ЛУЃЕ НА ЉУБОВТА

siluan-2
Тоа се оние кои се формираат себеси да ги сакаат сите луѓе а над се да го сакаат Бог. Што се е потребно да се направи луѓето да станат луѓе на љубовта? На секој почеток се разбира е крштевањето!
-Сам Господ Исус Христос рекол дека некрстен човек не може да влезе во Царството Божје. Господ вели, кој не се крсти, односно кој не се роди повторно со вода и Дух не може во Царството Небесно. Крштевањето е Света Тајна а оној кој се крштева секојпат се крштева во име на Отецот и Синот и Светиот Дух. И не само што ќе се крсти и ќе стане крстен човек, има тука уште поголема награда, а тоа да човекот станува наследник на Царството Небесно, благородник, тоа е благородништво и тоа Божје. Со крштевањето човекот влегува во редот на избраните, во царското свештенство.
Затоа крштевањето не е мала работа, би требало за тоа повеќе да се зборува да би луѓето знаеле дека благословената сила се наоѓа тука, покрај нас, да вика стално, да на никого не му е скратена, да никојпат не е доцна, едиствено е доцна кога човек ќе се претстави пред Господ, кога ќе се упокои, тогаш веќе нема можност да се крсти. Јас препорачувам и особено Православната црква го благословува крштевањето штом се роди детето. Особено затоа да би го вовеле во редот на крстени луѓе и уште нешто, ако праведно размислуваме и учиме како Светата Црква не учи тогаш крштевањето е влегување во Црква, а црквата е брод кој не тоне.
Црквата е бродот на нашето спасение. Значи ако сме во таа Црква, видовме во Стариот Завет, луѓето што беа на тој брод не пострадаа .Исто така е и денес, крстените луѓе влегуваат во Црквата на спасението, не во која било Црква. Значи, Светата Тајна на Крштевањето би требало да биде неминовна за секој човек на земјината топка, затоа што Бог тоа го сакал, Он тоа го рекол, Бог тоа го посакал, не јас, нити било каква друга партија, организација, наука, туку Бог тоа го повикува.
ШТО СЕ СЛУЧУВА НА СВЕТАТА ТАЈНА НА КРШТЕВАЊЕТО
-На Светата Тајна на Крштевењето најважен момент е што човекот се крсти во име на Отецот и Синот и Светиот Дух. Он се крштева, не во име на било што, туку во име на љубовта на Бог. Печатот на дарот на Светиот Дух свештеникот го става на новокрстениот човек и на основа на Амин од кумот тоа се уважува и останува како благодат од Светиот Дух. Во исто време сме го крстиле и запечатиле со Дарот на Светиот Дух и тој печат кој се става тогаш на крстениот човек никој никогаш повеќе не може да го скрши до Страшниот Суд, до праведниот Суд Божји. Печатот на Дарот на Светиот Дух е победа, истиот момент кога човекот се крштева стекнал победа по Божјиот багодет и тој веќе не е оној обичен човек каков што беше пред малку. Се преобратил со душата и свеста му се пребразила, го почувствувал благословениот дар Божји, благословениот дар на кршевањето, како кога на некој сиромав би му подариле огромен имот и би го назначиле за свој наследник, тој секако би се изненадил пријатно, добива а не се трудел многу, од послушност кон вас тој доби наследство. А овде не некој, овдека точно се знае, овде се дава Царство Небесно на крстениот човек и тоа не по некоја заслуга. Православните на заслугата многу не и придаваат важност, повеќе зборуваат за Божјиот благослов. Се што имаме е бојиот благослов, благослов за џабе даден. А тоа се добива со Светата Тајна на Крштевањето. После тоа човекот добива многу други Свети Тајни, како што се да речеме, во иднина благослов на свештенство, благослов на брак, благослов на исповед, благослов на причест. Причеста е многу голема сила Божја и милост Божја, каде што се добива Тело и Крв Христова. А кога човек ќе го добие тоа тој станува Христов човек, војник кој се бори со сатаната, со гревот, со адот. Христијаните се луѓе со благороден дух, тоа се луѓе кои војуваат со поднебесните сили, со паднатите духови, како што Апостол Павле вели:„Облечете се со Божјото оружје, да можете да се одржите против лукавството на ѓаволот. Зошто не војуваме против крв и тело, туку против властите, и власта, господарите на темнината на овој свет, против духовите на злобата во поднебесијата.„(Eф.6,11-12). Значи, ние војуваме со нечистите души и тоа секојдневно. И на самата Света Тајна на Крштевањет ние се тепаме, плукаме на него, го газиме со нозе. Значи, без Светата Тајна на Крштевањето ние православните не би можеле ништо да постигнеме по благослов, туку само онака нешто отприлика како луѓе некрстени кои се борат а никојпат не се сигурни дали нивната борба ќе има вечен смисол. Како што во Стариот Завет пронаоѓаме луѓе кои живеат многу долго, па тогаш се прашуваат, дали е можно тие толку да живееле, постануваат празни да не речам без смисла, без длабока смисла, површен смисол, временски постои, но не и длабоко. Православните луѓе влегуваат со Светата Тајна на Крштевањето во вечност и тогаш полесно ги разбираат верувањето на луѓето кои зборуваат во вистинската постојаност на сегашноста, е тоа е благослов и дар на Светиот Дух кој, нас луѓето не прави по милоста Божја големи луѓе, големи затоа што се молиме на Бог за спасение на човечкиот род а се бориме со злобните духови на поднебесието. Христос пострада на крстот не на земјата, ниту на небото, напротив помеѓу небото и земјата, висеше на крст, затоа што во воздух, во тој простор живее сатаната и неговите слуги, Он удри на нив, не малку, не удри малку во ѓаволот, Он удри на космичкиот ѕвер и коските и ги скрши смртно, го скрши со чесниот крст, со страданието на крстот, ја сотре смрта. Он пострада, да умре на крстот, ама ја победи смрта. Затоа се вели:“Христос воскресна од мртвите, со смрта смрта ја победи, и на сите во гробовите живот им подари“. Значи, не само буквално во гроб оној кој е во земја долу, се е тоа умртвено и победата дојде. Затоа Апостол Павле вели: “Каде ти е, смрт, жалоста? Каде ти е, пекол, победата?(1.Кор.15,55). Апостолот веке ја почувствува Христовата победа како своја победа. Така е со Православните, сите ние сме на некој начин помалку, со мали букви напишано, апостоли.“
Што е целта на христијанскиот живот? Свети Серафим Саровски, да речеме не потсетува да цел на секој христијанин е придобивање на Светиот Дух!
-Добро, рекол Свети Серафим Саровски, придобивање на Светиот Дух, тоа значи придобивање на Небесното Царство. Светиот Бог е сегде и се исполнува, тој е ризница на добра, подарувач на живот, ние велиме: “Дојди, всели се во нас!“ Христијанското крштевање е влез во таа благодат, каде царува Светиот Дух. Убаво Владиката Николај одговори на прашање на католиците, како ние немаме папа, тој вели, имаме папа, како вие тоа не го знаете, наш папа е Светиот Дух. Не оној видлив папа, архиепископ на Рим, човек кој може да умре, да се смени, не, ние имаме вечно жив Бог кој ја води нашата Црква, Он е глава на нашата Црква, благословена сила која не држи. Значи, ние Православните учиме да главата на Црквата е Господ Исус Христос, а Светиот Дух е тој кој го оживува секој член на Црквата. Затоа му ставаме печат на Светата Тајна на Крштевањето.
“И по молитвата свештеникот го помазува крстениот со Свето Миро, правејќи знак на крст: на чело, на очите, на ноздрвите, на устата,на двете уши, на градите, на рацете и нозете, говорејки: Печат, дар на Светиот Дух амин.“(Мал требник, Призрен1994).
Значи, тој кој влегува во Црква има свој водач, свој папа, а тоа е СветиотДух. И Никола е во право кога му кажува на тој католик дека имаме папа, само што не може да го избира соборот во Цариград, концил, тој е вечен, тој е таа сила која ја одржува Црквата и тука е таа соборност силна баш благодарејки на благословот на Светиот Дух. Црквата е исполнета со заедница од луѓе и ангели. Од таму доаѓа зборот Христов:“А јас ти кажувам дека ти си Петар, и на тој камен ќе ја соѕидам својата Црква, вратата на пеколот нема да ја совладаат.“ (Мт.16,18) Значи, се вели, ни вратата адска нема да и одолее, не пак луѓето, ни сатаната, затоа што овде се споени во Црквата ангели и луѓе а глава на таа Црква е Господ Исус Христос а благословена сила која ја одржува тоа е Светиот Дух. Дали се сеќавате на времето на комунизмот и револуцијата кога се зборуваше, Црквата е готова, направена е револуција и Црквата повеќе ја нема. Комунистите ги прогонуваа верниците и Црквата, но тие ги прогонуваа оние што можеа да ги стигнат, оние што не се ни криеа, но Црквата невидлива е голема, огромна, тоа не може да се свати. Па и денес, можеме да гледаме некои промени на европскиот човек, имавме само католичка традиција, па и протестантска, и тие почнаа некако лабаво тоа да го гледаат, не може тоа така, па вие бевте светлост на светот. Не може да се дозволи така да се падне морално, како на пример,гледам таму некаде во Европа, во една куќа живее куче, човекот го нема, тоа е многу опасен сигнал за Европа, на жалост, имав прилика да видам и во куќите на Балканот, дури и кај нас Србите, кучето во куќата царува, какво куче, куќата има домаќин, жена, деца, жива сила, а не кучиња и електронски секретарки и тогаш велиме дека нешто сме успеале. Несме, напротив, сме тргнале против себеси. Нема да ја критикувам ни Европа, ни Србија, затоа што и Србија е дел од Европа, а Бог сите нас не сака. Подсетувам дека имаме молитва, пост, бдение, тоа се нашите средства за напредување и да Бог го сочува и го охрабри европскиот човек да раѓа, да ги гледа
своите синови по дома, да слуша песма а не лаење на куче. Тука е и големата улога на нас Православните, сите несомнено гледаат на Православната Црква што ќе направи во овија времиња. Што добива човекот со Светата Тајна на Крштевањето? Добива победа баш над овие искушенија за кои зборувавме, да не се случи да еден човек, православен, крстен во име на Отецот Синот и Светиот Дух дозволи неговата куќа да биде празна, а има жена, има прекрасна перспектива, комплетен е, здрав, има се и се задоволил со тоа да има куче и слуша лавеж наместо детска смеа и играње. Па тоа не смее да се случи, затоа треба да се пости и да се моли на Бог дење и ноќе. Постот е духовно крило со кое се лета во небо, затоа Господ и рекол:“А оваа пречка да не се одстрани сем со молитва и пост.“(Мт.17,21)
Некои велат дека постот би требало временски да се намали, да се олесни, да се промени, дека не одговара на духот на времето.
-Не се упатени тие кои го кажуваат тоа, не знаат, целиот свет гледа сега на Православието, и од секојпат гледал како на единствен сигурен стожер на духовноста која од небо е откриена религија, не е тоа обична религија, тоа е надрелигија и има свое правило на однесување, како се работи и како се спасува со Црква. Во Православната традиција сочувано е учењето до ден денешен, без обзир на некои мали разидувања во административен смисол, некои ситни распраави, тоа ништо не сменило во православното учење и тука не треба ништо да се менува.
Ако е Православието стожер на духовноста, зошто е во малцинство?
-Вие сте приметиле често пати каде Господ вели:“Не се плаши, мало стадо , зошто би вољата на Отецот ваш да ви го даде Царството.“(Лк.12,зач.67,37). Нема потреба за голем број, се сеќавате кога вели:“Друга приказна им кажа:Царството небесно е како квасец кој ќе го земе женатаи ќе го стави во три корита додека не нарасне.“(Мт.13,33).
Значи, жена е благословен дар на Црквата на земјата, брашното е како благослов, значи да се множи Црквата, би рекле дека нема многу православни во овој свет кога би броеле ако тоа некој би можел да го изброи. Но, ра дечеме дека можеме, тогаш мораме да ја собереме таа Црква, да направиме соборност од почеток, од првите векови, па би ги имале знаеш ли кои бројки, не би можело никако да се напише, тоа не е мала Црква. Црквата и понатаму расне, оди, зошто нејзината глава не е така мала да би ние можеле да ја опфатиме со некои свои броеви и броење. А Господ баш и на оваа наша радозналост одговори, не се плаши мало стадо, ја сум со тебе. Господ е со нас, зарем е тоа малку, Господ може да ја спаси целата вселена. Тоа е најубаво кажано од устата Господ Исус Христос, а знаел дека ќе не има некои што ќе се плашат зошто не нема милијарда или две, не е тоа среќа. Тој имал само дванаесет Апостоли па и од нив дванаесет, сетете се, на Голготата останаа само двајца, неговата мајка Пресвета Богородица и Свети Јован Богослов и Он на Крстот и тие тројца беа жива Црква, непобедива. А денес нас не има повеќе од тројца. Нема страв поради бројноста, затоа Тој не опоменува да не се плашиме како мало стадо туку да гледаме да не грешиме, тоа е многу важно, да не се препуштаме на гревот, да не станеме мрзливи, да не паднеме во униније, во млитавост, него да се однесуваме по законите на Црквата, како што подучувал Христос. А тоа што некој предлага намалување на постот и слично, таквите предлози не можеме да ги прифатиме, не може да се менуваат црковните правила, кој и да предлагал некакви промени тоа го почувтвувал по неколку стотини години дека направил грешка. Е сега, таа грешка која и да е не може да ја исправи никој. Ако Црквата воспоставила пост во среда и петок, ако имаме велигденски, петровденски, богородичен, божиќен пост тогаш тоа важи и за мене и за другите, не може да биде, ти сега Стефане држи чесен пост на вода и зејтин, а ја може и месо, он тамо може и јајца. Тука се јавува таа раздвоеност црковна како што рековме помеѓу Цариград и Рим, па двајца епископи не можеа да се сложат околу многу прашања. Мора понекогаш да биде и раздвоеност, ама во коренот нема раздвоеност, тоа е Евангелие.

Човекот се крстел, вежбал разни особини ама тоа не доволо за да биде добар христијанин.
-Не е малку да се вежба во разни особини, особини има многу, да речеме, особина на милост може многу да помогне, па особина за мир, па блажените кои плачат поради своите гревови ќе бидат помилувани, блажени кротки тие имаат послушнос кон Црквата и тоа е особина, блажени миротворци се се тоа особини кои се набројуваат во блаженството; “Блажени сиромашни со духот, зошто е нивно Царството небесно; Блажени се тие кои плачат, зошто ќе се утешат; Блажени кротки, зошто ке ја наследат земјата; Блажени гладни и жедни за правда, зошто ќе се наситат; Блажени милостиви, зошто ќе бидат помилувани; Блажени со чисто срце, зошто ќе го видат Бог; Блажени миротвотци, зошто ќе се наречат синови Божји; Блажени прогонети поради правда, зошто е нивно Царството небесно; Блажени сте кога ве прогонуваат и ве срамотат и лажејки зборуваат против вас секакви грди зборови, поради мене.“(Мт.5,3-11). Ако сака крстен човек да се вежба во добрини и со тие добрини дојде пред Бог тоа не малку, тоа е доволно, тоа може да биде спасоносно и да настане блажен живот, можеби не потполно во Царството Небесно, но тоа може на човекот да му помогне да се здобие со помилување Божјо. Али да вие би ја почувствувате благодета на живот во христа тогаш овие добрини се предходница, тие се како некоја ориентација и потпора. Ако се каже, блажени милостиви ќе бидат помилувани а кога ќе се добие од Бог помилување значи опростено е. Може многу да се постигне со добрина, ако би дал Бог да православни христијанин биде добар до крај тогаш и благодета Божја ќе биде со нас.
Некого Господ го обдарил со многу особини а некого не, како може човек да знае која особина да ја негува како би напредувал во духовниот живот, што да прави а што не. Има луѓе кои по природа се мирни а има и такви кои не се….
-Карактерите кај луѓето се променливи, има некој кој има многу лош карактер али не значи дека не може да се промени, има луѓе кои го менуваат карактерот на добро,но има некои кои го менуваат на лошо. Гледано во духовен смисол малку е важен карактерот, тоа е лична, вродена работа, значи може да се диде подобар, човекот може да се менува. Некој е со добри особини и останува таков, а некој се менува. Да речеме, знаеме дека човекот имал добар карактер, позитивен, исправен, но го променил со некое свое лошо однесување, да речеме со алкохолизам, со цигари, со разбојништво, со насилие, со неморал и така натаму, тогаш ние како православни христијани а посебно Црквата го вика и прашува, што се случи со твојот карактер, тоа не е твојот карактер, беше многу добар човек. Значи карактерит се менуваат. Во човек не може да се изгради карактер голем и возвишен без благодети на Светиот Дух, без Црквата, без духовникот. Значи да би се изградел прав карактер во човекот, свештен карактер кој го има во себе Бог, не може по друг пат освен по оној кој го востановила Црквата, значи со исповед и причестување. Кога поединецот ке се поправи себеси, ќе им помогне и на многу други околу себе. Човекот треба да има таков карактер да никого не заведува. Подигнете го нивото на својот карактер. Свети Серафим Саровски говорел, ако себеси се смирите пред Бог и се смирите како Бог заповеда, вие сте спасиле многу луѓе и ако се појавите како мирен човек тогаш луѓето ќе сакаат да влезат во тој мир и спротивно, луѓето ќе бегаат од човек немирен и со лош карактер. Бог ни дал благословена сила а тоа е првенствено покајувањето, исповеддувањето, причестувањето и ете го спасоносниот мир како што ни покажа и Господ Исус Христос. Во Господ е совршен мир и ако ние се причестуваме и ако Тој се вселува во нашата душа и срце, Тој е духовна храна која ја менува нашата свест, совест и постануваме подобри луѓе и како такви можеме да очекуваме да се спасиме себеси и некој покрај нас, пред нас и позади нас.“
ДАР НА ПОКАЈУВАЊЕТО
Покајувањето е главен поим на христијанството. Од каде да тргне човек, може ли да рече јас погрешив, ке се покајам, и што тогаш?
-Покајувањето е длабок поим а не рационален, во некоја рака мора да се влезе во суштина на душата и срцето а тоа е чувство-јас су грешен! Сваќање на одгрешеноста единствен е лек, затоа што за спсение потребно е покајување. Значи, ако сакаме да се спасиме од гревот кој е прародителски, генетски, некако постои во луѓето, иако е тој со Светата Тајна на Крсењето исчистен, али пак сме грешеле, паѓавме во грев, неминовно е човек да греши. Да би во избегнале тоа Бог ни дал дар покајување а тоа покајување мора секојпат да се изврши така што да има некој помеѓу тебе и Бог, секојпат се вели грешен сум пред Бога, грешен сум поради грев, ама како, мора некој да посредува. Тоа Црквата добро го одработила, го ставила духовникот, значи ствила човек кој стои помеѓу тебе и Бог. Да речеме, грешен сум порди лажење, поради крадење,поради превара, оговарање, одземање, псуење, насилство, а ти како сведок, како свештеник имаш благослов Божји да стоиш над таквите проштевања, значи потврдувам пред Бога, да си ти тој кој се покајува а јас ја имам таа власт од Бог дарувана од тоа да те ослободам. Бог им рекол на Апостолите:“Навистина ви велам:Што и да врзете на земјата ќе биде врзано на небото, што и да разрешите на земјата ќе биде разрешено на небото.“(Мт.18(Зач.76),18). Тој благослов даден на апостолите пренесен е и на свештениците преку епископот. Зато ние секојпат велиме да ли знаеш некој добар духовник, искусен, постар а под тоа подразбираме да ако е постар е искусен, би отишол до кај него за нешто да се исповедам. Зошто не одиш кај помлад? Кај човек се јавува основан сомнеж, дали оној помладиот воопшто ќе може да издржи кога јас ќе почнам да ги раскажувам моите гревови, кога ќе види каков грешник и бедник сум, ајде да одам кај оној постариот кој многу повеќе чул и видел, па на него нема да му биде чудно, тој сигурно ќе размислува подобро. Значи, да би го совладале гревот за нас нема друго решение дадено осим покајувањето.

Денес можеби поимот грев е затемнет,знаеме дека свештениците и монасите често не потсетуваат да на исовеста не зборуваме за други туку за себе.
-Тоа се случува, често им зборувам на луѓето, напишете го гревот, кажувате туѓи гревови и маки кои вам ви ги нанеле други, ама тоа не е твој грев, грев е ако ти си му нанел некому навреда и грев, не е грев ако некој тебе те натепел на пазар, значи негов е, твој е ако ти некого си истепал, опљачкал, навредил пред луѓе,си го испцул, а може би и натепал. Голем проблем е непознавање, луѓето обично мислат дека во својата исповед треба да кажат да речеме, дека комшијата го навредил а не разбираат дека тоа е грев на комшијата а не нивни грев, и ти нема што да кажуваш што направил комшијата затоа што Бог тоа го гледа. А не сака да каже, кога тој го навредил комшијата, го навредил со својот однос или збор, го изнервирал, туку кажува како тој настрадал. Значи, не ја разбира исповедта како можност Бог да ни ги прости гревовите,него како право да го оптужам некого пред Бога.Тоа е како да дојдам во вашиот дом и ви раскажувам да речеме, како сум настрадал од соседот и никојпат нема да му простам, значи сакаме освета.
Како да ги препознаеме сопствените гревови и да се бориме против нив?
-Видете вака, секој грев го препнува човекот, дали умствено, дали физички, да земеме една проста работа која е секојдневно присутна, некој ќе рече ќе испијам една, две чаши, не е тоа страшно, ако се испијат две, третата ќе дојде на ред, па потоа како што се вели четвртата и петата на никого не му пречи, тоа се пеело. И што потоа¬? Значи мое мислење едека секој грев треба да се сопре, или да му се даде една граница до каде може да оди и ни милиметар нема попуштање, ако ја поминеме таа граница одма треба да се исповедаме и на свештеникот да му кажеме дека сме ја прекршиле сопствената заповед, а никој тоа не ни го наредил. Важно е Бог да ја види твојата ревност, дека се обидуваш, а не што ми е гајле! Пијанството е порок кој предизвикува несреќни моменти и последици. Пијаницата е жив ама е мртов, има име дека е жив но мртов е. А да не зборуваме сега за развратното однесување каде луѓет го рушат својот углед и угледот на фамилијата и на крај најстрашна работа, ќе уништат се, блиските, богатството што го стекнале, и угледот пред луѓето. Или, тоа често се случува, некој е интересен, и се насмејал на некоја жена и таа на него, и не се сопреле тука и доаѓа до таква катастрофа да тој не знае како да се извлече од тоа, постанува роб на самиот себеси а бил газда, бил господин а станал ништо. Ама луѓе, јас гарантирам 95 посто од падот на моралот, и физичкиот, и материјалниот во луѓето се руши угледот поради грев. Гревот предизвикува секаква несреќа над човекот, и болест, болестите се појавуваат, тоа скоро професор Јеротиќ го рече овде, секоја болест, секоја болка е од психолошка природа, тука се сложувам со него. Што значи, не може на друг начин да настане,тоа мора човекот да го свати, здрав човек, горделив, фин, убав ќе влезе во Едемската градина и сите му се покоруваа, беше прекрасен, сличен на Бог, тогаш кога почна да граба дојде во ситуација без малку да се плаши на секој шум покрај него. Замисли го кралот кој владее со вселената се плаши од шум, гревот предизвикува слабост, страв, невидена беда, гревот е лоша работа, тој доаѓа до страната на негативната сила, од сатаната, тој го тера човекот да греши бидејки и самиот падна поради грев, поради непочитување на Божјите заповеди, тој пчнал пополека да се гордее и изубил осет за својата висина. Нормално, стигнал до состојба на алчност, незадоволен е, и затоа тој така вика на луѓето и ги напаѓа и дење и ноќе, го поматува човечкиот ум. Некој вели, немем мир, некој вели лоши мисли ме мачат, некој вели не знае што му се случува,некој не може да спие, Се е тоа поради гревот, а сатаната гревот го сервирал како предлог и човекот го прифатил, а не морал да го прифати и да греши, каде пишува дека јас ноќеска морав да одам во коцкарница и да се коцкам и да го прокоцкам имотот, таман работа. Сето тоа сатаната го предложил, а јас го прифатив, значи он ја нема таа власт над тебе ако ти не прифатиш.
Денес често се мешаат сваќањата за тоа што значи да бидеш материјално успешен, не се води сметка за гревовите кои се прават за да се постигне тоа.
-Денешниот човек смета дека е успешен ако на било кој начин дојде до средства, до некаква положба, и воопшто не се грижи на кој начин ќе дојде до тоа. Така било и порано но ми се чини не толку нагласено како денес. Денешниот човек е во некоја чудна состојба, живее како ништо да не може да му се случи. Во прав смисол, со таа кражба и грабање со кое тој станува успешен дали преку парите, со станови, со ствари, го прават истовремено и роб на тоа, тој му робува на тоа, јас верувам несвесно. Украл, а вели успеал. Тоа не е успех. Но се случува да проработи совеста, и човекот да свати дека не може да биде задоволен ако грабнал некој стан, ги донесол својата жена и деца тука да живејат а прдходниот станар нема каде. Не може да биде успешен ако влезе во нечии стан, нечија куќа, ако грабне туѓо. Нити сум платил, нити одговарам, а по некој закон кој постои ви правната држава не може така брзо да се збогати и да биде успешен. Таков човек не може да се смета за успешен. Се сеќавам порано имало случаи луѓето да земат туѓо и да речат јас успеав. Тоа не е успех, тоа е користољубие и не е добро ни за морална ни за физичка состојба бидејки тој тоа не го заработил, не се борел, тоа не го заслужил. Мене ми е многу тешко да земан некој подарок од некој човек, не можам да земам од човекот кога ни малку не сум се потрудил. Ако подарокот оди во корист на нешто, во корист на братството тогаш може да оди преку мене, но не за мене лично, незнам дали тоа сум го заслужил, како кога работите во некоја хуманитарна организација или им помагате на другите да добијат некои работи и им ги испраќате, но тоа вие не сте го добиле, тоа не е ваше, сосема е природно да оди преку некого. А ако човекот земе за себе и рече успеав, ма не успеал туку дошол во пеколна состојба, завојувал со Божјат сила. За џабе зборуваш дека си упеал, ништо не си успеал, ти си завојувал со Бог и не можеш таа битка да ја добиеш. Исто така и во државата, некои луѓе лажат па земаат од државната каса, тоа народот штедел, тоа се народни пари. Кога постои државна каса па не се смее тоа човече Божји да се зема, тоа се остава, тоа народот го оставил. Не можеш ти со тоа да располагаш како сакаш и да го земаш за себе.
Значи, кога човек ќе погреши, тие грешки треба на исповед да ги каже, да се сети на се, некои велат дека треба да се набројати и грешките од детството…
-Тоа е такво свештено правило за спасение, значи и најмал грев не треба да остане скриен, во човекот ако има можност да се исповеда. Тоа така го пишува во свештените книги ако човек сака да се растерети зошто гревот е растурачка сила на ѓаволот. Многу лиѓе мислат, ако сум сега да кажеме во чесен пост, несакајќи сум изел нешто со зејтин, или сум се напил малку јогурт на брзина, е сега вели, многу згрешив. Не, од тоа не треба да се плашите, тоа се надминува како кога одите даречеме по пат и заобиколите некоја пречка и продолжувате понатаму каде ште пошле, не сте го напуштиле правецот по кој одите. Така е и ова, било тоа некоја замка на ѓаволот, вие не сте ја прифатиле и тој пукнал, тој не успеал, али тоа не значи да не му кажеме на духовниот отец, не затоа што свештеникот тоа ќе го реши на некој начин, не, туку Бог ќе го види вашето искрено противење на предлогот на ѓаволот. Невозможно е на толку храна во продавниците и пзарите во ова наше време, толку има од се да моравме ли да земеме баш од тоа што нетреба. Но погрешно да не сватите, не го сметам тоа за некоја катастрофа зошто тоа е само јадење, али да не би ѓаволот сега се радувал над нас како успеал да не наговори да јадеме мрсни пити и пиеме млеко, ние ќе му ставиме до знаење дека не го прифаќаме тоа, зошто ние сме на некој начин маченици зошто неговиот предлог не го прифаќаме, се бориме со тоа. Старецот Јулијан, блаженопочинат студенички старешина,тоа го спомнувал често, тој зборувал ако предлогот на ѓаволот не го прифатиме тогаш тоа на нас ни се пишува како мачеништво и на Страшниот суд тој ќе биде казнет и суден поради тие негови предлози… те јадете…те пијте…те коцкајте се…те живејте развратно, тоа се се негови предлози али ние не ги прифативмеи одиме кон Христос како маченици, зошто се што предложи тој не е прифатено, тоа е војна, тоа е сукоб.
Е сега, се враќаме на приказната за крштевањето, ние на Светата Тајна на Крштевањето му објавивме војна на ѓаволот, немојте да мислите дека он сега ќе заспие, ем го исплукавме, ем го згазивме со нозете, тој спрема страшни замки баш за крстените луѓе. И тоа такви предлози има, такви соништа и чувства да на човек му е страв и да помисли, но тоа се случува како предлог. Вие немојте да го прифатите и победници сте. Треба да им се каже на луѓето да не се плашат, најважно е да не ги прифаќаат предлозите. Има можност да победиме, да бидеме победници на гревот, тоа е голем придонес на човечката душа и човечката свест, зошто ѓаволската сила не е ништо друго туку уништувачка сила. Вашата смиреност на него не му одговара, еднаш ѓаволот му рекол на Свети Антонио Велики, Антонијо ти постиш а јас не јадам ништо, ти малку ќе одспиеш а јас баш ни малку, ти малку го знаеш Светото Писмо а јас го знам напамето од првата до последната буква бев таму кога се пишуваше, но што ми вреди кога јас немам мир, а ти имаш мир и тоа мене ми смета. Тоа е значи еден од проблемите помеѓу ѓаволот и човекот, човекот е во предност, но на жалост човекот понекојпат мисли дека тој сам на себе си е доволен и тука е трагедијата. Владиката Данило блаженоупокоен вели, луѓето кои ги сакаат луѓето околу себе тоа се Божји луѓе, луѓето кои се сакаат само себеси се ѓаволски луѓе. На ѓаволот му причинува задоволство себичноста,ексцентричноста, јас па јас, и тоа моето јас станува идол на кое јас му се поклонувам и ако некој ме повреди ете ти караница и гужва.
БОГ НАС НЕ ЧЕКА
-Човекот ќе се покрсти и заборава да дојде во Црква а не па да се причести. Христијаните Бог ги чека со најголемо трпение, чека и повикува, Тој има посебни методи со кои ги повикува луѓето, некого го повикува низ страдање, некого низ болест, некого го вика низ сиромаштија, некого низ безработица, некого низ брачните проблеми, стотина начини има Бог за да го повика човекот, само ти треба да се јавиш и Тој ќе ти помогне. Ама напротив, човештвото е во некоја своја горделивост, замисленост, дека он сам на себе си е доволен не сака да се јави, ако имам пари јас одам на лекар тој да ме лечи, ако е некој проблем дома ќе го решам сам, ќе се разведам со жената, тоа се глупости ѓаволски кој ги сее во човековата свест. Ако Господ вика, дојди ти кој си крстен во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, причести се,соедини се со другото лице на Света Тројца, значи, со Богочовекот Христос а тоа значи со Бог, со Отецот и Синот и Светиот Дух во помош со Божјиот благослов да бидеш. Нормално е луѓето да бидат од десна страна на славата Божја, таму каде што е Света Богородица и сите Свети угодници Божји. А човекот не сака зошто мисли дека е доволно тоа што го направил, се покрстил и потоа заминал во светот и во зависност од животните околности животот го турка лево, десно, и заборава на Црквата, има луѓе верувале или не кои велат да последните пет, или повеќе години воопшто не биле во Црква. Е, на таквите ние можеме како Православна Црква да им помогнеме, за да не паднат во очај зошто толку време не биле во Црква, да дојдат и на својот свештеник на парохијата му кажат, а ако не можат да соберат сила за тоа, да отидат во манастир кај духовникот, старец, и да му кажат, денеска се враќам од мојата далечна пустелија, со моето шетање каде што се уништив, но не сум целосно пропаднат, и еве ме пред Бога, а ти како старец сослушај ме што се сум правел за тие неколку години, како што вели оној блуден син:“Ќе станам и ке отидам кај својот татко, па ќе му кажам:Татко, му згрешив на небото и тебе. И повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син, земи ме како еден од твоите наемници.“(Лк.15,17-18). Е, така би можеле со тие луѓето ние да зборуваме и да им кажеме, немој човеку да очајуваш зошто не се знае каде е твојот крај. Секој грев е одалечување од Бог, бегањето од Бог е опасно за душата и совеста, затоа врати се, покај се и кажи, Господи помилувај ме и ете го спасението. Значи да се вратат луѓето кон Црквата ,да не чекаат да дојде не дај Боже некоја болест, некоја несреќа во семејството, да направи навреме за корист на својата диша“.
КОЛКУ ПАТИ ДА СЕ ПРИЧЕСТВУВАМЕ
-Различни се мислењата и кај духовниците, обично Црквата ги вика сите луѓе на причест и се вели, со страв Божји и вера пристапете. Од царските двери епископот или свештеникот или ѓаконот повикуваат и вие пристапувате по своја совест на Светата тајна на причест, а не по некоја заслуга, а не по некое доствоинство. Верувале или не ако поштено гледаме нити сме заслужиле нити сме достојни, ако сакаме искрено да кажеме, значи одме по своја совест надевајки се на Божјиот благослов. Вака учеа некои Свети Отци, ако свештеникот рекол со страв и вера пристапете, тоа сам Господ го рекол, значи свештеникот кој го држи путирот во раце, тука е како една послушна личност. Господ вика! Вие како православни треба да се јавите, исто како во војска кој што служел, кога генералот ќе рече дојди вамо, неможе да се каже нејќам. Исто така , кога Господ вика, со страв и вера пристапете, вие кои сте верни, кои сте крстени пристапете, ве велам заради вас не заради себе. Тогаш мораме да одговориме на тоа. Ако сме во црква на служба редовно, ако ги почитуваме црковните закони за пост и исповед, брачна чистота, ние тогаш можеме да се причестуваме непрекидно, како што и правиме. Значи на луѓето треба да им оставиме на нивната совест во согласност со духовникот, свештеникот и луѓето околу тоа да не се збунуваат многу, туку да одат со вера, со страв Божји, достоинствено и тука нема никаква заслуга. А што има? Благослов Божји, благо дарувано,значи пријди сега. Е, кога пристапува на Светата Тајна на причеста човекот мора да се ослободи од тие предрасуди, како може ова вака, како може ова така. Значи, Бог рекол на тајната вечера:“И кога јадеа, го зема Исус лебот и благословувајќиго го скрши, и им даде на учениците и рече:Земете, јадите;ова е моето тело. И зема чаша ја благослови и им ја даде зборувајки:Пијте од неа сите.Зошто ова е мојата крв на Новиот завет која се пролева за, многу, поради опростување на гревовите.“(Мт.26,26-28). Никого Тој не праша ни Павле, ни Јован, ни Јаков, ни било кој друг од апостолите, дали вие тоа сте го заслужиле, дали сте постеле, на Бог се молевте, туку едноставно рекол, земете јадете ова е моето тело и пијте од оваа чаша. Видете една работа, овде големата тајна остана недоречена, што се случило со Јуда. Јуда мислел дека не е за таа причест, како што и денес му се случува на некој човек, вели, несум јас за тоа, морам да почекам. Човече, тебе ти кажа оној кој се знае и се може ама ти даде слободен избор и ти во тој слободен избор несакаш да земеш, вели Павле Евдокимов во книгата “Луда љубав Божја“, сепак Јуда го грабна лебот и виното од трпезата и избега, значи он побегнал. Мораме да водиме сметка да не се двоумиме, кога сме биле во Црква и биле на Света Литургија да се присоединиме со Бог. Но ако не сме се спремиле за причесна, ние сме спремни да го слушнеме Евангелието и тоа е причестување, ако сме се спремиле да ја слушнеме беседата на свештеникот и тоа е причестување со Бог, па сме се спремиле да го слушнеме пеењето во слава на Бог и тоа е причестување, значи не сме отишле празни и не сме дошле за џабе. Но сепак би било добро да знаат луѓето да не се двоумат околу тоа и не се убедуваат, нека одат во Црква да бидат луѓе Божји, кои го љубат Бога, кои сакаат се што Христос сака, тоа е победа над гревот, над смрта, над ѓаволот. Во една прилика прота Милорад Голијан архиерејски намесник за Сремска Митровица, рекол во беседа, земајте причест, благослов Божји, да Христос влезе во вас и ги истера нечесните сили, нема кој друг. Против таа деструктивна сила која делува на човечкит ум, на мислите, на желбите, нејзе може да ја истера само оној кој е појак од тебе а тоа е Господ Исус Христос, оној кој за нас пострада на Голготата, беше распнат, погребан, воскресна и се вознесе на небото и седна од десна страна и кој повторно ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите.
Сеуште има од оние кои не сакаат да се причестат затоа што причестувањето се прави со едно лажиче, а има и такви кои не разбираат па велат, не сакаме да јадеме месо и пиеме крв, тоа е грозно.
-На тие луѓе треба да им се каже вака, ние не јадеме буквално тело и крв на било кого, ние земаме тело и крв Христова али во вид на леб и вино, тоа е многу важен момент, да не е сега тоа буквално, месо, крв туку леб и вино. Зошто ни го дал Бог тоа? Затоа што ни дава можност православниот човек да верува, а не туку така,туку да поверува дека тоа тело е Христово, човекот мора да поверува. Ние јадеме леб и вино, тоа благословот на Светиот Дух го претвора во тело Христово и крв и затоа на нас ни останува верата. Православната Црква мистично, верувајќи пристапува кон она што е. А лажичката со која се причестуваат на стотина луѓе, не се јавил ниеден човек да се пожали дека има инфекција на уста или слично, тоа е доказ дека благословот на Светиот Дух се симнал на даровите кои сме ги принеле, леб и вино, и ги претворил во тело и крв али материјата останала оригинална, лебот останал леб и виното останало вино, да земеме на пример лек, човекот ќе земе полна чаша вода и ќе стави витамин С и понатаму водата е вода, сега таблетката од нејзе направила лек. Така е и со причестувањето, нема сомнеж дека е тоа телото и крвта Христова, но не како ние сакаме туку како што Бог заповедал, тоа е благослов Божја.
Кажете ни нешто и за молитвата,како да најдеме права мерка, каде и кои молитви да се читаат?
-Видете како апостол Павле рекол:“Бдејте и молете се да не паднет во несреќа;зошто духот е силен, али телото е слабо.“(Мт.26,41). После тоа Светите Отци тоа добро го проучиле и дошле до заклучок дека се работи за Исусовата молитва:„Господе Исусе Христе Сине Божји, со молитвите на Богородица, помилувај ме грешниот!“ Па со тек на време се намалила и останало само:“Господе Исусе Христе помилувај ме грешниот!“ И до ден денешен се изговара со бројаници кои скоро секој ги има на рака. Тоа е правило кое е непрестано и тоа правило би можел секој христијанин да го прифати, нормално спрема својата совест, какво и да се чувствува расположение на душата таа молитва може да се користи. Значи, и при одење, и при работа, и при седење, дури и во некое друштво каде што има голема бука и галама, под еден услов, да никојпат тоа не биде претерано до таа мерка да човекот почне да се колеба дали рекол дваесет молитви или триесет, туку нека одмори, па пак. Тоа би била симболично непрекидна молитва, значи, секојпат предизвик да човекот секојпат стои во врска со Бог, а никојпат фанатично да речеме, стои на улица и продавница да го гледаат луѓето, како што правеле фарисеите. Господ вели:“ Кога, значи, даваш милостиња, не се фали, како што правеле лицемерните во синагогата и по улиците за луѓето да ги фалат. Навистина ви велам:Јa примиле платата своја“(Мт.6,2). Со оваа кратка Исусова молитва се искажува нашата немоќ и семоќта Божја и тоа во неколку збора. Тоа е молитва која би можела да трае непрекинато и таа обично се зема за правило по благослов на својот духовен отец од проста причина да тоа биде одобрено од Бог, да пак не би било некое наше самоволие, вообразеност, па еве јас сум кажал 300 пати денес, јас 500, а човек кој има благослов молчи,дали кажал еднаш или сто пати зависи од неговите способности, од околностите во кои живее. Тоа би било за молитвата која е наједноставна. А сега доаѓаат оние наши заеднички молитви, фамилијарни, да кажеме, во време на чесниот пост сите заедно, стопанот на домот, жената, децата, внуците, млади и стари се молат заедно и прават метании пред Бог, тоа го велиме благослов Божји. Е, сега доаѓа Светата Литургија, најважна, најглавна, најсвета молитва каде сме во саборност со свештените отци, со епископот, свештеникот, ѓаконот и народот Божји, и тоа е Црква, и оној кој може да дојде а не дојде прави грев по зборовите на апостолот кој вели:“Тој, значи, кој знае добро да прави а не прави, тоа му е грев.“(Јако.4,17). Особено во недела верникот треба да појде во Црква тоа е завршница на еден седмичен круг, тука бил и страшниот петок во мало, и сабота, и воскресение пак во мало, треба да се заблагодариме на Бог, на Тој кој ни ги даде тие шест дена да преживееме без проблем. Затоа е Црквата во право кога ги напишала правилата а неделното богослужење е како круна, крунисување на дневниот живот и благодарност на Бог. Тука потоа доаѓа и светата тајна на исповедувањето, причестувањето, соединување со Бог. Ако ни се случи да не можеме тој благодет да го искористиме оваа недела, па да не ја пропуштамеследната или кога е празник, па и во работен ден некојпат да појдеме во
Црква. Тоа би значело дека сме стално во молитва, е, такви луѓе имаат од своите духовни отци да се причестуваат секоја служба затоа што ја пратат црквата во чекор, во стопа, ја пратат секоја служба и така луѓето се изградуваат дека ги сакаат сите луѓе околу себе а над се го сакаат Бог, таквите луѓе се викаат луѓе на љубовта, тие ја имаат божјата љубов во себе. Апостол Павле во химна на љубова и представници на Коринќаните вели:“И ако имам дарба на пророштвото и ги знам сите тајни и се знам, и ако ја имам сета вера да преместувам и горе, а немам љубов, несум ништо.“(1.Кор.13,2). А да не би биле ништавило ние сме во заедницата на светите, а освен тоа, сакаме, тоа е љубовта која победува, и тогаш нас нема да не плаши еден сосед кој е од друга вера или народност. Така ќе го исполниме Божјиот закон.

ЗА ЗАДОВОЛСТВОТО, СОВЕСТА, МЛАДИТЕ, ЗА АБОРТУСОТ
Младите денес како да го избегнуваат бракот, а за абортусот често се зборува не како за убиство.
-За абортусот треба често да се зборува како тоа би дошло до свеста на луѓето дека тоа е злочин. Ако се зачнало дете во мајчината утроба, тоа е благослов Божји, тогаш за тоа дете нема никој право, под ова небо да направи што сака со тој плод. Јас ви гарантирам дека нема прево ни мама, ни тато, иако луѓето велат дека имаат право со плодот што сакаат да прават. Знаете зошто го нема тоа право? Затоа што има слобода на избор жената избрала слободно да се состане со тој маж и да раѓа деца, и сега ја погазува дадената слобода од Бога, таа и тој се ставаат во служба на џелат да го убијат тоа, кое што од кој знае кои причини не им одговара. Одговорноста е иста и за момчето и за девојката. Ако детето се зачнало немаат право да го одстранат плодот од утробата зошто прават злочин без разлика како тоа се случило. Ако е не дај Боже силувана, тогаш нека го роди детето и нека слободно каже ова дете е насилно создадено во мене а јас го родив, да ви кажам дека сум јас мајка на тоа дете и маченички го родив, и честа е поголема одколку да го убие тоа дете.
ДЕНЕС МНОГУ СЕ ЗБОРУВА ЗА ЗАДОВОЛСТВОТО
-Мислам дека задоволството едноставно е непромислен чекор кој е равен на злочин. Какво ми е тоа задоволство ако после дваесет дена го заколам тоа задоволство, какво задоволство е тоа, тоа е џелатска работа, не смееме да зборуваме дека е задоволство, задоволство е да се живее и да се сака својата девојка од далеку како и до близу, е , тоа е свето задоволство. А ова е корист, значи тој не е со таа девојка затоа што му е мила и драга туку од проста причина да тој се задоволи себеси и таа себеси а после го згазиле тоа, уништиле, тоа било корист, а користа често се поклопува со злочин. Друга работа е искрена љубов а друго љубов од корист, ако користа не се поклопува со мојата корист, со моето задоволство јас тоа ќе го уништам. Затоа се случува да дури и венчани дечко и девојка се разведат затоа што не се земале од љубов туку од корист, да се сетиме што вели апостол Павле:“И иако имам дар од пророштвото и ги знам сите тајни и се знам, и ако ја имам сета верба да и горе преместувам, а немам љубов, ништо сум.“(1.Кор.13,2). Тоа е чиста вистина,тоа е така. Зошто, еве тоа момче кој ја имал девојката имал и знаење, и мудрост, и итрина, и верба дека тој нејзе ќе ја добие а и таа исто така него, ама немале љубов. И што направиле, го убиле она што го направиле. Против тоа сме и апелираме на секое момче и девојка, ако решиле да се состанат, нека тоа биде во смисла на раѓање, а ако не можат да склопат брак, да создадат заедница, нека истрпат малку да не би зачнувале дете во утробата на девојката и после да го убиваат, тоа е злочин кој вика на небото. И нема тој дечки и таа девојка, ова слободно можете да го објавите, да имаат среќа и иднина во понатамошниот живот, и кога ќе раѓаат деца тие деца ќе бараат одговор од родителит зошто е убиен затоа што тоа е нивни брат. Да не си играме, никој нема право тоа да го одобри и во најцрните моменти деца се раѓале, е, сега треба да се води сметка за образот и достоинството. Не е убаво да се чуе да една девојка родила дете, но е погрдо и полошо и поголема брука да таа девојка ивршила убиство на детето.
Се случува и тоа поради брука и срамота и мајките советуваат абортус.
-Во прашање е незнаење, тотално непознавање ни на божјите ни на човечките закони, тоа е едноставно една замрачена состојба, на оваа цивилизација, овој момент, моментот во кој живееме има еден страшено голем проблем со совеста кога мајка одобрува таков злочин. Ако мајката тоа го прави, тоа значи дека е тотално замрачена, пореметен ум и трба да се испита дали знае што зборува, таа пред се, не гледа дека нејзиното дете, девојка, е во опасност зошто може да ја снема, да умре во тек на абортусот, се случува, не често, ама се случува да дојде до катастрофа. Никој не зборува за последиците од слободата, нема одговорност за она што се прави, слободата се профанисала. Апостол Павле велел:“Се ми е слободно, ама се не користи; се ми е слободно, ама се не изградува.“(1.Кор.10(Зач.146)23). Значи, кога не е се од интерес, треба да се испита што не е од корист и да не се прави тоа што не користи, да речеме ако детето денеска во основно училиште користи алкохол, дрога, родителите треба да реагираат и професорот ако примети треба да им каже на родителите, да здружено се контролира однесувањето на децата, така треба да биде ако сме ја сочувале совеста во себе и својата иднина. Не можеме да речеме дека ние сме иднината, сме поминале веќе одреден број на години и ги оставиеле позади себе, значи мојата иднина е веќе во вечноста, а овде децата се во времето, и ако би воделе малку сметка за децата би имале поголеми резултати а не да велиме, се му е слободно. Решиле мајката и таткото или и двајцата, затоа што имаат само едно дете да несмее нему ништо да му фали, велат кога јас како мал патев несмее моето дете да пати и што сака нека прави, се му е дозволено и на крај го губите детето, не буквално, него во скршнување кон наркоманија, алкохол, на крај и во разврат. А ние не реагираме и не зборуваме колку е сето тоа страшно, одвратно, мора родителите да водат грижа и училиштето заедно, согласно, зошто сакаме да го спасиме, да му помогнеме на детето да порасне. Зошто ако не го слушал учителот во основно училиште, па нема ни професорот на факултет, тогаш ќе го изгубиме човекот, ќе се изгуби во раскалашаниот живот така да после ќе плаче и ќе прашува има ли негде лек, а можевме да го спасиме детето. Има еден пример, предавачите, педагозите ги викнале родителите за да им кажат дека нивните деца многу се невоспитани, не учат доволно, викаат на наставниците,се опиваат,земаат таму некои таблети, па би било неопходно и добро заеднички да се погрижат за да се спасат децата. Замислете сега, родителите одговориле, тоа не е ваша грижа, немојте некој детето да ми го закача, навредува, нека прави што сака. Околу децата треба строго да се води сметка да го поминат тој дел од школувањето да не се запуштат, тоа е како нива која ќе се запушти ако не се ора на време па после маките се троструки сато тоа да се обработи.
Денеска Оче, има прилично голем број на млади кои не можат да имаат деца.
-Тоа добро го кажавте да надошол некој бран преку целиот Балкан, но никој не ја проучува причината за тоа нераѓање. Упропастени се генерации на луѓе, на децата и младите не им се зборувало, прости, моли се на Бог, почитувај го постариот, немало внимавај сине како се однесуваш, утре е недела одиме во црква, прекутре во болница да ги посетиме болните, затворените, да поделиме малку милостиња на некој сиромашен човек, туку сето тоа го заборавивме, пеевме, “Док је Тите биќе пите“! А сега се прашуваме што ни е ова со цела генерација. Мораме да го преиспитаме коренот, затоа е тука исповеста, да видиме како сме се однесувале, дали ги почитувавме родителите, учителите, професорите, зошто непослушноста е казна. Затоа имаме доста на изглед квалитетни луѓе, здрави а немаат деца, што е тоа, е тука е проблемот, проблемот е внатре. Се се сваќа како прошетка низ животот, се оди така како само да се оди, нема чувство да состанувањето со жена е соработка со Бог, под број еден е раѓањето да би можел да има смисла бракот помеѓу двајца млади а кога имаме деца ќе имаме и внучиња, а кога имаме внуче тогаш сме го исполниле својот живот и тогаш завршницата на животот е мирна, тивко минува, знаете дека сте го исполниле законот Божји и човечки. Затоа јас би им препорачал на луѓето кои немаат деца, да не се грижат многу туку да му се вратат на Бог, да кажат Господе ти единствен можеш, Ти го даруваше Аврам, Ти светиот Захарија го обдари и во покасни години кога и сама Јелисавета се смеела сметајки невозможно да може да роди во тие години, кој тоа може, може оној кој може, може Господ. Така да младите ја почувствуваат благодатната сила и одма ќе има резултати. Бог го оживува во утробата семето човечко, формира дете. На Бог да му се обратиме и од длабочина на својата душа да повикаме, Господе подари ми деца, јас Те сакам Тебе, тоа е моја желба и на мојата жена. Али, прво треба да се крсти, да се венча, да го моли Бог и се ќе дојде.
Нека Господ Бог Благослови
Преведено сестра Слободанка

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.