ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА

GRBOTNAMVPC
Со благослов на неговата Светост
Патријарх на
МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ПАТРИЈАРШИЈА И ЦРКВА
на Македонија и македонскиот народ во дијаспората, Норвешка,Скандинавија,Палестина и цел свет
†††Јован–Хаџи
Наслов на книгата и автор:
„ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА“
ИЗДАВА: МВППЦ
Превод и технички уредник:
Мироносница сестра Ана
Скопје, Република Македонија
2015 година Господова

Земете, јадете, ова е моето Тело, кое за вас се крши за ослободување на гревовите.
Пијте од оваа чаша сите: ова е крвта Mоја на Новиот завет, која за вас и за многу други се пролева за ослободување од гревовите.
ЗАЕДНИЧКА МОЛИТВА
Ние можеме да му се молиме на Бога секаде и на секое место, така како што Христос ни рече, “во духот и вистината,…зошто Бог е Дух на Кого му се поклонуваат, и на духот и на вистината треба да и се поклонуваат“ (Јн.4,23-24). Меѓутоа, Христос особено го истакна значењето на зедничката молитва: “Таму каде се двајца или тројца збрани во мое име, тогаш и јас сум помеѓу нив“ (Мт.18,20). Таква молитва Бог и ќе прими: “Ако двајца од вас… се помолот ќе им даде Отецот Мој кој е на небесата“(Мт.18, 19). Затоа и Христос совесно одел на заедничка молитва: “…и влезе по својот обичај во саботен ден во синагогата и почна да чита“ (Лк.4,16).
На заедничка молитва, во определен неделен и празничен ден, не обврзува нас и Четвртата Божја заповед, која гласи: Сети се на денот за одмор да го славиш, шест дена работи и заврши ги сите свои работи, а седмиот ден посвети го (е одмор) на Господ, твојот Бог.
И Првата црковна заповед бара од верникот совесно да учествува во заедничката молитва: Молете се на Бога и учествувајте во Службата Божја секоја недела и празник. И не само да се слуша (зошто тоа може да биде и преку радио и телевизија), туку активно да се учествува во заедничката молитва, во црква на Божјата Служба.
Пример на заедничка молитва ни дале дури светите апостоли, кои, после вознесувањето Христово, го очекувале во Ерусалим симнувањето на Светиот Дух врз нив: “Тие сите беа истрајно и еднодушно на молитва и молење…“ (Дап.2,14)
ЗАЕДНИЧКА МОЛИТВА СЕ ВРШИ ВО ХРАМОТ
Богослужењето не се врши во нашите обични станови, туку во посебно за тоа средени простории, храмови или цркви.
Храмот со својата надворешност се разликува од сите останати градби, а внатрешноста е уредена према потребите на јавното богослужење. Зошто е тоа потребно? Нашиот секојдневен живот е често далеку од Бога и мислите за Него. Поради тоа, да би Му се приближиле, потребно е да се отргнаме од обичното секојдневие и да се пренесеме во непосредна Божја близина. Храмот со својата надворешност и внатрешното уредување се како некој оклоп кој ги штити верниците од сите надворешни влијанија и предизвикува во нив чувство како да се наоѓаат пред самиот Бог, на прегот на небото.
Формите на православните храмови се различни, со оглед на времето на подигањето, на градежниот стил или можноста на верниците. Па сепак, уште од далеку, во секоја населба храмот се истакнува со својата висока камбанарија, од каде се огласуваат камбаните и ги повикуваат верниците на богослужба. Камбаните најчесто се огласуваат пред почеток на богослужбата, да би ги потсетиле верниците да се спремат и на време да стигнат во црква. Камбаните ќе бијат и во текот на Службата, да би и тие кои не можеле да дојдат во црква, да би можеле да знаат кој момент е на Службата, да и тие на момент барем во мислите и молитвените желби да се преселат во храмот, да се прекрстат.
ДОАЃАЊЕ ВО ЦРКВА
Според Првата црковна заповед, во црква треба да се доаѓа редовно, во неделите и во определените празници (испечатени во календарот со црвени букви). Се разбира, од оваја обврска се ослободени тие кои во тие денови мора да работат, по природа на својата работа (јавните служби и работи од заеднички потреби).
Во црква треба да се дојде на време, пред почеток на богослужбата, како со доцнењето не би се попречувал самиот тек на богослужбата и би го одвлекувале вниманието на верниците кои се фокусирани на молитвата.
Доаѓајќи во црква , на заедничка молитва, ние излегуваме пред самиот Господ, па поради тоа треба да доаѓаме пристојно и што е можно посвечено облечени.Ако во земните институции и пред значајни личности од јавниот живот излегуваме убаво облечени, уште толку повеќе треба да обрнеме внимание на својот надворешен изглед при излегување пред небесниот Цар.
Христос не предупредил да на молитва доаѓаме помирени со сите.“ Значи ако донесеш свој дар пред олтар, и тука се подсетиш да твојот брат има нешто против тебе, остави го тука својот дар пред олтар, и оди па најпрво се помири со својот брат, па потоа дојди и принеси го својот дар“ (Мт.5,23-24).
Особено при припремите за Светата причест требе да бидеш смирен со сите, бидејќи како ќе чекаме Бог да нам ни ги прости и со тоа не направо достојни за причест, ако ние не сме спремни да им простиме на блиските и со нив да живееме во мир.
Доаѓајќи на Литургија (Божја Служба), треба пред Бог да застанеме со отворено срце, со цврста намера да себеси се предадеме на Бог и да со Него бидеме целиот тој ден, цела недела. Бидејќи, иако Литургијата е безгранично драгоцена сама по себе, сепак нејзините плодови, кои ние ги добиваме од нејзе, ги мериме со нашето внатрешно расположение, со нашето активно учество во неа. И водата од океанот можно е безгранично да се црпи, но секој може да нацрпи само онолку колку што собира во неговите садови.
Освен тоа, што се сме добиле од Литургијата, ќе ни постане јасно дури следниот ден или недела. Всушност, на Литургија може да се присуствува секоја недела, па сепак да не станеме подобри. Без активно учество во Божјата Служба (Литургија) нема ни практична корист.
ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЦРКВА
При влегување во црква на влезот треба да се застане, побожно да се прекрсти и да се појде кон целувателната икона (обично се наоѓа на средина на храмот и го преставува светецот на кого е посветен храмот или е тоа икона на празникот кој се слави тој ден).
Еден од најзначајните надворешни видови на православната побожност е палење свеќи.Палењето на свеќи е символично испведување, да ние христијаните сме следбеници на религијата на светлоста, но исто така и како соодветна жртва на Бог. Затоа сите верници, одма по влегување во храмот, земаат црковни свеќи и одат до чиракот (определено место за палење на свеќи), да таму, палејќи ги и ставајќи ги на заеднички места, би отпочнувале со молитва кон Бог.
Свеќите се палат за здравје на живите и за покој на душите на умрените роднини и пријатели. Пред палење на свеќите треба да се прекрстиме, се бакнува свеќата (со тоа се искажува љубов кон тие на кои се наменува свеќата),молитвено да се спомнат тие на кои свеќата ја “наменуваме“, да ја запалиме и да ја ставиме на определено место. Иако во храмовите обично постојат определени места за палење на свеќи на живите и упокоените (за живите горе или десно, а за покојните долу или лево) тоа нема некое големо значење, затоа што пред Бога сите се живи.
Црковните свеќи се од пчелин восок или мешавина со прочистен парафин и тие се осветуваат со посебна молитва, каде свештеникот се обратува на Бог “да сите, кои влегуваат во храмот на Божјата слава на која не може да се пристапи, ја гледаат вистинската слава на Божјата правда…“
Затоа и не треба посебно да се нагласува да свеќите за молитвена употреба треба да се земаат исклучиво во црква.
После влезната молитва и палење на свеќите, треба да се застане на свое место.Во многу краеви обичај е мажите, жените и децата да стојат одвоено за време на богослужбата. Ако нема посебна “женска црква“ (внатрешна припрата), жените стојат лево а мажите десно (гледајќи кон олтарот), додека децата стојат напред. Тоа, секако, зависи од локалните обичаи, но нема никаков проблем да семејството и во храмот биде заедно во заедничката молитва.
ПОЛОЖБА НА ВЕРНИКОТ НА БОГОСЛУЖЕЊЕТО
Доаѓајќи на свое место, каде ќе остане во тек на целата Божја Служба, верникот стои исправено,свртен со лицето кон олтарот, со рацете прекстени на градите или пред себе, но може и право да ги отпушти ( но никако не се држат на грб).
Со приклонување (наведнување) на главата претставува изразување на посебно внимание и почитување во тек на Божјата Служба. На пример, за време на “малиот вход“ (кога се пренесува Евангелието), додека се чита еванѓелие или се врши “велики вход“(пренесување на чесните дарови поради осветување и причест), во време на читањето на молитвата пред светатат причест – лесно ја наведнуваме главата, во знак на зголемено внимание кон зборовите кои се изговараат и на настаните на кои не потсетуваат тие работи.
Значи, во црква, за време на Божјата Служба, се стои. Тоа е израз на наше почитување кон Бога. Во исклучителни случаи дозволено е седење, особено за стари и болни верници. Но и тие, во најзначајните моменти од Светата литургија, треба да станат.
Големите поклони (спуштење на раката или челото до земја) и клечење вообичаени се во време на постот и каењето и го изразуваат човековото признавање на својата грешност и вина пред Бог. Обичјот клечење за време на читање на евангелието не е во ред, бидејќи свештеникот пред читање на евангелието не предупредил:“Премудрост, смерно стоиме, да го чуеме светото евангелие“.
Без голема потреба не треба да се помрднуваме од своето место, да се вртиме, да се поздравуваме со ново дојдените верници, да разговараме или да ја напуштаме црквата пред завршување на Божјата служба. Погледот секој пат треба да биде насочен кон олтарот, внимателно да се слушаат свештениковите зборови и да се следат неговите движења. Кога свештеникот не кади и кога посебно ќе не повика на приклонување на главата, треба лесно да се наведне главата. Со завршување на секоја молитва или песна, а особено при спомнување на Пресвета Тројца (Отецот и Синот и Светиот Дух) треба побожно и правилно да се прекрстиме (со три прсти од десната рака го осенуваме своето тело во вид на крст:на чело на гради, десно и лево рамо).

УЧЕСТВУВАЊЕ ВО БОЖЈАТА СЛУЖБА
Во тек на целата Божја Служба треба да настојуваме да концентрацијата на молитвата биде што посилна и постојана. Затоа внимателно треба да се слушаат зборовите на свештеникот, да се пее со пејачите и хорот црковни песни кои се познати, а особено и задолжително кратките песни: “Гоподе, помилувај“ и “Амин“ (зборот амин значи нека биде така, значи наша согласност со заедничката молитва).
Да мислите не заскитаат и ослабе вниманието, треба често да ги гледаме иконите на иконостасот, да се задлабочиме во нивната содржина и да се враќаме на заедничката молитва, низ повеќекратно повторување во себе: Господе Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене.
Символ на верата (Веруваат) и Оче наш…ако не на “глас“, тогаш треба тивко заедно да ја изговараме, бидејќи низ Символот на верата ја исповедаме својата вера пред Господ, додека “молитвата Господова“ (Оче наш…) е најсилен израз на нашето меѓусебно заедништво и единство со Бог.
Особено внимателно треба да се прати читањето на “апостолите“ и “еванѓелието“, “малиот“ и “големиот вход“ и “каконот на евхаристија“, од Символот на верата до Оче наш… За тоа време треба да се избегнува секакво движење, разговори, излегување, па дури и палење на свеќи.
Накратко, заедничко богослужење не е само во тоа да сите заедно стоиме во црква, туку да, што е можно повеќе, сите заедно и да се молиме, да активно учествуваме во Божјата Служба. Затоа, треба, да се запознаваме како со содржината, така и со значењето на зборовите, дејствијата и символите во тек на богослужењето. Тогаш Службата нема да ни биде ниту долга ниту туѓа, туку блиска и разбирлива.
ИСПОВЕДУВАЊЕ И ПРИЧЕСТУВАЊЕ
Верникот, кој со пост и со молитва се припремил, а пред Службата ништо не јадел и не пиел и кој сака да се причести, треба да дојде во црква порано, пред почеток на Службата, како би можел да се исповеда. Пред свештеникот, кој е посредник помеѓу верникот и Бог, треба да се отвори душата, слободно да се каже што има на совеста, да искаже каење и желба за корекција. Да се ислуша свешениковата исповедна поука и заедно со него да се помолиме на Бога за простување на гревовите.
На повик од свештеникот да пристапите “со страв Божји, со вера и љубов“- треба да се пријде кон олтарот, на солеј, и внимателно да се ислушаат, повторувајќи во себе по свештеникот, молитва пред света причест. На Светата чаша треба да и се пристапи побожно, со рацете прекрстени на градите. Да не се крстите пред чашата, да случајно не ја закачите и, недај Боже, истурите светата причест. На свештеникот треба да му се каже своето име, се отвора уста, да се прими светата причест и со салфетка се избрише устата. После примање на светата причест и бакнување на Светата чаша, да се вратите на вашето место, да се причека и останатите да се причестат и да ислуша благодарствената молитва после светата причест.
Понекои верници, сосема во ред, не само што на денот на причеста остануваат до крај на Службата, но се обидуваат да и после Службата се задржат определено време во црква, да не би после стапувањето во заедница со Христос, низ светата причест, многи брзо се препуштат на секојдневницата.
И еден совет: Да се причестуваме треба што почесто, не само за време на повеќедневните пости и не само еднаш за време на постот, туку секојпат кога ќе почувствуваме потреба за оваа возвишена храна на нашата душа и кога достојно ќе се припремиме.
Светата причест мора да биде едиствен израз на живот со Црквата. Тој кој не се причествува, не може себеси да се смета за член на Црквата. Нецрквеноста, па дури и антицрквеноста на современото опшество во многу неште се објаснува со одуството на правилниот литургиски живот кај верниците.
ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЦРКВА
Од Црква не треба да се излегува пред завршување на Службата и пред свештеникот да го каже “отпустот“. Проповедта, која е обично при крај на Службата, треба внимателно да се сослуша и да се настојува барем главната порака да се запамети.
Пред излегување од Црква треба да се бакне иконата и крстот во раката на свештеникот, да се прими свештениковиот благослов и нафора на дланката од десната рака. На самиот излез од Црквата да застанеме, да се завртиме кон олтарот, лесно да се поклониме и побожно да се прекрстиме.
Сепак, не се завршува се кога свештеникот на крај на Литургијата ќе каже: “Во мир да излеземе!“ Тоа не значи: одете дома и во текот на целата наредна седмица го симнете од себе оличјето на христијанин. Напротив. Тие значат: одете и пристапето кон исполнување на вашето повикување. Сега вие сте должни да го ширите ( проповедате) Христос околу себе. Светот гледа кон вас. Светот треба да го запознае Христос, гледајќи ги вашите дела, слушајќи ги вашите зборови. Вие сте квасец кој го ставаат во тесто, да би тоа целото се подигне. Збогатени со Христос – бидете како Христос, во својот живот и во однесувањето кон своите роднини.
Еден човек зборувал: “Сакам да го примам на Литургија Христос, да би Тој го поминал својот ден во мене“. Правиот христијанин, кој доживеал Литургија, ќе предизвикува помеѓу другите луѓе во текот на целиот ден, и цела недела духовно влијание, па и промена. Тајната на правилниот христијански живот е во тоа, да правилно ја користиме Светата Литургија.
Затоа внимателно прочитајте го, па и научете го, следниот текст: Објаснување на Светата Литургија.
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Верувам во еден Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо.
Верувам и во еден Господ Исус Христос, Синот Божји, еднороден, од Отецот роден пред сите векови, светлина од светлина, Бог вистинит од Бога вистинит, роден, не создаден, едносуштен на Отецот, од Кого се постанало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек.
Кој е распнат за нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребан;
И кој воскресна во третиот ден според Писмото;
И кој се вознесе на небото и седи од десна страна на Отецот;
И кој ќе дојде повторно со слава, да им суди на живите и мртвите и на Неговото царство нема да има крај.
Верувам и во Светиот Дух, Господ Животодавец, кој од Отецот исходи, Кој заедно со Отецот и Синот се почитува и слави, Гој говорел преку пророците.
Верувам во една, света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштевање за проштевање на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите
И живот во идниот век. Амин
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
Зборот литургија е од грчко потекло и значи служба,или уште подобро – служба на Бог, Служба Божја. Богослужењето често се вика и евхаристија, што значи благодарност. Литургијата е најважно богослужење во Христијанские Цркви, бидејќи на неа, под видот леб и вино, се принесува на Бог таинствена жртва на Телото и Крвта на Господ Исус Христос, а со која ние се причестуваме, поради нашето осветување и соединување со Христос.
Литургијата е жртва,која е основа на голготската жртва на Хтистос, а ние ја повторуваме во нејзиниот бескрвен облик, жртвувајќи леб и вино. Освен тоа Литургијата е тајна и се темели на зборовите Христови, упатени на апостолите на Тајната вечера: “Земете, јадете, ова е телото мое, кое за вас се крши за опростување на гревовите…Пијте од нејзе сите, ова е крвта моја на новиот завет, која се за вас и за многу други излева за простување на гревовите… Ова правете го во мој спомен“. Причестувајќи се на Литургија со телото и крвта Христова, ние ја исполнуваме таа значајна Христова заповед.
ЛИТУРГИЈА НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА
Се разбира дека Литургијата во ваков облик, како што ние денес ја служиме, не настанала одеднаш, туку тоа е продукт на вековен развиток. Но, без сметка на тој вековен развиток, како и на постоење на голем број на Литургии во текот на историјата, суштината останала иста непроменета.
Да би се зачувала еднообразноста на служењето Литургија, во четвртиот век Свети Василие Велики и Свети Јован Златоуст ги запишале чиновите (текстовите) на Литургијата, а кои чинови и денес се служат под нивните имиња. Во шестиот век Свети Григорие Двојеслов запишал во Цариград текст на уште една Литургија, која денес се служи во текот на Воскресенскиот пост, под името Литургија на претходноосветените чесни дарови.
Литургијата на Свети Василиј Велики, која од Златоустовата се разликува со нешто подолги молитви, се служи девет пати годишно: во првите пет недели на Воскресенскиот пост, на Велики четврток и Велика сабота, на Бадник и Водокрст (во очи на Бојављеније) и на ден на Свети Василие Велики ( 1/14 јануари).
Литургијата на претходноосветение чесни дарови се служи во денови на Воскресенскиот пост (освен сабота и недела) и првите три дена во Страсната седмица. Се служи поради тоа да верниците би можеле што почесто да се причестуваат. Даровите за оваа Литургија се осветени на Литургијата на Свети Јован Златоуст или на Свети Василие Велики.
Во сите останати денови во текот на годината се служи Литургија на Свети Јован Златоуст.
Има, меѓутоа, неколку дена во годината кога Црквата го негира служењето на Литургијата. Тоа се: среда и петок во Сирната седмица, понеделник, вторник, и четврток во Првата недела на Воскресенскиот пост и на Велики петок (ако на Велики Петок падне Благовештение, тогаш се служи Литургија на Свети Јован Златоуст и таа се однесува на празникот Благовештение).
ВРЕМЕ НА ВРШЕЊЕ НА ЛИТУРГИЈАТА
Што се однесува на дневниот час, кога треба да почне Литургијат, тука нема некое одредено правило. Тука ќе важат месните обичаи, одлука на надлежниот епископ или земја на парохијта. Во Војводина, Славонија и Босна почнува подоцна (најчесто во 10 часот), додека во Србија почнува многу порано (веќе во 8 часот). Најопшто правило е да не почне пред изгрејсонце, ни после пладне. Исклучок е Воскресение, кога Литургијата почнува многу рано, во продолжение на јутрења, како и на Бадник, Водокрст, Велики четврток и Велика сабота, кога Литургијата се служи попладне.
ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА СЛУЖЕЊЕ НА ЛИТУРГИЈАТА?
За Литургијата свештенкот облекува потполно одјејание (стихар, епитрахил, појас, наруквици и фелон) и за секој дел на одеждата чита определена молитва. Во текот на Литургијата на свештеникот ќе му бидат потребен определени сасуди (путир, дискос, ѕвездица, копје, лажичка, покровци, кадилница, сад за топла вода, анафорник). Текстот од Литургијата печатен е и во Службеник, а свештеникот ќе користи и Евангелие, додека на пејачите им се потребни: Апостол, Часослов, Зборник и друго.
На светиот престол, на жртвеникот и солеите треба да горат свеќите. За Литургијата е потребно пет лебови – просфора (просфора значи принос), замесени од чисто пшенично брашно,со квасец и сол. Секоја просфора на горната страна има печат, кој претставува квадрат со крст во средина. Помеѓу краците на крстот стои натпис: ИС – ХС; НИ – КА, што на грчки јазик значи:Исус Христос – победува. Просфорите се составени од два дела, што ги означуваат двете природи во Исус Христос, божествена и човечка. Покрај просфората потребно е и чисто природно вино, задолжително црвено, да не потсетува на крвта Христова. Во виното се сипува малку вода.

СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА Е СОСТАВЕНА
ОД ТРИ ОСНОВНИ ДЕЛА
1. ПРОСКОМИДИЈА
2. ЛИТУРГИЈА НА ОГЛАСЕНИТЕ
3. ЛИТУРГИЈА НА ВЕРНИТЕ

ПРОСКОМИДИЈА
Свештеникот кој се спрема за служење на Литургија влегува во храмот, чита пред олтарот определени влезни молитви,ги бакнува иконите и влегува во олтарот. Тука го бакнува Евангелието и светиот престол, ја облекува свештената одежда, ги мие рацете и застанува пред жртвеникот, за да би отпочнал со кршење на проскомидијата (зборот проскомидија значи принесување, принесување жртва леб и вино).
Стоејќи пред жртвеникот, свештеникот ја зема првата просфора, со копјето на нејзе прави знак на крст и, читајќи молитви и зборови од Исаиновото пророштво за Христос, вади коцкаст дел, кој од тој момент се вика АГНЕЦ (Јагне) и го претставува Христос кој се жртвува за луѓето. Свештеникот го става Агнецот на средина на дискосот, го расечува од долната страна накрсно, а од горната страна го прободува со копјето, како што римскиот војник ги прободел Христовите ребра. Бидејќи тогаш од Христос истекла крвта и водата, свештеникот истура вино и вода во путирот.
Од втората просфора се вади триаголна честица во чест на Пресвета Богородица и се става десно од Агнецот. Од третата просфора се вадат девет честици, во спомен на чиновите на светите: пророците, апостолите, светите отци, мачениците, преподобните, бесребрениците и други, а се ставаат лево од Агнецот, во три реда по три честици. Од четвртата просфора се вадат честици за живите, а од петата за упокоените членови на Црквата и тие честици се редат испод Агнецот.
Агнецот во текот на Литургијата ќе се претвори во тело Христово и со него ќе се причестат свештениците и верниците. Останатите честици ќе се, после причеста, стават во путир, каде се наоѓа крвта Христова, за да би крвта Христова ги исчитила гревовите на сите тие на кои свештеникот им ги спомнал имињата, вадејќи честици, и да би се соединиле со Христос. Остатоците од просфората, од која е изваден Агнецот и другите честици, свештеникот ги раздава после Литургијата на сите присатни верници.
По завршувањето на вадење на честици, свештеникот ја благословува кадилницата и, окадувајќи ја ѕвездицата, ја става на дискос. Потоа окадувајќи ги покровците, ги става на дискос и путир, а сето го покрива со најголемиот покривач (воздухот). Со тоа кажува молитви во кои го моли Бог да ги прими овие даровии да се сети на сите кои ги принеле овие дарови и поради кого се принесени.
Проскомидијата не потсетува на Христовото раѓање, а исто така и на страдањето Негово. Раѓањето биле во тишина, луѓето дури не Го ни приметиле. Само ангелите пееле на небесата и пастирите се поклониле на новородениот Спасител. Поради тоа проскомидијата се обавува во тишина. Свештеникот сите молитви ги изговара полугласно. Често проскомидијата се врши во тек на јутрење или часови. По завршување на проскомидијата свештеникот го кади олтарот и храмот.
ЛИТУРГИЈА НА ОГЛАСЕНИТЕ
Огласени биле луѓе кои се спремале за крштевање, за преминување во христијанска вера. Црквата пред крштевањето ги подучувала во науката Христова, па им дозволувала на огласените или на катихумените (катихизирати – значи подучување во верата) и покајници, како и на Евреите и многубожците, да присуствуваат на овој дел од Литургијата, за да ја запознаат верата Христова. Така да по нив, овој дел на Литургијата е наречен – Литургија на огласените. Огласените не стоеле заедно со верните, туку на определено место во Црквата, во припрат. На повикот на ѓаконот: “Вие кои сте огласени, излезете!“- морале да излезат од храмот, да би можел да почне третиот дел од Литургијата – Литургија на верните.
Литургијата на огласените, во Црквата во првите векови, била сочинета од пеење псалми, читање на Светото писмо, проповеди и молитви за огласените и покајниците. Тоа и денес, со мали измени, ја сочинува Литургијата на огласените.
По завршувањето на проскомидијата, со чукање на камбаните, се објавува почетокот на Литургијата, која свештеникот ја почнува со славење на Бог, троичен во лицата:
“Благословено да е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во век и веков – на што народот, како од едно грло, одговара – Амин, нека биде така.
Стоејќи во олтарот, пред светиот престол, свештеникот ја произнесува големата јектенија (ако служи ѓаконот тој сите јектении ги произнесува пред олтарот, со солеја). Јектенија е, всашност, вредна, искрена молитва, со кратки молби, со кои народот се потикнува на молитва, а по секоја молба, народот одговара: Господи помилувај, т.е. Господе, смилувај ни се. Свештеникот се моли за мир во светот, за архијереите и свештенството, за добро време и изобилие на земјоделски плодови, за тие кои пловат, патуваат, страдаат, боледуваат, како и за избавување од сите опасности и страдања.
На крајот на јектанијата чита свештеникот молитва, а народот го пее првиот антифон.Антифон е наизменично пеење или читање на стихови од псалмите од десниот и левиот хор. На стиховите од Стариот завет се додаваат песните од Новиот завет. Со ова соединување на двата завета се прикажува единството на луѓето, кои со заедничка фалба ја слават и величаат моќта и добрината Божја.
Во нашата богословска практика има три видови антифони на Литургијата. Тоа се: антифони секојдневни, антифони изобразителни и антифони празнични. Секојдневните антифони се пејат во работни или тежатни денови; изобразителните во сабота и недела, на празници Богородични и светителски; празничните на големи Господови празници.
Како што се гледа, најчесто се употребуваат изобразителните антифони. Името го добиле од таму што се пејат на изобразителната, која понекогаш ја заменува, ја изобразува Литургијата. Првиот антифон е всашност 102. псалм “Благословувај го душо моја Господа…“, или како популарно се вели – прва слава. Вториот антифон се состои од 145. псалм и песната “Еднородени Сине…“, која зборува за овоплотувањето Хрстово – тоа е втора слава. Третиот антифон го сочинуваат стихови на блаженства и песни кои се позајмени од јутрење, од така наречените канони. Помеѓу антифоните свештеникот кажува мала јектинија и чита молитви на антифоните. Овие молитви, како и (останатите кои ги чита свештеникот) во текот на Литургијата, свештеникот чита тивко во олтарот, да Литургијата не би била премногу долга.
МАЛ ВХОД
При крај на пеење на стиховите на блаженствата се прави мал вход. Во старо време Евангелието не се наоѓало на светиот престол, туку во специјално спремиште. Во текот на богослужењето се изнесувало и се ставало на светиот престол. Тогаш прв пат пред очите на верниците се појавувало Христовото Евангелие и затоа малиот вход претставува Христово излегување на проповед.
Свештеникот, носејќи го Евангелието на гради, излегува низ северните двери и оди преку солејот кон царските двери, зборувајќи тивко молитва на входот,која зборува за тоа да ангелите Божји служат заедно со свештеникот Литургија. На средина на солејот свештеникот го благословува входот (влегување), го бакнува Евангелието и тогаш, подигнувајќи го високо над глава, зборува на царските двери: Премудрост, стоиме смирено! Со овие зборови ги повикува свештеникот верниците на внимание, бидејќи наскоро ќе настапи читање на Светото писмо. Верниците, гледајќи го Христос помеѓу себе (Евангелието го претставува Христос), Му се поклонуваат и Го молат да ги спаси.
ТРОПАРИ И КОНДАЦИ НА ЛИТУРГИЈАТА
После входот се пејат тропари и кондаци,кратки песни, во кои се слави празник или свети, да би се означило да Христовото учење се остварило во животот на Божјите светци и да би се на светите, како извршители на Христовото учење, им се укажала чест која им припаѓа. Пеење на тропари и кондаци се завршува обично со песна во чест на Пресвета Богородица. Додека се пејат тропари, свештеникот тивко чита молитва, со која моли за простување на гревовите за себе и сите кои стојат во храмот, кои од Бог молат сила да би могле праведно да Му служат. Молитвата звршува со возгласот: Бидејќи си свет Боже наш, и Тебе слава Ти изнесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во век и веков – Амин.
ЧИТАЊЕ НА АПОСТОЛ И ЕВАГЕЛИЕ
Песната „Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилувај не“ уведена е во богослужењето уште во петиот век, после еден чудесен настан во Цариград, кога градот беше спасен од земјотрес, се чула ангелска песна, со ваква содржина. На некои Господови празници, наместо оваа песна, се пее: „Вие кои во Христа се крстите, се облековте во Христа, Алилуја“. На Крстовден (14/27септември) и во Неделата на крстопоклонот се пее: „На Крстот Твој се поклонуваме и свето воскресение Твое славиме“.
Ученик, кој ќе чита апостол, прима од свештеникот благослов и оди на средина на храмот, додека хорот пее прокимен, одредени стихови од Светото писмо од Стариот завет. Во апостолот се читаат делови од Делата (на светтите апостоли) и посланици на светите апостоли. За време на читање на апостолот народот стои, а свештеникот го кади олтарот и целиот храм со солеја – да би со тоа означил да со читањето на Светото писмо се раширил дар на Светиот Дух, како се излеал на сите краеви на светот и во душите на верниците миомирс на Христовото учење.
Слушајќи го читањето на апостолот, ние се сеќаваме на повикот на Христос, упатен на учениците, кога тие се оставиле и пошле по Него и почеток на проповедите на апостолот, на која Христос ги пратил. Свештеникот потоа тивко чита молитва пред светото евангелие, во која го моли Бог да не осветли со својата светлост, како би можеле да го разбереме евангелието кое ќе ни се чита.
По читање на апостолот, кое се завршува со песната алелуја (еврејски збор, а значи – Господа фалете го),свештеникот ги подгорвува верниците за слушање на светото евангелие. За читање на евангелие се палат свеќи, да би означиле светлост на евангелската вистина, која продрела низ темнината на неверувањето, а во која се наоѓале народите пред Христовото доаѓање. Со оваа светлост и денес се просветлува умот на сите тие кои во Христа веруваат и Неговата наука ја слушаат.
Свештеникот го зема Евангелието од светиот престол и го изнесува на царските двери, покажувајќи со тоа да и апостолите, заради проповедање на евангелије излегле од Ерусалим. Тука Евангелието се става на специјален сталак – налоњ – ако служи ѓакон, налоњ ќе се стави на амвон (округло возвишение на солејата).
Евангелието ни изложува сведоштва за животот на Господ Исус Христос, зборува за Неговото учење, за делата и чудата, па затоа сите верници треба внимателно и со прибран дух да слушаат, стоејќи право, а со спуштена глава, покажувајќи на тој начин, да се спремни да го исполнуваат учењето Христово, објавено во Евангелието.
ЗАВРШУВАЊЕ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ОГЛАСЕНИТЕ
Набрзо по читање на Евангелието се завршува Литургијата на огласените, бидејќи читањето на Светото писмо и проповедта за огласените се најважни. Свештеникот ги затвора царските двери и ја кажува сугубу јектинијата (што би се рекло – удвостручена), која го добила името по тоа, што на почетокот на оваа јектинија, во два наврата, удвоено, се обратуваме на милосрдието Божје, а народот на молбите одговара три пати со Господе помилувај. Молбите се упатени за здравје и напредок на народот и архиереите, за тие кои ги подигале храмовите и ги помагале, како и за сите православни христијани. Во продолжение на оваа јектинија може, по потреба да се произнесува и јектинија за упокоените, во која се молиме за простување на гревовите на умрените христијани. Овој дел од Литургијата се завршува со јектинија за огласените, а за тоа време свештеникот на светиот престол го развива антиминисот.
Зошто денес, кога во Црквата официјално нема катихумен, кога никој не го напушта храмот на повик: огласени излезете…,сепак на Литургијата се читаат јектиниите за огласените?
Затоа што и помеѓу христијаните има многу такви, кои би можеле да се вбројат помеѓу огласените бидејќи, иако се крстени, сепак со својот живот покажуваат да не се достојни да учествуваат во Литургијата. Сите тие кои не се кајат за направениот грев, кои свесно ги кршат заповедите Божји и заповедите на Црквата, кои во својата душа имаат омраза и злоба кон своите блиски, би требало, на повикот на свештеникот, да излезат од храмот, како што некогаш излегувале покајниците и катихумените на старата Црква.
Огласени се, исто така, и сите тие малолетни и полнолетни потомци на праволавните предци во бившите комунисички земји, а кои до сега не се крстени.
Во старо време, заедно со огласените, излегувале и тие христијани кои погрешиле, кои Црквата на определен период одлучувала да ги одстрани од учество во вршење на светат тајна Евхаристија. Повикот на огласените да излезат од храмот, ни напоменува да, ако би ни Црквата судела така како што судела во старо време, мноу од нас би заслужиле да излезат од храмот, пред
најважниот дел на Литургијата, Евхаристија.
ЛИТУРГИЈА НА ВЕРНИТЕ
ГОЛЕМ ВХОД

Кога, на повик на свештеникот, огласените излегле од храмот, почнува третиот дел на Литургијата, на која можат да присуствуваат само верните, поради што и се вика Литургија на верните. Главни делови на Литургијата на верните се: големиот вход, подготовка за осветување на чесните дарови, осветување на даровите, подготовка за причестување, причестување на свештениците и верниците, благодарење на Бог што не пушти на својата божествена тајна и, на крај, свршеток на литургијата.
После две кратки јектинии и две молитви за верниците, народот почнува да ја пее херувимската песна, така наречена “херувика“, во која се вели ние таинствено претставуваме херувими, кои невидливо Го носта Царот на славата. Затоа сега треба да се отфрли секоја животна грижа, т.е. да не мислиме ништо за имотот, славата, уживањето, туку да достоинствено го примиме Царот на сите земски и небесни суштества, со таква чест и слава, со која Го слават ангелските чети на небото, извикувајќи – алилуја.
Додека народот го пее првиот дел од херувика, свештеникот најпрво чита молитва, во која се зборува за потребата на духовна чистота за тие кои служат пред светиот престол, а потоа, подигнувајќи ги рацете, ја кажува три пати херувимската песна и на крај го кади олтарот и храмот со солеа. Потоа оди кај жртвеникот, го зема со лева рака дискосот а со десна путирот и, кога народот ќе престане со пеење, излегува низ северните двери, одејќи кон средина на солејата, го спомнува благочестивиот народ, ктиторите и соработниците на храмот, епископот и сите православни христијани. Свештеникот влегува во олтар и ги става светите дарови на развиениот антиминис на светиот престол, а народот продолжува да го пее вториот дел од херувиката.
Големиот вход,т.е. пренесување на чесните дарови од жртвеникот на светиот престол, поради осветување и претворување во тело и крв Христова, што е главна цел на Литургијата на верните, како и пеење на херувимски песни, символички претставува доаѓање на Исус Христос од Витанија во Ерусалим, да ги претрпи мачењата, страдањата и смрта. Затоа, за време на големиот вход, гледајќи го пренесувањето на чесните дарови, со најголема побожност и почитување наведнуваме глави, како да покрај нас поминува сам Господ наш Исус Христос, одејќи на маки и страдание, поради нас и нашите гревови и затоа треба во себе да повторуваме: Сети се на мене Господи во царството Твое (Лк.23,42).
Поставување на чесните дарови на светиот претстолот претставува распетие Христово, потоа симнување на телото од крстот и положување во гроб. Затворање на царските двери и навлекување на завеса, симвилички претставува запечатување на гробот Христов и поставување на стража околу него.
ПОДГОТОВКА ЗА ОСВЕТУВАЊЕ НА ЧЕСНИТЕ ДАРОВИ
После тоа величествено пренесување на чесните дарови на светиот престол, почнуваме да се подготвуваме за вршење на сватата тајна Евхаристија. Свештеникот најпрво ја произнесува прозбена ектинија, во која секоја молба завршува со зборовите: од Господа молиме (побаруваме). После секоја молба народот одговара: Подај Господи! Јектинијата завршува со поделување на мир и повик на свештеникот на меѓусебна љубов: Да се сакаме едни со други, за еднодушно да исповедаме а народот прифаќа: Отецот и Синот и Светиот Дух, Тројца едносуштна и неразделна. На овие зборови верните стануваат да ја исполнат својата душа со љубов кон своите блиски, да од срце ги простат сите навреди и да сите во себе негуваат меѓусебна чистота и братска љубов ви Исус Христос. Без такво расположение на душата, присуството на Литургијата на може на Бог да Му биде угодно, а ни на нас корисно (Мк.11,25-26;Мт.6,15)
Да достојно и со вера можеме да пристапиме на светата тајна, не повикува свештеникот со зборовите: Двери, двери, со премудрост да пазиме! Во старо време тој возглас се однесувал на специјални вратари, да внимаваат како никој не би влегувал, ни излегувал од храмот. Сега овој возглас не потсетува да ја зтвориме вратата на срцето свое за се што не е добро. Само во љубов и едномисленост, т.е. во иста вера и надеж може да се извршува големо и страшно богослужење на тајната на Телото и Крвта Христова. Затоа, пристапувајќи му, ние читаме Символ на верата,во кој накратко се изложени основните вистини на христијанската вера.
За време на читањето на Символот на верата, свештеникот мавта со воздухот над светите дарови. Со тоа тој ја изразува силата на молитвата за симнувањето на Светиот Дух на даровите и нивното осветување. Со пткривање на даровите и тргањето на завесата на дверите, означува да ние својата вера ја исповедаме пред лицето на самиот Господ. И следниот возглас: Стоиме сирено, стоиме со страв,внимаваме светиот принос во мир да го вознесеме, не упатува како треба да стоиме пред Господ и да бидеме постојани воверата. Народот ги прифаќа овие зборови и ги дополнува: Милост на мирот-жртвата ја фалат, бидејќи Бог е нај угодна жртва – наша љубов кон душевниот мир и чиста душа пред Господ. После упатениот благослов, свештеникот не повикува да ги воздигнеме своите срца кон Господ. Во највозвишениот час на Литургијата, христијаните треба да ги воздигнат чувствата и мислите од земското кон небесното, да ги отфрлат сите животни грижи и да ги насочат срцата кон Бог човекољубец.
“ДА СЕ САКАМЕ ЕДНИ СО ДРУГИ, ЗА ЕДНОДУШНО ДА ИСПОВЕДАМЕ: ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ, ТРОИЦА ЕДНОСУШТНИ И НЕРАЗДЕЛНИ“!
КАНОН НА ЕВХАРИСТИЈАТА

Потсетувајќи на Спасителот, Кој на Тајната вечера благодарел, свештеникот, поклонувајќи се пред светиот престол, зборува: Да се заблагодариме на Господа! Од тој момент почнува КАНОНОТ ЕВХАРИСТИЈА т.е. строго, по правило востановен поредок на самото осветување на даровите, најважен дел од Литургијата. Народот пее: Достојно е и праведно да се поклониме на Отецот и Синот и Светиот Дух…,а за тоа време свештеникот чита евхаристијска молитва, ја зема ѕвездицата, ги допира со нејзините краци дискосот, кажувајќи го гласно завршетокот на молтвата: Победничка песна пеејќи, викајќи, извикувајќи и зборувајќи, а народот со цел глас продолжува: Свет, Свет, Свет, Господ Саваот.(Саваот – Господ над војските) Исполнето е небото и земјата со слава Твоја;Осана (осана, еврејски збор – Господе спаси) на висините, благословен е кој доаѓа во името Господово; Осана на висините. Свештенкот за тоа време продолжува да ја чита евхаристијската (благодарствена) молитва, која се завршува со зборовите: “земајќи го лебот во своите свети и пречисти и непорочни раце, благодарив и благословив, осветив, прекршив, им даде на своите свети ученици и апостоли, велејќи: (тогаш покажува со раката на дискосот и Агнецот на него и продолжува гласно да зборува) Примете, јадете, ова е моето тело, кое за вас се крши за ослободување од гревовите“.Покажувајќи на чашата зборува: Пијте од неа сите, ова е крвта моја на новиот завет, која за вас и за многу други се пролева за ослободување од гревовите. На овие два повика народот одговара со Амин. Во кратката молитва, која свештеникот ја чита тивко, се спомнува крст, гроб, тридневно воскресение, вознесување на небо, седење од десна страна на Отецот и второто славно доаѓање, а гласно кажува: Твоите (дарови) од Твоите (многубројни дарови, кои сам си ги одбрал на Тајната вечера) Тебе Ти принесуваме за се (што е спомнато во предходната молитва – крст, гроб, воскресение, и друго) и поради се (поради нашето спасение), а народот прифаќа: Тебе (затоа) ти пееме,Тебе те благословуваме, Тебе ти благодариме, Господе, и Ти се молиме, Боже наш.
ОСВЕТУВАЊЕ НА ДАРОВИТЕ
Свештеникот сега чита молитва, во која дирекно се обраќа на Светиот Дух, да се симне и да ги освети даровите, да ги претвори во тело и крв Христова. Дури после оваа молитва се осмелува православниот свештеник да ги благослови даровите со последниот, завршен благослов. Настапува најсвечениот момент од Литургијата. Се врши тајна која не е достапна ни на ангелите. Подготвен со благодатта на Светиот Дух, свештеникот го благословува Светиот Агнец и тивко зборува: И направи го овој леб чесно тело на Христос Твој.Во тој момент ѕвони прв пат ѕвонче во олтарот (обичај прифатен во северните епархии), а народот тивко и побожно пее: И Ти се молиме, Боже наш.
Свештеникот сега го благословува путирот и тивко зборува: А тоа што е во оваа чаша (направи) чесна крв на Христос Твој. По втор пат ѕвони ѕвончето, а народот повторува: И Ти се молиме, Боже наш. Свештеникот со крсен знак го благословува путирот и дискосот заедно и зборува: Претворајќи ги во Духот Твој Свет. И по трет пат ѕвончето ѕвони, а народот со силен глас и развлечено пее: И Ти се молиме, Боже наш. Од тој момент, со силата на Светиот Дух, чесните дарови се осветени и претворени. Претворен е лебот во вистинско тело Христово, а виното (со вода) во вистинска крв Негова, иако пред нашите очи остануваат во својот природен облик. Свештеникот паѓа ничкум пред светиот престол и се заблагодарува на Бог што го удостоил со ова највозвишено свештенодејствие.
Моментот на осветување на даровите и нивното претворање во тело и крв Христова е, према тоа, најсветол и највозвишен момент. Затоа со ѕвонењето на камбаната се предупредуваат не само присутните во храмот на побожно молење, туку со тоа се објавува и на сите кои не се во храмот, до каде што допира звукот на камбаната, да ја остават на момент својата работа и разговорот, да ги обединат своите молитви со молитвите кои се принесуваат во храмот.
Како што жртвата Христова на крст била принесена за цел свет, исто така и евхаристијската жртва се принесува за цел свет, што особено се изразува во молитвите после осветување на даровите, кога свештеникот се појавува како посредник помеѓу Бог и целата вселена.
Свештеникот се моли за тие кои се спремни да се причестат со светите дарови, потоа за умрените и најпосле за живите. За причесниците свештеникот се моли, да светите дарови им бидат на будност на духот, за простување на гревовите, за заедница со Светиот Дух, а не на суд и осуда. Свештеникот се моли да Бог, поради молитви на светците, погледне и на нас.
Со возвишен глас свештеникот ја спомнува Владичицата наша Богородица, пречиста Дева Марија, да би со тоа покажал длабоко почитување, кое и припаѓа на Мајката Божја и царица на сите светии, најмоќна наша посредничка пред престолот Божји, а ги спомнуваме и сите останати, поради кои е направено ова жртвопринесување. Богородица е исто така човек и затоа нејзиното спасение, како и на сите останати луѓе, било направено од страна на Христос. Живите и упокоените членови на Црквата свештеникот ги спомнува тивко, со шепот, а само архиерејот го спомнува гласно.
Спомнувајќи ја црковната власт, свештеникот моли од Господ еднодушност и мир за целата Црква и посредува за сите луѓе во светот. Спомни го Господе овој град во кој живееме, секој град и земја и тие кои со вера престојуваат во нив.Спомни ги Господе тие кои пловат, патниците, болните, паталците, заробените и нивното спасение…И продолжува гласно: И дај ни со една уста и со едно срце го славиме пречесното и величествено име Твое, на Отецот и Синот и Светиот Дух…
Благословувајќи ги присутните, свештеникот го завршува КАНОНОТ НА ЕВХАРИСТИЈАТА. Почнува да ги подготвува вернците за примање на светите тајни,т.е. причест. Свештеникот по втор пат ја произнесува прозбената јектинија, во која се моли за опростување на нашите гревовите и за добивање на мирен, свет и безгрешен живот. Оваа јектинија се завршува со читање на молитвата Господова (Оче наш…).
ПОДГОТОВКА ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕ
Стоејќи пред светиот престол, свештеникот зборува со возвишен глас: Внимавајте! Светиња на светите! Внимателно со прстите од двете раце го зема Агнецот и го подига во вис, што значи изнесување на Спасителот на крст и распетие, а зборовите не подсетуваат да се светињата, т.е. тајната на причеста, се дава само на светите. Народот на тоа смирено одговара: Еден е свет, еден е Господ Исус Христос…т.е, никој од луѓето не е свет сам по себе, туку светоста ја добива од едниот свет Исус Христос и секој треба да се труди, да по мерката на своја духовна моќ добие осветување.
Да би ги покажал Спасителовите маки на крст, го крши свештеникот Агнецот на четири дела и тие делови унакрсно ги разместува на дискосот. Потоа зема еден дел, на кој пишува Исус,го спушта во путирот и потоа налева топла вода, топлина.Соединување на телото Христово (Агнецот) со божествената крв, означува воскресение Христово, а топлата вода се налева во путирот да би се ние причестиле со топлата крв Христова, бидејќи во живото тело крвта е топла.
Свештеникот се причестува во олтарот, а народот за тоа време пее песна, која се вика причестен. Тоа е некој стих од Светото Писмо или соодветна песна. Причестувањето на свешеникот во олтарот не подсетува на воскресение Христово во натре во запечатениот гроб. Тие се причестуват одвоено со телото ( од честицата на која пишува Христос) и со крвта од путирот, како што во старите времиња се причестувале сите врници. Сега свештеникот ги подготвува светите дарови за причест на верниците, ги дроби честиците НИ – КА на ситни делови, према бројот на причесниците, читајќи при тоа зборови на пасхални (воскресенски) песни и ги истура во путирот. Ако нема причесници помеѓу верниците, тогаш сега во путирот ќе ги истури сите честици од дискосот.
ПРИЧЕСТУВАЊЕ НА ВЕРНИЦИТЕ
Кога свештеникот ја подготвил причеста за верниците, ги отвара царските двери и ја изнесува Светата чаша, повикувајќи ги верниците со зборовите: Со страв Божји, вера и љубов пристапете! Покажување на путирот на дверите претсавува јавување на воскреснатиот Христос на апостолите, а учениците кои го виделе Воскреснатиот, Му се поклониле. Верниците со побожност и прекрстени раце на градите доаѓаат на солеј, каде со свештеникот ја повторуваат молитвата пред Светата причест. Во неа ја исповедаме нашата вера во Светата тајна на причеста и Го моломе Господа нашиот Исус Христос, да ни ги прости нашите гревови, кои сме ги направиле сакајќи и несакајќи, со збор или дело, да би можеле несудено да се причестиме. Го молиме Господа да не припушти на Светата тајна вечера, не зато да дадеме предавнички бакнеж како Јуда, туку да би кажале како тој разбојник, кој бил распнат со Христос: Сети се на мене Господи во царството Твое!
Приоѓајќи кон Светата чаша секој треба са го каже своето име. Свештеникот ги причествува верниците со лажиче, зафаќајки тело и крв и зборувајќи: Се причествува чедото Божје (името) со чесно и пресвето тело и крв на Господа и Бог и Спасот наш Исус Христос на разрешување на гревовите и на живот вечен. Причестениот верник ја брише устата со слфета, го бакнува подножјето на путирот, зема парче просфора, се поклонува и оди на страна, да внимателно го сочека крајот на Литургијата и благодарствената молтва, која свештеникот ќе ја прочита после причеста. За време на причеста народот пее:Телото Хрстово примете го,изворот на бесмртноста вкусете го!
Кога сите подготвени верници ќе се причестат, свештеникот го внесува путирот во олтар и ги истура во него сите честици од дискосот, кои се извадени на проскомидијата. Потоа со рака ги благословува верниците, а народот низ песна изјавува: Ја видовме светлината вистинска, го примивме Духот небесен, најдовме вистинскаа вера, се поклонуваме на неразделнатаа Троица, бидејќи таа не спаси. И последен пат ја изнесува свештеникот на дверите Светата чаша, осенувајќи ги со неа сите присутни, со зборовите: Сега, секогаш и во век и веков. Тие кои не се причестија, се поклонуваат на Светата чаша, сеќавајќи се на вознесувањето Христово на небо. Добивајќи голема радост во причеста со Светите тајни, му се заблагодаруваме на Бог со молитва, која народот сложно ја пее: Да се исполни устата наша со пофалба кон Тебе, Господи, бидејќи не удостои да се причестиме со светите Твои… тајни…Благодарењето се продолжува и во последната јектинија, која ја изговара свештеникот, затворајќи го антиминасот на светиот престол.
ЗАВРШУВАЊЕ НА ЛИТУРГИЈАТА
Свештеникот го објавува завршувањето на Светата литургија и, подготвувајќи ги врниците за достојно излегување од храмот, вели: Во мир да излеземе! Но пејачите, во име на сите верници, изкажуваат желба, да не излегуваат од храмот поинаку сем во името Господово, да добијат благослов до името Господово. Тогаш свештеникот застанува позади амвонот и чита молитва, во која кратко ги повторува молбите од целата Литургија: тој моли да Господ го спаси својот народ, да ги благослови тие кои на Него му припаѓаат, да ја сочува полнотата на својата Црква и да ги освети тие кои ја сакаат убавината на домот Божји, да не ги напушти тие кои во Него се надеваат, бидејќи секој дар е совршен кој доаѓа од горе, од Отецот на светлоста, на кого трба непрекинато да му искажуваме благодарност и слава, на што народот три пати пее: Нека е благословено името Господово од сега па до века!
Завршувајќи ја Литургијата, свештеникот кажува отпуст,повикувајќи ги светите Божји угодници, да посредуваат за луѓето. Врениците му приоѓаат на свештеникот да го бакнат чесниот крст, а тој им раздава антиодор, нафора, т.е. остатоци од просфората од кој е изваден Агнецот и останатите честици. Нафора се дава на тие кои не се причестиле на Литургијата (бидејќи сите верници не се секојпат спремни и достојни да примат Света причест). Од таму нафората се вика антиодор – што значи: наместо дар на Светата евхаристија. На тој начин се постигнува единство на тие кои се причестиле со тие кои не се причестени. Со ова до некаде се исполнуваат зборовите на Светиот апостол Павле: Бидејќи е еден леб, едно сме тело многу, бидејќи сите од еден леб се причестуваме (1.Кор.10.17).
Со давање на нафора се прави спомен на агапи (вечера на љубовта), заедничка трпеза на христијанската заедница од првите времиња на Црквата. Од остатоците на принесените дарови, а со цел за помош на сиромашните, се одржувале агапи – заедничко братско јадење, како видлив знак на заедничка љубов и христијанско единство.
На место овие агапи Црквата правела да, после Литургијата, им го подели на верните остатокот од бладословениот леб, во знак на нивното заедништво со Црквата. Во знак на тоа заедништво нафората се испраќа дома на тие, кои поради болест или некоја друга оправдана причина, не можеле да дојдат во Црква на Божја Служба.
Нафората се јаде обично пред било кое друго јадење тој ден.
МОЛИТВА ПРЕД ПРИЧЕСТ
Верувам Господе и се исповедам да си Ти навистина Христос, Син на живиот Бог, Кој што си дошол во светот да ги спасиш грешниците, од кои сум прв јас. Уште верувам да е ова само пречисто Тело твое и ова е самата часна Крв твоја. Затоа Ти се молам: помилувај ме и прости ми ги моите согрешенија, сакани и несакани, направени со збор и дело, свесно и несвесно и удостој ме да се неосудено причестам со Тајните твои на разрешување на гревовите и на живот вечен.
Прими ме денес Сине Божји, за причесник на Тајната Вечера твоја, бидејќи нема да ја кажам тајната на непријателите твои, нити ќе Ти дадам бакнеж како Јуда, туку како разбојник на крстот Те исповедам: спомни ме, Господе, во Царството Твое. Нека ми причестувањето со светите тајни твои, Господе, не биде на суд и на осуда, туку на исцелување на душата и телото. Амин.
МОЛИТВА ПОСЛЕ ПРИЧЕСТ
Ти благодариме човекољубив Владико, добротвор на душите наши,
што во денешниот ден не удостои со Твоите небесни и бесмртни тајни. Исправи го нашиот пат, утврди не сите нас во стравот Твој, сочувај го нашиот живот, зачврсти ги чекорите наши, со молитвите и молењето на славна Богородица и Приснодјеве Марија и сите свети Твои. Амин.
ОД ПОСРЕДУВАЧКАТА МОЛИТВА ЗА ЛИТУРГИЈАТА
ОД СВЕТИОТ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

…Спомни ја Господе твојата светособорна и апостолска Црква од едниот до другиот крај на вселената и подари и мир на нејзе кој си го стекнал со чесната Крв на Христос твој и овој свет храм утврди го до завршетокот на векот…
Спомни го Господе благоверниот народ наш, вооружи го со оружје на вистината и подари му победа над видливите и невидливите непријатели… Добрите сочувај ги во добротата Твоја, лошите со добротата Твоја преобрати ги во добри…со богатата милост Твоја помилувај не: домовите наши наполни ги со секакво добро, браковите сочувај ги во мир и слога, децата одгледај ги, младите воспитувај ги, старите закрепи ги, малодушните утеши ги, расеаните собери ги, заблудените обрати ги и присоедини ги кон Твојата света Црква; плови со тие што пловат; патувај со тие што патуваат; вдовиците штити ги; сираците заштити ги, заробените ослободи ги; болните исцели ги.
Спомни ги Боже тие што се под судска истрага и тие по рудниците…и сите тие што се во било каква невоља и потреба и опасност.
Спомни ги Господе и сите тие на кои им е потребно Твоето големо милосрдие и тие кои не сакаат и тие кои не мразат…Споми го целиот Твој народ и пролеј ја на сите богатата милост Твоја и подари им на сите тоа што молат за спасение… Бидејќи Ти си Господе помош на беспомошните, надеж на безнадежните, лекар на болните…
GRBNACRKVATA
Makedonska Vistinska Pravoslavna Crkva
Post Box 6678, Rodelokka, 0502
Oslo, Norway

This entry was posted in Книги. Bookmark the permalink.

Comments are closed.