ПАТОТ КОН НЕБОТО

GRBOTNAMVPC
Со благослов на неговата Светост
Патријарх на
МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ПАТРИЈАРШИЈА И ЦРКВА
на Македонија и македонскиот народ во дијаспората, Норвешка,Скандинавија,Палестина и цел свет
†††Јован – Хаџи
Наслов на книгата и автор:
„ПАТОТ КОН НЕБОТО“
Старец Клеопа
ИЗДАВА: МВППЦ
Превод и технички уредник:
Сестра Луиза
Скопје, Република Македонија
2014 година Господова
ПАТОТ НА АСКЕТИЗМОТ
КАКО ЃАВОЛОТ ГО ПРЕЛАЖУВА ЧОВЕКОТ

Во продолжение ќе зборуваме за советот на ѓаволот; како ѓаволот ги учи луѓето да го одлагаат покајувањето.
Си беше некој монах пустиник, голем подвижник во пустина во пределот на Александрија, по име Иларион, голем исихаст. Имал скоро сто години.
Се молел на Бог неколку години: “Покажи ми, Господе, кое е лукавството на ѓаволите со кое тие задобиваат најголем број на души за царството на пеколот! Која им е мајсторијата и методот да ги одвраќаат луѓето од добриот пат, да би ги направиле робови на гревот и да ги одведат во пеколот. Како тие се здобиваат со повеќе души за пеколот одколку ангелите чувари за Царството небесно?“ Се молел оттецот година дена, две, три, и не му одговорил Бог.
Една ноќ, кога бил на молитва, а беше длабоко во ноќта, надвор светеше месечина како ден, слуша некој глас: – Аво Иларионе!
-Молам, Господе?
-Земи го светиот крст во рака, земи го својот стап, осени се со знакот на светиот крст, излези од келијата и оди до блиската полјана, и кога ќе стигнеш на полјаната, застани тамо покрај некое дрво. Но не се плаши од тоа што ќе го видиш! Стој таму и гледај на средина на полјаната, додека не дојдам.
Кога тој слушна дека го учел да се наоружа со знакот на светиот крст, познал дека повикот е од Бог. Отишол старецот, кажувајќи молитви во умот, и стигнал на полјаната. Била голема тишина; не дувал ветер таа ноќ. Се гледала само месечината и ѕвездите. Отишол стариот монах покрај некое дрво и стоеше пазејќи.
Одненадеж, виде дека на средина на полјаната се појавува престол, Царски трон. Како да беше од молњи, како пламен огнен. Најпрво се појавил престол, и се зачудил. Потоа виде дека доаѓа сатаната и седна на престолот. Рамената му биле како наковална. Кожата му беше како мастило, со влакна како на мечка, со силни канџи. Имал круна составена целата од змии и држел во раката стап во вид на аждаја.
Кога го видел, се осенил со знакот на Светиот крст. Сатаната седнал на тој престол и трипати плеснал со дланките. Кога плеснал, се исполнил воздухот со ѓаволски чети. Полкови на ѓаволи, илјади и милиони. Едни, кои изгледаа дека се од најголемите, велможи на пеколот, стоеа блиску до него. Други – над шумата и други – во воздухот; колку што опфаќа погледот – само ѓаволски чети.
Кога монахот видел таму толку ликови на пеколот и толку ѓаволи, се сетил на зборовите од келијата, кои му беа кажани: “Не се плаши“, се наоружал со знакот на Светиот крст и стоел внимателно.
Тогаш, одкако се собрале како песок морски, на сите страни се гледаа само чети на ѓаволи, станал сатаната на нозе и рекол: – Ве собрав ова ноќ, во полноќ, овде, бидејќи сакам со вас да направам испит. Треба да положите тежок испит.
Знаете ли зошто ве повикав?
И рече еден: – Господару , не знаеме!
-Еве зошто ве повикав овде. Да излезе секој од вас и да даде извештај кој од вас знае најдобра мајсторија да ги измамува луѓето и да ги доведува во моето царство. И да ми покаже како тој го измамува светот и како го заглупавува човекот и го измамува, и го доведува во вечна мака и во нашето царство. Кој е методот, која е вашата мајсторија, бидејќи во целиот свет тоа е ваша работа: да ги измамувате душите човекови. Да ве видам колку сте искусни во измамувањето на човечките души! Кој ќе ми ја погоди мислата, ако ми каже како го измамув светот така како јас мислам, еве ќе му дадам да управува со пеколот три минути, ќе го поставам за цар наместо мене на три минути, и ќе го направам голем генерал над останатите.
Тогаш излегол еден од мноштвото и рекол: – Да си жив, твоја мрачност! Дојдов да поднесам извештај како јас ги измамувам луѓето!
-Ајде да видиме!
-Јас – вели тој – му кажувам на човекот вака: “Море човеку, оди ти и во црква, и пости, и моли се, и дури и милост прави, и други добри дела. Море, но ни со ѓаволот немој да ги расипуваш односите! Оди и во ресторан, оди и во крчма, на игранки, на проводи, на игри на среќа, да би се и со овој свет провеселил!“.
Со тој метод сум измамил многу. Им ја уфрлам помислата, бидејќи друга сила немам! Друга сила не ни се дала од пеколот. Рајските ангели имаат од Бог сила да уфрлаат на човекот мисла да прави добро. Ние имаме сила само да уфрламе на човекот помисла да прави зло.Но да го присилиме не можеме, бидејќи човекот има самовласт која му ја дал Бог. Не можеме да го присилиме да згреши; само ако е глупав и ја слуша мислата која му ја уфрламе.
И така сум измамил многу. Кога ќе излезат од црква, некои застануваат во крчма. Таму секој се среќава со роднините, со пријателите. Земе ракија, ќе испие по чаша; понекогаш ќе земе и цигара, ќе дојде и некој свирач да му засвири. Од таа причина човекот се спрепнал, не му е веќе ништо од корист што сабајлето бил во црква, бидејќи вечерта се вратил од нашата служба. И така постапувам со секого.
И запрашал сатаната: – Дали многу имаш измамено?
-Жив да си, твоја мрачност, многу!
-Си измамил поглупи од себеси, но не си направил ништо посебно.
-Поради што, твоја мрачност?
-Ти му велиш на човекот да оди во црква, да оди и во крчма, да оди и на забави, да оди и на Свети места, и да чита, и да се моли, потоа да оди на недозволиви проводи, но Христос му кажува во Евангелието: Никој не може два господара да служи! (уп. Со Мт 6,24), т.е. и на мене и на Него. Ти си го потикнал, можеби човекот не е душевно подготвен и оди неколку пати, но по извесно време доаѓа ангелот и му уфрла мисла: “Море човеку, не можеш да одиш по две патеки; или си со ѓаволот или си со Бог“. И човекот, бидејќи е укорен со страв Божји, тоа го напушта. “Море, држи се за една, бидејќи нема спасение во одот по две патеки!“ – Дали си пострадал така?
-Пострадав и така!
-Гледаш! Ти реков дека си измамил поглупи од себеси. Затоа, знај дека не си одговорил добро.
И повикал еден командант, од тие големите, еден капетан, и му рекол:
-Качи го на грб, одеси го во збор и удри му десет стапа по грбот и испрати го на дно на пеколот, бидејќи е глуп!
Го натепал, наместо да ми се заблагодари! Не му се допаднал неговиот совет. Барал друг подобар. Излезе друг со извештај.
-Да си жив, твоја мрачност! Ако јас не те задоволам, другите нема да те задоволат.
- Да те видам, јунаку! Како се викаш?
-Кривиот Даба се викам.
-Како ти ги мамиш луѓето?
-Еве како, величество. Јас му кажувам на човекот вака: Море човеку, нема Бог, нема ѓавол, нема ангели, нема пекол, нема рај, нема вечни маки, нема вечна слава, се е овде, во овој свет! Ако имаш што да јадеш и што да пиеш и имаш жена и многу пари, ако имаш почитување од луѓе, куќа и големи богатства, овде е рајот. А ако немаш, овде е пеколот. Затоа, толку е, колку е човекот на овој свет.
-И дали измами многу?
-Многу сум измамил!
-И ти си измамил поглупави од себеси. Знам дека си измамил, но глупави, бидејќи тие кои го познаваат Светото Писмо не можеш да ги измамиш. Бидејќи Светото Писмо му кажува на човекот дека има Бог, дека има ѓавол, дека има ангели, има пекол, има рај, има вечни маки, има вечна слава, има казна за грев, има на небото награда за добро дело. Светото Писмо е полно со такви учења, и кои го читаат не ти веруваат тебе. Дури и повеќе од тоа. Бог, кога го создал човекот, му ставил во душата и во телото чувство за Бог. Колку и да биде кој и да е паганин, чувствува дека постои невидлива сила во неговата душа, а тоа е совеста. Совеста го гризе кога чини зло и радува кога чини добро. И гласот на совеста не може да биде одраз на материјата, нешто материјално, бидејќи е од невидлива природа. Совеста е глас на Бог во човекот, и штом погреши, го гризе: “Зошто така направи?“ Може никој да не го прекорува. Може никој да не го види кога чини грев. Кога и да згреши, тој закон, кој Бог го всадил прво во Адам, наречен и закон на природата или совеста, одма го гризе. Понекогаш го гризе толку силно, ако гревот е голем, да го доведува до близина на очај. Се исполнува тогаш зборот кој вели во псалмите: Со карањето поради безаконието го испокара човекот,и ја истенчи како пајажина душата негова (Пс.38,14-15). Т.е. се истенчи надежта како пајажина и, од многу грижи на совест, скоро и да изгуби надеж.
Ако совеста се испрља со многу гревови, понекогаш толку силно го гризе човекот, да му таа грижа (тоа прекорување, прим. изд.) на совес станува мака над маките. Поради совеста не може ни да јаде добро, не може веќе ни да спие, ни мир повеќе нема, ни да се моли не може. Совеста гризе, гризе како црв во дрво. “Зошто направи и зошто го разгневи Бог со такви гревови?“
Затоа, залудно ти му кажуваш дека нема Бог, бидејќи совеста му кажува, и – после совеста – му кажува и Светото Писмо. Ти велиш дека го учиш човекот дека нема Бог, дека нема ѓавол, дека нема ангели, дека нема пекол, дека нема рај, но совеста му кажува дека има, и Светото писмо е полно со сведоштва по кои се докажува дека постои Бог, дека има ангели, има вечни маки, има вечна слава. Затоа, и ти си – рекол сатаната на тој со извештајот, кој се фалаиш дека со овој совет мамиш многу свет – глуп и не носиш голем допринос на царството на пеколот; не носиш голема корист!
Така настрада и тој ѓавол кој дошол со другиот извештај пред сатаната, како што настрада и првиот, кој се фалел дека направил нешто посебно.Т.е. наместо да го пофали, да го направи голем над многуте ѓаволски чети, го истепал и со страм го испратил на дното на пеколот, затоа што е глупав и не умее да ги измамува луѓето.
Измамувал, но мамел многу малку и многу малку души донесол во пеколот! Настрадал и овој ѓавол како и првиот, кој го учел човекот да оди во црква и во крчма и да прави и Божјо и сатанско. Затоа, и тој лошо поминал.
И сега од ѓаволските чети кои биле присутни повикал друг да поднесе извештај. И беше молчење помеѓу ѓаволските полкови, бидејќи беа милиони демони околу шумата и полјаната, и не излегуваше ни еден, бидејќи се плашеа дека ќе настрадаат како што настрадаа останатите, дека, наместо пофалба, ќе ги истепаат и ќе ги испратат на дното на пеколот.
Сатаната седел на престолот и чекал да излезе уште некој да даде извештај, зборувајќи:
-Ако третиот кој ќе излезе ми ја погоди мислата, то ест ми изложи план за придобивање души за царството на пеколот, подобар одколку оние двајца кои предходно ми поднесоа извештај, тогаш јас него ќе го направам генерал над многуте ѓаволски војски и ќе го поставам да седи на мојот царски престол три минути.
Одкако сататната тоа го рекол, од тие неброени ѓаволски пуковии никој повеќе не сакал да излезе, затоа што се плашеа да не настрадаат како што настрадаа другите двајца, кои предходно поднесоа извештај и на него не му се допадна.
Сепак, после некое време излезе еден грбав, со четири реда рогови, едната нога му беше паткина, едната беше коњска. Имал знаци на пекол на своето чело, опашката беше долга, незнам колку метри позади. И кога излегол, отишол пред сататната, како тој седеше на престолот таму на сред на полјаната, и му рекол:
-Да си жив, твоја мрачност!
Сатаната го праша: – Како се викаш?
-Куси се викам!
-Ех, те гледам стар и грбав. Се чини дека ти знаеш разни мајстории да ги измамуваш душите, да ги доведуваш во моето царство.
Кусиот рекол: – Ни твојата мрачност не знае што знам јас!
-Да те видам! Ми се чини дека си голем мајстор да придобиеш души.
-Ни ти незнаеш што знам јас! Имам мајсторија, бидејќи остарев во борба со човечките души толку илјади години, и со нејзе многу души ги одведувам во пеколот. Како што во зима паѓаат снегулки, така јас спуштам во пеколот души секој ден.
-Како си успеал да донесеш толку души во моето царство?
-Јас нема да кажам како првиот ѓавол кој излезе со извештај. Човекот знае дека не може да служи два господари и лесно ангелот го придобива на своја страна. Но нема да му речам на човекот ни како тој вториот глупак, дека нема Бог, нема ѓавол, нема ангели, нема пекол, нема рај. Не! Бидејќи Светото Писмо кажува дека има и Бог и ѓавол и ангели и пекол.
Јас толку му кажувам на човекот: “Море човеку, има Бог, има ѓавол, има ангели, има вечни маки за грев и вечна слава за добро дело, но имаш уште време! Зарем си глуп? Баш од денеска да започнуваш со добро дело?“
Ако е дете, му кажувам: “Море дете, ти од сега имаш да живееш! Доаѓа младоста, треба да се ожениш, треба да се забавуваш на светот! Немој да ја изгубиш младоста така залудно, бидејќи животот треба да се проживее!“
Ако е момче, му велам: “Одкако ќе се ожениш и основаш домаќинство, после тоа ќе одпочнеш со добри дела. Сега јади, пиј, забавувај се, прави секакви зла, па млад си. Ќе ти прости Бог, бидејќи он ја познава човековата слабост. Покајувањето остави го за утре, остави го за прекутре, остави го за догодина, за подоцна“.
Го учам човекот да го одложува покајувањето од денес за утре, од утре за прекутре! “Каква милостиња сакаш сега да правиш?Не брзај! Ќе се покаеш пред смрт! Сега сакаш да постиш, да го потрошиш здравјето на телото? Нека во страрост, бидејќи постот е за стари! Сакаш да се молиш? Да изгубиш толку саати молејќи се на Бог? Па сега имаш работа. Ете, имаш да одгледуваш деца, треба да стекнеш куќа и мираз за ќерките, имаш да жениш и да мажиш. Имаш толку!“
И ќе го збунам со животните грижи и стално му кажувам: “Остави го за друг пат“. Кога ќе дојде ангелот и ќе му каже: “Море човеку, раздај за душата на умрените!“, јас му велам: “Зарем си глуп? Сега треба да ги облекуваш децата, треба да правиш свадба, треба да правиш тоа и тоа!“ Ангелот доаѓа и му кажува: “Море човеку, ајде одпочни да ги постиш постите, во текот на годината, среда и петок!“ Јас му кажувам: “Немој да постиш, бидејќи ќе го изгубиш здравјето! Ти треба да работиш, да собираш имот, имаш да одгледиваш деца!“
Или доаѓа ангелот и му кажува: “Море човеку, исповедај се и остави го гревот, остави го развратот, остави го пијанчењето, остави ги цигарите, остави го пцуењето!“ “Ех, зарем уште од сега? Подоцна, пред смрт, ќе се исповедам на свештеникот, ќе ме ослободи и готово. Па книгата кажува да те затекне добра смрт, а до тогаш можеш да се забавуваш вака!“
Со тоа сите ме слушаат – кажува ѓаволот – и стално го одложуваат доброто дело од денес до утре.
Светото Писмо кажува поинаку. Светиот Дух ги буди луѓето, зборувајќи: Денеска, ако го чуете гласот Негов, немојте да бидат скаменети вашите срца (Ева. 3,7-8). И како што кажав, гласот Божји во човекот е совеста, која го гризе поради гревот и му вели: “Човеку остави го гревот! Остави ги кражбите, остави го блудот, остави ги пцовките, остави го пијанчењето, остави го пушењето, остави ги лошите работи, зависта, злобата, кавгите“. Бог му заповеда денеска, а ние му велиме: “Не денеска, туку утре, прекутре, во староста!“
И му кажуваме вака: “Дај ми го денешниот ден а ти земи го утрешниот!“ И така – вели – гревот е во човекот, како кога би земал голема шајка и со брадвом би почнал да ја заковуваш во суво дабово дрво. Ако ја удриш со чекан еднаш, двапати, трипати, лесно можеш да ја извадиш шајката. Ако ја заковеш до половина, потешко е, а ако ја заковеш цела, треба да го расцепиш дрвото!
Таков е и гревот! Се кове во природата со навика. И ако човекот не го остави денес гревот, додека е тазе, што повеќе застарува, тоа потешко може да се одвикне.
Дали си видел во бакар зелена рѓа? Да бакарот си го чистел секојдневно, би светел како сонце! Но ако е оставен со години, фатил зелена рѓа, неможеш веќе со ништо на светот да го измиеш, само ако го стопиш. Таква е душата кога ќе остаре во грев. Ако денеска не го оставила гревот, нека не мисли дека утре или прекутре ќе го остави полесно. Бидејќи по мерка на поминување на времето, гревот старее, се заковува во природата, и вообичајувањето станува втора природа; навиката станува втора природа, и човекот прави грев сакал несакал, и со голема мака човекот се ослободува од гревот, одкако овој остарел во него!
Навиката, по канонските закони на Црквата, е десети степен на гревот, бидејќи понатаму следи очајот, предпоследниот степен. И кога го видов човекот дека се навикнал на грев година дена, две, десет, незнам колку, мој е засекогаш! И така јас успевам да ги измамам, бидејќи илјади и милиони луѓе го одлагаат покајувањето од денес за утре, и сите стануваат робови на гревот; бидејќи кој грев не е оставен денес, утре-прекутре се повеќе фаќа корени и се е потежок. А кога човекот сака да го остави гревот, гревот се крева на него со голема сила: “Зарем си глуп, море? Со мене си живеел! Како да се ослободиш од мене? Што уште преостанува? Да живееш како што те учам јас и како си навикнал на мене!“
Така, како што пред малку ти кажав, сум научил и измамил толку души, да тие паѓаат во пеколот како што паѓаат снегулки кога вее, со еден единствен совет: “Добри луѓе, има уште време за добро дело; не бидете глупави да го одпочнете баш од денес или баш од овој час!“
Затоа, ви кажувам, ваша мрачност, тоа е мој совет и моја мајсторија, и имам во пеколот чета од илјади и стотина илјади мои ученици, кои така ги научив, и ги испраќам по целата земја да му шепотат на човекот на уво: “Човеку, за добро дело има уште време. Утре, прекутре, за година дена, за две, во старост“. И успеав и успевам. Оди и види во пеколот колку сум гурнал и гурам со овој совет!
Тогаш сатаната рекол:
-Браво! Најдобар совет – да го учиш човекот да го одлага покајувањето од денес за утре: “Баш денеска сакаш да се исповедаш? Баш денес сакаш да се причестиш? Баш денес сакаш да правиш милостиња? Зарем не гледаш дека немаш време? Остави за утре!“
Сега бидејќи ми ја погоди мислата, ќе ти ја дадам својата круна и стапот да три минути владееш со пеколот, и сите да го научите од него тоа лукавство, за да доведете што повеќе души во моето царство, да би се со нас мачеле во век и веков.
Одкако го видел и слушнал се тоа, монахот го видел сатаната дека плеснал трипати дланка од дланка и како искра се угасил во воздухот, и не видел веќе ништо и не слушнал веќе ништо. И тој останал зачуден од она што го слушна, како сатаната ги подучува својте ученици и безбројните ѓаволи од пеколот, да ги учат луѓето да го одлагаат покајувањето.
Тогаш дошол ангелот Господов и му рекол: – Аво Иларионе!
-Молим, Господе?
-Три години се молиш на Бог за да ти покаже како ѓаволите ги измамуваат луѓето и ги одведуваат во царството на пеколот! Ете виде со свои очи и слушна со свои уши како!
Оди во својата келија, земи тетратка, грабни пенкало и напиши се што виде, се што слушна со своите уши, да остане за поколенија кои ќе дојдат, за последно, оваа сатанина мајсторија. Бидејќи целиот свет треба да знае, да најдобриот совет од ѓаволот за да ја придобијат души за царството на пеколот, е да го учат човекот да го одлага доброто дело од денес за утре, од утре за прекутре, од младост за старост, до смртна постела, и така сите да ги одведе во пеколот! Амин.
ЗА СОНОВИТЕ
Што се сонови – Пробување со соновите – Монахов подвиг – Самоспознавање и како тоа се постигнува – Страстите се ѓаволи – Оружје со кое ги изгонуваме – Доблести и нивно дејствување.
Добар совет ќе те сочува, а преподобна мисла ќе те одбрани (Прик. 2,11)
Старешина: Каде ќе одиш, брате Јоване?
Брат: Кај Вас, преподобни оче, игумене, и ве молам Вас, ако имате време, да ме исповедате, бидејќи имам повеќе работи да Ве прашам.
Страрешина: Дојди, брате Јоване, бидејќи сега, после утринската, и јас сум слободен и мирен.
Брат: Пред се, преподобен оче, Ве молам да ми простите, грешниот, што толку ретко доаѓам да се исповедам, бидејќи поминало повеќе од три месеци како не сум бил кај Вас, преподобен оче. Навистина е дека во меѓувреме бев испратен во манастирски метох, и додека престојував таму, се исповедав на отец духовник Кесарија. Сега, сепак, имам повеќе конфузии кои ме вознемируваат, и поради тоа дојдов кај вас, преподобен, да ми разјасните, бидејќи минатиот пат бев многу задоволен со појаснувањата кои ми ги дадовте.
Старешина: Кажи, брате Јоване, какви уште конфузии и какви таги имаш сега на душата?
Брат: Овој пат, преподобен оче, ме вознемируваат некои соништа. Од пред некое време почнаа да ме вознемируваат ноќе, и јас донекаде им посветував внимание, бидејќи понекои од нив се обистинуваат.
Старешина: Какви соништа имаш, брате Јоване, на кои велиш дека си почнал да им посветуваш внимание и да ги сметаш за вистинити?
Брат: Ете преподобен оче, многу пати сонувам ноќе дека некој ќе дојде и гледам дека утредента или после неколку дена спомнатиот навистина доаѓа. Понекогаш сонувам многу кучиња кои душмански ме напаѓаат мене. Друг пат сонувам како да некој со пушка пука во мене, и дури го слушам звукот на оружјето, и неизбежно утредента треба да слушнам добра или лоша вест! И бидејќи донекаде се обистинуваат, почнав да верувам дека тоа се вистински соништа кои Бог ги испраќа. Затоа Ве молам, преподобен оче, да ми разјасните што да верувам во овие сонови.
Старешина: Гледаш ли, брате Јоване, дека старите ѓаволи пак те замаглуваат и не спијат? Гледаш ли како ја промениле мајсторијата за да тебе, брате, те испробаат?
Кога прв пат дојде кај мене, рече дека си разочаран што Бог не те удостоил да имаш видувања, да видиш ангели и слично; минатиот пат ми кажа дека мислите те советуваат да тајно излезеш од манстир, без благослов, за да би отишол во народот и да се правиш проповедник, како би ги преобратил светот на покајување, а сега ми велиш дека си почнал да сонуваш добри сни, кои Бог ги праќа!
Знај, сепак, брате Јоване, дека сите предходни ѓаволи и сега те испробуваат, само што тие стелно го менуваат своето лукавство час на еден, час на друг начин, со цел дека може ќе успеат да те измамат со совршена измама и да те однесат во вознемиреност!
Брат: А кои се тие ѓаволи, преподобен оче, за кои велите дека ме испробуваат?
Старешина: Брате Јоване, ѓаволите кои те испробуваат се ѓаволи на гордоста и суетна слава.
Брат: Но од која причина, преподобен оче, овие ѓаволи се држат за мене со своите искушенија?
Старешина: Брате Јоване, една од причините што овие зли души тебе те испробуваат, е што имаш слаб и неискусен ум. И знај дека многу луѓе со слаб и неискусен ум лесно паѓаат во провалија на своето замислување; тогаш почнуваат видувања и соништа кои изгледаат вистинити, да би ги излажале и ги наведат да високо мислат за себе: дека се удостоиле за големи дарови од Бог, бидејќи станале луѓе со видувања и соништа, низ кое им се одкрива иднината.
За тоа не учи и божествениот оттец Јован Лествичник, кој вели: “Ѓаволите со суетна слава прават на слабоумните пророци во видувањата и соништата“ (Лествица 3,27).
Брат: Но зарем јас, преподобни оче, имам слаб ум, затоа што имам толку соништа во текот на ноќта?
Старешина: Слушај, брате Јоване, твојот ум не е слаб затоа што има сонови ноќе, бидејќи сите луѓе имаат сонови, особено во текот на ноќта.
Твојот ум, брате, се покажува слаб затоа што се потресе, почнал да покажува внимание на соновите и да смета дека се вистинити и дека доаѓаат право од Бог, како што самиот рече. Кој нема да смета дека е со слаб ум човек кого би го видел како трча да ја фати сенката или трча по ветрот?
Брат: Но зарем е таков тој што верува во сонови?
Старешина: Навистина таков е, брате Јоване, како што јасно покажува Светото Писмо, кога вели: Кој верува во соновите е како кој сака да ја фати сенката и како кој трча по ветрот (Исус, син Сирахов 34,2). Не сваќаш ли, брате, дека со ови сонови ѓаволите со суетна слава сакаат да те наведат да за себе мислиш високо, и да те така фрлат во голем грев на гордоста?
Заправо од тоа поими, брате, дека имаш слаб ум, бидејќи си почнал да веруваш дека си станал достоен да имаш сонови од Бог и да од тие сонови можеш да ја спознаеш тајната на иднината. Но внимавај, брате Јоване, бидејќи мислите те прават дека леташ горе, а Светото и божествено Писмо ги нарекува луди тие кои се воздигнуваат со умот поради својте соништа: “Соновите прават лудите да летаат!“.
Брат: Колку јас сваќам, преподобен оче, Вие ме сметате за слабоумен лудак?
Старешина: Гледаш, брате Јоване, дека не те сметам јас за луд и слабоумен, туку Божественото Писмо покажува дека си таков, ако и понатаму продолжиш да веруваш во соновите.
Брат: Имам и друго да исповедам, преподобни оче.
Старешина: Кажи, брате Јоване, и не се срами, бидејќи и јас сум грешен човек, и потоа верувај дека не ми кажуваш на мене, туку на Бог, Кој е присутен овде помеѓу нас, и од Кого никој не може нешто да сокрие, бидејќи нема место непосетено од Неговото сезнаење, како што ни кажува Светото Писмо: Може ли човек нешто да направи а да го Јас не видам? Или зарем има место каде Јас не сум присутен? Зарем Јас не го исполнувам небото и земјата? Уште биди убеден, брате Јоване, да Бог ги знае не само нашите дела и зборови, туку и тоа што ние мислиме или што ќе мислиме, како што ни потврдува Светиот Дух, зборувајќи: Ти одалеку ги позна моите мисли (Пс. 138,2). Затоа, брате Јоване, кажи се што имаш да кажеш, бидејќи на Бог му ги кажуваш!
БРАТ: Еве што имам да кажам, преподобен оче: три години јас создавам подвиг за кој до сега не сум на никого зборувал. Имено: постам до заоѓањето на сонцето секој ден, освен сабота и недела и на големите празници; го прочитувам целиот Псалтир за ден и ноќ, и се трудам, колку што можам, да не изостанам ниту од црковното правило, а особено не на Утрење и од Светата литургија. Правам уште иљаду големи метании за ден и ноќ, освен сабота и недела, и тогаш правам двоструко поклони за големата метанија. Ноќе се трудам да што повеќе бдеам, задоволувајќи се само со неколку саати сон, и се трудам да не изостанувам ниту од слушањето на братството. А за празниците и во слободно време го читам Божественото Писмо, Житијата на Светите и учењата на Светите Оттци.
Ве молам, затоа, преподобен оче, да ми кажете дали е добра оваа цел на подвизување која јас ја правам.
Старешина: Ќе ти кажам, брате Јоване, дали овој подвиг твој е добар или не, само ако сосема искрено и со страв Божји ми кажеш со каква цел си го правел овој подвиг и дали си на почеток побарал совет и благослов од духовникот.
Брат:Преподобен оче, бидејќи разбирам дека се наоѓам пред Бог, ќе зборувам само вистина. Кога го одпочнав овој подвиг, не барав никаков совет од никого, ниту благослов, бидејќи сметав дека за правење добро дело не е потребно да барам совет и благослов. Но бидејќи ме прашате и која цел ми била подвигот, Ви се исповедам да целиот овој подвиг од почеток до сега го правев со цел да низ тоа Бог ме удостои мене грешниот да имам видување на Рајот или небесата, или барем да видам некеков ангел, бидејќи Богомајката или Господ подполно сум недостоен да ги видам! Дури право да кажам, тоа го барав од Бог во сите свои досегашни молитви.
Старешина: Е, брате Јоване, и после толку подвизувања уште не си се удостоил до некакво видување, и ниеден ангел не ти се покажал до сега?
Брат: Не, преподобни оче, ништо не сум видел до сега и многу сум тажен поради тоа. Се гледа дека Благи Бог не сака да ја слушне мојата молитва.
Старешина: Знај, брате Јоване, дека си многу заведен и омаловажен од ѓаволот и дека сето ова подвизување, кое си го правел без благослов и без совет и со цел да видиш ангели, си го правел на осуда и си ѕидал на темел од сенка (Лествица 22,23).
Брат: Како за осуда, реподобен оче, па јас постев и се молев во пот толку време! Зарем Благиот Бог ќе ја занемари оваја моја голема ревност и подвиг?
Старешина: Твојата ревност, брате Јоване, била луда и глупава ревност, која би те овела во сигурна опасност, да не ја разоткриеше сега! Ти, брате, велиш дека читаш побожни книги; па зошто тогаш не ги разбираш, ако ги читаш? Нели си слушнал, брате, за Светот Антоние Велики, кој вели: „Многумина своите тела ги измачиле со подвиг, но бидејќи немале внимателност, се одалечиле од Бога“ (Оттачник, Преподибни Антонио,10). Ти си се зафатил да правиш голем подвиг без духовниковиот совет и благослов, но не си слушнал истиот велик Свети Антонио, кој вели: “Ако е можно, нека монахот смело им објави на старците за чекорите кои ги прави, и капките вода кои ги пие во келијата, за да некако не погреши“ (Оттацник, гл. 40).
Велиш дека си имал голема ревност и внимателност во овој подвиг, но знај, брате, дека таа твоја ревност била луда и ѓаволска. Ѓаволите ти советувале да го започнеш овој подвиг, и исто тие ти давале ревност да го правиш, на твоја одговорност. За таква луда ревност Светиот и божествен Отец Исаак Сиријски вели дека “Од тешка болест боледува кој има зла ревност“ (Слово 58).
Таквата ревност не произлегува од човековото срце, туку само од гордост и суетна слава, и секој труд на човекот создаден со оваа ревност е залуден и ризичен, како што не учи отецот Јован Лествичник (Лествица, 32,12).
Памти го и ова, брат Јоване, дека многумина, водејќи се за глупава ревност и претекнувајќи со многу трудови самата мерка на дибро дело, пропаднале во своите напори и станале подсмев за лукавите ѓаволи (Невидлива борба, гл. 43).
Лудата, и полна со глупост ревност, светите и божествени Оттци ја нарекуваат “Дрскост полна со надменост и безумно распалување“.
Таква ревност имал тој монах од Отачника,кој се молел на Бога да го удостои да биде подобен на праотецот Исак.
Поради таа ревност поради целта и многу гордост ѓаволите го подлегнале на подсмев на жалосен начин, така да станал џелат човекоубиец и умрел со смрт на бесилка!
Ако сакаш да за ова знаеш поопширно, прочитај во Отачник во глава 7,10.
Исто таква луда и полна со гордост ревност владее во срцето и умот на Малпаса од Едесе. Тој престојувал во возвишено живеење, препуштајќи се себеси на презасилено делување, со цел да достигне возвишени мерки и да се удостои на гледање на тајните на Дветиот Дух! И така, бидејќи многу се трудел со тие подвизи, го пронашол сатаната, лишен од непоразителното оружје – смиреноумие, и сатаната, покажувајќи му се во сјајно светло, му рече: “Јас сум Утешител, и ме испрати Отецот да те удостојам да видиш видувања кои ги присакуваш, да ти дадам бестрастие и да те одморам во врска со работите кои следат“. А за тоа лошиот монструм побарал од Малпаса да му се поклони! А луд, не чувствувајќи напад на непријателот, целосно со радост го примил и му се поклонил. Но наместо божествени видувања тој го исполнил со своите духови и го опустошил од добрите дела направени поради вистина, и го “извисил“и му се подсмевал со суетна надеж на бестрастие, зборувајќи му: “Сега не ти се потребни работи и телесни маки и борма против страстите и похота“; и така го направил на зачетник на ереси на молител. А кога се покажало неговото скверно и лажно учење, го избркал епископот од тоа време (Св. Исаак Сиријски, Писмо IV на Светиот Симеон Дивногорец).
Дури и на Свети Симеон Столпник, голем подвижник и светилник на Антиохија, малку фалело, па да падне во таква опасност и ризик, да Благиот Бог не го наведе на мисла да се осени со знакот на Крст, кога дошле ѓаволите со кочија и огнени коњи да го земат на небо, како Илија (Види Житија на Светите, 1. септември).
Знај го и ова, брате Јоване, дека често се случува да луѓе со луда ревност, кои одпочнуваат да создаваат големи подвизи без внимателност и без совет и благослов од духовникот, доаѓаат до лудило и симнување од умот.
За тоа не учи големиот Оттец на Оттеците – Свети Антоние Велики, зборувајќи: “Знам монаси кои после многу труд паднале и стасале да се симнат од умот, затоа што се подпираа на своите дејствувања и, излажувајќи се, и не ја искористиле заповедта на тој кој вели:“Прашај го својот татко, и ќе ти покаже“ (Отачник).
Истото го потврдува и Свети Јован Лествичник, зборувајќи: “дека постојат арогантни срца кои се осмелуваат да започнат подвиг над својата можност, и така стануваат исмејувани од ѓаволите“ (Лествица 23,10).
А Свети Антонио Велики вели: “Казна на горделивиот е неговото паѓање, а предизвикувач му е ѓаволот. А знак дека Господ го напуштил е неговото симнување од умот“.
Поими, затоа, брате Јоване, дека лудата ревност му доаѓа на човекот од гордоста и го охрабрува да создава подвизи над своите можности, а незнае каква е природата на своите подвизи!
Ако не ја познава својата немоќ секогаш е крај паѓање во бездна. Тоа го покажува и божествениот отец Исаак Сиријски, кажувајќи: “Праведникот, не познавајќи ја својата немоќ, на оштрица е на својот нож со своите дејствувања, и никако не е далеку од паѓањето“ (Слово 21).
Значи, брате Јоване, како што гледаш, лудост, падот и симнување од умот го чекаат тој кој има луда ревност, кој, не познавајќи ја својата немоќ, одпочнува без совет и благослов да создава подвизи големи и над своите можности, со високи и луди цели.
Покрај сите овие сведоштва, кои си ги слушнал од Светите и божестваните Оттеци, слушај, Брате Јоване, и настан кој јас го видов со свои очи. Година 1930 во овој манастир беа двајца браќа, стари 25 години.Имињата нема да ги споменам, затоа што еден од нив сеуште е жив, а тој другиот умре со насилна смрт! Во почетокот овие двајца браќа беа добри и послушни, и поради тоа стариот старешина Јоаникије се стремел да ги препорача за свештенство, бидејќи беа имале чист живот. Беа добри, црковни, познавачи на типикот и појци, и беа многу сигурни во многу работи. Но ѓаволот, кој не спие, почнал по малку да им шепоти во нивните срца како од сега се во состојба да се сами раководат во духовниот живот.
И така, започниваат тие да имаат доверба во себе и да го слушаат својот ум, одпаднале од својата добра состојба и несакале повеќе да излегуваат од своите келии на општожително послушание; се молеа и правеа строго правило и илјаду метании во своите келии. А кога отецот економ доаѓал да ги повика на општожително послушание, тие би ги заклучувале вратите од келиите и одговарале од внатре, зборувајќи: “Ние имаме да правиме правило, а не Мартин дел, бидејќи не не повикал овде да работиме како мирјани“, и слично на тоа. Стариот економ отец Иларион, Бог да му ја прости душата, им зборувал кротко: “Драги мои, дојдете на послушание макар и онака, неколку саати, да не би мрмореле останатите браќа, а потоа ќе дојдете во келија, на своето правило“.
Тие, сепак, не сакале ни да чујат, на послушание не доаѓале, а ни во Црква, зборувајќи: “…правиме ние доста правила во келијата“. И отецот економ си заминувал тажен од нивните врати и му кажуавал на отецот старешина за побуната на тие двајца браќа.
Отецот старешина, бидејќи и самиот многу стрплив и сметајќи дека ќе се поправат, не преземал пребрзо мерки кон нив. Но еднаш, кога отецот економ го прашал што би требело да се направи поради поправање на тие браќа, отецот старешина му одговорил:
-Ќе видиш, оче Иларионе, што ќе се случи со нив, ако не слушаат и ако се зафатат за строг подвиг без наш совет и благослов!
Бидејќи така поминало некое време, еден од нив почнал да излегува од келијата, особено во сабота; доаѓал до трпезата и барал храна и за тој другиот. А понекојпат би доаѓал и на послушание, каде бевме сите заедно, но не би работел, туку би останал час-два и стало се фалел со својот пост и правило. Дури почнал и да ни кажува дека ми се покажала и Богомајка и дека и самиот Спасител му дошол една ноќ во келијата, опкружен со ангелите, кои имале златни кадилници и му ја окадиле келијата со чудесен миомирис, кој се чувствувал многу денови по нивното заминување.
Слушајќи го што сборува тој брат, многу му се восхитував и мислев: “Гледаш ли каков голем дар примил овој брат од Бог, затоа што се моли непрекидно?“ И сите браќа се восхитуваа, слушајќи ги од братот овие чудесни работи, и зборуваа: “Гледаш, ако овој јаде само во сабота и недела и деноноќно се подвизува со строги правила, Бог почнал да му покажува видувања“.
Но еден стар оттец, по име Јона, Бог да му ја прости душата, ни рече:
-Да, го видел ѓаволот тој брат, бидејќи не слуша никого и бидејќи го оговараше братот пустиник.
А еве што се случило!
После таков подвиг во текот на неколку месеци, слушајќи го и понатаму својот ум и не барајќи ничији совет, започнале ваков вид на подвиг: набавиле за себе доволно свеќи, ги земале своите Псалтири и се затвориле во некој пуст подрум, каде што постеле нејадејќи ништо повеќе од недела дена.
Одкако слушнал старешината дека тие двајца браќа не се наоѓаат во своите келии, се разжалостил, сметајќи дека скришум заминале од манастирот.
Еден ден, сепак, ги гледаме како доаѓаат во црква исцрпени од глад и со измачени лица, така да сите заедно се уплашивме за нив.Тогаш старешината кротко ги запрашал каде биле, па така ослабеле. Но тие ништо не одговориле! Старешината ги оставил на мира, и само толку им рекол:
-Внимавајте што правите, бидејќи ќе се унесреќите и ќе станаете за подсмев на ѓаволите!
Бидејќи поминаа уште три дена после тоа, и види – ги гледаме тие двајца браќа: гологлави со несредена коса, боси и со некакви големи стапови во раце, каде викаат и трчаат по падината на планината, удирајќи со стаповите по дрвата, бркајќи ги говедата и луѓето кои ги сретнуваат!
Тогаш еден брат отрча и му јави на отецот старешина, велејќи му:
-Оче старешино, тие двајца собраќа полудеа! Дојдете да видите како со растргана облека трчаат по планината!
А отецот старешина, одкако чу, им заповеда, велејќи:
-Одите сите и фатетеги, како не би го изгубиле и животот покрај умот.
На заповед тргнале десет најсилни браќа, кои со тешка мака го фатиле прво едниот, а потоа и другиот, бидејќи се беа разделиле; едниот избега во шумата, а другиот тргнал кон манастирот Секуу. Им ги врзаа рацете и така ги доведоа.
И беше жална глетка нивниот изглед, полни со кал, со матни и закрвавени очи со нозе раскрвавени од камењата и дрвата, со искината облека, гледаа уплашено на сите страни, не препознавајќи не нас, и удираа, да би се спасиле од рацете кои ги држеа. На заповед на старешината тие двајца браќа беа одведени во своите келии, така врзани со јажиња, и по неколку брата беа определени да ги чуваат. Потоа отецот старешина заповеда да се собереме сите во црква, и одпочнал со свето јелеосветување, после што наредил да целото братство пости до заоѓање на сонцето и секој да прочита за нив по Псалтир, а во црква се спомнувало нивното име на сите јектинии.
Одкако Благиот Бог така помогнал, после неколку дена тие двајца браќа се смирија со умот, и признавајќи ја својата измама во каја биле, отишле до старешината и побарале опростување. А отецот старешина, советувајќи ги, им рекол:
-Сето вам тоа ви се случи затоа што почнавте да се подвизувате по своја глава, без совет и благослов. И да знаете: ако не ве подржеше благодатта Божја поради молитвите на оттцие и собраќата, за малки да целосно загинете во опасност!
Чиј го, брате Јоване, вториот настан кој го видов со свои очи. Година 1932 бев во овој свет манастир и живеев во келија со еден брат, постар по години од мене, и кој се беше вратил од служење на војниот рок. Се викаше Василие Максим и беше од околината Васлуја. Тој беше започнал, без благослов и совет, многу голем подвиг: Спиеше многу малку, на столица, јадеше еднаш дневно и стално го читаше Псалтирот; правеше илјаду метании и беше секојпат присутен на црковното правило, и во почетокот беше многу работлив и на општожителните послушанија, но по некое време почна да се буни, да станува непокорен и да мрмори против старешината зошто не го замонашил побрзо; и велеше:
-Јас сум одслужил војска и имам одреден стаж; и поради што други замонаши, а мене не сака да ме замонаши?!
Нашиот старешина Јоаникие, Бог да му ја прости душата, бидејќи е човек чврст, стрплив и искусен, кој престојувал во Ерусалим и на Света Гора Атонска, каде поминал некое време, каде и го примил монашкиот постриг, не замонашувал брзо, додека не би на браќата приметил многу смирение, постојаност и решителност да останат во покорност и послушност. Затоа, брат Василие станал многу дрзок и нестрплив, и му кажувал на старешината право во лице: Зашто не го замонаши! А старешината му кажуваше:
-Брате Василие, имај трпение и немој ти, брате, да се грижиш за тоа. Навикнувај се на покорност, кршење на вољата и послушание, бидејќи кога ќе дојде тој час од Господа, ќе те замонашам и тебе, брате.
Но брат Василие не земал во предвид ни советот од старецот старешина, и стално мрморел дека тој е игнориран и дека не го замонашуваат, и барал на секој начин да го што побрзо замонашат.
Беше тоа во текот на втората седмица на Светиот и Велики пост, и старешината Јоаникие служел божествена Литургија на преѓеосветените дарови. Бидејќи повеќе од дваесет години скоро сам ја служел Светата литургија, бидејќи немало друг свештеник во светиот манастир. И неговиот редослед се состоел во тоа да во сите четири поста во текот на годината доаѓал на трпезата само во сабота и недела, а во обичните денови примал само Света Причест и ништо повеќе.
Спомнатиот брат Василие, бидејќи постојано го напаѓала мислата за монашење, одел во канцеларија на светиот манастир, каде секретар бил еден од учениците на старешината, и настојувал стално од него да му напише молба до Светата митрополија поради замонашување и што побрзо да ја испрати.
Тамошниот отец секретар, немајќи благослов од својот старешина за тоа, рекол:
-Брате Василие, би ти напишал, но немам благослов, а немам ни марка да ставам на молбата.
Но тој рекол:“Ќе отидам до Плоштадот Њамца да донесам марка“, на што отецот секретар го советувал да сега не тргнува на пет, бидејќи е Голем пост, и да има трпение и да го гледа своето правило и послушање.
Но брат Василие, гледајќи дека секретарот му брани да оди на Плоштадот Њамц, отишол во црква кај отецот игумен, кој управо служел Света литургија, и му барал благослов да оди на Плоштадот Њамц да купи марки за својата молба поради замонашување. Старешината му рекол со кроткост:
-Брат Василие, немој да одиш, бидејќи ќе наидеш на голема опасност!
Но брат Василие излегол од црквата натажен и бесен, и не земајќи благослов од никого, тргнал на пат. Т У К А ::::::::::::
Кога стигнал на местотовикано Параул Алб и сакал да влезе во шумата наспроти Стара Агапија, видиимаше пат преку планината, наеднаш излегоа пред него седум ѓаволи во лик на монаси, со страшен изглед, имале на главата црвени камилавки како протоереји и носеа во рацете некои огнени палки; и здогледувајќи го брат Василие, еден од нив рекол:
-Ајде, море, да го фатиме овој, кој тргнал на пат без благослов на својот старешина.
А брат Василие, кога го чу тоа, со голем ужас почнал да бега по шумата, а тие седум монаси ѓаволи трчале по него! И толку го бркале сиротио брат Василие, да дури пред заоѓање на сонцето стигнал во манаститот, и беше без кака на глава, со една боса, цела раскрвавена, нога, толку се испоудирал од дрвата и камењата во шумата, и со една облечена; со облеката целата искината на себеси, очите и главата му беа црвени како крв, по лицето беше целиот калив и во рацете држеше некакви дрва и стално ги фрлаше по тие седум ѓаволи, како по опасни кучиња!
Јас случајно се најдов во манастирскиот двор, кога тој влезе низ капијата испод камбаната; и кога ме виде, ме препозна и повика:
-Брате Костика – бидејќи така тогаш ме викаа монасите – не ме оставај, седумнина трчаат по мене, седморица трчаат по мене!
И потоа повторно се виткаше и фрлаше со дрвата од рацете, како да се брани од кучиња.
Фрлаше и кон мене, и злото ме удри, но јас се тргнав од пред него. А некој телесно посилен брат, по име Нестор, се нафрли на него и го опфати со своите раце и со голема мака го држел додека не дошле и другите собраќа, па го врзаа со јажина. Потоа со голема мака го однесоа во келијата и го легнаа на кревет. Но тој, јадник, со закрвавени очи се отргнуваше и викаше:
-Не ме оставајте, браќа мои, седумина трчаат по мене!
Отец старешина Јоаникие го имаше звршено Великото повечерје и беше отишол на планина Тачиунеле, каде со некои оттци поставувал некое големо буково буре на изворот во близина на бачије. Јас многу брзав и со голем страв отрчав таму и му реков:
-Оче старешино, ајде брзо во долината, бидејќи дојде брат Василие Максим од пат и е луд и непрекинато вика: “Седумина по мене“, и браќата го врза и го однесоа во мојата келија, и тие ме испратија кај Вас, преподобен, да Ве повикам да го разрешите, бидејќи тргна без благослов.
-Оди ти, брате, еве и јас ќе дојдам набрзо.
И така, одприлика после еден саат, стигна и отец игумен, кој прво отиде во светиот храм, и зема епитрахил, Молитвеник и Светиот Крст, и дојде со другите оттци и собраќа во келијата каде беше вразн брат Василие Максим. И одкако влезе, отец старешина рече:
-Клекните сите!
И одпочна да чита разрешувања од клетви и други свети молитви. Потоа рече: -Пуштете го, одврзетего сега!
Абратијата кажуваше: Оче старешино, ќе побегне!
А тој рече: – Не се плашете, ако Бог го разрешил, немојте повеќе вие да го држите врзан.
И одма браќата го одврзаа, а тој стоеше мирно и не гледаше зачудено сите нас, потоа ја наведна главата и заспа.
А отецот старешина рече: – Оставете го да се одмори, бидејќи е многу уморен и потресен.
И така спиеше до наредниот ден сабјле, кога се арзбуди, запамтил се како настрадал, и ни кажуваше на нас, но ние поради должината го запишавме само ова малку.
Посе овој настан влезе голем страв во сите оттци и браќа, и сите внимаваа на себе, како не бисме правеле ништо без благослов и без совет.
Затоа, брате Јоване, после сведоштвото кое ти го презентирав од Светите Оттци, ти ги претставив овие настани, кои ти – ако имаш страв Божји – можат да бидат од корист, да те отрезнат и направат да сватиш дека во голема духовна опасност се наоѓаат тие кои живеат по своја глава и се зафаќаат за подвиг без совет и благослов на старешините и духовните оттци.
Брат: Навистина, преподобни оче, чудесна е оваа приказна и е од голема корист, бидејќи и самиот сватив како ѓаволите се подсмеваат на тие кои без благослов се зафаќаат за добри дела, одејќи по свои расудувања. Неможам, сепак, да сватам како може Бог да ги игнорира човековите добри дела, како пост, бдение, молитва, работа и слично. Па Он ни заповеда да ги правиме.
Старешина: Да, брате Јоване, Он ни заповеда да ги правиме, но исто така Он нас не научи и покажа како да правиме добри дела, за да на Него му бидат благоугодни, а ние да не го загубиме залудно својот труд. Зарем оној фарисеј и самиот имаше пост, милост, молитва, и други работи за добро дело, па сепак гледаш дека неправеден пред Господ излегол од храмот. (Лк 18,4). Зарем лудите девојки несе и самите имале девственост, како и мудрите, па сепак од Женикот слушнале збор кој гласи: Не ве познавам (Мт.25,12).
Сети се, брате, на тоа што го зборувавме минатиот пат: дека Бог не гледа што сме направиле, туку целта поради која сме го направиле.
Слушај го и Свтиот Јован Дамаскин, кој вели: “Доброто не е добро, кога не се создава добро“ (Догматика, стр.301). Исто така и божествениот отец Максим Исповедник вели: “Кога ќе слушнеш Писмо како кажува: “Ти секому ќе платиш по делата негови“, знај дека Бог нема да плати со добро тоа шро сме го создавале без вистинска цел! Бидејќи Бог не гледа на создадено (направено), туку на целта на создаденото (направеното) (Добротољубие, том II, гл. 37).
Затоа, брате Јоване, слушај и памти да сите напори твои кои си ги сторил (направил) без совет и благослов на духовникот а со цел да ги видиш ангелите, создадени со зла цел и со луда и ѓаволска ревност. Но ако си одел понатаму, а да не дојдеше да се исповедаш, би те одвеле во лудост и опасност и жалостен пад, бидејќи сите овие подвизи, брате, биле плодови на гордост и суетна слава и самонаредениот поредок, поради што молиме милост и сомилост Божја да не сочува.
Наша света должност е да се молиме на Бог не да не удостои да ги видиме ангелите или небесните видувања, бидејќи тоа е молитва на дрскост полна со гордост и ѓаволска измама, која Бог ја мрази, туку да се молиме на Премилостивиот и Преблагиот Бог да ни помогне да достигнеме да ги спознаеме своите грвови и да ги оплакуваме до последниот здив, ако сакаме да добиеме милост и простување на големиот ден на Судот.
Брат: Колки ја мислам, преподобни оче, голема работа е самодовербата. Поради тоа Ве молам: кажете ми што е самопознавање и каква корист му носи на тој кој го има.
Старешина: Ако се сеќаваш, брате Јоване, за самопознавањето, за кое прашуваш, зборувавме ние и порано, но бидејќи сега лично ме праша, ќе придидадам овде што изостана тогаш.
Брате јоване, слушај го Светиот Јован Лествичник, кој вака кажува за самопознавањето: “Самопознавањето е тајновито рабирање на своите мерки, дури и најлесните (.. .е точно разбирање на своите способности и трајно памтење на своите најситни гревови)“ (Лествица,25,40). Знај, брате Јоване, уште и тоа , да човек кој достигнал спознавање на своите немоќи и гревови сличен на тој кој сее свое семе на добра земја. А тој кој нема самопознавање сличен е на тој кој сее во море, т.е. го става семето во вода, т.е. тој нема никаква корист од својот труд. Во душата на таквиот човек може да процвета одбран и убав на смиреноумие. Исто така божествениот отец Јован Лествичник ни го кажува и ова, зборувајќи: “Кој се запознал себеси во секакво чувство на својата душа тој сее во добра земја, а кој не сеел така, вонего не може да процвета смиреноумие“ (Лествица, 25,40). А кој достигнал блаженство да се спознае себеси се доближил од двата краја на почеток на мудроста.
Брат:Но кои се, преподобен оче, два краја на мудрост за кои велите дека се приближува кој себеси се спознае?
Старешина: По сведочењето на Светите Оттци, брате Јоване, два краја на мудрост кое ги достигнува човекот кој се спознава себеси се две големи доблести: страв Божја и љубов Божја, по зборовите кои кажуваат: “Почеток на мудроста е стравот Божји, а крајот е љубовта кон Бог – Неговата љубов“.
Затоа, кој се удостоил да достигне самоспознавање, ако тој помине цело време во него, достигнал почеток и крај на мудроста и се доближил на бескрајната љубов Божја. Оваа вистина ја потврдува божествениот отец Јован Лествичник, кажувајќи: “Кој се спознал себеси, достигнал разбирање на стравот Божји, и борејќи се во него, стигнува до вратата на љубовта“ (Лествица).Т У К А ::::::::::::::::::::
Значи, брате Јоване, од овие сведоштва можеш да разбереш колку е корисно за човекот да се спознае себеси. Поради тоа и Свети Петар Дамаскин рекол: “Ништо не е подобро од тоа за човекот, одколку самиот човекја спознае својата немоќ, и ништо не е полошо, одколку тоа да не го познае“ (Невидлива борба“). Тоа го кажал божествениот Отец затоа што разбрал дека самопознавањето – непоколеблив темел за тој кој ѕида дом на својата душа, како и корен на севкупнотодуховно дејствувањеи блаженство во Господа.Тоа го покажали божествениот Отец Исаак Сириски, кој вели: “Блажен е човек кој ќе ја спознае својата немоќ, зтоа што тоа му станува на него темел, корен и почеток на секаква добрина“ (Слово 21).
Брат:Но како може човек, претодобен оче, да достигне самопознавање и и спознавање на своите немоќи?
Старешина:Прво, брате Јоване, да ди достигнал самопознавње и спознавање на своите немоќи, тој треба да цело време мисли на својата ништожност.
Брат: Но што значи да мисли за својата ништожност?
Старешина:Еве што, брате Јоване.
Прво треба човекот да се сеќава на времето пред доаѓањето на земјата, затоа што во тој бескрај на вечноста тој е ништо од ништо, и никој не можел да направи да тој постои; а ако постои, тоа е само од голема благост Божја.
Второ, да смета дека Бог го создал од ништо, и да тоа што е – е само поради Него, и дека Он сака да ние на ова сознание го започнеме целокупното духовно надоградување, и да сватиме дека од себе ништо не можеме да дадеме.
Трето, да се сеќава дека се родил во гревови (Пс.50,6).
Четврто, да умува за материјалниот зачеток на своето битие и да смета дека неговото битие не е ништо друго, туку плод на мешање на машко и женско семе, во што нема ништо особено убаво, дури смрди.
Пето, да размислува во себе дека ни еден момент тој не пред Бог без грев и дека никојпт нема да може детално да ги разбере своите грешки, ма колку и да е искусен, како што пишува: Кој ќе ги разбере грешките? (Пс.18,13).
Шесто, причината која може да го доведе човекот многу лесно до самопознавање се искушенијата кои доаѓаат на човекот со дозвола Божја, што го потврдува и божествениот Отец Исаак Сириски, зборувајќи: “Никој не може да ја спознае својата немоќ, ако и самиот малку не е испробан во тоа што го мачи телото или душата“ (Слово 21).
Седмо, дека човекот размислува за смрта, и да се сеќава дека после смрта телото кое толку го сака ќе стане храна на црвите и дека од него ќе излегува смрдеа полоша одколку од сите срдеи на светот.
Осмо, да човекот се сети дека најпосле неговото тело ќе се претвори во земја, по зборовите на Писмото, кое вели: Земја си и во земја ќе отидеш (Постанок 3,19).
Девето, да човекот размислува – не многу , само еден ден – за тоа што рекол и тврдел, и ќе дознае дека најповеќе од тоа било наопаку, лудо, непостојано и зло. И ќе разбере од тоа испитување колку е немоќен, колку е превртлив и непостојан во добро расположение, и можеби ќе се смири и нема повеќе да има доверба во себе.
И на крај, може човекот да достигне самоспознание, ако го спознае разновидното мноштво на своите природни и непорочни страсти, како и разновидното мноштво на своите телесни и душевни страсти.
Брат: Преподобен оче, кои се природни и непорочни страсти?
Старешината: Прирдни и непорочни страсти се нарекуваат, брате Јоване, овие: глад, жед, болка, пропадливост, труд, разжалостување, страв, итн.
Брат: Но, преподобен оче, како може некој да достигне спознавање на своите немоќи од овие природни и непорочни страсти?
Старешина: Многу лесно, брате Јоване, може да дојде човек до спознание на своите немоќи, ако биде внимателно размислувал за тие природни и непорочни страсти, затоа што кога ќе огладне, сваќа дека е немоќен и дека не може да живее без помош на храната; кога ќе ожедне, гледа дека без вода набрзина умира. Исто така, се намножи ли трудот, болта, стравот и останато, нема да може да ги поднесе, бидејќи не може да ја истрпи едната искра на оган, и една мала мисла го плаши. И така, од сето тоа, човекот лесно станува свесен за својата немоќ.
Брат: А телесните страсти, преподобен оче, кои се и колку видови ги има?
Старешина: Телесни страсти, брате Јоване, овие се: стомакуугодување, незаситност, уживање,пијанчење, јадење скришно, љубов кон разновидни задоволстава, блуд, прељуба, разврат, нечистотија, инцест, расипување на децата, сексуален однос со животните, противприродна страст: кражба, грабежи на светото, крадење, убивање; било која телесна млохавост и радување на телесните апетити, особено кога текото е здраво. Потоа гатање, баење, магии, предскажување, љубов кон накитот, неморалност, млитавост, дотерување, игри на среќа, зло и страствено користење на сладосни светски работи, телољубив живот, кој го здебелува умот и го право оземски и животински, и не му дозволува да никојпат тежнее кон Бог или кондејствување на доблестите. Но корен на сите страсти, или како некој рекол, најпрви помеѓу нив, се овие: љубов кон задоволствата, среброљубие и славољубие, од каде потекнува секое зло. Потоа расеаност на умот, претерување во шегите и срамни зборови, дрскост и смеа. И како последица, добро е да се знаат и овие суптилни страсти, како: Самољубие, самоистакнување, вкочанетост на вољата, скаменетост на срцето, самомнение, самомоуважување, самовообразување, самозаштитување, само фалење, самодоверба, самооправдување, осетливост кон себе но и неосетливост кон себе, што претставува смрт на умот или убиство на душата пред смрт на телото.
Брат: Но, преподобен оче, како човекот се стекнува со самодоверба со познавање на овие работи?
Старешина: Еве како, брате Јоване. Човек мудар и со страв Божји во своето срце, бидејќи е свесен колку многу работи можат да владеат со него и да го заробат, стасува до убедување дека е многу тешко да се спаси од овие многу зла и дека нема момент во кој тој нема да направи некаков грев. И од тоа умување доаѓа во смирение и спознавање на своите немоќи.
Тоа не учи и божествениот Отец Јован Златоуст, зборувајќи: “Да ја сватиме нашата природа, да ги процениме своите гревови, да спознаеме кои сме, и тоа е доволно да би се смириле“.
Брат: А душевни страсти кои се, преподобен оче, и колку вида ги има?
Старешина: Ако сакаш да знаеш и тоа, брате Јоване, слушај. Душевните страсти кои ги раѓа нашата расипана и превртлива природа се: заборавеност, невнимание и незнаење.
А кога тие ќе го затемнат окото на душата, т.е. умот, тогаш со нив завладуваат сите останати страсти, кои се: непобожност, кривовество – т.е. сите ереси, проклетство, лутина, гнев, огорченост, изненадна надуеност, омраза кон луѓето, спомнување по зло, оговарање, осудување, жал без причина, страв, кукавичлук, кавга, ривалство, злоба, суетна слава, гордост, лицемерие, лажење, неверување, скржавост, материјална љубов, страсти, склоност кон земското, униние, малодушност, незадоволство, мрморење, надуеност, самомнение, надменост, ароганција, властољубие, желба за допаѓање на луѓето, лукавос, безочност, нечувствителност, подлизурство, измама, иронија, дволичност, присила на страсни гревови на душата и честа помисла на нив, лутање на мислите и самољубие, за која реков дека е мајка и корен на сите зла; потоа среброљубие, зла природа и пакост.
Брат: Преподобен оче, а може ли човек со познавање на овие да постигне спознавање на своите немоќи?
Старешина: Брате Јоване, како од познавање на ова, така и од предходното, мудриот и богобојажлив човек достигнува самодоверба, сваќајки дека е неможно да било кој подполно се спаси од ранување и поробување од толку гревови, кои извираат од расипаната и превртлива човекова природа.
Од тоа спознавање човекот почнува да се понизува и да се смирува, и самоспознавањето му станува причина са секакво добро дело.
Поради тоа, брате Јоване, доликува да учествуваме и да го цениме самопознавањето повеќе одколку големината на сите науки.
Но кој сака да ја спаси душата, доликува покрај самопознавањето се здобие и со самопрезир.
Брат: Но што е, преподобен оче, самопрезир и каква корист носи тоа на тој кој го има? Т У К А ::::::::::::::::::::::::::::
Старешина: Самопрзирот, брате Јоване, тоа е: кој и да е да се презира себеси и да се прекорува сбеси во текот на целиот живот, сметајќи дека не направил ништо и никогаш никакво добро во својот живот (Отачник, глава 10). Но знај го и ова, брате Јоване, дека самопрезирањето не е вистинско, ниту носи некаква корист, ако се создава само со умот и со јазикот, бидејќи Бог бара од нас да бидеме со сето срце и сета мудрост убедени дека навистина сме грешни, полни со грвови и немоќ.
Божествениот и голем учител на светот Свети Јован Златоуст вака вели: “Не само со јазикот да кажеме дека сме грешни, туку и со умт, и не само да се нарекуваме грешници, туку и гревовите да ги видиме по нивните видови“.
Значи, брате Јоване, тоа е вистинско самопрезирање, кога човекот е убеден дека навистина е грешен и со тоа убедување се презира, каејќи се од срце пред Бог и пред луѓето.
Таквото самопрезирање, ако се соедини со смирение на срцето, има толкава сила, да ги победува тие два грева: гордост и суетна слава и ги кине како некакви слаби пајакови мрежи.
Свети Јован Лествичник вели: “Гордоста е слична на коњаник, а суетната слава (славољубие) на коњ, на кој јава гордоста“ и потоа додава: “Ако некој себеси искрено се самопрезира и прекорува пред Бога, тој човек ќе ја одфрли гордоста и суетната слава (славољувие) како какви пајаци, и заедно со коњот ќе го фрли и јавачот на мачење (т.е. во длабочина-бездна на смирението) и така ќе може да пее на Бог песна победничка: “Коњот и јавачот ги фрлив во море“ (Лествица 23,28).
Ете, брате Јоване, по својата мала моќ сум ти покажал што е самопрезир и каква корист тоа му носи на човекот. Затоа, брате Јоване, ти советувам, со сета грижа која е од љубов, навикни се да мислиш за тоа што ти кажав. И бидеш ли, со благодатта Божја достигнеш вистинско самоспознание и вистински самопрезир, нема никојпат повеќе да посакаш да имаш небесна видувања или да да видиш ангели. Тоа го потврдува и Свети Исаак Сириски, кој вели: “Кој се унижил да се види себеси подобро од тој кој се унижил да види ангели“ (Слово 34).
Брат: Многу ми користеше, преподобен оче, се што ми кажавте, и разјаснето ми е што сум сакал да спознам. Но би имал уше нешто да прашам.
Старешина: Прашај, брате Јоване, и што ќе ми Благи Бог сасе во умот ќе ти одговорам.
Брат: Како станува, преподобен оче, да некои од Светителите примиле од Бог дар на чудотворност и истерување на ѓаволот од луѓето, а поедини имале дар да воскреснуваат мртви? Кога некој би се молел на Бог да му даде дар на чудотворство, дали тоа би било грев?
Старешина: Ние сме, брате Јоване, должни да се молиме на Бог да ни со својата благодат помогне да можеме да ги истеруваме и прогонуваме демоните од себе, а не од другите! И пак сме должни да се молиме со упорност, со побожност и со понизност на Преблагиот Бог да ни помогне да со вистинско покајување ја воскренеме својата душа мртва поради гревовите, а не да се обидуваме со ѓаволска безочност бараме од Бог дар на чудотворство и воскресувања од мртвите.
Брат: Но како, преподобен оче, како да ги истеруваме ѓаволите од себе, белки несме полудени?
Старешина: Зарем ти паѓа тешко, брате Јоване да веруваш дека сме полудени? Зарем ти, брате, не си слушнал во црква, секојпат кога се чита Акатист за Спасителот, како кажуваме: “Исусе, помилувај ме, бидејќи имам не ќерка туку тело кое луто беснее со страстите и вжештена бест“ (Кондак 11).
Што ти, брате, мислиш:дека тој што го составил тој Акатист не знаел што зборува? Но ако сепак не веруваш, слушај го Светиот Дијадоха Фотичког, кој за тоа вели вака: “Пред Крштевање божествената благодет го подтикнува човекот однадвор на добро, но со саати е заклучен во длабочините на душата и срцето; но одкако човекот ќе се крсти, ѓаволот престојува надвор од срцето, а Божјатат благодат внатре. Сепак, и после Крштевањето ѓаволите остануваат внатре, не во срцето, туку во длабочината на човековото тело, како би некој рекол, пред срцето, и од тика го валкаат умот со влагата на телесните страсти“. Дека ѓаволите се наоѓаат во натре во нас тоа го сведочи и Богоглаголив Свети Григорие, кој вели: “Зема со себе други седум духови и повторно влегива и престојува во него“; тоа се случува после Крштевањето. Бог им дозволува на ѓаволите влезат во крстениот заради лувави мисли, зборови и дела кои ги правел после Крштевањето. Па, иако се наши непријатели ѓаволите се скриени внатре во нашето срце со своето дејствување, а не со своето битие, како што учи големиот Григорие Солунски, сепак од таму не напаѓаат со своите страсти, и ако не се трудиме да ги истераме надвор со често, и од срце, повикување на името на Исус Христос, тие ќе владеат со нас и во овој , и во идниот век!
Брат: Но постојат ли, преподобен оче, ѓаволи кои не напаѓаат од внатре?
Старешина: Нашите многу различни страсти, за кои предходно зборувавме, брате Јоване, тоа се ѓаволи кои не напаѓаат од внатре и од надвор.
Брат: Но зарем, преподобен оче, нашите страсти и гревови можат да се наречат ѓаволи?
Старешина: Светите и божаствени Оттци на Црквата разбирале, брате Јоване, дека секоја страст која не напаѓа – по еден ѓавол! Поради тоа божествениот и Свети отец Јефрем Сириски вели “да човекот има толку ѓаволи колку што има страсти“. А истото тоа го кажуваат и многу други Свети Оттци.
Поради тоа честопати наоѓаме во нивните Свети учења дека со страсти ги именуваат ѓаволите, и кога сакаат за некого да кажат дека го напаѓа некаква страст, не велат страст, туку демон на определената страст, кажувајќи: “Тој и тој го нападна демон на блудот“ (Отачник, глава 6,5); тој и тој – Демон на гордоста (Лествица, 23,19); на друго место се зборува за демон на унинија (Лествица,22,27); и да демоните хулат несреќи на простосредечни (Лествица). И великиот апостол Павле ни покажува да борбата која ја водиме со страстите не е против духовите на злобата од воздухот (Еф. 6,12). А преподобниот Отец Никодим Светогорец вели вака: “Наоружајте се со оружје со кое вас веучам јас, да со него ги погубите замислените и невидливи непријатели, кои нашите душевно расипливи страсти, и создателите на тие страсти, кои се ѓаволи“.
Затоа, како што гледаш, брате Јоване, нашите страсти не се друго, туку зли ѓаволи, кои цело време не напаѓаат, однатре и однадвор. Т У К А ::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::
Брат: Но кои се, преподобен оче, најмоќните оружја, со кои можеме да ги избркаме ѓаволите од својатат душа?
Старешина: Слушај, брате Јоване: најмоќно и најстрашно оружје со кое човекот може да го истера од срцето ѓаволот е престрашното име на Господ Бог и спасител наш Исус Христос, кое ако кој било го повика од срце и со смирение, со благодата Христова ќе ги истера и одфрли од себе ѓаволите кои го напаѓаат и ќе ги распрсне како прав развеан од ветрот, и тие ќе згаснат како дим; што потврдува и Свети Исихие Синаит, зборувајќи:
“Кој што води борба внатрешна треба да ги има во тој момент овие четири доблести: смирение, целосно внимание, спротивставување, молитва.
Смирение – бидејќи неговатат борба е против гордите ѓаволи, противници на смирението, и да би имал помош од Христос, Кој ги мрази гордите.
Внимание (будност, прим. изд.) – за срцето секојпат биде без никаква мисла, па дури и да се чини дека е добра.
Спротивставување – да би, кога ќе оштроумно го спознае тој кој доаѓа, со гнев се спротивстави на лукавиот.
Молитва – да би на момент после противењето го повика Христос со неискажливи воздишки. И тогаш тој што се бори ќе ги види своите непријатели како се развеани со Светото име на Исус Христос како прав на ветерот или како дим“.
Знај го, брате Јоване, уште и ова: дека, покрај непрекиднато повикување на името на Исус Христос, потребно уште и да се наоружаме со тоа што е спротивно на страстите.
Брат: Но што е, преподобен оче, спротивно на ѓаволските страсти?
Старешина: Спротивни на страстите, брате Јоване, се доблестите, т.е. сите добри дела.
Брат: Но како човекот да делотвори доблести, преподобен оче, да би можел да ги избрка од својата душа ѓаволите и страстите?
Старешина: Еве како, брате Јоване: со смирение, самоспознание, самопрезир, со трпење на страдања и тешкотии, и припишување на Бог сите добри дела; со тоа се истерува ѓаволот на гордоста; со тајно правење на добри дела, чести молитви и самопрекорување се истерува и прогонува ѓаволот на суетна слава; со труд се прогонува ѓаволот на мрзливоста и унинието; со подсетување на смрта и пеколните маки, со пост и смирение се протерува и прогонува ѓаволот на презаситеност на стомакот; со љубов кон Бога и блиските се протерува и прогонува ѓаволот на гневот и лутината и љубовта кон задоволствата; со молитва за тој кој те огорчил се истерува и се протерува ѓаволот на зависта и незадоволството; мислењето за смрта, со пост и молитва се истерува ѓаволот на безчувствителност и скаменето срце; со љубовта кон Бог, смиреност воздржување и стражараење (чување, прим. изд.) со очи и со ум се протерува ѓаволот на блудот; истиот ѓавол на блудот може да се истера и со избегнување од дружење со жена, со стражарење (чување, прим. изд.) од мрзливост, со пост и молитва и неосудување никојпат никого кој паднал во оваа или некоја друга страст; со страв Божја и трезвеноумие се протеруваат многумина и разноразни ѓаволи кои го напаѓаат човекот и се борат со него, интрига и невнимание – расејаност за време на молитвата; трпење на невољи и тешкотии, и благодарење на Бог за се што ни носи тага и болка се протеруваат демоните на хулењето, роптањето и незадоволството; со плач и доброволна сиромаштија се протерува лошиот демон на среброљубието; молчење со внимателност и разум, со плач и сеќавње на смрт се протеруваат демоните на оговарање и суетно зборување; со чврста вера и надеж во Бог, спомнување на смрта, експеримент со вишок на добра се протерува ѓаволот на богатствољубие и непотребно собирање; со пеење на псалми, молитва читање на побожни книги и разговори со оттците искусни во духовниот живот се протерува и прогонува ѓаволот на огорченоста и растаженоста; спознавање на сопствената ништожност, стравување од сопствените немоќи и чисто покајување се прогонува ѓаволот на самоповерение и самодоверба; со љубов и искрена молитва за тој кој ти правел зло сепротерува и прогонува ѓаволот на омразата и незадоволство.
Уште знај, брате Јоване, да човековата душа има три дела: рационален, похотен и гневен; и од нив се раѓаат три вида помисли.
Од рационалниот дел се раѓаат помисли на неверување, незадоволство, роптање против Бог, нерасудување, незнаење, и накратко сите хулни помисли.
Од похотниот дел се раѓаат помисли за сластољубие и славољубие и накратко сите помисли кои се нарекуваат грди.
А од гневниот дел се раѓаат помисли на убиства, ривалство, завидливост, вознемиреност и накратко сите помисли кои се нарекуваат зли.
Затоа кој сака да ги протера и избрка од себе овие страсти и нивните ѓаволи му прилега да ги разбира и да ги победува, како што реков предходно, со добри дела, кои им се спротивни. На пример, неверувањето да го истера со непоколеблива верба во Бога; незадоволството и роптањето – со добра благодарност; нерасудливоста – со разликување на добро и зло; незнаењето – со познавање на целата вистина; хулење – со славославење; сластољубие – со воздржување и пост; славољубие – со смирение; среброљубие – задоволување со малку; зависта и грдоста – со љубов; расправање – со кроткост и трпение, мирно срце. И да опфатно кажам со Максим Исповедник: Рационалниот дел на душата да го украсиме со добар дел молитва и богопознавање; похотниот – со добар дел молитва и богопознавање, воздржување; а гневниот – со добар дел на љубов; и сигурно светлоста на нашиот ум нема никојпат да се помрачи, ниту спомнатите помисли лесно ќе можат да од себе раѓаат страсти.
Така, со помош на благодаттите на Премилостивиот Бог, ние ќе можеме да ги истераме и протераме од своите души сите ѓаволи со нивните страсти.
Ете, брате Јоване, низ малку сведоштва колку што се овде наведени од Светите Оттци ти покажав како некој може да ги истера и протера од својата душа ѓаволите и страстите. И бидејќи си ти, брате, уште прашал дали е грев да човекот бара од Бог дар на чудотворство, на тоа прашање, покрај се што до сега ти реков, да го придодадеме и ова: знај и бид убеден, брате Јоване, дека монасите кои водат чист живот и престојуваат во подчинетост и доброволна чистота ни по што не се разликуваат од тие кои создаваат големи знаци и чудеса. Ова го учи и го покажува Свети и божествен отец Теодор Студит и Исповедник, кажувајќи им вака на своите ученици: “Зарем помеѓу нас не се гонат ѓаволите? Зарем ние со борба против похотата не ги истеруваме ѓаволите на блудот, со работа – ѓаволите на мрзеливоста, со кроткост – ѓаволите на гордоста, со трпение – ѓаволите на злобата, со молчење – ѓаволите на оговарањето и многу други страсти?“ (Слово 5).
Гледаш ли, брате Јоване, дека нашите страсти се зли ѓаволи? Гледаш ли да тој што ги истерува овие страсти од својата душа со правење на добри дела ги истерува ѓаволите од себе? И да би уште подобро разбрал, знај да тие кои се борат и ги истеруваат страстите од себе се чудотворци. Слушај го понатаму истиот божествениот отец Теодор Студит, кој вели: “Знај дека оваа ваша борба која ја водите против страстите Бог ја прима без никакво намалување или различност заправо како труд на столпник и пустиник кои правеле чудеса“ (Слово 5 ).
Ете, брате Јоване, дека со помош на Благиот Бог, чу толку сведоштва од Светите и божествени Оттци, низ кои научи како може некој да го истера ѓаволот од себе, и дека се вистински монаси, кои водат чист живот, во покорност и смиреност се борат за ослободување од страстите, слични, без разлика, на големите пустиници и столпници кои создавале знаци и чудеса!
Затоа, и ти, брате, ако сакаш да ја достасаш таа блажена мерка на истерување на ѓаволот и чудотворство, труди се ревносно да водиш чист живот во покорност, послушност, и во сиромаштво кога се страстите во прашање, и тогаш ќе достигнеш бесстрастие, ќе станеш голем чудотворец, сличен на тие кои ги протеруваат ѓаволите.
Ако, сепак, пред да ги истераш ѓаволите од себе самиот се очистиш и од страстите, да имаш дрскост и луда смелост да се молиш на Бог да ти даде дар на истерување на ѓаволите од други и чудотворства, низ таа гордост ѓаволот ќе те исмее. Како што сведочи свети и божествен отец Исаак Сиријски, зборувајќи: “Кој се моли на Бог да му подари благодат и дар да создава чудеса или да истерува ѓаволи, него го испробува ѓаволот исмејувач“ (Слово 36). Исто така овој голем Отец покажува да вистински слуги Божји не само да не се осмелуваат да бараат од Бог дар на чудотворство, туку дури и ако им се даде овој дар, би се сметале себеси, по своето големо смирение, недостојни за таков дар и со настојување би сакале од Бог да им го земе овој дар! Бидејќи Свети Исаак Сириски вели: “Вистинските праведници не само да не го сакаат тоа, туку дури и ако им е дадено, овраќајќи се од тоа, и тоа го правет не поради светски очи, туку и тајно во самите себе. Бидејќи ете, еден од Светите Оттеци го примил, поради својата чистота, дарот од Бог, но тој упорно го молел Творецот да му го земе тој дар. Дури и од другите Светители барал да се за него молат на Бог, да му го земе дарот“ (Слово 36).
Значи, слушај и разбери да вистински служители Божји, кои имале смирение како темел на својот живот, не само да не се осмелиле да бараат од Бог дар на чудотворност, туку дури и кога им се давал таков дар, тие се обраќале до него и го молеле Бог да го земе дарот од нив. И тоа го правеле тие блажени, секогаш спомнувани како луѓе Божји, за да поради таквиот дар не пропаднат во бездната на провалијата на гордоста и од светители да станат ѓаволи. Имало дури некои Светители кои се, имајќи го дарот на чудотворството, се преправале дека се јуродиви, како што правеле Свети Симеон, Андреј и други, кои станале јуродиви поради Христос, да би се подсмевале на ѓаволот на гордоста и суетната слава (славољубие).
Други бегале и се криеле од луѓето и се бореле со себеси, да не би излегле помеѓу светот и да луѓето не би ги познале, да не ја изгубат слават која е од Бог поради славата која е од луѓето; еден од тие е и Свети Макарие Александриски на кого Бог, поради неговиот чист и свет живот и поради големите пустински подвизи, му дал дар на чудотворство. Но тој постојано бегаше и се криеше од луѓето. Енаш го нападнаа него ѓаволите на суетната слава, зборувајќи му: “Макарие, па зарем за тоа Бог ти дал дар на чудотворство, да залудно престојуваш во пустина? Каква корист ќе имаш ти и каква награда од Бога, ако одкако си го добил дарот за истерување на ѓаволи и исцелување на секакви болести и немоќ, ти престојуваш овде и го држиш својот талент во оваа пустина? Зарем не се плашиш дека Бог ќе те казни што си ја сокрил светлоста под садот, и не сакаш да ја поставиш во свеќњак за да ја осветлува целата куќа, како што заповедал Христос (Мт. 5,14)? Зарем не си чул за Христовата заповед која вели: Така да се Свети Светлоста ваша пред луѓето, да ги видат вашите добри дела и го прослават Отецот ваш кој е на небесите (Мт. 5,16)?
Тоа и многу друго му кажувале во умот ѓаволите на гордоста и суетна слава, сакајќи да го извлечат од мирното засолниште на пустината и да го фрлат во разбрануваното море, полно со бранови на злото на суетниот свет. Но светиот старец, гледајќи дека го вознемируваат голем куп на мисли, се борел со нив и многу им се противел со смирение на умот, подсетување на смрта и со молитва.
Сепак, гледајќи дека ѓаволите стално го вознемируваат со овие помисли, почнал да зборува со нив и да им кажува: “Овде во оваа пустиња ми го даде Бог овој дар, и овде сакам да умрам со него, бидејќи немам Господова заповед да излезам од овде“. Но гледајќи дека ни така ѓаволите не го оставаат на мир во мислите, за да го извлечат во свет, ја отворил вратата од келијата, легнал долу, со главата во келијата и со нозете надвор од прагот, и одпочнал да им вика на ѓаволите: “Ако имате од Бог некаква моќ и дозвола, фатете ме за нозе, извлечете ме и однесетеме во свет, бидејќи Макарие сам, затоа што Бог му помага, никојпат нема да замине од оваа пустина!“ Гледајќи ја оваа чврста одлука и смирение на старецот, ѓаволите на суетната слава си заминале посрамотени и исмеани (Види Житие на светиот Макарие).
Слушај, брате Јоване, и во совршеното смирение на Светиот Сисое Велики, кој, одкако достигнал големо совршенство и се удостоил со големи дарови од Бог, не мислел ништо возвишено за себе! Тоа многу јасно се покажало на неговата смрт, кога дошло времето да помине кај Господ; затоа, крај него биле многу од оттците на пустината, одеднаш неговото лице засветело како сонце, а тој им рекол: “Еве, дојде Ава Антоние“; потоа, по малку време додал: “Еве, дојде чета на пророци!“ Потоа неговото лице засвети уште посилно, и пак им рекол: “Еве, дојде чета апостоли!“ И неговото лице станало бело, и како со некого да беседел. Тогаш го запрашале старците: “Со кого зборуваш Оче?“ А тој им одговорил: “Еве, ангелите дојдоа да ме земат, и се молам да бидам оставен малку, да би се покајал!“ Старците му рекле: “Но тебе не ти е потребно покајување, Оче!“ На што старецот одговорил: “Навистина, не сум сигурен за себе дека сум поставил добар почеток!“ И сите заедно спознале дека е совршен. И пак изненада засветело неговото лице како сонце, и сите се исплашиле, а тој им рекол: “Гледате, дојде Господ и вели:“Донесете ми суд одбран од пустината!“ И наеднаш го предал својот дух и станал како молња, и се исполнила куќата со миомир“ (Отачник,Ава Сисое).
Гледаш ли, брате Јоване, како е чудесна духовната положба на Светителите Божји? Гледаш ли совршено смирение на совршена душа? Стигнала неговата смрт. Сите Свети и Преблажени чети небесни: пророци, апостоли и ангели беа дојдени заедно со Господ и Творецот свој да го земат со себе тој кој беше на земјата сасуд одбран и ангел во тело, а тој, преблажен човек Божји, не мислел ништо добро за себе, се сметал себеси сосема недостоен да оди со небеските и се молел на ангелите Божји да го малку остават да се покае. И одкако старците на пустината собрани и присатни при неговото прославување, рекле дека не му е потребно покајување, им одговори дека не знае за себе дека поставил добар почеток!
О! Големо непроценето богатство е светителското смирение!. Добро кажал божествениот отец Јован Лествичник дека “Смирението е божествен покров, кој не дозволува на човекот да ги види своите дела (Лествица 25,27). Преблажениот отец беше проживеал во пустината повеќе од 70 години; Беше примил од Бога голем дар на чудотворства и воскресување на мртви со збор; имал големо блажество да на неговата смрт дојде сам Господ наш Исус Христос со сите небесни чети, а тој, преблажен човек Божји, се молеше на ангелите да го остават уште малку да се покае, бидејќи сметал за себе дека уште не поставил добар почеток!
Брат: Преподобни оче старешино, а постојат ли други чудеса, освен Божјите?
Старешина: Знај, брате Јоване, дека вистинските чудеса се само од Бог, а има многу видови и облици на фалсикувани и лажни чудеса, кои ги создавале и создаваат злобните луѓе волшебници, на своја вечна осуда и погибија.
Зарем ти, брате, не си читал за божественото Писмо за ѓаволските чудесија кои ги создавал фараоновиот волшебник? Нели си видел таму како тие ги претвориле своите стапови во змии? Како речната вода ја претвориле во крв? Како ги извеле жабите во египетската земја? (Излегување 7,22;8,7). Но овие ѓаволски утвари се згаснаа и изчезнаа пред вистинските чудеса кои ги создавал Бог во рацете на своите служители Мојсиј и Арон (Излегување 8,18). Потоа, зарем не си прочитал за гатачката од Ендора, која на молба на Саул, царот Израелски, повикала од пеколот еден ѓавол во вид на пророкот Самуил, да би го прелажал Саул и му донесе погубување (1.Самуилова 2,8;7,19). Потоа, зарем не си читал во Книгите на дневник дека Бог го казнил Саул со смрт и смрт на тројца негови синови, затоа што побарал помош од ѓаволот и волшебништво, за да од нив дознае за судбината на своето царство? (1.Дневник 10.13). Потоа, не ли си во Делата на Светите апостоли читал за ѓаволските чудесиа кои ги создавал Симон волшебник? (Дап. 8,9). Нели си ги прочитал зборовите на Светиот апостол Патар, каде кажува дека овој Симон волшебник правел во Рим толку ѓаволски чудеса, да царот Клаудие и сите граѓани на Рим го сметале за бог? Бидејќи овој син ѓаволов со своите духови (магии, прим. изд.) направил да одат по него многу ѓаволи во облик на некои луѓе кои одамна беа умрени, и тој зборуваше дека со своите моќи ги воскреснал од мртвите, и исто така со ѓаволските духови (привиденија, прим. изд.) правел да кривите луѓе проодат, немите да прозборат, понекогаш постоеле со две лица, понекојпат се претвораше во коза, во змија, во птица, се уподобуваше на огнот и се претвораше во разновидни обличја.
Потоа, пред Светиот апосол Петар и многу народ привидно направил, па го воскреснал синот на некоја вдовица, кој бил пред некое време умрен. Рекол на луѓето да го исечат, бидејќи третиот ден ќе воскресне. И ги заслепил со своите духови (привиденија, нап. изд.) луѓето, кои, наместо него да го исечат, го искле овенот кого Симон со своите магии направил да личи на човек во очите на луѓето кои ги излажал. Потоа им ветил на сите граѓани на Рим дека тој ќе се вознесе на небо, и плеснувајќи со рацете почнал да лета во воздухот на голема височина, бидејќи беше носен од нечистите духови кои му служеа.
И потоа, на крај, го поразил и посрамил пред сите граѓани на Рим великиот апостол Петар, кој, молејќи му се на Господ нашиот Исус Христос, го фрлил овој маѓепсник, противник на вистината и син ѓаволов, од воздухот на земја, така да зло пропаднал (Житие на Светиот апостол Петар, Букурешт, 1905, стр. 1233).
Потоа, брате Јоване, не ли си читал во Житието на Светиот и сефалениот Евангелист Јован за големите чудесии кои ги правел тој душегубник, големиот волшебник Кинопс, кој престојуваше во пустина, и му служеа многу ѓаволи, во текот на многу години, кои создаваа толку многу ѓаволски знаци и чудеса, да сите го сметаа за некаков бог?
Бидејќи слушнал дека божествениот Евангелист Јован го проповеда Евангелието Христово во тие краеви, се осмелил прескврни (нечист, прим. изд.), па со голема гордост му заповедал на некој свој ѓавол служител да отиде и го убие Светиот Јован и да му ја донесе душата негова, а тој ѓавол Свети Евангелист Јован го врзали и го испратил во пеколот; и уште врачарот испратил и друг, кој исто така пострадал. Пота испратил двајца нај лукави и рекол да едниот влезе во Свети Јован, а вториот да остане надвор да види дали ќе пострада дотични и да дојде да му каже, и гледајќи дека божествениот Евангелист сите негови изасланици ги испратил во пеколот, ги собрал сите свои ѓаволи, и на облаци небесни го однеле во градот каде проповедал Свети Јован, и тамо почнал со своите духови да прави разновидни ѓаволски чудесиа да се фали дека тој со зло ќе го погуби Јована. И извлекол од морето три ѓаволи во вид на некои луѓе што биле одамна умрени удавени, како бродари, и целиот народ, кога ги видел, ги препознал и мислел дека се луѓе, а не ѓаволи, бидејќи имале ликови исти како и тие што биле умрени. Потоа зарониле во море, да би ги извадиле и другите ѓаволи во вид на другите удавени луѓе; тогаш божествениот Евангелист Јован го запечатил морето со знакот на Светиот крст. Врачарот го напуштила ѓаволската сила која му служеше, не излегол повеќе од морето и таму зло потонал и пропаднал заедно со сите свои ѓаволски служители. А тројцата ѓаволи од морето кои беа во човечки облик Свети Евангелист Јован ги испратил во пеколот по нивниот господар Кинопс (Житие на Светиот Евангелист Јован, Житија на светите, септември, 26 ден Букурешт, 1901).
Потоа, брате Јоване, не ли си читал за Кипријан, за тој философ од сириска Антиохија, од времето на царот Декија, кој пред да поверува во Христа бил голем гатач и волшебник, со што станал голем пријател на сатаната? И кој одкако станал христијанин, сам кажувал за себе дека зборувал со сатаната лице во лице и дека големи чести здобил од него. Еве ги неговите зборови: “Верувајте ми, браќа, бидејќи јас ѓаволот го видов и со жртва него го молев и го целував и зборував со него и со тие кои со него се најголеми, и ме сакаше и ја фалеше мојата мудрост и многу ѓаволи ми даде да ми служат. Неговиот лик беше како цвет на тревата а главата негова беше овенчана, и кога би се свртел ваму и онаму, тоа место се потресуваше, и многумина беа покрај неговиот престол и стоеа со разни регулативи“. А Кипријановите гатачки мајсторства беа над секаква замисла. Бидејќи вежбал да и воздухот го менува, и големи ветрови движел силни громови и силни дождови донесувал и бранови на морињата предизвикувал. Повреди и рани им нанесувал на луѓето, и поради ѓаволското учење многу се подвизувал, и по 40 дена постел; по заоѓање на сонцето јадел, но не леб, ниту друга храна примал, туку само христовиот печат. Со сила ѓаволска и со мртвите од гроб разговарал. Многумина со своите маѓии ги подучувал: некои да летаат во воздухот, некои со чамци да пловат по небесните облаци, некои ги учел да одат по вода, и многумина брзаа кај него во своите невољи, затоа што им помагаше со својата ѓаволска сила, со која беше полн. Со неговите магии ѓаволот се претворил во лик на девица Јустина, и така отишол кај Аглаид, во нејзин лик. А Аглаид, здогледувајќи ја, скокнал од неискажана радост, и притрчал кон неа, ја прегрнал и ја бакнал, зборувајќи: “Добре дојде преубава Јустино!“ Потоа Кипријан наредил на Аглаид лик на птица, правејќи да лета по воздухот, го испратил во домот на Јустина, да низ прозор влета во нејзината соба! И дури и Кипријан често пати се претварал во лик на жена и птица, и со своите магии направил големи и тешки искушенија на Јустинијаниот дом и домовите на сите нејзини роднини и соседи и познаници, како кога ѓаволот нанесол големи искушенија и невољи на Јов. Бидејќи им ја убиваше стоката, ги удираше нивните слуги со повреди и ги фрлаше во неизмерна невоља. Потоа ја удрил Јустина со тешка болест, така да лежела во постела, и плачела нејзината мајка многу за нејзе, и имаше рани во нејзината стока и помеѓу нејзините слуги, така да низ целиот град се пренела вест за опасностите кои се беа надвиле над Јустина. И тоа затоа што Јустина беше девица христијанка, со голем страв Божји, и се противеше на Кипријан (Житија на Светите, месец октомври, 2 ден).
Потоа, брате Јоване, сети се и на тој од Житие на Светиот Лав,епископ катански, чудотворец. Многу тука пишува за тој волшебник по име Илиодор, кој со ѓаволски чудесија ги претекнал и Јани и Јамвриј, Симон гатачот и сите волшебници до сега. Бидејќи тој имал во себе голема ѓаволска сила и бил вешт во гатачките и волшебничките мајстории, кои ги научил од некој волшебник Евреин. Бил испратен кај него во полноќ да биде покрај властелинските гробови, и му рекол да таму се качи на некој столб и да почека додека не дојде некој со гаден изглед, но да не се плаши, и да посака било што. И така, отишол тој по советот на тој Евреин волшебник и стоејќи тамо на некој столб на гробиштата, дошол кај него ѓаволот јавајќи на елен и го прашал што сака и што му е од него потребно. А проклетиот Илиодор рекол: “Сакам да ми дадеш се што ќе ми се посака“. А ѓаволот му рекол: “Ако сакаш да се одкажеш од својот Христос, се што ќе побараш од мене ќе ти дадам!“ А подлиот и селудиот Илиодор многу се израдувал на помошта примена од сатаната, и од тој момент почнал да создава големо зло на верниците христијани. Тој целосно со жив збор се одкажал од Христа, и тогаш сатаната, кој се беше покажал јавајќи на елен, му доделил на служење еден од најсилните ѓаволи до себе, да му се покорува и да помага да му исполнува се што ќе посака. Илиодор многу се израдувал на помошта примена од сатаната, и им правел зло на христијаните не само од Катанската тврдина и Митрополија, туку и по сите градови и села од островот Сицилија. Многу зло и големи опсени правел, помеѓу кои се и овие:
-Еднаш, кога на градскиот плоштад се наоѓале некои жени, кои си оделе по своја работа, тој проклет Илиодор ги подложил на голем подсмев пред светот, бидејќи неговите ѓаволски духови направиле да низ тврдината протекува голема водена река, а жените, да не им се наводенат фустаните, ја подкревале облеката колку што можеле повеќе, така да им се видела целата голотија, и така цел свет им се смеел.
-Потоа, камења и дрва претворал во злато, и ги продавал на другите по висока цена, и од како тие ќе ги купеле, повторно ги пртворал во камења и дрва, и така нанесувал голема штета на тие што тоа го купувале.
-Ќерките на властелините, и со висок чински род, ги опчинуваше и се соединуваше со нив, а потоа тој низ прозор излегувал и заминувал од нив.
И поради големите негови зла грчкиот цар Константин го испратил војводата Јераклид да го фати; кога дотичниот дошол на Сицилија и сакал да го врзе и го одведе во Византија на суд пред царот, тој со своите магии го одвел војводата и неговите придружници во некое купатило и им рекол да се измијат, а кога тие ја соблекле својата облека, тој за едем момент ги пренесол во Цариград голи пред царот; а царот, гледајќи го ова подсмевање, заповедал одма да му се одсече главата! Но тој, посакал чаша вода да се напие, им ги заматил очите на присатните дека влегува во чашата со вода како мува и за момент се вратил во Катанската тврдина на Сицилија во Италија. И по втор пат, кога бил фатен и врзан, кога требало да му ја осечат главата, се појавиле по неговит траг две кугли кои летале нагоре, на кров од куќата, и го растуриле кровот, и од таму проклетиот Илиодор одлетал и станал невидлив, и така за момент пак се нашол во Сицилија и понатаму правејќи ги своите ѓаволски знаци и чудеса. Потоа се осмелил прескрвниот (нечист, прим. изд.) да влезе во Црквата Христова, да предизвика голема конфузија на христијаните од Црквата со своите дела и да се подсмева на Пречистите Тајни на Господ нашиот Исус Христос. Но Свети Лав, епископ катански, кој служел тогаш Света и божествена Литургија, фаќајки го, го врзал со својот омофор и им наредил на луѓето што биле таму во црква да соберат многу дрва и да запалат голем оган; а одкако огнот се разгорел со сета своја сила, Свети Лав, пред многуте верници кои гледале, влегол со него во жешкиот оган и не излегол од тука, додека проклетиот волшебник не се претворил во прав и пепел. А врелината на огнот не се допрела до одеждата на Светиот Лав (Житија на Светите,20. фебруар).
На сето ова те потсетив, брате Јоване, од Стариот Завет,од делата на Светите Оттци, Светите Апостоли; но немој да мислиш, брате, дека само тогаш се правеле ѓаволски чудесии и опсени. Бидејќи како што ти реков на почеток, до крајот на светот сатаната и неговите ангели нема да престанат да го обмануваат и лажат светот со ѓаволски чудесии, кои не се чудеса, туку духови-привиденија и измами на сатаната.
За тоа не учи Спасителот наш Исус Христос, кога вели: Во последните времиња ќе станат лажни христоси и ќе покажат знаци на големи чудеса, да би ги излажале, ако биде можно, и одбраните (Мт. 24,24).
Уште и големиот апостол Павле ни кажува дека пред крај на светот ќе дојде антихрист – човек на гревот и син на опасност, кој ќе се спротивстави на Бог и ќе се воздигне на се што е и ќе се нарече себеси за свет и божествен, и кој со сатаниното дејствување ќе дојде со секакви лажни сили и знаци и чудесии (2.Сол.2, 3-9).
И Свети Андреј Касаријски во Толкување на Апокалипсата вели: “Антихристот ќе го ужасне светот со своите проклети и ѓаволски чудесија“ (Толкување на Апокалипсата,глава 10).
Значи, брате Јоване, поими и памти што слушаш, бидејќи како антихристот така и неговите предвесници-лажни пророци и лажни христоси-со дејствување и со силата на сатаната ќе прават големи чудесија и знаци, така да, ако биде можно, да ги прелажат дури и одбраните. Затоа, знај уште, брате Јоване, да со иста ѓаволска и гатачка сила индиските јогини создаваат денес многу ѓаволски знаци и чудесија, со кои ги восхитуваат и ги обмануваат неутврдените во вистинската православна вера. Бидејќи овие јогини по вдахновение на лукавите духови ги погодуваат делата на луѓето, можат да гледаат на далечина, ги поместуваат предметите од местата, предизвикуваат појави на “материјализација“, одат по оган и не се горат, се подигнуваат во воздух, предизвикуваат раст на некое дрво за неколку саати, правт да озелени исушено дрво, и уште колку неразјаснети знаци, кои во ствари не се чудеса, туку дела на сатанските магии, за кои и Христос не предупредил со доволно грижа , да би сме ја избегнале (Михај Урзика, Чудеса и лажни чудеса,Букурешт, 1940, стр.54; повторено издание: Издавачка куќа Анастасија, Букурешт, 1993 – напомен на румунскиот издавач). Уште знај, брате Јоване, и за лажните и фалсикувани чудесиа кои ги создаваат спиритистите со дејствување и посредство на нечистите духови. Бидејќи овие, одалечувајќи се од дарот (благодатта) Божја и од православните вистини за верата, посветуваат внимание на духовите на измамата, како што за нив пророкуваа апостолите, зборувајќи: Во последните времиња ќе одстапат некои од верата, слушајќи ги духовите на измама и науките демонски (1. Тим 4,1).
Со помош и измама на ѓаволот на кои им служат спиритистите постигнале да создаваат многу стански чудеса и духови-привиденија, помеѓу кои се и овие:
1.Прават да се поместуваат тешки предмети без допир, без никаков човеков напор; на пример: чаша, врата – се поместуваат сами;
2.Појава на притисок, т.е. предизвикување на удар или прости допири по нашето тело, или воглавно било кој вид на удар на невидлив начин, како и предизвикување на звукови во иста мера;
3.Промена на тежина на телото: со определени психички постапки разни тела можат да станат полесни или потешки; во определени околности нивната тежина станува толку голема, да неможат да бидат помрднати од место. Такви случаи можат да се случат и со определени луѓе со медиумски склоности;
4. Помрднување на тешки предмети поставени на определена одалеченост од медиумите, значи предизвикана без никаков допир со нив:
5. Подигнување на тешки предмети над земја со невидливи сили;
6. Подигање од земја на оделни човекови тела и нивно лебдење во воздух. В. Крукс (W. Crookes – нап. Прев.) назначил дека лично забележал три случаи на подигнување во воздух;
7. Независни движења на мали предмети, без ничии допир;
8. Светлосни појави;
9. Појавување на нечии светлосни раце;
10. Непосредно пишување, без ничија интервенција, особено на сеанси. Пораките кои ги праќаат духовите се испишуваат непосредно, а никој да не го допре пенкалото;
11. Форми на привидувања;
Ете, брате Јоване, колку чудеса создаваат ѓаволите на спиритистите кои им служат. Ако ѓаволот може по дозвола Божја со нокт еден да ја сврти земјата на друга страна (Житие на Светиот Серафим Саровски), и ако целиот имот и сите деца на праведниот Јов во еден момент ги погубил и со оган од небото ги изгорел неговите стада, па зарем на него му е тешко да помрднува тешки предмети и работи од едно место на друго, на чудење на спиритистите, кои подзинати гледаат; сети се на Кипријан, бидејќи тој и звуци произведувал со ѓаволска сила, кога беше волшебник (пред да поверува во Господа Христа); па зарем тогаш на ѓаволот му е тешко да создава звуци и удари пред спиритистите кои ги излажал? Ако Свети Аверкие, епископ јерополски, голем чудотворец, со молитва ги натерал некои ѓаволи да пренесат идолски жртвеник од Јеропол до Италија, преку мориња и планини, каква тешкотија е тогаш за ѓаволите да со своите духови (трикови, прим. изд.) поместуваат разни предмети од едно на друго место и да ги прават лесни или тешки, како би ги излажале неутврдените во вистинската вера?
Ако во предходно изложеното си видел дека големи волшебници: Симон, Кинопс или Илиодор летале во воздухот и за момент поминувале преку морињата и планините, бидејќи им помагале (им служеле) нечисти духови, па кава тешкотија е тогаш за некој ѓавол да подигнува предмети на спиритистите и некои луѓе во воздух, во висина? Ако, по сведочењето на големиот апостол Павле, Самиот сатана го претворува во ангел на Светлоста (2. Кор. 11,14-15), каква тешкотија е за ѓаволите кои им служат на спиритистите да се претворуваат во светлосни појави, да им покажуваат светли раце и други духови (привиденија) во вид на светлост?
Ако, како што ти покажав во кажаното за видувањата од ѓаволите, тие се претвараат во лик на Христос, Богомајката, ангелите, светителите и во било кој друг лик, каква тешкотија е тогаш за ѓаволот да кај медиумите спиритисти да се претворуваат во овие небесни ликови, за да ги излажат и да ги одведат во пропаст? И ако, по сведоштво на божественото Писмо и учењето на Светите Оттци, на крајот на светот антихристот со своите служители создава чудеса и големи знаци со силата на сатаната кои ќе бидат во него, така да ќе го прогонува целиот свет со своите ѓаволски сили; и ако, како што кажуваат Свети Јефрем Сириски и Свети Иполит Римски и други Свети Оттци, антихристот ќе помрднува планини од место и морски острови, ќе оди по вода како по суво, ќе исцелува многу видови болести, ќе им дарува вид на слепите, ќе воскрснува мртви и други големи знаци ќе создава со своите духови (трикови) (Крајот на Човекот, Издавачка куќа Скит Дарвари, Букирешт, стр.123-149), колку тогаш детињарии и лудости и недоверба во вистинската вера покажуваат тие кои веруваат во игрите на ѓаволот и во духови кои се покажуваат на спиритистите, и ги сметаат за вистински чудеса? И ако сега веруваат во овие духови (привиденија), како ќе стојат втемелени во вистината тогаш, кога ќе самата голема ѕвер го згрози целиот звет со своите духови?
Но, брате Јоване, не зборуваме ние само за спиритистите и за индиските јогини кои им служат на ѓаволите, туку и за сите кои се занимаваат со таканаречените окултни науки, како што се спиритисти, хипнотизери, магнетисти, теозофи и тие кои се занимаваат со бела магија и црна магија, со автосугестија, хиромантија, и со сите такви, бидејќи сите тие во денот на Последниот Суд ќе имаат судбина на волшебник и лажни пророци, бидејќи сите скршнале од патот на вистинските чудесија, кои ги прави Господ Бог и Спасител наш Исус Христос и сите Светители Божји, па со фалсификувани средства и со своите ѓаволски духови се претсавуваат дека се чудотворци, да би ги пролажале неуверените и неутврдени во вистината на Христовото Евангелие. Бидејќи со чудотворењето не може да предизвика пробување на Бог, ниту со демнење на моќите кои ги Бог поставил во човекот, туку со молитва на несомнена верба во Бог, и со помош и дејствување на Светиот Дух можат да создаваат вистински чудесија (Михај Урзика, нав. Дело, стр.75).
Брат:Преподобен оче игумене, од тоа што до сега ми го кажавте разбирам дека има повеќе видови на фалсификувани и лажни чудесија. Некои ги создаваат гатачи, волшебници и бајачи и индиски јогини со посредство и помош на ѓаволите, другите ги прават тие со окултните науки, како што се спиритисти, теозофи, хипнотизери, тие со црна и бела магија и други од тој вид, и чудесијата на тие се фалсификувани, затоа што не се прават по поредок на вистинските чудеса, туку со посредсто на нечисти духови или пробување на Бог и пробување и употреба на сила (моќ) која Бог ја поставил во човекот. Но да можам да се убедам и да можам да убедувам и разликувам вистина од лага, би сакал да знам кој е знакот на вистинските чудесија, кои се од Бог.
Старешина: Брате Јоване, знај дека вистинските чудесија се разликуваат од лажните со серија на услови, помееѓу кои се следните:
1.Да бидат достојни на името Божјо и да бидат опфатени со Светото Писмо и Светото предание.
2. Да се прават со средствата со кои се правени чудесијата на Спсителот и неговите Светители.
3. Да меѓусебно не се порекнуваат и да не бидат во спротивност.
4. Да не противречат на Светото писмо и Светото предание.
5. Да бидат во служба на спасување на човековата душа.
6. Да носат корист и напредок на духовниот живот, а не да водат во смрт и грев.
7. Тој кој прави чуда да ја кажува само вистината, да го поминува животот без дамка и да не тежнее за лични интереси со себични цели.
8. Да го корегира моралот на тие кои гледаат чудо.
9. Да во себе носат сигурност и сила на духот Божји.
10. Да докажуваат дејствување на Божјата Промисла (Учење за православната вера, Букурешт, 1952).
Сите вистински чудесија можат да се создаваат само во името на Исус Христос и низ Црквата Христова, бидејќи Црквата, по сведоштво на големиот апостол Павле, е столб и тврдина на вистината (1. Тим 3,15). Таа држи непоколеблив канон на вистината (Св. Иринеј, Против сите ереси). “Каде е Црквата – вели Свети Иринеј – тамо е Духот Божји, таму е и Црквата со севкупната благодат, а Духот е вистина“ (1. Тим 3,15).
Ете, брате Јоване, тоа се вистински и главни знаци, по кои можеш да ја спознаеш разликата помеѓу вистинските чудесија живототворени и лажните чудесија.
Затоа, ова добро памти го, бидејќи е многу потребно да ова го познаат не само свештениците и монасите, туку и сите добри христијани, за да не се отуѓат од вистината, особено сега, кога се наближува времето на лажните пророци и чудесија кои тие ги создаваат со духови (привиденија) кои се од ѓаволот.
Брат: Преподобни оче, Ви благодарам од душа што сте ме увериле и во овој поглед. Со Милоста Господова, дарот на Пречистата Мајка Негова и со Вашите молитви, преподобен, ќе се трудам јас, грешник и подлец, да не го зборавам тоа што го научив, и ќе се трудам да го следам тоа по својата слаба моќ.
Старешина: Бог нека ти помогне, брате Јоване, во се што мислиш на добро, но биди внимателен и трезвен цело време, бидејќи нашиот соперник ѓаволот како лав оди и бара кого да го изеде (1. Пт 5,8). Обиди се што почесто да се молиш, не го напуштај читањето на побожни книги, туку грижи се за бдеењето, за воздржувањето, и кога ќе почувствуваш дека непријателот почнува да те вознемирува со мисли и конфузии, дојди и исповедај се, да би те посоветувал што е на надоградување.
Не го заборавај Светото Писмо, кое вели: Кога Братот Братот го помага и советува, тие се како утврден град и како непобедиво царство (Приказни, 18,19).
Со ова, брате Јоване, да го заклучиме нашиот разговор со помош Божја. Ете во Црквата зврши Акатист и клепа за Света литургија. Нашиот разговор после јутрења до сега потраја подолго од пет часа; само кога би дал Господ да ти биде од корист. Да одиме и ние во Светата црква.
Брат: Благословите и простете, преподобен оче, на мене грешниот што Ви причинив толку голем труд со своите прашања. Ќе дојдам и јас одма во црква.
Старешина: Бог нека прости, брате Јоване, и нека те помилува! Оди во мир!
GRBNACRKVATA
Makedonska Vistinska Pravoslavna Crkva
Post Box 6678, Rodelokka, 0502
Oslo, Norway

This entry was posted in Книги. Bookmark the permalink.

Comments are closed.