УТРИНСКА МОЛИТВА НА СВЕТИ ФИЛАРЕТ, МИТРОПОЛИТ МОСКОВСКИ

filaret_536x640
Господи, дај ми мирно да примам се она што ќе ми донесе денешниов ден, во потполност да се предадам на Твојата света волја. Упатувај ме и помогни ми во секој момент во текот на овој ден. Управувај со моите мисли и чувства во сите мои дела и зборови. Не допушти во непредвидените случаи да заборавам дека се доаѓа од Тебе. Научи ме правилно да се однесувам кон своите родители и својот ближен и никого да не разгневам и ожалостам. Господи, дај ми снага да го поднесам заморот од денешниов ден, и се што ќе се случи во текот на денот. Управувај со мојата волја, и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам, да трпам, да простувам и сакам. Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, таму каде е омраза, да сеам љубов, таму каде се навреди,простување, каде е неслога, слога, каде е очајание, надеж, каде е мрак, светлина, каде е жалост, радост. О, Божествен Учителу, немој никогаш мене да ме утешуваат, туку јас другите да ги утешувам, немој мене да ме разбираат, туку јас другите да ги разбирам, не мене да ме љубат, туку јас другите да ги љубам. Зошто кога простуваме, тогаш нам ни се проштева, кога даваме, тогаш добиваме, а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен. Душе Свети, биди ми на помош, денешниов ден да му го посветам на својот Господ и Спасител. Господи, Исусе Христе, Сине Божји, подобро е да не живеам, отколку да живеам без Тебе и против Тебе. Ти благодарам Боже, што ми го подари овој ден, и за секое добро што ќе ми помогнеш да го направам денеска. Спаси ме, Милостив Боже, од желба за лагоден живот и удостој ме во секој момент да бидам спремен да, заради Тебе и ближниот, се одречам од себе си, зошто за таа служба и си ми дал живот. Помогни ми да отфлам од себе се што не е Твое, а што е Твое да примам во длабока вера, надеж и љубов. Дај ми храброст постојано да Ти служам: да ја ставам правдата над користољубието, да го ставам остварувањето на корисните дела над минливите задоволства, да ги ставам другите над себе, и да ја исполнам Твојата заповед на љубовта. Направи светлината на Твојата Убавина, Добрина и Љубов да засветлат во мојата душа. Амин
МВПЦ превод сестра Слободанка

This entry was posted in Молитвеник. Bookmark the permalink.

Comments are closed.