја гледаше својата полза. Затоа Господ ги казни преку истите Мисирци, од кои и го научија безбожништвото. Новиот фараон (1) гледајќи дека Израелците се намножиле, се исплашил да тие за време на војна не се соединат со непријателите и да не заминат од Мисир, и почна да ги угнетува. На нив им постави од Мисир старешини над работата, да би ги измачиле со тешка работа. Тие надзорници ги терале да вадат огромни камења од рудниците, да прават цигли, да прават кал и вар, да носат вода од реката; и на секоја работа ги тераа сурово. Евреите во тоа време им изградија цели градови. Но Господ го сочува својот народ. Израелците и понатаму се множеа. Тогаш фараонот нареди сите машки еврејски деца да се фрлаат во река. Несреќата ги натера Евреите да се подсетат на Бог и да му се со солзи обратат за помош.
20. Праведен Јов.
Во тоа време кога Евреите се пателе во Мисир, во северниот крај на Арабија живеел честит, праведен и богобојазлив човек Јов, кој не се поклонувал на идолите и кој верувал во Бог невидливиот. Во својата Арабија тој се прочул со своето богатство и добродетелство. Тој бил најпознат син на Исток. Кога излегувал на грдската порта, старците станувале и стоеле, кнезовите се воздржувале од говори, гласот на веледостојниците не се слушал; сите внимателно ги слушале неговите совети и после неговите зборови никој не зборувал. Тој бил на чело на сите, и живеел како цар помеѓу војниците, како утешител на тие што плачат. Среќен бил Јов и во семејството. Тој имал седум синови и три ќерки. Децата му живееле во љубов и секој ден се собирале да се веселат едно кај друго. Кога се завршувала забавата, Јов ги собирал децата околу себе и принесувал жртва паленица, молејќи се да Бог им прости, ако нешто погрешиле.
Но гледај, Јов го снајдоа страшни несреќи. Ѓаволот употреби секакви сплетки да го наведе на зло, на непочитување на Бог, но не успеваше во тоа. Тогаш тој излезе пред престолот Божји и го напаѓаше праведникот. Јов е, вели ѓаволот, побожен само затоа, што ги ужива земските богатства. За да го посрамоти клеветникот и со проба да закрепи верата на праведникот, Бог му дозволи на ѓаволот да испрати кон Јов земски несреќи. Еднаш, кога сиовите и ќерките негови се веселеа во куќата на најстариот брат, дотрча кај Јов гласник и му рече: “воловите ораа и магарињата пасеа покрај нив: а Савеите удрија и ги однесоа, и ги испотепаа момчињата со оштар меч, и само јас јаден избегав за да ти јавам“. Додека тој зборуваше му стигна на Јов и вториот гласник и му раскажа, како оган Божји паднал од небото и ги спалил и овците и момчињата. Додека овој уште зборуваше дотрча и третиот гласник и рече, дека Халдејците, во три чети удриле на камилите и ги грабнале, а момчињата ги убиле. Одма по третиот гласник дотрча уште еден и рече: “ветер голем дојде преку пустината и удри во четирите агли од куќата, те падна на децата и погинаа; и само јас јаден избегав за да ти јавам“.
Така Јов од богаташ постана просјак, од среќен татко на семејството – самец. Но тој не рече ни збор против Бог; тој падна на колена и рече: “гол се родив, и гол ќе се вратам во утробата на мојата мајка – земја. Господ даде, и Господ зема; да е благословено името Господово“.
Набрзо нова несреќа го стигна маченикот. Целото тело негово се покри со лош пришт од петици до темето. Тој сеуште беше жив но телото му скапуваше. Лепрозните не можеле да живеат во градовите и селата; тие мораа да живеат надвор од градот, да не би ги заразеле и другите. Несреќниот Јов седеше на куп пепел надвор од градот и со парче плочка го стругаше гнојот од себе. Раните негови многу смрдеа, да никој не можеше да му се доближи. На сите им изгледало дека е подобро Јов да умре, одколку да живее и да трпи такви страшни маки. Тогаш жената почна да го советува мажот: “ти сеуште си силен во добрината твоја? Одкажи се од Бог, па умри“. Но Јов и одговори: “зборуваш како луда жена. Добро примавме од Бог, а лошото зарем нема да го примаме?“ Покрај се не погреши Јов со устата своја.
Јов го снајде уште нова несреќа. За неговата несреќа чуле три пријатели и дојдоа да го пожалат и да го утешат. Кога го видеа Јов, тие почнаа да плачат, го искинаа својот плашт и се посипаа со пепел по глава. Седум дена и седум ноќи седеа кај него, и ниеден ме му прозборе ни збор. Најпосле Јов почна да зборува; тој горко се жалеше, што се родил, кога му биле наменети вакви маки. Прозбореа и пријателите, но со своите зборови ги зголемија неговите маки. Тие мислеле дека Јов е голем грешник, кога така силно пати, и почнаа да го советуваат, да се покае за своите гревови. Јов се бранел, зборувајќи дека не знае дали е крив, и при тоа покажа вера во Искупителот и во воскресувањето на мртвите. (2) Пријателите го наговараа да ја остави гордоста и да ги признае своите гревови. Нивната недоверба длабоко го навреди несреќниот Јов. Јов го молеше Бога да Сам се покаже и посведочи дека е тој невин. И Господ навистина се покажа. Среде светкање на молњи и грмотевици Он го покажа Својот гнев кон другарите на Јов за тоа, што неправедно суделе; и вети дека ќе им прости, ако се само Јов помоли за нив. И така Бог им подари простување со молитвите на невиниот маченик.
После тоа Господ го награди Јов за неговото трпение. Јов оздраве. Роднините и познаниците, дознавајќи за тоа, се израдуваа, му дојдоа во посета и секој му донесе дар. И ги благослови Господ последните денови на Јов повеќе, околку порано: стада сега имаше двапати повеќе, одколку порано, и доби пак седум синови и две ќерки. Јов поживеа после уште сто четириесет години и умре во длабока старост. Се што му се случило на Јов, опишано е во книгата Светото Писмо, која се вика книга за Јов.
ВРЕМЕ НА ВОДАЧИТЕ НА ЕВРЕЈСКИОТ НАРОД
18. Раѓање и воспитување на Мојсeј и неговот бекство од Мисир.
Изл. 2, 1-15.

Бог видел дека Израелците се покајаа, ја слушнал нивната молитва и им испрати избавител. Амрам, внук Левиев, доби син. По заповедта царска за новородените еврејски машки деца, и Амрамовиот син требело да го фрлат во реката. Но мајка му сакала да го спаси и го криела три месеца. Да го крие и понатаму било неможно. Тогаш таа зема ковчеже од сито, го обли со смола и го стави во него синот, и го однесе во трската крај реката. Сама мајката отиде дома, а на ќерката своја Маријам и нареди да се сокрие на брегот и да внимава, што ќе се случи со детето. И Господ го спаси. Дојде на реката ќерката на фараонот да се бања, го спази во трската ковчежето и ја испрати својата слугинка да го земе. Кога и го донесе ковчежето, таа го отвори и во ковчежето здогледа дете, каде плаче. Тоа е Еврејско дете, помисли таа и се сожали над детенцето. Тогаш Маријам и пријде и рече: “сакаш ли да ти викнам доилка Еврејка?“ Фараоновата ќерка рече: “оди“. Маријам ја донесе мајката на детето, која и го зема, да го надои. Кога детето порасна, мајката го однесе на ќерката фараонова, која го прими наместо син и го нарече Мојсеј, што значи изваден од вода. Ова дете Бог определи да биде избавител на Евреите.
На дворот фараонов Мојсeј се научил на целата мудрост Мисирска, имал богатство и чест. Но Господ му ги сочува и разумот и срцето од безбожништвото Мисирско и му помогна да се зачврсти во вистинската вера на неговите татковци. Мојсeј памтел и не заборавал дека Евреите се негови браќа. Кога наполнил четириесет години, отиде во земјата Гесемска и виде дека Израелците страшно се исцрпуваат со работа. А освен тоа се случи, да еден Мисириц силно тепал Евреин, кој поради слабост не можел да направи што му било заповедано. Мојсеј се зазема за сонародникот, и одкако виде дека околу нив нема никој, го уби свирепиот мачител, а телото негово го закопа во песокот. Утредента тој пак излезе и виде, како се тепаат двајца Евреи. Мојсeј им пријде и му рече на тој кој не беше во право: “зошто го тепаш ближниот свој?“ На кавгаџиите ова не им се допадна. Посилниот му рече на Мојсeј: “кој те тебе постави за кнез и судија над нас? Сакаш ли да ме убиеш, како што го уби Мисирецот?“ Мојсије се уплаши и рече: “навистина се дознало“. Сепак, царот го известија дека Мојсej убил Мисирец, и царот го осуди на смрт. Тогаш Мојсej побегна од Мисир во Аравија.
19. Бог го повикува Мојсeјa.
Изл. 2, 16-25. 3, 1-14. 4, 1-17.

Мојсej се насели во пустината Арависка, кај Мадијамскиот свештеник Јотор, се ожени со неговата ќерка и ги чуваше неговите стада. Еднаш со стадото навлезе далеку во пустината и дојде на гората Хорив. Одеднаш тој здогледа во пустината необична појава: капина гори со оган, и не изгорува. Пријде поблиску да види, зошто капината не изгорува, (1) и слушна од капината глас: “Мојсеј! Соблечи ги обувките од нозете твои, бидејќи местото каде што стоиш е света земја“. Мојсеј ги соблече обувките и смирено застана пред капината. Гласот од капината рече: “Јас сум Бог на таткото твој, Бог Аврамов, Бог Исаков и Бог Јаковлев. Добро ја видов несреќата на народот Мој во Мисир и се симнав да го ослободам од рацете Мисирски и да го изведам од таа земја во земјата Хананска. Сега ајде да те испратам кај фараонот, да го изведеш народот Мој од Мисир“. Мојсеј на тоа му одговорил на Господ: “кој сум јас да одам кај фараонот, и да ги изведам синовите Израелови од Мисир?“ Господ му рече: “Јас ќе бидам со тебе, и ова нека биде знак дека Јас сум те испратил: кога ќе го изведеш Мојот народ од Мисир, ќе му служите на Бог на оваа гора“. Мојсеј одговори и рече: ете, кога ќе отидам кај синовите Израелови, па им речам: Бог на татковците ваши ме испрати кај вас, ако ми речат: како се вика: што ќе им кажам? Господ му рече на Мојсеј: “Јас сум Оној што е (Јехова), така ќе кажеш на синовите Израелеви: Кој е, Он ме испрати кај вас“. Мојсеј (трет пат ) одговори: “но нема да ми веруваат, ниту ќе го послушаат гласот мој, бидејќи ќе речат: не ти се јавил Господ. Што да им кажам?“ – “Што ти е тоа во раката?“ праша Господ. “Стап“, одговори Мојсеј. Господ рече: “фрли го на земја“. Кога Мојсеј го фрли стапот, тој стана змија, и Мојсеј побегна од нејзе. Но Бог му рече на Мојсеј да ја фати змијата за опашката. Мојсеј тоа го направи и пак постана стап во раката негова. Господ му рече: “тоа направи го да веруваат дека ти се јавил Господ. Ако не ти веруваат за првиот знак, ќе послушаат на вториот. Стави ја раката во пазуви. Мојсеј ја стави раката во пазуви, потоа ја извади и виде, дека раката побелела од лепра, како снег. Тој се уплаши.Тогаш Бог му рече да пак ја стави раката во пазуви, и раката му стана здрава како и порано. “Ако не поверуваат на тие два знака“, рече Господ, “а ти зфати вода од реката, и истури ја на земја; и ќе се претвори водата во крв на земјата“. Мојсеј и понатаму се одкажуваше (четврти пат): “Ти се молам, Господе, несум речит човек, туку сум со бавна уста и бавен јазик“. Но Господ му одговори: “кој му дал уста на човекот, зарем не Јас, Господ? Затоа оди, Јас ќе бидам со твојата уста, и ќе те учам што ќе зборуваш“. Мојсеј решително се одкажа (пети пат): “Господе, испрети го тој што треба да го испратиш“. Тогаш Господ се разлути и рече: “тебе ќе те сретне твојт брат Арон: На него ќе му ги кажеш овие зборови Мои, и тој наместо тебе ќе му зборува на народот, и тој ќе ти биде тебе наместо уста, а ти ќе му бидеш на него наместо Бог. А тој стап земи го во раката своја, со него ќе правиш чудеса“. Тогаш Мојсеј се подчини на волјата Божја.
20. Мојсеј и Арон пред фараонот.Суровоста на фараонот и казните кои го задесија Мисир. Ослободување на Евреите од ропство Мисирско. Пасха.
Изл. 4, 27-31. 5-11. 12.13,1-39,11-16,19.
Мојсеј отиде во Мисир. На патот, во близина на гората Хорива, го сретна Арон, брат негов, и тој му раскажа за својата задача. Тие дојдоа во Мисир и ги собраа старешините Израелски. Арон им раскажа што Бог му зборувал на Мојсеј, а Мојсеј, да би докажал дека сето тоа е вистина, ги направи знаците. Старешините им поверуваа и се поклонија до земја на Господ, Кој ги посетил со својата милост. Тогаш Мојсеј и Арон отидоа кај фараонот и во името на Јехова, Бог Израелов го молеа да ги пушти Евреите во пустината на три дена одење, (2) да му принесат жртва на Бог. На тоа фараонот рече: “кој е Господ за да го послушам Неговиот глас? Не го знам Господ, ниту ќе ги пуштам Израелците“. Потоа заповеда на своите настојници да не им даваат плева на Израелците за правење на тули (“нека одат самите и нека собираат плева“, што останала после жетвата по полињата и се употребува за гориво при правење на цигли) и во исто време бараше тие секој ден да направат исто толку тули, колку и порано. “Тие безделничат“, рече фараонот, “и затоа викаат: одиме да принесеме жртва на Богот свој“. На Израелците им стана животот во Мисир уште потежок. Тогаш Мојсеј и Арон повторно му се јавија на царот. За да го увери, дека навистина се пратеници Божји, Арон го фрли на земја стапот свој, и стапот се претвори во змија. Фараонот ги викна мудреците мисирски, кои со своите вражбини направија исто со своите стапови; но стапот Аронов ги изеде нивните стапови. Без оглед на ова чудо, фараонот одрече да ја исполни молбата на Израелците. Тогаш Господ почна да го казнува Мисир со страшни казни (3). Казните ги снаоѓале само местата во кои живееле Мисирци; а земјите Гесемски не ги допирале. При тоа секоја казна почнувала и престанувала на збор Мојсеев. Мудреците Мисирски се обидувале со своите вештини да прават исти чуда, но кај третата казна и сами признаа, дека во делата Мојсееви се гледа пстот Божји, и дека луѓето тоа не можат да го направат. Но срцето фараоново се стврднало. Штом почнувала чудесната казна , тој ветуваше дека ќе ги пушти Евреите, а штом престануваше, фараонот во час го менуваше своето ветување, одма орекуваше да го исполни. Од почеток тој им дозволи на Израелците да принесат на Бог жртва во пустината, само недалеку од Мисир; потоа се согласи, да одат во пустината, оставајќи ги жените и децата дома; потоа им дозволи да ги поведат и семејствата свои, но одкако ја остават дома целата своја стока; и најпосле, после деветата казна, место да го ослободи народот како што ветил, тој го истера од себе Мојсеја и рече, дека ќе го казни со смрта, ако се осмели да пак му излезе пред очи.
Тогаш Бог му кажа на Мојсеј, дека уште еднаш ќе го казни Мисир, да би фараонот ги пушти Израелците, и заповеда, да десиотот ден во првиот пролетен месец, Нисан (трае од 12. март до 10. април), во секое еврејско семејство оделат од стадото здраво јагне, од година дена, машко, да вечерта на четиринаесетиот ден од истиот месец го заколат јагнето, со неговата крв да ги намачкаат двата капака и горниот праг на куќите свои, и потоа истата ноќ да го ипечат на оган и изедат со пресен леб и зеље горко, не кршејќи му ги коските, а што ќе остане да го запалат; да јадат брзо, облечени, обуени,со стапот во рака. “Тоа е Пасха Господова“ (паска значи поминување), рече Бог. “Јас ќе поминам по земјата Мисирска таа ноќ, и ќе ги отепам сите првенци по земјата Мисирска од човек до животни. А крвта таа ќе биде знак на куќите, и кога ќе видам крв, ќе ве поминам, па нема да има помеѓу вас помор. И тој ден ќе го празнувата од колено на колено. Седум дена јадете лебови пресни (од 14. до вечерта на 21. ден во првиот месец) и првиот ден тргнете го квасецот од куќите ваши“.
Израелците направија што им Господ заповеда. И види, ноќта петнаесетиот ден во месецот Нисан, Господ ги испрати ангелите да ги убијат сите првенци Мисирски (десета казна). Плач се разлеа по целиот Мисир. Тогаш фараонот ги повика Мојсеј и Арон, и им рече: одете си од народот мој, и послужете го Господ, како што зборувате; земете ја со себе стоката ваша“, а Мисирците толки ги брзале Евреите, да овие не стигнале да испечат лебови за на пат, туку го понеле тестото уште не скиснато и по пат ги печеле пресните лебови.Пуштајќи ги, Мисирците на нивна молба им дале накити сребрени и златни и облека. Мојсеј ја исполни желбата Јосифова и ги понесе коските негови. За спомен на спасувањето од Мисир Бог го вовел празникот Пасха (4), на кого по тоа му дале седумдневен празник на пресните лебови. Во тоа време Израелците добиле од Бог закон, да му го посветат секој првенец од машки род од човек до животно, и при тоа првенците од животните да се принесуваат за жртва, а првенците од децата да се одкупуваат, принесувајќи наместо нив на одкупна жртва животни.
21. Излегување на Евреите од Мисир. Преминување преку Црвеното море.
Изл. 12, 37-38. 13, 17-22. 14. 15, 1-21.

Израелците кои тргнале на пат (од Мисирскиот град Рамсеса) биле шест стотини иљади пешаци, не рачунајќи ги децата. Кон нив се прилкучија многу луѓе од разни племиња. Бог Кој го принуди фараонот да ги пушти Евреите, им помогна да излезат од Мисир. По негова заповед, во воздухот се појави столб. Дење овој столб бил како облак и им го покажувал патот, ноќе пак огнен, и им светел да би можеле и ноќе да патуваат. Овој столб им го покажувал местото за одмор. Патувајќи по столбот, Израелците дошле до брегот на Црвеното море, кое го одвојувало Мисир од Аравија, и овде застанаа.
Сепак, на Мисирците им беше жал што ги пуштија Евреите кои им работеа. Фараонот се израдува кога слушна, дека се упатиле кон Црвеното море; тој мислеше дека заталкале. И одма зема шест стотини бојни коли и целата коњица Мисирска и ги стигна Израелците, кога се одмараа покрај морето. Израелците се исплашија, и наместо да го молат Бог да им помогме, почнаа да му викаат на Мојсеј, што ги извади од Мисир. Мојсеј ги смирувал. Не се плашете“, им зборуваше, застанете и гледајте, како Господ ќе ве ослободи денес; бидејќи Мисирците што ги видовте, нема никаде повеќе да ги видите до векот“. Во тоа време облачниот столб застана помеѓу народот, и на Мисирците им беше им беше темен, а на Израелците светол. По заповед Божја, Мојсеј подигна силен источен ветер, водата се раздвои и се исуши дното морско. Израелците поминаа по суво дно; а водата стоеше како ѕид и од десна и од лева страна. Слушајќи го движењето во логорот на Израелците и прелажани од темнината, Мисирците тргна по Израелците и беа на средина на морето, кога последните редови на Евреите веќе излегуваа на другиот брег. Тогаш Мојсеј пак ја испружи раката своја кон морето и водата се врати на своето место, и сите Мисирци се подавија. (5) Израелците запеаја благодарна песна на Господ, нивниот Помошник и Заштитник.
22. Патување на Евреите до Синај.
Изл. 15,22-27. 16. 17. 18,1-11.

Израелците оделе во земјата Хананска низ дива пустина. Господ намерно ги водеше по овој пат за да ја скроти нивната гордост и да ги закрепи во верата и надеж во Бога. Три дена патуваа Евреите по пустината (Сур) и не најдоа вода. Третиот ден најдоа извор, кој се викаше Мера (горчина), и жедно се напија од изворот, но водата не можеа да ја пијат, бидејќи беше горка. Израелците почнаа да викаат по Мојсеј. Тогаш тој го стави дрвото во водата, кое му го покажа Бог, и водата стана питка. Во Елим тие малку се смирија, бидејќи таму најдоа дванаесет извори и седумдесет палми. Но понатаму (во пустината Син) на нив им се закануваше друга несреќа. Тука не можеа да најдата храна, а лебовите, понесени од Мисир, веќе се потрошија. Во очајание тие зборуваа: “камо да изумревме од раката Господова во земјата Мисирска, кога јадевме леб во изобилие“. Тогаш Мојсеј им рече во името на Господ: “до вечер ќе јадете месо, а утре ќе се наситите со леб, и ќе познаете дека сум Јас Господ Бог ваш“. Неговите зборови се исполнија. Истиот ден вечерта долетаа препелици и прекрилија околу, а сабајлето целата земја била покриена со нешто округло ситно како слана по земјата. Израелците скептично прашуваа: ман-гу (т.е. што е ова?) “Тоа е леб што ви го дава Господ да јадете“, им одговори Мојсеј. И тие тој леб го нарекоа мана. Од тој ден секое сабајле, освен сабота, Евреите наоѓале мана, одкако росата ќе се подигнела од земјата; дење не можеа да ја најдат, бидејќи венела од сончевите зраци. Маната по вкус личела на колачи со мед и зејтин; таа можела да се меле ,толчи и да се мие. (Бр. 11, 7-9)
Новото искушение ја покажа слабоста на верата на Израелците. Снема вода, и пак почнаа да викаат на Мојсеј (тие тогаш беа во Рафидин). “Зошто не изведе од Мисир да нас и нашите синови и стоката наша не погубиш со жед? “ викаа Израелците. По заповед Божја, Мојсеј зема неколку старешини, и пријде на карпа на гората Хорива, удри по нејзе со својот стап и од карпата потече вода. (6) И овдека ги нападнаа Амаликовци. Под водство на Исус Навин, Израелците влегоа во битка, а Мојсеј за тоа време се молеше на Бог со подигнати раце кон небото. Господ ја послуша неговата молитва и Амаликовците беа победени. Во Рафидин го посети Мојсеј неговиот дедо Јотор и му ги доведе жената и синовите.
Така Бог им го покажа на Израелците патот низ пистината, им даваше храна и вода и помагаше во борба со непријателите. Освен тоа, за цело време на патувањето нивната облека не страдаше и нозете не им отекуваа. Но Бог одма не им ја давал Својата моќ за да би виделе дека спасение можат да очекуваат само од Него еден. За тоа сам Мојсеј му рекол на народот: “памети го целиот пат по кој те водел Господ, да те провери и дознае, ќе сакаш ли да ги чуваш Неговите заповеди или не. Тој те скротувал, те мачел со глад и те хранел со мана, да ти покаже да човекот не живее само за еден леб, туку за секој збор кој излегува од устат Господова“ (7).
23. Синајско законодавство.
Изл. 19. 20, 1-20. 24, 1-11 , пон. Зак. 5

Во почеток на третиот пролетен месец Израелците дојдоа во пустината Синајска и ги разапнаа шаторите под гората Синај. Овдека Мојсеј му објави на народот од страна Божја: “видовте што им направив на Мисирците и како сум ве вас на орлови крила носел и ве доведов кај Себе. Ако добро го послушате Мојот глас, ќе бидете Мое богатство покрај сите народи, и ќе Ми бидете царство свештеничко и народ свет“. Народот одговори дека ќе извршува се што Господ заповеда, и почна со пост и со молитва да се подготвува да ја слуша волјата Божла. Во педесетиот ден по излегувањето од Мисир Израелците видоа дека густ облак го покри Синај, се слушна страшна грмотевица, засветкаа молњи, се разлеа и засвири труба многу силно. Мојсеј и Арон излегоа на гората и застанаа да ги види народот. Народот во срав стоеше во подножјето, и од висините нејзини се слушна глас. Господ изрече десет заповеди Свои, во кои е законот за љубов кон Бога и ближниот.
1. Јас сум Господ твој, немој да имаш други богови освен мене.
2. Не гради себеси лик клесан ниту какви слики од тоа што е горе на небото или доли на земјата, или во водата испод земјата, немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш.
3. Не го спомнувај залудно името на Господ Бог свој.
4. Сеќавај се на денот за одмор и да го славиш. Шест дена работи, и заврши ги сите работи свои, а седмиот е ден за одмор на Господ Бог твој.
5. Почитувај го таткото свој и мајката своја, за да бидеш среќен и да ти се продолжат деновите на земјата.
6. Не убивај.
7. Не чини прељубља.
8. Не кради.
9. Не сведочи лажно против ближниот свој.
10.Не ја поскувај куќата на ближниот свој, не ја посакувај жената на ближниот свој, ниту скугата негов, ни слугинката негова, ниту волот негов,ниту магарето негово, ниту било што што е на ближниот твој.
Израелците со страв ги слушале заповедите Божји. Кога гласот сопре, старешините народни му пристапија на Мојсеј и му рекоа: “оди ти, и сослушај се што ќе ти каже Господ Бог наш, па потоа кажи ни нам, а ние ќе слушаме и ќе правиме; Но нека не зборува Бог со нас, да не испоумреме“. На оваа молба на народот Господ одговори преку Мојсеј: “тоа што рекоа добро рекоа. Пророк ќе подигнам помеѓу браќата нивни, како што си ти; кој не ги послуша зборовите Мои кои ќе ги зборува во Мое име, од него Јас ќе барам. Оди кажи им: вратете се во шаторите свои, а ти застани тука кај Мене, и ќе ти ги кажам сите заповеди и уредби и закони, кои ќе ги научиш да ги прават во земјата која им ја давам во наследство“. Кога Мојсеј се симна од гората и му раскажа на народот се што рече Господ, народот му одговори: се што ти рече Господ, ќе правиме и ќе слушаме. Утредента сабајле Мојсеј направи олтар и околу него дванаесет столбови, принесе жртва на Бог, со крвта на жртвеното животно го намачка народот и му ја прочита книгата на заветот. На тој начин народот доброволно стапи во завет (договор со Бог). Бог ветил да му биде Бог, а тој даде клетва да ги изврши заповедите на својот цар небесен.
Од тоа време божественото откровение се чувало во умот човеков и усмено се предавало од татко на децата. Но сега Господ заповеда да се запишат сите закони, кои ги дал. Така кај Евреите настанало Светото Писмо. Како Синајскиот закон бил даден во педесетиот ден по излегувањето на Евреите од Мисир, така овој ден станал за нив ден свет и добил име на празник Педесетница.
4. Нарушување и обновување на заветот со Бог.
Изл. гл. 24-34.

Израелците не останале долго верни на својата зклетва да го почитуваат законот Божји. Мојсеј и Исус Навин по заповед Божја отидоа во гората и останаа таму четириесет дена и четириесет ноќи. Во тоа време Мојсеј доби закон, како да изгради Скинија на Собирање, т.е. подвижен храм, во кого народот би принесувал жртви и се ќе моли на Бог. По истекот на четириесет дена Господ му даде на Мојсеј две таблици, или плочи од камен, на кои со прст Божји биле испишани десете заповеди. Сепак Израелците, гледајќи дека Мојсеј долго не се симнува од гората, помислиле дека погинал, и почнале да се грижат, којќе ги поведе преку пустината. Тие дојдоа кај Арон и побараа да им направи богови кои ќе одат пред нив. Арон небеше со силен дух да народот го задржи од ова безаконие. Тој побара да Израелците да му го донесат целото свое злато кое го имале, излеа од ова злато теле и рече: “утре е празник Господов“. Но излеаниот лик ги подсетувал Евреите на божество Мисирско, и тие го почитуваа самиот лик како Бог. Тогаш Господ му рече на Мојсеј: “ оди, слези, бидејќи се расипа твојот народ. Направија за себеси теле излеано и му се поклонуваат, и рекоа: ова се богови твои Израелу. Затоа ќе го истребам, но од тебе ќе направам народ голем“. Симнувајќи се од гората, Мојсеј здогледа теле и игри и гневно ги искрши пред народот таблиците. Потоа го зема телето, го запали во оган, го сотре во прав, го истури по водата и им нареди на Израелците да пијат од таа вода како доказ, да излеаното теле не е Бог. А на Арон му рече: “што ти направил овој народ, па го вовлече во толкав грев“. Арон се правдал со тоа, што народот Израелски е буен. Тогаш Мојсеј застана на вратата од кругот и рече: “кај мене, кој е Господов“. Кај него пристапија синовите Левиеви. Мојсеј им нареди да поминат низ целиот круг и да ги убијат сите, кои ќе им дојдат под рака. И убија тој ден три иљди луѓе за грев и идолопоклонство. А утредента Мојсеј се врати кај Господ и срдечно го молеше да му го прости гревот на народот и да го поштеди. Господ милостиво ја прими молитвата на праведникот, му заповеда да спреми две таблици од камен слични на тие кои ги скрши, и да излезе во гората. Мојсеј дојде на гората, помина четириесет дена без храна и вода, и ги напиша на таблиците зборовите на завет, – десет заповеди. Господ тогаш му ја покажа Својата слава. Видувањето на славата Божја оставило траги на лицето Мојсиево. Тоа почна да излева силна светлина, да никој не можеше да гледа во него, и тој мораше да носи покривало.
25. Скинија. Свештени лица, времиња и дејствија.
Израелците во близина на Синај поминале скоро година дена. Во тоа време Мојсеј изгради Скинија (шатор за состаноци), како што му заповеда Господ. Влезот во Скинијата бил од источната страна. Самата Скинија се делела на две со заваеса, која била стално затворена; влезот во Скинијата исто така бил затворен со завеса. Првиот дел од влезот се викал светилиште (светост). Тука од десно, на северната страна, имало сто и дванаесет свештени лебови, кои се викале лебови на предложување (поставени) и темјан; – од лево, кон јужната страна, свеќњак со седум кандила, кој непрекидно горел, а право кон завесата олтар кадилен, на кого се димел темјанот. Вториот дел од Скинијата позади светилиштето се викал Светиња над светињите. Таму стоел четириаголен ковчег, покриен со даска, во кого стоеле таблиците на Заветот и сад со мана, поради што се и овој ковчег и нарекувал ковчег на откровение или Завет (ќивот).Во Скинијата имало и свештени ликови: два излеани херувима на капакот од ковчегот, и освен тоа внатрешното покривало и завесите биле украсени со везени херувими. Околу Скинијата имало двор. Тука пред завесата на светилиштето стоеле: жртвеник, над кој принесувале жртви и го одржувале огнот да не се угасне, и мијалник, во кој свештеникот ги миел рацете и нозете пред влегување во светилиштето, пред почеток на службата и принесувањето на жртва. Кога Скинијата била готова, облак ја покрил и слава Господова ја наполнила. Облакот Господов стоел над Скинијата дење; огнот во нејзе се гледал ноќе. Кога облакот се подигал од Скинијата Израелците тргнувале на пат. Така било во време на нивното патување.
За служење во Скинијата Мојсеј го поставил Арон за првосвештеник, а неговите синови за свештеници, и тогаш ја обнародил заповедта Божја, да сите првосвештеници и свештеници се поставуваат од племето Ароново. Освен тие, на служба во Скинијата одвоено било и целото колено Левиево, чие поколение се нарекува Левити. Првосвештеникот е застапник пред Бог за народот, и како знак на тоа носел на градите напрсник (четвороаголник од двострук материјал со дванаест ранобојни камења, на кои им биле напишани имињата на колената Израелови), и како застапник пред Бог имал право, да само тој еднаш во годината влезе во Светињата над светињата; првосвештеникот пак бил главен чувар на законот и надзорник дека законот ќе се извршува.
Свештениците имале должност, да го чуваат огнот во Скинијата да не се угасне, да принесуваат жртви, да кадат, да се молат на Бог за народот и да го учат народот на законите Божји. Тие имале право да секој ден влегуваат во светилиштето, каде ги палеле кандилата, каделе и ги менувале лебовите поставени. Левитите им помагале на свештениците при принесување жртви, ја склопувале Скинијата, ја носеле во време на патување и во времето на богослужењето вршеле должност на пејачи и свирачи. Народот за време на богослужењето стоел во дворот на Скинијата.
Главен дел на богослужењето било принесување на жртви. Жртвите биле крвни и бескрвни. Да би се добила милост за гревовите, принесувана е жртва паленица. Таа се состоела од тоа, што грешникот доведувал теле, овен и јарец и на главата негова ги положувал своите раце. Свештеникот го колел живинчето, крвта негова се истурала околу жртвеникот, а живинчето се спалувало на жртвеникот; кожата се давала на свештеникот. Во знак на благодарност кон Бог и да би се добила милост, принесувана е жртва на мир и спасение; крвта на живинчето се леела околу жртвеникот, лојта, салото и бубрезите се спалувани на жртвеникот, градите и десната плешка давани се на свешениците, а останатие делови ги јаделе тие што принесувале жртва, дента кога ја принесувале и најдоцна другиот ден. Што ќе останело за третиот ден, го спалувале. Бескрвните жртви се состоеле од брашно, зејтин, темјан и вино. Најсвечено принесување на жртви се правело во денот на очистувањето (во половината на септември). Во тој ден носеле пред Скинијата два јарци. Првосвештеникот го одбирал едниот со ждрепка, го колел за жртва за гревовите на целиот народ, со крвта од јарецот влегувал во Светињата над светињите и застанувал над капакот на ковчегот, молејќи се на Бог да ги исчисти гревовите на Својот народ, поради што капакот и се викал чистилиште. Потоа го палеле јарецот надвор од кругот. Над другиот јарец првосвештеникот ги исповедал грвовите на својот народ и заповедал да го истеруваат од кругот во пустината.
Освен празниците: сабота, пасха, педесетница и ден на очистување, Мојсеј востановил и : празник на трубите или нова година, новомесечие (првиот ден од секој месец), година саботна (година на простување, сабота – одмор на земјата) и година јубилејна. Година саботна била секоја седма година. Било заповедано: таа година да не се работи земјата, да не собираат плодови од неа, да се остава се на сиромашните, да се простуваат долговите на сонародниците и да се пуштаат на слобода тие кои поради долгови се во ропство. Јубилејна (или година на трубите) била секоја седма година. Таа година, освен закон за саботната година, заповедано било да се враќаат на поранешните сопственици имотите кои ги заложиле или продале. Пред влез во земјата Хананска бил востановен уште и празник на сениците.
35. Патување на Евреите до земјата Хананска.
(Осуда на Евреите на четириесетгодишно скитање).
Број. 11-14; Пон. Зак. 1,9-16.

Од Синај Евреите тргнаа кон земјата Хананска во пустината Фаран. По пат дојденците од разни краеви почнаа да ги покажуваат своите страсти; (8) кон нив застанаа и Евреите. “Кој ќе не храни со месо? Зборуваа тие, плачејќи; си спомнавме за рибите што ги јадевме во Мисир бадијала, и краставици, и дињи, и кромид и лук, а сега се суши душата наша; нема ништо освен мана пред очите наши“. Тешко му беше на Мојсеј да ги поднесе сите барања на народот. Плачејќи тој се молел на Бог, се жалел на самоволниот народ и молел да умре. Господ заповеда да му каже на народот, дека ќе има месо за цел месец, а не само еден ден, додека не им се згади. По заповед Божја се подигна силен ветер и донесе препелици. Народот потрча да ги собира, и се прејадоа. И уште имаше месо во нивните заби и не го изедоа, а Господ се разлути на народот; се прошири страшен помор, од кој изумреа многу. Тоа место Израелците го нарекоа гробови на желби (Кивротатава).
Одкако ги погребаа мртвите, Евреите продолжија понатаму (во Аснирот). Тука на Мојсеј му ги загорчија дните неговите роднини. Маријам и Арон му префрлаа, зошто се оженил со Мадијанка, и при тоа го понижуваа неговото достоинство, како посланик Божји. Тие рекоа: “зарем само преку Мојсеј зборувал Господ? Нели зборуваше и преку нас?“ Мојсеј беше човек многу кроток покрај сите луѓе и стрпливо ги поднесуваше прекорите. Господ ја казни Маријам со лепра. Гледајќи ја лепрата на сестра си, Арон му рече на Мојсеј: “не ставај на нас грев ваков, бидејќи лудо направивме и згрешивме“: Тогаш Мојсеј го молеше Бог да ја исцели сестра му. И Господ ја исцели, но одкако била седум дена одалечена надвор од кругот.
Евреите дојдоа на границата на Ханан, во пустината Фаранска, во Кадис- Варна. Мојсеј им рече, дека земјата, која Господ им ја даде во наследство, сега е пред нив, и дека можат без опсност да ја освојат. И испратија луѓе да ја шпиунираат земјата и за тоа да известат. Помеѓу главешините Израелови биле избрани дванаесет луѓе, по еден од секое племе; помеѓу одбраните беа и Халев и Исус Навин. Шпијуните ја поминаа целата земја од Кадис- Варне до северните граници (до Емат). После четириесет дена тие се вратија. Сите ја фалеле родноста на земјата. Но некои помеѓу нив додале: Но народот е јак кој живее во оваа земја, и градовите се тврдини и многу големи: а таму видовме и преме на великаните“. Овие приказни го уплашија народот. Халев и Исус Навин ги смируваа зборувајќи, дека можат да ја освојат земјата; а другите шпиони почнаа да докажуваат, дека не можат да одат таму: “ние не можеме да одиме на тој народ, бидејќи е посилен од нас. Видовме таму и џинови, а ние сме спрема нив како скакулци“. Народот страшно се уплаши. “Зошто Господ не носи во таа земја да погинеме од меч“, плачејќи викаа Евреите. “Жените наши и децата наши да станат робови? Нели е подобро да се вратиме во Мисир?“ И се договорија да изберат нов водач и да се вратат назад, а Мојсеја , Арона,Халева и Исуса Навин да ги убијат со камења. Тогаш славата Господова се јави во вид на облак во Скинијата, и Мојсеј чу од таму глас Господов: “до кога тој зол собир ќе вика на Мене покрај сите знаци кои му ги направив? Кажи им: така Јас жив бил, рече Господ, ќе ви направам така како што зборувавте. Нема да влезете во земјата за која се заколнав дека ќе ве населам во нејзе, освен Халев и Исус Навин. Утре се враќате во пустината на Мртвото море. А децата ваши, за кои рековте дека ќе постанат робови нив ќе ги одведам; а вашите тела мртви ќе попаѓаат во таа пустина. По бројот на денови, по кои одевте по земјата, четириесет дена, ќе ги носите своите гревови четириесет години и ќе познаете дека прекинав со вас“. Десете шпиони, кои со своите приказни го побуниле народот, умреа од чума пред Скинијата.
Одкако ја сослушаа Божјата волја за казната, Израелците се решија, да одма влезат во Ханах. Залудно Мојсеј ги наговараше да не одат против Божјата волја. Тие настојуваа да одат на врв на гората, но Хананејците ги разбија и ги избркаа од своите краеви. И појдоа тие пак по пустината Аравијска.
36. Бунт на Кореј, Датан и Авирон. Прекрасен жезал Аронов.
Број. 16,17.

Набрзо после осудата па четириесетгодишно скитање, помеѓу Израелците се појави нова побуна. Кореј, поглавар на едно племе до коленото Левиево, негодуваше зошто свештенството е избирано само од племето Ароново, и се побуни против Мојсеј и Арон. Покра нив застанаа и Датан и Авирон, од коленото Рувимово. Тие привлекоа на своја страна две стотини педесет влијателни луѓе, поглавари народни. Бунтовниците му зборуваа на Мојсеј и Арон: “доста нека ви е; целиот овој народ, сите се свети, и помеѓу нив е Господ, зошто вие се подигнувате над зборот Господов?“ Мојсеј ги замоли да работата ја предадат на судот Божји: “земете ги кадилниците и ставете утре во нив кад пред Господ (т.е.пред Скинијата), и кого го одбере Господ, тој ќе биде свет“. Но Датан и Авирон не сакаа да дојдат на овој збор. Тие преку гласник му одговорија на Мојсеј: “малку ли е што не изведе од земјата во која тече мед и млеко да не убиеш во оваа пустина, туку уште сакаш да владееш над нас. Дали не одведе во земја во која тече млеко и мед и дали ни даде да имаме ниви и лозја? Сакаш ли очите на овие луѓе да им ги извадиш? Несакаме да одиме?“ Таа оптижба многу го навреди. “Господе!“ повика Мојсеј, “ни едно магаре не сум земал од нив, ниту на некого од нив сум направил некакво зло“.
Утре дента Кореј и две стотини педесет поглавари дојдоа пред Скинијата со кадилниците. Мојсеј му нареди на народот да одстапи од шаторот на Кореј, Датан и Авирон, и рече: “вака ќе познаете дека Господ ме испратил да ги правам сите овие дела, и ништо не правам од себе. Ако овие умрат како што умираат сите луѓе, и ако бидат искарани како што биваат карани сите луѓе, не ме испртил Господ. Но ако нешто ново направи Господ, и земјата ја отвори устата своја и ги проголта со се што е нивно, и слезат живи во гроб, тогаш знајте дека овие луѓе го навредиле Господ“. Штом Мојсеј тоа го кажа, земјата се раздели и ги проголта Датан и Авирон и нивниот имот, шаторите и семејствата; истото се случи и со шаторот Кореов. И тогаш излезе оган од Скинијата и го изгоре Кореја и поглаварите на племињата, кои донесоа кадилници. Народот страшно се уплаши; сите викаа на Мојсеј и на Арон и зборуваа: “го испотепавте народот Господов“. Мојсеј и Арон и се обратија на Скинијата, и гледај, облак ја опфати и се покажа славата Господова. Тогаш Господ му рече на Мојсеј и на Арон; “тргнете се од тој собир одма да ги сотрам“. А тие паднаа ничкум. Наеднаш се слушма страшен лелек во кругот. “Земи ја кадилницата“, му рече Мојсеј на братот, “и стави во нејзе оган од жртвеникот и кади, и оди брзо кон собирот, и биди застапник за народот; бидејќи жесток гнев излезе од Господ, и помор почна меѓу народот“. Арон побрза кон народот со кадилницата, и стоеше помеѓу мртвите и живите. Господ ја прими молитвата на првосвештеникот; и поморот сопре. Се покажало дека умреле четириесетиљади и седум стотини луѓе, покрај тие кои погинаа во бунтот Корејов.
За да ги прекрати расправиите помеѓу Евреите за тоа на кого му припаѓа свештенството, Господ му рече на Мојсеј: “земи од секого од сите дванаесет кнезови на коленото дванаесет палици, и името на секој напиши го на палицата негова, а на палицата Левиева напиши го името Ароново, и остави ги во Скинијата покрај ковчегот на откровение. И кого ќе го одберам неговата палица ќе процвета. Мојсеј направи така, како му заповеда Господ. Утредента тој ги изнесе од Сконијата палиците. Се покажа дека Ароновата палица процветала; била напупена и цветала, и бадеми зрели на неа. По Божја заповед таа палица била ставена пред Ковчегот на Завет.
37. Одредба Божја за Мојсеј и Арон. Смрта на Арон.
Змија од месинг.
Број. 20, 1-29. 21. 1-9.

Триесет и девет години лутаа Израелците по пустината на Цвреното море, околу гората Сеир. Кога дојде четириесетата година, тие тргнаа кон земјата Хананска и се сопреа во Кадеса, во пустината Син. Тука умре Маријам. Наскоро народот почна да се буни, бидејќи немаше вода. Мојсеј и Арон се помолија на Бог, и Господ му рече на Мојсеј: “земи го стапот и повикајте го собирот ти и Арон братот твој, и прозборете и на карпата пред нив, па ќе ви даде вода“. Народот се собра. Мојсеј и пријде на карпата. “Слушајте одметници, дали од оваа карпа ќе ви извадиме вода?“ рече Мојсеј и удри во карпата два пати. А од карпата одма надојде многу вода, па се напи целиот народ и стоката. Но бидејќи Мојсеј и Арон точно не ја извршиле Божјата заповед, Господ им рече: “бидејќи не ми верувавте и не ме прославивте пред синовите Израелови, затоа нема да го одведете овој собир во земјата која сум им ја дал“.
Од Кадеса Мојсеј испрати посланици на царот на Едомјаните, потомци на Исав братот Јаковлев Израел, молејќи го да му дозволи да помине низ неговата држава и ветувајќи, дека нема да им ги расипуваат нивите и лозјата и дека нема бесплатно да пијат вода од нивните извори. Но Едомскиот цар решително ја одби оваа молба. Тогаш Израелците тргнаа кон гората Ора. Тука умре Арон.
Од гората Ора Израелците појдоа кон Црвеното море (кон заливот Еланитски), обиколувајќи ја земјата Едомска од источната страна. Во време на овој поход, тие повторно почнаа да се жалат: “зошто не изведовте од Мисир за да изгинеме во оваа пустина? Бидејќи нема ни леб ни вода, а овој никаков леб веќе одамна и се огадил на душата наша?“ За да ги казни што се буната, Господ испрати на нив отровни змии, од кои многу испоумреа. Израелците се покајаа и го молеа Мојсеј, да се тој помоли на Бог за нив. На молитвата Мојсиева Бог одговори: “направи змија од месинг, и стави ја на стапот: и кого змија ќе го касне, нека погледа во нејзе, па ќе оздраве“ (9). Мојсеј ја изврши заповедта Божја, и навистина сите кои ги каснала змија и кои со верба и молитва погледнувале на змијата од месинг, останаа живи.
38. Освојување на царството Аморејско и Васанско.
Пророк Валаам.
Број. гл. 22-25.

Израелците дојдоа до границите на Аморејците, (кои живееле помеѓу рекичките Арнон и Јавок), освојувајќи ги нивните градови, ги убија жителите и завладеаа со нивниот имот. Исто направија и со царството Васанско (помеѓу Јавок и гората Ермона) и се улогорија (во Ситим) на брегот на Јордан, кон градот Ерихон.
Како освоената земја била многу погодна за напасување на стадата, Мојсеј ја даде во наследство на колената Рувимови, Гадови и половина колено на Манасијино, кои имаа големи стада, но со нагодба, да им помогнат на другите колена во освојување на земја и да не се вратат во своите куќи, се додека сите синови Израелови не го добијат својот дел.
Израелците не ги напаѓале Маовците, Лотовите поколенија (кои живееле на југ од Арнон). Но царот Моавски Валак, гледајќи дека овој народ изеде наоколу се, како што волот ја пасе тревата во полете, се плашеше од него, сакаше да го протера и испрати познати посланици кај пророкот Валаам, кој живееше на реката Еуфрат и за кого се зборувало: “кого тој благослови ќе биде благословен, а кого го проколне ќе биде проклет“. Царот го молеше пророкот да дојде и да го проколне народот кој излезе од Мисир и за тоа му вети големи подароци. Валаам го праша Господ и Господ му рече:…, тој народ е благословен; оди кај Валак, но што ти кажам, тоа да правиш“. Утредента рано Валаам отиде на пат на магаре со кнезовите Моавски.Одеднаш, Валаамовата магарица почна да застанува, да се врти од патот, и најпосле легна под Валаам. Таа цело време гледала ангел пред себе, со гол меч, кој стоел на патот. Но Валаам не го видел ангелот и страшно ја тепал магарицата со стап. Тогаш Господ ја отвори устата на магарицата, и таа му рече на Валаам: “што ти направив па ме тепаш?“
Валаам се зачуди. Тогаш Господ му ги отвори очите и тој виде ангел Господов, кој му стоеше на пат. Ангелот од Божја страна му рече: “твојот пат на Мене не ми е по волја; оди со тие луѓе, но зборувај само тоа што ќе ти кажам“. И тие го продолжија патот. Валак се радуваше на пророковото доаѓање мислјќи, дека ќе го проколне Израел. А Валаам и сам сакал да му направи на царот по волја; за да би ги добил поклоните, но се сеќавал на строгата заповед на Господ. Кога се видел со царот, тој рече: “еве дојдов кај тебе; Но ќе можам ли нешто да кажам? Што Бог ми стави во уста, тоа ќе зборувам“. Наместија жртвеник на висина. Валаам три пати го праша Господ на три одбрани места и три пати го благослови Израел, по Божје надахновение. Тој го изврши својот прв благослов пртскажувајќи, дека во израелскиот народ ќе се појави голем Потомок – Спасител: “Го гледам, но не сега; Го гледам но не од блиску; ќе излезе ѕвезда од Јаков и ќе стане палица од Израел, која ќе ги скрши кнезовите Моавски и ќе ги разори сите синови Ситови“. Валаам се подготви да оди дома. Но му беше жал да ги изгуби ветените дарови, и тој даде совет да Моавците со разврат ги соблазнат Евреите да бидат идолопоклоници и така да ја изгубат милоста Божја. Моавците го послушаа советот Валаамов. Бог тие Израелци, кои постанаа идолопоклоници, ги казни со смрт, и тогаш изгинаа дваесет и четири иљади луѓе. По заповед Божја Израелците ги истребија своите непријатели; при таа прилика погина и Валаам.
Потоа, по Божја заповед, се изврши пребројување на народот, и се покажа да бројот на луѓето не се намалил од излегувањето од Мисир; но да од сите Израелци, кои излегле возрасни од Мисир, останале во живот само тријца: Мојсеј, Халев и Исус Навин. Евреите сега влегоа во ветената земја; нивните страдања и несреќи се приближувале кон крајот. Мојсеј по тој повод го востановил паразникот сеница (колеба), за спомен на четириесетгодишното талкање по пустината (10).
39. Последни наредби и смрт Мојсиева. Петокнижие.
Број. 33, 50-54; Пон. Зак. 28. 30-32. 34.

Бог му пресуди на Мојсеј да умре надвор од ветената земја. Кога дојдоа до граница на земјата Хананска, тој почна да се подготвува да умре иако видот сеуште не му беше ослабен, и силата не го имаше напуштено. По Божја волја тој го постави за негов наследник Исус Навим и им ја објави на Израелците заповедта Божја, да кога ќе влезат во Ханан, да ги прогонуваат неговите жители, да ги уништат идолите, да ја изораат нивната светина на висините, да ја разделат земјата со ждрепка на делови по племиња, и од како се населат, да не влегуваат во никакви брачни врски, ниту во мирни односи со Хананејците; потоа ги потсети на сите закони и добродетелства Божја и им предскажал, дека Господ ќе им даде изобилие во секое добро и власт над многу народи, ако ги исполнуваат Неговите заповеди, и им запретил со страшни несреќи, ако не ги почитуваат. Сите свои советии сите повторени закони Мојсеј ги напишал и им ги дал на свештениците да ги чуваат кај Ковчегот на Заветот.
После тоа Мојсеј излезе на гората Навав, и од врвот (Фазге) на гората погледа на благословената земја, во која го водел народот повеќе од четириесет години, – и умре (во 120. год.). Тој бил погребан во долината, во земјата Моавска. Бог го скрил неговиот гроб, да Израелците не би го обужувале. Мојсеј напишел пет книги: 1. Книга на постанокот, во која е опишано создавањето на светот и историја на родот човеков од Адам до Јосифовата смрт; 2. Книга на излегувањето, во која се зборува за излегувањето на Израелците од Мисир и за законот кој Бог го дал на Синај; 3. Книга Левитска, во која се содржани обредните закони, кои се однесуваат во врска со службата на Левитите; 4. Книга на Броевите, која содржи две пребројување на Евреите (првото кај Синај, второто во Ситим, на брегот на Јордан) и 5. Книга на Повторените закони, која содржи повторување на законите кои Евреите ги добиле. Сите пет се викаат Петокнижие, или Закон Мојсиев. Бидејќи сите се напишани со Божје надахновение, тие претставуваат списи не човечки, туку божествени, од Бог надахновени. Поради тоа Мојсеј и се почитува како пророк Божји.
40. Влегување на Евреите во ветената земја под водство на Исус Навин.
Ис. Нав. 1-4, 5, 1-12.

После смрта на Мојсеј Исус Навин доби од Бог заповед да го преведе народот преку Јордан, во земјата ветена. Во почетокот тој испрати двајца штиони да го разгледаат градот Ерихон. Шпионите најдоа засолниште на крај од градот кај една жена, по име Рава. За нивното доаѓање дозна царот ерихонски. Но Рава, која верувала дека Бог им помага на Евреите, ги спаси од прогон и ги заколна, да ја поштедат нејзе и целата нејзина родбина, кога Евреите ќе го освојуваат градот. Шпионите договорија со нејзе, со каков знак ќе дознаат, каде тогаш ќе бидат нејзините роднини.
Одкако се вратија во кругот, шпионите рекоа: “Господ ни ја даде во раце целата таа земја, и сите жители на таа земја се исплашија од нас“. Тогаш Исус Навин тргна од Ситим од брегот на Јордан. Тоа било во време на излевањето на реката. Тука Исус Навин му рече на народот: “слушнете ги зборовите на Господ Бог свој: еве, Ковчегот на завет ќе појде пред вас преку Јордан. И штом свештениците носејќи го Ковчегот навистина застанаа во водата јорданска, водата ќе се раздели, па водата која тече одозгора ќе застене во куп“. Свештениците го понесоа Ковчегот, влегоа во водите на Јордан и застанаа; одма се сопре водата која течеше одозгора, а што течеше доле отиде во море, и целиот народ помина по сувото дно на реката. Додека народот поминувал на другиот брег, Исус Навин повика од секое колено по еден човек и им заповеда да од дното на Јордан земат по еден поголем камен и да ги наредат на тој брег, на кој поминувал народот; а другите дванаесет камења им нареди да ги наредат на тоа место, каде што стоеа свештениците со Ковчегот. Заповедта била извршена. Тогаш тој им рече на Израелците: “ова е камен, – спомен на синовите Израелови за век, бидејќи водата во Јордан се раздели пред Ковчегот со завет, кога поминуваше преку Јодран“. Кога овие камења се наредени за споменик на средина на Јордан и целиот народ ја помина реката, излегоа на другиот брег и свештениците со Ковчегот на заветот, и водата протече како и порано. Чудесното поминување на Израелците преку Јордан страшно ги уплашило сите жители на Ханан.
Посел поминувањето преку Јордан, Евреите (во Галгала) ја одпразнуваа Пасха. Утредента тие јадеа пресни лебови, испечени од пченицата од ветената Земја, и зрна пржени. Од тој ден престана да паѓа мана.
41. Освојување и поделба на Ветената земја.
Ис. Нав. 5, 12-15. 20. 23.24; Пон. Зак. 27.

Ерихон бил првиот град, кој требало Израелците да го освојат, одкако го поминаа Јордан. Исус Навин сам тргна да го разгледа. Во близина на градските ѕидини тој здогледа човек со гол меч и го запраша: “дали си наш, или на нашите непријатели?“ Овој одговори: “јас сум војвода на војската Господова“. Исус Навин му се поклони до земја и по негова заповед ги соблече обувките, во знак на почитување кон светоста на местото. Тогаш му архистратегот Божји објави, дека Господ ќе му го предаде Ерихон и му заповеда, да шест дена го обиколува градот со Ковчегот на заветот со звук на труби, а седмиот ден да го обиколи седум пати. Исус Навин направи, како што му заповеда ангелот. Жителите на Ерихон уплашени се затвориа во градот, и никој не излегуваше од градот. Кога Израелците го обиколуваа градот последен пат со звуци на трубите, ѕидините негови паднаа. Израелците влегоа во Ерихон, го запалија и ги отепаа сите жители, освен Рава и нејзината родбина. Од имотот тие го сочуваа само металот, кој го дале во ризницата на Скинијата. Исус Навин строго забранил да се зема нешто од градот и градот да се обновува. Тој рече: “проклет да е пред Господ човек, кој би станал да го гради овој град Ерихон! На првенецот свој да го ископа и на миленикот свој да постави врата“.
Израелците дојдоа со помал одред кај другиот град Гај. Но жителите ги одбија. Тоа ги збуни Евреите. Тогаш Господ му откри на Исус Навин, дека тие се казнети затоа, што не се придржувале кон заклетвата и пљачкале во Ерихон. Виновникот почнаа да го бараат со коцка: излезе дека е крив Ахан од коленото Јудино и неговата фамилија. По заповед Божја, него и неговото семејство ги потепаа со камења, нивните тела со шаторите и имотот ги запалија и преку пепелта наредија камења (тоа место го нарекоа Ахор). После казна на виновниците Господ го предаде на Евреите градот Гај.
Израелците стигнаа до Сихем. Тука ги погребаа коските Јосифови кои ги изнесоа од Мисир, на таа нива која ја купи Јаков и пред смрт ја заведе на Јосиф. Потоа, по заветот на Мојсеј, шест колена тргнаа на гората Хоразин, која се зеленела, и таму изговорија благослови на тие, кои ќе го исполнуваат законот Божји; а другите шест колена на каменитата гора Гевала ги изговорија проклетствата на нивните прекршители. На камењата на гората Гевала биле напишани сите зборови на законот.
Царевите Ханански стапиле во сојуз да со заеднички сили ги протераат Евреите. Жителите на градот Гаваон и три соседни града не сакаа да влезта во тој сојуз, и за свое спасување употребиле итрина: испратиле во кругот Израелски посланици во искинати алишта со сув леб во вреќите, и рекоа, како доаѓаат од далеку, каде слушнале за славата на Јехова, и дека сакаа со него да стапат во сојуз. Убеден дека навистина дошле од далеку, Исус Навин склучи со нив пријателски договор и се заколна дека нема да ја закача нивнта државина. Набрзо Евреите дознаа за итроштината на Гаваонците, но не можеа да ја погазат заклетвата и ги примија да им сечат дрва и да носат вода за целиот народ и за Скинијата.
Под Гаваон јерусалимскиот цар, здружувајќи се со четворица цареви, стапи во борба со Евреите. Се бореле цел ден. Евреите победиле и Хананците почнале да бегаат. Во тоа време Господ фрлаше камења многу, кои ги убивале бегалците. Сонцето веќе беше на залез. Сакајќи истиот ден да ја заврши победата, Исус Навин викна: “застани сонце!“Сонцето одма се сопре и на небото се гледало, додека Евреите не ги истребија готово сите непријатели. После оваа победа Исус Навин го освои целиот јужен крај на земјата Хананска, до Кадис-Варне и ги потепа сите жители. Против него направија сојуз царевите на северен Ханах, но Евреите и нив ги разбија кај езерото Меромско; Исус Навин ги гонеше до Сидон. За шест години Исус Навин ја исчисти поголемиот дел на земјата од поранешните жители. Само приморските градови и уште некои шумски предели во внатрешноста на земјата останаа под Хананците.
Исус Навин ја подели освоената земја со коцка на девет ипол колена Израелски, а коленото Рувимово и Гадово и половина колена израелски, а колена Рувимово и Гадово и половина Јордан. Колено Левиево не доби земја: на него му се дадоа четириесети осум градови, по четири на секое колено, со околината, а за исхрана на свештениците и левитите сите колена биле должни да даваат десетина од своите приходи. Шест градови (11) определени на левитите, биле објавени како градови прибежишта; ненамерен убиец можел да избега во истите, криејќи се од освета на роднините на убиениот. Самата средина на земјата ја зазема коленото Јефремово. Таму во градот Силом, наместена е Скинијата и овој град стана место за собир на поглаварите и судиите (12).
Исус Навин доживеал длабока старост и почувствува дека ќе умре. Тој го собра народот во Сихем, каде во тоа време била Скинијата, и го советуваше точно да го исполнува законот Господов и да не се дружи со Хананците. Народот одговори: “не дај Боже да го оставиме Господ за да служиме други богови“. Тогаш Исус Навин го запиша народното ветување во книгата на законот Божји. Пота зема голем камен, го стави под дабот и му рече на народот: “еве овој камен нека биде сведоштво да не бисте го излажале Богот свој“. Исус Навин умре во сто десета година и го погребаа во границата на наследствата негови на гората Јефремова.
Се што се случило со Израелците во времето на Исус Навин запишал самиот Исус во Светото писмо, во книгата која се вика Книга на Исус Навин.
ВРЕМЕ НА СУДИИТЕ
42. Состојба на Евреите во време на судиите
Суд. 2. 3, 1-6.

Израелците ги користеле плодовите на јуначките дела на Исус Навин, се додека живееле главарите, сведоци на чудесијата кои ги правеле тој и Мојсеј. За тоа време тие строго го извршувале законот Божји, со Хананците не стапувале во сојуз и живееле помеѓу себе убаво. Но кога изумреле главарите од периодот на Мојсеј и Исус Навин и порасноло ново поколение, помеѓу Израелците се појавиле поделби и недоразбирања. Секое колено место да размислува за општа полза, мислело само за своја лична полза. Дошло до тука, да секој Израелец прави тоа што му изгледало правилно. Тие не ги исполнувале зветите Мојсееви и Навини; дозволувале на Хананците да живеат во пределите на ветената земја, им се доближиле, ги попримиле нивните адети, влегувале во брачни врски со нив и земале учество во богослужењето пред нивните идоли. Затоа Господ ги казнувал: соседните народи, користејќи се со нивните караници, ги напаѓале, ги плачкале нивните имоти и оделни колена ги претворале во свои робови.
Несреќата ги принудила Евреите да се каат за своите гревови и да се обратат на Бог со молба да се смилува на нив.Тогаш милостивиот Бог им испратил избавител, човек, кој не бил виновен за идолопоклонство и чврсто се надевал на помошта на Единствениот Господ Бог. Тој избавител ги собирал Евреите, се нафатил на старешинство над нив, ја чистел земјата од идоли, со помош Божја ги ослободувал од непријателите и во текот на целата војна, а повеќето и после војната. Управувал со Евреите, ги судел нивните дела, и затоа се здобил со звање судија израелски. Времето на појавувањето на судијата се нарекува време на судија. Можностите од ова време се опишани во Книгата за судиите и дел во првата книга за царевите. Се на се биле петнасет судии. (1)
43. Девора и Варак.
Суд. 4.

Израелците заборавиле што ветиле на Мојсеј и Исус Навин, и паднале во идолопоклонство.Тогаш Господ ги предаде во рацете на Јавин, цар асирски, кој брутално ги угнетувал во текот на дваесет години. Во земјата израелска се наоѓал војвода Сисар со девет стотини железни коли. Најпосле Израелците се покајаа и се вратија кон Јехова со молба за помош. Во тоа време живеелео семејството Девора кое сите Израелци го почитувале и кај кое доаѓале да ги суди нивните расправии. По откровение Божјо, Девора испрати кај Израелецот Варак заповед да собере десет иљади Израелци и да ги доведе на гората Таворска, ветувајќи дека Сисар ќе им го предаде во раце. Варак се согласи на тоа со договор, да и Давора појде со нив. Пророчицата одговори: “јас ќе одам со тебе, но нема да имаш среќа на патот на кој што ќе одиш, бидејќи на жена во раце ќе и го даде Господ Сисар. Варак собра војска и појде на гората Таворска; Девора исто така дојде. Сисара излезе против Варака, но беше разбиен, побегна и се скри во шатор на една жена (Јаиља), која и го уби на спиење. После оваа победа Израелците се ослободиле од власта на Јавин и живееле на мир четириесет години.
44. Гедеон.
Суд. 6-7. 8, 22-23.

Кога Израелците, заборавајќи пак на Господа, почнале да служат на идолот Вал, Господ ги предаде во рацете на Мадијанците и Амаликовците. Овие пастирски народи седум години ја пустосуваа земјата израелска, сотирајќи го родот земски, пљачкајќи го народот. Несреќата ги натера Израелците да се покајат и да Му се обратат на Господ. Тогаш Господ им испрати избавител во лицето Гедеоново. Еднаш Гедеон, спремајќи се да бега од непријателот, ја вршел пченицата, за да се снабди со храна за по пат. Во тоа време му се јави ангелот Господов и му рече: “Господ е со тебе храбар јунаку!“
-“Кога Господ е со нас, зошто не снајде сето ова? И каде се сите чудесии Негови, кои ги проповедаа нашите татковци? А сега Господ не остави“. А Кој му се јави и му рече: “оди со таа сила твоја, и ќе го избавиш Израел од рацете мадијански. Јас ќе бидам со тебе, и ти ќе ги победиш Мадијанците како еден“. Гедеон рече: “ако најдов милост пред Тебе, дај ми знак дека Ти зборуваш со мене. Немој да заминеш од тука, додека не се вратам кај тебе и ти донесам дар свој и го ставам пред тебе“. Гедеон отиде и брзо се врати со месо од јаре, пресни лебови и супа. Ангелот му заповеда: “земи ги месото и лебовите и стави ги на таа карпа, а супата истури ја“, и кога Гедеон тоа го направи, го допре со стапот месото. И одма се издигна оган од карпата и го спали месото на карпата. И ангелот Господов замина пред очите негови. Гедеон се уплаши и рече: “ах, Господе! Затоа ли го видов ангелот Господов лице во лице?“ Но тогаш слушна глас Божји: “биди мирен, не се плаши, нама да умреш“.
По Божја заповед, Гедеон го сруши ноќе жртвеникот Валов, кој не бил далеку од куќата на неговиот татко (во градот Офри), пресече свето дрво,направи жртвеник на Бог и Му принесе жртва. Сабајлето жителите од градот се собраа кај таткото на Гедеон и побараа, да им го предаде синот да го убијат. Но тој им одговори: “дали сакате да го браните Вал? Дали сакате да го ослободите? Ако е Бог, нека сам расправи со него, што му го срушил олтарот“. Сепак, Мадијанците и Амаликовците поминаа преку Јордан и застанаа во рамнината Језраелска. Гедеон одма собра војска и се обрати кон Господа, молејќи Го да му даде знак дека Он ќе го спаси Израел. “Еве јас ќе го ставам руното на гумото“, рече Гедеон, “ако росата биде само на руното, а целата земја сува, тогаш ќе знам дека со моја рака ќе го избавиш Израел“. Господ ја послуша молбата Гедеонова: утредента тој почна да го цеди руното и истече роса од руното полн сад. Гедеон пак се помоли на Бог: “нека биде само руното суво, а по целата земја нека има роса“. Господ му го даде и тој знак. Одкако се уверил дека Господ е со него, Гедеон, по специјална Божја заповед одбра триесет и две иљади војници кои околу него се собраа, луѓе силни и издржливи. Тој овој избор вака го направил: прво ги распушти сите плашливци, потоа останатите ги одведе на вода, ги одвои тие кои лапале со јазикот вода, од тие кои пиеле со раката своја кон устата принесувајќи вода. Тие другите биле три стотини. Со тие тристотини луѓе тој една глува ноќ го нападна кругот непријателски од сите страни. Секој борец Гедеонов имал во раката труба, и по празенжбан и по светлина во жбанот. Гедеоновите борци во моментот на нападот ги искршија жбановите, и држејќи во левата рака светлина, а во десната труби трубејќи повикаа: “Меч Господов и Гедеонов“. Медијанците се исплашија и мислејќи дека околу секоја светлост е цела чета Израелци, почнаа меѓусебно да се колат и најпосле побегнаа безглаво. Гедеон ги прогонуваше непријателите преку Јордан. После оваа победа Израелците му понудија на Гедеон и на неговото поколение царска власт, но тој се одкажа и кажа: “нема да ви бидам господар, ниту синот мој, Господ ќе ви биеде господар“.
45. Јефтај.
Суд. 10, 6-18. 11.

Поради новото идолопоклонство Господ ги предаде Израелците во рацете на Амониќаните, кои ги угнетувале од исток, и на Филистинците, кои на нив напаѓале од југозапад. Амониќаните владееле со земјите преку Јордан осунаесет години, и најпосле поминале и преку Јордан. Тогаш Израелците му се обратија на Бог во молитва, и надевајќи се во Негова помош, решиле да ги прогонат Амониќаните. Но немале водач. Во тоа време на границата на земјата живеел Израелецот Јефтај, кого браќата го истерале од татковата куќа. Со другите бездомници Јефтај често напаѓал на соседните села и живееше од крадење. Израелците му испратија посланици, му понудија да биде водач на војската и ветија, дека тој ќе им биде главар и одкако ќе ги победи непријателите. Јефтај се согласи. Пред битката тој го праша царот амониќански: “зошто си дошол кај мене да војуваш на мојата земја?“ Царот одговори: “затоа што Израел ја зема мојата, кога дојде од Мисир, врати ми ја со мир и јас ќе се одкажам“. Јефтај пак му испрати посланици со одговор, дека земјата со Јордан не припаѓала на Амониќаните, туку на Аморејците, и дека Израелците владеат со нејзе веќе триста години. Но Амониќаните не одстапија. Тогаш Јефет се степа со нив, ги скрши и им зема дваесет градови. Влегувајќи во војна, тој даде завет, дека, ако победи, ќе му посветува на Бог и принесе на жртва паленица прво што ќе излезе од куќата. Во пресрет кога се враќаше дома, прва во пресрет му излезе ќерката единица. Тешко му беше на Јафет, но тој го исполни заветот, кој го даде на Бог, и не ја омажи својата ќерка, туку по нејзина согласност ја посвети да служи во Скинијата.
46. Самсон.
Суд. 13-17.

Израелците најмногу пателе од Филистинците, кои ги угнетувале четириесет години. Најпосле Бог слушнал дека се покајале, им ги простил гревовите и испратил заштитник во Самсон, од коленото Даново. Уште пред Самсоновото раѓање ангел Господов и предскажал на неговата мајка, дека тој ќе биде назореј (т.е. посветен на Бог) и ќе почне да го спасува Израел од Филистинците. Како назореј, тој не смеел да пие вино, ниту да се шиша. Господ го обдарил со така необична сила, која покажувала, дека во него е Духот Господов. Кога Самсон пораснал, посака да се ожени со Филистинка. Неговите родители го советуваа да тоа не го прави, но кога ја виделе неговата непрекината желба, се согласија на брак. Кога Самсон одел со родителите во градот Тамнат, каде живеела неговата свршеница, го сретна млад лав. Духот Божји слезе на Самсон и тој го растргна лавот, како јаре, и на никого не кажа за тоа. На денот на свадбата тој појде дома по истиот пат и виде во мртвиот лав рој пчели и мед. На свадбата Самсон им зададе на триесетмина другари – Филистинци загатка: “од тој кој јаде излегува храна и од лутиот излегува слатко“, и вети дека ќе подари триесетина свечани облеки, ако ја одгонетнат. Другарите не можеја да ја одгонетнат загатката и ја помолија Самсоновата жена да го искуша мажот, што значи таа загатка. “Или ќе те запалиме тебе и домот на твојот татко“, рекле тие. Седмиот ден на свадбената веселба другарите му рекоа на Самсон: “што е послатко од мед и што е полуто од лав?“ Самсон видел, дека жената ја издала неговата тајна. Тој отиде во градот Аскалон, таму уби триесет Филистимци, им ги соблече облеките и ги даде на тие што ја одгонетнаа загатката, а самиот лут на жената, ја остави и се врати дома кај својот татко. А неговата жена се премажи за еден од неговите другари од свадбата.
Од тој ден Самсон почна да се свети на Филистимците. Кога се врати кај својот дедо, со цел да се смири со жената, и дозна дека таа се премажила, тој улови триста лисици, им врза запалени светилки на опашките, и ги пушти во нивите на Филистимњаните. Лисиците ја запалија целата летина ожнеана и неожнеана, и лозјата и маслините. Филистимците решиле да се осветат на Самсон, се наоружаа и појдоа во земјата Јудејска да бараат да го издадат. Самсон им дозволи на Евреите да го врзат со две нови жици и да го одведат кај непријателскиот круг. И кога го доведоа во кругот Филистимците го дочекаа викајќи од радост, тој ги раскина жиците со кои беше врзан, дофати од земјата магарешка вилица и потепа со нејзе иљаду Филистимци. Одкако тоа го направи, Самсон почувствува дека е многу жеден. Тој повика кон Господ, надевајќи се дека ќе му помогне, и одма се отвори извор пред него, од каде се напи вода. – Помина некое време, Филистимците дознаа, дека Самсон ноќева во градот Газа, и ги затворија градските порти, спремајќи се да го убијат, штом се раздени; но Самсон стана на полноќ, ја дофати градската порта со двата довратнка и ги одкорна со подворницата заедно, и на своите рамена ја однесе на врв на гората која е кон Хеврон.
И гледај непријателите Самсонови дознале дека засакал девојка Далида, Филистимљанка. Тие ја подплатиле да од Самсон ја дознае тајната на неговата сила. Самсон и ја кажа тајната и и кажа: “брич никојпат не поминал преку мојата глава од самото раѓање: да се избричам ќе ме остави силата моја“. Далида тоа им го кажа на кнезовите Филистимски, и тие и ги дадоа ветените пари. Потоа, кога Самсон првпат заспа, Далида го повока човекот кој го избричи, и го остави силата негова. Тогаш Филистимците го фатија, му ги извадија очите, го оковаа во две прангии и го натераа да меле во темница. Што повеќе растела косата Самсонова и во колку душата негова се повеќе се чистела со каење за своите заблуди, во толку повеќе во него растела и предходната сила. На еден Филистимец му се собраа за да принесе свечена жртва на богот Дагон и да се провеселат. На нив им го доведоа од затвор Самсон; тие му се подсмеваа а тој молчеше. Го наместија помеѓу два средни столба, на кои стоеше куќата. Во тоа време во домот беа сите кнезови филистимски, а на кровот до три иљади луѓе и жени, кои гледаа како Самсон игра. И повика Самсон кон Господ: “Господе! сети ме се, Те молам, и подржиме само сега, о Боже! да им се осветам еднаш на Филистимците за двете очи мои“. И ги прегрна Самсон двата средни столбови и се потпре на нив, на едниот со десната, а на другиот со левата своја рака. Куќата падна и отепа се во нејзе; и погинаа Филистимци повеќе од колку и сами умирале, одколку тие што го потепа за време на својот живот. Самсон бил судија на Израелците дваесет години.
47. Првосвештеник Илија и пророк Самуило.
I.Цар. 1-7.

Последен судија Израелски бил пророкот Самуило (од коленото Левијево). Родителите Самуилови долго немаа дете и поради тоа многу тагувале, бидејќи кај Израелците немање деца се сметала за казна Божја. (2) Еднаш, кога срдечно се молела на Бог пред Скинијата (во Силом), мајката Самуилова Ана, се зветила на Бог дека синот, ако и го Бог подари, ќе го посвети на Господ; тој нема да пие вино, и брич нема да помине преку неговата глава. Бог ја чул молитвата Анина и таа доби син. Ана му го даде името Самуило, што значи измолено од Бог. Кога Самуило подпорасна, таа го доведе во Скинијата и го даде на првосвештеникот Илија, да служи на Господ целиот живот свој. Илија во тоа време бил и судија во Израел. Самуило останал да живее кај Скинијата и тука се воспитувал под раководство на првосвештеникот. Тој бил добар и побожен, иако пред себе имал лоши примери. Синовите Илиеви, свештениците Офние и Финес, биле луѓе порочни; тие му служеле на Бог без смирение, ги навредувале луѓето кои доаѓале во Скинијата поради принесување на жртва, и со своето лошо однесување го одвраќале народот. Илија ја видел Самуиловата побожност и почнал да го користи да служи пред Господ.
Самуило секогаш спиел во Скинијата, во близина Илиева. Еднаш низ сон тој слушна глас кој го викал. Тој побрза кај Илија и рече: “еве ме, што ме викаше“. Илија му одговори: “не сум те викал, оди легни“. Истото се повтори уште еднаш.Тогаш Илија разбра, да детето го вика Господ, и му рече: “оди легни; а ако те повика, а ти речи: зборувај Господе, слуша слугата Твој. Самуило легна и слушна глас кој го вика. Тој одговори, како го научил Илија. Тогаш Господ му одкри на Самуил, дека целата куќа Илиева ќе погине затоа, што Илија знаел, како безбожно работат неговите синови и не ги сопирал. Утредента Самуило му рече на Илија, што кажал Господ. Илија поконо го прими ова предскажување. О тој период Израелците дознаа, дека Самуило се удостоил да биде пророк Господов. Набрзо се исполни Самуиловото предскажување. Филистимците нападнаа на војската Израелска и ја разбија. Тогаш главарите Израелски рекоа: “да го донесеме од Силом Ковчегот на заветот, да биде помеѓу нас и да не спаси од рацете на непријателите наши“. По нивна молба Илија испрати со нив Ковчег со свештениците Офнием и Финесом. Израелците весело го дочекаа Ковчегот, а Филистимците се уплашија и повикаа: “тешко на нас!Бог дошол во кругот нивни. Тоа е тој Бог што ги победи Мисирците“. Но Ковчегот не им помогна на Израелците, нив пак ги скршија Филистимците. Офние и Финес побегнаа, а Ковчегот се најде во ропство. Господ покажа на Израел, да светата работа нема да помогне на тие, кои не ги почитуваат светите завети Божји. Одкако слушна дека Ковчегот на Заветот е заробен, Илие падна од столица назадчки кај вратата, и го скрши вратот и умре. Тој бил судија четириесет години.
Но Ковчегот бил голема светиња, слава на Богот Израелов. Бог не дозволува да славата Негова ја уништат идолопоклоници. Филистимците многу се радувале, што го заплениле Ковчегот на завет; тие го сметале Ковчегот за Бог еврејски и мислеле дека го заробиле Самиот Бог. Тие го донесоа Ковчегот во градот Азот и го поставија во домот на својот бог Дагон. Утредента влегоа во домот, тие се стаписаа: трупот на Дагон лежеше ничкум пред Ковчегот, а главата и двете раце беа одсечени на прагот; наскоро на жителите на Азот им се појавија жуљеви; а пшеницата на нивите ја сотреа глувци. Филистимците го пренесоа Ковчегот во друг град (Гет), – и таму се случи исто; исто се случило и во третиот град (Аскалон). Тогаш решија да го вратат Ковчегот. Поради тоа направија нова кола, го ставија Ковчегот на нејзе и мал ковчег со глувци и со слики од своите жуљеви на жртва на Богот Израелов, впрегнаа во колата две крави доилки, кои сеште не беа впрегнувани, и ги пуштија без водач. Кравите сами го одвезоа Ковчегот во краевите еврејски и се сопреа на нивата на Евреинот Исус, во близина на градот Ветсемеса. Во овој град живееа левити. Тие го симнаа Ковчегот од колата; колата ја исекоа за дрва, а кравите ги принесоа на Бог на жртва. Но на жителите на Ветсемеса не им бил весел останокот на Ковчегот во нивниот град. Многумина помеѓу нив кои не го почитауваа законот кој на луѓето непосветени им забранувал да се допираат до светињата, се загледуваа дрско во Ковчегот, поради што Господ ги казни со смрт педесет иљади луѓе. Тогаш жителите на Ветсемеса го предадоа Ковчегот во градот Киријат-Јариму.
Пминаа дваесет години од како Ковчегот е ослободен. Израелците и понатаму се поклонуваа пред идоли, поради што и страдале под Филистимците. Најпосле несреќите ги опаметија; тие покајнички го побараа Бог и Го молеа да им помогне. Господ им ја поврати Својата милост и го постави Самуила да им биде судија. Самуило ги уништи идолите, ги ослободи Израелците од власта на Филистимците и уште долго после тоа управуваше со народот.
48. Историја за Рута.
Во време на судиите соседните народи биле стални непријатели на Израелците. Но се случувало и тоа, да понекои туѓинци ја примале верата во Господ Бог, и тогаш Израелците ги сметале за свои сонародници. Таква била Моавката Рута, чиј што живот е опишан во “Книгата за Рута“. Еден човек од Витлеем (Елимелех) со жената Ноемина и со два сина, поради глад во својата земја, се преселија во земјата моавска, и таму синовите му се ожениле со Моавки. Таму умреа и тој и неговите синови. Тогаш неговата вдовица Ноемина реши да се врати во татковината. Нејзините снаи појдоа со нејзе. По пат Ноемина почна да ги наговара: “одете, вратете се секоја во домот на мајката своја. Господ нека ви направи милост, како што вие направивте на умрените и на мене“. Едната снаа плачејќи ја послуша Ноемина и се врати. А другата, Рута, рече:“каде ќе се населиш ти, ќе се населам и јас; твојот народ е и мој народ, и твојот Бог е и мој Бог; смрта само ќе ме раздели од тебе“. Ноемина и Рута дојдоа во земјата израелска, се населија во Витлеем и се хране со класје кое Рута го собирала од ожнеаните ниви. (3) Господ Бог ја награди Рита за нејзината добрина и почитување кон свекрвата. Израелците имале закон, ако некој Израелец умре и не остави пород, дека неговиот најблизок роднина е должен да се ожени со вдовицата на умениот, а децата од тој брак се сметаат за деца на умрениот. Овој закон се нарекувал закон на сродничка врска. Во тоа време во Витлеем живеел еден богат човек, Воз, роднина на Рутиниот маж. По законот на сродничка врска тој се ожени со сиромашната Моавка. Кога го добија синот (Овид), жените и зборуваа на Ноемина “да е благословен Господ кој не те остави без наследник! Да се името Негово слави во Израел“. И навистина, името Овидово се прославило; тој бил татко на Јесеј, татко на царот Давид.
ПЕРИОД НА ЦАРЕВИТЕ
I.ДО ПОДЕЛБА НА ЦАРСТЦОТО
1100-589. г. пред Христос.
45. Саул го одбираат и го помазуваат за цар пo Божја волја.
1. Цар. Гл. 8-12.

Кога Самуило остаре, ги постави своите синови за судии во јужните краеви на земјата израелска. Самиот тој беше праведен судија, но неговите синови не беа такви; беа подмитливи и судеа наопаку. Народот бил незадоволен со таквиот суд. Еднаш, старешините израелски дојдоа кај Самуил и му рекоа: “ти остаре, а синовите твои не одат по твојот пат; затоа постави ни цар да ни суди, како што е кај сите народи, да оди пред нас и да ги води нашите војни“ Самуило Му се обратил на Бог во молитва и доби заповед да ја исполни молбата на народот и да во таа пригода ги каже правата на царот кој ќе им царува.
Во тоа време во Венијаминовото колено живеел познат човек Кис. Тој имаше син Саул. Помеѓу Израелците немаше поубав младич. Еднаш на Кис му ги снема магариците, и тој го испрати синот да ги бара. Барајќи ги магариците, Саул влезе во градот каде живеел Самуило, и сакаше да го праша пророкот Божји, каде да ги бара магариците. Во тоа време Самуило одел на празник, да принесе жртва. На патот го сретна Саула и доби од Господ заповед да го помази за владетел на Израел. Не чекајќи да Саул го праша, Самуило му рече дека магариците се најдени, и го зема со себе на празник, го седна на прво место и му даде почесно парче (плешка) од жртвеното животно. Никој не знаел, зошто пророкот му укажува таква чест на младичот. Утредента Самуило го испрати Саул надвор од градот и тука, кога слугата Саулов заминал напред, излеа на главата на Саул сад со масли и му рече: “Господ те помази да бидеш водач на Израел, и еве ти знак: на пат ќе најдеш два човека, кои ќе ти речат, дека твоите магарици се најдени и ќе ти дадат два леба; потоа ќе те сретнат пророци, и ќе слезе на тебе Духот Господов, па ќе пророкуваш со него“. Се се случило, како што рекол пророкот.
После некое време Самуило го повика народот во Мисип, и таму пред сите ја фрли коцката, кој да биде цар. Коцката падна на Саул. Многумина од народот, восхитени од високиот раст на Саул, доброволно го признаа за цар. Тогаш Самуило ги кажа правата на царот, и ги напиша во книга и ја стави пред Господ. Но сите не биле задоволни со овој избор. Некои зборувале: “тој ли ќе не избави?“ и не му донесоа подарок. Народот се разотиде по домовите, а Саул се врати дома и се занимаваше со земјоделие, очекувајќи да се заврши расправата помеѓу Израелците. Наскоро дојдоа во градот каде живееше Саул посланици од градот Јависа и рекоа, дека Амониќаните го опседнале градот и дека немаат сила да го потиснат непријателот. Саул одма ги исече на парчиња своите два вола, со кои орал, и ги испрати овие перчиња во сите краеви на земјата порачувајќи, дека така ќе направи со говедата на тој кој нема да дојде во бој. На церевиот повик итно дојдоа иљаду наоружани синови Израелови и Јудини, и тој ги победи Амониќаните. После таа победа целиот народ се собра во Галгала и овде свечено го признаа Саул за цар. Тогаш Самуило му рече на народот: “не одстапувајте од Господа, туку служете Му со целото срце свое, и Господ нема да го остави народот свој; а јас ќе се молам за вас и ќе ве упатувам на добар и прав пат. Но ако направите зло, ќе пропаднете и вие и вашиот цар“.
50. Саул не го слуша Бог и Бог го одфрла.
1. Цар. 13, 1-14. 15.

Саул организирал постојана војска во Израел, успешно војувал со Моавцте, Амониќаните, Индумејците, и особено со Филистимците, и со тоа го проширил своето царство. Но со тоа го навлекол на себе гневот Божји затоа што бил самоволен и не ги извршувал непосредните заповеди Божји. Израелците имале обичај во очи на војна принесуваат жртва на Бог. Кога Саул тргнал во војна против Филистимците, Самуило определил рок, кога треба да дојде и да принесе жртва, но Саул не сакал да чека туку сам без свештеник, принел жртва на Бог тоа што било определено за паленица. Штом го завршил жртвувањето, дојде Самуило и му рече: “глупаво си направил што не си се придржувал кон заповедта на Господ Бог, и сега царството твое нема да се задржи. Господ си пронашол човек по Своето срце“.
После некое време Господ преку Самуила му заповедал на Саул да ги искорени Амаликовците, не штедејќи ни луѓе, ни стока. Одржувајќи победа, Саул ги истреби со меч сите Амаликовци, но го поштеди царот нивни Агага и сочува тоа што беше подобро од стоката, правдајќи се, да божем народот сака да таа стока ја принесе за жртва на Бог. Кога Самуило дојде и дозна за тоа, му рече на Саул: “послушноста е подобра од жртвата, бидејќи непослушноста е како грев од вештерство, а непокорноста исто како и идолопоклонството. Го одфрли зборот Господов, затоа и Он те одфрли да не бидеш цар“. Посе, овие зборови, тој сакаше да замине, но Саул толку силно го фати за здолништето од мантијата, да го скина. Самуило му рече: “го симна Господ царството Израелово од тебе денес, и го даде на ближниот твој, кој е подобар од тебе“. Саул му рече: “згрешив, но сега направи ми чест пред старешините и народот: врати се со мене да се поклонам на Господ Бог твој“. Самуило се врати со Саул, и се поклони Саул на Господ. Потоа Самуило сам го уби Агата затоа што убил многу израелци и замина. Од тој ден тој повеќе не го видел Саул.
46. Помазување на Давид за цар и неговото возвишување.
1. Цар. 16-17.

Кога Господ го одфрли Саул, Самуило по Божја заповед појде во градот Витлеем, принесе таму свечена жртва на Бог и го помази со масло детето Давид, помладиот син Јесејев, правнук на Воз и Рута. Давид беше плав, со убави очи и пријатно лице. Излевајќи масло на главата на Давид, Самуило на никого не кажа, дека Господ го именува за цар Изрелов. Од тоа доба Духот Божји беше на Давид, а од Соула си замина. И почна зол дух да го вознемирува Саул; него го убиваше досада. Тогаш некој го посоветува да слуша гусла, и Саул заповеда, да му побараат човек кој добро свири на гусла.Тогаш еден од слугите рече: “еве јас го знам Давид, синот Јесеев: тој знае убаво да удира во гуслата, храбар јунак е, и паметен и убав, и Господ е со него“. Саул испрати по Давид, и го постави да му го носи оружјето. Давид се насели во дворот на Саул. Кога на царот му станувало досадно, Давид свиреше на гислата и пееше свои псалми, и полесно му беше на Саул: лошиот дух го оставаше. Саил го засака Давид.
Наскоро му се даде прилика на Давид, да се прослави во земјата. Саул тргна во војна против Филистимците, а Давид се врати дома да ги чува овците на својот татко. Кога овците се доближија, од кругот на Филистимците излезе џинот Голијат. Голијат излезе напред и викаше на Евреите: “што сте излегле вклучувајќи се? Нели сум јас Филистимјанин, а вие слуги Саулови? Одберете еден помеѓу вас, па нека дојде кај мене. Ако ме надвладее и убие, ние ќе ви бидеме слуги; Но ако јас него го надвладеам и убијам, тогаш вие ќе ни бидете слуги, и ќе не служите“. Никој од Евреите не смееше да излезе против џинот, без обзир на тоа, што Саул ветил награда на победникот големо богатство, да му ја даде својата ќерка за жена и да куќата на таткото негов ја направи слободна. Во тоа време Јесеј го испратил Давид во војската, да се распраша за здравјето на своите постари браќа и да им однесе десет лебови и пржени жита, а десет млади сирења на управникот на подарок. Доаѓајки во кругот, Давид слушна, како Голијат им се подсмева на Израелците и се реши сам да го подели мегданот со него. Тој не се надевал во својата сила, но силно верувал во помошта Божја. И Господ му помогна на Давид. Тој го уби Голијат со прачка и со меч му ја одсече главата. Филистимците уплашени се разбегаа, а Израелците далеку ги протераа.
52. Саул го гони Давид. Сауловата смрт.
1. Цар. 18-28. 2. Цар. 1.

После победата Давидова над Голијат, Саул го постави прво над војниците, а потоа за управник, и му ја даде својата ќерка за жена, но во исто време му звидуваше на неговата слава, сомнително гледаше на него, плашејќи се од него, и му стана вечен непријател. Неколку пати Саул се обиде да го убие Давид, час гаѓајки го со копје, час давајќи му заканувачки пораки. Но Давид во сите свои дела бил паметен, и Господ беше со него. Еднаш Саул отворено му рече на синот свој Јонатан, кој многу го сакаше Давид: “додека е жив синот Јесеев на земјата, нема да се утврдиш ни ти, ниту царството твое; бидејќи ја заслужи смрта“. Јонатан почна да го брани Давид. Тогаш Саул се разлути и фрли со копје по синот, но не го погоди. Јонатан се увери, дека неговиот татко го мрази Давид, и тоа му го јави на својот пријател. Давид побегна. Попат, во Номври, првосвештеникот му даде лебови поставени и мечот на Голијат. Во почеток Давид се криеше во горите јудејски, каде со него се здружија сите негови роднини и околу четири стотини луѓе огорчени, подчинети и должници. Царот појде со војската да го бара Давид, но не можеше да го најде. Сепак, на Давид му се појави прилика да го убие Саул. Eднаш Саул влезе во пештера, кад бил Давид со слугите. Давид скришно пресече од здолништето од мантијата негова, и кога Саул излегуваше од пештерата, му викна: “царе, господаре! зошто слушаш што ти кажуваат луѓето кои зборуваат ете Давид го бара твоето зло? Еве, татко мој, ево го здолништето од мантијата твоја во мојата рака; го пресеков, а тебе не те убив. Познај и види дека нема зло ниту неправда во мојата рака и дека не ти згрешив. Реков, нема да ја кренам раката своја на господарот свој, бидејќи е помазник Господов“. Саул призна дека залудно го сомничел, и плачејќи рече: “дали е тоа твојот глас сине Давиде? Поправеден си од мене, Господ нека ти врати добро за се ова што си ми направил денес. И сега, еве знам дека сигурно ќе бидеш цар. Заколни ми се дека нема да го истребиш поколението мое“. Давид се заколна и Саул отиде дома.
Помина некое време. Саул заборави на своето покајување и пак тргна со војска да го бара Давид. Саул го намести кругот во горите. Падна ноќ. Давид дојде скришно во шаторот Саулов, го зема копјето што му беше забодено до челото на главата, и чаша за вода, излезе на другата страна, застана на врв на гората и почна да вика: “војници Саулови, заслужувате смрт зтоа што не го чувавте господарот свој, помазникот Господов. Еве погледајте, каде е копјето царево и чашата за вода што му беше кај челото на главата?“ Саул се разбуди, го позна гласот Давидов, го здогледа своето копје во неговите раце, призна дека го гонел Давид, го нарече свој син и го повика кај себе. Но Давид му одговори: “Господ ќе му плати на секого по правдата негова! Како денеска мене ми беше драга душата твоја, така нека биде драга мојата душа пред Господ, и неке ме избави од секоја невоља. Тие се разделија. Саул се врати дома, а Давид отиде кај царот филистимски кој му го даде за живеење градот Сиклаг.
Филистимците собраа голема војска против Израелците. Саул излезе против нив. Непријателите се сретнаа во горите Гелвујски. Страшна досада ја мачела душата Саулова; чувствувал несреќа, и сакал да како било дознае, што ќе се случи. Во Ендор живееше во тоа време жена, која зборувала дека може да ја предскаже иднината и да ги повика мртвите. Со своите вражбини таа го лажела народот и празноверните луѓе и веруваа. Кај нејзе отиде и Саул и ја замоли да го повика Самуил, кој пред скоро време умрел. Вражалката се согласи и почна да гата. Таа знаела дека ги лаже луѓето празноверни и не очекувала да и се јави некој. Но гледај, таа одеднаш виде дека некој излегува од земја, и извика од страв. “Што си видела? – ја преша царот. “Бог го видов што излегува од земја. Саул пак праша: “Каков е?“ Жената одговори: “стар човек наметнат со мантија“ . Саул знаел дека тоа е Самуил, и му се поклонил до земја.
Тогаш Самуило го праша Саула: “зошто ме вознемири?“ Саул одговорил: “во неволја сум голема, бидејќи Филистимците завојуваа на мене, а Бог одстапи од мене и не ми одговара веќе ни преку пророците, ниту во сон, затоа те повикав тебе да ми кажеш што ќе направам?“ Самуило му рече: “зошто мене ме прашуваш, кога Господ одстапил од тебе? Господ направил како што кажа преку мене: бидејќи Господ го истргна царството од твоите раце и го даде на Давид. Утре ти и синовите твоиќе бидете кај мене и кругот израелски Господ ќе го предаде во рацете Филистимците“. Овие зборови го уплашија Саул, и тој онесвестен падна на земја. Набрзо војските се соочија на несреќа на Израелците. Три сина на Саул погинаа, а Саул тешко ранет се уби самиот, не сакајќи да им падне на непријателите во раце.
Давид слушнал за смрта на Саул од еден Амаликовец, кој сакајќи да му се приближи, му го донесе царскиот венец и рече, дека тој го убил Саула по негова молба. Давид заповеда да го убијат тој Амаликовец, како убиец на Божјиот помазник, и горко ја оплакуваше смрта на Саул и својот другар Јонатан.
53. Давид станува цар. Ширење на Еврејското царство.
Давидивата побожност. Псалми Давидови.
1.Цар. 2.1-11. 5-8; 1. Днев. 13.15-17. (22, 7-10).

После смрта на Саул Давид се врати во јудејскиот град Хеврон. Коленото Јудино одма го призна за цар, и тој беше помазан за цар над домот Јудин. А над останатите колена се зацарува Јевостеј, болен, малоумен син Саулов. Меѓу тоа оваа поделба на царството траела многу малку. После седум години, кога Јевостеј го убија, се заврши мешаницата во народот, и сите колена Израелови го признаа за свој цар Давид и го помазаа за цар. Господ очигледно му помагал на Давид во сите дела негови. Овој цар собра под своја власт Моавци, Сирци, Идумејци, Амориќани и им зема неколку градови на Филистимците. И така, царството јудејско за време на неговото владеење стана големо и силно; тоа се простирало од Средоземното море до Еуфрат, од Дамаск до Мисир. Со Хирамом, царот тирски, Давид беше во пријателски односи. Како секое колено сакало царот да живее во неговиот град, Давид одбра таков град, кој не припаѓал на ниедно колено. Помеѓу колената Јудини и Венјаминови живееа Јевусеи, хананско племе, кои имаа утврден град Ерусалим. Давид го освои тој град, ја утврди во него гората Сионска, подигна на нејзе величествен дворец, изгради подобра Скинија и свечено го пренесе во нејзе Ковчегот на заветот (од Киријат-Јарима).
Со триесет иљади одбрани луѓе Давид отиде во Киријат-Јарим. Таму го ставија Ковчегот на нова кола и го повезоа во Ерусалим. Под водство Давидово Израелците оделе пред Кочегот, свирејќи на разни инструменти; покрај Ковчегот одел Израелецот Узо. Околу едно гумно воловите потегнаа на страна. Узо сакаше да го придржи Ковчегот, го допре и падна мртов. Тоа го уплаши Давид. “Како ќе дојде кај мене Ковчегот Господов? Рече тој и го остави Ковчегот во една куќа на патот. После некое време Давид ги викна свештениците и им рече: “не е добро да го носи Ковчегот Божји никој, освен левити, бидејќи нив Ги одбра Господ да го носат Ковчегот на Господ Бог и да му служат до века, па затоа вие, поглавари на семејствата помеѓу левитите, Донесете го Ковчегот на Господ Бог на местото кое сум му го спремил“. Отидоа по Ковчегот. Овој пат поглаварите на семејствата левитски го понесоа на рамена, како што заповедал Мојсеј, а левитите пееа пред него псалми и свиреа на справите музички. Сам Давид, наметнат со плашт од тенко платно, со оплечка ленена на себе, играше пред Ковчегот, искажувајќи ја со тоа својата радост. Пред тргнување принесоа пред Ковчегот седум жртви, и многу жртви беа принесени кога го поставија Ковчегот во Скинијата. Михала, жената Давидова го гледаше свечениот пренос на Ковчегот, и гледајќи дека Давид игра пред него, го осуди царот во своето срце. Кога Давид дојде дома, на прекорот женин одговори: “Пред Господ Кој ме избрал да бидам водач на народот играв и ќе играм, и уште повеќе ќе се понижам и уште помал ќе бидам на себеси“.
Без оглед на среќниот живот, Давид непрекидно го вознемирувала мислата, што живее во куќа од кедрово дрво, а Ковчегот Божји стои под шатор. Тој сакаше да ми соѕида храм на Господа. Својата мисла му ја кажа на пророкот Натан. Пророкот прво одговори: “Што и да ти е на срцето оди, прави го“, но истата ноќ доби откровение од Бог: “оди и кажи му на слугата мој Давид: ти нема да ми соѕидаш куќа да во нејзе продолжам, бидејќи пролеа многу крв на земјата и водеше големи војни. Ти ќе родиш син, и тој ќе биде човек мирен. Јас ќе му дадам мир од сите непријатели негови. Тој ќе соѕида дом на името Мое, и ќе го утврдам престолот на царството негово во Израел до век. Јас ќе му бидам татко, и тој ќе ми биде син, и милоста Моја нема да се тргне од него“.
Давид оставил после себе многу Псалми (т.е. молитви во стихови), кои ја сочинуваа книгата на Светото писмо Псалтир. Книгатат така е наречена по музичкиот инструмснт со десет жици, на кај Давид свирел, кога ги пеел своите псалми. Давид пеел псалми и во радост и во тага. Со нив ја искажувал својатат верба во Господ, надеж во спасение, љубовта и смирението кон Бога, своето каење поради гревовите. Тој во нив повеќето зборувал за себе, но понекогаш својата црска слава и иднатат слава на својот син, на кого му е наменето да изгради храм, а исто така и својатат тага и надеж во спасение, го опишувал во такви црти, да во нив се гледа слика – час на ветениот славен Цар Израелев Месија – Синот Божји, на чие царување нема да има крај, час ветениот Маченик, Јагнето, Кое ги зема гревовите на светот, чии страдања биле не на Негов грев, туку поради гревовите на сите луѓе. Така, на пример, Давид зборува за своите непријатели: “стануваат цареви земски, и кнезови се собираат на Господ и на Помазникот (Христос) Негов. Господ му рече : Ти си Син Мој, Јас сега те родив. Барај од Мене и ќе ти дадам народи во наслество, и краеви земски тебе во држава“ (Пс. 2.). Слава на царевувањето на синот свој Давид го опишува во такви црти, кои можат да се однесуваат само на Христос: “ќе процвета во деновите негови праведник; ќе му се поклонуваат сите цареви, сите народи ќе му бидат подчинети; тој ќе ги ослободи душите на сиромашните од превари и насилство, ќе се благословат во него сите племиња на земјата и сите народи ќе го нарекуваат блажен“ (Пс.72.). За своите страдања царот зборува така, да зборовите негови буквално се исполниле на Христос: “јас сум подсмев на луѓето и срам на народот. Кои не гледаат, сите ми се подсмеваат, ја шират устата, нишаат со главата и зборуваат: се подпрел на Господ, нека му помогне; нека го ослободи, ако го сака.
Се исуши снагата моја и јазикот мој се залепи за грлото. Ги прободеа рацете и нозете мои. Ги делат алиштата мои помеѓу себе, а за доламата моја фрлаат жрепка“. (Пс.22) И во исто време Давид искажува надеж во воскресение: “ти нема да ја оставиш душата моја во пеколот, ниту ќе дадеш да светецот твој види трулеж“ (Пс.16). Така Псалмопоецот во исто време бил и пророк.
54. Несреќи за време на владеењето на Давид. Бунт Авесаломиева.
2. Цар. 11. 12. 15-18.

Стални успеси и славата Давидова ја ослабија во него понижната надеж во Бога, и ги разбидија чувствата на самодоверба и самовласт и и го доведоа до морален пад.
Еднаш, шетајќи се по зидините градски, Давид виде млада жена, Вирсавија, сопруга на Урие Хетејанинот, внука на царскиот советник Ахитофела, и посака со нејзе да се ожени. Како Урија во тоа време бил во војна против Амониќаните во Давид се роди желба да Урие погине. Тој не можел да ја победи во себе оваа лоша желба и заповеда на војсководачот да Урие за време на битката го стави на такво место, да го убијат. Царевата желба била извршена. Вирсавија стана вдовица и Давид се ожени со нејзе.
Набрзо Вирсавија роди син, а Давид не ни приметуваше дека направи голем грев пред Бога. Тогаш му се, по Божја заповед, јави пророкот Натан и му раскажа: “во еден град беа два човека, еден богат а другиот сировам. Богатиот имаше овци и говеда многу; а сиромавиот немаше ништо само една мала овца која ја беше купил, и ја ранеше, те порасна покрај него и неговите деца, и јадеше од неговиот залак, и од неговата чаша пиеше и во скут му спиеше, и му беше како ќерка. Но дојде патник кај богатиот човек, а на него му беше жал да земе од своите овци да зготви за патникот кој дојде кај него“. Давид гневно му рече на Натан: “така жив да биде Господ ( т.е. се колнам во Господ), заслужил смрт тој кој го направил тоа, и за овцата нека ја плати четиридупло“. Тогаш Натан му одговори на Давид: “Јас те помазав за цар над Израел; зошто го презре зборот Господов; Урија Хетеинин го уби со мечот на Амониќаните, и ја зеде жената негова за себе за жена; затоа нема да се тргне мечот од домот твој. Еве јас ќе подигнам на тебе зло од домот твој“. И му рече Давид на Натан: “згрешив на Господ“. Натан му одговори: “и Господ го пренесе твојот грев; нема да умреш, но затоа ќе умре синот кој ти се роди“. Ова предскажување се исполнило. Давид за спомен на своето каење испеал (50.) псалми: “Смилувај се на мене, Боже“.
Во домот Давидов настанаа несреќи, кои Бог ги испратил како казна за гревовите. Неговиот син Авесалам се зазема за сестрата своја, која ја навредил постариот негов брат, и го уби, а самиот избега кај царот гесурски. После неколку години Давид се сожали на Аваселом и му дозволи да се врати дома. Тогаш Аваселом намисли да од таткото го земе престолот, и зато се грижеше да ја придобие љубовта на народот. Секој ден наутро тој излегуваше на градската порта, се гушкаше и се бакнуваше со тие кои му приоѓаа да се поклонат, а ако сретнел човек да оди кај царот, срдечно го распрашувал за делото негово и потоа зборувал, “ гледаш, работата твоја е добра и праведна; но нема кој да те сослуша кај царот. Кога јас би бил поставен да судам во земјата да секој доаѓа кај мене кој има работа на суд, – јас би му дал правдина“. Така Авесалом скришно влегувал во срцата на Израелците и успеал во тоа, за што тежнеел. Гласот за неговата добрина и праведност се разнел по целото царство и многумина посакаа да го издигнат на престол. Дознавајќи за тоа, Авесалом го замоли татко си да оди во Хеврон да принесе жртва. Таму се собраа неговите подржувачи и го избраа за цар израелски. Авесалом појде со нив на Давид. Давид дозна за бунтот на синот, и кога уште не беше спремен да се брани и мораше да бега од Ерусалим со своето семејство и шест стотини Филистимци, кои само што влегоа во негова служба. Народот плачејќи го испраќа царот. Кога Давид поминал преку потокот Кедрон на него му се придружи и првосвештеникот со Ковчегот на заветот; но Давид помолувајќи се пред Ковчегот, му заповеда на првосвештеникот да се врати со него во град, велејќи: “ако најдам милост пред Господ, Он ќе ме врати назад, и ќе ми даде да пак го видам Него и Неговиот дом“ а самиот продолжи понатаму. На гората Маслинска Давид излезе бос, со покриена глава, и горко плачеше. Тука го известија, дека Ахитофел поминал на страната Авесаломова. Тоа за Давид била голема несреќа, бидејќи советите Ахитофелови се сметани така како кога некој бара упатство од Бог. Слушајќи за предавството на својот советник, Давид повика: “скрши ја намерата Ахитофелова Господе“, и одма му издаде нарадеба на својот пријател Хусај, да преправен прејде на страната Авесаломова и да се грижи да ги урива советите Ахитофелови. Во земјите на коленото Венјаминово Давид го сретна Симеј, од ридот Сеулов, и почна да го колне и да фрла камења по него. Царевиот војвода сакаше да го убие Симеа, но Давид рече: “нека го нека псуе; ете, и мојот син ја бара душата моја. Ако господ им врати добро за псовката негова“. Сепак Авесалом влезе во Ерусалим. Овде го дочека Хусеј и рече, дека ќе го служи. Го посоветува Ахитофела да одма испратат под негово предводништво еден одред војска, во потера по Давид, и да го убијат. Но Хусај го негираше овој совет и од своја страна советуваше да се собер целиот народ и дури тогаш да се појде по Давид. Советот Хусаев бил прифатен. Тогаш се Ахитофел во очај се обеси.
Давид помина преку Јордан. Тука најде многу подржувачи и собра војска. Војските се судрија. Авесаломевата војска беше разбиена, самиот Аавесалом побегна, во време на бегството се заплетка со косата своја во гранките, се обеси на нив и беше убиен. Кога Давид дозна за ова, многу се ражалости и горко ја оплакуваше смрта на Авесалом. После Авесаломината смрт бунтот набрзо се прекина.
55. Помазување на Соломон за цар. Мудроста Соломонова.
3. Цар. Гл. 3.

Царот Давид доживеа длабока старост. Уште за време на животот тој го одреди за свој наследник синот свој Соломон, кој тогаш имаше осунаесет години, свечено го помаза и му остави во наследство да го созида храмот на Бог наместо Скинија, поради што имал собрано многу злато, сребро, меди и дрва и ги спремил сите цртежи и слики.
Соломон го почна своето царување со срдечна молитва. После смрта на Давид тој отиде во Гаваон, каде во тоа доба била Мојсиевата Скинија, и таму принесе иљаду жртви паленици. После тоа му се јави Господ во сон и рече: “барај што сакаш да ти дадам“. Соломон го молеше Бога вака: “Господе! Ти си го поставил слугата Свој за цар на местото на Давид мојот татко. Дај му на слугата Свој срце разбрано да може да суди на народот Твој и да распознава добро од зло. Бидејќи кој може да му суди на народот Твој толку голем?“ На оваа молитва Господ му одговори: “кога тоа го сакаш, а не бараш долг живот, ниту богатство, ниту душата на непријателите свои, туку бараш разум да можеш да судиш, еве ти давам срце мудро и разумно, и тоа што не го бараше: и богатство, и слава, да таков каков што ќе бидеш ти нема да има помеѓу царевите во целиот свет во векот твој. А ако одиш по мојте патишта почитувајќи ги мојте прописи и заповедите мои, како што одеше Давид, таткото твој, ќе ги продолжам твоите денови“. Солом се разбуди и весело влезе во Ерусалим, каде принесе жртви паленици пред Ковчегот на завет.
Набрзо на Соломон му се појави можност да ја покаже својатат мудрост. Еднаш му дојдоа две жени. Едната држела дете во рацете, а другата почна да му зборува на царот: “Господару! Јас и оваа жена живееме во една куќа и немаше никој друг со нас во куќата. Секоја од нас роди дете. Минатата ноќ умре синот на оваа жена, бидејќи легна врз него. Па стана на полноќ и го зема синот мој покрај мене, и си го стави во прегратка, а својот син мртов го стави кај мене во прегратка. А кога станав сабајле да го надојам, а тој мртов; но кога разгледав сабајлето, а тоа не беше мојот син“. Но другата жена, која држела во рацете живо дете, одговори: “не е така, туку твојот син е тој умрениот, а мој син е овој живиот“. Жените почнаа да се расправаат. Да се реши нивниот спор било многу тешко. Но Соломон знаел, дека мајката повеќе ќе го жали чедото, одколку туѓата жена, и нареди: “расечете го живото дете на две и поделете половина на едната, а половина на другата“. Тогаш жената, чиј син бил жив, викнала: “подајте и го нејзе детето живо и немојте да го убиете“, а другата рече: “нека не биде ни мој, ни твој, расечете го“. Соломон виде која жена е мајка на детето, и рече: “подајте и го на таа живото дете, немојте да го убиете, таа му е мајка“. Мудроста Соломонова ги зачудила сите.
56. Зидање и осветување на ерусалимскиот храм.
1010. г. пред Христос.
III. Цар, 5-7, 15-51; 8. 9, 1-9; II.Днев, 2-7. гл.

Солом го изврши делото кое Бог му го наметнал и татко му му го завештал, и соѕида величествен храм во Ерусалим, на брегот Морија, каде по предание Аврам го принесувал на жртва синот свој Исак. Соломоновиот храм бил созидан по истиот план, како и Мојсеевата Скинија, само многу поголем и побогат. Колку величествен бил овој храм, се гледа од тоа, што сите негови ѕидови од натре, жртвениците, столовите и херувимите биле обложени со чисто злато; а од злато биле направени и свечниците, кадилниците, машите и сите украси. На ѕидањето работеле сто осумдесет иљади работници и три иљади и триста надзорници ја надгледувале работата. Кога храмот бил довршен и во него внесен Ковчегот на заветот, слава Господова (во вид на облак) го исполни храмот. Соломон клекна пред жртвеникот, ги подигна рацете кон небото и се молеше, да Господ во овој храм прима молитви не само од Израелците, туку и од секој туѓинец, кој ќе влезе да се моли во него, штом ќе слушне за славата на Бог Израелов. Кога Соломон ја доврши молитвата, од небото слезе оган на подготвените жртви, и слава Господова го наполни домот. По завршување на седумдневните празници, кога народот се разотиде од Ерусалим, Господ ноќе му се јави на Соломон по втор пат, како што му се јави и во Гаваон, му рече, дека на тоа место ќе ги прими молитвите на народите, ако ги извршува Неговите заповеди. “Но ако вие и синовите ваши“, рече Господ, “не се придржувате на заповедите и прописите Мои и почнете да им служите на други богови и им се поклонувате, тогаш ќе го истребам Израел од земјата, која ви ја дадов, и овој храм кој го посветив на името Свое, ќе го одфрлам од Себе, и Израел ќе стане приказна и подсмев помеѓу сите народи“
57. Слава Соломонова. Негов морален пад и покајување.
Немири и последни денови од неговото царување.
III. Цар. 7, 1-22. 9, 17-28. 10.11.

Соломон бил најславенпомеѓу царевите по мудроста и богатството. Тој созидал величествен дворец во Ерусалим, изградил неколку градови, помеѓу кои е особено важен Тадмор во пустината, и да би ја развил трговијата во своето царство, тој направил бродови на Црвеното море. За време на владеењето негово Јуда и Израел живееа во мир, секој во своето лозје и под својата смоква, од Дина до Вирсавија.
Глас за богатството и мудроста Соломонова се пренесе по сите околни краеви. Многумина од разни народи доаѓаа од далеку да го чујат. Така од Арабија дошла во Ерусалим царицата Савска. Да ја испроба мудроста Соломонова, таа му постави многу прашања во облик на загатки, и на секое прашање доби мудер одговор. Таа ги разгледа дворовите и градот и рече: “јас не сакав да верувам тоа што се зборуваше за работите и за мудроста твоја, додека не дојдам и видам со свои очи; и гледај, ни половина не ми е кажано: твојата мидрост и добрина го надвишуваат гласот кој сум го слушала. Блазе си му на народот Твој. Господ на Кого си му замилел, те поставил за цар на Израел, да судиш и делиш правда“. После тоа таа му даде на Соломон богати дарови (сто дваесет таланти злато и многу мириси и дрги камења). И Соломон нејзе исто така ја награди издашно.
Но среќата направи да Соломон стана негрижен. Тој почна да живее раскошно, го потроши своето богатство и почна да го угнетува народот со големи давачки. Освен тоа, без обзир на законот кој на Евреите им забранувал да се женат со идолопоклоници, тој се ожени со многу туѓинки. И жените го разуздаа срцето негово: тој дозволи да во околината на Еруслим се изградат жртвеници на боговите на своите жени, и малку по малку и самиот почна да зема учество во идолските жртви. Тогаш Господ преку пророк Му рече на Соломон: “ затоа што не се прджуваше на Мојот совет и законите Мои, ќе го отргнам царството од тебе и ќе го дадам на слугата твој. Но за твојот век тоа нема да го правам поради Давид, таткото твој: туку ќе го отргнам од рацете на синот твој. Но нема да го отргнам целото царство, едно племе ќе му дадам на синот твој поради Давид и поради Ерусалим“. После вакво предскажување Соломон го напушти среќата. Некои кнезови на покорните народи станаа против него и почнаа да прават упади во земјата Израелска, а во самото царство се појавија многу незадовоници, кои станаа против Соломон поради премногу зголемените давачки. Водач на незадоволниците бил Јеровоам, од коленото Јевремово, еден од надзорниците над работниците во Ерисалем. Дознавајќи за тоа, Соломон нареди да го казнат: но Јеровоам избега во Мисир. Несреќата го принуди Солимон да се тргне: тој признал дека во богатството и славта земска нема среќа, дека е среќата само во стравот Божји и извршувањето на Неговите заповеди (1).
Своето каење тој го искажал во книгата, која се вика Еклезијаст, што значи Проповедник. Споменик на својата мудрост Соломон оставил во книгата Приказни, т.е. кратки мудри изреки. Тој ја напишал и книгата Песна над песните, во која ја насликал љубовта Божја кон луѓето.
ПЕРИОД НА ЦАРЕВИТЕ
II. ДО ВАВИЛОНСКОТО РОПСТВО
980-589. пред Христос.
55. Поделба на еврејското царство на Јудејско и Израелско.
Краток преглед на историја на царствата. Пророци.
1.Цар. 12, 1-12.
После Соломоновата смрт, неговиот син Ровоам отиде во градот Сихем, каде се собрал целиот народ Израелски да даде ветување дека ќе биде верен на новиот цар. Во овој град дојдоа под водство Јеровоамово и сите незадоволни со владеењето на Соломон. Јеровоам во име на народот дојде кај Ровоам и му рече: “твојот татко ни стави на нас тежок јарем; туку сега ти олеснини го, па ќе ти служиме“. Ровоам го игнорираше советот на старците кои му зборувале да ја исполни молбата на народот, и по совет на своите врсници, своите пријатели, одговори: мојот татко ви стави тежок јарем, а јас ќе доставам на јаремот ваш; таткото мој ве шибаше со камшици, а јас ќе ве шибам со бодликави камшици“. Одкако го слушнаа одговорот Ровоамов, Израелците рекоа: “ние немаме наследство со синот Тесеев. Во шаторите свои Израелци“.Народот се разотиде. Само две колена, Јудино и Венјаминово, го признаа Ровоам за свој цар, а останатите десет колена одстапиле од домот Давидов и го избраа за цар Јеровоам. На тој начин царството еврејско се раздели на две: тоа што остана верно на домот Давидов почна да се вика Јудејско, со престолнина во Ерусалим, а другото со десет колена го задржа името Израелско, со престолнина прво во Сихем, потоа во Самарија. Помеѓу овие царства имало готово непрекинато непријателство.
Без разлика на поделба на царството, Јудејците и Израелците имале многу заедничко: зборувале ист јазик, верувале во еден Бог, чувале еден закон, имале само еден храм (во Ерусалим), во кој можеле да принесуваат жртви на Бог. Можело да се верува, дека двете царства пак ќе се соединат во едно. Но царевите Израелски сите мерки ги употребувале тоа да го спречат. Јеровоам, првиот Израелски цар, плашејќи се, да неговите поданици посетувајќи го често храмот ерусалимски, да не се свртат кон синот Соломонов, Ровоам, им забрани да одат во Ерусалим и таму да принесуваат жртва на Бог, при тоа ги терал да принесуваат жртви пред златните телиња кои ги поставил во своето царство. Наследниците Јеровоамови не само да помагале во поклонување на телињата, туку направиле олтари на туѓи богови и така го турнале народот во идолопоклонство. Безбожништвото на Израелците, нивните војни со Јудејците, нападите на соседните народи, побуните и нередите во царството, – сето ова постепено го рушело царството Израелско. Најпосле асирскиот цар Салманасар ги одведе Израелците во ропство и ги расели по Еуфрат, каде за секојпат останале. Израелското царство траело двеста педесет и седум години; за тоа време тоа имало дваесет цареви од дванаесет разни династии, кои го грабеле царскиот престолот едни од други.
Ровоам, првиот цар јудејски во почеток бил верен на вистинскиот Бог и ја подржувал побожноста во својот народ, но после неколку години и тој го напушти извршувањето на Мојсиевите закони и изгради на висините олтари на боговите феничански. Со идолопоклонството во народот влезе и развратот и развратот се вкорени во него. Од време на време се појавувале Јудеи и цареви побожни. Тие воспоставувале вистинско богослужење во храмот Соломонов, ги почитувале саботите, новомесеците, ги почитувале постовите и верувале дека со тоа го извршувале целиот закон. За поправање на срцето, за чистотата, за преведноста, меѓусебната љубов, малку кој мислел. Затоа и се случувало да служат на Господ додека е жив побожниот цар; штом тој умираше, тие пак паѓаа во идолопоклонство. Безбожништвото го уништило и царството Јудејско. По Божја дозвола, царот Вавилонски Навуходоносор го освоил, го запалил храмот, го сруши Ерусалим, а Јудејците ги одведе во робство во кое биле седумдесет години. Јудејското царство траело триста деведесет години; за тоа време Јудејците имале седумнасет цареви; сите биле од домот Давидов. Познати цареви јудејски биле Јосафат, Језекија и Јосија.
Милосрдниот Бог сакал да го спаси Својот народ, да ги собере залутаните овци, да ги подкрепи луѓето несигурни и да ги утеши побожните. Затоа испраќал Свои гласници, пророци. Господ им ја објавувал Својата воља, и тие им ја проповедаа на другите луѓе. Пророците не зборуваа од своја страна; тие биле “пенкало во рацете Господови, труба во устата Негова“. Грешниците строго ги разобличувале и им предскажувале казни од Бог; побожните ги тешеле со надеж дека ќе дојде Христос Спасителот. Да би луѓето се уверат дека се пророци Божји, Господ им давал моќ да прават чудеса и да ја предскажуваат иднината. На многумина не им се допаѓаа зборовите на пророците; тие ги пресретнуваа со омраза, фрлаа на нив камења и згора на тоа ги убивале. Но имало и такви избраници, кои науката пророчка ја ширеле по своето царство: тие луѓе сочинувале општини, или училишта пророчки и се нарекуваа ученици или синови пророчки. Колку повеќе растела безбожноста во царството Израелско, во толку почесто се јавувале пророци и се зголемувал бројот на пророчки ученици.
56. Јеровоамово царување. Верски раскол. Јеровоамови наследници.
1. Цар, 12. 25-34. 13. 14, 1-20.
Честите патувања на Израелците во Ерусалим да се поклонат на Бог, на Јеровоам му изгледале опасни. “Ако народот“, мислеше тој “почне да оди во Ерусалим, да принесува жртва, срцето на народот ќе се сврти кон господарот негов Ровоам“. Да го спречи народот во овие патувања, тој излеа од злато две телиња, ги стави во Ветиљ и Дан, изгради пред нив жртвеници и му рече на народот: “не треба повеќе да одите во Ерусалим; еве ги боговите твои Израелу, кои те изведоа од земјата Мисирска“. Освен телињата, Јеровоам направи уште и олтари на висините, постави во нив свештеници, кои биле од коленото Левиево, и организираше празници слични на Ерусалимските. Таквите дела на царевите изродија во народот израелски религиозен раскол. Господ одма го разобличи нивното безбожништво. Кога царот ја принесувал првата жртва пред ветилското теле, од толпата на луѓе се слушнал глас “олтари! олтари! Вака вели Господ: ете ќе се роди син во домот Давидов, по име Јосија, кој на тебе ќе ги коле свештениците на висините и човековите коски ќе ги спали на тебе. И еве знак дека Господ рекол: олтарот ќе се распадне, и ќе се растури пепел по него“. Тоа го рече пророкот, кој дошол од Јудеа. Јеровоам ја испружи раката и рече: “држете го!“ Но истиот момент неговата рака се одзема, и жртвеникот се распадна. Тогаш Јеровоам почна да го моли пророкот: “помоли се на Бог твој да ми се поврати раката“. Пророкот се помоли и раката царева оздраве. Јеровоам го повика пророкот во својот доми му вети подароци, но пророкот одговори: “да ми дадеш се од куќата твоја, не би одел со тебе. Бидејќи така ми заповеда Господ: не јади леб, не пиј вода, ниту се враќај по истиот пат по кој ќе отидеш во Ветиљ“. Велејќи го тоа, пророкот си замина од Ветиљ. Тогаш таму живеел еден пророк старец. Тој го стигна прокот од Јудеа, го повика во својата куќа, и кога овој одкажа, го излажа и рече “и јас сум пророк како и ти, а ангелот Господов ми рече: врати го со себе во твојата куќа, нека јаде леб и пие вода“. Поверува на старецот пророкот јудејски и се врати во Ветиљ. Кога седнаа за стол, старецот навистина доби одкровение од Бог и му рече на својот гостин: “вака вели Господ: бидејќи не ги послуша зборовите Господови, твоето тело нема да дојде во гробот на татковците твои“. После тоа тој го насамари магарето на пророкот и се прости од него. На патот лав го закла пророкот јудејски и стоеше покрај телото, не го закачаше неговото магаре, додека ветиљскиот старец не дојде дознавајќи за смрта на човекот Божји, кого го превари. Старецот го погреба пророкот во својот гроб. – Па сепак Јеровоам не слезе од лошиот пат. Тогаш друг пророк, Ахија, му рече во име Господово: “ете, јас ќе пуштам зло на домот Јеровоамов и ќе го истребам и ќе го сметам како што се мете (ѓубре) да не остане ништо. И ќе го удри Господ Израел, да ќе се залула како што се лула трската во водата и ќе ги искорнам Израелците од оваа добра земја, и ќе ги растурам далеку преку реката (Еуфрат) затоа што си направија идоли“. Јеровоам не се поправи ни после овие предскажувања: И зборовите на пророкот се исполнија: целиот негов дом беше ископан.
Казната која го стигна домот Јеровоамов, не ги опамети неговите наследници. Тие правеле исто што и тој. Многумина беа и полоши од него. Освен златните телиња тие почнаа да почитуваат и богови на соседните народи и им принесуваа жртви. Овие цареви ја укажувале својата милост на идолопоклониците, а почитувачите на вистинскиот Бог ги гонеле и убивале.
57. Немоќ и безбожништво на Ровоам и побожно царување на Асе, цаеви јудејски.
Цар. 14, 21-31, 15, 9-24. 2. Днев. 11-16.
Ровоам, син Соломонов, во почетокот бил верен на вистинскиот Бог, поради што и царството негово живеело во мир. Тој утврдил неколку градови во коленото Јудино; свештеници и левити, а исто така и многумина од народот, кои останаа верни на Мојсеевиот закон, се преселија кај него од царството Израелско, што исто така многу ја зголемило неговата сила. Но по четвртата година на своето владеење тој, а по него и народот, го напуштија законот Господов, почнаа да ѕидаат олари на висините, поставија на нив идоли и се одадоа на разврат. Господ го казни царството јудејско со тоа, што на него нападна царот мисирски, кој го освои Ерусалим, завладеа со богатството и храмот и дворот што го стекна Соломон, и Јудејците почнаа да му плаќаат данок.
Покајувањто царево го симна од него гневот Божји и го спаси народот, од пропаст. Авија, синот Ровоамов, стапи на престол после смрта на татко му, и се угледа на него во безбожништво.
Внукот Ровоамов Аса стана цар со добри намери да земе за пример се од царот Давид. Тој се грижеше да во своето царство го уништи идолопоклонството, ги разруши идолските жртвеници и олтари на висините, ги искрши идолите и издаде заповед да сите го почитуваат Мојсеевиот закон. За овие побожни дела Господ го награди да ги победи непријателите; тој успеа да го одфрли јаремот мисирски. Тогаш царот собра во Ерусалем голем народен собир, на кој било решено да се казни со смрт секој кој не се обрати кон Господ Бог. Аса храбро ја изврши оваа одлука: најде идол кај својата мајка, тој го скрши и запали, а на мајка си и ја одзема титулата царица. Но на крајот на својот живот и Аса истрпи многу несреќи, бидејќи повеќе се надеваше на луѓето, одколку на Бога. Негов наследник на престолот бил неговиот син Јосафат.
58. Пророк Илија. Ахав и Охозија цареви израелски.
III. Цар. 29-34. 17-19. 21. 22. 37-40 и 51-53; IV. Цар. 1. 2. 1-15.
Со крајот на владеењето Асино во Јудеа, во Израелското царство се зацарува Ахав, кој со своето безбожништво го развратил готово целиот народ. Тој се ожени со ќерката на царот сидински, Језавеља, ревносна почитувачка на боговите феничански. По наговор на жена му Ахав изѕида жртвеник на Вал во Самарија, и го натера народот да му се поклонува, а пророците Господови ги убиваше. Безбожништвото толку се засилило, да народот почнал да ги занемарува заканите за Божјото проклетство: некој Хил Ветилјанин го изгради Јерихон. Но одма го снајде казна, која ја предскажа Исус Навин; штом Хил удри темели на градот, му умре првенецот, а кога ја намести и вратата, го изгуби и помладиот син.
За време на владеењето на безбожниот цар израелски Ахава се јави пророкот Илија, од градот Тесве. Тој живеел во пустината позади Јордан, и одел во облека од камилини влакна, опашан со кожен појас. Кога безбожништвото во царството израелско се наголемило до крајни граници, пророкот Илија дојде кај Ахава и му рече од Божја страна: “така да е жив Господ Бог Израелов. Пред Кого стојам, овие години нема да има роса, ниту дожд, додека не кажам јас“. После овие зборови тој отиде. Предскажувањето пророково се исполни; три години и шест месеци немаше ни роса, ни дожд по целата земја Израелска. Поради сушата се појави глад и го присили Ахава да го побара Илија. Но никаде не можеше да го најде.
Пророкот Илија се криел во тоа време во пустината позади Јордан, покрај еден поток, каде гавраните му носеа леб и месо. Кога потокот пресуши, Илија; по заповед Божја, појде во градот Сарепту блиску до Сидон. Тука исто така владеела страшна глад. На портите на Сарепте Илија сретна вдовица, која собираше дрва. “Донесими малку вода во сад да се напијам и парче леб“, рече Илија. Вдовицата одговори: “така да е жив Господ Бог твој, немам печен леб до прст брашно во садот и малку масло во стомната; и ете собирам дрва да отидам и зготвам за себе и синот свој, да јадеме, па потоа да умреме“. “Не се плаши“, рече пророкот, “оди, прво за мене замеси ми едно колаче од тоа, и донеси ми, па после зготви за тебе и синот свој. Бидејќи вака вели Господ Бог Израелов: “брашното од садот нема да се потроши, ниту маслото во стомната ќе го снема, додека не пушти Господ дожд на земјата“. Добрата жена му поверува на Илија, и направи како тој и рече. Се исполни зборот на пророкот Божји: ниту брашното, ниту маслото не се потрошија.
Илија се насели кај вдовицата. Наскоро таа и подобро ја виде славата Господова: и умре синот единец; Илија се помоли на Господ, и детето оживеа. Тогаш вдовицата рече: “сега знам дека си човек Божји и да зборот Господов е во твојата уста вистина“.
Кога Израелците почнаа да се кајат поради своите гревови, Илија, по Божја заповед, дојде кај Ахава. Здогледувајќи го пророкот, царот му рече: “дали си ти тој што несреќа носиш на Израел? Илија одговори: “не носам јас несреќа на Израел, туку ти и домот на таткото твој оставајќи ги заповедите Господови и согласувајќи се со Вал“. Потоа тој му предложи на царот да ги соберат сите Израелци и пророците Валови на гората Кармилска за да решиме кој е вистински Бог. Кога Ахав го собра народот, Илија рече: “до кога ќе кривите на двете страни. Ако е Господ Бог, одете по Него; ако е Вал, одете по него. Јас сам останав пророк Господов, а пророци Валови има четири стотини и педесет. Дајте ни два јунца, и нека тие одберат за себеси еден, и нека го исечат на делови и го стават на дрва, но оган да не палат; јас ќе го приготвам другиот јунец, и ќе го ставам на дрва, но оган нема да запалам. Тогаш повикајте го името на вашите богови, а јас ќе го повикам името Господово. Па кој Бог се јави со оган, тој нека е Бог“. Народот одговори: “добро рече“. Пророците Валови морале да се согласат: го ставија јунецот на дрва и почнаа да викаат: “Вале, послушај не!“ Но одговор немаше. Да би го одоброволиле Вал, пророците скокаа околу жртвеникот, се сечеа со ножеви и шила по својот обичај, така да крв им се леела, но оган не падна од небото. Дојде вечер; тогаш Илија рече на народот: “пристапете кон мене“. Народот пристапи. Илија зема дванаесет камења, по број на колена Израелеви, направи од нив жртвеник, ископа околу него ров широк, на жртвеникот го стави јунецот, рече три пати да го полијат со вода, така да ровот се наполни со вода, и се помоли на глас: “Господе Боже Аврамов, Исаков и Израелов, нека денеска познаат дека си Ти Бог во Израел, а јас дека сим Твој слуга, и дека по Твојата реч го направив сето ова. Послушај ме, Господе“. И одма оган падна од небото, ја изгоре жртвата и дрвата, и ја исуши водата во ровот. Гледајќи го ова чудо, целиот народ падна на земја и повика: “Господ е Бог“. Тогаш Илија нареди да ги пофаќаат пророците Валови и да ги заколат, како измамници кои го одвраќаат народот. Нешто подоцна, истиот ден, падна дожд, кого го немаше три ипол години.
Језавља, царевата жена, дознавајќи за смрта на Валовите пророци, се заколна дека ќе го убие Илија. Илија избега на гората Хорив, и влезе во пештерата и ноќеваше во нејзе. И го слушна гласот Господов: “што бараш ти тука, Илија?“ Пророкот одговори: “синовите Израелови го оставија заветот Твој, и пророците твои ги убија; а јас останав сам, па ја бараат душата моја да ја земат“. Господ му рече: “излези и застани на гората пред Господ“. Илија излезе од пештерата. Наеднаш се подигна силен ветар, а позади ветерот дојде трус; пророкот затрепери. Но во бурата и трусот тој не го чу гласот Божји. Бурата се смири, дувна тивок ветер, и во тоа време милостивиот Бог му откри на Илија, дека уште седим илјади Израелци не се поклонија на идолот, и му заповеда да оди дома и да го помази Јуја за цар Израелски, а Јелисие за пророк наместо себе. Доаѓајќи дома, Илија го најде Јелисие, каде ја ора нивата, и ја фрли на него облеката своја. И Јелисие одма се прости со својот татко и мајка, и појде со Илија и му служеше.
Наскоро Ахав направи нов злочин. Покрај дворот во Језраил имало лозје Навтуево. Царот сакал да купи или да го смени истиот за друг, но Навутеј не сакаше да ја одстапи семејната земја. Ахав бил силно огорчен со овој отказ. Тогаш Језавеља во име на царот напиша заповед, да се најдат лажни сведоци кои ќе го окриват Навутеа дека хули на Бог и на царот и да го убијат со камења. Заповедта била извршена и лозјето на Навутеа влезе во царскоите имоти. Ахав појде во лозјето да го види. По Божја заповед , таму го сретна пророкот Илија и му рече: “вака вели Господ: нели си убил и нели си присвоил? На тоа место каде кучињата ја лижеа крвта Навутејева, така ќе ја лижат кучињата и твојата крв. Кучињата ќе ја изедат и Језавеља под зидините језраелски, а кој од твоите погине во градот, ќе го издат кучињата; а ако погине во поле, ќе го изедат птици. “Овие зборови го поразија Ахава; во тага тој ја искина својата облека, врза вреќа околу своето тело, плачеше и постеше. Тогаш Господ му направи милост и му рече на пророкот Илија: “затоа што така се понижи пред Мене, нема да го пуштам тоа зло за време на неговиот живот; туку за синот негов ќе го пуштам тоа зло на неговиот дом“.
После смрта на Ахава стана цар неговиот син Охозија. Тој се угледал на безбожништвото на татко му и мајка му. Набрзо Господ го казни Охозија со несреќа: тој падна низ решетки од горната соба своја и легна во постела. Наместо да Му се обрати на Бог со молитва, тој испрати посланици во Акарон да го прашаат богот Велзевул, ќе оздрави ли. Посланиците на пат ги сретна проркот Илија и им рече: “е нема ли Бог во Израел, па одите да го прашате Велзевула? А за тоа вака вели Господ: “нема да се кренеш од постела на која си легнал, туку ќе умреш“. Посланиците се вратија и му раскажаа на Охозија што рече Илија. Царот испратни педесетник со одред војници и им нареди да му го доведат Илија. Старешината на одредот го најде Илија на врв на гората и му рече: “човече Божји, царот заповеда, слези“ Илија одговори: ако сум човек Божји, нека се симне оган од небото и нека те проголта тебе и твојата педесетница“. И одма оган од небото ги спали посланицте. Испрати царот и друг исто толкав одред кај Илија; и со него се случи истото. И по трет пат Охозија испрати старешина со педесеторица војници. Овој педесетник приоѓајки, клекна и го молеше човекот Божји, да не го погуби и него и неговите луѓе. Тогаш се јави ангелот Божји и заповеда на Илија да оди кај царот и да не се плаши. Пророкот дојде кај Охозија и му повтори што прво им рекол на посланиците. Охозија навистина брзо умре, оставајќи го престолот на својот брат Јорам.
Се приближувала смрта на Илија. За тоа тој дозна од Божјо одкровение. За тоа знаеше и Јелисие, и не го оставаше. Еднаш Илија и Јелисие беа во пустина позади Јордан; требало да ја поминат реката кај Ерихон. Илија удри со својот стап по водата, која се раздели, и тие поминаа по суво. Тогаш Илија му рече на Јелисеј: “барај што сакаш да ти направам, додека не сум заминал од тебе“. Јелисие одговорил: “да бидат два дела од духот твој во мене“. Илија одговорил: “посака тешка работа. Но кога ќе ме видиш кога ќе заминам од тебе, ќе ти биде така; но ако не видиш, нема да биде“. Тие одеа заедно и разговараа; одеднаш, огнена кола и огнени коњи ги разделија, и Илија замина во виор на небото: А Јелисие викаше: “оче мој, оче мој! Колата Израелова и коњици негови“(1). Во тага тој ги раскина своите алишта. Одеднаш падна пред него плаштот Илиин. Јелисие го подигна и трган назад. Приоѓајќи кон Јордан, тој удри со плаштот по водата; водата се раздели и Јелисие помина по суво дно. Тоа бил знак, дека Духот Божји, кој бил на Илија, поминал на Јелисие. Учениците (синови) пророчки го видоа ова поминување преку реката; тие тргнаа во пресрет на Јелисие и му се поклонија, како на пророк Божји.
59. Царување на Јосафат, цар јудејски. Штетни последици од сојузот на Јосафет со царот израелски.
3. Цар. 22,1-36, 50; 2. Цар. гл. 11.
Јосафат, царот јудејски, многу работел за да го обнови вистинското богопочитување во земјата Јудејска. Уништувајќи ги трагите на идолопоклонството, тој им заповеда на левитите и свештениците да одат по целото царство со Книгата на законот и да го учат народот. Во исто време тој многу се грижел и за правосудството. По сите градови тој стави судии, а во Ерусалим постави совет од левити, свештеници и народни главари и им препорача да судат. За ваква побожност Господ го чуваше од непријатели и му даваше успех во сите дела негови. Јосафат беше богат и уживаше почитување од соседните народи. Царството негово било дојдено до голем степен на моќ; а тој живееше во мир со сите соседи.
Но тој направи грешка, која направи многу беда во царството јудејско. Сакајќи да го прекине непрекидното непријателство со царството израелско, каде тогаш владееше безбожниот Ахав, Јосафат го ожени својот син Јорам со ќерката негова Готолија, ревносна поклоничка на идоли. Јософат набрзо ја виде штетата од овој брак. Кога дошол во Самарија да се види со новите роднини, Ахав го замоли да му помогне во војна против Сиријците, од кои сакал да го грабне градот Рамот Галатски. Јосафат се согласи, но му рече да го праша Господ за тоа. Ахав собра околу четири стотини пророци. Сите рекоа: “оди, бидејќи Господ ќе го даде во раце на царот“.
-“Има ли тука уште некој пророк Господов да гопрашаме“? Праша Јосафат. Ахав одговори: “има-Михеј, но јас го мразам него, бидејќи не ми пророкува добро, туку зло. Јосафат замоли да го викнат Михеја. Двата цара седеа на престолите свои кај вратите самаријански, и сите пророци пророкуваа пред нив дека ќе успеат. Во тоа време дојде Мухеј и рече: “го видов целиот народ Израелски расфрлен по планините како овци кои немаат пастир; бидејќи рече Господ: овие немаат господар; нека се вратат секој во својата куќа со мир“. – “Нели ти реков дека нема да ми пророкува добро туку зло?“ Рече Ахав и заповеда да Михеја го фрлат во затвор и да му даваат по малку леб. Царевите отидоа во војна. Зборовите Михееви се исполнија; нивната војска беше разбиена, а Ахав смртно ранет. Блиску до Самарија Ахав умре од изгубената крв и кучињата ја лижеа неговата крв, како што пророкуваше пророкот Илија. Господ го спаси Јосафат. Кога се враќал дома, го сретна еден пророк и рече: дали требеше да му помагаш на безбожник? Затоа Господ и се разгневи на тебе“.
Наскоро после оваа несреќа Јосафат доби и милост Божја. На него тргнаа со војска Амониќани, Моавци и Индумејци. Јосафат се обрати со молитва кон Бог. Во тоа време, кога со сиот народ се молел на Бога во храмот, Духот Божји се симна на еден Јудеец кој предскажа, дека Јудејците ќе победат, не борејќи се. Утредента Јудејската војска пеејќи псалми тргна кон местото каде беа непријателите и чудејќи се виде дека нивниот круг е пуст, и да целото поле е покриено со трупови непријателски. Се случило, да непријателите на Јудејците се покрвиле меѓу себе и се уништиле еден со друг. Целиот нивни круг го добија Евреите.
После Јософат еден по друг царуваа син му Јорам и внук му Охозија, кои под влијание на Готолија го рашириле идолопоклонството, поради што и биле казнети: Јорам умре како што во писмо и му предскажал пророкот Илија, од тешка болест (цревата ќе му излезат од болест) и бил лишен од почеста да го како цар погребаат, а Охозија го уби Јуј Израелец во она време, кога дошол да го посети својот роднина Јорам, цар израелски.
Готолија, мајката на Охозие, царот јудејски, слушнувајќи дека синот и загинал, ги уби сите царски роднини и ја приграби врховната власта во свои раце. Но Господ спаси еден од поколението Давидово. Жената на првосвештеникот Јодај го скри помладиот син на Охозија, Јоас, заедно со неговата доилка, во зградата на храмот, во собата во која биле свештеничките постели.Таму тие што служеле во храмот го воспитувале детето така внимателно, да никој не знаел дека тоа постои. Така се зачувал домот Давидов. Кога Јоас наврши седум години, првосвештеникот Јодај го прогласи за цар и го помаза на царство. Народот положи заклетва дека на царот ќе му служи верно, ја уби безбожната Готолија и го сруши храмот Валов.
Додека Јодај бил жив, младиот цар Јоас одел по стапките Давидови; тој воспоставил собирање на порез, кој Мојсеј го пропишал во корист на Скинијата, и го обновол домот Господов. Но кога Јодај умре, кнезовите јудејски и дворјаните на царот, одкако го погребаа во царските гробници, почнаа да работат против неговите упатства, јавно му даваа на народот пример на непочитување кон храмот Господов и принесуваа жртви на идолите, на што го натерале и царот. Против ова ново безбожништво храбро стана пророкот Захарија, син на првосвештеникот Јодај. Но по заповед на царот Јоас, него го убија со камења помеѓу жртвеникот и храмот. “Господ нека види и бара“, рече пророкот, умирајќи. И Господ се освети за крвта на праведникот. Царството јудејско беше казнето со наезда на сиријците, а царот Јоас, се разболе, и беше убиен во постела од своите најблиски за освета за крвта на синот Јодаев и беше лишен од погреб во царските гробници.
Царевите после него (Амасија, Озија, Јоатам) биле слаби. Тие се грижеле да бидат побожни, но во исто време покажувале и свое самоволие и непочитување кон светињите Израелски. Така, царот Озија се осмели да земе на себе свештеничко право да пали темјан на олтарот за кадење во светилиштето. Но Господ тоа не го дозволи: Озија се разболе од лепра.
60.Пророк Јелисија, Цареви Израелски Јорам и Јуј.
2.Цар. 2, 19-25; 3-5. 9. 10. 13, 20-21.
Пророкот Јелисије бил гласник на Божјата милост. Така, жителите на Ерихон му се жалеле, дека водата им е лоша. Јелисие фрли сол во изворот и водата стана питка. – Вдовица на еден пророчки ученик плачејќи му зборуваше на Јелисие: Мажот мој умре. Сега дојде заемодавачот да ми ги земе синовите за робови“. Јелисие ја праша, што има. Таа одговори: “ништо само сад со масло“. Јелисие и нареди да побара во заем празни садови од соседите и да налева во нив масло од својот сад. Вдовицата направи така, као што е речено, и маслото од нејзиниот сад се лиело додека не се наполнија сите садови. Вдовицата го продаде маслото, го плати долгот, и уште и останаа пари да живее со децата. – На некоја богата жена (која живееше во Сунаму) пророкот и предскажа, дека ќе добие син. Предскажувањето се исполнило. Но детето штом порасна умре. Јелисие се помоли на Бог, и детето воскресна. Еднаш учениците пророчки вареа зеље и ставија во лонецот диви тиквички, кои биле отровни. Јелисие истури брашно во лонецот и зељето стана вкусно. Имаше глад во земјата. Еден човек во тоа време му донесе на Јелисие дваест лебови и нови зрна во клас. Пророкот рече да му постави на народот, нека јадат; бидејќи така рекол Господ: ќе јадат и ќе остане“. И навистина, сите се заситија и уште остана.
Преку Јелисие Господ покажувал милост не само на Израелците, туку и на туѓинците. Се случи да сирискиот војвода Неман се разболе од лепра. Неговата слугинка, Еврејка, го посоветувала да се за помош обрати на пророкот кој живееше во Самарија. Неман отиде таму со писмо на својот цар кај царот израелски, во кое било напишано: “ти го праќам Неман, слугата свој, да го ослободиш од лепра“. Лепрата е болест заразна, и се сметало тогаш дека не може да се излакува. Одкако го прочита писмото царот израелски ја искина облеката своја и рече: “зарем сум јас Бог да можам да убијам и да повратам живот? Гледајте како бара закачка со мене“. Тогаш Јелисие испрати да му кажат на царот: “нека Неман дојде кај мене, да познае дека има пророк во Израел“. Неман отиде кај Јелисие и застана на вратата од неговиот дом. Пророкот преку слугата му рече: “оди и избањајсе седум пати во Јордан и ќе се исчистиш“. Неман се разлути. “Јас мислев, рече, дека пророкот ќе излезе кај мене, ќе го повика името Господово, и ќе ја стави раката на болното место, и ќе ја исчисти лепрата. Нели се реките во Дамаск подобри од сите води Израелски?“ Но слугите го наговорија да ја исполни заповедта пророкова. Кога Неман загњури седум пати во Јордан, лепрата од него одма исчезна. Тој се врати кај Јелисие и му рече: “еве сега гледам дека нема Бог никаде на земјата освен во Израел“. Војводата му понуди на пророкот богати подароци, но тој не сакаше да ги прими. Со дозвола Јелисеева Неман понесе еврејска земја да во Дамаск на нејзе направи жртвеник на Господ.
Но истиот Јелисие бил и гласник на казна Божја за измама и непочитување. На неговиот слуга Гијезиј му било жал, зошто пророкот не ги земал подароците од Неман. Тој го стигна Неман и од страна на Јелисие го замоли за еден талант пари и две облеки, велејќи дека требаат за пропочките ученици, кои божем само што дошле кај неговиот господар. Кога Гијезие се врати дома со подароците и ги сокри, Јелисие му рече: “Лепрата Неманова нека се закачи за тебе и поколението твое до век“. И отиде од него Гијезие бел од лепра, како снег. – Се случи да во влезот во Ветиљ Јелисие го дочекала група од деца и му се подсмевале на неговата ќелавост. Пророкот се заврте и ги осуди во името Господово; тогаш излегоа од шумата две мечки и ги растргнаа четириесет и две деца, за казна и наук на родителите, кои ги воспитале децата да не почитуваат постари. Јелисие почна да пророкува за време на владеењето на Ахавовиот син Јорама кој забранил поклонување на Вал, бидејќи се плашел од страшната проповед на пророкот Илија, но го помагал почитувањето на јунците, кое го вовел Јеровоам. За вакво колебање во верата за неговото владеење се извршил над домот на Ахава судот Божји, кој го предскажал Илија. Јорам појде во војна против Сириците, беше ранет и лежеше болен во Језраел. Кај него допатува роднината негов, јудејскиот цар Охозија. Во тоа време Јелисие испрати еден од синовите пророчки со заповед да го најде Јуј, Јороамов војвода, и да го помази за цар израелски, како што Господ кажал уште на пророкот Илија. Младичот, момчето пророково, ја исполни заповедта. Излевајќи масло на главата Јујева, тој рече: “вака вели Господ: те помазив за цар над Израел. И потепај го домот на Ахава, бидејќи сакам да ја покајам крвта на сите слуги Израелови, кои паднаа од раката на Језавеља. И така ќе погине целиот дом Ахавов и Језавеља ќе ја изедат кучињата во полето Језраелско“. Добивајќи помазување Јуј одма се прогласи за цар, собра војска и отиде во Језраел. Не обзирајќи се на болеста, царот Јорам сам излезе во пресрет на Јуј заедно со Охозија и праша: “дали е мир?“ Јуј одговори: “каков мир, после безбожништвото на Језавеља, твојата мајка?“ Јорам разбра дека Јуј го предал, и сакаше да бега: но Јуј го уби и него и Охозија. Влегивајќи во Језраел, Јуј ја виде на прозор Језавеља и заповеда да ја ифрлат низ прозор. Искршена, нејзе ја изгазија коњите, и кога сакаа да ја погребаат како царева ќерка, не најдоа од нејзе ништо, до глава, нозе и коски од раце; кучињата се изеле, како што предскажал пророкот Илија. После тоа Јуј ги уби сите синови и роднини Ахавови, сите служители и свештеници Валови, неговите идоли ги турна, а олтарите Валови ги разруши и ги направи за место на нечистотија. Но истебувајќи го поклонувањето на Вал, Јуј, а после него и неговите наследници, помагаа во почитуваање на јунците Јеровоамови.
За казна Бог почна да ги стеснува границите на царството Израелско. Уште за времето Јујево, царот сириски завладеа со целата земја позади Јордан. Внукот Јујев, побожен Јоас, по предскажување на пророкот Јелисија извојува над Сиријците три победи и поврати дел од одземената му земја, но не успеал со ова да ја смири Сирија. За време на неговото владеење умрел пророкот Јелисие, кого народот горко го оплакувал.
Последното чудо на пророкот Јелисие е извршено после неговата смрт. Еднаш погребуваа мртовец. Во тоа време се појави група Моавци непријатели израелски. Носачите се уплашија и го фрлија телото на покојнијкот во најблиската пештера. Тоа била таа пештера во која пред година дена го погребале Јелисие. Штом мртовецот се допре до коските пророкови, одма оживеа; така силата Божја која била во Јелисие, поминала и на неговите мошти.
61. Пророк Јона.
Набрзо после Јелисиевта смрт се појави нов пророк во царството Израелско, Јона. Во почетокот Јона исто така бил гласник на милоста Божја за Израелците; тој му предвидел на царот израелски Јеровоам Втори дека ќе ги победат Сириците. И навистина Јеровоам ги поврати од Сириците земјата преку Јордан а го освои и самиот Дамаск; но не гледајќи на помошта Божја, тој не го напушти идолопоклонството и во своето царство го помагаше почитувањето на телињата. А после смрта на Јеровоам престолот поминувал од еден отимач на друг; царството Израелско пропаѓаше од бунтови и незнабожечкото распусништво, одалечувајќи ја од себе милоста Божја.
Во тоа време преку реката Еуфрат брзо напредуваше големото царство Асирско, непријател на царството Израелско. Господ го испрати Јона во Нинива, престолница на тоа царство, со заповед да на Нинивјаните им објави дека ќе погинат, ако не се покајат. Но Јона се исплаши да служи на непријателите на својата татковина и реши да побегне од лицето Божјо. Тој седна во брод и појде на спротивна страна на Нивана. На патот се подигна голема бура. Кормиларот незнабожец рече, дека бог на морето се налутил на некој од патниците. Фрлија коцка да видат кој е виновникот. Коцката падна на Јона.Тогаш Јона ја прзна својата вина пред Бог и рече; “фрлете ме во море, и морето ќе се смири; бидејќи гледам дека од мене дошла на вас оваа бура“. Јона го фрлија во море и бурата престана. По заповед Божја, пророкот го проголта голем кит, (2) во чија утроба беше три дена и три ноќи молејќи му се на Бог и каејќи се за својот грев. Тогаш китот по Божја заповед го исфрли Јона на брегот. Јона пак доби од Бог заповед да оди во Нинива. Тоа бил голем град, три дена одење. Доаѓајки во Нинива, Јона почна да оди по целиот град и да објавува: уште четириесет дена, па Нинива ќе пропадне“. Жителите на Нинива и поверуваа на пророковата проповед и почнаа да се молат на Бог да им прости. Тие објавија дека строго ќе постат и се облекоа во вреќи сите и големи и мали; во тој пост учествувал и царот. Господ ја послушал нивната милитва и го поштедил градот. Но на спасувањето на Нинива не се израдува Јона. “Земи ја душата моја од мене“, се молеше на Господ, бидејќи ми е подобро да умрам, одколку да живеам“. Јона излезе од градот, направи колиба и седеше под нејзе во ладовина да види што ќе биде со градот. Во тоа време над главата негова порасна тиква. Јона и се израдува на тикватат многу. Утредента во зори тиквта се исуши, бидејќи црв ја подгриза: А дење сонцето почна да го пече Јона по главата. Пророкот се онесвестуваше и посака да умре. Тогаш Господ му рече: “тебе ти е жал за тиквата околу која не се трудеше и која не ја одгледуваше. А мене да не ми биде жал за Нинива, голем град, во кого има повеќе од сто дваесет иљади луѓе кои уште не знаат што е десно, што лево“.
Така, Јона, преживувајќи три дена и три ноќи во утробата на китот, како да бил мртов, се појави повторно како жив, да со својата проповед за покајување и милосрдие Божјо ги спаси жителите на Нинива од пропаст. Во него се гледа жива преслика на Христос Спасителот, Кој третиот ден воскресна од мртвите. Се што се случило со пророкот Јона запишано е во книгата на Светото писмо, која се вика “книга на пророкот Јона“.
62. Пропаѓање на Израелското Царство.
723. г. пред Христос.
4. Цар. 17.
Последните пророци кои го разобличуваа безбожништвото на Израелците, отворено предскажуваа брзо робување, биле Амос и Осија. Дојде време овие предскажувања да се исполнат. Салманасар, царот асирски, го уништи царството Израелско, ги одведе Израелците во ропство во Асирија и ги расели преку Еуфрат. Сите тогаш увидоа, дека вистината ја предскажал пророкот Ахија на царот Јеровоам 1. За целото време на своето траење (257 г.) царството израелско трпело напади од соседните народи и се лулало како трска.
На место Израелците Салманасар ги пресели жителите на Вавилон и Сирија, кои се измешале со останатите Израелци – работници и составиле посебен мешовит народ, кој го добиле името Самарјани, по градот Самарија. Новите жители на Израелската земја мислејќи, дека секоја земја има свој бог и сакајќи да ја придобие милоста на богот на таа земја, на која сега се населиле, го примија законот Мојсеев и почнаа да го почитуваат Господа, но не Го почитуваа како единствен Бог на целиот свет, туку само како Бог на земјата израелска, и не престанаа да ги служат и боговите на другите земји и народи. Така кај нив се појавила мешовита вера, која Евреите ја нарекле Самаријански раскол.
63. Праведен Товит и неговиот син Товија.
Помеѓу Израелците, кои беа одведени во заробеништво асирско, имало и поштени луѓе кои се приржувале кон сите прописи на Божјиот закон. Таква била фамилијата Товитова. Живеејќи во Нинива, Товит со трговија стекнал големо богатство. Многу добри дела правел на своите сонародници, раздавал леб и алишта на сиромашните и ги погребувал мртвите. Во почеток никој не му сметал во тоа, но набрзо настанаа тешки времиња за Израелците. Новиот асирски цар, Санахирим, почна да ги прогонува и да ги убива. Тела на убиените се тркалаа по градските улици. Товит скришно ги погребуваше и затоа го осудија на смрт. Тој се скри во Нинива, а имотот му го разнесоа. После Сенахиримовата смрт, нему му дозволија да се врати дома. Дојде празник Педесетница. Товит направи гозба. Гледајќи на столот изобилие во се, тој го испрати својот син Товија да повика некој сиромашен Израелец. Товија се врати со абер дека на плоштадот лежи мртов Израелец. Товит одма стана од столот, го донесе телото на убиениот во својата куќа и вечерта го погреба. По јудејскиот закон, кој и да допре мртовец, целиот ден се смета за нечист и не може да влезе дома; поради тоа Товит легна да спие покрај ѕидот во дворот. Ноќта му падна во очи птичја нечистотија, и во окото му се направи бело. Товит повеќе не можеше да работи. Неговата жена го хранеше семејството со својата работа. Таа во женските одаи предела волна и ја испраќала на богатите луѓе кои за тоа ја плаќале. Еднаш добри луѓе и подарија на Ана јаре. Слушајќи во својата куќа блеење, Товит се зачуди. Тој се посомнева да јарето не е украдено. Овој сомнеж ја навреди Ана и таа рече: “па каде се твоите милостини и праведни дела? Ете како се тие огледуваат на тебе“. Тешко му беше на Товит жениното префрлање, и тој го молеше Бог да умре. Тогаш се сети за десет таланти, што ги даде на чување на еден Израелец Гаваило, кој живеел во Рага Мидиска.
Товит го викна својот син Товија, и му раскажа за своето завештание (3) за случај на смрт, му ја даде и признаницата Гаваилова и му заповеда да најде човекот, кој за извесна награда би го прател во Рига, во Мидија. Товија брзо најде младич, по име Азарија, кој му рече, дека го знае и патот до Рига, и Гаваило, и се согласи за придружник. Товит го спреми синот за пат, и испраќајќи го со придружникот, му рече: “Бог нека го благослови башиот пат, а Ангелот Негов да ве прати“.
Вечерта патниците пристигнаа на реката Тигар. Товија се симна од брегот во водата да се измие. Во тоа време него го нападна риба. Тој се уплаши, но сопатникот му рече да ја фати и да ја исфрли на брегот. Тие ја испржија рибата и ја изедоа; а срцето, слезината и жолчката Товија, по совет на сопатникот, ги понесе со себе. Придружникот му рече на Товија: “кога некого го мачи зол дух, со срцето и слезината треба да кади пред него, и нема да се мачи; а со жолчката треба да го помази тој што има бело на очите, и ќе се исцели“. Патниците стигнаа во градот Егбатан и одседнаа кај Израелецот Рагуила, роднина Топитов. Рагуило имаше ќерка Сара. Седум пати се мажела и сите мажи првиот ден умирале; нив ги убивал лошиот дух. Придружникот му даде совет на Тавија да се ожени со нејзе, ветувајќи благослов Божји. Товија послуша: Сарините родители ги благословија како маж и жена. Кога младенците влегле во брачната соба, Товија ги стави во кадилнивата срцето и слезината рибина, кои ги чувал по совет Азаријин, и ја окади собата; после тоа почнаа да се молат на Бог и Го молеа да се смилува на нив, да ја благослови нивната брачна врска и да им подари долг живот. Чувствувајќи го мирисот од кадилницата, лошиот дух одма ја остави Сара. Во домот на дедото Тавија остана неколку дена, а придружникот негов ја зема признаницата и отиде по парите во Рага кај Гаваило. Четиринаесетиот ден по свадбата Товија се спреми за дома. Опростувајќи се со ќерката, таткото и рече. “почитувај ги свекорот и свекрвата; сега тие ти се родители. Сакам од тебе да слушнам добри гласови“. Опростувајќи се со Товија, мајката му рече: “да ми даде Господ да видам твои деца од Сара, ќерката моја. Ти ја давам ќерката моја на чување; не ја огорчувај“.
Сепак, Тавит и женаму многу тагуваа за синот. Тие не знаеле, со што да го објаснат задоцнувањето, а на ум им паѓаше, да случајно не умрел. Ана секој ден излегувала на патот и тажно гледала во далечина. Еднаш во далечина здогледа патници, кои одамна ги очекуваше, и извстувајќи го својот маж, им побрза во пресрет. Товит исто така побрза кон вратата, но слеп се спрепна. Во тоа време Товија го придржа татко му, ја принесе жолчката кон очите негови и рече: “избриши се, татко мој“. Товит го чешаа очите; тој почна да ги трие и го избриша белото. Здогледувајќи го синот тој заплака од радост. Товија му раскажа на татко му и мајка му за чудните дела, кои со нив се случиле. После тоа тие сите тројца излегоа во пресрет на Сара. И се веселеа за Товијановата свадба седум дена.
Дојде време на разделба со добриот патник. Во знак на благодарност Тавија, со согласност на татко му, му понуди половина од се, што донесле од пат: но тој одговори: “благословувајте го Бог; од вас нема да скријам ништо. Кога ти, Товите и твојата снаа Сара, се молевте на Бог, јас ги изнесував вашите молитви пред Светиот; и кога ти ги погребуваше мртвите, јас бев со тебе. И сам Господ ме прати да те исцелам тебе и снаата твоја. Јас сум Рафаело, еден од седумте свети ангели, кои ги изнесуваат на Бог молитвите на светите“. Таткото и синот во стрв паднаа ничкум. Анѓелот Рафаело им рече: “ не се плашете; мир вам; благословувајте го Бога на век, по Негова воља јас сум дошол. Сега се подигнувам кон оној Кој ме испрати. Запишете во книга се, што ви се случило“. Товит и Тавија станаа, но повеќе не го видоа ангелот, својот хранител. Се што им се случило, тие запишале во книга, која се вика “Книга за Товит“
64. Пророк Исаија. Ахаз, Језекија и Манасија, цареви јудејски.
4. Цар. 16. 18-21, 1-18; 2. Цар. 28-23, 1-20.
Кога идолопоклонството многу се раширило во царството Јудејско, се појавил пророкот Исаија, кој строго ги разобличувал Јудејците за безбожништво и им претел со казна Божја.
Господ се јави на Исаија на величествен престол, опкружен со серафимите, кои пееа: “Свет, свет, свет е Господ Саваот (над војската); целата земја е полна со слава Негова“. Исаија кога го виде тоа, извика: “Тешко мене! Погинав! бидејќи сум човек со нечиста уста, и живеам среде народ со нечисти усти, бидејќи царот Господов над сите војски го видов со свои очи“. А еден од серафимите долета до Исаија, држејќи во раце жив јаглен, кој го зема од небесниот жртвеник со клешти и ги допре усните Исаијини и рече: “еве, ова се допре до устата твоја, и безаконието твое се зема и гревот твој се исчисти“. Потоа Исаија чу глас Божји: “кого ќе го пратам? и кој ќе ни оди?“ Исаија одговори: “еве мене, испрати ме мене“. Господ му рече: “оди, и речи му на тој народ: слушајте, но нема да разберете: гледајте, но нема да познаете. Направи да се стврдне срцето на тој народот и ушите да му стежнат, и очите затвори им ги да не гледаат со своите очи, и со ушите свои да не слушаат и со срцето свое да не разберат и не се обратат и не се исцелат“. Исаија запраша: “до кога Господе?“ Господ одговори: “додека не опустат градовите да бидат без жители и куќите да бидат без луѓе, и земјата додека сосема не опусти. Но како и даб или брест, на кои и кога ќе го отфрлат лисјето им останува стеблото, така светото семе ќе биде нејзино стебло“ (Ис. 6).
Исаија почнал да зборува со народот, упорни, неблагодарни, товарени со безаконие, со тие луѓе, непокорни како незнабошци. Грозно ги разобличувал поради идолопоклонство, затоа што го заборавија својот Творец и добротвор. Кој ги засакал и ги гледал како омилено лозје, – го заборавиле својот Господ, додека волот и магарето не го забораваат својот господар. Тој ги разобличувал затоа, што верувале дека само со жртва ќе заслужат милост Господова, не предавајќи Му се со срцето свое. Тој отворено им одговорил од името Божје, дека сите безбожништва ги стасуваат за измами, лажно сведочење, навреди на вдовици и сирачиња, дека нивните жртви се без дело на љубов и праведност, омраза во очите Божји, и дека Бог ќе ги казни со ропство, ако не се покајат.
Наговестувајќи ја казната од Бог, пророк Исаија бил воедно и гласник на милоста Божја. Тешејќи ги побожните луѓе, тој многу зборувал за идниот Спасител. Тој Спасителот го нарекувал: Бог крепки, цар на правдата, кнез на мирот, на чие царство нема да има крај; зборувал дека Он во изобилие ќе добие дарови од Светиот Дух, т.е. ќе биде Христос или Месија (а тоа значи помазаник); дека ќе прави чуда; на Неговата реч, кривите ќе проодат, слепите ќе прогледаат, мртвите воскреснат; дека Него нема да го примат, ќе Го убијат како злочинец, а крвта Негова ќе стане жртва за очистување на гревовите на луѓето. Идните страдања на Спасителот Исаија ги опишал толку јасно, како да ги гледал со свои очи (поради тоа и се вика пророк-евангелист). Исаија исто така предскажал дека царот Кир ќе ги спаси Јудејците од ропство. Но народот безаконски не го слушаше пророкот. Постои старо предание, дека Исаија урел со маченичка смрт: него го пресекле на две.
Приликите од тој период ги потврдувале грозните зборови на пророкот Исаија. Ресин, царот сириски и Факеј, цар израелски, создале сојуз против Јудејците и ги вознемирувале границите на Јудејското царство. Но казните, со кои Бог го поправаше народот, останаа залудни. На престолот Давидов во Ерусалим седеше во тоа време безбожниот Ахаз; тој наместо идолот Вал, принесуваше жртви на висините, на ридовите и под секое дрво, и во долината на синовите Еномови (јужно од Ерусалим) ги спроведуваше синовите свои низ оган во чест на богот Молоха. Набрзо тешка казна ја стигна Јудеа. Царевите Ресин и Факеј ја победија јудејската војска, одведоа многу заробеници и решија да го истребат целиот дом Давидов и да го отфрлат Ахаза од престолот. Непријателите веќе се приближија до Ерусалим. Во тоа време пророкот Исаија дојде кај Ахаза и му рече: “не се плаши од Ресип и Факеја; тоа се две гламњи што чадат кои набрзо ќе се угаснат; и што помислиле нема да биде. А за да се увериш во тоа, барај знак од Господ“. Ахаз не веруваше во моќта на Господ, но се преправаше дека верува , и рече: “нема да го испробувам Господа“. Тогаш Исаија му одговори: “Сам Господ ќе ви даде знак: ете девојка ќе забремени и ќе роди Син, и ќе го вика Емануел (а тоа значи: со нас е Бог, Исаија 7, 4. 11-14). Тоа предскажување за раѓањето на Богочовекот требело да го опомене Ахаз дека Бог ветил на Давид, дека Спасителот ќе се роди во неговото потомство, и да го со тоа увери дека целиот дом Давидов нема да биде истребен, додека на светот не се јави Спасителот. Зборовите Исаинини се случија: Ресин и Факеј одстапија од Ерусалим.
Но неверниот Ахаза не го смири ни одстапувањето на непријателот, кое го предвиде Исаија, ниту пророштвото за идниот Спасител.Тој испрати посланици кај царот асирски, и понизно го молеше за помош против непријателите и оваа помош ја купи со цена на целото сребро и злато, што се најде во храмот Господов и во царските ризници. Ахаз не мислел дека, повикувајќи ги Асирците против Сириците и Израилците, го изложува на опасност и своето царство, царот Асирски ја освои Сирија и северните краеви на царството Израилско и жителите од овие краеви ги пресели во Асирија. Ахаз се уплаши. Тој покорно се јави во Дамаск на царот, кого сам го повика на помош, со жртва одаде почит на боговите Дамаски и по облик на Дамаскиот жртвеник направи жртвеник и во храмот Соломонов. Ахаз мислел дека боговите од Дамаск помогнале на Асирците. Негов наследник на престолот бил Језекија.
Језекија, царот Јудејски бил строг вршител на Мојсиевиот закон. Прво негово дело било да го обнови вистинското богослужење. Тој го најде храмот запуштен, жртви во него не принесувале, со темјан не каделе, свеќниците биле изгаснати и вратата затворена. По царска заповед храмот го отвориле и го исчистиле. Со голема свеченост Језекија го празнуваше празникот Пасха, на кој по покана дошле и многу Израелци. Потоа по целото царство ги срушија идолите и жртвениците на висините, ги исекоа свештените дрвја и воспоствија Мојсиев закон.
Језекија заповеда да се уништи и змијата од месинг, која Мојсеј ја подигна во пустината, бидејќи Евреите и пред нејзе каделе.
Господ му помогна на царот Језекија. За време на неговото владеење Саламанасар, царот асирски, го собори царството Израилско. Сенахерим, синот на Саламанасар, го прати својот војвода Равсака да го освои Ерусалим. Језекија се реши да го брани и го молеше Бог да му помогне. Тогаш пророкот Исаија во име Господово му рече: “не се плаши од зборовите на слугата на царот асирски; ете јас ќе пуштам на него дух, па ќе чуе глас и ќе се врати во својата земја, и ќе направам да погине од меч во својата земја“. Навистина, Сенахерим доби глас, дека царот етиописки ја нападнал неговата земја. Тоа го натера да ја врати Равсака и ја напушти јудеа. Излегувајќи од нејзините краеви, Сенахерим напиша на Језекија посмо, во кое ја исмеваше неговата надеж во Бог, дека Господ против него е исто така немоќен, како и боговите на другите народи. Језекија со тоа писмо влезе во храмот, го отвори пред лицето Господово и го молеше Бог да го заштити. Тогаш Исаија во име Господово пак го увери, да царот асирски нема да влезе во Ерусалим и да пушти на него ни една страла. Во истата ноќ ангелот Господов уби сто осумдесет и пет иљади асирски војници. Сенахерим отиде во Нинива и таму го убија неговите синови.
После година дена Језекија се разболе на смрт. По заповед Божја дојде кај него пророк Исаија и му рече дека скоро ќе умре. Језекија почна да му се моли на Бог да оздрави. Не стигна пророкот да излезе од градот, а доби ново откровение, дека Господ му дава на царот уште петнаесет години живот. Тој се врати, му рече на Језекија за милоста Божја и му рече да преврзе на отокот на градите суви смокви. За знак дека неговото предвидување ќе се исполни, сенката на сончаникот Ахазов, по зборовите на пророкот, одма пред очите на царот се врати десет степени назад. Језекија оздраве, и после три дена можеше да дојде во храмот.
Враќањето на сенката на Ахазовиот сончаник било приметено и на далечниот исток. Царот вавилонски (Беродах Баладан) испрати на Језекија писмо и подарок; тој слушнал дека Језекија бил болен, и сака да знае за знакот кој бил на земјата. Језекија им ги покажа на посланиците своите ризници, целото богатство на својот дом и куќата каде му беше оружјето. Тогаш дојде пророк Исаија и праша:“ што зборуваа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“ Језекија одговори: “од далечна земја, од Вавилон“.- “Што видоа во твојот двор?“ праша Исаија. Царот одговори: “видоа се; не остана ништо во ризниците мои а да не им го покажав“. Пророкот на тоа рече: “слушни ја речта Господова: еве ќе дојде време, кога ќе се однесе се во Вавилон што има во куќата твоја, и синовите твои ќе ги земат да бидат дворјани во дворецот на царот вавилонски“.
-После смрта на побожниот Језекија стапи на престол неговиот син Манасија. Тој ги обнови сите облици на идолопоклонство, кои ги уништи Језекја, намести идоли во трмовите на храмот, па и во самиот храм, го спроведе синот свој низ оган во долината Еномова, гатал, магепсувал, вовел повикувачи на мртовци и магионичари и со својот пример ги доведе Јудејците до таму, да правеле полошо од сите народи, кои Господ ги истреби. Преку пророк Господ предскажувал, дека Ерусалим ќе пропадне исто така , како и Самарија; но Манасија ги подложувал на смртна казна тие кои го разобличуваат народот. Манасие го стигна строга казна: војводата на царот асирски го зароби и окован го одведе во Вавилон. За време на своето робување Манасија се покаја и Господ му го врати царството. Тогаш Манасија ги обори олтарите, ги сруши идолите и воспостави богослужење на Господ Бог, но не можеше да го уништи празноверието, на кое народот навикнал. Наследник на престолот му бил синот Амон, а после него внукот Јосија.
65. Царот Јосија. Последни цареви јудејски. Пропаѓање на царството Јудејско.
1. Цар. 22-25; 2. Днев. 34-36.
Јосија, царот јудејски, храбро одел по стапките на својот предок Давид. Тој го сруши жртвеникот Валов, ги исече посветените му дрва, ги искрши во прав идолите, го растури овој прав на гробовите на тие кои им принесувале жртви, и ги спали коските на жречевите на нивните жртвеници. Исчистувајчи го Ерусалим и Јудеа, Јосија отиде во краевите на поранешното Израелско царство каде живееле многу Израелци, и ги уништи и тамо спомениците на идолопоклонството. Во време на ова патување собрани биле богати прилози за обновување на храмот. Кога почнаа да го поправаат храмот, првосвештеникот Хелкие ја најде во него книгата на законот Господов, пишувана со рака Мојсеева. Таа книга ја прочитаа на царот и тој од тага ја искина облеката своја и се заколна дека нема да одстапи од зборовите на законот. Тогаш Господ му рече, дека нема да види несреќи кои ја чекаат Јудеа. Јосија најревносно го исчисти храмот од незнабожечката нечистотија. По негова заповед ги изнесоа од домот Божји сите ствари, направени во чест на Вал, Астарте и светила небесни, ги спалија и правот го однесоа во Ветиљ. Астартиниот идол исто така беше изнесен од храмот, спален и правот истурен на народнте гробишта; а тоа место во долината на синовите Еномови, каде децата ги пренесувале преку оган во чест Молохова, беше оскрнавено. Во самиот Ветиљ Јосија ја разруши висината која ја направи Јеровоам, спали дубрава, извади од гробовите коски на жраците и ги спали на жртвеник, не допирајќи го гробот на пророкот јудејски, кој предскажа дека жртвеникот ќе се разруши. И на истиот жртвеник тој ги закла и ги спали жречевите на висините. Обновувањето на богослужењето почнало со свечено празнување на Пасха по законот Мојсеев.
За време на владеењето на Јосија се појави големиот пророк Јеремија, гласник на казнта Божја. Господ му рече на Јеремија: “од свер ќе дојде зло на сите жители на оваа земја, затоа што ме оставија, и кадеа на други богови. А ти зборувај им се што ќе ти заповедам; не им се плаши.Бидејќи еве, Јас те поставувам денес како тврд град, како ѕидови медени на целата земја оваа, на царевите Јудини и кнезовите негови и свештениците негови и народот земски. Тие ќе удираат на тебе, но нема да те надвладеат бидејќи сум Јас со тебе, да те ослободувам“. Јермија дојде меѓу народот со строга проповед, претеше со несреќите на пустошнта војна, која силниот цар ќе ја поведе на север, и со ова предскажување стекна многу непријатели.
Одма после Јосијината смрт почнаа прескажаните несреќи. Мисирскиот фараон Нехао, во војната во која Јосија погина, го постави за цар на Јудеа Јосииниот син Јоаким и го присили да му плаќа данок. За владеењето Јоакимово безбожништвото во Јудеа пораснало до крајни граници. Во тоа време вавилонскиот цар го покори под своја власт асирското царство и завојува со царот мисирски. Тогаш Јеремија им кажа на жителите на Ерусалим во име Господово: “еве јас ќе го испратам Навуходоносора, царот вавилонски, на оваа земја и на сите околни народи, и ќе му служат овие народи на царот вавилонски седумдесет години. Јас ќе го казнам царот вавилонски, целиот народ негов за неговото безбожништво, и од земјата Халдејска ќе направам вечна пустина (предскажувањата на Јеремија ги запишувал неговиот ученик Варух и прочитани се на глас на народот во домот Господов). Јеримијиното предскажување се исполни. Победувајќи го царот мисирски (на Кархамис), Навуходоносор го освои Ерусалим, го натера Јоаким да му плаќа данок и одведе во Вавилон како заложници крупни и надарени момчиња од царството и многу значајни родови (607.г. пред Хр.). Но Јоаким набрзо ја одкажа покорноста на царот вавилонски и застана на страната на Мисир, поради што Вавилонците го оковаа. Синот негов Јехонија, прогласен за цар, владеел само сто дена. Навуходоносор го опседна Ерусалим по втор пат, и Јехонија сам со своето семејство и дворот се предаде во рацете на непријателот. Во таа прилика Навуходоносор го пресели во Вавилон Јехонија и целиот царски дом, големците, подобрите воини и занаетлиите, ги однесе садовите од храмот во царската ризница. За цар Јудејски тој го постви Седекија, вториот син на Јосија. Јеремија почна после ова да го убедува народот да верно му служат на вавилонскиот цар и предскажа, дека Ерусалим ќе биде спален и царот одведен во робство, само ако Јудејците го изневерат Навуходоносор. Но не го послушаа. Седекија склучи сојуз со Мисир против Вавилонците. Сега Навуходоносор по трет пат го зазеде Ерусалим. Јеремија посоветува да се смират со Вавилонците, но него за ваков совет го фрлија во јама, полна со кал, каде би погинал да еден Етиопјанин не го спасел, одбранувајќи го пред царот. И ете, по трет пат предскажувањето Јеримиино се исполнило.
Навуходоносор го освои Ерусалим, го спали храмот и дворит и ги сруши ѕидовите и сите куќи во градот. Синовите Седекиини беа заклани пред таткото. Самиот Седекија го ослепеја, го оковаа и го одведоа во Вавилон, каде и умре во зандана. А таму ги одведоа и сите жители Јудејци (589. г. пред Хр.); само најсиромашните ги оставија во Јудеја да ја обработуваат земјата и лозјата. Јеремија остана во Ерусалим. Тој ја оплакуваше несреќата на својот народ над рушевините градски, и понатаму ги учеше на добро останатите жители. Но Јудејците и сега не го слушаа; тие отидоа во Мисир, таму го одведоа и пророкот, и го убија со камења. Јеремија остави книга со свои предскажувања и книга “Плач на рушевините Ерусалимски“.
Се што се случило со Израелците од Самоила до ропството Вавилонско опишано е во книгите за царевите (четири книги) и во две книги летописи, кои се викаат Книги Дневник, грчки Паралипоменон, што значи пропуштено, бидејќи тие ги надополнуваат книгите за царевите.
ПЕРИОД НА ВАВИЛОНСКОТО УПРАВУВАЊЕ
707-593. г. пред Христа
55.Страдањето на Јудејците под вавилонско ропство.
Пророкот Језекиљ.
1.Цар. 25, 27-30; 2. Днев. 36, 20-21.
Наскоро после заробувањето, вавилонските цареви им го олесниле робувањето на Јудејците. Тие им дале право слободно да ја исповедаат својата вера, да имаат свои поглавари, и да се судат по своите закони. На Јудејците им беше дозволено да тргуваат, да купуваат куќи и земја и да стапуваат и во самата царска служба. Нивниот цар Јехонија бил ослободен од затвор, во кој бил триесет и седум години, добил место во дворот со плата спрема положбата и неговиот престол го наместија поголем од престолот на другите цареви, подчинети на царот вавилонски. Но без оглед на тоа, Јудејците тагувале многу за изгубената самостојност, за срушените храмови и за Ерусалим, поради животот во туѓина, поради тоа што биле лишени од Ковчегот на заветот и не можеле да принесуваат жртви на Јехова. Во песната за робувањето тие искажале, како им е тешко да живеат во ропство. (1).
Да би ја одржал верата во Јудејците и да би ги утешил, Бог испратил големи пророци Језекија и Данило, кои своите пророштва ги запишале во книги. Уште пред ропството јудејско и рушењето на Ерусалим Језекиј бил одведен во ропство. Од земјата на робување тој строго го разобличувал безбожништвото и развратот на народот и во исто време ги тешел покајниците, им предскажувал дека Бог ќе им ја поврати Својата милост и дека ќе царува над нив.
Језекиљ со својата душа го сакал народот Божји, повеќе од другите ја чувствувал тагата Израелова и бил способен да низ тага ја види милоста на Бог Кој го казни тој што го сака. Еднаш Господ му ја покажа славата Своја во видување, кое Језекиљ го опишува со овие зборови: “И видов, и гледај, силен ветер доаѓаше од север, и голем облак и оган кој се разгоруваше, и околу него светлина, а пред огнот како силна светлина, пред него како уште четири животни, кои на очи беа слични на човек; и во секое беа четири лица и четири крила во секое; и нозете им беа човечји под крилата. А лицето им беше во сите четири: лице човечје и лице лавовско од десна страна, а од лева страна лице на говедо и лице орловско. И на очите беа тие животни како жар, гореа во очите како свеќи, тој оган поминуваше помеѓу животните. На земјата позади секое животно имаше по едно тркало спрема четирите лица нивни; и тркалата беа полни со очи. И кога одеа животните, одеа и тркала покрај нив, каде духот одеше, таму одеа. А над главата на животните беше како небо, а над небото престол, а на престолот беше обличје како човек. Тоа беше видување на славата Божја; и кога го видов, паднав на лицето свое, и чув глас на некој кој зборуваше: “сине човечји! Јас те праќам кај синовите Израелови, народите одметнички; не им се плаши, туку кажи им ги зборовите Мои, ќе послушаат или не послушаат; отвори ја устата и изеди што ќе ти дадам“. Језекиљ здогледа пред себе свиткана книга, на која било напишано: “плач и тага и лелек“, и слушна глас: “изеди ја оваа книга па оди, зборувај му на домот Израелов“. Пророкот ја изеде и му беше во устата слатко, како мед (Језек. 1-3). Језекиљ тогаш разбра дека се што е на небото и на земјата се прави по воља на Духот Божји; да се слугите Божји, ангелите разумни (како човек), страшни (како лав), прости и незлобиви (како теле), и во исто време возвишени (како орел), и да сите сите заедно ја објавуваат слават Божја. Од ова видување пророкот разбрал и тоа да горката казна на милосрдниот Бог по своите плодови му е слатка на човекот, како мед.
Откривањето Божјо за воспоставување на царство Израелско Језекиљ добил во второто видување – полиња полни со коски. И ете, по речта Божја, жилите ги споиле овие коски, на нив порасна месо, кожа се навлече на нив, влезе во нив дух, и оживеа. И рече Бог: “ова се коски на целиот дом Израелов. Јас ќе ги ослободам од сите места на живеење каде што погрешиле, и ќе ги очистам и ќе бидат Мој народ, Јас ќе им бидам Бог. И ќе напарвам со нив завет мирен, ќе биде вечен завет со нив (Јез. 37)“.
70. Пророк Данило, Ананија, Мисаило и Азарија.
Дан. 1-3.
Данило бил многу млад, кога го одведоа во ропство. Заедно со другите момчиња јудејски, од царски и кнежевски род, него по заповед Навуходоносорова го дадоа да се научи на книжевната мудрост и јазикот вавилонски да би потоа можел да служи во царските одаи. За време на учењето Данило и неговите другари Ананија, Азарија и Мисаило строго ги вршеле законите на својата вера. Храна им давале од царската маса. Како таква храна Мојсиевиот закон забранувал, тие го замолиле својот воспитувач да им дозволи да се хранат само со леб и зеље. Кога воспитувањето завршило, самиот цар ги испита нивните знаења и одкри дека Данило и неговите другари се десет пати поспремни од сите мудреци и гледачи на тајни во целото царство негово. И почнаа тие да му служат на царот. Набрзо се виде дека Данило е пророк Божји кој ги разбира сите видувања и сни. Еднаш Навуходоносор сони страшен сон, но што видел, не запамтил. Тој ги повика мудреците и бајачите да му раскажат и да го протолкуваат сонот, и многу се налути на нив, кога рекле дека не можат да ги исполнат неговите желби. Царот ги осуди на смрт сите мудреци вавилонски, помеѓу коу беа и Данило и неговите другари. Тогаш Господ во ноќно видување му го одкри на Данило сонот царев и неговото значење. Данило сопре да не се убијат мудреците вавилонски и рече, дека може да го протолкува царевиот сон. Го доведоа кај царот и тој рече: “тајните кои царот ги сака не можат да му ги кажат мудреците, ни бајачите. Туку има Бог на небото кој открива тајни. Тебе цару ти дојдоа мисли, што ќе биде. Ти, царе, виде а тоа лик голем и светлина силна и стоеше пред тебе, и страшен беше во очите. Главата на тој лик беше од чисто злато, градите и мускулите од сребро, стомакот и бедрата од бронза, подколениците од железо, а стапалата кое од железо кое од земја. Ти виде како се стркала камен без раци, и удри во ликот во стаплата железни и земјени и ги сотре,те ветерот го однесе овој прав, и не му се најде место; а каменот кој го удри ликот, стана гора голема и ја исполни целата земја. Тоа е сонот, а еве што значи: “Ти си таа златна глава. А после тебе ќе се формира друго царство, помало од твоето; а по тоа трето царство, медено, кое ќе владее по целата земја. А четвртото царство ќе биде тврдо како железо; тоа ќе биде царство разделено и ќе биде нешто силно, а нешто трошно. А во време на тие цареви Бог небесен ќе подигне царство, кое ќе ги сотре сите тие царства, а самото ќе остане вечно“. Навуходоносор падна на лицето свое и се поклони на Давид и рече: “навистина вашиот Бог е над сите богови и господар над царевите, и кој ги кажува тајните“. И го возвиши царот Данило и му даде да биде господар на целата земја Вавилонска и поглавар над сите мудреци вавилонски. А Данило го измоли царот, па ги постави за главари на земјата Вавилонска неговите другари, Анание, Мисаило и Азарија, а на него му дозволи да остане во царскиот дворец.
Уште повеќе Навуходоносор почнал да го почитува Бог израелски после овој настан. Тој направи (во полето Дури блиску до Вавилон) златен лик и издаде декрет да сите управители, војводи, главари и сите благородници од земјата да дојдат на откривање на идилот и да му се поклонат, како на Бог. И уште беше објавено, дека секој, кој не се поклони на идолот, ќе биде фрлен во вжештена печка. Целото благородништво ја исполни волјата на царот, освен другарите на Данило. Разлутениот Навуходоносор нареди да ги врзат и да ги фрлат во вжештените печки. Но Господ ги спаси. Он им го испрати својот ангел, кој направи да пламенот излегува од печката и ги спалувал тие кои биле околу нејзе, а во средина на печката било како влажен ветер кој дувал, така да огнот не ги ни допрел другарите на Данило. Безбожниот мачител слушна песна од печката, а не лелек: трите другари го прославуваа Господа. Чудесното спасување на Даниловите другари и појавувањето во печката на четвртиот човек, началник на Синот Божји, го преплаши Навуходоносора. Тој им нараде на Анание, Мисаил и Азарија да излезат од печката, го благослови Бог Кој го испрати ангелот свој да ги спаси верните луги Свои и објави по целото свое царство, дека тој, кој што хули на нивниот Бог, ќе го исече на парчиња, а неговиот дом ќе го претвори во рушевини; бидејќи не постои друг Бог, Кој може така да ослободува.
Другарите Данилови беа поставени за главари на останатите Јудејци во царството Вавилонско.
71. Навуходоносоровата горделивост и Божјата казна.
Дан. 4.
Чудесното спасување на Даниловите другари го присили царот да ја признае силата на Господ Бог, но не ја уништи неговата горделивост. Тогаш Господ повторно му се закани. Еднаш Навуходоносор виде во сон да на средина на земјата стои големо дрво, високо до небо, лисјата му беа убави, а род премногу; под него наоѓаа ладовина полските зверови, во гранките направија гнезда птиците небесни, а со родот се хранеа сите живи на земјата. И ете, од небото слезе Свети и рече: “исечете го дрвото и скастрете му ги гранките, но трупецот со корењата оставете му ги во земјата, во железни окови во полска трева, нека го кваси росата небесна и дел да му е со деланки од трева земска. Срцето човеково нека се смени, и срце животинско нека му се даде за седум години, за да познаат живите да Вишниот владее со царството човеково, и го дава на кого сака“. Навуходоносор го раскажа својот сон на Данило и го молеше да му го протолкува. Данило се збуни и рече: “Господару: сонот да биде на непријателите твои! Дрво, тоа си ти царе. Ќе бидеш протеран од луѓето, и со зверовите полски ќе живееш, и ќе те хранат со трева како говедата, за седум години. А што се кажа да се остави трупецот со корењата од дрвото, тоа значи, царството ќе ти остане кога ќе познаеш дека небесата владеат. Затоа царе, да ти биде пријатен мојот совет: прости се од гревовите со својата праведност, и безаконијата свои со милост кон непослушните, за да ти се продолжи мирот“.
После година дена царот одеше по царскиот двор, и гордо гледаше на убавината на својата престолнина – Вавилон. Наеднаш слушна глас од небото, кој му ги повтори зборовите на Светиот, кои ги слушна на сон. Умот царев одма потемне, и тој почна да беснее. Тогаш го оковаа во ланци и го оставија под ведро небо. Косата му порасна како кај лавот, а ноктите му се наострија како кај птиците. После седум години разумот се поврати кај Навуходоносор; тој ги подигна очите кон небото и Го прослави Бог Кој владее со сите царства. За време на болеста, царевите најблиски управуваа со царството во негово име.
72. Смрт на царот Валтасар и пропаѓањето на Вавилонското царство.
Дан. 5.
После смрта на Навуходоносор Вавилонското царство почна да се лула. За време на владеењето на Валтасар него го загрозуваа со напади Миѓани и Персијци. Но Валтасар безгрижно гозбуваше во Вавилон, не мислејќи на опасности. Еднаш во време на гозба, тој заповеда да се донесат садовите, опљачкани од храмот ерусалимски, и пиеше од нив вино, покажувајќи со тоа дека не се плаши од јудејскиот Бог. Наеднаш во воздухот се појави рака, која напиша на ѕидот некои зборови. Валтасар затрепери од страв и повика да му се доведат јасновидците. Дојдоа мудреците вавилонски, но ниеден не можеше да прочита што е напишано. Во тоа време во дворот влезе царицата. “Не се плаши царе“, рече таа. “Има човек во твоето царство, во кого е духот на Светиот Бог – тоа е Данило. Тој ќе каже што значат зборовите“. Данило тогаш беше одалечен од дворот, па поради тоа Валтасар не го ни познавал. Кога Данило влезе, Валтасар му рече: “ ако можеш да го прочиташ ова писмо и да ми кажеш што значи, ќе се облечеш во црвено и златна алка ќе носиш на вратот, и ќе бидеш трет господар во царството“. Данило одговори: “даровите твои нека ти се тебе и подај ги на друг подароците свои: а писмото јас ќе го прочитам на царот и ќе кажам што значи. Царе, Бог вишни го даде царството и големината и слават на Навоходоносор, таткото твој, и сите трепереа пред него. Но кога му се подигна срцето и духот му се засили во горделивост, беше симнат од царскиот престол и му ја земаа славата. И ти знаејќи го тоа се подигна против Господа и пиеш од садовите од домот Негов, ги фалиш бездушните идоли, А Бог не го прославуваш. Затоа од Него и беше испратена рака, и ова писмо беше напишано. А ова е напишано: “мене, текел, перес. Мене значи го избројал Бог твоето царство и до крај го избројал; текел – значи измерен си ти на мерките, и се најде лесен; перес – разделено е царството твое на Миѓаните и Персијанците“. И царот одма го награди Данило како што вети. Истата ноќ Миѓаните и Персијанците влегоа во градот и го освоија. Валтазар беше убиен. Така падна, царството Вавилонско; на негово место се појави царство – Персиско, – сребрено, спрема видувањето на Навуходоносор.
ПЕРИОД НА МЕЃАНСКОТО И ПЕРСИСКОТО УПРАВУВАЊЕ
539-332. г. пред Христа.
70. Значењето на пророкот Данило во царството Меѓанско-Персиско.
Чудесно спасување на Данило од лавовите.
Дан. 6-9.
Дарие Меѓанин, кој зацарува во Вавилон, длабоко го почитуваше Данило. Тој го постави за еден од тројцата кнезови, на кои сто педесет управители во царството биле должни да полагаат сметка за својата управа, и имаше намера да го постави над целото царство. Таквото возвишување на Данило предизвика завист кај другите големодостојници цареви и тие решија да го убијат. Тие знаеле, како Данило строго го извршува својот закон, и се потрудија да направат така, да царот издаде заповед, против законот Мојсеев. По нивен совет царот издаде наредба, да никој од неговите поданици триесет дена не моли ништо од Бог, ниту од луѓето, освен од царот; а кој ќе ја прекрши оваа заповед да се фрли во јама, полна со лавови. Кога овој декрет бил обнароден, непријателите Данилови почнале да пазат на него. Данило по својот обичај и понатаму се молеше на Бог трипати на ден во својата соба покрај прозорот, свретен кон Ерусалим. Непријателите пророкови тоа му го доставија на царот и сакаа да Данило биде фрлен во јамата лавовска, како рушител на царевиот декрет. Дарие ја видел итроштината на своите советници и до самата вечер го бранеше Данило; но на крај морал да попушти, бидејќи по законот на Меѓаните и Персијанците ни една заповед која царот ќе ја потврди не може да се измени. Пророкот го фрлија во јамата кај лавовите. Простувајќи се со него, Дарије му рече: “Бог твој, на кого без престанок му служиш, нека те спаси!“ И донесоа камен и го ставија на вратата од јамата, и царот го запечати со својот прстен и прстенот на своите кнезови. Тешко му било на Дарија на душата; цела ноќ неможел да заспие.
Сабајлето рано царот поита кај јамата. Тој бил готово убеден дека Данило погинал и затоа со жалосен глас праша: “Данило слуго на Бог живиот! Бог твој, на кого му служиш без престанок, може ли да те спаси од лавовите?“ И слушна од јамата одговор: “Мојот Бог го испрати ангелот Свој и им ја затвори устата на лавовите, па не ме повредија, бидејќи се најдов чист пред Него, а и тебе, царе, не ти направив лошо“. Царот израдуван, одма заповеда да го извадат Данило од јамата, и чудејќи се виде, дека на него немаше никаква повреда. Тогаш царот заповеда да ги фрлат во лавовската јамата Даниловите тужители со децата и жените нивни. И тие не стигнаа ни до дното на јамата, а лавовите ги растргнаа. После тоа царот издаде декрет, да сите негови поданици го почитуваат Даниловиот Бог кој избавува и спасува, прави знаци и чудесија. И беше Данило силен за владеењето на Дарија Меѓанин и Кира персијански.
Така, значи, вавилонското ропство донесе корист и на Јудејците и на незнабошците. Јудејците се исчистија од своите незнабожечки празноверија и од сите идоли свои, а од незнабошците многумина ја примија верата во правиот Бог и ветениот Посланик негов, Месијата. Незнабошците кои ја примија верата јудејска се нарекоа прозелити.
Данило не се радувал на високата положба во царството. Пророкот Јеремија предскажал, дека Јудејците ќе бидат во ропство седумдесет години и дека Ерусалим ќе биде опустошуван додека Господ не го осуди на пропаѓање царството Вавилонско. Но, еве се исполнија седумдесет години, од кога првите заробеници беа одведени во Вавилон, царството Вавилонско веќе беше разрушено, а Јудејците останаа уште во ропство, и Ерусалим сеуште во рушевини. Данило размислуваше, ќе сака ли Господ наскоро да го ослободи Својот народ од ропство, и дали наскоро ќе дојде Спасителот кого го ветиле пророците, кои им предскажувале на Јудејците ослободување од ропство и сесрдно се молеше на Бог да му прости на народот и да го спаси. Првата година од владеењето на Дарија Господ му откри на Данило, преку ангелот Гаврило, дека Спасителот ќе ги ослободи луѓето од гревовите и од вечната казна после седумдесет седмини, т.е. после 490 година, почнувајќи броење на овие години од таа година, во која Јудејците ќе добијат дозвола да го обноват Ерусалим. (1)
71. Враќање на Јудејците од ропство. Ѕидање на друг храм.
Пророци Агеј и Захарија.
2. Днев. 36, 22-32; 1. Језд. 1-6. Исаија 45,18. Аг. 2, 7-9; Зах. 9,9.
После Дариевата смрт, Кир, царот персиски, стана единствен господар на сите земји, во кои живееа заробени Јудејци. И првата година од своето владеење тој објави по целото царство: “сите царства земски ми ги даде Господ Бог небесен, и Он ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим во Јудеа. Кој е помеѓу вас од целиот народ Негов, нека оди таму“. Така се исполнија зборовите Господови, кажани со устата на пророкот Исаија и Јеремија. На тие кои сакале да се вратат во Јудеа царот им ги предал сите судови кои Навуходоносор ги земал од храмот Соломонов, и освен тоа им заповеда на управителите регионални да им помагат во се и згора на тоа да издаваат на негова царска сметка телиња и јагниња за принесување на жртва на Господ за царот и царското семејство. Четириесет и две илјади Јудејци од машки пол под водство на Заровавел, внук на поледниот јудејски цар Јехоние, и првосвештеник Исус, се вратија во Јудеја и се раселија по предходните градови свои. Пророкот Данило не ја остави земјата на робувањето; тој отиде во Мидија каде и умре, а го погребаа во Сузи.
Пристигнувајќи во Ерусалим, Јудејците пред се го обновиле на старото место жртвеникот и почнале да принесуваат на Бог жртви. После година дена тие поставија темел на другиот храм на местото каде што бил првиот, 536. година. Во тоа време Самарјаните им понудија своја помош, со договор, да им Јудејците дозволат да принесуваат жртви во храмот. Но Јудејците ја одбија оваа помош; тие се плашеле дека нивното богослужење нема да се сочува чисто, ако само влезат во заедница со расколниците Самарјани. Ова одкажување ги навреди Самарјаните и тие, за да се осветат на Јудејците, почнале да им сметаат во ѕидањето на храмот. Тие доставиле дека Евреите кобајаги не подигаат храм на Бог, туку зидини, и го утврдуваат градот за да би постанеле народ независен. Добивајќи известување, царот персиски заповеда да се сопре со ѕидањето во Ерусалим. Но Јудејците успеаја да се оправдаат, и измолија дозвола да продолжат со ѕидање и го довршија после дваесет и една година од положување на темелите.Така, Јудејците се соочувале со големи пречки при зидање на храмот. Многу им помогнаа со своите утехи и храбрење пророците Агеј и Захарија. Старците, кои го виделе предходниот храм, со солзи зборувале, дека нивниот храм не е така величествен, како првиот храм. Агеј им во име Божјо одговорил; “ќе дојдат одбрани од сите народи, и ќе го наполнам овој дом со слава и славата на овој дом последен ќе биде поголема одколку од првиот, и ќе поставам мир на ова место:“ а Захарија како да го видел Спасителот како влегува во Ерусалими весело воскликнува: “радувај се ќерко Сионска, еве царот твој доаѓа кај тебе, праведен е и спасува, кроток е и јава на магаре, и на магарето младо од магарица“. Агеј и Захарија напишале книги на своите пророштва.
72. Обновување на црковниот и граѓанскиот ред помеѓу Јудејците.
Работа Јездрина и Немијина. Пророк Малахија.
1.Јездр. 7-10; Нем. 1. 2. 4. 8. 9. 13; Мал. 3, 1. 4, 5-6.
Царевите персиски барале од Јудејците само да им плаќаат данок, и им дозволувале да живеат по своите закони и уште повеќе служителите во домот Божји биле ослободени од данок и сметки. Во самиот почеток на животот на Јудејците во татковината, многу им користел Јездра и Немија. Тие го организирале нивниот црковен и граѓански живот и посавиле темел за учење на народот на законот Божји.
Јездра бил и свештеник и писател, познавач на Светото писмо. Царот персиски (Артаксеркс Аонтиман, син на Ксеркс и ЈудејкатаЈестире) го испрати Јездра од земјата на робување во Ерусалим со богати дарови, му заповеда да внимава да Јудејците живеат по својот закон, и му даде право да казнува и со смрт прекршители на Мојсејевиот закон. Доаѓајќи во Ерусалим со две илјади преселеници, Јездра пред се ги разведе сите бракови на Јудејците со туѓинци, бидејќи законот го збранувал тоа, и воспостави празнување на сабота и градење на сеници. За време на празникот на Градење на сениците и после празникот Јездра му читаше на народот книга на Закони, (2) во која биле собрани сите книги на Светото писмо. Народот се обврзал дека ќе прави се што е напишано во законот, а народните главари, свештениците и левитите ја подпишаа оваа обврска. Јездра ја основал Големата Синагога, – суд составен од свештеници левити, на кого му било порачано чување на свештените книги, препишување на истите и исправки на преписите.
Како што може да се помисли, од тој период по сите Јудејски градови и села почнале да подигаат синагоги (зборници) т.е. домови, во кои сите Јудејци нужно се собирале во сабота на молитва и ги слушале зборовите Божји. Книжевници биле поставени за учители на народот во синагогите и имале почитувано име равин (учител). Народот ги почитувал равините како своите родители, и ги нарекувал оци. Во сабота секој Јудеец неизбежно морал да биде на општата молитва во синагогата. Кој ја посетувал синагогата, сметан е за Јудеец. Ако некој од Јудејците јавно го нарушувал законот Божји, него го одалечувале од синагогата. Тоа одалечување било кај Евреите најстаршна казна. При секоја синагога имало и училиште со библиотека.
Немија бил подрумар кај персискиот цар Артаксеркс. Дознавајќи, дека палестинските Јудејци многу страдаат од Самарјаните и дека управителите самаријански не ги заштитуваат, тој измоли од царот дозвола да подигне зидини околи Ерусалим. Артаксеркс го испрати самиот Немиј во Ерусалим да тоа го изврши. Кога Немија почнал да ги подига зидините, Самарјаните се обиделе да го спречат, прво со подсмев и закани, потоа и со сила, но немаа успех во тоа. Зидините беа подигнати за педесет и два дена, а Јудејците се ослободија од власта на самријанскиот управител. Тој настан ја зачврсти омразата помеѓу Јудејците и Самарјаните, која дошла до тука, да Јудејците не сакаа да имаат никаква заедница со Самарјаните, сметајќи за грев да му влезат на Самарјанин во куќа, да јадат со него на иста трпеза, па и вода да се напијат, и Самарјаните не ги викале поинаку туку кучиња.
После Немијината смрт со Јудејците управувале првосвештениците. Првосвештеникот бил председател на големиот суд, кој имал седумдесет главари, бил во Ерусалим и се викал Синедрион. Освен тоа, во секој град имало судови, кои биле под власт на ерусалимскиот Синедрион и се викале мали синедриони.
Во времето на Немија Бог му го испратил на својот народ последниот пророк, Малахија. Малахија ги разобличувал Јудејците затоа, што се надевале дека ќе добијат спасение со принесување на жртви без чистота на срцето, и во своите предскажувања укажувал на Спасителот и Неговиот Предвесник. Пророкот рекол во име Господово: “еве Јас ќе го испратам ангелот Свој, кој ќе го подготви патот пред мене, и ненадејно ќе дојде во црквата своја Господ, кого вие го барате и заветен ангел кого вие го посакувате. Еве Јас ќе ви го пратам Илија пророкот пред да дојде големиот и страшен ден Господов; и тој ќе го обрати срцето од тогаш кон синовите, да не дојдам и да ја сотрам земјата“. Пророкот Малахија ја напишал книгата на своите предскажувања.
73. Историја на Јестира и Мардохеја.
(480-474. г. пред Христа. Книга за Јестира).
Во периодот кога Персијанците владееле со Јудејците кои останале да живеат во краевите на Персиското царство, многу добрини направила Јудејката Јестира, самата сиромашна. Таа живеела кај својот братучед од чичко Мардохеја, еден од заробениците јудејски, значителен човел во царевиот дворец. Се случи, да се Ксеркс разлути на својата жена, ја одалечи од себе, ја лиши од царското достоинство и помеѓу многуте девојки кои му ги донесоа ја избра за себе за жена Јестира; тогаш царот не знаел дека таа е Еврејка и братучетка на Мардохеева. Еднаш Мардохеј случајно слушна двајца царски дворјанини, кои го чуваа влезот во царевиот дворец, како се договараат да го убијат царот. Тој за тоа ја извести Јестирам а таа својот маж. Злочинците ги казнија, а за заслугата Мардохејева беше запишано во книгата дневник пред царот.
Во тоа време царот го возвиши Аман и го постави неговиот престол повисоко од сите кнезови во царството. По заповед Ксерксова, сите кои служеле кај царот, кои биле на царските врати, се поклонувале и паѓале ничкум пред Аман. Само Малдохеј, стоејќи на царските порти, не го направи тоа. Горедливиот и свиреп Аман, за да се освети на Мардохеј, намисли да ги истреби сите Јудејци во реоните на Персиското царство. Еднаш тој му достави на царот: “има народ расејан по сите земји на царството твое; чии што закони се поинакви од законите на сите народи, и не ги извршуваат законите царски. Ако на царот му е згодно, да се напише да се истребат. И јас ќе измерам десет илјади таланти во сребро во рацете на доставувачот да донесат во царската ризница“. Царот му поверува на Аман. Тој му го даде својот прстен и рече: “тоа сребро нека е за тебе, а со народот прави што ти е драго“. И Аман одма напиша во име на царот декрет, со кој се заповеда да во еден ист ден да се истребат сите Јудејци, и деца и жени нивни, и имот нивни да го разграбаат. Аман со коцка го одбра за ден на истребување 13. ден во месецот Адара (наш 23 фебруар). Јудејците се згрозија кога дознаа за овој декрет. Мардохеј ја молеше Јестира да го спаси народот Јудејски. По персиските закони никој не смеел без позив да влезе кај царот, и кој не би послушал се изложувал на смртна казна. Но Јестира се реши да го жртвува и својот живот; таа се облече во царска облека и влезе кај царот. Ксеркс толку гневно ја погледа да таа се онесвестила од страв. Тогаш тој се сожали на нејзе, се трудеше да ја освести, и кога царицата малку се смирила и ја подал својата златна палица и рече: “што ти е царице Јестиро? Што сакаш? Ако е и до половина на царството, ќе ти се даде“. Јестира го замоли царот да со Аман дојде кај нејзе на ручек. Ксеркс и ја исполни молбата, тој ден го помина со Аман и по нејзина молба и вети дека и утре ќе дојде со Аман на ручек. Излегувајќи од кај царицата , Аман го сретна Мардохеја. Овој не само што не му се поклони, туку не ни стана пред него. Тоа Аман го разбесни, и тој по совет на сојата родбина одма направи во дворот висока бесилка и реши да утредента измоли од царот заповед да се Малдохеј обеси. Сепак, царот не можел долго да заспие и наредил да му се чита дневникот. Кога дојде до местото, каде било запишано како Малдохеј му го спасил на царот животот, Ксеркс праша: “каква чест и какво добро е направено на Мардохеј за тоа?“ – “Не му е направено ништо“, одговорија слугите. Веќе се разденило; царот праша: “кој е во тремот?“ Кога му кажаа дека тоа е Аман, заповеда да го повикаат. Аман влезе, убеден дека ќе успее да измоли заповед да Мардохеја го обеси. “Што треба да се направи на човек кого царот сака да го прослави?“ – го праша Ксеркс. Аман помисли, дека царот сака да го награди и одговори: “треба да се донесе царска облека која царот ја носи, и да се доведе коњот на кој царот јава и да му се стави на глава венец царски; и облека и коњ треба да се дадат на некој од најголемите царски кнезови па да го поведат на коњ по улиците градски викајќи пред него: “вака бидува на човек кого царот сака да го прослави“. Царот рече: “направи така на Мардохеј Јудеецот кој седи пред вратат царска; немој да изоставиш ништо од тоа што рече“. Аман ја изврши царевата заповед и тажен, со покриена глава, брзо замина дома, а Мардохеј се врати на местото на вратат царева. Набрзо дојдоа дворјани и го одведоа Аман на ручек, кој го зготви Јестира; таму дојде и царот. За време на ручекот Ксеркс ја запраша жената:“ што сакаш царице Јестиро: ќе ти се даде; и што молиш, ако е до половина на царството, ќе биде. Јестира одговори: “јас молам да ми се подари животот мој на моја желба и народот мој на мојата молба. Бидејќи сме продадени и јас и мојот народ да не уништат, убијат и истребат“. –“Кој е тој, каде е тој кој се осмелил така да направи“? – запраша царот. “Непријател тој е овој зликовец Аман“, одговори Јестира. Аман затрепери. Царот луто стана и отиде во градината. Аман падна пред нозете Јестирини и ги прегрнуваше, молејќи за милост. Ксеркс се врати, и го виде Аман каде беше паднал на одарот на кој седеше Јестира, и рече: “дали и царицата ќе ја увредиш кај мене во куќа!“ Слугите одма му го покрија лицето на Аман. Тоа бил знак за осуда на смрт. Еден дворјанин рече: Еве ја бесилката што Аман ја направи за Мардохеј“. – “обесете го на неа“ заповеда Ксеркс.
Имотот на Аман и се даде на Јестира. Дознавајќи дека Мардохеј е Јестирин братучед од чичко, царот посака да го види, му го даде прстенот кој го зема од Аман и го постави втор до царот. За да го поништи декретот што го испрати Аман, царот испрати друг декрет, со кој на Јудејците им било дозволено да наоружани го бранат својот живот и ги истребат сите тие кои се со нив во непријателство и нивниот имот да го разграбаат. На Адара 13. по целото царство ги нападна Јудејците; но тие беа спремни за одбрана, победија и убија седумдесети пет илјади свои непријатели, но не сакаа да ги пљачкосуваат имотите. По совет Мардохејев, Јудејците за спомен на своето спасување востановиле годишен празник 14. и 15. ден во месецет Адара, кој се викал Пурим (коцка, ждрепка). Се што се случило, Мардохеј запиша во книгата која се вика Книга за Јестира.
ПЕРИОД НА МАКЕДОНСКОТО УПРАВУВАЊЕ
332-143. г. пред Христа.
70. Александар Македонски во Ерусалим. Ѕидање на Самарјанскиот храм. Јудејците под власта на царевите мисирски.
Превод на Светото писмо на грчки јазик.
Македонскиот цар Александар Велики завојува со царот персиски. Тој ја победи персиската војска, го освои Дамаск и Сидон и го опседна Тир. Од таму испрати посланици кај јудејскиот првосвештеник Адују и побара, да му испрати помош во војска и храна. Адуј одговори дека се заколнал да верно му служи на персискиот цар и дека не може да ја погази заклетвата. Александар многу се налути на ова одкажување. Не направил вака поштено управникот на Самарија Санавалат. Тој ги предаде во раце Александрови подчинетите му земји и измоли дозвола да изгради храм на Господ на гората Хоразина. На молба Санавалатова за првосвештеник на тој храм беше поставен неговиот зет Манасија, братот Адујев, кој бил одалечен од ерусалимската синагога поради тоа што се оженил со Самарјанка. По одобрување Александрово, храмот бил изграден, и Манасие почна да ги прима сите тие, кои поради нарушување на законот се одалечуван од синагогата во Ерусалим. Ова уште повеќе го зголемувало разделувањето помеѓу Јудејците и Самарјаните.
Сепак, Александар го освои Тир и појде со војската да го казни Ерусалим. Првосвештеникот Адуј не можел да се спротивстави на војската на Александар, а од царот персиски помош не доби и се реши да го предаде Ерусалим на Александар, да би избегнал залудно пролевање на крв. Кога Александар се приближи до Ерусалим, Адуј во свештеничка одежда, опкружен со свештеници и голема група на народ во бела облека, му излезе во пресрет. Александар се воодушевуваше на ваков свечен дочек и се поклони на Адуј. Тогаш еден од војводите Александрови рече; “Господару! Ти си се, примајќи поклонување од сите, сега се поклони на јудејскиот свештеник“. Александар му одговори: “јас не се поклонив на првосвештеникот, туку на Бог, на Кого тој му служи. Кога сеуште бев во Македонија, видов во сон човек во ваква облека и тој ми вети дека ќе ги победам Персијците.
Сега се сетив на сонот и верувам дека Бог ме пратил да ги тргнам од власт Персијанците“. Влегувајќи во храмот Ерусалимски, Александар принесе жртва на Бог. Тука му го покажаа прескажувањето Данилово за тоа, дека цар грчки ќе го сруши царството Персиско. Александар беше радосен кога го дозна тоа предскажување и им покажа голема милост на Јудејците. Тој им дозволи да живеат по Јудејските закони и ги ослободи од даноци во саботните години. Своја заштита им вети и на тие Јудејци, кои тогааш живееле во Мидија и Вавилон.
Истат година Александар го освои и Мисир, каде го основа градот Александрија, го подчини сето Персиско царство и умре. Неговото царство го поделија четири негови војсководачи. Јудеја (или поинаку Палестина) била помеѓу Сирија во која владеел Селвек, и Мисир во кој владеел Птоломеј. Царевите мисирски и сириски стално имале расправии кој ќе управува со оваа земја. Во почеток со нејзе владеел Птоломеј Лаг, царот мисирски.
Птоломеј Лаг, одкако го освои Ерусалим, одведе неколку илјади Јудејци и Самарјани, надевајќи се дека со тоа посилно ги врзува Јудејците за Мисир. Тој на заробениците им даде исти права како и на Македонците згора на тоа им порачал да ги чуваат тврдините. Дознавајќи за милоста на царот кон заробениците, многумина Јудејци доброволно се преселиле во престолнината на Мисирското царство – Александрија. Од сите овие Јудејци се формираа така наречени мисирски или александриски Јудејци.
Од сите цареви Мисирски најмногу добро направил на александриските Јудејци Птоломеј Филанделф. Тој ги одкупил сите Јудејци кои биле продадени во ропство во Мисир, и посака да има свештени книги на Евреите на грчки јазик, со кој се тогаш служеле сите образовани луѓе. На негова молба, првосвештеникот ерусалимски му испрати седумдесет и двајца старци, кои добро знаеле и грчки и еврејски и тие го преведоа Светото писмо на грчки јазик. Тој превод се вика превод на седумдесеторица толкувачи. Тој бил од голема корист не само на александриските Јудејци, кои почнале да го забораваат својот мајчиниот јазик, туку и на незнабошците. Многу Грци и Римјани почнаа да го читаат Светото писмо и поверуваа во вистинскиот Бог. На тој начин бројот на прозелитите се зголеми.
Во целото време од смрта на Александар Македонски до смрта на Антиоха Епифана главни управници на Јудејците биле првосвештениците; тие собирале порез и плаќале данок на тие цареви, под чија власт биле.
71. Јудејците под власта на сириските цареви. Прогонувањето на Антиоха Епифана.
Јудејците не биле долго под власта на царевите мисирски.
Царот сириски Антиохиј Велики ја превзема од Мисирците Јудеа (203. г.) и ја присоедини кон Сирија. Под власта на новиот цар Јудеа почна да напредува. Антиохиј им остави право да живеат по нивните закони и обичаи, ги ослободи од данок и заповеда да од царската благајна да се издава помош за принесување на жртви и обновување на храмот.
Но страшна несреќа ги снајде Јудејците, кога на престолот дојде другиот Антиохиј, наречен Епифан (што значи знаменит, сјаен). Во царството сириско имало многу народи, кои силно се разликувале по обичаите, по верата и јазикот; поради тоа во него и постоеле чести расправии. Епифан намисли да ја уништи разликата помеѓу своите поданици и да од нив направи еден народ. Како тој сметал за добро само тоа што е грчко, издал декрет да сите негови поданици се облекуваат како Грци, да зборуваат грчки, да се молат на грчките богови. Кои не би го послушале овој декрет, наредил да се казнат со смрт. Царскиот декрет го испратија и во Јудеа. Никогаш Јудејците не биле толку несреќни; на нив им се одземало се што им е најродено, најдраго на нивното срце: и јазикот и обичаите и верата. Со декретот царев дојде во Јудеа и грчки мудрец. Тој почна да ги учи на служење на грчките богови, и во Ерусалимскиот храм го постави идолот на грчкиот бог Јупитер Олимписки.
Во тоа време помеѓу верните Јудејците особено значаен бил со својата побожност старецот Елеазар. Тој бил еден од главните книжевници, почитуван од сите за својата праведност. За Грците било многу важно да го натераат Елеазара да го прими идолопоклонството, бидејќи тогаш многумина би се огледале на него. Елеазар го доведоа до незнабожечкиот жртвеник и го понудиле со свинско месо, кое Јудејците го сметале за нечисто. Елеазар се одкажа. Го наговараа, да само покаже да божем ја извршува царската заповед, но Елеазар и на тоа не се согласи. “Недостојно би било на моите години да бидам лицемер“, рече тој. “Младите луѓе дознавајќи да деведесет годишниот Елеазар поминал во незнабоштво, и самите би можеле да паднат во заблуда поради мојата дволичност“. Елеазера го убија за неговата постојаност во почитувањто на зконот. Елеазар во својата смрт им оставил не само на момчињата, туку и на многумина од постарите, пример на јунаштво и споменик на доблест.
На самиот Епифан му доведоа една жена Соломонија со седум синови. Царот ги присилувал да јадат храна која ја забранува Мојсеевиот закон. Тие одрекоа. Тогаш почнаа да ги тепаат. Под ударите на камшикот тие само зборуваа: “ние сме спремни поарно да умреме, одколку да ги згазиме отечките закони“. Пред очите Соломонијанини шестмина од нејзините синови, еден по друг, им ги осекоа нозете и рацете, им ги одкорнаа јазиците, им ја одраа кожата од телата, и најпосле, ги спалија. Слушајќи ги советите на својата мајка, мачениците не се одрекоа од верата. Остана само најмладиот син. Епифан се надеваше дека ќе го наговори да се одкаже од верата, почна да го гали детето, му ветуваше богатство и почести, ако само одстапи од отечките закони; но не успеа во своите намери. Тогаш ја повика Соломонија и ја наговараше да го советува синот да се сочува себеси. Навалувалќи се кон синот, Соломонеа му рече на мајчин јазик: “те молам, чедо мое, не се плаши од тој убиец, туку биди достоен на браќата свои и умри, да би те јас, по милост Божја, пак добијам со твоите браќа“. Детето појде на маки и јуначки ги истрпи. После синовите умрела на маки и мајката.
Самарјаните не беа така силни во верата. Да не би со Јудејците ги делеле несреќите, тие се одрекоа дека им се роднини и едноверци, го нарекоа Антиоха за видлив бог и го молеа да им дозволи да својот храм го посветат на Јупитер гостопримец.
72. Ослободување на Јудејците од сирискиот јарем.
Јуначки дела на Мататија. Владеење на Макавеј.
Во тоа несреќно време еден престарен свештеник, по име Мататија, со пет синови: Јован, Симон, Јуда, Елеазар и Јонатан, јавно стана против гонителите и се реши да ја ослободи својата татковина. Околу него собра многу Јудејци, верни на својот закон. Мататија отиде од Ерусалим во своето место на раѓање, Модин. Набрзо дојде во овој град царски посланик и го собра населението да принесат незнабожечки жртви. Тој го наговараше Мататија да биде предходник со примерот и му ветуваше за тоа богати дарови. Но Мататија одговори: “ако и сите народи во пределите на царството го послушаат царот и се одкажат од богослужењето на своите татковци, но јас и синовите мои и браќата мои ќе се држиме до заветот на татковците наши. Да не сочува Бог, да не ги напуштиме законот негов и прописите!“ Во тоа време еден Јудеец пријде кон жртвеникот да принесе идолска жртва. Тогаш Мататија го уби и одстапникот од Бог и царскиот посланик, како саблазнувачи на идолопоклонство, го сруши жртвеникот и му рече на народот: “кој го почитува законот, нека оди по мене!“ Многу жители од Модин со жените, децата и имотот појдоа по Мататија и отидоа во пустина. Антиоховиот војсководец појде по нив во потера. Во пештерите тој најде околу илјада луѓе, жени и деца и нив ги нападна во сабота, Евреите не се бранеле, згора на тоа не ги зтаворија ни влезовите во теснеците и пештерите и сите погинаа. После тоа Мататија го повика советот, на кое било решено да се бранат и во сабота.
Околу Мататија се собраа сите почитувачи на законот; набрзо се формира војска, со која одпочна војна против прогонителите и тие Јудејци, кои ја изневериле својата вера. Мататија нападна на Сириците, ги прогонуваше од јудејските градови и ги рушеше незнабожечките жртвеници. Умирајќи, тој им остави во наследство на својте синови да продолжат со ослободување на својата татковина и при тоа го постави својот син Симон да биде член на советот, а другиот син Јуда, наречен Макавејски, за војсководец.(1)
Јуда тргнал со војската по градовите на Јудеја, уништувајќи ги одстапниците од верата. Антиоховите војводи излегоа против него со големи војски, но тој во три битки ги победи и се здоби со голем плен. Главниот војсководец на Сириците беше принуден да се врати во Антиохија, престолнина на Сирија, да повторно се подготви за војна. Тогаш Јуда им редложи на Јудејците да го исчистат храмот од идоли и да воспостават во него вистинско богослужење. Горко заплакаа Јудејците, кога го видеа оскрнавен храмот. Тие исфрлија од него на нечисто место сите предмети на незнабожечкото богослужење, го искршија стариот жртвеник како испоганет со идолски жртви, на негово место направија нов, ги сменија садовите, свеќниците, олтарот за кадење, столот за лебови поставени и завесите. Во обновениот храм беше принесена свечена жртва на Вистинскиот Бог. (2) Овој ден бил за Јудејците голем празник, и тие тогаш востановија осумдневен празник Обновување на храмот. Но на Јуда не му беше судено да ја доврши војната; во една борба тој погина.
Старешинството над Јудејците востаници го превзема Јудиниот брат Јонатан. Во тоа време во Сириското царство почнаа големи буни околиу наследство на престолот после смрта на Антиохие Епифана. Јонатан ги користи тие прилики и успева да еден од претендентите на сирискиот престол да го постави за првосвештеник, кој му прети порфира и царски венец. Со тоа сириските цареви покажаа дека се одкажуваат да ги гонат Јудејците поради верата. Но Јонатана набрзо го фатија на превара и го убија. Синовите Мататиини Елеазар и Јован загинаа во војна.
Јонатановото место го зазема неговиот постар брат Симон, кој го принуди царот сириски да се одкаже од власта над Јудеа и да му ја предаде Сионската тврдна. Тогаш Јудејците го признаа Симона Макавеја за архиереј и управител свој и го утврдија ова звање и во неговиот род до доаѓањето на големиот Архиереј – Христос (143. г. пред Хр.). Од тој период Јудеја постанува самостална независна држава. Симоновиот син, Јован Хирикан I, владеел со Галилеја, Самарија, Идумеја и го разрушил храмот Хоразински, што ја зацврстило омразата помеѓу Самарјаните и Јудејците. За време на неговото владеење конечно се формираа во Јудеја две непријателски партии, фарисејска и садукејска. Овие расправии им овозможија на Римјаните да се вмешаат во работите на Јудејците. Римскиот војсководец Помпеј тргна на Ерусалим (64. г.), го освои, уби до дванаесет илјади Јудејци и го оскрнави храмот, внесувајќи во него римски знамиња, и сам со свитата влезе во Светињата над светињите. Римјанита ја одземаа од Хиркан II, внук на Хиркан I, титулата цар, и му оставија само титула првосвештеник и председништво во Синедрионот. На тој начин Јудеа подпадна под власт на Римјаните и почна да им плаќа годишен данок. (3)
ПЕРИОД НА РИМСКАТА УПРАВА
80. Цар Ирод. Очекување на Месииното доаѓање.
Религиозни секти кај Евреите пред доаѓањето на Спасителот.
Во времето на Јован Хиркан II. се возвиши Идумеецот Ирод. Тој се ожени со неговата внука Маријамном и со своето умеење постигна да Римјаните го прогласат за цар јудејски (40. г. пред Хр.). Ирод доби престол со итрина; поради тоа тој и се плашел да не му ја одземат власта и почна да ги сомничи другите. Поради тоа Ирод не шдедел никого. Тој го удавил својот шура, го убил зетот и дедото, ги казнил жената и бабата, убил два свои синови и со својата свирепост сите ги ужаснувал. Сепак, сакајќи да ја стекне љубовта на народот, тој го презида и величествено го украси храмот Ерусалимски и во време на народната сиромаштија направи многу добри дела. Но Јудејците го презирале и се тешеле со тоа, дека Господ ќе им испрати цар Месија, кој ќе ги ослободи од Римјаните и Ирод.
Јудејците го очекувале скорото доаѓање на Месијата на основа на зборовите предскажувачки кои почнаа да се исполнуваат. Така, патријархот Јаков предвидел дека кнезови и водачи од коленото Јудино ќе владеат до тогаш, додека не дојде Измирителот; а сега Јудејците биле принудени да за свој цар го признаат Ирод Идумеецот. Пророкот Данило предвидел, дека Христос ќе пострада во половината на седумдесетата седмина ( после 486 ½ год.) од излегување на декретот за обновување на Ерусалим, и ете од излегувањето на тој декретот до стапувањето навласт на Ирод над Јудеа поминало веќе 413 години. А околу тоа време на праведниот Симон Духот Свет му одкри, дека нема да умре, додека не го види Христос (Лук. 2,26).
Од предскажувањето и преслката Јудејците знаеле, кој ќе биде Месијата и што ќе направи за луѓето. Он ќе се роди во Витлеем од Дева од родот Давидов; Он ќе добие во изобилие дарови од Светиот Дух и ќе биде голем пророк Божји; од Неговата реч слепите ќе прогледаат, кривите ќе проодат, лепрозните ќе се исчистат, мртвите ќе станат. Но луѓето нема да му веруваат, ќе го предадат да умре на крстот, како злочинец, а Он со Својата смрт ќе ги одкупи од гревот и ќе ги спаси тие кои во Него веруваат, како што Мојсеевата змија од месинг ги спасувала од змииното каснување. Христос ќе биде мртов три дена, како Јона во утробата на китот, а третиот ден ќе воскресне и ќе утврди на земјата царство на правдата и љубовта, на кое нема да има крај. На Јудејците им било откриено и тоа, дека Месијата нема да биде обичен човек, туку Син Божји, Господов, дека ќе биде Богочовек. Побожните Јудејци очекувале таков Месија, Спасител. Но повеќето Јудејци беа заразени со предрасуди, неправилно ги разбираше зконите и пророците, па поради тоа имаше и неправилни поими за Месијата и очекуваше од Него земски цар, кој ќе им ги придобие на Израелците сите богатства на светот.
Едни од Јудејците, фарисеите се сметаа себеси за другари Божји од причина, што воделе потекло од Аврам и ги исполнувеле законите и обичаите отечки. И навистина, тие строго се придржувале до сите закони, но ги исполнивале само надворешно, се грижеле делата нивни да бидат во согласност со законот, но воопшто не се грижеле да нивните мисли, желби, чувства бидат законски; тие мислеле, да се изгледа побожен исто што и да се биде побожен. Горделиви со своето потекло и со надворешната праведност, фарисеите со презир гледале на незнабошците и одбивале од себе секаков несреќник, како човек кого Бог го осудил. Во Месијата тие очекувале таков цар, кој ќе ги покори под своја власт сите незнабожници, ќе направи на земјата свое вечно царство, и дека во тоа царство првите места ќе им ги даде на нив, фарисеите, како праведници.
Најмоќни непријатели на фарисеите биле садукеите. Тие ги одфрлале сите отечки обичаи, не верувале во пророци, во воскресување на умрените, во идниот живот и во суштество ангел. Од Месијата очекувале не спасение на душите, туку долг живот и земска среќа.
Освен фарисеите и садукеите постоела уште и секта јесеи. Јесеј значи тој кој се бања или кој се исцелува. Така овие луѓе се викале поради тоа, што секојдневно вршеле свештени бањања и мислеле деака со своето заколнување исцелуваат болести. Тие верувале дека злото на земјата потекнува од човековото тело, го сметале телото за темнина на душата и дело на ѓаволот и учеле, дека за спсение не се потребни жртви и дела од законот, туку строго воздржување од се, што претставува задоволство на телото; тие живееле осамено и строго се воздржувале, и очекувале да Месијата биде најголем пустиник, кој ќе ја ослободи душата човекова од нејзиниот затвор.
Очекувањето на скорешното доаѓање на Царот-Месија било толку распространето помеѓу Јудејците и прозелитите, да луѓето кои сакале да стекнат слава и почест во Палестина, често се преставувале себеси како Месија и непрекидно привлекувале многу следбеници со ветување за ослободување на Јудејците од римското робување и да ги направат господари на целиот свет.
ХРОНОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
НА ГЛАВНИТЕ НАСТАНИ НА СТАРОЗАВЕТНАТА ИСТОРИЈА
(во годините пред Христовото раѓање).
5508. Создавање на видливиот свет.
3246. Потоп.
2716. Вавилонската кула.
2о4о. Повикување на Аврам.
1825. Селењето на Јаков во Мисир.
1496. Излегување на Евреите од Мисир.
1456. Влегување на Евреите во ветената земја.
1450-1100. Период на судиите.
1100-589. Период на царевите.
1060. Давид станува цар.
1010. Ѕидање и осветување на Ерусалимскиот храм.
980. Поделба на Еврејското царство.
980-723. Израелско царство.
723. Пропаѓање на Израелското царство.
980-589. Јудејското царство.
607. Одведување во вавилонско ропство јудејски заложници.
589. Рушење на Ерусалим и храмот и одведување на сите Јудејци во ропство.
607-539. Период на вавилонското управување.
539-332. Период на персиското управување.
536. Ѕидање на другиот храм.
480. Јестира се мажи за персискиот цар.
456. Почеток на Даниловите седмини.
332-143. Период на македонското управување.
142. Симон Макавеј станува архијереј и водач.

40. Царот Ирод.
РАЃАЊЕ И ДЕТСТВО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
1.Раѓањето и воведувањето во храм на Пресвета Богородица.
Во она време кога цел свет го очекувал доаѓањето на големиот Пратеник од небото – Месијата, во Јудеја живееле побожните сопружници Јоаким и Ана. Јоаким бил од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештеникот Арон. Немајќи деца тие усрдно го молеле Бог да го симне од нив срамот во очите на Израелците, и ветиле дека детето, ако Господ им го даде, ќе го посветат да служи во храмот Божји. Бог ја слушна нивната молитва; тие добија ќерка, на која и го дадоа името Марија.
Постои старо црковно предание, дека Маријините родители, уште додека била девојче, ја довеле Марија во храмот и таму ја оставиле да служи на Господ. Девојките, посветени на Бог, воспитувани се во храмот и живееле околу него во специјални домови. По законот, првосвештеникот сите посветени на Бог ги примал и ги благословувал на вратите од храмот, а кога ја довеле Марија, првосвештеникот ја, по волја Божја, вовел во светињата над светињите, каде што и самиот можел да влегува само еднаш во годината.
Јоаким и Ана набрзо умреле, и Света Дева остана само сираче. Но нејзе Господ ја чувал. Воспитувајќи се во храмот Божји, Марија непрекинато го поминувала времето во работа, молитви и читање на Светото Писмо. Тука таа, со помош на благодетта на Светиот Дух, го сочувала своето срце од се што е неубаво, нечисто и грешно. Но таа не се занесе со чистотата на својата душа; напротив, смирена, таа била свесна дека е недостојна пред Бог, и со нетрпение го чекала ветениот Спасител на светот. Во тоа време таа се ветила на Бог да целиот живот свој остане девица. Кога наполнила четиринаесет години, свештениците во храмот, нејзините воспитувачи, сакаа да ја омажат, но таа им рече дека се ветила. Тогаш свештениците ја дадоа на нејзиниот роднина, старецот Јосиф, како вереница, и во исто време го известија, какво ветување дала на Бог. Јосиф бил дрводелец и живеел во Галилејскит град Назарет. Дева Марија се преселила во неговиот дом, како негова свршеница, и му помагала со своите рачни работи.
2. Архангеловото предвидување за раѓањето на Предвесникот.
Лук. 1,5-25.
Пророкот Малахија предвидел, дека пред Месијата ќе дојде Неговиот Предвесник, кој ќе ги подготви луѓето да го дочекаат Спасителот и ќе Го покаже, кога ќе дојде. Поради тоа Евреите, кои го очекувале Месијата, со нетрпение чекале да дојде и Неговиот Предвесник. Во тоа време, во горната земја во градот Јудин (1) живеел свештеникот Захарие и жена му Јелисавета. И двајцата биле праведни, живеејќи не порочно по сите заповеди и наредби Господови. Но Господ не им даде среќа: тие доживеаа длабока старост, а немале деца. Тие трпеливо го поднесувале ова искушение Божјо и срдечно се молеле на Господ да им го симне срамот помеѓу луѓето. (2)
Еднаш, кога на Захарие дојде ред да служи во Ерусалимскиот храм, му се случи да за време на богослужењето влезе во свтињата да кади. Влегувајќи позади завесата од светињата, тој здогледа Божји ангел каде стои од десна страна на олтарот за кадење. Захарие се уплаши и стравот завладеа со него. Но ангелот рече: “не се плаши, Захарие, бидејќи е услишена твојата молитва: жената твоја Јелисавета ќе ти роди син, и стави му име Јован. И ќе биде за тебе радост и веселба, и многумина ќе се израдуваат на неговото раѓање. Бидејќи ќе биде голем пред Бога, ќе се наполни со Светиот Дих уште во утробата на својата мајка и напред ќе дојде пред Господ Бог, во духот и силата на Илија да подготви за Господ готов народ“. Тоа предскажување го уплаши Захарие. Тогаш ангелот му рече: “Јас сум Гаврило што стојам пред Бог и испретен сум да ти ја јавам оваа радост. И еве, ќе онемеш до тој ден додека не се случи тоа, бидејќи не им веруваше на моите зборови“. Сепак, народот го чекал Захарија и се чудел зошто толку долго не излегува од Светињата. Захарие најпосле излезе. По обредот еврејски, тој бил должен да го благослови народот во името Божјо, и тој сакаше да го благослови, но почувствува дека остана нем. Тогаш со знаци покажа дека онемел: народот разбра, дека тој имал видување.
3. Благовест на Пресвета Дева Марија.
Лук. 1,26-38.
После шест месеци истиот Арханѓел Гаврил, по Божја заповед, дојде во градот Назарет. (3) Во овој мал и незначаен град, во домот на дрводелецот Јосиф, живеела Пречиста Дава Марија. Арханѓел Гаврило и рече: “радувај се благодетна! Господ е со тебе, благословена си меѓу жените!“ Овој поздрав ја уплаши Марија. Тогаш Архангелот и објасни, зошто ја нарекува благодетна: “не се плаши Марија! Бидејќи си нашла милост во Бог. И еве ќе родиш Син, и стави Му име Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му Господ Бог го даде престолот на Давид таткото Негов. И ќе царува во домот Јаковлев до век, и на Неговото царство нема да има крај. Духот Свет ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени: затоа и она што ќе се роди ќе биде свето, и ќе се нарече Син Божји“. Марија смирено го прими овој радостен глас и одговори:“Еве ја слугинката Господова: нека биде по речта твоја“. И ангелот отиде од неа.
4. Пресвета Дева Марија ја посетува Јелисавета.
Лук. 1, 39-56; Мат. 1, 18-25.
Примајќи го радосниот глас од ангелот, Дева Марија побрза кај својата роднина Јелисавета, жена на свештениот Захарија, во градот Јудин, кој бил на југ од Ерусалим. И кога Јелисавета го слушна Маријоното честитање, се наполни со Светиот Дух, викна здраво и рече: “благословена си ти помеѓу жените, и благословен е плодот во утробата твоја! И од каде на мене тоа да дојде Мајката на Господ мој кај мене? И блазесии на таа која верува; бидејќи ќе се исполни што и кажа Господ“. И рече Марија: “Го велича душата моја Господа; и се израдува духот мој на Бога, Спасот мој, што погледа на понижената слугинка Своја; бидејќи ќе ме од сега викаат блажена сите генерации“. Дева Марија престојуваше три месеци кај Јелисавета и потоа се врати во Назарет.
По Божја волја, за тајната на благовестието дознал и Јосиф. Ангелот му објави: “не се плаши да ја земеш Марија за жена своја, бидејќи тоа што во неа се зачнало од Светиот Дух е. Таа ќе роди Син, и стави Му го името Исус (Спасител); бидејќи Он ќе го спаси Својот народ од гревовите негови“.
5. Раѓање на Јован Предвесник.
Лук. 1, 57-80.
Предвидувањето на архангелот Гаврил се исполни. Захарие и Елисавета добија син.
Во осмиот ден роднините се собраа во домот на Захарие на домашен празник – да го обрежат детето. На обрежувањето се давало на детето име. Тогаш било обичај да на новороденчето му го стават татковото име, или на некого од блиските роднини. Гостите решија да новороденчето го наречат во чест на таткото Захарие, но мајката настојуваше да го наречат Јован. Тоа сите ги зачудило, особено затоа, што никој во родбината Захаријина не се викал така. Тие го прашаа Захарие, како тој сака да го вика синот. Захарие побара даска и на нејзе напиша: “Јован му е името“. Одма после тоа се отвори устат и јазикот негов, и тој фалејќи го Бога во песна изрече, кој ќе биде детето Јован: “ти дете ќе се наречеш пророк на Највисокиот, бидејќи ќе одиш напред пред лицето Господово да Му Го подготвиш патот“. Гласот за овој настан се пренесе по целата горна земја, и сите чудејќи се зборувале: што ќе биде од ова дете?
6. Христовото раѓање.
Лук. 2, 1-7.
Дошло време Спасителот да дојде на свет. По Михеевото предвидување Спасителот требало да се роди во Витлеем, местото на раѓањето на царот Давид, а Дева Марија живееле во тоа време далеку од Витлеем, во Назарет. И ете Господ направи, да Дева Марија морала да оди во Витлеем. Римскиот император Август заповедал да се изврши попис на луѓето, поради што секој Јудеец бил должен да оди во градот од кој биле неговите предци. Исполнувајќи ја царската заповед, Јосиф и Марија појдоа во Витлеем. Но кога тие таму стигнале, сите места во гостилницата биле зафатени и тие по несреќа морале да преноќат во пештера, каде овчарите го терале стадото за време на невреме. Настапи ноќта. Времето беше убаво, па затоа овчарите со стадата останаа на ливадите и не ги вознемирувале уморните патници. Таа ноќ во пештерата се случи чудесен настан: Дева Марија роди Син, Кој бил не само човек, туку во исто време и Бог, – се роди Богочовекот, Еднородениот Син Божји, една суштина со Отецот, се воплотил од Светиот Дух и Дева Марија и постана човек, т.е. постана совршен човек, не престанувајќи да биде и Бог. Дева Марија го пови божественото Дете, и Го стави во јаслите.
7. Поздрав на овчарите и обрезување Господово.
Лук. 2, 8-21.
Витлеемските овчари беа први кои се удостоија да го слушнат радосниот глас за раѓањето на Спасителот. Во среде ноќ тие го видоа ангелот Божји во необична светлина и се уплашија. Но ангелот им рече: “не се плашете, бидејќи вијавувам голема радост која ќе биде на целиот народ: денес во градот Давидов се роди Спас, кој е Христос Господ. И еве ви знак: ќе најдете дете повиено каде лежи во јаслите“. Штом овчарите го слушнаа тој глас, се појавија многу ангели кои пееја: “слава на висините (Превишниот ) на Бог, и на земјата мир, помееѓу луѓето добра волја“. Кога ангелите отидоа на небото, овчарите се договорија: “ајде до Витлеем, да видиме тоа што таму се случило што ни кажа Господ“. Тие појдоа во пештерата, здогледаа таму во јаслите повиено дете и Му се поклонија како на Бог, а потоа им раскажаа на Јосиф и на Марија се што слушнаа од ангелите. Враќајќи се во своето село, овчарите и таму раскажаа, што виделе и чуле.
Во осмиот ден по раѓањето бил извршен над детето обред обрезување, и тогаш Му го дале името Исус.
8. Поздрав на мудреците.
Мат. 2, 1-12.
Многу незнабошци од тој период очекувале исто така, да во Јудеја се појави големиот Пратеник од небото. Ова исчекување било многу распространето помеѓу учените луѓе (мудреците) во Средна Азија, каде биле раселени десет колена на народот Израелски. Занимавајќи се со наука за звездите, мудреците верувале, да секој човек има своја звезда и дека по звездата може да се дознае судбината на човекот, и затоа очекувале, дека неизбежно ќе се појави голема, необична ѕвезда, кога ќе дојде на земјата големиот Пратеник Божји. Господ на тие луѓе им испратил глас за раѓањето на Спасителот на начин, на кој тие можеле да разберат. По Негова заповед, на небото се појавила необично сјајна ѕвезда. И мудреците веднаш заклучиле, дека во Јудеја се јавил Пратеникот Божји, и тргнале таму, да Ми се поклонат.
Доаѓајки во Ерусалим, мудреците почнале да се распрашуваат: каде е царот Јудејски што се родил? Бидејќи ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме“. Во тоа време цар Јудејски бил Идумеецот Ирод. Кога до него допрел гласот за мудреците, тој се уплашил; се уплашиле и сите жители на Ерусалим. Тој ги собра првосвештениците и книжевниците народни и ги прашуваше: “каде ќе се роди Христос“? Тие му одговорија: “во Витлеем Јудејски: бидејќи така напишал пророкот“. Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците, и почна да ги испитува кога се појавила звездата, мислејќи дека по времето на нејзиното појавување ќе може да оцени и колку години има Христос. Одкако ги испраша мудреците, тој ги испрати во Витлеем, и им рече: “одете и распрашајте се убаво за Детето, па кога ќе Го најдете, јавете ми да и јас појдам да Му се поклонам“. Мудреците отидоа во Витлеем и таму видоа, дека необичната звезда, која ги водела, се сопрела над еден дом. Мудреците влегоа во тој дом, го најдоа Детето и мајката негова, Му се поклонија до земја и Го даруваа со злато, темјан и смирнов. Потоа сакаа да одат пак во Ерусалим; но во сон добија откровение од Бог, да не се враќаат кај Ирод; и по друг пат си заминаа во својата земја.
9. Сретение на Господ Исус Христос во храмот.
Лук. 2, 23-39.
Мојсеевиот закон наредувал, да секое машко новороденче се донесе пред Господ во четириесетиот ден по раѓањето. Да го направи овој обред, мајката доаѓала со детето во Божјиот храм и таму принесувала за жртва на Бог јагне од година дена и младо гулапче, а ако била сиромашна, два голуба и две гулабици. Во четириесетиот ден по раѓањето на Исус, Дева Марија исто така дојде во храмот со својот Син и принесе за жртва два млади голуби. Во храмот ги дочекал побожниот старец Симеон, на кого Светиот дух му беше објавил, дека нема да умре, додека не го види Христос Господ. По надахновение од Светиот Дух, Симеон дознал дека детето е Исус-Спасителот. Тој го зема во раце и рече: “Сега го ослободуваш со мир слугата Свој, Господе, по речта Своја; бидејќи го видоа очите мои спасението твое, кое си го подготвил пред лицето на сите народи, видело, да ги осветли незнабошците и славата на народот Твој Израелски“! Јосиф и Богородица се восхитуваа на зборовите на Симеон Богопримец. Тогаш тој и пријде на Пресвета Дева и давајќи и го детето, рече: “гледај, овој лежи да многумина ги обори и подигне во Израел, и да биде знак против кого ќе се зборува, а и тебе самата нож душатат ќе ти ја прободе“ (т.е. со Него многу ќе се соблазнат и ќе погинат, а други ќе поверуваат и ќе добијат спасение во Него; Он ќе биде предмет на несогласувања и расправии, а на Дева Марија ќе и биде така тешко, како да и е со меч срцето прободено). Во тоа време во домот била и вдовицата пророчица Ана, која имала осумдесет и четири години и која повеќе од шеесет години живеела кај храмот, посветувајќи се на пост и молитва. И таа и пристапила на Дева Марија, славејќи го Бог, и зборувала за Христос на сите, кои исчекувале спасение. Правејќи се по законот, Јосиф и Марија отидоа во својот град Назарет.
10. Бекството на светото семејство во Мисир. – Смрта на Витлеемските деца.
Враќањето во Назарет.
Мат. 2, 13-23.
Кога Јосиф дошол во Назарет, или уште на пат кон Назарет ангелот Господов му се јави во сон и му кажа: “стани, земи го Детето и Мајката Негова па бегај во Мисир, и биди таму додека не ти кажам; бидејќи Ирод ќе го бара Детето да го убие“. Јосиф ја исполни ангеловата заповед и отиде во Мисир.
Во тоа време Ирод со нетрпение ги чекал мудреците. Дознавајќи пак дека тие отпатувале во својата земја, многу се налути и нареди, па ги убија сите деца во Витлеем и неговата околина од две години па надолу. Ирод сметал дека помеѓу убиените деца сигурно ќе биде и новородениот Цар Јудејски. Заповедта царева беше исполнета. Неговите слуги убија во Витлеем четиринаесет илјади деца. (4)
Месец дена после убиството на Витлеемските деца, Ирод умре во страшни маки. Неговото царство го поделија три негови синови: Ирод Архелај стана цар на Јудеа, Самарија и Идумеја; Ирод Антипа – цар на Галилеја и Переја; а Ирод Филип – цар на Итуреја и Трахонитидската област. Тогаш ангелот Господов му заповеда на Јосиф да се врати во земјата Израелска, бидејќи изумреле тие што ја барале душата на детето. Јосиф со семејството се врати во Јудеа, но дознавајќи, дека царот на таа земја Архелај, е подозрив и свиреп, се исплаши да остане таму, и по нарочито откровение Божјо, отиде во Назарет.
11. Детето Исус во храмот.
Лук. 2, 49-52 (Мар. 6,3).
Живеејќи во Назарет, Исус растеше и се јачаше во духот, и се полнеше со премудрост, и благодета Божја беше на Него. Од овој период на Неговиот живот на нас ние познат само еден настан, кога имал дванаесет години. Јосиф и Марија строго се придржувале кон побожниот обичај да одат во Ерусалим за празникот Пасха. Кога Исус имал полни дванаесет години, тие и Него го поведоа. Деновите на празнување поминаа; сите почнаа да заминуваат по домовите; отидоа од Ерусалим и Јосиф и Марија. Сепак, Исус остана во градот. Јосиф и Марија тоа не го приметиле; тие мислеле дека Он оди со другите богомолци. Но одкако поминаа еден ден патување почнаа да Го бараат по роднини и по познаници кои во тој период ги пристигнувале порди преноќевање, и не наоѓајќи Го, се вратија во градот многу вознемирени. После три дена тие Го најдоа својот Син во храмот. Он седел помеѓу учителите, слушал и ги прашувал, и сите Го слушале, се восхитувале на Неговиот разум и одговорите. Вознемирена мајка му Му пријде и рече: “што направи со нас така? Еве таткото Твој и јас со страв Те бараме“. – “Зошто сте Ме барале? Одговорил Он. Зарем не знаете да Мене треба да Ме има во тоа што е на Отецот Мој (т.е. да работам тоа, за што Ме Отецот и испратил). Со овие зборови Он искажал, дека е Бог Негов Отец и дека Он има посебна задача од Бог. Но тие не разбраа, што им рече. А Мајката Негова ги чуваше сите зборови овие во срцето свое.
После тоа Исус се врати со Јосиф и Марија во Назарет и им беше послушен, напредувајќи во премудрост и раст, и во милоста кај Бог и кај луѓето. Он работел занает столарски.
ПОЧЕТОК НА ЈАВНАТА РАБОТА НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
1.Птоповед на Јован Предвесник во пустината.
Мат. 3, 1-12; Марк. 1, 1-8; Лук. 3, 1-18.
Јован, син Захариин, ги изгубил родителите уште во детството и проведувал осамен и строг живот во Јудејската пустина. Тој носел облека од камилини влакна, се опашувал со кожен појас, се хранел со скакулци и со див мед. По надворешниот изглед и начинот на живот тој личел на пророкот Илија. Во триесетата година Јован добил од Бог заповед да ги подготвува луѓето да го пречекаат Месијата. Оваа заповед тој ја добил, кога Јудеја веќе немала свој цар, (1) туку во нејзе владеел незнабожецот, римскиот намесник Понтие Пилат. Јован дојде на брегот на Јордан, во Јудејската пустина, и проповедал: “покајте се, бидејќи се наближи царството небесно“. Одамна веќе помеѓу Јудејците немало пророк, и затоа од сите страни доаѓале кај Јован и се крштевале кај него. Тој ги разобличувал за гревовите, им советувал да со покајување ја исчистат својата душа и така да се подготват да го пречекаат Спасителот. Фарисеите, кои се гордееле со своето потекло од Аврам, се фалеле со спроведување на законот и се сметале себеси за достојни да влезат во царството Месиино, и на садукеите кои не верувале во воскресение на мртвите, Јован им зборувал: “породи аспидини! Кој ви кажа на вас да бегате од гневот кој иде (т.е. кој ве научил, да вие со сопствена сила можете да избегате од гневот Божји). Родете значи род достоен на покајување. И не мислете и не зборувајте во себе: го имаме таткото Аврам: бидејќи ви велам дека Бог може и од овој камен да подигне деца Аврамови. Веќе и секирата кај коренот од дрвото стои; секое затоа дрво, кое на раѓа добар род, се сече и во оган се фрла“. Некои слушатели ги примија кон срцето неговите зборови и прашаа: “што ќе правиме тогаш?“ Јован им одговори: “кој има две облеки нека едната ја даде на тој кој нема; и кој има храна нека направи така.“ Му доаѓаа и даночници, цариници, и го прашуваа: “што ќе правиме?“ Како цариниците собирале данок за Римјаните, кои Јудејците ги мразеле, а освен тоа некои помеѓу нив земале повеќе одколку што треба и го угнетувале народот, па затоа Евреите ги презирале сите цариници и ги сметале за недостојни да влезат во царството Месиино. Јован им одговорил: “не барајте повеќе, одколку што ви е речено“. Го прашале војниците: “ а ние што ќе правиме?“ Јован ги убедувал да го остават сето што не било добро во нивниот живот. Често се случувало, да тие, незадоволни од платата, го грабеле туѓиот имот, ги навредувале сиромашните и ги одбивале другите за лична корист. Јован им зборуваше: “на никого да не покажувате сила, ниту некого да одбивате, и бидете задоволни со својата плата“. Тие луѓе кои пред него ги исповедале своите гревови, Јован ги крстел во Јордан за знак на нивното идно исчистување. Некои мислеле: “да не е тој Христос“ Јован им одговарал на сите: “јас ве крстам со вода за покајување; но иде по мене посилен од мене. На кого јас не сум достоен да му ги одврзам ремењата на обувките; Он ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган“.
2. Крштевањето на Исус Христос.
Мат. 3,13-17; Мар. 1, 9-11; Лук. 3, 21-23.
Кога Јован проповедал на источниот брег на Јордан, дојде кај него од Назарет Исус, да се крсти кај него. Јован Го задржуваше и зборуваше: “Ти треба мене да ме крстиш, а Ти доаѓаш кај мене?“. Но Исус должен бил да се крсти, и Јован требело да Го крсти; така Бог однапред наредил. Христос му одговорил на Јована: “остави сега, бидејќи така ни треба да ја исполниме секоја правда“. Јован послушал. Кога Исус после крштевањето излезе од вода, Јован здогледа отворено небо и Духот Божји, како гулаб каде се симнува на Исуса, и слушна глас од небото: “Ова е Синот Мој љубен, Кој е по Моја воља“. Тогаш Јован дозна дека Исус е Месија, Син Божји. Во тоа време Исус Христос имаше триесет години.
3. Испробување на Исус Христос.
Мат.4, 1-11; Мар. 1, 12-13; Лук. 4, 1-13.
После крштевањето Исус отиде во пустина, да во самотија, со молитва и пост се подготви да го исполни Своето големо дело. Четириесет дена и четириесет ноќи поминал Он во дивата пустина околу Јерихон, на една гора, без никаква храна.
Гледајќи дека Исус е необично свет човек, ѓаволот се досети дека овој човек е Месија Божји, и смисли да Го наведе на зло. Кога Христос, после четириесетдневниот пост, огладнел, испробувачот почна да му шепоти: “ако си Син Божји, кажи да овие камења постанат лебови“. Но Исус му одговори на испробувачот: “Напишано е: не живее човек од самиот леб, туку и од секој збор кој излегува од устата Божја“. (2) Тогаш ѓаволот го стави Христос на покрив на Ерусалимскиот храм и рече: “Ако си Син Божји, скокни долу; бидејќи во писмото стои дека на Ангелите Свои им заповедал за Тебе, и ќе Те земат на раце, да не закачиш за камен со ногата Своја“. Христос на тоа одговоти: “но и тоа стои запишано: немој да Го испробуваш Господ Бог свој“ ( т.е. не барај чуда од Бога). (3) Уште еднаш ѓаволот пристапи кон Исус. Тој Го одведе на висока гора, Му ги покажа сите царства на овој свет, и Му рече: “сето ова ќе ти го дадам на тебе ако паднеш и ми се поклониш“. Но Исус се одкажа од сатанината помош: “оди од Мене сатано; бидејќи стои запишано: на Господ Бог свој поклонувај се и Нему единствено служи му“. Тогаш ѓаволот замина од Господа Исуса за некој период, и Ангелите Божји пристапија и Му служеа. (4).
4.Сведоштвото на Јован Предвесник за себе и за Исус Христос.
Јован 1, 19-34.
Додека Исус бил во пустина, Јован и понатаму ги подготвувал Јудејците да Го дочекаат, и проповедајќи покајување се појавувал час на едниот, час на другиот брег на Јордан. По цела Јудеа почнаа да зборуваат дека се појавил голем пророк. Уплашен од гласовите од сите страни, Синедрион посакал да дознае, кој е тој човек кој се појавил во пустината, и испрати кај Јован свештеници и левити да го прашаат: кој е тој? Во тоа време Јован бил на источната страна од Јордан, во переја, близу до Витавара. Испратени од Синедрион дојдоа кај него и го прашаа: “кој си ти?“ Јован отворено им рече, дека тој не е Христос. Тогаш тие почнаа да го испитуваат, за кого се претставува себеси. Очекувајќи го пророкот Илија, тие го запрашаа: “дали си Илија?“ Јован им одговори:“не“. – “Дали си пророк?“ “Не“. – “Кој си?“почнаа да го прашуваат и понатаму. Јован им одговори со зборовите на пророкот Исаија: “јас сум глас на тој што вика во пустината: израмнете го патот Господов“ (т.е. јас сум човек кој проповеда во пустината и ве повикува сите да го поправите своето срце така, да Господ може да влезе во него). “Зошто, значи крштеваш, кога ти неси Христос, ни Илија, ни пророк?“ го запрашаа посланиците. “Јас крштевам со вода, одговорил Јован, а помеѓу вас стои Кого вие не го знаете. Он е Оној што ќе дојде по мене, кој беше пред мене. Јас не сум достоен да ги одврзам каишите на обувките Негови“.
А утредента Јован го здогледа Исуса, како оди кон него, и покажувајќи на Него, рече: “гледајте Јагне Божје, Кое ги зема на себе гревовите на сите. И јас не го знаев; туку затоа јас дојдов да крстам со вода, да Он се јави на Израел. Оној кој ме испрати да крстам со вода Он ми рече: на кого ќе видиш да се симнува Духот и стои на Него, тоа е Оној Кој ќе крштева со Светиот Дух. И јас видов Дух да се симнува од небото, како голуб, и стои на Него, и засведочив дека е овој Син Божји“.
5. Први ученици на Исус Христос.
Јован 1, 35-51.
Утредента Јован пак стоеше на брегот на реката со своите ученици, рибарите од Галилејскиот град Витсаиде, Андрија, син на Јон, и Јован, син Заведејев. Здогледувајќи го Исус, каде оди покрај, он им рече: “Овде е, Јагнето Божјо“. И Андрија и Јован одма тргнаа по Исус. Исус ги праша: “што сакате?“
-“Учителу, одговорија тие, каде стоиш?“ – “Дојдете и видете“, им рече Господ. Тие тргнаа по Исус и останаа со него во тој ден.
После овој разговор, Андрија (5) го најде својот брат Симон и му рече: “ние го најдовме Месијата“. Симон радосно го прими гласот за појава на Месијата и одма тргна кај Него со Андија. Погледувајќи кон него, Исус му рече: “ти си Симон, син Јонин; ти ќе се викаш Кифа, кое значи Петар (и едното и другото име означуваат камен)“. Давајќи му го на Симон ова име, Христос покажал, да ги знае и особините на неговата душа, и што од него може да се очекува во иднина.
Пратен од првите свои ученици, Исус Христос од Переја отиде во Галилеја. На пат го најде Филипа, кој бил од ист град, од кој се Андрија и Петар, и му рече: “ајде по Мене“. Наскоро Филип го најде својот познаник од Галилејскиот град Кана, Натанаил, наречен Вартоломеј, и му рече: “за кого Мојсеј во законот пиша и пророци, Го најдовме, Исуса, синот на Јосиф од Назарет“. Филиповите зборови го израдуваа: но предскажувањето, дека Христос ќе произлезе од Витлеем, му пречеше да поверува на овој глас. Тој со сомнеж одговори: “од Назарет може ли да биде нешто добро?“ Филип му рече “дојди и види“. Го виде Натанаил каде оди кај Него, Исус рече за него: “еве го правиот Израелец кај кого нема лукавство“. – “Како ме познаваш?“ го праша Натанаило. Исус одговори: “пред да го викнеш Филипа, те видов. Кога беше под смоквата“. Зборовите Христови го поразија Натанаила: се претпоставува дека со него под смоквата се случило нешто посебно. Од длабочина на душата тој рече: “Рави (Учителу), Ти си Син Божји. Ти си цар Израелов!“ На тоа Исус му одговори: “што ти кажав дека те видов под смоквата затоа веруваш: ќе видиш повеќе од тоа. Навистина ви велам: одсега ќе видите небо отворено и ангели Божји кад се качуваат и симнуваат кај Синот Човеков“.
17. Прво чудо на Исус Христос на свадбата во градот Кана.
Јован 2, 1-12.
Третиот ден одкако го повикал Натанаила, Исус со учениците доби покана за на свадба во градот Кана. Он ќе одговори на оваа покана и со Своето присуство ја благослови брачната свеченост. За време на гозбата снема вино. Домаќините многу се збунија. Пресвета Богородица го виде тоа и му рече на Синот: “нема вино“. Но Исус и одговори: “сеуште не е дојден Мојот час“. Од овој одговор Марија разбрала, дека сеуште не е дојдено тоа време, кога треба Синот Божји да ја покаже Својата божествена слава; но била убедена, дека Он неминовно ќе помогне на потребите, и затоа им рече на слугите: “што и да ви рече, направете“. Таму имаше шест големи садови за чистење. Исус заповеда да ги наполнат со вода, потоа да зафатат од нив и да однесат на кумот. Кумот вкуси и рече дека тоа е најдобро вино. Така Исус направи почеток на чудесата и ја покажа слават Своја; И учениците Негови Му поверуваа.
После тоа Исус Христос со Макјаму, браќата (6) и учениците се симна во Капернаум, град на западниот брег на Галилејското езеро, во земјата Нефталимова, каде сите останаа неколку дена.
ДЕЛА И НАУКА НА ИСУС ХРИСТОС ОД ПРВАТА ДО ВТОРАТА ПАСХА
1) Во Јудеа
18. Истерување на трговците од храмот.
Јован 2, 13-21.
На празникот Пасха Господ Исус дојде во Ерусалим. Влегувајќи во храмот, Он најде таму многу голем хаос. Продавачи на животни кои се за принесување на жртва, да би што побрзо ја распродадат стоката, се наместиле по самите внатрешни тремови и притворите на храмот, каде што стоеле и богомоителите. А тука биле и менувачите на пари со своите маси. Во храмот се изведувало купување и продавање, како на пазар. Христос направи камшик од каиш, ги избрка од храмот и продавачите и купувачте, и овците и воловите, на менувачите им ги растури парите, масите ги расфрла, а на продавачите на голуби им рече: “носете го тоа од тука, и не правете од домот на Отецот Мој дом трговски“.
Кога го видоа тоа старешините на храмот, се разлутија. Тие пристапија кон Исус Христос и Го запрашаа: “каков знак ни покажуваш, да тоа можеш да го правиш?“ Исус предвидувал дека старешините јудејски ќе Го замразат и убијат, и одговори: “разрушете го овој храм и за три дена ќе го подигнам“ (т.е. кога ќе Ме вие убиете, го рушите телото Мое, овој храм Божји, Јас за три дена ќе воскреснам; тогаш вие ќе видите, дека Јас имам власт да правам така). Со овие зборови Христос укажал на пророштвата и пресликата за смрта Месиина. Но свештениците намерно покажале дека не Го разбрале: тие само рекоа: “четириесет и шест години е граден овој храм (1), и Ти за три дена да го подигнеш?“ и отидоа.
19. Разговор на Исус Христос со Никодим.
Јован 2,23-25; 3, 1-16.
Додека престојувал во Ерусалим, Исус Христос правел чудеса, и многумина поверувале дека е Он Месија. Но нивната вера не беше силна, туку заразена со предрасуди, па поради тоа Христос не им се поверувал. Помеѓу тие кои се восхитувале на Неговите чудесии, бил фарисејот Никодим, еден од старешините Јудејски. За да слушне од устата на самиот Исус, се смета ли Он Себеси за месија, тој дојде кај него ноќе и Му рече: “Рави! Знаеме дека си учител од Бога дојден; бидејќи никој не може овие чудеса да ги прави, кои Ти Ги правиш, ако не е Бог со него!“ За време на разговорот со Никодим Исус учел, дека на човекот му е потребно да повторно се роди, па да влезе во царството Месиино, и дека Месијата ќе Ги спаси луѓето со Своето страдање. “Навистина ти велам, рече он, ако некој не се роди одозгора, не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо. Што е родено од тело, тело е; а што е родено од Дух, Дух е. Никој не се качил на небо, освен тој кој се симнал од небо, Синот човеков, Кој е на небото. (2) И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба Синот човеков да се подигне. Бидејќи Бог така го засака светот да и Синот свој еднороден го даде, да ниеден кој верува не погине, туку да има живот вечен“. Од тој период Никодим стана таен ученик на Исус Христос.
20.Последното сведоштво на Јован Предвесник за Исус Христос.
Јован 3, 22-36; 4, 1-4; Мат. 4, 12-14. 9, 13-15.
Мар. 1, 14; 6, 14-20; Лук. 3, 19-20.
Одкако поминал некое време во Ерусалим, Исус Христос замина во северните краеви на Јудеа и таму живеел и крстал; а Јован во тоа време крстел во Енон, блиску до Салим, каде што имало многу вода. Околу Јован се собирале многу луѓе; а цели илјадници се собирале околу Исуса. Тогаш помеѓу Јудејците и Јовановите ученици настана расправија околу тоа, кое крштевање подобро очистува, Јованово или Исусово? Некои Јованови ученици веруваа дека не може да има учител поголем до Јован, и му рекоа: “Рави (учителу)! Тој што беше со тебе во Јордан, за Кого ти посведочи, ете и Он крштева, и сите одат кај Него!“ Јован им одговори: “не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. Вие самите сведочите пред мене да реков: јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него. Кој има невеста млдоженец е, и кога младоженецет зборува со својата невеста, пријателот на младоженецот стои и го слуша и се радува на гласот на младоженецот. Затоа оваа радост моја се исполни: “Оној треба да расте, а јас да се намалувам“.
Тоа Јованово сведоштво за Исус било последно. Царот Галилејски, Ирод Антипа, не долго пред тоа се оженил со Иродијада, жената на Филип, братот свој. Како овој брак бил против законит, Јован го разобличувал Ирод за грев. Неговите разобличувања не и се допаднаа на злобната Иродијада. Таа се реши да го убие Јована и на тоа го наговараше и Ирода. Но Ирод не се согласуваше; тој длабоко го почитуваше пустиникот, како свет човек, се советувал со него, и понекогаш ги слушал неговите совети. За несреќа тој бил човек не постојан, безкарактерен, и Иродијада успеала да го наговори да Јована го стави во затвор. Царевите слуги го фатија Јована и го затворија во Перејската тврдина Махерон.
Сепак, Ерусалимските фарисеи се уплашија, бидејќи се зборувало дека Исус Христос се здобива со повеќе ученици и ги крсти, одколку Јован. Дознавајќи за вознемиреноста на фарисеите и за Јовановото затворање, Исус ја напушти Јудејската земја и замина во Галилеја по најблискиот пат преку Самарија.
2) Во Самарија
21. Разговорот на Исус Христос со Самарјанката.
Јован 4, 5-42.
За време на сеењето Исус дојде во плодната долина Сихемска, која се простирала помеѓу горите Гавела и Хоразина и била населена со Самарјани. Во средина на долината беше градот Сихем, кој се викал Сихар. Пред градот, од јужната страна бил кладенец кого, како што вели старото предание, го ископал патријархот Јаков. Самарјаните и Јудејците го почитувале овој кладенец.
Покрај овој кладенец седна Исус, уморен од пат. Беше пладне, време за ручек, и учениците Негови отидоа во град да купат нешто за јадење. Во тоа време една Самарјанка дојде по вода. Исус ја замоли: “дај ми да се напијам“. Таа молба ја зачуди Самарјанката, и таа рече: “како Ти, Евреин си, можеш да сакаш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Бидејќи Евреите не се мешаат со Самарјаните. И Исус и одговори: “да знаеш кој ти зборува, ти би сакала од Него и би ти дал вода жива“. “Господе! Немаш ни со што да зафатиш, а кладенецот е длабок; од каде ќе, затоа, земеш вода жива? ( вода жива кај нив се викала изворскат вода). Е дали си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец?“ Го запраша жената. Исус одговори: “Секој кој пие од оваа вода, пак ќе ожедни, а ако пие од водата која ќе му ја Јас дадам, нема да ожедне до век“. Он зборувал за Својата наука. Но Самарјанката, подразбирајќи под вода жива обична вода, рече: “Господе! дајми од таа вода да не жеднеам, ниту да доаѓам ваму на вода“. Тогаш Господ Исус и покажа, да го знае целиот нејзин живот. Нејзе тоа ја уплашило. Самарјанката виде дека Он е пророк и посака да слушне за старата расправија помеѓу Самарјаните и Јудејците. Самарјаните си подигнаа за себе храм на гората Хоризин, на гората на благословот, а Евреите објавија дека тој храм е незаконски и го срушија. Самарјанката сакала да знае, кој е прав, Јудејците или тие – Самарјаните, и рече: “татковците наши се молеа на Бог на оваа гора – (при тоа покажа на Хоразин), а вие велите дека Ерусалим е место каде треба да се молиме“. Исус и одговори: “верувај дека доаѓа време, кога нема да се молите на Отецот ни на оваа гора ниту во Ерусалим. Но доаѓа времето и дури стасало, кога правите богомолци ќе се молат на Отецот со духот и со вистината, бидејќи Отецот сака такви богомолци. Бог е дух, и кои Му се молат, со духот и со вистината треба да се молат“. Оваа наука ја зачуди Самарјанката, и таа рече: “Знам дека ќе дојде Месијата; кога Он ќе дојде ќе ни каже се“. – “Јас сум кој со тебе зборувам“, и одговори Христос. Кога тоа го слушна, жената ги остави садовите и поита во град. Таму почна да им зборува на тие кои ги среќавала: “дојдете да го видите човекот кој ми кажа се што сум направила; да не е тоа Христос? Многумина одма поитаа кај Јаковлевиот кладенец.
Тогаш дојдоа учениците Исусови. Тие се зачудија што Он зборува со Самарјанката; Но нудејќи Му да јаде, тие не покажаа дека се чудат. Исус не сакаше да јаде. “Јас имам храна за јадење, за која вие не знаете“, им рече. Ова уште повеќе ги зачуди учениците. Тие почнаа помеѓу себе да зборуваат: “веќе ако Му некој донесол да јаде?“ Господ Исус им рече: “јадењето Мое е да ја исполнам волјата на тој што ме пратил, и да Ја завршам Неговата работа. Не кажавте ли вие дека уште четири месеци, па ќе стаса жетвата? Ете, ви велам: подигнете ги очите свои и видете ги нивите како се жолти за жетва“. Учениците погледнаа на полињата и здогледаа дека сето тоа е посеано со народ. Тоа Самарјаните доѓале кон кладенецот. На молба на Самарјаните, Исус Христос отиде во Сихем и остана таму два дена. Во тоа време многу Самарјани поверуваа дека Он е Спасителот на светот, Христос.
3) Во Галилеја.
22.Исцелување на синот на царевиот човек. – Проповед на Исус Христос во Галилеја
Јован 4, 43-54; Мат. 4,17 и 23-25; 11, 28-30;
Мар. 1, 14-15; Лук. 4,14-15.
Од Сихем Исус Христос отиде во Галилеја. Галилејците Го примија со верба, бидејќи многумина помеѓу нив ги виделе чудесата, кои Он ги направил во Ерусалим во времето на празникот Пасха. Христос дојде во Кана каде некогаш ја претворил водата во вино. Овдека од Капернаум му дојде еден царев човек и Го замоли да појде со него и да му го исцели синот, кој беше на умирање. Исус му одговори: “оди, синот твој е здрав“. Царевиот човек им веруваше на зборовите Христови, и појде дома во Капернаум. На пат го сретнаа слугите и му јавија, дека синот му оздравел. “Во колку саат му беше полесно, “ги запраша таткото?“ – “Вчера во седум часот го пушти грозницата “, одговорија слугите. А во тој час Исус му и рече: “синот твој е здрав“. Царевиот човек и целата куќа негова веруваше во Исус Христос.
Од Кана Исус тргна по градовите и селата Галилејски и почна таму да проповеда за Својата наука во синагогите. Он зборувал: “помина времето и се приближи царството Божјо, царството небесно; покајте се и верувјте му на евангелието“ (3), и ги повикуваше кај Себе сите кои се несреќни, ветувајќи им дека ќе им дозволи да се одморат: “дојдете кај Мене сите кои сте уморни и натоварени, и јас ќе ве одморам. Земете го јаремот Мој на себе, и научете се од Мене; бидејќи Јас сум кроток и смирен во срцето, и ќе најдете спокој на душите свои. Бидејќи јаремот Мој е благ, и товарот Мој е лесен“.
Проповедајќи дека настапило Царството Божје, Исус Христос со Своите дела отворено им покажувал на сите, дека навистина настапило времето на посебна благодет Божја. Он ја исцелувал секоја болест кај луѓето. Глас за Него се рашири по целата земја и од сите страни Му носеле немоќни со разни болести и настапи, бесни, месечари, одземени, и Он ги исцелуваше. Сите тие исцелувања Он ги правел со еден збор, или допир. И никого не го отурнал од Себе, на никого не му одкажал помош. Сиромашни, слаби, болни, сите маченици наоѓале кај Него утеха. (4)
23. Проповедта на Исус Христос во Назаретската синагога.
Лук. 4, 16-30; мат. 4, 13-16.
Во време на патувањето по Галилеја, Исус Христос свратил и во градот Назарет, каде бил воспитан, и тука во сабота влезе во синагогата. Секој Јудеец имал право да во синагогата чита од книгата на Законот и Пророкот и да прочитаното го објасни. Исус го зазема местото на равинот. Одма Му ја дадоа книгата на пророкот Исаија, и Он Ги прочита од книгата овие зборови: “Духот Господов е на Мене; за тоа Ме помаза да Го објавам Евангелието на сиромашните; Ме испрати да исцелам скршени во срцето; да проповедам за пријатната година Господова“. Потоа, затворајќи ја книгата, ја даде на слугата, седна и почна да зборува дека на Него се исполниле прочитаните зборови на пророкот. Слушателите тоа го потврдија и се восхитуваа на зборовите на благодатта, која излегуваше од устата Негова. Но ги обземаше и неверување, дека е Он, кого Го сметале за син на дрводелецот Јосиф, би можел да биде Месијата, и во исто време очекувале, да Он и кај нив направи чудо.Знаејќи што мислат, Исус им рече: “навистина ви велам: никој пророк не е мил за време на своето постоење. Многу вдовици беа во Израел во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и кај ниедна од нив не беше испратен Илија, туку во Сарепта Сидонска кај жената вдовица. И многумина беа лепрозни во Израел за време на пророкот Јелисие; и ниеден од нив не се исчисти туку Неман Сиријанинот“. Одкако ги слушнаа овие зборови Исусови, слушателите се разлутија, Го фатија, Го изведоа надвор од градот и сакаа да Го фрлат од карпата во провалија. Но Он помина помеѓу нив, и си замина бидејќи сеуште не беше дојден часот на Неговата смрт.
Од Назарет Исус отиде во Капернаум и од тоа време се насели во тој град. Жителите на Капернаум, како и сите Галилејци, биле добри, чесни и работливи. Но Ерусалимските Јудејци гледале на нив со презир, како на луѓе нечисти кои се дружат со назнабошците, и нивната земја ја викале незнабожечка. Христос не се занимавал долго во Капернаум. Он непрекинато одел и проповедал по градовите и селата на Галилеја. Он тамо немал ни Свој дом и одседнувал, по своја прилика, во домот на Петар.
24. Чудесен риболов во Галилејското езеро.
Лук. 5, 1-11; 8, 1-3; Мат. 4, 18-23; Мар. 1, 15-20.
Еднаш, одејќи по брегот на Галилејското езеро (5), Исус ги здогледа Своите први ученици: Симон-Петар и Андрија фрлаа мрежи и понатаму од нив Јован со таткото свој Зеведиј и постариот брат, Јаков, ги собирале мрежите. По Исус одел многу народ, сакајќи да ја слушне Неговата наука. Исус влезе во бродот на Симон, одплови од брегот и од бродот почна да Го учи народот. Завршувајќи со беседата, Он го замоли Симона да заплови во подлабокото и да ја фрли мрежата.
“Учителу, одговори Симон, цела ноќ се мачевме, и ништо не уловивме; но по твојот збор ќе ја фрлам мрежата“. Мрежата беше фрлена. Симон и Андрија почнаа да ја извлекуваат, и почувствуваа дека во нејзе се фатиле многу риби, да мрежата се искинала. Тие ги повикаа на помош рибарите од другите бродови. А кога мрежата ја извадија, наполнија со уловената риба два брода. Овој чудесен риболов ги исплаши рибарите. Симон во страв падна на колена пред Исус и рече: “излези од мене Господе, јас сум човек грешен“. А Исус му одговори: “не се плаши, од сега ќе ловиш луѓе“, и потоа се заврте кон неговите другари и рече: “ајде со Мене, и ќе ве направам ловци на луѓе“. Симон-Петар, Андреја, Јаков и Јован ги оствија своите бродови и тргнаа по Исус, и од тој период не Го оставале.
Освен учениците, Исуса стално го прателе и некои жени, кои Он ги исцелил, и Му служеа со својот имот, како Марија Магдалена (од градот Магдале), од која Христос истерал седум ѓаволи, Јована, жена на Хуз, Иродов управител на дворот, Сусана и многу други.
25. Исцелување на лепрозниот.
Лук. 5, 12-16; Мат. 8,2-4.
Еднаш, кога Исус патувал по Галилеја, Му пристапи човек целиот лепрозен, (6) падна пред него ничкум и рече: “Господе, ако сакаш, можеш да ме исчистиш“. Исус го фати и рече: “сакам, исчисти се“, болеста одма исчезнала. Тогаш Господ строго го погледна исцелениот и му заповеда: “пази, на никого не кажувај, туку оди и покажи се на свештеникот и принеси жртва за исчистување свое, како заповедал Мојсеј“. Но без обзир на оваа забрана, гласовите за чудото се раширија, и многу народ доаѓаше кај Исус да го чујат и да ги исцелува од болести. Но он одел во пустината, каде го поминувал времето во молитва.
26. Исцелување на одземениот во Капернаум.
Мар. 2, 1-12; Лук. 5, 17-26; Мат. 9, 1-8.
Поминувајќи ја Галилеја, Исус Христос се врати во Капернаум. Кога жителите дознале дека Он е во еден дом, одма се собраа да Го слушнат во толку голем број, да немаше место ни на вратата. Помеѓу слушателите имаше и фарисеи, кои дојдоа од сите места на Галилеја и Јудеја, па и од самиот Ерусалим. За време на разговорот кај Исус носеле болни, и Он ги исцелувал. Сите се восхитуваа на наукта Исусова и уште повеќе на Неговите чудесии. Во тоа време четири човека донесоа на одар одземен и сакаа да го внесат во куќата, но никако не можеа да поминат од народот.Тогаш се качија на кров од куќата, го отворија кровот, го прокопаа, и одарот со одземениот го спуштија право пред нозете на Исус. Гледајќи дека овие луѓе веруваат во него, Исус му рече на одземениот: “ти се простуваат гревовите твои“. Фарисеите и книжниците почнаа да зборуваат помеѓу себе: “зошто овој така хули на Бог? Кој може да ги простува гревовите освен единствено Бог?“ Тие тогаш и не помислувале, дека чудесното исцелување од болести токму е исто дело Божје, како и простување на гревовите. Знаејќи што мислат, Исус ги запраша: “што е полесно? Да се рече на одземениот: ти се простуваат гревовите или да се рече: стани земи го одарот свој, и оди? Но да знаете дека власт има Синот човеков на земјата да ги простува гревовите, тебе ти зборувам, (Му рече на одземениот) стани и земи го одарот свој, и оди дома“. Болниот одма стана, го зема одарот на кој лежеше, и појде дома, фалејќи го и славејќи го Бог на укажаната милост. Тогаш сите се уплашија и почнаа да зборуваат: “чудесни дела сега видовме: никаде тоа не сме го виделе“.
27. Христос го повикува цариникот Матеја (Левиј) да биде Апостол.
Наука Спасителова за помилување на грешникот и за постот.
Мар. 2, 13-22; 5, 27-39; Мат. 9, 9-17.
Одкако го исцели одземениот, Исус Христос појде кон езерото; по него одеше народот. Патем Исус го здогледа цариникот како седи на царина, по име Матеја (или Левија), и му рече: “ајде по Мене“. Матеј послуша и од тоа време стана наразделен ученик Негов. Фарисеите се разбеснеа. Како стапувањето во ред на ученици Исусови било за Матеја најголема среќа, тој направи во својот дом голема прослава. На оваа прослава со Исус и Неговите ученици дојдоа и многумина цариници и грешници кои Јудејците ги презирале, и заедно со Него седнаа на трпезата. Гледајќи го тоа, Фарисеите почнаа да им префрлаат на Неговите ученици: “зошто со цариниците и со грешниците Учителот ваш јаде и пие? – Зошто и вие јадете и пието со нив?“ Исус им одговори: “на здравите не им треба лекар туку на болните. Туку одете и научете што значат зборовите од Писмото: милост сакам, а не жртви. Бидејќи Јас не дојдов да ги повикувам праведниците, туку грешниците на покајување“.
Фарисеите не ги одалечувало од Исуса само Неговото дружење со грешниците. Сметајќи дека е достоен на царството Месиино само тој кој строго ги обавува обредите, тие чудејќи се запазувале, да Исус не им заповеда на Своите ученици да постат и обавуваат обреди, не им дава од Своите молитви. Тие успеале да ги збунат учениците на Јован Предвесник кои пристапиле кон Исус, прашувајќи Го: “зошто ние и учениците фарисеи постиме многу и се молиме на Бог, а Твоите јадат и пијат?“ Исус им одговори: “е можат ли сватовите да плачат додека со нив е младоженецот? Туку ќе дојде време кога ќе се отргне од нив младоженецот, и тогаш ќе постат. (7) Бидејќи никој не става нови закрпи на стара облека; бидејќи закрпата ќе одпадне од облеката, и поголема дупка ќе биде. Ниту се става ново вино во мехови стари; старите мехови ќе се скинат и виното ќе истече, и меховите ќе пропаднат. Туку новото виното се излева во нови мехови и обете да се сочуваат.
ДЕЛАТА И НАУКАТА ХРИСТОВА ОД ТРЕТАТА ПАСХА ДО СВЕЧЕНОТО ВЛЕГУВАЊЕ НЕГОВО ВО ЕРУСАЛИМ
1)Во Галилеја.
30. Разговор на Исус Христос за значењето на отецките обичаи.
Мар. 7, 1-23; Мат. 15, 1-20.
Господ Исус не отишол во Ерусалим на празникот Пасха, бидејќи таму го барале за да Го убијат. Но непријателот не Го остави на мир ни во Галилеја. Тука дошле Ерусалимските фарисеи и книжевници и внимавале на секој Негов збор и дело. Еднаш виделе дека некои ученици Исусови седнале да јадат леб, без да ги измијат рацете, а тоа го збранувале отечките обичаи, и Му рекоа на Исус: “зошто учениците Твои не ги почитуваат обичаите на старите? Бидејќи не ги мијат рацете свои кога леб јадат“. Јудејците добро правеле, што строго ги чувале отечките обичаи; но не било добро, што овие обичаи ги ставале во ист ред со Божјите закони и понекогаш ја нарушувале непосредната заповед Божја, само да би го исполниле обичајот. Христос и тоа им го префрлил: “зошто и вие ги престапуватe заповедите Божји за обичаите на старите? Бидејќи Бог заповеда: почитувај ги татко ти и мајка ти, и кој ќе ги опцуе таткото или мајката, со смрт да умре. А вие велите: ако некој рече на татко или мајка (кои го молат за помош) корван т.е. прилог е (на Бог) штом би ти јас можел да помогнам, со тоа вие не давате ништо да направи на татко то свој или мајката своја: (1) Така сте ги прекинале заповедите Божји со своите обичаи. И вака многу се што правите. Лицемери! Добро за вас пророкувал Исаија, зборувајќи: “овие луѓе се приближуваат кон Мене со устие свои и со усните Ме почитуваат, а срцето нивно далеку стои од Мене. Но залудно Ме почитуваат, учејќи ги заповедите човекови“. Потоа Христос го повика кај Себе народот и рече: “слушнете и разберете, не го погани човекот тоа што влегува во уста; туку тоа што излегува од уста“. На молба на учениците Он вака им ги објаснил овие зборови: “од внатре, од срцето човеково излегуваат злобни мисли, прељуба, убиства, кражби, лакомство, пакост, злоба, лукавства, срамоти, злобно око, хулење на Бога, горделивост, безумие. И ова е тоа што го погани човекот“. Тогаш учениците Христови рекоа: “знаеш ли дека фарисеите кога ги слушнаа тие зборови се соблазнеа?“ А Исус им рече: “секое дрво кое не го посадил Отецот Мој небесен, ќе се искорени. Оставете ги, тие се слепи водачи на слепците; а слепец слепец ако води, и двајцата во јама ќе паднат“.
31. Исцелување на Хананејкината бесна ќерка.
Мар. 7, 24-30; Мат. 15, 21-28.
Исус Христос (после разговорот за обичаите на старите) појде со учениците на северозапад во Галилеја, во краевите Тир и Сидон. Он тука сакал да остане непознат и влезе во дом, но не можеше да се сокрие; за Неговото доаѓање дозна една незнабожачка Хананејка, чија ќерка имаше нечист дух. Среќавајќи се често со Евреите, таа знаела дека скоро ќе дојде Месијата, Кој на Својот народ ќе му ги доесе сите милости Божји. Слушајќи за чудните дела на Галилејскиот Учител, таа верувала дека е Он Син Давидов, ветениот цар Израелов. Сега овој Чудотворец дојде во краевите на нејзината татковина. Хананејката била сосема уверена, дека Он може да и помогне за нејзината неволја, се надевала дека Он, милосрден, и на нејзе грешната ќе и направи милост, па затоа, здогледувајќи го Исус, почна да вика по Него: “помилувај ме Господе, Сине Давидов! Мојата ќерка многу ја мачи ѓаволот“. Но Исус не одговори ни збор. Тогаш учениците Му пристапија молејќи: “одпушти ја, како вика по нас“. Господ им одговори: “Јас сум испратен само кај изгубените овци на домот Израелов“. Во тоа Он стигна до куќата; влезе по него и Хананејката, падна на колена пред Него, и рече: “Господе! помогни ми“. А Исус и рече: “застани прво децата да се наранат; бидејќи не е во ред да се земе леб од децата и да се фрли на кучињата“. Хананејката не сметала дека е достојна на така голема милост од Бог, како се удостоени Јудејците; но во исто време верувала, да во Бог милосрден има милост и за последниот помеѓу луѓето, и затоа одговори: “Господе! но и кучињата јадат од ронките што паѓаат од трпезата на нивните господари“. Испробувањето се заврши. Господ покажа на сите, како е голема вератаа на таа жена, и и рече: “о жено! голема е верата твоја, нека ти биде како сакаш. Излезе ѓаволот од твојата ќерка“. Одкако дојде дома, жената виде дека ќерката и оздравела.
32. Како Исус го исцелил глувонемиот, како нахранил четири илјади луѓе со седум лебови и како го исцелил слепиот во краевите преку Јордан.
Мар. 7, 31-37; 8, 1-15 и 22-26; Мат. 15, 29-39; 16, 1-4.
Од краевите Тир и Сидон Исус пак дојде кај морето Галилејско низ пределите од десет градови, и искачувајќи се на гората, седна таму.
Тогаш го доведоа кај Него глувонемиот и Го замолија да стави рака на него. Исус го тргна од народот насамо, ги стави Своите прсти во ушите негови, и плукна и го дофати јазикот негов. И погледна во небо и воздивна, и му рече “ефата“, т.е. “отвори се“. И одма му се отворија ушите, и се разврза јазикот негов, и тој почна чисто да зборува. Овдека Исус исцели и многу други болни. На исцелените им забранувал да зборуваат за тоа, но тие не ги послушаа Неговите забрани и секаде разгласуваа за Неговите чудесни исцелувања.
Се собрало многу народ, а немало ништо за јадење, Исус ги повка Своите ученици и им рече: “жал Ми е за народот, бидејќи веќе три дена стојат кај Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги пуштам гладни да не ослабат додека патуваат“. Учениците Му одговорија: “од каде ни толку леб во пустина за да се насити толку народ?“ Исус ги запраша: “колку лебови имате?“ Тие му одрговорија: “седум и малку рибчиња“. Тогаш Он му рече на народот да седне на земја, ги зема седумте леба и рибата, Му се заблагодари на Бог и им даде на учениците Свои да разделат на народот. Сите јадеа, и се заситија, и се собраа парчиња што се преполнија седум котарки полни. А народ имаше околу четири илјади, освен жени и деца. Ослободувајќи го народот, Исус седна во брод и појде во краевите на градовите Магдале и Делмануте.
И овде Му пристапија фарисеите, почнаа со Него да спорат и да бараат од Него знак од небото. Но Христос им одговори дека знак нема да добијат, освен знакот на Јона проркот. Одкако го кажа тоа, Он седна во бродот и помина на другата страна од езерото. Тука (во Ветсаида Јулија) Му доведоа слеп и Го замолија, да Го допре. Исус го зема слепиот за рака, и го изведе во полето надвор од селото, и му плукна во очи, ја стави раката на него и го запраша, дали тој гледа нешто? Тој погледа и одговори: “гледам луѓе како одат, како дрва“. Христос пак му ја стави раката на очите, и му рече да погледне. Слепиот се излекува, и почна да гледа убаво. Господ го испрати дома, велејќи му: “не влегувај во селото, ниту кажувај на некого во село“.
33. Петрово исповедување и предскажување на Господ Исус за страдањата, смрта и воскесението во Ерусалим.
Мар. 8, 27-38; Мат. 16, 13-25; Лук. 9, 18-24.
Исус Христос дојде со учениците Свои во краевите на Цесарија Филипова, во град кој бил недалеку од изворот на Јордан, во подножје на гората Ливанска. Патем ги запраша учениците: “што зборуваат луѓето, дека, кој сим Јас?“ А тие одговорија: “едни зборуваат дека си Јован Крстител, други дека си Илија, а други Јеремија, или некој друг пророк“. “А вие што мислите, кој сум Јас?“ На тоа Петар одговори: “Ти си Христос, Син на живиот Бог“. Господ му рече: “блазе си ти на теба, Симоне, сине Јонин! Бидејќи тело и крв (т.е. луѓе) тебе тоа не ти го јавиле, туку Отецот Мој кој е на небесата. А и Јас тебе ти кажувам: ти си Петар (камен), а на тој камен ќе соѕидам црква Своја, и врата пеколна ( т.е. сила на злото) нема да ја надвладее. И ќе ти ги дадам клучевите од царството небесно: и што ќе врзеш на земјата, ќе биде врзано на небесата: и што ќе разрешиш на земјата, ќе биде разрешено на небесата. (2)
После тоа Исус рече, да Он мора да оди во Ерусалим, и многу ќе нстрада од старешините, првосвештениците и книжевниците, и дека ќе Го убијат, и третиот ден ќе воскресне. “Биди милостив кон Себе си, Господе, да тоа не се случи со Тебе“ му рече на тоа Петар. Од зборовите на овој ученик се гледа, дека тој имал еврејски поими за славата Месиина и дека не го разбирал сеуште учењето за спасението на луѓето низ страдањата Христови. Поради тоа Христос и му одговори: “оди од Мене сатано; бидејќи ти не мислиш што е Божјо, туку што е човечко“, и потоа го повика народот и учениците, и рече: “кој сака по Мене да оди, нека се одкаже од себеси (не мисли за своја корист) и земи го крстот свој (сиромаштија и несреќа која Бог му ја праќа) и по Мене да оди. Бидејќи кој сака душата (живот) своја да сочува, ќе ја изгуби; а кој ја изгуби душата (животот) своја поради Мене, тој ќе ја сочува“.
34.Преображение на Господ Исус Христос.
Мар. 9, 2-13; Лук. 9, 28-36; Мат. 1-13.
Учениците на Исус Христос се уплашија многу кога слушнаа дека Го очекува страдање. Поради тоа тие имале потреба да Учителот им покаже таков знак на Своето Божество, кој би ги одржувал во верата, кога ќе Го видат да страда. Господ Исус им ја покажал својата Божествена слава.
Шест дена после разговорот со учениците за крстот кој Го чека, Исус го зема Петар, Јаков и Јована, ги поведе на гората високо сами. Старото предание зборува, дека тоа била гората Тавор. Таму Он почна да се моли, а Неговите ученици седнаа да се одморат и уморни заспаа. И кога се разбудија, тие го видоа Учителот нивни, беше опкружен со необична светлост; лицето Негово свети како сонце; облеката Му беше бела, како снег, сјајна како светлост. И тие слушнаа дека Мојсеј и Илија зборуваат со Него за смрта, која Го чека во Ерусалим. Необична радост ги наполни нивните срца при ова видување. А кога видоа, дека Мојсеј и Илија се одалечуваат од Исус, Петар повика: “Господе! добро ни е таму да сме; ако сакаш да направиме тука три сеници: Тебе една, на Мојсеј една , а една на Илија“. Наеднаш ги поклопи сјајен облак, а тие слушнаа глас од небото: “Ова е Синот Мој возљубен, Кој е по Моја волја; Него слушајте Го!“ учениците се исплашија и паднаа ничкум. Исус им пристапи, ги фати, и им рече: “станете, и не се плашете“. Тие ги подигнаа очите и видоа, дека пред нив стои Учителот во Својот обичен облик. Кога се симнуваа од гората, Исус им заповеда да не зборуваат што виделе, додека Он не воскресне од мртвите.
Учениците не разбирале што Он им зборува и се прашувале помеѓу себе: “што значи да се воскресне од мртвита?“ И Го запрашаа Исуса “зошто книжевниците велат дека Илија прво треба да дојде?“ Исус им одговори: “Илија ќе дојде прво и ќе направи се. Но ви велам, дека Илија веќе е дојден, и не го познаа; туку направја со него што сакаа; така и Синот човеков треба да пострада од нив“. Учениците тогаш мислеле дека зборува за Јован Крстител.
35. Исцелување на бесното глувонемо дете.
Мар. 9, 14-23; Лук. 9, 37-45; Мат. 17, 14-23.
Во тоа време, кога Исус бил на гората, во подножјето на гората, во долината, каде останале учениците и народот, се сличило нешто што ги збунило сите. Некој човек, одкако слушнал за чудотворната сила Исусова, го доведе кај Него својот бесен син. Не наоѓајќи го Исуса, човекот се обрати кон Неговите ученици. Учениците сакаа да го излекуваат болниот, но сите нивни напори беа залудни. Тогаш помеѓу учениците Исусови и книжевниците настана голема расправија и за време на таа расправија се симна Господ од гората. Сите му се обратија на Него. Исус ги запраша книжевниците: “што се расправате со нив?“ Пред Неговите нозе падна таткото на болното дете и рече: “Учителу! Го доведов кај Тебе синот свој, во кого е дух нем. Те молам, погледај кон него, бидејќи ми е единиц; Господе, помилувај го мојот син; бидејќи беснее на мене и се мачи многу; бидејќи многу пати паѓа во оган, и многу пати во вода и шкрта со забите, и се суши. И им реков на учениците Твои да го истераат, и не можеа“. Исус одговарајќи, рече: “о роде неверен! До кога ќе бидам со вас! До кога ќе ве трпам? Доведете го кај Мене“. Кога синот го водеа, тој одеше мирно, но штом го здогледа Исус, почна да се тепа и да се тркала по земја и да фрла пена. Исус го праша таткото: “ пред колку време ова му се случило?“ – “Од детство“, одговори таткото и почна да зборува за болеста, но маките на синот кој се тркалаше околу неговите нозе, не му дадоа снага да раскаже се и тој повика: “ако нешто можеш, помогни ни, смилувај се на нас!“ Исус Му рече дека неговата вера се колеба: “ако можеш да веруваш, се е можно за тој кој што верува“. Признавајќи ја слабоста на својата вера, несреќниот татко рече плачејќи: “верувам Господе! (но знам дека мојата вера не е таква, каква што треба да биде), помогни му на моето неверување“. Христос се сврте кон болниот и рече: “духу нем и глув! Јас ти наредувам, излези од него и повеќе не влегувај во него“. И истиот момент лошиот дух го остави детето.
Учениците го прашаа насамо Исус: “зошто ние не можевме да го истераме ѓаволот?“ Он им одговори: “за неверувањето ваше; бидејќи ви велам навистина: ако имате верба колку синапово зрно, ќе и кажете на оваа гора: помини од тука таму, и ќе помине, и ништо нема да ви биде неможно.(3) Овој род (т.е. родот на лошиот ѓавол) се протерува само со молитва и пост“.
Во време на ова патување по Галилеја, Исус им го повторил на учениците предскажувањето за Својата смрт и воскресението. “Ќе се предаде Синот човеков во рацете човекови; и ќе Го убијат, и третиое ден ќе стане“. Но тие не ги разбираа Неговите зборови, а се плашеа да Го прашаат.
36. Чудесно добивање на пари поради плаќање на данок на храм.
Мат. 17, 24-27.
После патувањето по Галилеја, Исус се врати во Капернаум. Тука му пристапија на Петар собирачи на данок на храмот и запрашаа: “зарем вашиот учител нема да даде дидрахме?“ (4). Петар одговори: “сака“. Влегоа во куќата (по своја прилика Петрова). Тогаш Христос го запраша Петра: “што мислиш Симоне? Царевите земски од кого земаат данок и арач, или од своите синови или од туѓите?“ петар одговори: “од туѓите“. – “Значи не плаќаат синовите“, рече Исус. Петар разбра, дека Исус, Кого тој сам го призна за Син Божји, не е должен да плати данок на храмот на Отецот Свој. Но Христос додаде: “Но да не ги соблазниме, оди на море (т.е. на Галилејското езеро) и фрли јадица, и која прва риба ја фатиш, земи ја, и кога ќе и отвориш уста, ќе најдеш стагир; земи го, па им дај и за мене и за сите“. (5)
37. Учење за смирението, за црковниот суд и за проштевање на навреди.
Приказна за милостивиот цар и немилостивиот заемодавач.
Мар. 9, 33-37; Мат. 18, Лук. 9, 46-48, 17, 1-4.
На пат кон Капернаум помеѓу Христовите ученици започнала расправија за тоа, кој од нив е поголем. (6) А кога стасаа дома Исус ги праша: што се расправавте по пат помеѓу себе?“ Учениците замолчеа. Тогаш Исус им рече на дванаесетмината ученици Свои: “кој сака да биде прв, нека биде од сите последен и на сите слуга“. (7) После тоа Он повика дете го пргрна и им рече: “навистина ви велам: ако не се повратите и не бидете како и деца, нема да влезете во царството небесно. Кој се понижил како ова дете, тој е најголем во царството небеско“.
“И кој ќе прими такво дете во Мое име, Мене ме прима. А кој соблазни еден мал од овие кои веруваат во Мене, подобро би му било да обеси за вратот негов воденичен камен, и да потоне во длабочините морски. Гледајте да не презрете некого од овие маливе; бидејќи ви велам да ангелите нивни на небесата еднакво го гледаат лицето на Отецот Мој небесен“.
“Ако ти згреши братот твој, оди и искарај се со него насамо; ако те послуша, си го добил братот твој. Ако ли не те послуша, кажи и на црквата (т.е. на друштвото на верните), а ако не ја послуша ни црквата, да ти биде како незнабожец и цариник. Бидејќи ви велам навистина: што и да заврзете на земјата, ќе биде заврзано и на небото, и што и да разрешите на земјата, ќе биде разрешено на небото. Бидејќи каде се двајца или тројца собрани во име Мое, таму суми Јас помеѓу нив“.
“Господе! Колку пати ако ми згреши братот мој да му простам? До седум пати? “ запраша Петар. “Не велам до седум пати, туку до семум пати по седумдесет“, одговори Исус и, да појасно го искаже учењето за проштевањето на навреди, им раскажа приказна за милостивиот цар и немилостивиот заемодавач. “Царството небесно е како човек цар кој намислил да се пресмета со своите слуги. И кога почна да се пресметува, му доведоа еден должник од десет илјади таланти. И бидејќи немаше со што да плати, заповеда неговиот господар да го продадат, и жената негова и децата, и се што има, и да му се плати. Но слугатат тој падна и му се поклонуваше, зборувајќи: господару! почекај ме, и се ќе ти платам. А господарот се сожали на слугата тој, го пушти и долгот му го прости. А кога излезе слугата тој, најде еден од своите другари, кој му должеше сто гроша, и го фати и го давеше, зборувајќи му: дај ми што си ми должен. Падна другарот негов пред неговите нозе и го молеше, зборувајќи: почекај ме и се ќе ти платам. А тој не сакаше да прости, туку го одведе и го фрли во затвор, додека не го плати долгот. Другарите негови гледајќи го тој настан, многу им беше жал, и отидоа, и му кажаа на господарот свој целиот настан. Тогаш го повика господарот негов, и му рече: зол слуго! Целиот долг тој ти го простив тебе, бидејќи ме молеше. Нели требеше да се смилуваш и ти на својот другар, како што јас се смилував на тебе? И се разлути господарот негов и го предаде на мачителите (луѓе кои ги казнувале виновиците), додека не го плати целиот свој долг. Така и Отецот Мој небесен ќе ви направи на вас, ако не му простите секој на братот свој од срцето свое“.
2)На пат од Галилеја во Ерусалим.
50. Самарјаните не го пуштаат Исус Христос во своето село.
Мисија на седумдесетмина апостоли да проповедаат.
Јован 7, 2-9; 9, 51-56; 10, 1-24.
Се приближувал празникот Градење на Сеници. Исус Христос посака да оди во Ерусалим и го одбра патот низ Самарија. И испрати напред гласници во едно село Самарјанско, да подготват каде ќе преноќи. Но Самарјаните не сакаа да го примат, бидејќи видоа дека оди во Ерусалим (8). Тогаш Јаков и Јован рекоа на својот Учител: “Господе! Сакаш ли да речеме да оган се симне од небото и да ги истерби, како што направи Илија?“ Но Господ им се закани, велејќи: “не знаете, со каков дух сте вие (т.е. не го познавате дихот на Мојата наука). Бидејќи Синот човеков не дојде да ги погуби душите човекови, туку да ги сочува“. Не примени тука, патниците отидоа во друго село.
После тоа Исус одбра уште седумдесетмина ученици и ги испрати двајца по двајца пред Себе во секој град и во место каде што Самиот ќе дојде. Давајќи им на овие седумдесетмина исти упатства и ветувања, како и на дванаесетмината, Он не им заповедал да одат само во Јудејските села; им дозволил, да одат и кај Самарјаните. Освен тоа, Он им наредил и да побрзаат, велејќи: “никого не го поздравувајте по пат“. Кога испратените се вратија, радосно зборуваа на својот Учител: “Господе! и ѓаволите ни се покоруваа во Твое име“. На тоа Господ приметил, дека не требе да се радуваат на тоа, што добиле чудотворна моќ, која им е дадена како средство да ја шират вистината, туку на тоа, што знаат во што е вистината. “Јас го видов сатаната како падна од небото како молња“, им рече Христос. “Еве ви давам власт да застанувате на змии и на шкорпии и на секоја сила непријателска, и ништо нема да ви направат. Но на тоа не му се радувајте што духовите ви се подчинуваат, туку радувајте се што вашите имиња се запишани на небесата. Блазе си им на очите што гледаат тоа што вие гледате. Бидејќи ви велам, дека многу пророци и цареви сакаа да видат тоа што вие гледате и не видоа; да слушнат тоа што вие слушнавте, и не слушнаа“.
51. Приказна за милостивиот Самарјанин.
Лук. 10, 25-37.
Еден законик, испробувајќи го Исус Христос, рече: “Учителу! Што ќе правам да добијам живот вечен?“ Наместо одговор, Христос го праша: “што е напишано во законот? “Законикот одговори: “Сакај го Господа Бога со сето срце свое, и сета душа своја, и со сета мисла своја; и ближниот свој како самиот себе“. – “Точно одговори,“ му рече Христос, “тоа прави го и ќе бидеш жив“. – “А кој е мој близок?“ запраша законикот. Спасителот му одговори со приказна за милостивиот Самарјанин: “Еден човек се симнуваше од Ерусалим во Јерихон, па го фатија ајдуци, кои го соблекоа и го испотепаа, па заминаа, оставајќи го полимртов. А одненадеш се симнуваше по овој пат некаков свештеник, и го виде и помина. Така и левитот кога беше на тоа место, пристапи, и го виде, па помина. А некој Самарјанин проаѓајќи дојде до него, и го виде, се сожали. Тој му ги преви раните и ги залеа со масло и вино; го седна на своето магаре и го доведе во гостилница, и остана покрај него. И утредента тргајќи, извади два гроша па ги даде на крчмарот, и му рече: гледај го, ако потрошиш повеќе, јас ќе ти платам, кога ќе се вратам. Што мислиш, кој од тие тројца бил поблизок на тој што го фатиле ајдуците?“ Законикот одговори: “тој кој се смилува на него“. – “Оди, и ти прави така“, му рече Исус.
52. Господ Исус ги посетува Марта и Марија.
Лук. 10, 38-42; 11, 1-4; (Мат. 6, 9-13).
Приближувајќи се на Ерусалим, Исус се врати во Витанија, во село, блиску до градот, позади Маслинската гора. Овде го прими во својот дом жена некоја Марта, која живееше со братот Лазар и сестрата Марија. Во Лазаровиот дом Исус проповедал, дека грижата за душата е поголема од сите други грижи. За тоа Му даде повод срдечниот пречек на сестрите. И двете со еднаква радост Го пречекале, но на различен начин ја покажале својата радост. Марија седна покрај нозете Исусови и ја слушаше Неговата беседа: А Марта се збуни како ќе Го угости. Уморна од работа, таа Му пријде на Учителот и рече: “Господе! зарем Ти не се грижиш што мојата сестра ме остави сама да служам? Кажи и затоа да ми помогне“. Господ Исус и одговори: “Марта! Се грижиш и се трудиш за многу, а само едно е потребно. Но Марија добар дел одбрала, кој нема да се земе од нејзе“.
Еднаш кога Исус ја заврши Својата молитва, Му рече некој од Неговите ученици, молејќи го: “Господе! научи не да се молима на Бог, како што Јован ги научи своите ученици“. Исус им рече: “Кога се молите на Бог, зборувајте: Оче наш Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја и на земјата како на небото; лебот наш потребен дај ни го секој ден; и прости ни ги гревовите наши, бидејќи и ние проштеваме на секој должник свој; и не не воведувај во искушение; туку избави не од злото“.
3)Во Ерусалим.
53. Проповед на Исус Христос за празникот Градење на сеници.
Јован 7, 10-53; 8, 1.
Дојде празникот Градење на сеници. Во Ерусалим многу се зборувало за големиот Чудотворец и многумина се распрашувале, дали дошол на празникот. За него различно се судело. Едни зборувале, дека е добар, други – дека го лаже народот. Но овие гласови се пренесувале внимателно. Народот знаел дека старешините го мразат Исус и не смеел за Него да зборува јавно. На пола од празникот Исус влезе во храмот и почна да ги учи. Јудејците се восхитуваа на Неговата наука. Секаде се слушало прашањето: “како Овој ги знае книгите, а не се учел?“ На тоа Исус одговори: “Мојата наука не е Моја, туку на Оној кој Ме испрати. Кој сака Неговата волја да ја исполнува, ќе разбере дали оваа наука е од Бога или Јас Сам од Себе ја зборувам. Нели ви даде Мојсеј на вас закон, и никој од вас не живее по законот? Зошто барате да Ме убиете?“ – “Дали ѓаволот е во Тебе? Кој бара да Те убие?“ Одговори народот. Исус продолжи: “едно дело направив, и сите се восхитувате на тоа. Мојсеј ви даде да се обрезувате; и во сабота обрезувате човек; се лутите на Мене што овој човек го исцелив во сабота. Не гледајте кој е кој кога судите, туку праведен суд донесете“. Слушателите се восхитуваа што Исус смело зборува за делото кое го направил во сабота, а старешините ништо не Му велат. Згора на тоа, на некои им паднало на памет, да не се старешините увериле дека Он е навистина Христос. Само ги бунело потеклото Исусово. “Овој знаеме од каде е, зборуваа тие, а Христос кога ќе дојде никој нема да знае од каде е“. Но други на тоа одговорија: “Кога ќе дојде Христос, дали ќе прави повеќе чуда, одколку Овој што прави?“ Слушајќи вакви зборови за Исус, фарисеите и првосвештениците испратија слуги да Го фатат и доведат во Синедрионот.
Дојде и последниот ден од празникот, најсвечениот. Тој ден свештениците зафаќаа вода од Силоамската бања, ја внесуваа во внатрешниот двор од храмот и таму заедно со вино ја излевале на жртвеникот. Овој обред значел, дека ќе дојде време кога луѓето ќе се очистат од гревовите и ќе добијат нов живот. Во тој ден Исус зборувал: “кој е жеден, нека дојде кај Мене и пие. Кој Ми верува, како што Писмото рече, од телото негово ќе потече река на вода жива“. Он тоа го кажал за Светиот Дух, Кого ќе го испрати на тие кои во Него веруваат, кога Он ќе биде прославен. А мноштвото народ кога ги слушна тие зборови почна да зборува:“ова навистина е пророк;“ други зборуваа: “зарем Христос од Галилеја ќе дојде. Нели кажа Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово, и од селото Витлеем?“ Поради оваа расправа за Исус фарисеите многу се налутија. Во тоа слугите кои беа испратени да Исуса го фатат, се вратија кај првосвештениците и фарисеите и на прашање: “зошто не Го доведовте?“ одговорија: “никој никогаш човек не зборувал како овој човек“. Фарисеите им рекоа: “Зарем и вие се излажавте? Му верува ли некој од кнезовите и фарисеите? Туку народ овој кој не ги знае законите, проклет е“. Против ваква решителна осуда на Исус Христос и поради Него и целиот народ, без никаков суд, стана еден од членовите на Синедрионот, Никодим, и рече: “Дали законот наш суди човек додека прво не го сослуша и дознае што прави?“ Но непријателите Исусови одговорија, негодувајќи: “нели си ти од Галилеја? Разгледај и види дека пророк во Галилеја не доаѓа“. Сите се разотидоа по домовите, а Исус отиде на гората Маслинска.
54. Исус Христос и прштова на грешницата која Му ја довеле фарисеите.
Јован 8, 2-11.
Утредента по празникот Градење на сеници, Исус Христос влезе во храмот, седна и почна да го учи народот. Во тоа време фарисеите доведоа кај Него жена, фатена во прељуба, и поставувајќи ја на средина, Му рекоа: “Учителу! Мојсеј во законот ни заповеда таквите со камења да ги убиеме; а Ти што велиш?“ Тие Го проверувале: ако Исус, пријател на цариник и грешник, и прости на таа жена, тие ќе Го оптужат дека го прекршува законот; а ако каже дека треб да се каменува, тие ќе ја убијат, а тоа без судот на Римјаните не би смееле да го направат, па после ќе му достават на намесникот Јудејски, дека жената ја убил народот по наговор на Исус. Се наведна, и Исус пишуваше со прстот по земја, не обрнувајќи им внимание на тие кои Го прашуваа. А кога и понатаму Го прашуваа, Исус ја подигна главата и им одговори: “кој е помеѓу вас без гревови, нека прв фрли камен на нејзе“, па пак се наведна долу, и пишуваше по земјата. Никој не се сметал за прав да прв фрли камен, и сите тужители, искарани од својата совеста, излегуваа еден по друг надвор. Пред Исус стоеше само грешницата: “Жено! Каде се тие што те тужеа? Ниеден не те осуди?“ и рече Исус. “Ни еден, Господе!“ одговори жената. А Господ и рече: “ни Јас не те осудувам (т.е. не те осудувам на смрт), оди, и од сега повеќе не греши.
55. Исцелување на човек слеп од раѓање.
Јован 9.
Гледајќи, да бројот на тие кои во Христос веруваат стално се зголемува, Синедрионот издаде одлука, да секој Јудеец, кој се осмели да Исуса го признае за Месија, ќе биде одалечен од синегогата. И Синедрионот одма доби можност да своите закани ги оствари. Излегувајќи од храмот Исус појде по градот со Своите учеици и виде човек слеп од раѓање како проси. Јудејците верувале дека секоја несреќа, која ќе го снајде човекот, е казна за гревовите негови; а ако несреќа го снајде дете, тие тоа го сметале за казна за гревовите на родителите. Поради тоа учениците Исусови и прашале: “Рави, кој згреши, или тој или родителите негови, па се роди слеп?“ А Христос одговори: “ниту тој згреши, ни родителите негови, туку да се покажат делата Божји на него. Јас треба да ги работам делата на Оној Кој Ме испрати додека е ден. Додека сум на светот, Јас сум видело на светот“. Велејќи го тоа, плукна на земјата и направи као од плунката, и ги намачка со калта очите на слепиот. И му рече: “оди, измиј се во бањата Силиомска“. Слепиот ја исполни заповедта и дојде гледајќи. Ова дело ги зачудило сите. Минувачите се восхитуваа, зборувајќи: “нели е ова тој што седеше и просеше?“ Едни зборуваа дека е тој, а други – дека само личи на него. Го прашаа исцелениот, и тој рече: “Јас сум“. Почна испрашување, на кој начин прогледал. А тој одговори: “човек кој се вика Исус, направи кал, и ги намачка очите мои, и ми рече: оди во бањата Силиамска и измиј се. А кога отидов и се измив прогледав“. На прашање: “каде е тој човек?“ тој одговори “не знам“. Го доведоа поранешниот слеп кај фарисеите. На прашање: “како прогледа?“ тој одговори: “кал ми стави на очи, се измив, и гледам“. А тој ден беше сабота. Помеѓу фарисеите настана расправа за Исус. Едни од фарисеите зборуваа: “не е овој човек од Бог, бидејќи не ги почитува саботите;“ Други им се спротивставуваа: “како може човек грешен такви чудеса да прави?“ Го прашаа исцелениот: “што велиш ти за Него што ти ги отвори очите твои?“ – “Пророк е“, одговори исцелениот. Фарисеите не веруваа за него дека бил слеп. Тие ги повикаа неговите родители и ги запрашаа: “Дали е ова вашиот син за кого вие велите дека се родил слеп? Како сега гледа?“ Но тие, плашејќи се од Јудејците, кои станаа против Исуса, одговорија: “знаеме дека тоа е нашиот син, и дека се роди слеп; а како сега гледа, не знаеме; или кој му ги отвори очите, не знаеме; тој е голем, прашајте го него, нека сам каже за себе“. Повторно го повикаа излекуваниот и му рекоа: “дај му слава на Бога; ние знаеме дека овој човек е грешен ( т.е. за своето исцелување заблагодари на Бог, а не на овој човек; Он е гршник). Исцелениот одговори: “дали е грешен, не знам; само знам дека јас бев слеп, а сега гледам. А знаеме дека Бог не ги слуша грешниците; туку тој што го почитува Бог и волјата Негова ја извршува, тој го слуша. Од како е светот не се слушнало да некој му ги отвори очите на роден слеп. Кога не би бил од Бог, не би можел ништо да направи“. Вакво отворено признавање дека Исус е Божји посланик, од како Синедрионот веќе донесол одлука против Него, многу ги разлути фарисеите. Тие објавија дека исцелениот е јавен грешник и го протераа надвор, велејќи му: “ти си се родил целиот во гревови, па зарем ти нас ќе не учиш!“
Прогонување од Синедрионот (одалечување од синагогата) била страшна казна за Јудејците. Тие им ја одземаа надежта за спасение. Но оваа осуда била незаконска, и затоа Исус објави дека исцелениот може да се надева на спасение. Господ го најде и го праша: “веруваш ли ти во Синот Божји?“ – “А кој е Господе, за да Му верувам?“ запраша исцелениот. Исус рече: “И Го виде, што зборува со тебе Он е“. А израдуван исцелениот одговори: “верувам Господе!“ и Му се поклони. И рече Исус: “Јас дојдов на суд на овој свет, да прогледаат кои не гледаат, а кои гледаат да станат слепи“. Одкако го слушнаа тоа, некои фарисеи кои беа со него, Му рекоа: “дали и ние сме слепи?“ Исус им одговори: “кога би биле слепи, не би сте имале грев; а сега зборувате дека гледате, така вашиот грев останува“.
4)Во Галилеја и на пат во Ерусалим низ пределите преку Јордан.
56. Приказна за лакомиот богаташ.
Лук. 12,13-31; Мат. 6 24-34.
Еден од слушателите Исусови Му се обрати со молба, да го реши неговиот спор со братот негов за наследство. Тој човек замислуваше дека Месија е земски цар, кој дошол на земјата да заснова земско царство и да суди во споровите помеѓу луѓето. Исус му одговори: “кој Мене ме поставил да ви судам или да ве делам?“ И потоа даде правило, кое би ги поништиле сите расправии кога би се решило: “гледајте и пазете се од лакомство, бидејќи никој не живее со тоа, што е премногу богат. Кај еден богат човек роди нивата. И мислеше во себе, зборувајќи: што ќе правам? Немам во што да ја соберам својата летина. И рече: еве вака ќе направам: ќе ги урнам силосите мои и ќе направам поголеми; и тогаш ќе ги соберам сите жита мои и добрата свои; и ќе и кажам на душата своја: душо, имаш многу имот на многу години; одмори се, јади, пиј, весели се. А Бог нему му рече: безумнику! оваа ноќ ќе ја земам душата твоја од тебе, а тоа што си го подготвил, чие ќе биде? Така се случува на тој кој за себе стекнува богатство, а не се богати во Бог (т.е. не тече тоа, што прави богатство во очите Божји)“.
“Затоа ви велам: не се грижете што ќе јадете, или што ќе пиете, и во што ќе се облечете. Душата е поважна од јадењето и телото од облеката. Отецот ваш небесен знае дека ви треба сето тоа. Погледнете ги птиците небесни, како не сеат, ниту жнеат, ниту собираат во силоси; па Отецот ваш небесен ги храни. Нели сте вие ногу поважни од нив? Не се трудат ниту предат. Но Јас ви велам дека ни Соломон во целата своја слава не се облече како еден од нив. А кога тревата по полињата која денес е, а утре се фрла во печка, Бог така облекува; а камо ли вас, маловерни? Туку барајте прво царства Божји, и правдина Негова, и тоа ќе ви се сето даде. Не се грижете значи за утре. Доволно е на секого дадено зло негово. (9)
57. Совет за стражарење и покајување.- Приказна за слугите кои чекаат да се господарот врати, и за неродната смоква.
Лук. 12, 35-48; 13, 1-9.
Убедувајќи ги Своите ученици да не се врзуваат за животните грижи, Исус им заповеда да внимаваат на себеси: “нека бидат вашите бедра спремни и свеќите запалени; а вие како луѓе кои го чекаат господарот свој кога ќе се врати од свадба, одма да му отворат кога ќе дојде и ќе чукне. Блазе си им на тие слуги кои ќе ги најде господарот кога ќе дојде а тие стражарат. Но ова знајте го: кога би знаел домаќинот во кое време ќе дојдат крадците, би слушнал и не би дозволил да го подкопаат неговиот дом. И вие затоа бидете подготвени; бидејќи во кој час не помислувате, тогаш ќе дојде Синот човеков“. Петар Го запраша: “Господе! ни ја кажуваш на нас оваа приказна, или на сите?“Исус одговори: “слугата кој ја знае желбата на господарот свој и не се подготвил, ниту направил по негова желба, ќе биде многу тепан. А кој не знае па заслужи битка, ќе биде малку тепан. На кого му е многу дадено, могу ќе се бара од него; а на кого му предадоа најмногу, највеќе ќе се бара од него“.
Во тоа време на Исус му донесоа глас дека Пилат убил неколку Галилејци во самиот храм, така да нивната крв се смешала со крвта на жртвените животни. Освен тоа, не долго пред тоа падна Силоамската кула и уби осунаесет луѓе. Исус рече: “мислите ли дека тие Галилејци биле најгрешни од сите Галилејци, бидејќи така настрадаа? Или тие осумнаесет што на нив падна кулата Силоамска и ги уби, мислите ли дека тие биле нај виновни од сите Ерусалимјани? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите така ќе погинете“. Во таа прилика Исус им раскажа приказна за неродната смоква: “еден чвек имаше смоква посадена во своето лозје, и дојде да бара род на нејзе, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: еве трета година како доаѓам и барам род на оваа смоква, и не го наоѓам; исечи ја затоа, зошто на земјата да и смета? Но лозарот одговори: “Господару! остави ја и оваа година додека ископам околу нејзе и и ставам гној; па ако роди да: ако не роди, ќе ја исечеш догодина“. (10)
58. Исцелување на згрчена жена.
Лик. 13, 10-17, 22.
Исус Христос влезе во сабота во синагогата, каде што тогаш била жена, која осумнаесет години била згрчена и не можела да се исправи. Исус ја повика и и рече: “жено! опростена си од својата болест“, и ги стави рацете на нејзе. Болната одма се исправи и го фалеше Бога. Лутејќи се на делото Исусово, старешината на синегогата му рече на народот: “шест дена се, во кои треба да се работи, во тие денови затоа доаѓајте, па се лечите, а не во ден саботен“. А Господ му одговори “Лицемеру! Секој од вас во сабота не го одврзува својот вол или магаре од јаслите, и не го води да го напои? А таа ќерка Аврамова ја врза ѓаволот и еве осумнаесет години, и не требеше ли во ден саботен да биде одврзана од таа врска?“ Исусовите непријатели се засрамија и сите замолчеа, а целиот народ се радуваше за сите Негови славни дела.
Исус продолжи по градовите и по селата, учејќи и го насочуваше Својот пат кон Ерусалим.
59. Исцелување на човек од дебелина.
Приказна за повиканите на вечера.
Лук. 14, 1-6 и 15-24.
Еднаш, еден кнез фарисејски го повика Исус кај себе да јаде леб. На ручек дојдоа многу законици и фарисеи.
Сите гледаа во Исуса. Во тоа време Му пристапи некаков човек, кој страдал од водена болест, а беше сабота. Исус ги запраша закониците и фарисеите: “дали е дозволено во сабота да се исцелува? А тие премолчеа. Тогаш Он го дофати болниот и го излекува, а на фарисеите им рече: “кој од вас не би своето магаре или вол ако падне во бунар одма не го извади во ден саботен?“ Фарисеите и на тоа не Му одговорија ништо.
За време на ручекот еден од тие што седеа со Него на трпезата, Му рече: “блазе си им на тие кои јадат леб во царството Божјо!“ Исус им одговори на тоа со приказна за повиканите на вечера. Во оваа приказна Он им кажал на Јудејците, од Бог одбраниот народ, дека станале недостојни на изборот и дека ја изгубиле милоста Божја, и дека Господ наместо нив ќе ги повика во Своето царство цариниците, гршниците и незнабошците: “Еден човек подготви голема вечера и повика многумина; и кога дојде време за вечера го испрати својот слуга да им каже на поканетите: ајдете, бидејќи е веќе се готово. И почнаа да се изговараат сите по ред. Првиот рече: купив нива, и треба да одам да ја видам, те молам, оправдај ме. И вториот рече: купив пет пара волови, и одам да ги погледам; те молам, оправдај ме. И третиот рече: се оженив, и затоа не можам да дојдам. И дојде слугата и го кажа ова на господарот свој. Тогаш се разлути домаќинот и му рече на слугата свој: оди брзо на раскрсниците и улиците градски, и доведи ги сиромашните, и куците, и осакатените, и слепите. И рече слугата: господару! направив како што рече и уште има место. А господарот му рече на слугата: излези на патиштата и помеѓу оградите, па натерај ги да дојдат да ми се наполни куќата. Бидејќи ви велам, дека ниту еден од тие повиканите луѓе нема да ја вкуси мојата вечера. Бидејќи се многу повикани, но малкумина се одбрани“.
60. Приказна за изгубената овца, и изгубениот денар и за беспутниот син.
Лук. гл. 15.
Фарисеите и книжевниците непрекидно се лутеле на Исус што ги прима цариниците и грешниците и јаде со нив. Исус во приказните за изгубената овца, за изгубениот денар и за распутниот син покажал дека Бог секогаш е готов да го прими грешникот кој се покајува и да му ја врати Својата милост. “Кој човек од вас, имајќи сто овци и изгуби една од нив не ги остава деведесет и девете во пустина и не оди по изгубената, додека не ја најде? И кога ќе ја најде ќе ја крене на рамото свое радувајќи се, и доаѓајќи дома ги повикува пријателите и соседите, зборувајќи им: радувајте се со мене: јас ја најдов изгубената овца. Ви велам, дека така ќе биде поголема радоста на небото за еден грешник кој се кае, одколку за деведесет и девет праведници, на кои не им треба покајување. – Или која жена имајќи десет денари, ако изгуби еден денар, нема да запли свеќи, и не ја смете куќата, и не бара добро, додека не најде? И одкако ќе најде, ќе ги викне другарките и соседите зборувајќи: радувајте се со мене: јас го најдов денарот изгубен. Така ви велам на вас, станува радоста на ангелите Божји за еден грешник кој се кае. – Еден човек имаше два сина. И рече помладиот од нив на таткото: дај ми дел од имотот што ми припаѓа на мене. Таткото им го подели имотот. И по тоа по неколку дена помладиот син собра се што е негово, и замина во далечна земја; а таму го потроши својот имот живеејќи беспутно. А кога потроши се, настана голема глад во таа земја, и тој се најде во голема невоља. И отиде и се приклучи кај еден човек во таа земја; а тој го испрати во своето поле да чува свињи. И сакаше да го наполни својот стомак со трошките кои ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: колку наемниците кај мојот татко имаат леб и премногу, а јас умирам од глад! Ќе станам и ќе одам кај таткото свој, па ќе му речам: татко! згрешив на небото и тебе, и повеќе не сум достоен да се наречам син твој: прими ме како еден од твоите наемници. И стана и отиде кај таткото свој. А уште кога далеку беше, го здогледа таткото негов и се сожали на него, и потрча го прегрна и го бакна. А синот му рече: „татко! згрешив и на небото и на тебе, и повеќе не сум достоен да се нарчам син твој“. Но татко му го прекина и им нареди на слугие свои, зборувајќи им: “изнесете нај убава облека и облечете го, и дајте му го прстанот на раката и обувките на нозете. И донесете теле згоено па заколете го, да јадеме и да се веселиме. Бидејќи овој мој син беше мртов, и оживеа: и изгубен беше, и се најде“. И почнаа да се веселат. Во тоа време неговиот постар син беше на поле. Враќајќи се дома, тој слушна пеење и подвикување. И повика еден од слугите и го праша: “што е тоа?“ А тој му рече: “братот твој дојде; и таткото твој закла теле згоено, зошто го видел здрав“. Се разлути постариот брат и не сакаше да влезе. Тогаш излезе таткото и почна да го вика. Но тој одговори: “ете, јас ти служам толку години, и никогаш не ги престапив твоите заповеди, па мене никогаш не си ми дал ни јаре да би се провеселил со своето друштво. А кога дојте тој твој син кој имотот го распустил, си му заклал теле згоено“. Татото му рече: “Сине! Ти секогаш си со мене, и се мое е твое. Треба да се развеселиме и да се израдуваме, бидејќи овој брат твој беше мртов, и оживе; и изгубен беше и се најде“.
61. Приказна за богаташот и Лазар.
Лук. 16, 19-31.
За да ги подучи луѓето себични и немилосрдни, какви што беа фарисеите, Исус ја раскажал приказната за богаташот и Лазар, во која е покажано каква судбина го чека немилостивиот богаташ. “Некој човек беше богат, кој се облекуваше во црвено и во свила, и живееше секој ден господски и се веселеше. А беше еден сиромав, по име Лазар, кој лежеше пред неговите врати гноен, и сакаше да се насити со трошките кои паѓаа од трпезата на богаташот; уште и кучињата доаѓаа и го лижеа неговиот гној. А кога умре сиромавиот, го однесоа ангелите во прегратка Аврамова (т.е. се удостои со блаженство, какво што заслужил Аврам). А умре и богатиот, и го закопаа: И во пеколот кога беше на маки, ги подигна очите свои и го здогледа од далеку Аврама и Лазара во прегратка негова, и повикувајќи, рече: “татко Авраме! смилувај се на мене и испрати ми го Лазара, нека го намокри во вода врвот од прстот свој, и да ми го разлади јазикот; бидејќи се мачам во овој пламен“. Но Аврам му одговори: “синко! спомни си дека ти ги прими богатствата во животот свој, а Лазар пак злото; а сега тој се теши, а ти се мачиш. И покрај сето тоа помеѓу нас поставена е голема провалија, за тие кои би сакале одовде кај вас да поминат не можат, ниту тие од таму кај нас да поминат“. Тогаш рече богаташот: “тогаш те молам татко, испрати го Лазара во куќата на мојот татко, бидејќи имам пет браќа: нека им посведочи да не би и тие дошле на ова место на мачење“. Аврам му рече: “тие ги имаат Мојсеј и пророците, нека ги слушаат нив“. Богаташот на тоа одговори: “не, татко Аврам! туку ако им дојде некој од мртвите, ќе се покајат“. Тогаш Аврам му рече: “ако не го слушаат Мојсеј и пророците, кој и да стане од мртвите, нема да веруваат“.
62. Исцелување на десет лепрозни луѓе.
Лук. 17, 11-19.
Патувајќи во Ерусалим, Исус поминуваше помеѓу Самарија и Галилеја. И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни луѓе. Деветмина беа Јудејци, а еден Самарјанин. Заедничката несреќа ги беше здружила. Лепрозните не се осмелуваа да му пријдат на Исус и само од далеку Му викаа: “Исусе, Учителу! помилувај не!“ Исус им рече: “одете и покажете се на свештениците“. Тие појдо а по пат се исчистија. Еден од нив кога виде дека се излекува се врати и Го фалеше Бога на цел глас, и падна ничкум пред Неговите нозе, и Му се заблагодари. Тоа беше Самарјанинот. А Јудејците останаа неблагодарни. Господ Исус им обрна внимание на учениците на тоа, Дека Самарјанинот постанал поголем од Јудејците кои се гордеат со својата праведност: “нели се исцелија десетмина? Каде се деветмината? Како помеѓу нив не се најде некој да се зблагодари на Бог, туку само овој туѓинец?“ и со тоа, Му се обрати на Самарјанинот, и му рече: “оди, верата твоја ти помага“.
63. Приказна за неправедниот судија и за цариникот и фарисејот.
Лук. 18, 1-14.
Да би ги научил луѓето како треба да се молат на Бог, Исус ги раскажал приказните за неправедниот судија и за цариникот и фарисејот.
Во првата приказна Спасителот покажал како треба секогаш да се моли и да не се дозволи да се досади. “Во еден град беше еден судија кој не се плашеше од Бог и не се срамеше од луѓето. А во тој град беше една сиромашна вдовица. Често таа доаѓала кај судијата, и го молела: “не ме давај на мојот ривал“. Долго време судијата не и ја исполни молбата, и најпосле рече во себе: “оваа вдовица ми досадува; ќе ја одбранам да повеќе не ми доаѓа и не досадува. Слушаш ли, што зборува неправедниот судија? А камоли Бог нема да ги одбрани своите одбрани кои Го молат ден и ноќ? Ви велам дека ќе ги одбрани брзо. Но Синот човеков кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
Во приказната за цариникот и фарисејот Исус учел, дека Бог ќе ја слушне молитвата, само ако е проткаена со смерност, свесност за човековата недостојност. “Два човека влегоа во храмот да се молат на Бог, еден фарисеј, а другиот цариник. Фарисејот се молеше вака: Боже, Ти благодарам што јас не сум како останатите луѓе: ајдуци, неправедници, прељубници, или како овој цариник. Постам два пати во неделата; давам десетина од се што имам. Сепак, цариникот одалеку стоеше, и не се осмелуваше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше во своите гради зборувајќи: Боже, милостив биди кон мене грешниот! Ви велам дека овој отиде оправдан во домот свој, а не оној. Бидејќи секој кој сам се подигнува, ќе се понижи, а кој сам се понижува, ќе се подигне“.
5)Во Ерусалим.
64. Сведоштво на Исус Христос на празникот Обновување на храмот и за Својата еднобитност со Бога Отецот.
Јован 10, 22-42.
На празникот Обновување на храмот Исус дојде во Ерусалим и шеташе во храмот по тремот Соломонов. Тука го опколија Јудејците и Му зборуваа: “до кога ќе ги мачиш душите наши? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно“. Он одговори: “Јас ви кажав, па не верувате. Делата кои ги правам Јас во умето на Отецот Свој, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци. Овците Мои го слушаат гласот Мој, и Јас ги познавам нив, и по Мене одат. И Јас ќе им дадам живот вечен, и никогаш нема да погинат, и никој нема да ги отргне од раката Моја. Отецот Мој Кој Ми Ги даде, поголем е од сите.Јас и Отецот сме едно.“ После овие зборови Јудејците земаа камења за да Го убијат. Исус ги праша: “многу добри дела ви јавив од отецот Свој; за кои од тие дела фрлате камења на Мене?“ Јудејците одговорија: “за добро дело не фрламе камења по Тебе, туку што хулиш на Бога, зошто Ти, човек си, се правиш Бог.“ Исус им одговори: “Ако не правам дела на Отецот Свој, не Ми верувате. Ако Ги правам, ако Мене и не ми верувате, на делата Мои верувајте, да познаете и верувате, дека Отецот е во Мене, и Јас сум во Него“. Евреите повторно се разбеснеа и гледаа да Го фатат; но Он пак замина од Ерусалим преку Јордан на тоа место, каде Јован пред тоа крштевал. И многумина дојдоа таму кај Него, и зборуваа да Јован не прави ни едно чудо; но се што кажа Јован за Овој беше вистина. И многумина Му веруваа таму.
6)Во краевите преку Јордан.
65. Благословување на деца – Спасителот покажува на богатото момче најсовршен пат кон спасението.
Мат. 19, 1. 2. 13-26; Мар.10, 1, 13-27; Лук. 18, 15-27.
Исус Христос дојде во краевите Јудејски преку Јордан. Тука околу него се собра многу народ. Он ги учеше и ги лекуваше болните кои Му доаѓаа. Многумина ги доведуваа децата и ги носеа доенчињата да Ги стави на нив рацете и да се помоли на Бог. Мислејќи дека децата не заслужуваат такво внимание да би Учителот поради нив се задржува, учениците им забрануваа. Кога го виде тоа, Исус бесно рече: “оставете ги децата и не им забранувајте да доаѓаат кај Мене, бидејќи е такво царството небесно. Навистина ви велам: кој не го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него“. Ги прегрна децата, Он Ги стави рацете на нив, Ги благослови, и отиде од тука.
А кога Исус, одкако ги благослови децата, излезе на пат, притрча кон Него некое момче од старешините и Го праша: “Учителу благ! Како добро да направам, за да имам живот вечен?“ Исус одговори: “зошто ме викаш благ? Никој не е благ освен единствениот Бог. (11) А ако сакаш да влезеш во живот вечен, придржувај се кон заповедите“. “Кои?“ праша тој.- “да не убиваш, не правиш прељуба, не крадеш, не сведочиш лажно, да ги почитуваш таткото и мајката, и сакај го ближниот свој како самиот себеси“, одговори Исус. Но момчето веруваше дека ги исполнило сите овие заповеди, па затоа рече: “сето ова сум го сочувал од младоста своја; што ми треба уште?“ Господ мило го погледна и рече: “ако сакаш совршен да бидеш, оди, продај се што имаш и подари им на сиромашните, и ќе имаш благо на небото, па ајде со Мене“. А кога момчето ги слушна овие зборови, се разжалости, бидејќи беше богат, и замина. Личното одкажување му се пристори над неговата сила. Тогаш Исус се обрати на тие што го опкужуваа и им рече: “деца! колку е тешко на тие кои се надеваат на своето богатство да влезат во царството Божје. Полесно и е на камилата да помине из иглени уши (12), одколку на богатиот да влезе во царството Божје“. Слушателите се уплашија од овие зборови Негови и зборуваа помеѓу себе: “значи кој може да се спаси?“ – “На луѓето им е неможно, но не и на Бог“, одговори Исус Христос.
66.Приказна за работниците во лозјето.
Мат. 19, 27-30; 20, 1-16; Мар. 10, 28-31; Лук. 18, 28-30.
Одкако Исус Му кажа на богатиот, дека само со лично одкажување го прави човекот достоен за Месииното царство, Петар Му рече: “ете, ние оставивме се, и по Тебе одиме; затоа, што ќе биде со нас?“ Исус одговори: “навистина ви велам: нема никој кој ја оставил куќата, или браќата, или сестрите, или таткото, или мајката, или децата, или земјата, т.е. царскиот имот поради Божјиот, кој нема да прими повеќе во ова време, и на оној свет живот вечен“. Но како Петар, по своја прилика мислел, дека луѓето кои поверувале пред другите, ќе треба да добијат и поголема награда, Христос го предупредувал од тие лажни мсли со приказна за слугите, кои добивале иста плата. Царството небесно е како човек домаќин, кој на сабајле рано излегува да изнајми работници за своето лозје. И пазрејќи се со работниците за грош по ден, ги испрати во лозјето свое. И излегувајќи во третиот саат (по наше време во девет сат пред пладне) виде други каде стојат на пазарот без послени, и на нив им рече: одете и вие во моето лозје и што ќе биде право ќе ви дадам вам. И тие отидоа. И пак излезе во шестиот и деветиот саат, и направи така. Најпосле, поминувајќи и во единаесет саат најде други каде стојат беспослени, и им рече: што стоите тука цел ден беспослени? Тие му одговорија: никој не не најми. Тогаш им рече: одете и вие во моето лозје, и тоа што е право ќе примите. А кога дојде вечерта, рече господарот од лозјето на доставувачот свој: повикај ги работниците и дај им плата почнувајќи од последните до првите. И тие кои дојдоа во единаесет часот примија по грош. А кога дојдоа првите, мислеа дека ќе примат повеќе, но примија и тие по грош. Затоа почнаа да викаат на господарот, зборувајќи: овие последниве работеа еден час, и ги изедначи со нас кои цел ден се мачевме и горевме. А тој одговарајќи, му рече на едниот од нив: пријателу! Јас тебе не ти правам погрешно; нели се погоди со мене за грош? Земи го своето па оди си; а јас сакам на овој последниов да му дадам како и на тебе. Или зарем јас не можам во своето да правам што сакам? Зарем окото твое е злобно што сум јас добар? – Така ќе биде последниот прв и првиот последен; бидејќи многу се повикани, но малку одбрани“.
67. Глас за Лазареват болест и одењето на Исус Христос во Јудеа.
Јован 11, 1-16.
Во Витанското семејство се случи несреќа. Лазар, братот на Марта и Марија наеднаш се разболе. Сестрите, вознемирени од таа болест, одма го известија Исуса, во Кого тие верувале и на Кого во подполност се надевале. Исус им одговори на сестрите преку гласник: “оваа болест не е на смрт, туку на Божја слава, за да се прослави Синот Божји со нејзе“. Два дена остана Исус на тоа место каде што беше. Тогаш Лазар умре. А потоа Исус им рече на учениците: “ајде пак во Јудеа“. “Рави, одговорија тие, неодамна Јудејците сакаа да Те убијат со камења, па пак сакаш да одиш тамо?“ Исус им одговори: “нели е дванаесет саати денот? Кој оди дење, не се сопнува, бидејќи го гледа светлото на овој свет; а кој оди ноќе, се сопнува, бидејќи нема светлина во него“. Велејќи го тоа, Он додаде: “Лазар, нашиот пријател заспа; одам него да го разбудам“. Исус зборувал за смрта на Лазар, а учениците помислиле, дека зборува за обичен сон, и како сонот за време на болеста е добар знак да човекот се опорави, тие одговорија: “Господе, ако заспал, ќе стане (ќе оздраве)“. Тогаш Исус отворено им кажа: “Лазар умре. И мило Ми е поради вас, што не бев таму, да верувате; туку ајде кај него“. – “Ајде и ние да умреме со Него“, рече Томо.
7)Во Јудеа.
68. Лазарево воскресение.
Јован 11, 17-46.
Кога Исус дојде во Витанија, Лазар вече четири дена беше во гроб. Марта прва дозна за Исусовото доаѓање и Му поита во пресрет, додека Марија во длабока тага седеше дома. Паѓајќи пред Исусовите нозе, Марта рече: “Господе! да беше овде немаше да умре мојот брат. А и сега знам, да што да посакаш од Бог, ќе ти даде Бог“. Исус ја потврди нејзината надеж: “братот твој ќе стане“. “Знам дека ќе стане на воскресение, во последниот ден“, одговори Марта. “Јас сум воскресение и живот: кој верува во Мене, и ако умре ќе живее. И ниеден кој живее и верува во Мене нема да умре во сите векови. Веруваш ли во ова?“ и рече Господ Исус. “Да Господе! јас верував дека си Ти Христос, Синот Божји, кој требеше да дојде на светот“, одговори таа и побрза дома, каде пополека и кажа на сестра си: “Учителот дојде и те вика“. Слушајќи го радосниот глас, Марија стана брзо и отиде кај Исус. А Исус сеуште не беше дојден во селото, туку беше на тоа место, каде Го сретна Марта. Во тоа време во домот Лазаров имаше многу Јудејци, кои дојдоа да ги утешата сестрите во тагата. Гледајќи, како Марија брзо излезе од дома, тие помислија, дека отиде на гробот на Лазар да плаче, и појдоа по нејзе. Но Марија ги помина; тие ја видоа на колена пред нозете на Исус. Марија зборуваше: “Господе! да беше Ти овде, немаше да умре мојот брат“. Плачот го стиши нејзиниот глас. Сите присутни не можеа да ги задржат солзите; Самиот Исус се згрози во духот и стана жалостен. “Каде го ставивте?“ запраша Исус. “Господе ајде да видиш“, Му одговорија. Му потекоа солзи на Исус. “Гледај како Го сакаше“, рекоа Јудејците, а некои од нив рекоа: “не можеше ли Овој Кој му ги отвори очите на слепиот да направи, да и овој не умре?“ Пријдоа до пештерата, во која било телото Лазарово. “Земете го каменот“, рече Господ Исус. Но Марта рече: “Господе, веќе смрди, бидејќи се веќе четири дена како е во гроб“. Исус и одговори: “ нели ти реков, да ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ Затоа го земаа каменот, каде што лежеше мртовецот. Тогаш Исус ги подигна очите кон небото и рече: “Оче! Ти благодарам што ме услиша. А јас знаев дека секогаш Ме слушаш; туку реков поради народот кој овде стои, да верува дека Ти Ме испрати“. И велејќи го ова, Исус викна на глас: “Лазаре, излези надвор“. Излезе мртовецот обвиткан во платно по рацете и по нозете, и лицето негово со крпа врзано. Сите стоеле уплашени; никој не појде да го одврзе. Тогаш Исус рече: “одврзете го и пуштете го нека оди“. Многумина Јудејци гледајќи го ова чудо, поверуваа во Христос, а некои од нив отидоа кај фарисеите во Ерусалим и им кажаа, што направи Исус.
69. Синедрионовата одлука против Исус и одењето на Исус Христос во градот Јефрем.
Јован 11, 47-57.
Гласот за Лазаровото воскресение, каки тоа да многумина поверувале во Христос, ги вознемирило Неговите непријатели. Тие решиле, да употребат насилство. Го повикаа големиот совет на Синедрионот. “Што ќе правиме?“ зборуваа членовите на Синедрионот. “Овој човек прави многу чуда. Ако Го оставиме така, сите ќе Го веруваат, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни ја земат земјата и народот“. (13) Председателот на Синедрионот, првосвештеникот Кајафа, го даде овој совет: “вие не знаете ништо, и не мислите дека е подобро да еден човек умре за народот, одколку целиот народ да пропадне. “Овој совет го примија и решија да Исуса го убијат, за да би се сочувал општиот мир. Дознавајќи за одлуката на Синедрионот, Исус отиде со учениците во градот Јефрем, кој бил на петнаесет километри северно од Ерусалим во дива пустина. Сепак, во Ерусалим почна да се собира народ за празникот Пасха. Насекаде се зборувало за големиот Учител од Назарет. Во храмот често се слушале прашања: “што мислите вие зошто не доаѓа на празникот?“ Овие гласови ги вознемирувале непријателите Исусови, и првосвештениците пак се состанаа на седница во Синедрионот и издадоа заповед, ако некој Го види каде е, да јави за да Го фатат.
70. Прескажувањата на Исус Христос са Својата смрт во Ерусалим. – Молба Саломиина.
Лук. 18,31-34; Мар. 10,30-45; Мат. 20, 17-28.
Од градот Јефрем Исус појде во Ерусалим, но не по правиот пат, туку преку Јерихон. Учениците со страв одеа по Него. Он им повтори на дванаесетмината ученици, дека Го во Ерусалим чекаат страдања: “еве одиме горе во Ерусалим, и се ќе се заврши што пророците пишувале за Синот човеков. Синот човекот ќе се предаде на првосвештениците и книжевниците и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на незнабошците, и ќе Го исмејуваат, и ќе Го тепаат и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат, и третиот ден ќе воскресне“. Но на учениците им беше тешко, да се ослободат од мислата за земската слава Христова, и затоа ништо од тоа што им кажа не разбраа.
Тогаш пристапи кон Исус Саломија, мајка на Јаков и Јован, и покажувајќи на своите синови, Го молеше: “заповедај им да седнат овие два мои синови, еден од десна страна од Тебе, а другиот од лева страна од Тебе, во царството Твое“. А Исус, одговарајќи на оваа молба пак повтори, дека членовите на Неговото царство не треба да очекуваат на земјата слава, туку страдања, кои Он и ги претставил по сликата Своја чашите и крштевањето. Он им рече на Јаков и Јован: “не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата која Јас ќе ја пијам, и да се крстите со крштевање со кое Јас ќе се крстам?“ Јаков и Јован одговорија: “можеме“. Тогаш Исус им рече: “значи чашата Моја ќе ја испиете, и ќе се крстите со кртевањето со кое Јас ќе се крстам; но да седнете од десна страна од Мене и лева, не можам Јас да дадам, туку на кого го подготвил Мојот Отец“. Молбата на Заведејевте синови ги разлутила останатите ученици. Исус побрза да го уништи и самиот почеток на непријателство помеѓу нив. Он им рече: “знаете дека кнезовите народни му заповедаат на народот, и поглаварите управуваат со нив. Но помеѓу вас да не биде така; туку кој сака да биде поголем помеѓу вас, да ви биде слуга. (14) Како што ни Синот човеков не дошол да Му служат, туку да служи, и да душата Своја во одкуп ја даде за многумина“.
71. Исцелување на слепиот во Јерихон и преобразување Закхејево.
Лук. 18, 25-43. 19,1-10; Мар. 10, 46-52; Мат. 20, 29-34.
На влезот во Јерихон, недалеку од градската порта, седеше слеп и просеше. Исус влегуваше во градот, пратен од толпа народ. Вревата го зема вниманието на слепиот. “Што е тоа?“ запраша. Му рекоа дека иде Исус Назаретчанецот. Тогаш слепиот почна да вика: “Исусе , сине Давидов! помилувај ме!“ Тие што одеа напред, му се заканиј да замолчи; но тој уште повеќе викаше: “сине Давидов, помлувај ме!“ Исус застана и заповеда да Му го донесат. А кога слепиот Му се приближи, го запраша: “ што сакаш да ти направам?“
-“Госоде! да прогледам“, одговори слепиот. “Прогледај, верата твоја ти помага“, му рече Исус. Слепиот одма прогледа и појде по Исус, фалејќи го Бога. И сите луѓе кои видоа, го фалеа Бога.
Исус Христос влезе во Ерихон и продолжи по улицата, која води кон Ерусалим. Во тоа време старешината царинички Закхеј сакаше да го види големиот Учител. Но како бил низок, и од народот не можеше да го види Исус, се качи на дудинка, која беше покрај патот, и на нејзе го чекаше Исуса, да помине. Поминувајќи покрај, Исус му рече: “Закхеј, симни се брзо; бидејќи денеска Ми се сака да бидам во твојата куќа“. Се израдува Закхеј на оваа голема млост, и одма побрза дома, пречекувајќи го Исуса, Му рече: “Господе! Еве пола од својот имот ќе дадам на сиромашните, и ако некого сум занесол, ќе вратам четворно“. Многумина почнаа да викаат, зошто Исус сврати кај грешен човек. На тоа викање Исус одговори: “денеска дојде спасение на оваа куќа, бидејќи је и тој син Аврамов. Бидејќи Синот човеков дојде да најде и спаси што е изгубено“.
Излегувајќи од градот, Исус сретна двајца слепи, кои Го молеа да ги излекува, нарекувајчи Го Син Давидов. Исус ги допре нивните очи, и тие се излекуваа и појдоа по Него. Еден од излекуваните слепи во Јерихон се викал Вартимеј (што значи син Тимијев).
72. Помазување со миро нозете на Исус Христос на вечерата во Витанија.
Јован 12, 1-11.
На шест дена пред Пасха Исус дојде со учениците во Витанија. Тука, по своја прилика во домот Лазаров, Му подготвија вечера. Марта ја служеше вечерата, а Лазар братот нејзин, седеше со Него на трпеза. Кога сите поседнаа, другата сестра Лазарова, Марија, земајќи литро право нардо многу ценето миро, ги помаза нозете на Исус и ги избриша со косата своја. Волкава жртва не му се допадна на Јуда Искариотски. Тој беше среброљубец, и таа страст се разви толки во него, да го направи лош човек.
Во друштвото на Христовите ученици тој бил чувар на парите, и затоа секогаш носел со себе ковчеџе, во кое ги ставал милостините. Него му беше жал за парите, што се потроши мирото. Тој веќе пресмета, колку би можел да скрие, кога тие пари би биле ставени во неговото ковчеџе, и затоа рече: “зошто ова миро не се продаде за триста гроша, и не се даде на сиромашните?“ Исус рече: “не ја закачајте нејзе; таа тоа го сочувала за денот на Мојот погреб. Бидејќи сиромашните ги имате секогаш со себе, а Мене ме немате скогаш“.
Набрзо многумина дознаа, дека Исус е во Витанија, и цели толпи одеа таму не само поради Исус, туку и да го видат Лазар кого Он го воскреснал од мртвите. Гласот за тоа ги исплаши Исусовите непријатели. И ете, во време кога светот се собирал во Витанија, првосвештениците решиле да го убијат и Лазар, бидејќи многу Јудејци поради него доаѓале и Му веруваа на Исус.
ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОД ЗЕМСКИОТ ЖИВОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
73. Свеченото влегување на Исус Христос во ерусалим.
Мат. 21, 1-17; Мар. 11, 1-11; Лук. 19, 29-44; Јован 12, 12-33.
Утредента по вечерата во домот Лазаров, Исус тргна за Ерусалим. На излезот од Витанија народот Го заобиколи. Како што одеа понатаму, групата станувала се поголема. Патниците поминаа покрај селото Витфаге, кое остана од страна пред нив. Тогаш Исус повика кај Себе двајца ученици и им рече: “одете во селото што е пред вас, и одма одкако ќе влезете во него, ќе најдете магарица врзана и магаре со нејзе, на кое никој од луѓето нема седнато; одврзете го и донесете го кај Мене, а ако некој ви рече нешто, што правите тоа, речете му: “Му требаат на Господа“, и одма ќе ги пратат ваму. Учениците отидоа во Витфагу. Меѓу тоа во Ерусалим се дознало дека пророкот Галилејски, Кој го воскресна Лазар од мртвите доаѓа во Ерусалим, и нови групи народ поитаа да Го пречекаат. Малку подоцна учениците ги донесоа магарицата и магарето, ги покрија со свои алишта, и Го седнаа Господ Исус на него. Започна свеченото и во исто време скромното поаѓање. Бавно се приближуваше Исус на Ерусалим. Чудесата кои Он ги направи, го натераа народот да верува, дека он е славниот цар Израелов, и му укажаа почест. Некои сечеа гранки од палмини дрва и ги фрлаа по патоат, други ги соблекуваа облеките од себе и ги простираа под нозете на магарето. Тој час точно се исполнија на Исус зборовите на пророкот: “кажете и на ќерката Сионова: еве царот твој доаѓа кај тебе кроток, а јава на магаре, магаре син на магарицата“.
А кога Исус се доближи веќе да се симне од гората Маслинска, почна целото мноштво ученици во радост да Го фалат Бога и да воскликнуваат: “Осана (спаси, дај среќа) Сине Давидов! Благословен кој доаѓа во име Господово, цар Израелов; Осана на висините!“ – “Учителу“, Му рекоа на Исус фарисеите, “закани им се на учениците Твои“. “Ако тие замолчат, камењата ќе повикаат“, им одговори Исус.
Симнувајќи се од гората Исус застана. Длабока тага беше испишана на лицето Негово. Он предвидуваше, дека брзо свеченото осана ќе се замени со дивото викање распни Го! Но Исус не се жалеше Себеси. Знаеше дека народот ќе го отурне Него, својот Спасител, и дека Ерусалим ќе биде разрушен. Исус заплака. “О, кога би и ти знаел во овој твој ден што е за мир твој! Но сега е скриено од очите твои. Бидејќи ќе дојде ден на тебе, и ќе те опкружат непријателите твои со ровови и ќе те опколат, и ќе те обземат од сите страни, и ќе те скршат тебе и децата твои во тебе, и нема да остават во тебе камен на камен, затоа што не го спозна времето во кое беше посетен (т.е. кога Господ те посети).
Кога Исус влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи. Свеченоста, со која Го дочекаа во градот, ги зачуди сите. “Кој е тоа?“ прашаа тие кои не го виделе Исуса. “Ова е Исус, пророкот од Назарет Галилејски“, им одговара другите, и во таа прилика раскажуваа за воскресението на Лазара. Исус влезе во храмот. Слепи и сакати Го опколија и се излекуваа. А фарисеите зборуваа помеѓу себе: “Гледате ли ништо не помага? Целиот свет оди по Него“. Во тоа децата, мавтајќи со палмини гранчиња, викаа: “Осана Сину Давидов!“ Такви почести, укажани на Исус среде домот Божји, фарисеите не можеа да поднесат. “Слушаш ли, што тие зборуваат?“ му рекоа на Исус. А Он им одговори: “да! зарем не сте никогаш го прочитале пророштвото: од устата на малите деца и кои цицаат си направил себеси благодарност?“
Тогаш во Ерусалим, помеѓу тие кои беа дојдени на празник, беа и некои Грци, кои го почитуваа вистинскиот Бог и Мојсиевиот закон. Тие пристапија кон Филип и му рекоа: “Господине, ние би сакале да го видиме Исуса“. Филип за тоа му кажа на Андриа, а потоа заедно со Андрија ја искажаа молбата на Грците на Исус. Во оваа молба Исус го виде почетокот на Својата слава, но во исто време знаел, дека славата Негова ќе почне после страдањето, и поради тоа рече: “дојде моментот да се прослави Синот човеков. Навистина ви велам: ако зрното пченично паѓајќи на земја не умре, тогаш едно останува; но ако умре, многу род ќе роди. Сега душата Моја е тажна. И што да кажам? Оче! сочувај ме од овој час; но за тоа дојдов на овој час. Оче! прослави го името Свое!“ Тогаш дојде глас од небото: “и го прославив, и пак ќе го прославам“. Сите го слушнаа гласот. Но едни зборуваа: “гром загрми“; а другите уверуваа: “ангелот Му зборува“. “Овој глас не беше поради Мене, туку поради народот. Сега е суд на овој свет; сега ќе биде истеран кнезот од овој свет надвор. И кога Јас ќе бидам подигнат од земја, сите ќе ги привлечам кон себе“. Со овие зборови Исус покажал, со каква смрт ќе умре.
Исус замина од храмот со дванаесетмината ученика во Витанија, каде и ја помина ноќта.
74. Проклетство на смоквата и протерување на трговците од храмот.
Мат. 21, 12-13; 18-22; Мар.11, 12-24; Лук. 19, 45-48.
Утредента по свеченото влегување (во понеделник) во Ерусалим Исус Христос и учениците се вратија пак од Витанија во Ерусалим. На патот Он огладне, виде покрај патот смоква, покриена со лисја, и и пријде. Но ненаоѓајќи на нејзе род, (1) Он рече: “да никогаш на тебе нема род до век“. Смоквата одма се исуши.
Влегувајќи во храмот, Исус и во оваа прилика како и во почетокот на Својата јавна работа, ги избрка од храмот продавачите и купувачите, столовите за менување и клупите на тие што продаваа голуби ги преврте, и рече: “Во Писмото стои: домот Мој, дом на молитва нека се вика на сите народи, а вие направивте од него пештера ајдучка“. Тоа го слушнаа првосвештениците и книжниците и бараа како би го убиле Исуса. Но не најдоа, што да направат со Него, бидејќи целиот народ Го слушаше. Дојде вечерта, и Исус пак отиде во Витанија.
Утрото (во вторник) Исус пак дојде во Ерусалим со учениците Свои. Патем учениците чудејчи се запазија, дека смоквата која Учителот вчера ја проколна, се исушила до корен, и Му рекоа за тоа на Господ Исус. Исус им одговори: “навистиа ви велам, ако имате вера и не се посомневате, не само на смоквата ќе направите туку и на гората оваа ако и речете: подигни се и фрли се во морето, ќе биде. И се што ќе посакате во молитва верувајќи , ќе добиете“. Гледајќи ја исушената смоква, учениците можеле да се сетат на Неговата приказна за неродната смоква, наменета за сечење и оставена за уште година дена на молба на лозарот; помина година, фарисеите не донесоа род на покајување, и Господ ги осуди.
75. Исус Христос им одговара на архијереите и на старците. Приказни за непослушниот син и синот кој се покајал, за лошите лозари и за свадбата на царевиот син.
Мат. 21, 23-46; 22, 1-14; Мар. 11, 27-33; 12, 1-12; Лук, 20, 1-19.
Кога Исус (во вторникот) влезе во храмот, пристапија кон Него првосвештениците, книжниците и старешините и Го прашаа: “кажи ни, кој Ти даде власт тоа да го правиш?“ Исус им одговори: “ и Јас ќе ве прашам еден збор, и ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам со каква власт ова го правам: крштевањето Јованово од каде дојде: дали од небото, дали од луѓето?“ Тоа прашање ги збуни тие кои Го прашуваа. Ако речеме: од небото, мислеа во себе, ќе ни рече: зошто значи не му верувавте? Ако речеме: од луѓето, целиот народ ќе не потепа со камења, бидејќи сите веруваа дека Јован беше пророк. “Не знаеме“, му одговорија на Исус. “Ни Јас нема да ви кажам, со каква власт ова го правам“, им рече Исус.
После тоа, сакајќи да ги предизвика да се покајат, Господ Исус Ги праша: “А што ви се чини? Некој човек има два сина, и тој му рече на првиот: сине мој! оди денеска работи во лозјето мое. Тој му одговори: несакам, но после се покаја па отиде. И приоѓајќи му на другиот, му рече. Овој одговори: ќе одам, и не отиде. Кој од овие двајца ја исполни волјата таткова?“ – “Првиот“, му одговорија. “Навистина ви велам, дека цариниците и грешниците пред вас ќе влезат во царството Божје. Бидејќи дојде кај вас Јован по пат праведен, и не му верувавте, а цариниците и грешниците му веруваа; и вие одкако го видовте тоа не се покајавте“. Старешините и книжницте молчеа. Тогаш Господ им раскажа друга приказна: за лошите лозари. “Слушнете ја другата приказна: беше човек домаќин кој посади лозје, го загради, и ископа во него визба, и направи кула, и го даде на лозарите, и замина. А кога се доближи времето на родот, го испрати слугата свој кај лозарите да го прими родот. А тие го фатија слугата, го истепаа, и го испратија празен. И пак испрати кај нив друг слуга; и него го тепаа со камења и му ја скршија глават, и го испратија срамотен. Го испрати и третиот, а тие и него го ранија, и го истераа. И многу други, сироти ги истепаа, а други и убија. Тогаш рече газдата на лозјето: што да правам? Да го испратам синот свој љубен: можеби ќе се засрамат кога ќе го видат него. А лозарите го видоа него и мислеа во себе, зборувајќи: ова е наследникот ајде да го убиеме наше да биде за стално. Го фатија, го извадија надвор од лозјето, и го убија“. (2) Оваа приказна Исус ја завршил прашувајќи: “Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им на прави на овие лозари?“ Старешините разбраа, дека во приказната за лошите лозари се мисли на нив, но се направија, дека таа не се однесува на нив, и одговорија божем спокојно: “виновниците со лоша смрт ќе ги убие, а лозјето ќе го даде на други лозари, кои ќе му го даваат родот на време“. И така, потврди Исус, ќе дојдат, и ќе ги убијат лозарите, и ќе го даде лозјето на други“. “Да не даде Бог“, несакајќи викна некој. Тогаш Господ Исус покажа на предскажувањето за таквата заслепеност на народот, што тие камен темелник во зградата ќе го исфрлат, како неупотреблив: “зарем не сте го прочитале во Писмото ова: каменот кој го одфрлија ѕидарите, тој стана глава од аголот? Затоа ви кажувам дека од вас ќе се земе царството Божјо, и ќе се даде на народот кој неговите плодови ги донесува“. Првосвештениците и книжниците сакаа да подигнат рука на Исуса, но се исплашија од народот, кој Исуса го сметаше за пророк.
Господ Исус уште ја раскажа и приказнта за свадбата за царевиот син, во која објаснил дека во царството Месиино наместо повиканите (Јудејци) ќе влезат незнабошците, дека градот на повиканите ќе биде запален, но ни дека сите незнабошци нема да бидат одбрани. “Царството небесно е како цар кој прави свадба на синот свој, и ги испрати слугите свои да ги повикаат гостите на свадба; и тие не сакаа да дојдат. Пак ги испрати слугите свои зборувајќи: кажете им на гистите, се е готово, дојдете на свадба. А тие не грижејќи се отидоа еден во полето свое, а друг во дуќанот свој. Се нашле и такви, кои ги фатиле слугите, ги истепале, и ги убиле. И кога го слушна тоа царот, се разлути, и ја испрати војската своја, ги уби крвниците, и градот нивни го запали. Тогаш им рече на слугите свои: значи свадбата е готова, а гостите не беа достојни. Затоа одете на раскрсниците, и кого и да го најдете повикајте го на свадба. И излегоа слугите на раскрсниците ги собраа сите кои ги најдоа, злобни и добри; и масите се наполнија со гости. Царот влезе да ги види гостите и го здогледа таму човек необлечен во свечена облека, (3) и му рече: пријателе! како си дошол без свечена облека? А тој одмолча. Тогаш царот им рече на слугите: врзете му ги рацете и нозете, па земете го и фрлете го бо најдалечната темнина: таму ќе има плачење и чкртање со забите. Бидејќи многумина се повикани, но малку се одбрани.
76. Одговорите на Исус Христос на итрите прашања: на фарисеите – за данокот на ќесарот, на садукеите – за воскресение на мртвите и на законикот – за главните заповеди.
Прашање на Исус Христос за Божественото достоинство на Месијата.
Мат. 22, 15-46; Мар. 12, 13-37; Лук. 20, 20-40.
Исус и понатаму го учеше народот во храмот, а старешините во тоа време се советуваа, како да Го фатат на зборови и да Го предадат на намесниковата власт. Намислија да Му стават такво прашење, на кое не би одговорил ниту е ниту не е , а да против Себе не го наоружа народот. Јудејците се сметаа себеси за народ Божји и мислеа, дека секој данок што го плаќаат на друг народ, е предавство кон Бог; меѓутоа, еве помина веќе една десетина од годината, како се принудени да плаќаат данок на ќесарот, на императорот Римски. Дали данокот е законски или не? И види, тие испратија кај Исус луѓе итри од фарисеи и иродовци, кои се преправаа дека се луѓе побожни, и Го прашаа: “Учителу! знаеме дека си искрен, и дека на патот Божји навистина учиш, и не се грижиш за никого, бидејќи не гледаш кој е кој. Кажи ни затоа што мислиш Ти? треба ли да му се даде арач на ќесарот, или не?“ – Што Ме проверувате, лицемери? Покажете ми ги парите од арачот“, им рече Исус. “Чиј е овој образ и натпис?“ ги запраша Исус. “На ќесарот’, одговорија. “Подајте го значи ќесаревото на ќесарот и Божјото на Бог“. Овој прост одговор ги зачуди, и тие Го оставија и заминаа.
Сега му пристапија на Исус садукеи, кои не веруваа во воскресение на мртвите. (4) Тие мислеа да Го збунат со своите прашања. “Учителу! рекоа, Мојсеј рече: ако некој умре без деца, да ја земе братот негов жената негова. Беа кај нас седум браќа; првиот се ожени и умре, и немајќи пород ја остави жената своја на братот свој. А така и вториот, и третиот, и се до седмиот. После сите умре и жената. По воскресението значи на кого од седумте ќе биде жената?“ Господ им одговори: “се лажете, не познавајќи го Писмото, ниту силите Божји. Децата на овој свет се женат и се мажат; а кој ќе се удостои да го добие оној свет и воскресение од мртвите, ниту ќе се жени, ниту ќе се мажи, туку се како ангели Божји на небото, и синови се Божји. А за мртвите да станат, нели сте читале во книгите Мојсиеви, што му рече Бог кај капината, зборувајќи: Јас сум Бог Аврамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковлев. Не е Бог на умрените, туку Бог на живите, бидејќи на него сите му се живи“. Народот повторно се воодушевуваше од мудрите одговори Исусови; и сами книжници некои рекоа: Учителу! добро кажа“.
Слушајќи фарисеите, како Исус ги збуни садукеите, пристапија кон Него, и еден од нив, законик, испробувајќи Го, праша: “која заповед е најголема во законот?“ Исус им одговори: “Првата заповед од сите: слушни Израелу! Господ е Бог наш единствен; и љуби го Господа Бога со сето свое срце и сета душа своја и целиот ум свој, и со сета сила; тоа е прва и најголема заповед. А вторатае како и оваа: љуби го ближниот свој, како самиот себе. За овие две заповеди виси целиот закон и пророците“. – “Добро, учителу! вистина кажа дека е еден Бог, и нема друг, освен Него; и да Го љубиме со сето срце, и со целиот разум и целата душа и сета сила, и да го љубиме ближниот како самите себе, поголемо е од сите жртви и прилози“, му рече на Исуса. Господ одговори на тоа: “не си далеки од царството Божје.
Тогаш Исус ги запраша фарисеите, собрани околу Него: “Што мислите за Христос? Чив Син е?“ Тие одговорија: “Давидов“. Исус пак праша: “како Давидов, по надахновение, Него Го нарекува Господе, зборувајќи: рече Господ на мојот Господ: седни до мене од десна страна, додека ги легнам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои? Кога Давид го нарекува Него Господ, кога му е Син?“ И никој не можеше да Му одговори ни збор; и од тој ден никој повеќе не смееше да Го прашува.
77. Исус Христос последен пат ги разобличува книжниците и фарисеите. Пофалба на вдовичината ревност.
Мат. 23. Мар. 12, 38-44; Лук. 20, 45-47 и 21, 1-4.
Одговарајќи на итрите прашања, Исус им се обрати на Своите ученици и на народот и во строга беседа јавно пред сите ја разобличи дволичноста на фарасеите и и им предвиде несреќа.
“На Мојсиевата столица седеа книжници и фарисеи. (5) Се затоа што ќе ви кажат да држите, да држите и да правите; но тоа што тие го прават не го правете, бидејќи зборуваат а не прават. Туку врзуваат товари тешки и незгодни за носење и ги товарат на грб на луѓето; (6) а со својот прст не сакаат да ги допрат. А сите дела ги прават да ги видат луѓето: ги шират своите амајлии, и прават големи џебови на алиштата свои. И бараат на чело на гозбите и први места по зборовите, и да им се поклонуваат по улиците, и да ги луѓето викаат: учителу! учителу!“
“Тешко на книжниците и фарисеите, лицемери, што го затворате царството небесно од луѓето; бидејќи вие не влегувате, ниту им давате на други да влегуваат кои би сакале. Тешко на вас книжниците и фарисеие, лицемери, што ги јадете куќите на вдовиците (со своето учење за корените), и лажно се молите на Бог долго; за тоа ќе бидете повеќе осудени. Тешко на вас книжниците и фарисеите, лицемери, што поминувате и море и земја за да го присвоите едниот(во јудејството), и кога ќе го присвоите, го правите син пеколен, и дупло поголем од себе. Тешко на вас водачи слепи кои зборувате: ако некој се колне со црквата, ништо е; а кој се колне со златото црковно, крив е. Будали слепи! што е поголемо, или златото, или црквата која златото го осветува. И ако некој се колне со олтарот, ништо не е тоа, а кој се колне со дарот кој е во него крив е. Будали слепи! што е поголемо или дарот, или олтар кој го дарот осветува? Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, што давате десетина од нане и од копар и од ким (евтини работи), а оставивте тоа што е најпрестижно во законот: правдата и милоста и верата; а ова требало да се прави и тоа да не се остава. Водачи слепи, кои го цедите комарецот, а камилата ја голтате. (7) Тешко на вас книжници и фарисеи, лицемери, што ја чистите однадвор чашата и садот, а од внатре се полни со грабеж и неправда. Тешко вас книжници и фарисеи, лицемери, што сте како окречени гробови, кои од надвор се гледаат убави, а внатре се полни со коски мртовечки и секаква нечистотија. Така и вие однадвор се покажувате на луѓето праведни, а однатре сте полни со лицемерие и безаконие. Тешко на вас книжници и фарисеи, лицемери, што градите гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците, и зборувате: да сме биле ние во времето на нешите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците. Со тоа само сведочите за себе, дека сте синови на тие кои ги убиле пророците. И вие ја дополнивте мерката на татковците свои. Змии и породи аспидини! како ќе побегнете пресудите за во оган пеколен? Да дојде на вас целата крв праведна, што е пролеана на земјата од крвта на Авел праведен до крвта на Захарие, синот на Варахија, кого го убивте помеѓу црквата и олтарот. Навистина ви велам дека сето ова ќе дојде на овој род“.
Исус го доврши Својот говор, обраќајки му се на Ерусалим; “Ерусалиме! Ерусалиме! кој ги убиваш пророците и ги опсипуваш со камења испратените кај тебе! Колку пати сакав да ги соберам чедата твои, како што кокошката ги собира пилињата свои под крилата, и не сакавте! Ете ќе ви остане вашата куќа пуста, бидејќи ви велам: нема Мене да ме видите до тогаш додека не речете: Благословен кој иде во името Господово. (8) Велејќи го тоа, Исус излезе од храмот.
Излегувајќи од внатрешните тремови на храмот, Исус застана кај вратата на надворешниот трем, – каде што стојат жените. Тука Он седна кон ковчегот,во кој богомолците ставаа пари и го гледаше народот како поминува. Многу богаташи спуштаа по малку. Помеѓу останатите на ковчегот му пристапи некоја сиромашна вдовица и стави во него две лепти. Таков дар изгледаше да не вреди за внимание. Но Господ Исус им го покажа на Своите ученици овој прилог. Повикувајќи ги кај Себе, Он им рече: “навистина ви велам: оваа сиромашна вдовица стави повеќе од сите. Бидејќи сите ставија во прилог на Бог од својот вишок, а таа од својата сиромаштија ја стави целата своја храна што ја имаше“.
78. Разговор на Исус Христос со учениците за рушење на храмот во Ерусалим, за крајот на свтот и за второто Негово доаѓање. Приказни за десете девојки и талантите.
Мат. 24. 25, 1-30; Мар. 13. 14,1-2; Лук. 21, 5-36.
Од храмот Исус отиде во Витанија. Еден д учениците Му рече по пат: “гледај, какви се камењата и каква градбата!“ Тогаш другите ученици почнаа да зборуваат за скапоцените украси во храмот. “Не го гледате ли сето ова?“ одговори Господ Исус. “Навистина ви велам: ќе дојде ден, во кој од сето ова што гледате нема да остане ни камен на камен, кој нема да се сруши“. Предскажувањето за рушењето на Ерусалим ги уплаши учениците. Тие мислеле, дека одма по рушењето на храмот ќе дојде и крај на светот. Они излегоа на гората Маслинска и Исус седна кон храмот да се одмори. Тогаш Патар, Јаков, Јован и Андрија се обратија на Спасителот и рекоа: “Учителу! кажи ни, кога ќе биде тоа? и каков е Твојот знак на доаѓање и крајот на светот?“ Исус им одговори: “Кога ќе видите дека Ерусалим го опколи војска, тогаш знајде дека дошло времето да опусти. И ќе паднат многу од остриците на мечот, и ќе ги одведат во ропство по сите народи; и Ерусалим ќе го газат незнабошци додека не завршат времињата на незнабошците. Навистина ви велам дека овој пораст нема да помине додека ова не се случи, А за денот и часот на доаѓањето на Синот човеков никој не знае, ниту ангелите небесни, ниту Синот, дури ни Отецот Мој сам. “Стражарете затоа, бидејќи не знаете во кој час ќе дојде Господ ваш“.
Знаците на своето доаѓање Спасителот вака ги насликал: “ќе стане народ на народ и царство на царство; и ќе биде глад и помор и земјотреси по светот. А тоа се е почеток на страдањето. Тогаш ќе ве стават на маки и ќе ве убијат, и сите народи ќе ве замразат вас поради името Мое. Ќе излезат многу лажни пророци, и ќе ги излажат многумина. И безаконието ќе се намножи многу, и ќе ја олади љубовта на многумина. А кој истрпи до крај, ќе се спаси. И ќе се проповеда ова евангелие за царството по целиот свет, за сведошто на сите народи. И тогаш ќе дојде крајот. А тешко на трудниците и на доилките во тие денови, бидејќи ќе биде голема несреќа, каква што не била од настанакот на светот до сега ниту ќе биде. И да тие денови не се скратат, никој не би останал, но поради одбраните ќе се скратат тие денови. Како што молскавицата излегува на исток и се покажува до запад, такво ќе биде доаѓањето на Синот човеков. И одма по несреќите во денот сонцето ќе се помрачи, и месечината светлината своја ќе ја изгуби, и звездите од небото ќе паднат, и силите небесни ќе се придвижат. И тогаш ќе се покаже знак на Синот човеков, како иде на облаци небесни со сила и слава голема. И ги испрати ангелите свои со голем глас на труби, и собраќа негови одбрани од четири ветра, од крајот на земјата до крајот на небото. Така и вие кога ќе го видите сето ова, знајте дека е блиску до вратата. Бидејќи како што било во времето на Ное, такво ќе биде и доаѓањето на Синот човеков. Бидејќи како што пред потопот јадеа и пиеа, се женеа и се мажеа, и не почувствуваа додека не дојде потопот и однесе се; така ќе биде и доаѓањето на Синот човеков. Но пазете се како вашеите срца не стежнеат од ждерење и пијанчење и грижите на овој свет, и да ви овој ден не дојде одненадеж. Бидејќи ќе дојде како замка на сите кои живеат по целата земја. Така, затоа, стражарете“.
“Тогаш ќе биде царството небесно како десет девојки, кои ги земаа своите светилници и излегоа во пресрет на женикот. (9) Пет од нив беа мудри а пет луди. И пете луди ги зема светилниците свои, но не земаа масло со нив. А мудрите земаа масло во садовите со светилниците свои. А бидејќи женикот доцнеше, задремаа сите и заспаа. А во полноќ почна викање: ете го женикот кај доаѓа, излезете му во пресрет. Тогаш станаа сите довојки и тие ги украсија своите светилници. А лудите им рекоа на мудрите: дајте ни од маслото ваше, бидејќи нашите светилници сакаат да се угаснат. А мудрите одговорија: да не ни снема и нас и на вас, подобро одете кај трговците и купете за себе. А кога тие застанаа да купат, дојде женикот, и спремните влегоа со него на свадба,и се затворија вратите. А после дојдоа и тие другите девојки и викаа: господару! господару! отвори ни. А он одговарајќи, им рече: навистина ви велам, не ве познавам. Стражарете, затоа, бидејќи не знаете ден ни час, во кој ќе Синот човеков дојде“.
После тоа Исус во приказната за талантите покажа, дека во времето на второто негово доаѓање ќе добијат награда само тие, кои добро ќе ја употребат моќта, дадена од Бог, и носат добар род. “Синот човеков ќе направи, како човек кој поаѓајќи ги вика слугите свои и им го предава богатството свое. И на едниот му даде пет таланти, на друг два, на трет еден. Секому спрема неговата моќ; и замина одма. Тој што прими пет таланти отиде и работеше со нив, и доби уште пет таланти. Така и тој што прими два таланти, доби и тој уште два. А по долго време дојде господарот на тие слуги, и почна да ги брои. И пристапувајќи тој што прими пет таланти, донесе уште пет таланти зборувајќи: господару! ми предаде пет таланти; еве уште пет таланти јас ги добив за нив. А господарот негов му рече: добро,слуго, добар и верен! во малку ми беше верен, над многумина ќе те поставам; влези во радост на господарот твој. А пристапувајќи и тој што прими два таланта рече: господару; ми предаде два таланта, еве уште два таланти јас ги добив за нив. А господарот негов му рече: добро, слуго добар и верен! во малку ми беше верен, над многумина ќе те поставам; влези во радост на господарот свој. А пристапувајќи и тој што прими еден талант рече: господару! знаев дека си ти тврд човек: жнееш, каде не си сеел, и собираш, каде не си веел, па се исплашив и отидов па го скрив талантот во земја; и еве ти го твоето. А господарот негов одговарајќи му рече: зол и мрзлив слуго! знаеше дека жнеам каде не сум сеел, и собирам каде не сум веел; требаше затоа, моето сребро да го дадеш на трговците, и јас кога ќе дојдев, ќе го земев своето со печалба. Земете го затоа од него талантот, и дајте му го на тој што има десет таланти. Бидејќи на секого, кој има, ќе му се даде, и ќе му претече; а од тој кој нема, и тоа што го има ќе се земе од него. И непослушниот слуга фрлете го во најдалечната темнина; таму ќе биде плачење и чкртање со забите“. Велејќи го тоа, Исус повика: “кој има уши да чуе, нека чуе“.
79. Слика на страшниот суд.
Мат. 25, 13-46; 26, 1-2.
Исус Христос покажал и тоа, зошто едни ќе ги награди, а други ќе ги казни кога ќе дојде да му суди на светот. “А кога ќе дојде Синот човеков во славата Своја и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолор на славата Своја. И ќе се соберат пред Него сите народи, и ќе ги раздели помеѓу себе, како што овчарот ги дели овците од јарците. И ќе ги постави овците од десна страна своја, а јарците од лева. Тогаш ќе рече царот на тие што стојат од десна страна: одете благословени од Отецот мој; примете го царството кое ви е подготвено од постанок на светот. Бидејќи огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев, ме напоивте; гостин бев ме примивте. Гол бев и ме облековте; болен бев ме посетивте ; во зтвор бев и дојдовте кај мене. Тогаш ќе му одговорат праведниците, зборувајќи: Господе! кога те видовме гладен, и те нахранивме? Или гол и те облековме? Кога ли те видовме болен или во затвор, и дојдовме кај тебе? И одговарајќи им царот, ќе им каже: навистина ви велам: кога им направивте на еден од овие мои најмали браќа, мене ми направивте. Тогаш ќе им рече и на тие што му стојат од лева страна: одете од мене проклети во оган вечен, преправени ѓаволи во ангели негови. Бидејќи огладнев, и не ми дадовте да јадам; ожеднев, и не ме напоивте; гостин бев, и не ме примивте; гол бев, и не ме облековте; болен и во затвор бев, и не ме посетивте. Тогаш ќе му одговорат и тие, зборувајќи: Господе кога те видовме гладен и жеден, или гостин, или гол, или болен или во затвор, и не те послуживме? Тогаш ќе им одговори, зборувајќи: навистина ви велам: кога не му направивте на еден од овие мои мали браќа, ни мене не ми направивте. И тие ќе заминат во вечни маки, а праведниците во живот вечен“.
Завршувајќи го разговорот со учениците, Исус им рече: “Знаете дека за два дена ќе биде Пасха, и Синот човеков ќе го предадат да го разапнат“. После тоа решително и точно сведоштво за Својата смрт, Господ Исус стана и замина во Витанија.
80. Вечера во домот Симонов. Предавството на Јуда.
Мат. 26, 3-16; Мар. 14, 1-11; Лук. 22, 1-6.
Во средата Исус не беше во Ерусалим. Он тој ден го помина во Витанија, во домот на Симон Лепрозниот. Тука каде што седеше за трпезата Му пристапи некоја жена со стакленце со миро многу ценето, и го излеа на главата Негова. Учениците Исусови, понесени од зборовите на Јуда Искариотски, кои ги изговори во слична ситуација пред влезот во Ерусалим, со лутина почнаа да зборуваат: “зошто се прави таква штета? Бидејќи оваа миро можеше да се продаде скапо, и парите да се дадат на сиромашните“. Но Исус им рече: “што и сметате на жената? Таа на Мене ми прави добро дело. Бидејќи сиромашните ги имате секогаш со себе, а Мене Ме немате секогаш. Излевајќи го мирото на телото Мое, за закоп Ме подготви. Навистина ви велам: каде и да се пропведа ова Евангелие по целиот свет, ќе се каже и тоа за спомен нејзин што направи таа“.
Во среда, во домот Кајафин, блоску до Ерусали, се собраа и се советуваа непријателите Исусови, првосвештениците, книжниците и стрешините. На ова советување тие решија, да Го на измама фатат и убијат, но само не на празник, за да не се побуни народот. Неочекувана можност ги натера да ја променат својата одлука. Сотоната влезе во душата на ученикот Спасителов, во Јуда Искариотски, и тој несреќник дојде во Витанија, во Синедрионот, и рече: “што ќе ми дадете да ви Го предадам?“ Јудината понуда ги израдува членовите на Синедрионот; Но тие не сакаа да покажат дека на Исус му придаваат посебно значење, и понудија за Него таква цена, колку што по законот била определена за несакано убиство на роб, – триесет сребреници. Јуда се согласи, и од тој момент бараше погодна прилика да го издаде својот Учител, но не пред народот.
81. Миење на нозете и Тајната вечера.
Јован 13, 1-30; Мат. 26, 17-29; Мар. 14, 12-25; Лук. 22, 7-30;
I Кор.11, 24-25.
Дојде четврток, првиот ден на пресните лебови, кога требало да се заколе пасхално јагне, кое се, по законот Мојсиев, требало да се јаде со пресни лебови утредента вечер. Исус посака да последен пат јаде пасха со Своите ученици. Како обичајот дозволувал пасха да се јаде и во очи на спомнатиот ден, Он ги повка кај Себе Петар и Јован и им рече: “одете и згответе ни пасха да јадеме“. Учениците запрашаа: “каде ќе зготвиме?“ Он им рече: “кога ќе влезете во град, ќе ве сретне човек кој носи вода во стомна; одете по него во куќата во која тој ќе влезе, и кажете му на домаќинот: Учителот вели: каде е собата каде ќе јадам пасха со учениците Свои? И тој ќе ви покаже голема соба послана; тука згответе“. Петар и Јован отидоа во Ерусалим, најдоа како што им беше речено и подготвија пасха.
Вечерта Исус дојде со дванаесетмината ученици во тој дом. Освен тие, во собата никого немаше. По источначки обичај, на трпеза требало да се седне одкако се измијат нозете. Затоа се било подготвено во собата; требало само слуги, кои би им ги измиле нозете. Учениците добија можност да направат взаемна услуга еден на друг, но помеѓу нив се роди расправија за тоа, кој помеѓу нив е поголем; никој не сакаше да биде најмал. Тогаш Исус стана, ја соблече Својата горна облека, и земајќи крпа, се запрегна; потоа налеа вода во мијалникот и почна да ги мие нозете на учениците и со крпата да ги брише. Дојде ред до Петар. Петар повика: “Господе, зарем Ти моите нозе да ги миеш? Исус му одговори: “што јас правам, ти сега не знаеш, но после ќе дознаеш“. Овие зборови не го задржаа Петар. “Никогаш ти нема да ги измиеш моите нозе“, рече тој на Учителот: “Ако не ги измијам, немаш работа со Мене“, му одговори Исус. Тогаш Петар рече: “Господе! не само нозете мои, туку и рацете и главата!“ – “На измиениот не му треба, туку само нозете да се измијат, бидејќи целиот е чист“, му одговори Исус, и потоа им рече на останатите ученици: “и вие сте чисти, но не сите“. Овие зборови се однесувале на Јуда, бидејќи Исус знаел кој ќе Го предаде.
Одкако ги изми нозете на учениците, Исус ја облече горната облека и седна на трпезата. “Знаете ли што Јас ви направив на вас? почна да зборува Он. Јас ви дадов пример да и вие така правите, како што јас ви направив . Кога значи Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете (т.е да помагате еден на друг без никаква расправија за старешинство). Навистина ви велам, не е слугата поголем од господарот свој, нити посланикот поголем од тој што го испратил. Многу сакав да оваа пасха ја јадам со вас пред него ли пострадам; бидејќи ви велам, дека од сега нема да ја јадам додека не се сврши во царството Божје“. После тоа Он зема чаша, се заблагодари на Бога, и рече: “земете ја и разделете ја помеѓу себе. Бидејќи ви велам, дека нема да пијам од родот гроздов, додека не дојде царството Божје“. Потоа Исус стана жалостен во духот и рече на учениците Свои: “навистина ви велам: еден од дванаесетмината кој ќе макне по мене во садот, ќе Ме предаде. Синот човеков значи оди како што е напишано за Него; но тешко на тој кој ќе го предаде Синот човеков; подобро би му било да не се родел тој човек!“ Учениците уплашени се погледаа. “Да не сум јас, Господе!“ се слушнаа уплашени гласови од сите страни. “Несум ли јас?“ безобразно запраша Јуда. “Да, ти си“, му рече Исус, но така тивко да никој од учениците не обрна внимание на тоа; тие разговараа помеѓу себе. Тогаш Петар му даде знак на Јована, кој седеше покрај Учителот, да го праша, кој е предавникот. Јован се наведна кон градите Исусови му рече пополека: “Господе! кој е тоа?“ – “Тој на кого Јас ќе го макнам залакот и ќе му го дадам“, пополека одговори Господ, и макнувајќи го залакот во садот, го даде на Јуда Искариотски. Но пријателското обраќање Исусово не потикна каење кај Јуда. После овој залак влезе кај него сатаната, и на предавникот му беше тешко да и понатаму остане во друштво на светите апостоли. “Што правиш, прави брзо“, му рече Спасителот. И Јуда одма излезе; тој го направи своето дело: дозна, каде Исус ќе ја помине ноќта, и отиде по ветените сребреници. Ненандејното Јудино заминување не им се стори чудно на останатите ученици. Тие мислеа дека Учителот, по своја прилика, му наредил на Јуда да нешто купи или да раздели некаква милостина. Беше веќе ноќ, кога Јуда отиде.
Вечерата се продолжи. Исус зема леб, помешан со квасец, го благослови, го скрши и го даваше на учениците, и рече: “земете јадете, ова е телото Мое, кое за вас се крши; ова правете го за спомен на Мене“. Учениците молчејќи го вкусија Телото на Учителот Свој и Господ кое им го даде во вид на леб. Потоа Господ зема чаша вино,и баде благодарност на Бог, ја даде на учениците, зборувајќи: “пијте од нејзе сите: бидејќи е ова крвта Моја на новиот завет, која ќе се пролее за многумина, поради простување на гревовите“. Учениците молчејќи пристапија кон чашата. “Ова правете го за спомен на Мене“, им рече Спасителот, и со тоа ја востанови големата тајна на причестувањето.
Тајната вечера
82.Проштална беседа на Исус Христос со учениците.
Јован 13, 33-38; 14, 17; Мат. 26, 30-35;
Мар. 14, 26-31; Лук.22, 31-39.
Одкако ја востанови тајната на причестувањето, Исус ја започна својата проштална беседа со учениците: “Деца! уште сум само малку со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде што Јас одам, вие не можете да дојдете, и на вас ви зборувам сега. Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас, да и вие се љубите помеѓу себе. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици ако ја имате љубовта помеѓу себе“. Петар Го праша: “Господе! каде одиш?“ Исус одговори: “каде што одам Јас, не можеш сега да одиш по Мене, но после ќе појдеш по Мене“. Петар одговори: “Господе! зошто сега не можам да одам по Тебе? душата своја ќе ја дадам за Тебе“. Тогаш Госод му рече: “Симоне! Јас се молев за тебе да твојата вера не престане; а ти кога и да се обраќаш утврди ги браќата свои. Сите вие ќе се соблазнувате за Мене оваа ноќ, бидејќи во Писмото стои: ќе го удрам овчарот и овците од стадото ќе се разбегаат“, а по воскресението Свое Јас одам пред вас во Галилеја“. Петар рече: “ако сите се саблазнат од Тебе, јас никогаш нема да се саблазнам. Господе, со Тебе спремен сум и во зтавор и во смрт да одам“. Истото го потврдија и останатите ученици. Исус му одговори на Петар: “Навистина ти велам: денеска нема да запее петелот додека три пати не се одкажеш дека Ме познаваш. Да не се плаши срцето ваше, продолжи Спасителот, верувајте му на Бога и на Мене верувајте ми. Многу станови има во куќата на Отецот Мој. Одам да ви подготвам место. И кога ќе го подготвам, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај себе. Нема да ве оставам сами; ќе дојдам кај вас. А Утешителот, Светиот Дух, кој исходи од Отецот, и кого Отецот ќе го испрати во име Свое, Он ќе ве научи на се и ќе ве подсети вас се, што ви реков“. Со овие зборови Спасителот ја заврши последната вечера со учениците. Кога стануваа од вечера, стариот обично велеше: мир вам. Исус им посака таков мир на Своите ученици: “Мир ви оставам, мир Свој ви давам вам: не го давам како што светот го дава, да не се застрашува срцето ваше, и да не се плаши. Станете ајдете од овде“. Учениците станаа од трпезата и појдоа од Ерусалим на гората Маслинска.
Патем Спасителот го повтори прекинатиот разговор. Он зборуваше, дека врската со верните нема да се прекине, иако ќе ги Он, као што изгледа, остави; само оваа врска ќе биде внатрешна, духовна. “Јас сум права лозница, и Отецот Мој е лозар. Секоја лоза на Мене која не раѓа род ќе ја исече, и секоја која дава род, ќе ја исчисти, да повеќе род роди. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што лозта не може да роди сама од себе ако не биде на лозница, така и вие ако на Мене не бидете. Јас сум лозница, а вие лози: и кој ќе биде во Мене и Јас во него, тој ќе роди многу род: бидејќи без Мене не може да прави ништо“. Потоа Исус ги советуваше да неуморно работат на ширење на Неговата наука и да поради тоа секогаш бидат во заедница со Него. Он Својата беседа ја завршил со молитва кон Бога, да сите кои во Него веруваат бидат низ Него во заедница со Бог Отецот.
83. Молитва на Исус Христос во Гетсиманската градина.
Мат. 26, 36-56; Мар. 14, 32-52; Лук. 22, 39-53; Јован 18, 1-11.
На влезот во Гетсиманската градина ( на гората Маслинска) Исус ги остави Своите ученици, велејќи им: “седете тука, додека Јас ќе одам таму да се помолам на Бог. Молете се вие да не паднете во искушение“. Земајќи ги учениците Свои, Петар, Јаков и Јован, Он отиде далеку во градината. Тука почна да жали и да тажи. Он им рече на учениците: “тажна е душата Моја до смрт; почекајте овде, и стражарете со мене“, и заминувајќи од нив толку колку човек може да фрли со камен, падна на колена, со лицето кон земјата, и се молеше: “Оче Мој! ако е можно да ме помине оваа чаша; но сепак не како Јас сакам, туку како Ти“. Крвава пот капеше на земјата од лицето Негово. На Исус му се јави ангел од небото и Го крепеше. Помолувајќи се, Исус пристапи кон учениците и ги виде каде спијат. “Вие спиете?“ Им рече Он. “Станете, и стражарите и молете се на Бог да не паднете во искушение, бидејќи духот е храбар, но телото е слабо“. И пак отиде од нив и се молеше: “Оче Мој! ако не може оваа чаша да ме помине да не ја пијам, нека биде вољата Твоја“, и потоа, се врати кај учениците, и ги најде пак како спијат, бидејќи им беа очите натежнале, а тие не знаеа што да Му одговорат. Христос отиде од нив и се молеше по трет пат. Молитвата конечно ја смири Неговата душа; Он се подготви да оди во смрт. И пак пристапи кај учениците и рече: “вие сеедно спиете; еве се доближи часот, и Синот човеков се предава во рацете на грешниците. Станете да одиме; еве се приближува предавникот Мој“.
Помеѓу дрвјата се видоа луѓе со фенери и со свеќи. Тоа доаѓаше Јуда со толпа слуги првосвешеникови и со неколку римски војници, наоружани со ножеви и колови. Позади толпата подалеку, оделе старешините на храмот и книжниците. Во темнината не можеше добро да се види лицето, и поради тоа Јуда се договори со своите јатаци, да го фатат Оној кого тој ќе го целува. Само што толпата влезе во градината, Христос им излезе во пресрет. А Јуда одма пријде и велејќи: “здраво, Учителу“, го целива Исуса. “Пријателе, што бараш ти тука? Зарем со целувка го предаваш Синот човеков?“ му одговори Господ Исус. Кроткиот одговор Исусов беше за Јуда последен повик да се покае. Потоа Исус и пристапи на толпата и рече: “кого барате?“ Му одговорија: “Исуса Назаретчанецот“. “Јас сум“, рече Он. Слугите се исплашија, и се потргнаа назад и испопаѓаа на земја. Сепак, сите ученици малку по малку се собраа околу својот Учител. Кога слугите се охрабрија, Исус пак им пристапи и рече: “кого барате?“ Тие одговорија: “Исуса Назаретчанецот“. “Ви кажав дека сим Јас“, им одговори Исус. “Значи, ако Мене ме барате, оставете ги овие(т.е. учениците) нека си одат“. Стражарите почнаа да го врзуваат Исуса. Учениците разбраа, што е всашност, и решија да го бранат својот Учител. “Господе! да се тепаме со нож? Го прашаа. Не чекајќи одговор, Патар го извлече ножот и го одсече десно уво на еден слуга. Малху. Петровата постапка беше подполно незаконска: стражарите ја вршеја заповедта на своите старешини. Останатите ученици беа спремни да направат што и Петар, но Исус им рече: “оставете го тоа, доста е“, и обраќајки му се на Петар, рече: “стави го ножот во корицата, бидејќи сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе погинат. Чашата која Ми ја даде Отецот, зарем да не ја пијам! Или мислиш ти да Јас не можам сега да го замолам Отецот Мој да Ми испрати повеќе од дванаесет легиони ангели?“ После тоа Он го допре увото Малхово, и го излекува. Војниците одма го врзаа Исуса, а учениците негови во страв се разбегаа. Кога стражарите го врзаа Исуса, Он им рече на главарите народни, кои се криеа оизади толпата: “како на ајдук сте излегле со ножеви и со копја да ме фатите, а секој ден сум седел кај вас учејќи во храмот, и не дигнавте рака на Мене! Но сега е вашиот час и област на темнина. Но да се случи Писмото“. Исуса го одведоа во Ерусалим. По пат војниците спазија, да некаков младич, нагрнат со платно, оди по нив. Тие го фатија, но тој се отргна и побегна, оставајќи го платното во нивните раце. Старо предание вели дека тоа бил евангелистот Марко. Малку подалеку по толпата одеа Петар и Јован; но не ги видоа.
84. Исус Христос на суд кај првосвештениците Ане и Кајафа.
Јован 18, 12, 13, 19-24; Мат. 26, 57-68;
Мар. 14, 53-65; Лук. 22, 63-71.
Без обзир на тоа, што законот јудејски забранува вината на оптужениот тајно да се истражува во приватен дом, Исуса го одведоа прво во домот на првосвештеникот Ане, кој својата должност веќе ја имаше предадено на зетот свој Кајаф и во тоа време бил само почесен член на Синедрионот. Ана почна да го испитува Исус за Неговите ученици и науката. Исус одговори: “Јас секаде учев јавно во синагогата и во храмот, каде се секаде собираа Јудејци, и ништо тајно не зборував. Што ме прашуваш Мене? Прашај ги тие што слушале што сум зборувал“. Тогаш еден од слугите Го удри по образот и рече: “зарем така одговараш на првосвештеникот?“ Исус на тоа питомо му одговори на служителот: “ако кажав лошо, докажи дека е лошо; ако е добро. Зошто ме тепаш?“
Ана го испрати Исуса кај Кајаф. Тука се собраа и други фарисеи, книжници и главари народни. Тука се состави советот на Синедрионот, незаконско и по време и по место. Само што го доведоа Исуса, се јавија лажни сведоци. Тие многу Го клеветеа, но не можеа да кажат ништо, за што би Го осудиле на смрт. Апостолите сочувале од сослушувањето на еден лажен сведок. Одкако сослушале многу сведоци, влегоа уште двајца и рекоа: “ние сме чуле каде Он зборува: Јас ќе го срушам овој храм кој е со раце направен, и за три дена ќе направам друг кој нема да биде со раце направен“. Но и оваа оптужба била недоволна за да би можеле да Го осудат на смрт. Тогаш првосвештеникот стана и Го праша: “Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: дали си Ти Христос, Син Божји?“ На тоа Исус одговори: “ти кажа. Но Јас ви кажувам: одсега ќе видите Синот човеков, каде седи од десна страна на силата Божја и оди на облаци небесни“. После овие зборови Кајафа, садукеј неверен, ја растрга облеката своја и повика: “зошто ни требаат повеќе сведоци? еве сега слушнавте дека хули на бога. Што мислите?“ – “Заслужува смрт“, одговорија членовите на Синедрионот.
Осудениот Исус го изведоа од домот на Кајаф во дворот. Членовите на Синедрионот се разотидоа, а Исус остана помеѓу толпата слуги. До зората останаа уште три, четири часа. Грубите слуги почнаа да Го исмеваат невиниот Маченик. Набрзо после исмевањето поминаа на тепање. Едни Го шамараа, други Му плукаа во лице и го удираа по образите. Други пак Му ги затвораа очите и удирајќи Го по лицето, Го прашуваа: “предскажи ни, кој Те удри?“ Исус трпел и молчел.
По Јудејските закони, да би донесол конечна пресуда над осудениот, Синедрионот морал повторно да се состане после три дена. Но непријателите Исусови, наместо три дена, почекаа да поминат три часа, и штом осамна утрото петок, пак се состанаа во домот Кајафин. Го донесоа осуденикот. “Дали си Ти Христос? кажи ни“, Го прашаа. Исус одговори: “ако и ви кажам, нема да верувате. А ако вас и ве запрашам, нема да ми одговорите, нити ќе Ме пуштите. Одсега ќе Синот човеков да седи од десна страна на силата Божја“. – “Ти ли си значи Синот Божји?“ – “Вие велите дека сим Јас“. И стана против Него целиот Синедрион. “Што ни требаат повеќе сводоштва? бидејќи сами слушнавме од устата Негова“, повикаа од сите страни. И пресудија дека Исус заслужува смрт, затоа што објавил дека е Син Божји.
85. Петар се одкажува и се покајува. Јудината смрт.
Јован 18, 15-18. 24-27; Мат. 26, 58, 69-75; 27, 3-10;
Мар. 14, 66-72; Лук. 22,54-62.
По Исус тргнаа од Гетсиманија двајца ученици, Јован и Петар. Како познаник на Ана, Јован влезе во дворот на првосвештеникот, а Петар остана надвор кај вратата. На молба Јованова слугинката го пушти и Петар; само пуштајќи го, таа го праша: “да не си ти ученик на овој човек?“ Петар многу сакал да остане во дворот да види, што ќе биде со Учителот, и одговори “не“. Ноќта беше студена. Слугите запалија оган во дворот и се грееја. И Петар се грееше со нив.
Кога Исус го одведоа кај Кајаф, Петар од далеку одел по Него; заедно со другите и тој влезе во дворот, па седна покрај огнот, да види како ќе се заврши. Тогаш една слугинка, загледувајќи се во лицето негово, рече: “и ти беше со Исус Галилеецот?“ Петар се уплаши и одговори: “јас не Го познавам, и не знам што зборуваш“. Потоа излезе надвор пред дворот; во тоа време запеа петел. Се заврши седницата на Синедрионот и Исуса го изведоа во дворот. Почнаа разновидни навреди; Петар стоеше и гледаше. Помина цел час, а на Петар му пристапија неколку луѓе. Еден рече: “и овој беше со Него“. Петар одговори: “не знам што зборуваш“. Други зборуваа: “навистина и ти си од нив; бидејќи говорот твој те издава, дека си Галилеец“. Тогаш пријде роднина Малхов и го потврди сомнежот на другите: “нели те видов јас тебе во градината со Него?“ Петар почна да се колне и да моли: “не го познавам тој човек за кого вие зборувате“. Уште Петар не ја зврши својата заклетва, а петелот запеа по втор пат. Тогаш Исус се заврте и погледна во Петар. Овој се подсети на зборовите Учителови: “пред да запее петелот два пати, трипати ќе се одкажеш од Мене“. Длабоко каење ја обзема душата Петрова, и тој горко плачејќи излезе од дворот на првосвештеникот.
Не била таква судбината на Јуда Искариотски. Гласот за осудата на Исус на смрт, невообичаено го потресла. Тој виде до каде го одвело среброљубието. Тешко каење ја обзема неговата душа. Тој појде во храмот, таму им се јави на првосвештениците и главарите, и враќајќи им ги сребрениците рече: “јас згрешив што ја предадов вистинката крв“. Но Исусовите непријатели не сметаа дека се виновни за гревот на Јуда и одговорија: “што ни е гајле за тоа? Ти ќе видиш( т.е. сам згреши, сам и одговарај)“ . Очај ја обзема душата Јудина. Тој ги фрли сребрениците во црквата, истрча од храмот и се обеси. Трупот падна од дрвото, се распадна и излезе утробата негова. Сепак, првосвештениците ги земаа сребрениците, велејќи: “не е добро да се стават во црковната каса, бидејќи се цена за крв“. Одржаа состанок, тие купија, за парите кои Јуда им ги врати, грнчаревата нива за гробишта на гостите. И овие гробишта беа наречени акелдама т.е. земја на крвта. Така се исполни предскажувањето Јермиино: “и земаа триесет сребреници,цената на Непроценливиот, кого Го ценеа синовите Израелови, и ги дадоа за нива на грнчарот“.
86. Исус Христос на суд кај Пилат и Ирод. Тепање и осуда на смрт.
Јован 18, 28-40. 19, 1-16; Мат. 27, 11-30;
Мар. 15, 1-19, Лук. 23, 1-25.
Синедрионот мислел дека Исус заслужува смрт. Но оваа пресуда не можела да се изврш без потврда на Римскиот намесник (претор) во Јудеа, и поради тоа Синедрионот бил должен да виновникот го испрати во судот на намесникот Понтиј, наречен Пилат. Поради празникот Пасха Понтиј се наоѓал во Ерусалим и седел во преторија (куќата на главниот судија, претор), блиску до храмот. Пред преторијата бил направен отворен трем, поплочен со мермер и драги камења во разни бои: Пред овој трем во петокот сабајле дојде многу народ со врзан човек: тоа членовите на Синедрионот го доведоа Исус од кај Кајафа. Тие не влегоа во преторијата, да во очи на Пасха не би се опоганиле, влегувајќи во дом незнабошчев. Пилат излезе кај нив на тремот и во чудо ги здогледа пред себе членовите на Синедрионот. “Каква вина изнесувате за овој човек?“ ги запраша тој. “Кога Он не би бил злочинец, немаше да ти го предадеме на тебе“, одговорија Јудејците. Пилат им рече: “земете го вие и по законот свој судете му“. А Јудејците одговорија: “Овој го најдовме како го одпадува нашиот народ и му забранува на кесарот да му дава данок, и зборува дека е Он Христос цар“. “Ти ли си цар Јудејски?“ го праша Пилат Исуса. Христос е Месија, духовен цар Израелски, па затоа во присуство на членовите на Синедрионот Он одговори: “Јас сум цар“. Исусовиот одговор го зачуди Пилата; тој не веруваше дека овој беден човек кого му го доведоа Јудејците, би се осмелил да спори со Рим за власта над Јудеа, па затоа го повика Исус во преторијата, да Го таму на само испита. “Ти си цар Јудејски?“ Го запраша пилат. Сега Исус не можел да одговори ни да ни не; правилноста на одговорот зависела од тоа, во каква смисла е земен зборот цар. Затоа прво го праша Пилата: “го зборуваш ли ти тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?“ – “Зарем сум јас Евреин?“ одговори Пилат. “Родот твој и главарите свештенички Те предадоа на мене; што си направил?“ Исус рече: “царството Мое не е од овој свет; кога би било од овој свет царството Мое, тогаш слугите (поданици) Мои би бранеле да не бидам предаден на Евреите; но царството Мое не е од овде“. – “Значи Ти си цар?“ Го запраша Пилат. Исус одговори: “да, Јас сум цар“ и одма објасни, во каква смисла се наекува Себеси цар: “Јас сум за тоа роден и затоа дојдов на свет да сведочам за вистината. И секој кој ја сака вистината, го слуша Мојот глас (т.е. Мој поданик е)“. Од овие зборови Пилат виде, дека пред него стои проповедник на вистината, учител народен, а не бунтовник против власта на Римјаните. Велејќи му на Исус: “што е вистина?“ тој излезе кај Евреите на тремот и објави: “јас никаква вина не наоѓам кај Него“. Повторно се слушнаа оптужби од страна на првосвештениците и главарите против Исус. Он не се бранел. Чудејќи се на молчењето Исусово, Пилат Му рече: “зарем ништо не одговараш? Гледај, што сведочат против Тебе?“ Исус молчеше и понатаму. Пилат не знаеше што да прави со Затвореникот. Да Го пушти? – Но совеста и здравиот разум му зборуваа дека е Затвореникот невин. Еден збор на првосвештеникот му даде на намесникот излез да го симне од себе судењето Исусово. Обидувајќи се да Го обвинат, тие рекоа, дека го буни народот, учејќи по цела Јудеја, од Галилеја до ова место. Пилат запраша: “зарем е Он Галилеец?“ – “Галилеец“, одговорија од народот. Тогаш Пилат со стража го испрати Исус во судот на Ирод Антипе, царот Галилејски, кој, поради Пасха, се наоѓал во Ерусалим. Гледајќи го пред себе прочуениот Затвореник, Ирод многу се израдува. Тој веќе од дамна сакал да го види Исуса, и сега се надеваше да види од Него некакво чудо. Тој го испитуваше Исуса на многу начини; но на сите прашања Исус не одговорил ни збор. Првосвештениците и книжниците, кои биле тука, многу Го оптужуваа; Исус не се бранел. И Ирод не најде дека Исус е виновен. Тој само Му се подсмевал, а потоа Го испрати кај Пилат, облекувајќи Го во долг бел, сјаен фустан какви обично облекувале Римјаните, кои сакале да бидат избрани на некаква позиција. И од тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели.
Во тоа време, додека Исуса го воделе кај Ирод, се насобра народ околу преторијата. Некои дојдоа тука, кога слушнаа дека е врзан Галилејскиот Пророк. Други – да дадат глас да се Затвореникот ослободи, бидејќи Јудејците имале обичај да за празникот Пасха ослободат некого од осудените на смрт. Пред преторијата се водела голема расправија. Повеќето народ сакал да се ослободи од Варава, кој тогаш бил во затвор поради бунт и убиства, направени во градот. Во тоа време членовите на Синедрионот се вратија со врзан Исус, и Понтие морал од почеток да суди. Тој им рече на членовите на Синедрионот: “ми Го доведовте овој човек како таков кој народот го оптужува, и ете јас пред вас Го испитав, и не најдов кај овој човек ни една вина што вие за него зборувате. А ни Ирод, бидејќи Го испратив и кај него; и ете не се наоѓа ништо што би заслужувало смрт. Затоа, да Го истепам па да Го пуштам“. Синедрионот остана при своето. Во тоа се слушна викање. Народот викаше да Пилат им направи, што им правел секогаш (т.е. да собира гласови за ослободување на затвореник по повод на празникот). Намесникот ја искористи оваа викотница. Тој му се обрати на народот и рече: “кај вас е обичај да ви пуштам еден на Пасха; кого сакате да го пуштам? Варава или Исус, наречен Христос? Сакате ли да ви го пуштам Царот Јудејски?“ Пилат бил убеден дека народот ќе моли за Исус. Во толпата почна договарање.
Кога Палат седна на своето судиско место, чекајќи додека народот да се договори, неговата жена порача да му кажат: “немој ти да се мешаш во судот на тој праведник, бидејќи денеска во сон многу пострадав поради Него“. Молбата на жената го натера Пилат, да се уште повеќе заземе за Исусовото ослбодување. Тој излезе на тремот. Меѓу тоа првосвештеницие и главарите го наговорија народот да бара да се пушти Варава. Штом се појави Пилат, толпата притрча кон него: “Кого сакате од овие двајца да го пуштам?“ запраша Пилат. “Не него, туку Варава!“ повикаа од сите страни. Пилат ги праша: “а што да правам со Исус, наречен Христос?“ – “Распни Го! Да се распне“, се слушна страшна викотница.
-“А какво зло направил?“ запраша Пилат. Но викањето: “распни Го! Да се распне!“ не престануваше. “Јас ништо не најдов кај Него што би заслужувало смрт. Затоа, да Го казнам, па да Го пуштам“, заврши Пилат.
Исуса го доведоа во куќата за бичување. Таму се собрале многу Римски војници, кои сакале да гледаат разноврсни казни. Бичувањето и самото било најсрамна и најтешка казна; (10) но римските војници не се задоволуваа само со бичување. На маките тие додале и исмевање. Невиниот Маченик го натераа да претставува личност, која се воведува во царска власт. На телото Негово, прекриено со рани и облеано со крв, облекоа багреница, на глава Му ставија венец од трње, а во десната рака трска наместо скиптра. На исток почитувањето кон царот се искажувало со паѓање ничкум пред него; и ете војниците паѓаа на колена пред Исус и зборуваа; “здраво царе Јудејски!“ Потоа, секој Го плукаше во лице и ја земаше трската од рацете Негови и Го удираше по глава. Невиниот Маченик, стрпливо молчејќи, Го поднесуваше ќотекот и навредите. Пилат пак излезе пред народот и рече: “еве Го изведувам пред вас надвор, да видите дека на Него не се наоѓа никаква вина“. – Тогаш излезе Исус со трнов венец и во багреница. Пилат рече: “еве го човекот“. “Распни Го“, се слушна диво викање на првосвештениците и неговите слуги.
Пилат одговори: “земете Го вие и распнете, бидејќи јас не наоѓам на него вина“. – “Ние имаме закон и по законот наш треба да умре, бидејќи се направи Себеси Син Божји“, одговорија на Пилат членовите на Синедрионот. Оваа нова тужба уште повеќе го вознемири Пилата.Тој Го повика Исуса во преторијата и Го запраша: “од каде си Ти?“ исус не одговори. Молчењето Негово го зачуди намесникот. “Зарем мене не ми зборуваш?“ рече тој; “нели знаеш дека има власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам?“ Исус му рече: “не би имал никаква влас над Мене, кога не би ти било дадено одозгора; затоа тој, има поголем грев кој ме предаде на тебе“. После овој одговор Пилат уште повеќе сакаше да Го ослободи Исуса. Но Јудејците викаа: “ако овој го пустиш, не си пријател со ќесарот. Секој кој себеси цар се нарекува, се противи на ќесарот“. Тогаш Пилат седна на судиската солица и им рече на Јудејците: “еве Го царот ваш“.
-“Распни Го, распни!“ се слушна од сите страни. “Зарем царот ваш да го разапнам?“ запраша Пилат. Првосвештениците одговорија: “ние немаме цар освен ќесарот“.
Гледајќи дека ништо не помага, туку мешаницата се зголемува, Пилат зема вода, ги изми рацете пред народот и рече: “јас не сум крив за крвта на овој Праведник: вие ќе видите!“ Плашејќи се, да Пилат не го тргне зборот, народот повика: “крвта Негова на нас и на децата наши“. Тогаш Пилат, против своето убедување, попуштајќи му на народот, Варава го ослободи, а Исуса го даде на Јудејците да Го разапнат.
87. Распетие, маки на крстот, смрт и погреб на Исус Христос.
Мат. 27, 31-66; Мар. 15, 20-47; Лук. 23, 26-56; Јован 16-42.
Одкако е прочитана смртната пресуда, Исус го предадоа на војниците намесникови. Војниците ја соблекоа од Него багреницата и Му ги облекоа неговите алишта, потоа Му го ставија на рамо крстот, на кој требело да Го распнат, и Го поведоа на Голгота. Со Исус ги поведоа да ги казнат и двајца разбојници, кои исто така ги носеа своите крстови. Немирна толпа народ одеше по нив. Голгота се наоѓала на запад од Ерусалим, а патот угорница. Измачен од злоставување и душевни маки, Исус едвај одеше, паѓајќи неколку пати под тежина на крстот. Така дојдоа до градските порти. Овдека патот се искачуваше на ридот. Исус сосема снеможе. Кој ли сега ќе го понесе крсто? Во тоа време да се носи крст, се сметало за голема срамота. Војниците видоа во близина човек, кој по своја прилика, со чудење гледал во Исус. Тоа бил Симон Киринец. Тој се враќал од работа во поле и застана овде случајно. Војниците го фатија и го натераа да Му го носи крстот. Кога Исус му го предавал крстот, се заврте и виде дека неколку жени горко плачат по Него. “Ќерки Ерусалимски!“ им реча он, “не плачете по Мене, туку плачете за себе и за децата свои. Бидејќи кога се прави вака од сирово дрво (т.е. со Мене), што ќе биде од сувото (каков е народот Јудејски)!“
Кога дојдоа на Голгота, војниците почнаа да ги местат и да ги утврдуваат крстовите за да се изврши казната. Злосторници, осудени на смрт на крст, обично им давале оцет, помешан со жолчка, да разумот им се помрачи и да маките на крстот помалку ги чувствуваат. На Исус Му дадоа оцет; Он го проба и не сакаше да го пие. (11)
Кога се беше подготвено, војниците го разапнаа Исуса, и од едната и од другата страна – двата разбојника. Беше третиот час (по наше девет). Обично јауци и проклетства се слушаа од устите на разапнатите, а Исус се молеше на Бог за своите мачители; “Оче! Прости им, бидејќи не знаат што прават“.
По наредба Пилатова, над главата на Исус била закована даскичка со назначување на виновникот. На нејзе било напишано на еврејски, грчки и римски: “Исус Назареќанец, цар Иудејски“. Ваквиот натпис бил најтешка оптужба на Синедрионот пред народот. Поради тоа првосвештениците дојдоа кај Пилат и го молеа: “не пишувај: цар Јудејски, туку дека сам рече: Јас су цар Јудејски“. Но Пилат одговори: “што напишав, напишав“. Разапнувајќи го Исуса на крст, војниците ја земаа Неговата облека и почнаа да ја делат помеѓу себе. Помеѓу неговата облека беше и долама нешиена, туку извиткана од врв до дно. Војниците посакаа да ја кинат на делови и фрлаа коцка, на кого ќе му падне. И така се исполни пророштвото: “ја разделија облеката Моја помеѓу себе а за доламата Моја фрлаа коцка“.
Непријателите не го оставија Исуса на мира и на крстот.Минувачите клатејќи со глава зборуваа: “аха! Ти што црква рушиш и за три дена ја правиш, помогни си Самиот на Себе. Ако си Син Божји, симни се од крстот“. Старешините народни, првосвештениците и поглаварите го подпомагаа ова исмевање: “на други помага, а Себеси не може да си помогне. Ако е Он Христос, избраник Божји, нека се симне сега од крстот да видиме, па ќе Му поверуваме“, зборуваа тие. Кај тие зборови не се воздржуваа од подсмевање ни војниците ни незнабошците, кои биле кај крстот и ги чувале распнатите; и тие зборуваа: “ако си Ти цар Јудејски, спаси се самиот Себе“. Не Го оставаа на мира ни злосторниците, разпнати со Него. Еден од нив се здружи со посмевачите.
“Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас“, рече он. Но другиот злочинец го задржуваше и зборуваше: “зарем ти не се плашиш од Бог, кога и сам си осуден така? И ние сме уште праведно осудени, бидејќи примаме по своите дела како што сме заслужиле; но Он никакво зло не направил“. Велејќи го тоа, тој се обрати на Исуса, молејќи Го: “Сети ме се, Господе, кога ќе дојдеш во царството Свое“. – “Навистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“, одговори Исус.
Покрај крстот Исусов стоеа: Јован, ученик Негов, Мајката Негова, сестратат на мајката Негова, Марија Клеопова, Марија Магдалена и Соломија, мајката на синовите Заведееви. Исус ја гледаше мајката Своја. Сакајќи да ја утеши и тоа така , да ја сочува од подсмев и навреди, Он погледна кон нејзе и покажувајќи со главата кон Јован, рече: “жено! еве ти син!“ Потоа погледна кон Јована, Својот омилен ученик, и покажувајќи со главата на мајката Своја, рече: “еве ти мајка!“ И така умирајќи, Он ја исполни Својата синовска должност: И од тој момент ја зама Јован кај себе во куќата.
Околу шестиот саат (наш девет) темнина настана по целата земја до саатот девет. Сонцето се помрачи. Ненадејната темница ги уплаши сите. Настана деветиот саат од денот (три попладне). “боже Мој! Боже Мој! (јеврејски: Или, Или) зошто Ме остави? повика Исус. “Ете го вика Илија“, рекоа непријателите Негови, исмевајќи се. Предсмртна жед го мачеше Исуса. Од крстот се слушна: “жеден сум“. Еден од војниците стана брзо, го зема сунѓерот, го натопи со оцет, па го закачи на трска,го принесе на Исусовата уста. Но и тогаш се најдоа луѓе кои Му се подсмеваа. “Чекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне“, зборуваа тие. Исус го вкуси оцетот и рече: “се сврши“. Неговите маки завршија, Он ја принесе жртвата за одкупување за гревовите на луѓето и ги помири со Бог. Од крстот Христов се слушна силен глас: “Оче; во рацете Твои го предавам духот Мој“ – и Исус Христос, наведнувајќи ја главата, Го предаде духот.
Во тој момент завесата која ја разделувала светињата од светињата, покажувајќи, дека луѓето биле далеку од Најсветиот Бог, се расцепи на две, од горниот крај до долниот, земјата се затресе толку да камењата се распаднаа, гробовите се отворија и многу мртви воскреснаа, и излегувајќи од гробовите после Неговото воскресение, влегоа во светиот град и се јавија на многумина. Капетанот кој стоеше кон крстот Христов, поразен од необичните знаци, рече: “навистина овој човек Син Божји беше“. Истото го повторија и другите војници. Замислен многу, удирајќи се во градите, заминуваше од кај крстот народот, само најблиската Исусова родбина и стражарите останаа на местото.
Се приближувал големиот празник. Вечерта на тој ден требе да се јаде пасха; поради тоа членовите на Синедрионот не сакаа да ги остават распнатите тела на крстовите. Но како маките на крстот траеле по некогаш два дена и повеќе, првосвештениците дојдоа кај Пилат и го замолија да им дозволи на распнатите да им ги скршат колената, па да ги симнат од крстот. Пилат одобри, и по негова заповед дојдоа на Голгота нови војници. На злосторниците, распнати со Исус, уште се приметуваа знаци на живот, и затоа им ги искршија колената. А кога војниците дојдоа кај Исуса, видоа дека беше веќе умрен и не Му ги искршија колената. Само еден од нив, веројатно да нема никаков сомнеж за смрта Исусова, ги прободе ребрата Негови со копје, и од раната потече крв и вода. Така се објаснило, зошто со закон било забрането да се кршат коски на пасхалното јагне, кое било преслика Христова. А се исполни и пророштвото: коските Негови да не с искршат“. Беше веќе вечер. Кај Пилат дојде молител, знаменити член на Синедрионот, Јосиф од Ариматеја, човек богат, добар и праведен. Тој бил таен ученик Исусов, Јосиф го молел Пилат да му дозволи да го симне телото Исусово и да го погребе.
Гласот за брзата смрт на Исус го зачуди намесникот. Тој го повика капетанот, кој стоеше на стража покрај крстот, и дознавајќи од него дека Исус веќе умрел, заповеда на Јосифа да му го дадат телото Исусово.
На Голготата се собраа пријателите Исусови, кои сакале да му одадат последна почест на земјата. Јосиф Ариматејски донесе погребни покрови (плаштеница), а Никодим – помешани смирнов и алоја. Тие го симнаа телото Христово од крстот, Го помазаа со мириси и Го погребаа недалеку од Голготата, во градината Јосифова во нова пештера, која овој ја направил во карпата за свој гроб. Положувајќи го телото во гроб, тие навалија тежок камен на вратата од гробот и заминаа. При симнувањето од крстот и погребот на Господ Исус беа некои жени, кои дојдоа со Него од Галилеја. Тие видоа, како се положуваше во гроб телото Негово и побрзаа во град пред празникот да купат мириси поради помазување на телото Исусово, кога ќе биде тоа можно.
Така помина големиот петок. Сите Јудејци се разотидоа по куќите и се подготвија да јадат Пасха.
Во голема тага го дочекуваа празникот Пасха учениците и блиските Исусови, вознемирени беа и Неговите непријатели. Способни за секаква превара, тие по себе суделе и за другите. Се сеќаваа, дека Исус ветил дека ќе воскресне на третиот ден. Што ќе биде, ако учениците Негови го украдат телото Негово и кажат, дека воскреснал? Оваа мисла ги мачела цела ноќ помеѓу петок и сабота. Не гледајќи на тоа што се во сабота – особено во таква сабота со која таа година се соединувал и празникот Пасха, не е дозволено ништо да се работи, тие рано наутро отидоа кај Пилат и му кажаа: “господару! ние се подсетивме дека овој лажго кажа уште за време на животот: после три дена ќе станам. Зато заповедај да се утврди гробот до третиот ден, да не дојдат Неговите ученици ноќе и да му кажат на народот: стана од мртвите; и ќе биде последната превара полоша од првата“. Пилат им одговори: “еве ви стража, па одете и утврдете како знаете“. А тие отидоа со стражарите и го утврдија гробот, и го запечатија каменот.
Од моментот на смрта Исусова почна и славата Негова. Човековата душа на Исус, Синот Божји, разделувајќи се од телото, се јави таму, каде се наоѓаат душите на сите луѓе, умрени пред Него, и однесе радост таму. Сите луѓе, заразени со грев, преминувале во друг живот и биле далеки од Бог, од блаженството: тие се наоѓаа како во темница. Оваа состојба на душата се нарекува ад. Навистина умрените праведници имале непрекидна надеж дека Спасителот, кога ќе дојде, ќе ги ослободи од адот. И ете, во адот се симнува сега чиста, света душа на Христос Бог. Исус им проповеда на душите на умрените дека ветувањто Божјо за спасение на луѓето се исполнило, дека жртвата за луѓето е принесена. Душите кои го очекуваа ветениот Месија одма гледаа во Него Спасител. Попрво тие имале надеж во спасение, сега се јавува полно уверување во спасението. Адот за верните се срушил и се претворил во рај. Во ова светла рајска состојба поминала после смрта и душата на злочинецот кој се покајал. Се исполнија зборовите Христови: “денеска ќе бидеш со Мене во рајот“. Така Исус Христос, после Својата смрт, се симнал во адот, и од него ги ослободил душите на мртвите.
ВОСКРЕСЕНИЕТО И ЈАВУВАЊЕТО НА ЗЕМЈАТА НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
75. Воскресение на Господ Исус Христос.
Мат. 28, 1-15; Мар. 16, 1-11; Лук.24, 1-122; Јован 20, 1-18.
Помина саботата. Во зори на првиот ден од неделата Марија Магдалена, Марија Јаковлева, Саломија и некои други жени со нив, појдоа со подготвено миро на гробот Исусов, да го помазат телото Негово. Тие не знаеа, дека кај гробот има поставено стража. Влезот во пештерата беше запечатен, и затоа не се надеваа дека таму ќе најдат некој. Марија Магдалена побрза напред, дојде до гробот, кога беше уште темница, и виде дека каменот е стркалан од вратата гробна. Таа одма помисли дека некој го земал телото на Господ Исус. Таа потрча назад во градот, и дојде кај Петар и Јован, и им рече: “го земаа Господа од гробот, и не знаеме каде го ставија“.
Многу рано, околу сончевото изгревање, пристигнуваа кај гробот и други мироносници, и зборуваа помеѓу себе: “кој ќе ни го тргне каменот од вратат гробна?“ Каменот беше многу голем. Приоѓајќи кон гробот, тие видоа дека каменот е истркалан и дека на него седи ангел, лицето негово беше како молња, а облеката бела како снег. Анѓелот им рече: “не се плашете, бидејќи знам дека Исуса распнатиот го барате. Не е тука, бидејќи стана, како што кажа. Дојдете да го видите местото каде лежел Господ“. Жените влегоа во пештерата и таму здогледаа момче во бела облека, кад седи од десна страна, и два човеча во сјајни облеки. Ангелите им рекоа: “што го барате живиот помеѓу мртвите? Не е тука, туку стана; подсетете се кога ви кажа, кога беше уште во Галилеја, зборуваше дека Синот човеков треба да се предаде во рацете на луѓето грешни и да се распне и третиот ден ќе стане. Па одете брзо, и кажете им на учениците Негови и на Петар дека станал од мртвите и дека пред нив ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви кажа“. Мироносниците избегаа од гробот со страв и радост голема кај учениците. По пат тие на никого ништо не кажаа.
Во тоа време Петар и Јован, слушајќи од Марија Магдалена да телото Исусово го нема во гробот, поитаа кон пештерата. Јован дотрча прв, и наведнувајќи се, ги здогледа алиштата каде лежат, но не влезе во пештерата. После него пријде кон пештерата Патар. Тој влезе во пештерата и виде: на каменот лежи само облеката, а крпата која беше ставана на главата на Исус Христос не со облеката да лежи туку посебно свиткана на едно место. Јован влезе по Петар, ја виде свиткана крпата и облеката каде лежи, и поверува во Христовото воскресение. Учениците заминаа од гробот, еден верувајќи, друг восхитувајќи се на тоа што се случило.
Марија Магдалена по трагата на Петар и Јован се врати во градината Јосифова. Апостолите отидоа, а таа стоеше кај гробор и горко плачеше. Погледнувајќи во пештерата, таа виде: на каменот, каде лежеше Исусовоте тало, седат два ангела во бела облека, еден до главата, а друг до нозете. “Жено! што плачеш?“ ја прашаа ангелите. Но тагата Маријина била толку голема, да таа не обрна внимание на тој кој со нејзе зборува, и одговори: “го земаа Господ мој, и незнам каде го ставија“. Велејќи го тоа, таа се сврте и го виде Исуса, но не Го позна. “Жено! што плачеш? кого го бараш?“ Марија помисли дека тоа е вратарот, па му рече: “господине! Ако ти си Го земал,кажи ми каде си Го ставил и јас ќе Го земам“. – “Марија!“ Рече Оној кој таа мислела дека е вратар. Слушајќи глас како ја вика по име, таа наеднаш се освести од тагата, се сврте и виде: пред нејзе стои Господ Исус. “Учителе!“ Повика Марија и Му се фрли пред нозе, да ги прегрне. Но Исус и рече: “не се допирај до Мене, бидејќи сеуште не се вратив кај Отецот свој и Отец ваш, и Бог свој и Бог ваш“. Ова било прво јавување Христово по воскресението. Марија Магдалена појде во Ерусалим и на пат се сретна со другата Марија. Одеднаш тие Го здогледаа пред себе Господ. “Здрави“, им рече Исус. А жените се фатија за нозете Негови и Му се поклонија. Исус Христос продолжи: “не се плашете; одете, и јавете на браќата Мои, нека одат во Галилеја; и таму ќе Ме видат“. Така Христос се јави по втор пат. Мироносниците им донесоа на учениците радостен глас. Марија Магдалена им рече, дека и се јавил Господ, но тие не и веруваа; другите мироносници објавија што рекол Ангелот, но тие и зборовите на жените ги сметале за празни збириви. После тоа Исус посебно се јавил на Петар (трето јавување) и објави дека воскреснал; дури тогаш многумина престанале да се сомневаат во вистинитоста на Христовото воскресение, премда помеѓу нив се уште имало и такви кои не верувале.
Во тоа време, кога помеѓу тие што верувале во Исус Христос се раширил глас, дека Господ Воскреснал, во народот се пренесувал друг глас. Војниците кои го чувале гробот на Исус, дојдоа кај првосвештениците и им објавија, дека ноќта се случил голем земјотрес и дека од небото се симнал Ангел Господов, кој го одкорнал каменот од вратата гробна и седнал на него; дека лицето негово било како молња, а облеката бела како снег, да тие кога го виделе тоа затреперија, премреа и преплашувајќи се побегнаа. Првосвештеникот Кајафа, запрепасен од овој глас, одма ги повика членовите на Синедрионот. Многу упорни, непријателите Христови не сакаа да поверуваат во Неговото воскресение и решија, овој настан да го скријат од народот. Затоа ги подплатија војниците и ги научија, да по народот рашират глас, дека учениците, дошле ноќта, го украле Неговото тело, додека тие спиеле. Освен тоа тие на војниците им ветиле дека ќе ги ослободат од казната Пилатова. Многумина поверува во гласот за кражбата на телото Исусово.
76. Исус Христос се јавува по воскресението.
Лук. 24. 13-8; мат. 28, 16-26; Мар. 16, 112-18;
Јован 20, 19-29; 21, 1-25; I Кор. 15, 5-7.
После вечерта, истиот ден кога Исус и се јавил на Марија Магдалена, на другата Марија и на Петар, двајца Негови ученици, Клеопа и Лука, тргна од Ерусалим во селото Емаус, кое беше далеки од Ерусалим десет километри. По пат размислувале за тоа што се случило тие денови. Во тоа време им пристапи патник, и ги праша: “каков е тој разговор што го имате помеѓу себе одејќи, и што сте невесели?“ Клеопа одговори: “зарем си ти еден од цркварите во Ерусалим, кој не слушнал што се случило во него овие денови?“ – “Што?“ ги праша патникот. Тие одговорија: “За Исус Назаретчанецот, Кој беше пророк, силен во дела и во зборови пред Бога и пред целиот народ; како Го предадоа првосвештениците и кнезовите наши, па Го осудија на смрт и Го разапнаа. А ние се надеваме дека е Он тој кој ќе го ослободи Израел. Но над сето тоа ова е трет ден како се случи тоа. Но не уплашија и некои жени од нашите, кои беа рано на гробот. И не наоѓајки го телото Негово дојдоа, зборувајќи дека ангелите им јавиле, кои кажале дека Он е жив. И отидоа едни од нашите на гроб, и најдоа така како што кажаа жените, но Него не Го видеа“. Тогаш патникот им рече: “нели тоа требаше да Христос го претрпи и да дојде во слава Своја?“ и почнувајќи од Мојсеј и сите пророци, кажаа што беше речено во светото Писмо за Месијата. Учениците се восхитуваа. Се им стана јасно. Во тоа патниците се приближија до Емаусу. Сопатникот на учениците Христови покажа како да сака да оди понатаму. Но Клеопа и Лука го наговорија да преноќева кај нив во селото. Сопатникот се согласи. Влегоа во куќата и седнаа за трпезата. Патникот зема леб, го багослови, го скрши и им даде. Се што правел овој човек, живо ги подсетувало на Учителот кој настрада. Тие Го погледаа: пред нив беше Исус. И Него одма го снема. Такво било четвртото јавување Христово.
“Не ни ли гореше срцето во нас кога ни зборуваше по пат и кога ни кажуваше за Писмото?“ рекоа еден на друг, и одма не гледајќи на тоа што било многу доцна се вратија во Ерусалим.
Доцна вечерта тие влегоа во куќата, каде обично се собираа учениците и таму ги затекнаа сите, освен Тома. Овдека ги дочека со глас, дека Исус навистина воскреснал и дека Му се јавил на Симона. Од своја страна, тие раскажаа, што им се случило на нив. За време на разговорот, одеднаш им се јави Исус, иако вратат била затворена, и им рече: “мир вам!“ А тие се уплашија; им се пристори дека тоа е дух. Исус им рече: “што се плашите? И зошто такви мисли влегуваат во вашите срца? Видете ги рацете Мои и нозете Мои. Јас сум целиот; пипнете Ме и видете: духот тело нема и коски нема, а како што гледате Јас имам“. Да ги увери подобро. Дека Он не е дух, Исус ги запраша: “дали овде има за јадење?“ Му дадоа парче печена риба и мед во саќе; Он зема и јадеше пред нив. Потоа им ги објасни пророштвата, во кои се зборува за страдањето и воскресението Христово. “Мир вам!“ ја заврши Он својата беседа, “како што Отецот Ме испрати Мене и Јас ве испраќам вас“. Потоа дувна на нив и им рече: “примете го Светиот Дух; На кого ќе ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе ги задржите, ќе се задржат“, и Го снема.
Ова петото видување на Господа Исуса ги израдува сите ученици. Не се радувал само Томо. Сомнеж го мачел. Сите му зборуваа: “Го видовме Господа“, но тој одговори: “додека не ги видам на рацете негови раните од клиновите, и додека не го ставам прстот свој во раните од клиновите, и не ги ставам рацете мои во ребрата Негови, нема да верувам“. Помина недела дена. Учениците се собраа, и Тома со нив. Вратата беше затворена, како и првиот пат. Наеднаш тие слушнаа поздрав: “мир вам!“ Помеѓу нив стои Исус. “Пружи го прстотсвој ваму“, Му рече на Тома, “и види ги рацете Мои; И пружи ја раката твоја и стави ја во ребрата Мои и не биди неверен, туку верен“ – “Господ мој и Бог мој,“ одговори Тома. Исус му рече: “одкако Ме виде поверува; блазе си им на тое кои не видоа а поверуваа“.
После ова шесто јавување учениците Исусови отидоа во Галилеја, по заповед Господова, каде и ги одпочнаа своите обични работи. Еднаш Петар, Томо, Натанаило, синовите Заведееви и двајца ученици Негови цела ноќ ловеле риба на Галилејското езеро, и ништо не уловија. А кога беше утро, човекот кој стоеше на брегот, им рече: “фрлете ја мрежата од десна страна на бродот и ќе најдете“. Рибарите ги фрлија, и кога почнаа да ја извлекуваат мрежата, во нејзе имаше толку многу риба, да не можеа да ја извлечат. Јован погледна кон човекот, Кој им рече да ја фрлат мрежата, и му рече на Петар: “тоа е Господ“. А Петар одма се запрегна со кошула, бидејќи беше гол и рипна во морето, а другите рибари дојдоа на бродот, влечејќи ја мрежата со риби. Кога излегоа на копно, видоа запален оган, и на нејзе ставена риба и леб. Исус им рече: “донесете од рибата што сега ја фативте“. Сомон-Петар ја извлече на копно мрежата и најде во нејзе сто педесет и три големи риби. Сите седнаа да јадат. И никој од учениците не се осмели да Го праша: “кој си Ти?“ гледајќи дека е Господ. Голема тага ја притискаше душата Петрова. На него му се пристори дека е недостоен да се вика ученик Христов; по своја прилика оваа мисла им доаѓала и на другите апостоли. Во текот на јадењето Исус му покажа на Петар, дека му проштева, што се одкажа од Него и дека пак го возвишува во звање на Свет апостол. Три пати Он го праша: “Симоне Јовин, Ме љубиш ли повеќе од овие?“ и на одговор Пертов: “Господе! Ти знаеш дека Те љубам“, одговараше: “паси ги јагнињата Мои“, и после тоа му предскажа на Петар дека ќе умре маченички: “кога си бил млад се опашуваше сам и одеше каде што сакаше; а кога ќе остареш ќе ги шириш рацете твои и други ќе те опашуваат и ќе те однесат каде што сакаш. Ајде со Мене“. Петар го погледа Јована Заведеев и Го праша Господа: “а што ќе прави овој?“ Исус Христос одговори: “ако сакам да Он остане додека не дојдам Јас, што имаш ти од тоа? Ти ајде со Мене“. Учениците помислија, да Јован нема да умре, иако тоа Исус не го кажал. Такво било седмото јавување Христово по воскресението.
Потоа Исус се јавил од една Галилејска гора; сведоци на ова јавување (осмо) биле повеќе од пет стотини ученици. Могумина Му се поклонија на Исус, а некои и се посомневаа. Најосле се јави Он на Своите апостоли. Во таа прилика Исус им рече: Ми се даде сета власт на небото и на земјата. Одете далеку по светот, проповедајте го Евангелието на секое создание, научете ги сите народи, крстејќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и учете ги да се придржуваат кон се што сум ви заповедал. Кои ќе поверуваат и се покрстат, ќе се спасат; а кој не верува, ќе се осуди. А знаците на тие кои веруваат ќе бидат овие: со името Мое ќе ги прогонуваат ѓаволите; ќе зборуваат со нови јазици; ќе ги земаат змиите во раце, ако и отровно нешто испијат, нема да им наштети; на болните ќе ставаат раце и ќе оздравуваат. И еве Јас сум со вас во сите денови до свршеток на светот“. Посебно Исус се јавил уште и на Јаков (девето јавување).
77. Вознесување на Исус Христос.
Мар. 16, 19; Лук. 24, 49-53; Дела 1, 4-12.
Се наближувал празникот Педесетница, и учениците на Исус Христос се вратија од Галилеја во Ерусалим. Во четириесетиот ден по воскресението Христово тие се собраа во еден дом. Тука им се јави Исус (десети пат), ги изведе од градот до Витанија, и на гората Маслинова им рече: “Јас ќе го испратам ветувањето на Својот Отец на вас; а вие седете во градот Ерусалим додека не се обучите во силата и висината. Јован ве крштеваше со вода, а вие ќе крштевате со Светиот Дух не долго после овие денови“. Овие зборови ги израдува учениците. Тие се собраа околу Исуса, а од сите страни се слушна прашање: “Господе! сакаш ли сега да направиш царство Израелско?“ Господ Исус ги отргна нивните мисли од моменталните пресметки. “Не е ваше да го знаете времето и годината која Отецот ја задржа во Своја власт. Туку ќе примите сила кога ќе се симне Светиот Дух на вас; и ќе Ми бидете сведоци и во Ерусалим и по целата Јудеа и Самарија и така до крајот на земјата“. После разговорот Господ Исус, подигајќи ги рацета, ги благослови. И се вознесе на небото и Го скри облак небесен. Учениците Му се поклонија.
Исус Христос веќе се вознесе на небото и седна од десна страна на Бог, а учениците Негови гледаа и понатаму во небото. Во тоа време им се јавија два човека во бели алишта и рекоа: “луѓе Галилејци! Што стоите и гледате во небо? Овој Исус кој од вас замина на небо, така ќе дојде како што видовте дека оди на небото“. Тогаш учениците на Исус Христос се вратија во град многу радосни.(1)
Христово вознесување
78. Симнување на Светиот Дух на апостолите.
Дела Ап. 1, 12-26; 2, 1-41.
После вознесување на Христос Спасителот на небо, учениците Негови останаа во Ерусалим. Тука, во еден дом (во соба на Сион) тие често се собираа и заедно се молеа на Бог, очекувајќи го со нетрпение ветениот Утешител, Духот Свет, Кој од Отецот исходи. Во тоа време тие после молитва со коцка го избрале Матеј, и го вклучиле во редот од единаесет апостоли, на местото на Јуда Искариотски. Дојде педесетница. Сите кои Му веруваа на Исуса Христа, беа заедно. Наеднаш се слушна бучава од небо, како дување на ветер, и ја наполни целата куќа каде што седеа учениците. И срцата на учениците се наполнија со страв и радост. Наеднаш се покажаа разделени огнени јазици; и седна по еден на секој од нив. И секој од нив одма осети, како да се препородол. Тоа Светиот Дух се симнал на нив.
Невообичеана бучава, ја наполни целата куќа во која се наоѓале верните, го сврте вниманието кон себе на минувачите. Голема толпа се собра околу куќата. Како за празникот педесетница се собирале од сите страни, како Јудејци, така и прозелити, така во толпата која беше околу куќата, имало луѓе од разни краеви. Тогаш на кровот излегоа учениците Христови, и инспирирани со Светиот Дух зборуваа. Чуден беше нивниот говор: тие зборуваа на разни јазици кои до тогаш не ги знаеа. “Нели се ова Галилејците што зборуваат?“ се слушнаа прашања од сите страни. “Како ние го слушаме секој својот јазик во кој сме се родиле? Што ќе биде ова сега?“ Но во толпата имало и такви луѓе, кои биле неспособни да го сватат чудото кое се случило, и со подсмев зборувале: “се украсиле со вино“. Тогаш апостол Павле му објасни на народот, дека овој необичен настан потекнува од тука, што Духот Божји се симнал на нив, како што предскажал пророкот, и што Исус Христос, кого Јудејците го разапнаа, воскреснал од мртвите. На Петровата проповед се восхитуваа сите. Три илјади луѓе поверуваа во ист ден во Христос и се крстеа.
Надежта на Христовите ученици се исполни. Денот Педесетница во кој бил утврден Стариот Завет, станал ден на утврдување на Новиот Завет. Царството Христово на земјата почна да се разоткрива.
GRBNACRKVATA
Makedonska Vistinska Pravoslavna Crkva
Post Box 6678, Rodelokka, 0502
Oslo, Norway

продолжува

This entry was posted in Книги. Bookmark the permalink.

Comments are closed.