ЗА МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

GRBOTNAMVPC
На 7 јануари 2010 година беше формирана Македонска Вистинска Православна Црква на состанокот што се одржа на истата дата. Сите принципи на Македонска Вистинска Православна Црква се древното христијанско учење на нашиот Господ Исус Христос и Неговите Апостоли, Светите Православни Епископи од Исток кои го пренесуваа учењето на Господ и Неговите ученици, и седумте Вселенски Собори и Свети Синоди, според Јулијанскиот календар. Нека Господ Благослови, спаси и помогне на сите нас во остварување и градба на оваа Црква во Република Македонија.
Ако си православен или љубопитен, ти си добредојден во Македонска Вистинска Православна Црква и нашите Светонеделни и празнични Литургии. Нашата слава е на 7 јануари, според стариот Јулијански календар, на празникот Собор на Свети Јован Крстител.Ќе се изгради манастир кој ќе биде посветен на најголемиот пророк и Предвесник на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос. Црковните служби, Светата Литургија е за сите кои веруваат во Господ, но само православните, крстени во Господа, можат да примат и бидат дел од Тајната на Причестувањето. Манастирот е посветен на Свети Јован Крстител и со неговиот глас, преку неговите монаси и монахињи, сакаме да ги информираме сите мирјани во нашата околина и нашата земја Македонија, кои сакаат да ја користат манастирската обврска, дека нашите манастирски обврски и услуги кон вас верниците се бесплатни како на пример:венчавки, крштевки, миропомазување, погреби и останто . Секој кој самиот ќе добие желба од своето срце и посака да дарува на манастирот е добредојден со дар на вино црвено за Причестување, маслиново масло за кандилата во храмот и Манастирот, бело брашно за насушен леб и просфора, сите вакви дарови за нас се од големо значење, а на овој начин сметаме дека е и од Господ ако е дојдено од вашите срца. Затоа дојдете, повелете во манастирот и манастирската црква со љубов кон Господа затоа што тука се лекува, излекува и се благословува, тука не е судница и тука не се суди никому. Ние сме во изградба, но секако дека сме тука секогаш за вас, да бидеме секогаш со вас и Господ да е секојпат помеѓу нас.
ЗОШТО ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Бидејки линијата која не разделува од расколната црква на мпц е молитвеното општење. Покрај тоа не го прифаќаме модернизирањето во црквата, преземање и преаѓање на новиот календар, исфрлање на постот, изменување и нарушување на црковните канони и заедничка молитва со неправославните, неприфаќање на екуменизмот и антихристите, атеистите и не прифаќање на ересите кои се појавуваат во самата Православна црква. Затоа бидете дел од Македоската Вистинска Православна Црква, каде што ќе пoстите, исповедувате и Причестувате. Од самиот почеток Господ Исус Христос ни кажува како да живееме, како да се молиме и во кого да веруваме! Јасна е сликата дека сите тие кои поверуваа во Него и ден денес веруваат.
Затова и ние, МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, веруваме во Него како Господ Бог наш во Неговата вистина, во Неговата Црква и дека ние како народ Македонски, верници Негови, веруваме дека сме еден дел од Неговата Црква. Кога Господ Исус Христос почнал во своето време да оди и да го учи својот народ Тој никаде не ги споменува Црквите,туку вели да веруваме во еден Господ во Една Црква ,а не во Неговите Цркви и Патријаршии кој денес ги има по целиот свет. Еден Господ Исус Христос и Една Света Апостолска Православна Вселенска Вистинска Црква, таму за сите има место.Во таа Црква сите сме Православни и сите веруваме сега и во век и векови само еден Господ Исус Христос, кој Воскресе, ја победи смртта и спас ни донесе денес сите сложно да живееме православно. Нека на сите Православни цркви се вее само едно знаме, знаме на Едната Света Апостолска Православна Вистинска Црква на Господа Исуса Христа. Верувајте во Господ Исус Христос, молете се само на Него, na Светите Отци, Мајка Света Дева Марија, Богородица наша, нека Господ Благослови и нека не спаси.Амин.
МИЛИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА САКАМЕ ДА ОБЈАСНИМЕ,А НЕ ДА СЕ ДОКАЖУВАМЕ
Би сакале да ви обрнеме внимание со тоа што ќе ви кажеме неколку зборови повеќе за нас, иако веќе претходно сме кажале, но како едно надополнување за тоа кои сме ние како Црква. Од самиот почеток наидовме на бурни реакции од одредени луѓе кои не нарекоа со секакви имиња и не класифицираа во секакви секти, но тоа го направиле затоа што се постојано погрешно упатувани од големата пропаганда која ја врши мпц. (мпц е напишано со мали букви зошто е непризната црква).Остануваме тука на нашата веб страна. Како што веќе рековме, ние не сме под јурисдикција на СПЦ, ниту пак сме ПОА, туку припаѓаме на Вистинската Единствена Апостолска Православна Црква. Но пред сето тоа, ние сметаме дека треба да ви ја кажеме вистинската состојба во мпц, едноставно не можеме да ве држиме во лага. Треба да се каже вистината, иако тоа повлекува ваши прашања, но за се можете да прашате во линкот за Прашања и Одгвори каде ќе ви се дадат адекватни и реални одгвори. Да ви напоменеме дека оваа Црква е строго одредена ВО СВОИТЕ СТАВОВИ ДА БИДЕ И Е ПРОТИВ ЕКУМЕНИЗМОТ, ЕРЕСОТ И СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ НА ПАТОТ ДА СЕ СОЕДИНАТ СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА КОЈА САМАТА СЕ ОДВОИ И ЈА ОГРАБИ ЦРКВАТА НА ГОСПОДА, ПРОТИВ ОНИЕ КОИ ВОВЕДУВААТ НОВИ ЦРКОВНИ ОДРЕДБИ КОИ ВЕЌЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК СЕ ВО ЦРКВАТА ОД 33-та ГОДИНА..Каква е ползата, браќа и сестри мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси? Ако некој брат или сестра се без облека и имаат потреба од секојдневна храна, па некој од вас им рече: “Одете си во мир, стоплете се и наситете се!”, а не им го даде она што им е потребно за телото, каква е ползата од тоа? Така е и со верата, ако нема дела, мртва е сама по себе.

ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ГОСПОДA
Вие кои сте крстени и верници во Господ Исус Христос кои ја применувате Неговата молитва сакаме уште повеќе да ја отвориме вратата кон патот кој води кон Господ и сите ние заедно во манастирот да ја почуствуваме големата љубов од Господ, Неговата милост и човекољубивост. Само така е можно да живееме во една Црква, во една заедничка душа и заедно дa ја славиме Неговата Слава, да бидеме се поблиску до Него и на секое наше Неделно среќавање дa Гo величаеме сето она кој Tој ни го сoздаде и даде на сите нас. Да веруваш не е да се срамиш, но и не да се гордееш, да веруваш е дар од Господа и затоа и ние тука во манастирот „СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ„сакаме да ви подариме и да ви даруваме се што е и што води кон Господ. Затоа мили браќа и сестри во Господа да нe дозволиме да си сoздаваме искушенија туку да си имаме убави зборови и бесрамно да се гледаме сите на Неделната Света Литургија. Многу пати ќе имате многу нешта да прашате но многумина се срамат, многумина ете можеби и незнаат како да прашаат за нешто што им треба. Не срамете се , туку прашајте го секој од нас кој е близу до вас, а тој кој не знае ќе ве испрати кај оној кој ќе може убаво да ви објасни. Да,за палење на свеќи?Тоа е посебно прашање,а еве од некое си манастирско и црковно познавање сме гледале дека мирјаните кога палат свеќи палат многу повеќе oтколку што има потреба или значње. Палењето на свеќи е од големо значење во Православието,но ако палиме свеќа за една наша роднина, а тие се неколку членови, палиме една свеќа но на свеќата ги именуваме сите членови од неговата куќа по име, значи за секоја куќа по една свеќа е доволно, за секој еден поединец една свеќа, но за едно семејство по една свеќа е доволно. Кога доаѓате да не посетите и сакате нешто ете да донесете ,тоа е за нас од Господа, и сите тие дарови нека се во вино, кое ќе се служи за во Службата на Причестување и слично, брашно за просфора и насушниот леб, маслинов зејтин за кандилата но многумина им е најлесно да остават пари кое не носи добро. Зошто тоа го велам? Се сеќавате во Евангелието кога Господ ги истера сите оние кои во храмот продаваа и парите ги броеја, заради тоа што тоа не е од Господа, парите секојпат се само кавга во куќата, а ние тоа не го сакаме да биде помеѓу нас туку секојпат Господ да е со нас и помегу нас сите. Затоа мили наши браќа и сестри во Господа, запалете свеќа, помолете се на Господа, постете, исповедувајте се и причестете се што повеќе зошто тоа е подобро за вашето тело и душа, а парите нека бидат за вашето домаќинство.Пари на иконите не ставајте затоа што со тоа вие Господа не го купувате или помагате, туку тешкотии создавате. Дојдете, помогнете ни кога е берба на житото, пченката, компирите да ги извадимe од земја, зелката да jа собереме, токму тогаш на Господ сте му помогнале и благости добиле.Така сте ни сите добродојдени и за добро и за лошо со Господ се заедно ќe решиме.
Македонска Вистинска Православна Црква, неeкуменистичка, неeреска, не е во состав на расколната самонаречена македонска патријаршија на т.н. мпц-оа од многу причини од кои најголема и најсериозната е сеересот на екуменизмот кој во расколната мпц активно се спроведува со децении сосема јавно и во зборови и во дела.Црквата јавно ги осудува срамните постапки на гробиштата во Кавадрци,каде самонаречената мпц си зема за право да го стопира погребот на еден наш сограѓанин кој се упокои во Господа и требаше да биде испратен со сета почит и сите Православни обреди како му припаѓаат на секој еден Православен жител.Оваа МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА не е во состав во ниту една ЕКУМЕНИСТИЧКА НОВОПОЧНАТА ПАТРИЈАРШИЈА И ПАТРИЈАРСИ КОИ СЕ ВО СОСТАВ СО ПАПАТА И ВАТИКАН. Светската историја воопшто е непрестана борба – битка меѓу два непомирливи религиозно-политички принципи: теократија и сатанократија. Таа немилосрдна борба на двата табори кулминира во 1917 година со доаѓањето на власт на сатанократијата која се встоличи на урнатините на руската теократија. Отстранет е оној кој ја спречуваше експанзијата на Тајната на безаконијата – последниот богољубив помазаник Божји, православниот цар. Тајната на безаконијата, за која уште зборуваше апостол Павле дека уште во тоа апостолско време таа почнала да дејствува и незапирливо да се шири. Додека пред 1917г правилата само делумно се прекршувале во животот на православните цркви, во наредните 10 години тајната на безаконијата се вовлекла во самото срце на нејзината надворешна организација отстранувајќи ги последните побожни владици и водејќи ги помесните автокефални Цркви кон отпаѓање од вистината. Тоа довело до појава на движење на отпор против официјалните паднати Цркви, кое станало познато како „Вистинска Православна“, односно „Старокалендарска“ или „Катакомбна“ Православна Црква, спротивно на нивните псевдо-православни или новокалендарски или „надземни“ официјални пандами. Најважните меѓу нив биле Вистинската Православна или катакомбна Црква на Русија, Вистинска Православна или Старокалендарска Црква на Грција и Романија и Руската Загранична Црква. Така за разлика од надворешното единство, богатство и бројност на Црква на православното христијанство од 1914 година, денес пред нас, имаме слика на нивните мали и однадвор прогонети остатоци. Во почетокот на XX век се појави поделба за која веќе сега може да се каже дека до крај е остварена: од Православната Црква се одвоило т.н. „светско“ или „екуменистичко праволавие“ – изгубена е врската со Црквата на Светите Отци, Светите Собори и Светото Предание, а во псевдо-црковната структура се протегаат ереси на екуменизам, модернизам и сергијанство кои водат во пропаст. Основата на „светското православие“ во суштина е хиерархија која отпаднала од Христа и која по себе повлекува луѓе кои се сметаат за православни, но не знаат што е всушност Православието. За тие луѓе, кои светоотечкото учење за Црквата го замениле со римски папизам или протестантизам, значењето на епископот се сведува пред се на функција на црковен администратор или на улога на некаков авторитет кој е недопирлив за било каков човечки суд и во кој – само во него!- е содржана Црквата. По светоотечкото, пак, учење, изразено кај Свети Максим Исповедник, Црквата се состои „во правото и спасоносното исповедување на верата“ и согласно на тоа, во секој човек – носител на таа вера. Сепак, без епископ нема Црква и затоа додека постои Црква на земјата, ќе постојат и православни епископи. Како да се постапи ако Црквата, заради некои причини (смрт или отпаѓање од Црквата) останала без свој епископ, а православни епископи нема во близина, или не е воспоставено општење со нив? Во тој случај Црквата може привремено, до присоединување на конкретен православен епископ, да го спомнува „целото епископство на православните“. Така на пример, во XIII век, при смената на Константинаполскиот патријарх, се до изборот на новиот, монасите и клирот на патријаршијата го спомнувале „целото епископство на православните“, а во грчката Италија од X до XVI век Црквата исто така го спомнувала епископството во целост. Вистинската Православна Црква која се одвоила од отстапниците, цврсто го чува православното учење за Епископот и Црквата која е дел од Светото Предание. Ние сакаме да бидеме верни чеда на нашите Свети Отци, учителите на Православието и да живееме токму во онаа Црква во која живеат светите Апостоли, светите Пророци и Маченици и сите Светители и затоа не сакаме да одиме со отстапниците на православието од овој свет кои дрско го газат црковното учење и им се исмеваат на светите. Не сакаме да одиме со т.н. „патријарси“, со нивната хиерархија и „духовни старци“ кои ги поддржуваат, со заблудени пастири и народ, зошто сме научени од светите дека постојат две патеки – патеката на животот и патеката на смртта, патот на светлината и патот на темнината, патот на Светите Отци и патот на отстапниците и еретиците, „прогонителите на добрите, мразителите на вистината и љубителите на лагите“. Нека Светите Отци ни бидат патеводци на царскиот пат на Вистинското Православие! Меѓу современите православни христијани колку има такви кои имаат храброст да побегнат од екуменистите и да се одвојат од општењето со нив? Многу малку. Навистина, стадото Христово секогаш било мало! Мало стадо. Сите кои останале верни сведоци на Вистината во светот се непросветена толпа, непознавачи на Законот, со своите страсти и разногласини, со својата умствена ограниченост. Дали некој од првенците или од фарисеите поверувал во Него? Туку, проклет е овој народ што не го знае Законот (Јн. 7, 48-49). Кој богослов, кажете ми, станал вистински православен? Кој професор на факултет станал вистински православен? Кој од денешните современи беспрекорни епископи станал вистински православен? Ниту еден мудрец, ни некој силен од овој свет не ја следел толапата непросветени вистински православци, тој „мал број“ на Галилејци, кои удираат во клепалото, како што тоа некогаш го правел Ное, за да ги повика животните во арката. Оваа мала толпа извикува: Македонската патријаршија се наоѓа во целосна согласност со екуменистичките еретици, во раскол и создавање на омраза меѓу својот народ со најодвратни синкретисти. Погледнете наоколу како луѓето мирно пребиваат на своите места, како „благоразумно“ се причестуваат , венчаваат и крштеваат во големи и прекрасни храмови. И погледнете колку многу се – познати лица, интелектуалци, свештеници, учени епископи, старешини, книжевници, фарисеи, законици. Што да се каже, зарем сите тие луѓе се наоѓаат во незнаење и зарем само вистинските православни знаат се? Вистинските правослвни може и да не знаат се, но едно знаат-дека тие се наоѓаат во согласност со Исповедниците, Отците, Пустиниците, древните Маченици, Новомачениците и Апостолите. Што се однесува до нив, тие се малку, но ете, вистинските христијани секогаш биле во мал број. Тие не се моќни, но и Апостолите биле немоќни. Нив не ги загрижува тоа што се неуки, зошто ете и самиот Христос бил неук. Тие водат борба само за едно-како да ја сочуваат верноста на Православието, како да останат во Црквата и како да влезат во арката. А што се однесува до екуменистичките и новотарските учења, кои произведуваат толку длабок впечаток на своите ученици и на целата таа маса на парохјани и монаштво кои се наоѓаат во официјалната „црква“ која е распространета по целиот свет и призната од светот, на тоа вистинските православни одговараат заедно со Свети Теодор Студит: „Оној кој се потруди да му угоди на Бога има предност над илјадниците кои се фалат со својата саможивост. Кој пак, од оние кои здраво мислат, не сака попрво да биде во бројот на неколкумината кои тежнеат да стекнат спасение одејќи по тесниот пат, отколку да биде во бројот на многумината кои по широкиот пат одат кон пропаста? Ти, пак, ако ти е по волја, дај му предност на големиот број на давеници наспроти Ное кој се спасува, а мене дозволи ми со малобројните да влезам во арката“.

Светиот Синод, Mитрополитот на Црквата со Советот на Македонска Вистинска Православна Црква на состанокот што се оджа на 3, 4 и 5 јануар 2011 го донесе следново:

ПРАВИЛА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ВО НАШАТА СВЕТА ЦРКВА
1.Строго е забрането за свештството (епископи, свештеници, ѓакони) како и за мирјани, читатели, монаси, кои се стремат кон свештенството и монашкиот живот: да пушат, прекумерно да пијат, да посетуваат клубови, кина и други места каде што може да се навреди моралноста и религијата воопшто.
2.Свештените лица и монаси, надвор од граѓанските работа (освен на настава кога треба да носат расо) мора да носат свештеничка облека која се состои од туника и појас за епархиски свештеници, појас за јеромонаси и јероѓакони монаси, горна мантија старо словенски стил, риза кога е можно, задолжително со официјалните акти.
Од 1 мај до 30 септември, поради топлина може да се земе само качулка (или појас), од 1 Октомври-30 април се бара: расо, појас, капа, риза. Во случај на настинка може да се користат под јакна риза или друга облека соодветна на црковна одежда.
3.Секуларното свештенството и монасите мора да носат бради, а косата долга и може да се третира умерено.
4.Животот на монахот, како и на јеромонахот и јероѓаконот е составен од молитвата, учење и рачна работа. Во нашата црква не е дозволено монахот да живее во надворешниот свет, оти во надворешниот свет се случуваат големни тешкотии ,опасности и стапици и тешкотиите тешко може еден монах сам да ги совлада.
5.Во однос на интелектуалната подготовка на идните свештеници задолжително е четиригодишно теолошко, литургиско и духовно школување.
6.За оние кои веќе ги имаат завршено студиите во Римокатоличката теологија или за оние кои доаѓаат како свештеници од Римокатоличката Црква, потребен е соодветен подготовителен период (1-2 години) пред да биде ракоположени.
7.Свештениците и монасите, додека работат во светот, имаат моменти на молитва и размислување најмалку три пати на ден.
8.Секој свештеник или монах, што ќе го изберете како духовен водач и исповедник, и се придржувате на неговите насоки во внатрешниот и надворешен духовен живот, е секогаш послушен на директивите и предлозите на Митрополитот.
9.Секој член на Црквата,свештенсвото или мирјаните,треба да почека за канцеларија која му припаѓа нему и на сите што им е доверена од страна на поглаварот или некој во негово име.
10.Се препорачува за секого (свештенството и народот) смиреност, својствата на говорот и однесување како што имал Господ и неговите ученици.
11.Свештеник или монах кој ја остава нашата јурисдикција (или е отпуштен), не може да биде повратен, освен во некои исклучоци доколку се чини дека тоа е соодветно на Поглаварот.
12.Документите на оние кои заминуваат или се истерани, остануваат во базата на податоци и не може да бидат вратени.
13.Оној кој се стреми кон ѓаконство или свештенството, и е во брак, станува ракоположен. Добро е неговата сопруга да е со православна вероисповест. Ако сопругата на ѓаконот или свештеникот се упокои, тие не смеат да се преженат.
14.Датумот на годишниот Синод се одредува во првата недела од септември за три последователни дена: петок, сабота и недела.
15.Нашата еклисиологија не ги признава тајните на Римокатоличката црква.
16.Светиот Синод одлучи дека поглаварот на Македонска Вистинска Православна Црква секогаш мора да биде Македонец,роден во македонија.
17.Црковните служби се отворени за сите, но само православни верници учествуваат во Евхаристијата. Ако сакате да земете учество во Евхаристијата, мора да бидете на време на црквата.
Православен христијанин може да земе учество во Евхаристијата само во православна црква. Треба да пости во среда и петок,да ги чита неговите молитви наутро и навечер од молитвеник,да има запалено кандило или свеќа и темјан (во неделите и на празници) пред икона, читање на дневниот текст од Библијата и да учествува во црковни служби толку често колку што е можно повеќе.
Овие правила треба да се исполнат за да помогнат на патот на нашиот духовен живот.
Неговaта Светост Архиепископ и Патријарх Јован-Хаџи
07.01.2011 Година Господова


Неговата Светост Архиепископ и Патријарх на Македонска Вистинска Православна Црква на Македонија и македонскиот народ во дијаспора,Палестина и цела Скандинавија, +++Јован-Хаџи
со Светиот Архиерејски Синод на Македонска Вистинска Православна Црква претседава Неговатан Светост, Архиепископот и Патријарх Јован-Хадји.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА
Пости и молитвословја и секогаш сите заедно да јадеме од едниот Леб и да пиеме од едната Чаша, и да ни бидат Трпезата Господова и словото Божје сета утеха од сега и до века, од Господа молиме. Подај, Господи!
Нашиот благоверен народ и учителите да се сочуваат и избават од нецрковното и неблагодатното и неподвижното богословје, од Господа молиме. Подај, Господи!
Нашата биднина да поминува во состојба на присуството Божје, и во неуморната борба по Бога со срце смирено да го запленуваме Спасителот наш – Исуса Христа, од Господа молиме! Подај, Господи!
Уште се молиме секадеприсутниот Дух на Вистината и Ризница на добрата да ги запре нечистите мисли во нашите умови и да нѐ просветли со богоугодна мисла, да ја отклони оградата на нашата себичност и себељубје и да ја всели во нас Својата благодат, та жедта наша за знаење во жед за славословје да се претвори, од Утешителот просиме! Подај, Господи!
За непоколебливост на богоспасителните свети Божји Цркви, за достојно претставување и пројава на Католичната Црква во нашите епархии, парохии и манастири, за свест на нашите лаици за нивното царско и свештеничко достоинство и служење, и за победа на Народот Божји над духот сектин, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Уште се молиме Господарот на изоблините жетви да изнесе на својата нива доволно работници на Духот Свет, и на Својот посветен народ Тој да ги праќа посакуваните пастири претстојатели. Подај, Господи!
Господ да нѐ избави од духот себедопадлив, себељублив и себеобожлив, кој и на надворешно украсување и бојадисување и маскирање нѐ нагонува, па да ни подари ревност за соборно живеење и себеукрасување со добродетели, од Господа молиме.Подај, Господи!
Господ да не заштити, спаси, помилува и сочува од духот на сите страсти што владеат во светот, од секаквовидно обессветување на телото и душата, и од кремации на телата кои се храмови на Духот Негов Свет, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
За покаен дух и за одрекнување од телеснопохотниот дух, измами и пустошења на децата Божји, и за утврденост во дарот и во призивот со кои сме призвани, на Господа да се помолиме. Господи, помилуј.
Уште се молиме праведниот гнев Божји да ги скроти сите оние кои загушени од демонот измислуваат богохулни игри и сладосртастја, па и тие да се покајат. Подај, Господи!
За заштита на сите деца во светот од телесни злоупотреби, и од смртоносниот бел прав, од секаквовидни безвредни и лоши ствари и разорна музика, од суета и распустна забава и спиритизам, виртуелна магија и разорна фантазија, од помодарска и ревијална суета и расипништво во време на глад и беда и болести на нашите ближни, и од секакво нечесно работништво и добивање, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Човекољубивиот дух на вистина, правда и покајание да проникне низ сите неправедно обогатени поединци и во нивните работништва, та и тие да им помагаат на сите сиромашни и невработени ближни свои во слава на Бога, од Господа молиме. Подај, Господи!
Просветени со Духот Свет, Духот Вистинит, да не оддаваме слава на суетни и страстни луѓе и на лажни пророци и „ѕвезди“ – паѓачки, туку да се уподобуваме во Христа како сите Свети Негови, од Господа молиме. Подај, Господи!
Добриот Утешител и секадепрустутниот Вдахновител да нѐ заштити од разорната моќ на индустријата на сните, и Тој да ни биде ризница на добрините, од Господа молиме. Подај, Господи!
Да се вразумат и покајат сите заслепени продавачи на тела и души кои ги продават на прозлобни луѓе и демони, и да се покајат сите истополни блудници – мажи, жени, деца, магови и магиси, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Својата животворна сила за творење и раѓање сите сопружници да ја свртуваат од белата чума кон детската радост, а многубројните меѓу нив, своите страсти кон домашните миленичиња да ги насочат во љубов кон сопствените деца, од Господа молиме. Подај, Господи!
Уште се молиме сосема да престане уништувањето и злоупотребата на зачнатите деца Божји во македонскиот народ, и во сите христијански народи, и во целиот свет, а да се врши заповедта Божја за раѓање и множење и населување на целата Земја. Подај, Господи!
Заштита од секаков спиритизам и магија и вештерство и коцка на јуноста наша од Господа молиме. Подај, Господи.
Заштита и избавување од сите бели и црни магови, вештици и вештери, гуруа, погодувачи и хазардери, и за нивно покајание, повторно и пак од Господа молиме. Подај, Господи!
Да ги распнуваме своите страсти и желби и да не ја чиниме волјата на телото и помислите, туку сѐ да правиме во љубовта Христова, од Господа молиме. Подај, Господи!
Уште се молиме што поскоро да се скрши дланката на козмократоторот и козмотиранинот што во потајност го крои и прекројува Божјиот свет, и веќе да не онесреќува и уништува неизбројно мноштво луѓе, и за нивното покајание, да се помолиме на Господа. Подај, Господи!
Да се истреби лихварството и нечесната заработка, и веќе да престане трговијата со белото робје и новороденчињата и фетусите и телесните органи на живите и упокоените луѓе, повторно и пак на Господа да се помолиме. Подај, Господи!
Да се спасиме од прекумерието на мамонските емисари што со валкани пари ги потиснуваат малите народи, и за нивно покајание, од Господа молиме. Подај, Господи!
Од самиот почеток Господ Исус Христос ни кажува како да живееме,како да се молиме и во кого да веруваме! Јасна е сликата дека сите тие кои поверуваа во него и ден денес веруваат.

ТОЈ НЕ ОПРЕДЕЛИ
Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места,зашто не избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. Како што не и определи однапред за да не посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува во Возљубениот, во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат, која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него, за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата, за да соедини повторно во Христа, се што е на небесата и што е на земјата во Него,во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави се по советот на Својата волја, за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе од порано се надевавме во Христа. Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината, Евангелието на вашето спасение и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето. Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост за пофалба на Неговата слава. Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети,не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него,и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите, и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме според дејствувањето на Неговата моќна сила,чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места, далеку над секое началство, и власт, и сила, и господство и над секое име, кое се спомнува не само во овој свет, туку и во идниот. И се Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над се на Црквата, која е Негово Тело полнота на Оној, Кој исполнува се во се. Никoгаш нe нарушувај гo пoстoт вo срeда и вo пeтoк. Тoј пoст e запoвeдан oд Црквата и e дoбрo oбразлoжeн. Акo нeкoгаш вo живoтoт си гo нарушил oвoј пoст, мoли сe на Бoга да ти прoсти и пoвeќe нe грeши. Благoчeстивитe луѓe нe сe смeтаат сeбe си за разрeшeни oд тoј пoст,ни на пат, па дури ни вo бoлeст. Свeти Пахoмиј eднаш срeтнал луѓe кадe штo нoсат мртoвeц и видeл двајца ангeли вo пoвoрката. Тoј пoчнал да сe мoли на Бoга да му ја oткриe тајната за присуствoтo на ангeлитe при закoпoт на тoј чoвeк. Каквo дoбрo направил тoј чoвeк за да гo придружуваат свeти ангeли Бoжји вo спрoвoдoт дo грoбoт? Тoгаш, пo Бoжја прoмисла, сe приближилe свeтитe ангeли дo Пахoмиј и вака му oбјаснилe: “Eдeн oд нас e ангeл на срeдата, а втoриoт e ангeл на пeтoкoт. Па какo штo oвoј чoвeк сeкoгаш, дури и дo самата смрт, пoстeл вo срeда и вo пeтoк, затoа и ниe сo чeст гo спрoвeдувамe нeгoвoтo тeлo. Какo штo тoј дo смртта гo сoчувал пoстoт, затoа и ниe гo прoславувамe”.
Нека Господ Бог не Спаси и Благослви!
ВО МАНАСТРИОТ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ЖИВОТОТ ВО МАНАСТИР БЕЗ ВОДА И ХРАНА ДО 13 ЧАСОТ
Во манастирот на МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА живееме според Атонскиот Типикон.
Карактеристично е тоа што во среда и петок имаме предходно освештени литургии кои се поврзани со вечерната служба.
Најважната работа во животот на монахот е дневната програма (распоред). Таа се заснова на молитви, но од друга страна и на дневни обврски, учење и одморање. Нашиот манастир го следи Типиконот на Света Гора со некои потребни промени. Поконкретно, ние стануваме во 03:00 часот и имаме лични молитви (канона) во секоја монашка ќелија. Заедничката служба почнува во 04:00 часот (часови, Божествена Литургија) се до 08:00 часот. Потоа појадуваме (освен кога постиме) и малку се одмораме. Потоа секој монах ја извршува својата работа: готвење, хранење животни, работење во градината, столарија, чистење, сликање икони и т.н. Овие работи се чинат како да немаат ништо духовно, но во манастирот сите овие работи имаат посебно значење. Монасите не работат за да заработат, туку на ваков начин тие ја нудат својата работа за да му служат на Бога. Во 13:30 часот тие имаат параклис пред иконата на Богородица и во 14:00 часот ручаат. Вечерната молитва е во 17:00 часот преку лето, и во 16:30 часот преку зима. По вечерната, во 18:00 часот монасите се слободни да се сконцентрираат на себе, на било каква работа или учење или молитва. Околу 21:00 часот монасите се собираат и имаат лесна вечера (освен во пост) пред последната служба, вечерната богослужба. На крајот од оваа служба монасите си простуваат еден на друг за се што тие си сториле во текот на денот „и прости ни ги нашите гревови, зошто ние им простуваме на сите наши должници“. Многу често има бдеење од 22:00 до 05:00 часот. Овој типикон почнува од почетокот на манастирскиот живот. Монасите ги жртвуваат часовите за одмор поради нивната љубов кон Бога. Ние обично имаме ноќни служби за празници кои се посветени на нашиот Господ и Мајка Богородица, како и во чест на некои големи светители.
За време на Велигденските пости типикот е изменет.Во тоа време ништо не јадеме и ништо не пиеме додека не заврши вечерната служба.
Кога после тоа ке ја примиме Светата Причест, таа благодат не се опишува, таа мора само да се доживее.
Во овој период многу малку спиеме,затоа што во тоа време е благодатта најголема.


СООПШТЕНИЕ ДО ВЕРНИОТ НАРОД:
Секој еден православен верник може да се Исповеда и Причести само во една Православна Вистинска Црква,.
Секој еден може да присуствува на една Света Неделна Литургија но не може да биде
Исповедан и Причестен.
Свештениците на Македонска Вистинска Православна Црква не наплатуваат за ниедна црковна услуга која ја извршуваат во името на МВПЦ.

ДО СИТЕ ВЕРНИЦИ И ПОСЕТИТЕЛИ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА
Иако до сега објавивме голем број текстови на објаснување и прикажување на постоењето на Вистинската Православна Црква, сепак не е јасно за голем број од луѓето и потикнати од денешното објавување на написот во дневниот весник „Вечер“, би сакале повторно да додадеме уште едно објаснување за состојбата воопшто во Православието.
Постои Всленеска Православна Црква, со седиште во Константинопол (Цариград)- Истанбул, под која припаѓаат канонските Православни Цркви и тоа: Руската Правослвна Црква, Романската Православна Црква, Бугарската Православна Црква, Српската Православна Црква, Грчката Православна Црква и други кои имаат Патријарси како примати и се автокефални и под нив припаѓаат автономни Православни Цркви кои се под раководство на Архиепископи, Митрополити. Сите оние кои не се во единство со овие какнонски цркви се расколни и не се признати од никого, ниту пак може да сослужуваат со свештени лица од други православни цркви. Таков е случајот со МПЦ.
Од друга страна пак, Вселенската Црква, значи сите сегашни канонски цркви, незапирливо и многу отворено итаат кон екуменизмот-прифаќање и сослужување со клирици на сите отпадници на догматите и каноните на Православната Црква: Римокатолиците, Протестантите, и сите оние секти кои произлегоа од Протестантизмот, и други вери. Тие многу отворено го покажуваат ова движење на чело со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Има веќе високи клирици кои не се согласувале со ваквото водење на црковната политика и се затворени, како што е примерот со Ерусалимскиот Патријарх Иринеј II, кој е веќе неколку години во куќен притвор, а на негово место е поставен ТеофилI.
Заради оваа состојба во канонската Православна Црква, која трае со децении и се повеќе се влошува, се појавува Вистинско Православие, кое со големо право, дадено од црковните канони, не сакаат да бидат во заедница со овие екуменисти и еретици и затоа се основаат Вистински Православни Цркви. Тие сите го исполнуваат догматот на една света соборна и апостолска црква, клириците заедно сожлужуваат и сите оние манастири кои сакаат да бидат во заедница со Вистинските цркви, стануваат егзархати. Со цел да се одржи Христовата вера во својот оригинал, онака како е предадено од страна на Неговите ученици, Светите Апостоли, без примеси на современиот живот, туку древна како што ја исповедале ранохристијаните, затоа е основана Вистинската Православна Црква.
Доколку клириците на МПЦ сакаат да се соединат со МВПЦ и да си го задржиме нашето древно наследтсво, но под правите изворни канони, секогаш ќе бидат добродојдени. Ние сме за Христова Црква во која ќе владее скромноста како доблест зошто Господ на себе имал само две облеки и не се кител со ништо, како што и самиот покажа во Евангелието во беседата на гората за тоа колку треба да се грижиме што ќе облечеме или јадеме или пиеме, зошто за тоа се грижи нашиот Небесен Татко, а исто така кога ги преврте масите на трговците полни со пари во храмот во Ерусалим.
Мислам дека успеавме да ви ја приближиме сликата на нашата вера во се што е до правата Вистина. Повторно ви предложуваме и советуваме прво да убаво да ги разгледате и прочитате нашите текстови пред да донесете било каков избрзан заклучок. Православната вера во својата вистинска смисла е пред се, а потоа се останато, зошто правиот пат не води кон небесата и вечниот живот. Господ рече: „Јас го победив светот“. Значи земните работи се споредни во однос на Христовата вера и Неговите закони. Најмудрите се оние кои се плашат од Судот Божји, а сите тие кои земските мудрости и премудрувања му се пред верата, тој не оди по вистинскиот пат. Но, Господ никој никого на сила не го тера, Тој ни остави слобода да избираме како ќе го живееме овој живот. Слава на Господа.
Господ нека ве Благослови
+++Јован-Хаџи
19.09.2012 света година
Осло Норвешка


11856264_472872219558018_5806300067408962274_o
11173359_414238535421387_5240663890716145512_n
11168181_414238452088062_4473470714754115083_n
11125251_414238835421357_5892457959387795244_n
11114067_414238488754725_8728636132359584720_n
11059203_414238698754704_7216584715734953835_n
10985926_414238625421378_5318865013492724496_n
19620_414238595421381_2512747958882500079_n
ЕПИСКОПСКО ИСПОВЕДУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА
УШТЕ ПООПШИРНО ИСПОВЕДУВАЊЕ И ЗАВЕТУВАЊЕ
Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и во се видливо и невидливо; Беспочетен и Нероден и Непредизвикан, а со ипостасен Почеток (или Начело) и Причинител на Синот и Духот.
Верувам во Едниот Син Негов, неистечно и вон временски од Него Роден, Нему Едносуштен, преку Кого се постана.
Верувам и во Духот Свети, од истиот Отец Исходен и со Отецот и Синот Сопрославен како Совечен и Сопрестолен и Едносуштен и Еднославен, Создател и Животодавец и Осветувач со благодат на целата сушност, Кој преку Пророците зборуваше и преку Синот се јави и беше даруван на Апостолите и на својата Црква како Утешител и Дародавец на благодатни дарови и Обожител на спасуваните. Го отфрлам новотарењето со латинската ерес, која погрешно мудрува дека Духот Свети ипостасно исходи од Отецот и Синот, со што се извртува Христовото Боженствено Откривање и го расипува светиот и неизменлив Символ на верата на Светите Собори и Светите Отци на Соборната Црква Православна, со која јасно го признаваме Бог Отецот како едно вечно Начело и Извор на Боженствениот Син и Дух, со која благочестиво исповедуваме Единоначелство на Света и Неразделива Троица.
Верувам дека Еден од Надсуштествената и Живоначалната Троица, Единородниот Син и Логос, се симнал од небото заради нас луѓето и заради нашето спасение, и се воплотил од Духот Свети и Марија Дева и се очовечил, т.е. станал соврчен Човек останувајќи Бог, ништо не променувајќи ниту изменувајќи во Боженствената суштина заради опшење со телото, туку примајќи го без промена човекот, во него страдање и смрт претрпе Тој Кој по Боженствената природа слободен од секакво страдање, и воскресна во третиот ден од мртвите и возвишувајќи се на небото, седна од десната страна на Отецот.
Верувам во Бога и Боженствените работи, преданија и толкувања на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Исповедувам едно крштевање за отпуштање на гревовите. Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век.
Уште исповедувам еден Ипостас на Очовечен Логос и верувам и проповедам дека е Еден и Ист Христос, во две – по очовечувањето – и со природите и волјите, Кој го чува она (две) во што и од што постои, и следствено двете волји во Него ги почитувам, бидејќи секоја природа ја очувува сопствената волја и сопственото дејство (т.е. енергија).
Исповедувам исто така дка Троичиниот Бог се јавува, но не по суштина – зошто никој никогаш не видел нити ја искажал суштината Божја – туку по благодат и сила и енергија, која е заедничка на Отецот и Синот и Светиот Дух. Зошто на секој од Нив сопствен е Својот Ипостас и она што на него се однесува, а заедничко им е не само надсуштествената и непристапна, бидејќи е над секое именување и пројавување и општење или заедничарењ – туку и благодат и сила и енергија и светлост и Царство и бесмртност и воопшто се она со кое Бог општи и заеднички и по благодат се соединува со светите Ангели и луѓе, не губејќи при тоа Својата едноставност нити заради деливоста и разликувањето на Трите Ипостаси, нити заради деливоста и разновидноста на силата и енергијата. Така исповедувам Еден Семожен Бог во едно Божество, зошто нити од совршените Три Ипостаси се случува некоја сложеност, нити Бог, затоа што има природна моќ и сила и енергија и благодат, може заради тоа да се нарече сложен. Затоа православно исповедувам дека заедничката благодат благодат на Отецот и Синот и Светиот Дух и онаа најбоженствената светлина на идниот век, во која праведниците ќе заблеснат како сонце, како што тоа Христос претходно го покажа заблеснувајќи на Гората Тавор, и воопшто секоја сила и енергија и обожителна благодат на Триипостасното Божество е несуштна и несоздадена – зошто ништо што е на Бога по природа својствено не настанало подоцна – затоа оние кои Едното Божество нечестиво го расекуваат на суштно и несуштно, како што Варлам и Акиндин, кои безбожно учеле дека боженствените сили и енергии и се што на некој начин неискажано се разликува од Боженствената природа, е суштно и создадено, таквите како безбожни и многубошци ги отфрлам и отсекувам од полнотата на оние кои се православни верници, како што тоа го прави и Светата Христова Католичанска и Апостолска Црква, верувајќи во Едно Божество, Триипостасно и Семоќно, Кое никако не ја губи единственоста и едноставноста зарди Своите Три Ипостаси или заради Своите благодатни сили и енергии.
Се поклонувам од почит, а не од обожавање, на боженствените и чесни Икони: на Самиот Христос, заради нас Воплотен; Пречистата Богомајка и сите Свети – пренесувајќи ја на Прволиковите честа што нив им ја укажуваме. Се поклонувам на Чесниот Крст и ги почитувам Боженствените храмови и Светите места и Свештените садови и Богопредадените зборови, заради Бога кој во нас живее со Својата благодат. Исто така ги почитувам и со љубов ги целивам Светите мошти на Светите маченици и Божји угодници како извор на спасението и доказ на воскресението. Исповедувам и со љубов го примам чистиот и чесниот христијански живот во вера и надеж и љубов и сите христијански подвизи, доблести и благодатни дарови на Светиот Дух, а го отфрлам валканото и нечистото и недостојното живеење и делување на боголикиот човек.
Ги примам богоинспирираните списи и учења на постарите и поновите Свети Отци на Црквата Христова, кои се согласни со Евангелието и учењето на Светите Апостоли и ги почитувам и прифаќам како придоносители во изградувањето на совршен човек по мерка на растот на полнотата на Христос Богочовекот и соборното живеење и спасување на сите во заедница со Телото Христово кое е Црквата.
Оние кои различно, а не православно, мислат за христијанската вера, ги отфрлам како туѓи на Христовата Црква, како расипувачи на Вистината Божја и уништувачи на спасувањето на луѓето. Го анатемисувам Арија и неговите едномисленици и заедничари на неговото безумно зломислење; Македониј и оние околу него со право наречени духоборци; исто така и Несториј и други началници на ересот и нивните истомисленици го отфрлам и анатемисувам и јасно и гласно велам: На сите еретици анатема!
Нашата Богородица Марија, првенствено и вистински ја исповедувам и проповедам како Онаа Која по тело го родила Едниот од Троицата, Христос, Бог и Спасител наш. Таа нека ми биде Помошник. Покров и Заштита во сите денови на мојот живот!
На ова мое исповедување на светата вера додавам и:
Ги примам и ги исповедувам светите Седум Вселенски Собори и сите Помесни Собори кои Светите Отци ги прифатиле и потврдиле, а кои биле свикани заради очистување на православните догмати на Црквата. Ги исповедувам сите одредби на вистинската вера кои во разни времиња, водени од просветлувачката благодат на Пресветиот Дух, биле изложени. Ги примам и сите свештени канони кои ги составија Блажените Отци и ги предадоа на Црквата, на украсување на Светата Црква Христова на богоугодно христијанско црковно живеење, делување и однесување, согласно на Апостолските преданија и смислата на Евангелското боженствено учење. Ќе се трудам според нив да го управувам служењето кое по Божја волја ми е предадено во наследство и дека по нив ќе го учам довереното пастирствување на свештениот Клир и избраниот народ Божји.
Исповедувам како многу важно дека ќе го чувам и држам единството на верата Православна со врската на мирот црковен и дека се она што Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква на Православните прима и догматски исповедува, тоа и јас го примам и верувам и исповедувам; ништо не додавајќи, ништо не одземајќи, ништо не менувајќи ни од Догматите ни од Преданијата, туку цврсто стоејќи во нив и се тоа со страв Божји и со добра совест учејќи и проповедувајќи; а се што таа осудува и отфрла како учење на туѓо Евангелие, тоа и јас го отфрлам и истерувам од Стадото Христово.
Исповедувам и цврсто верувам дека на Боженствената Литургија се извршува претворање на лебот и виното во вистинско Тело и Крв Христови, со силата и дејството на Светиот Дух, согласно зборовите Господови и Евангелската вера и преданието на Апостолите и Светите Отци, а со служење и молитвено повикување ( со епиклез) од страна на Црквата Божја, предводена од епископи и чесни презвитери. На Боженствената Литургија, како собирање и служење и со светотаинско заедништво на сите Цркви на Народот Божји, се остварува и се извршува присуство на целиот Христов Боженствен Домострој на спасение на светот и човечкиот род, во неа се открива Богочовечката Сетајна на Црквата Божја како вечно Царство на Светата Троица, така да само оној кој знае што е Литургија, знае и што е Црква Божја и знае дека без Боженствената Литургија, како собир и заедничарење на сите во Христа верни, собирни околу Епископот, презвитерот и ѓаконот, ни Црква не се нарекува.
Ветувам дека ќе го чувам и цврсто оддржувам црковниот мир, дека усрдно ќе го поучувам во Евангелието мојот доверен народ и се додека имам моќ, право ќе го упатувам Словото на Вистината и дека со ниеден обичај, во било што, нема да умувам спротивно на Православната католичанска источна христијанска вера, до крајот на мојот живот, како и тоа дека во се Црковно ќе следам и секогаш ќе се повинувам на светиот Архиерејски Собор, кој, како во древните апостолски времиња, секоја година се состанува. Со Светејшиот Патријарх, Преосвештените Архиепископи, Митрополити и Епископи на Помесната Црква и свеколиките Соборно – католичански Православни Цркви во вселената, со браќата мои и сослужители во Христа, во се ќе бидам согласен, по боженствените заповеди и свештени правила на Светите Апостоли и Светите Отци и сесрдно кон нив ќе гаам љубов духовна и ќе ги почитувам како отци и браќа свои. Исто така ќе го уважувам и чувам првенството на овој Партијаршки трон и ќе ја почитувам честа на Православието во Соборот на Црквата Божја на овој народ, сходно на Апостолското правило кое вели дека со таква слога и складен поредок на љубовта се прославува соборноста и единството на Црквата Божја по слика на Светата Троица.
Ветувам дека со страв Божја и со богољубиво и човекољубиво расположение ќе бидам пастир на доверениот Народ Божји, ова стадо на кое сум поставен да свештенодејствувам со Евангелието на спасението и на Бога да принесувам дарови и жртви на Неговата Света Црква. Затоа давам завет дека довереното стадо ќе го посетувам и ќе го собирам на Служба Божја и со ќе го чувам со евангелски поучувања од сите ереси и расколи, од суеверија и лажно живеење и од секое неправедно делување. Ветувам дека без крајна нужда и тешка вина, нема никого, било поединец или заедница, да го одалечувам од Црковните тајни и заедништвото во христа, нити ќе го проколнувам, туку ќе го советувам во Светиот Дух и на патот на покајувањето и спасението ќе го обраќам.
Со противниците на Црквата Света ќе постапувам со расудување, кротко и праведно, по Апостолот Павле, зошто на слугата Господов не му личи да се гневи, туку да биде тивок, добар и човекољубив кон сите, молејќи се на Бога на сите да им подари покајување за познавање на Вистината. Во световни работи нема да се вплеткувам, освен ако е направена некоја јавна неправда, во тој случај прво ќе се посоветувам, а потоа ќе застанам во заштита на загрозените, согласно на Евангелските зборови дека треба да се покоруваме на Бога, а не на луѓето и пред се да бараме Царство небесно и Правда Божја, а за слабите праведно да се заземаме и малите браќа Христови никогаш да не ги забораваме. Грижејќи се се да правам со искрена љубов кон Бога и блиските и како конечна мерка и цел на сите мисли, зборови и дела свои ќе ја поставам славата Божја, спасението на човечките души и целата творевина Божја, изградувањето на боголики човечки личности и созидување на Богочовечкото Тело на Црквата, не барајќи она што е, туку она што е на Господ Исус Христос, Архипастир на сите нас и Врховна Глава на целата Црква Божја како смисла и возглавје на целокупното создание.
Со ова ветувам дека ништо нема да работам под принуда, без разлика дали ќе бидан приморуван од властодршци или од голем број луѓе, па макар и со смрта да ми се заканата, барајќи од мене да правам нешто што е спротивно на Боженствените заповеди и на свештените правила на Црквата Христова. Во туѓа Епархија нема да богослужам или да вршам било каква свештена работа без согласност на Епископот на дотичната Епархија. Исто така, нема да ракоположувам јереји, ни ѓакони, ниту било каков клирик од тужа Епархија, ниту ќе ги примам без отпусни грамати на нивните Епископи. Преданието на Светите Отци на Црквата е на една Литургија да се ракоположи само по еден презвитер и ѓакон, а не повеќе, и таа свештена пракса ќе ја почитувам и чувам. Монаштвото ќе го раководам по правилата и уставите на Светите отци, кои низ вековите важеле и денес важат во Православието, како во Богослужењето, така и во останатиот поредок на монашкото девствено и ангелско живеење и христоликото и маченичкоподобното подвизување.
Уште ветувам дека , кога Светиот Синод со Патријархот ( или со другите првојерарси) на чело, ме повикаат на Собор, ќе дојдам на Соборот заедно со своите браќа Епископи, без неумесно правдање или изговор. Уште повеќе, ако некои моќници или поголем број луѓе сакаат да ме спречат, должен сум да го прифатам повикот од Светиот Архиерејски Собор, зошто Соборот и соборноста на Епископите и целата Црква Божја е Светодуховен дар и установа и живее низ вековите на Апостолското – светоотечкото предание во Источната Православна Црква.
На крај, со завет искажувам пред Живиот Бог и Црквата на Неговите Светии, составена од Ангели и од луѓе, и пред Вашата апостолска Светиња: дека секогаш ќе ги паметам страшните зборови на Светото Писмо: Проклет да е секој кој немарно го твори делото Божјо! – и затоа совесно ветувам дека ќе се грижам, колку што имам човечка моќ, дека во секое дело на ова апостолско звање и слежење ќе одам како во дело Божје, со секоја побожност и благоразумна ревност со искрено христољубие и човекољубие, а Срцепознавачот Бог нека секогаш и во се ми биде сведок и праведен Судија.
Исто така искажувам пред Севидецот Бог и Вашето Богољубие дека се ова изложено во моето епископско исповедување и заветување не го сфаќам на друг начин туку како овде изговорените и своерачно потпишаните.
А во се мое од денес па натаму епископско живеење, служење, управување и делување, во Богоповерената Црква на Народот Божји, се молам на Бога, а ве молам и сите Вас да се молите: секогаш и секаде да ми биде Учител и Помошник – Началник и Совршител на верата и на секое добро дело и зборови Евангелски, Господ мој и Бог мој, Единствен Човекољубец, Милостив Спасител на сите нас и целиот род човечки, Богочовек Исус Христос, заедно со Вишиот Отец и Светиот Дух нека е слава, чест и поклонение, вечна љубов наша и благодарност бесмртна, сега и секогаш и во векови.
Амин.
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо.
И во едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, од Отца роден пред сите векови, Светлина од СВетлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку Кого се стана;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото и се воплоти од Духот Свети и Марија Дева и стана човек;
И Кој е распнат за нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребен;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И кој се вознесе на небото и седи од десно на Отца;
И која пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите и на Неговото Царство нема да има крај.
И во Духот Свети, Господ, Животворец, Кој од Отецот исходи, Кој заедно со Отецот и Синот му се поклонуваме и славиме и Кој говорел преку пророците.
Во една, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштевање за отпуштање на гревововите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век,
Амин.
ПООПШИРНО ИСПОВЕДУВАЊЕ НА ВЕРАТА
Верувам во Едниот Бог во три лица неделиво разделен: Отец и Син и Светиот Дух; разделив по Лични својства, неразделив по суштина. Еден и ист е сецелата Троица и еден и ист е сецелата Единица; Единица по суштина и природа и облик, а Троицата по Лични својства и Измени; зопто се нарекува: еден Отец, а еден Син, а еден Свет Дух.
Отецот е Нероден и Беспочетен; Нероден, зошто нема ништо постаро од Него, зошто Тој (отсекогаш) беше Бог; а беспочетен зошто ниоткаде нема битие, ниту сам од себе. Исто така верувам дек Отецот е причина за Синот и Духот: Синот со раѓање, а Светиот Дух со исходување, и во тоа не се согледува никаква разлика нити отуѓување, туку само разлика на Ипостасните својства. Зошто Отецот го раѓа Синот и го изведува Духот Свети, а Синот се раѓа од Единиот Отец, и Светиот Дух исходи од Отецот, и така почитувам едно Начело (или Почеток) и го признавам Отецот за еден Причинител на Синот и Духот.
А и Синот го нарекувам Почеток надвремен и неограничен, не како почеток на создавањето, како првосоздаден кој нив ги претходи со старешинство – да не е така! Тоа е дрдорењето на аријанската безбожност. Со овој Почеток за Синот, го исповедувам исто така и Дух Свети, бодејќи и Духот и Синот имаат истовремено и заедно битие од Отецот: еден со раѓање, а другиот со исходување, како што е веќе речено.
Исповедувам исто така дека Логосот е Божји, Совечен на Отца, Ндвремен, Безграничен, се симнал од до нашата природа и унижениот човек и се паднато зел од девствената крв на една Пренепорочна и Чиста Дева, за да од Милосрдност, на целиот свет му подаи спасение и благодат. И се случило во Христа ипостасно соединување на природата (Боженствена и човечка); не се усовршувал како дете со постепени додатоци, ниту пак дека двете природи се составиле, ниту дека прво станал човек па потоа накнадно дошол до Логос, и така настанало релативно соединување, како што тврдел јудата Несториј, ниту пак без ум и без душа, сходно на безумниот Аполинариј, НЕ. Јас го исповедувам Него – Христос – како совршен Бог и Него истиот како совршен Човек; Кој, штом стана тело истовремено тоа било тело на Бог Логос, одушевено со разум и умна душа; Кој ги зачувува сите природни својства на Своето Божество и човечност и не ги променил особините на Своето Божество или човечност по целосното соединување со Логосот. Треба да се знае дека Тој страдаше за нас како Бог, но со тело, а не дека Божеството е страдално или дека Тоа страдало со тело.
Уште исповедувам дека Тој ги зема сите наши беспрекорни страдања, кои се својствени за нашата природа, освен гревот, како што се: глад, жед, замор, солзи и слично, кои делувале во Него, но не принудно како кај нас, туку така што човечката волја ја следи Неговата Боженствена волја. Зошто Тој сакајќи ожеднува, сакајќи огладнува, сакајќи умре. Тој умре примајќи ја смртта за нас, а Неговото Божество останува нестрадално. Зошто Тој кој го зема гревот на светот не и подлегна на смртта, туку заради нас да не избави од рацете на смртта и со својата крв да не приведе кон Својот Отец. По Неговото Воскресение од мртвите, бидејќи 40 дена се појавуваше на земјата со Своите ученици, се вознесе на небесата и седна од десно на Отецот. Десната страна е Божја – таа е беспочетна и предвечна слава која Синот ја имаше пред очовечувањето и по очовечувањето ја има.
Светата Троица се Троица и по соединувањето на Единородниот, а Неговото свето тело останува неразделно и со Него останува понатаму и до век. Зошто Тој ќе дојде да им суди на живите и мртвите, на праведните и грешните, праведните че ги награди за верата и делата на доблест со Царство Небесно, заради кое овде се подвизувале, а на грешниците вечни маки и пеколен оган без крај, чие искуство сите ние да го избегнеме и ветените добра да ги добиеме, во нашиот Господ Исус Христос! Амин.

Sveto-Jevandjelje-i-život-po-Bibliji-Osnovi-socijalne-koncepcije-Ruske-pravoslavne-crkve
ПРАВИЛА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ
1. Кога ќе се разбудите во постела, пред се, спомнете Го Бога и прекрстете се.
2. Без молитвеното правило не го започнувај денот.
3. Во текот на денот, секаде, при секоја работа, моли се со куси молитви.
4. Молитвата – крилата на душата, таа ја прави душата престол Божји. Целата сила на духовниот човек е во неговата молитва.
5. За Бог да ја услиша молитвата, не е потребно да се молите со крајот на јазикот, туку со срцето.
6. Никој во твојата околина да не остане без твојот искрен поздрав.
7. Не ги отфрлај молитвите кога непријателот врз тебе фрла бесчувствителност. Кој се принудува себеси, својата сува душа на молитва, тој е повисок од оној кој се моли со солзи.
8. За Новиот Завет да го знаеш со разум и срце, потребно е постојано да се подучуваш. Она што не разбираш не го толкувај сам, туку читај ги Светите Отци.
9. Светата Вода, со жед пиј ја за освежување на душата и телото. Не заборавај да пиеш.
10. Поздравот благодарен кон Царицата Небесна: „Богородице Дево, радувај се…. “ изговарај го почесто, барем секој час. Во слободно време читај ги делата од Светите Оци и учителите на духовниот живот.
11. Во искушенија и опседнатост, читај ги псалмите и читај го молбениот канон на Пресвета Богородица: „Многим содерзим напастми….“ Таа е нашата застапничка.
12. Кога демоните ги истегнуваат своите стрели кон тебе, тогаш гревот ти се приближува, а ти пеј ги песнопенијата за време на Страсната Седмица и Светата Пасха, читај го канонот на Исус Сладчајши. (Исус Пресладок).
13.Ако не можеш да пееш или да читаш, во моментите на борба спомни го името Исусово: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот. Стој пред крстот и радувај се на својот плач.
14. За време на пост, пости, но знај дека на Бога е угодно не само телесен пост, т.е. воздржување од грев, туку и воздржување на ушите, очите, јазикот, како и воздржување на срцето од служење на страстите.
15. Човек откако ќе пристапи во духовниот живот, мора да памети дека е болен, дека умот му се наоѓа во заблуда, волјата е повеќе наклонета кон злото отколку кон доброто, и срцето кон нечистотија поради страстите во него. Затоа почетокот во духовниот живот е во стекнување на духовно здравје.
16. Духовниот живот е постојана, непрестајна борба со непријателите на спасението на душата: никогаш душевно немој да спиеш, твојот дух мора да биде секогаш буден. Секогаш повикувај Го на помош твојот Спасител.
17. Бој се од соединување со гревовни помисли кои ти надоаѓаат. Ако се согласиш на таквите помисли, веќе си направил грев за она што си помислил.
18. Запомни, за да не погинеш, дека е потребно да имаш најискрено покајување пред Бога: „Господи, прости и помогни, Светиот Твој Дух не одземај го од мене.“
19. Постојано моли: „Стравот Твој, Господи, всели го во моето срце.“ колку е блажен оној кој има постојан трепет пред Бога!
20. Целото твое срце, без остаток, предај го на Бога и ќе го почувствуваш рајот на земјата.
21. Не пребивај никогаш без работа, во празно. Црковните и празничните денови почитувај ги според заповедта Божја.
22.Твојата вера треба да се утврдува со често прибегнување кон покајанието и молитвите, како и со општење со луѓе со длабока вера.
23. Воведи помјаник каде ќе ги запишеш сите живи и упокоени, сите кои не те сакаат и кои те навредуваат и секојдневно спомнувај ги.
24. Постојано барај дела на милосрдие и сострадална љубов, без дела е невозможно да Му се угоди на Бога. Биди им сонце на сите. Милосрдноста е поголема од сите жртви.
25. Без неодложни неопходности, не оди никаде, што е можно помалку зборувај, не се смеј, и не биди љубопитен.
26. Љуби ја светата осаменост.
27. Сите навреди истрпи ги, во почетокот со молчење, потоа со себепрекорување, потоа со молитва за оние кои те навредуваат.
28. Најважно за нас е да се научиме на трпение и смирение: со смирение ќе ги победиме сите непријатели, зли духови, а со трпението страстите кои се креваат против душата и телото.
29. Не покажувај ги никому, освен на Бога, при молитва твоите солзи на умиление, ревност во спасение.
30. Православниот свештеник почитувај го како Ангел, благовесник, испратен да те израдува и да ти донесе избавување.
31. Однесувај се со луѓето толку внимателно, како со пратеници од некое големо царство и внимателно како со оган.
32. На сите простувај им се‘ и со сите сочувствувај во нивните страдања.
33. Не посветувај премногу внимание на себе, како кокошката кон јајцето, заборавајќи ги ближните.
34. Кој тука бара спокој, во тоа не може да пребива Духот Божји.
35. Здодевноста и збунетоста напаѓаат поради недостаток на молитва.
36. Секогаш и секаде повикувај го на помош својот Ангел.
37. Секогаш чувај го срдечниот плач за своите гревови и кога ги исповедуваш, за да се причестиш со светите Христови Тајни, тивко радувај се на своето ослободување.
38. Знај ги само своите непотребности и недостатоци, а за туѓите гревови внимателно чувај се да не мислиш и не расудуваш, не се погубувај себеси со осудување на другите.
39. Не верувај на било какви, дури ниту на добри желби, пред да ги одобри твојот духовник.
40. Секоја вечер исповедај ги пред Бога сите свои гревовни дела и помисли во текот на денот.
41. Пред спиење, помири се со сите со длабоки поклони.
42. Нас не зближува со Бога тагата, тешкотијата, болеста, трудот: не се жали на нив и не се плаши од нив.
43. Никој не оди на небото живеејќи среќно.
44. Што можеш почесто, со умиление на срцето, причестувај се со Светите Христови Тајни, ти само со нив живееш.
45. Никогаш не заборавај дека Он, Господ Исус Христос е близу нас, пред вратата, не заборавај дека наскоро ќе дојде судот и наградата, но во кој ден и час, никому не му е познато.
46. Памети уште и тоа што Господ подготви за оние кои Го љубат и ги извршуваат Неговите заповеди.
47. Читај ја оваа азбука, христијанину, не поретко од еднаш во неделата. Тоа ќе те крепи на твојот духовен пат.
Амин.
На Господа слава во вековите на вековите
Молитвено со вас пребивајќи,
Духовниот отец схиигумен Савва
+ 1954 година

КАКО СЕ ОСЛОВУВААТ ПРАВОСЛАВНИТЕ БОГОСЛУЖИТЕЛИ
Свештените лица се од Бога избрани луѓе и на посебен начин се посветени да служат свети богослужења, свети тајни и обреди. Најчести контакти со луѓето ги имаат епархиските свештеници кои служат во црквите и ги извршуваат неопходните верски обреди на своите верници. Овој свештеник е парох, а луѓето кои одат во црквата се неговите парохијани, бидејќи одреденото црковно подрачје во кое служи свештеникот се вика парохија.

При средба со свештеникот, него го поздравуваме со: Господ (Бог) на помош, оче, благослови! “. На свештеникот му се бакнува десната рака, без оглед на годините на свештеникот и на оној кој ја бакнува. Свештеникот при разговор се ословува: Оче, на пример: оче Марко. или ако свештеникот е прота, тогаш со оче прото.

Епископот се ословува со зборовите „Твое Преосвештенство“ или „Преосвештен Владико“ или ако тоа е неформален разговор само со „Преосвештен”. На Патријархот му се обраќаме со “Твоја Светост” или “Свјатејши Владико” или само “Свјатејши“”.

Монахињите се ословуваа само со “сестра”, а игуманијата со “Мајка”. Од женското монаштвото не се бара благослов и не се бакнува рака.

Монашките лица, исто така, се ословуваат со “оче”. На младите луѓе може да се каже “Оче” и неговото име, а на игуменот на манастирот може да се каже, “Оче Игумене,” или “Оче Архимандрите”. На искушениците им се обраќаме со “брат”.
МВПЦСВЈК администрација
GRBNACRKVATA

This entry was posted in Мвпцсвјк. Bookmark the permalink.

Comments are closed.