МОМЕНТ НА ПАЛЕСТИНСКАТА ВИСТИНА

DSC_0256
Збор на вера, надеж и љубов од срцето на страдањата во Палестина
Вовед

Ние, група на палестински христијани, после молитва, и размена на мислења гласно извикуваме од нашите страдања што се секојдневие во нашата земја која е под израелска окупација, со извик на надеж, исполнет со молитви и верба во Бога во Божја промисла за секој жител на ова земја. Инспирирани од тајната на љубовта Божја кон сите луѓе, тајната на Божјото присуство во историјата на сите народи, а особено во историјата на нашата земја, ние го прогласуваме нашиот збор, врз основа на христијанска вера и чуство на припаѓање на палестинската земја, како збор на вера, надеж и љубов.
Зошто сега? Бидејќи денес дојдовме во ќорсокак во трагедијата на палестинскиот народ. Оние кои ги донесуваат одлуките се задоволуваат само со управување на кризата отколку да се посветат на изнаоѓање на начин како да се реси кризата. Срцата на оние кои веруваат се исполнети со болка и со прашањето: Што право меѓународната заедница? Што прават политичките лидери во Палестина, Израел и арапскиот свет? Што прави Црквата? Проблемот не е само политички. Тоа е политика каде се уништуваат луѓе и ова мора да ја засега Црквата.
Ние се обраќаме до наштите браќа и сестри, членовите на нашите цркви во оваа земја. Како Христијани и Палестинци ги повикуваме нашите религиозни и политички лидери, нашето палестинско општество и израелското општество, меѓународната заедница, нашите браќа и сестри Христијани во црквите во целиот свет.
3051525418
ОВА Е ТУНЕЛОТ НА СЛОБОДАТА НИЗ КОЈ СЕ ДОАЃА И ИЗЛЕВА ОД ПАЛЕСТИНА
1. Реалноста на терен
1.1 Тие велат: “Мир, мир, каде нема мир” (Ер. 6-14). Денес сите зборуваат за мир и мировниот процесс на Блискиот Исток. До сега тоа се само зборови; реалноста е израелска окупација на палестинската територија, лишување од нашата слобода и сето тоа е резултат од сегашната ситуација.
1.1.1 Се подигна ѕид на одвојување на палестинската територија, а поголем дел беше конфискуван за ова цел, и како резултат нашите градови и села се претворија во затвори., одвоени еден од друг, дисперзирани и поделени во кантони. Појасот Газа, особено по суровата војна што Израел ја започна во декември 2008 и јануари 2009, продолжува да живее во нечовечки услови под постојана блокада и одвоеност од другите палестински територии.
1.1.2 Израелските населби ја уништуваат нашата земја во името на Бога ив о името на силата, контролирајќи ги нашите природни ресурси, како вода и земјоделско земјиште од кои се лишени илјадници Палестинци и претставува пречка за било какво политичко решение.
1.1.3 Во реалноста ние сме понижувани на воените контролни пунктови секогаш кога одиме на работа, училиште или болница.
1.1.4 Во реалноста постои одвојување членови од исто семејство, со што семејниот живот е сосема невозможен за илјадници Палестинци особено кога еден од брачните другари нема израелска лична карта.
1.1.5 Религиозната слобода е целосно ограничена, а пристапот до светите места е забранет под изговор заради сигурност. Ерусалим и неговите свети места се надвор од границите за многу Христијани и Муслимани од Западниот Брег и Појасот Газа. Дури и самите ерусалемци се соочуваат со рестрикции за време на религиозните празници. На некои од нашите арапски свештеници постојано им е забрането да влезат во Ерусалим.
1.1.6. Бегалците се исто така дел од нашата реалност. Повеќето од нив сеуште живеат во кампови под тешки околности. Тие чекаат да добијат право да се вратат во својата земја со генерации. Што ќе се случи со нив?
1.1.7 А затворениците? Илјадниците затвореници кои чмаат во израелски затвори се дел од нашата реалност. Израелците поместуваат небо и земја за да ослободат свој затвореник, а оние илјадници палестински затвореници, кога тие ќе ја добијат својата слобода?
1.1.8 Ерусалим е срцето на нашата реалност. Тој е во исто време симбол на мир и знак на конфликт. Додека секоја палестинска населба е одвоена со ѕид, Ерусалим и понатаму се испразнува од палестинските граѓани, Христијани и Муслимани. Нивните лични карти се конфискувани, што значи загуба на правото да зивеат во Ерусалим. Нивните домови се уништени или одземени. Ерусалим, градот на поморување, стана град на дискриминација и исклучување, извор на борба, а не на мир.
1.2. Исто така дел од оваа реалност израелското занемарување на меѓународниот закон и меѓународните резолуции, како и парализирање на арапскиот свет и меѓународната заедница. Човековите права се прекршен ии покрај бројните извештаи од страна на локални и меѓународни организации за човекови права, неправдата и понатаму продолжува.
1.2.1 Палестинците кои се во израелската држава, кои исто така претрпеле историска неправда, иако се државјани и ги имаат правата и обврските како државјани, сеуште се соочуваат со дискриминаторска политика. Тие исто така чекаат да уживаат целосни права и ееднаквост како и сите други државјани во оваа држава.
1.3 Емиграцијата е уште еден елемент вон ашата реалност. Отсуството на било каква визија и зрак на надеж за мир и слобода ги тераат младите луѓе, Христијани и Муслимани, да емигрираат. На таков начин земјата е лишена од најважниот и најбогатиот ресурс-образовани млади луѓе. Намалувањето на бројот на Христијани, особено во Палестина, е еден од најопасните последици од конфликтот, од парализирањето на локалните и меѓународните фактори и неуспехот да се најде заедничко решение за проблемот.
1.4 Во лицето на оваа реалност, Израел ги оправдува своите дејства како самоодбрана, вклучувајќи ги окупацијата, колективното казнување и останатите форми на репресалии против Палестинците. Според наше мислење, оваа визија ја отсликува реалноста. Да, има палеситнски отпор на окупацијата. Кога не би имало окупација би немало отпор, страв и несигурност, никаква закана, туку безбедност, правда и мир.
1.5 Палестинската реакција на оваа реалност беше различна. Некои одговорија со преговори: тоа беше официјалната позиција на Палестинската власт, но таа не направи напредок во мировниот процес. Некои политички партии го прифатија начинот на вооружен отпор. Израел го искористи ова како изговор да ги обвини Палестинците дека се терористи и можеше лажно да ја прикаже вистинската природа на конфликтот прикажувајќи ја како војна на Израел против тероризмот отколку како окупација на Израел врз Палестина и соочување со легален отпор чија цел е да стави крај на окупацијата.
1.5.1 Трагедијата се влоши со внатрешниот конфликт меѓу самите Палестинци и со одделувањето на појасот Газа од останатиот дел на палестинската територија. Важно е да се напомене дека иако има поделеност меѓу самите Палестинци, меѓународната заедница сноси голема одговорност за таквата ситуација бидејќи одби да се справи со неа на позитивен начин со изразување на волјата на Палестинците изразена во исходот на демократските и легални избори во 2006 година.
Повторно, ние соопштуваме дека нашиот христијански збор во средината на сето ова, во средината на нашата катастрофа, е збор на вера, надеж и лјубов.
MysticalSupper
2. Збор на вера
Веруваме во еден Бог, добар и праведен
2.1 Веруваме во еден Господ Бог, Творец на универзумот и човештвото. Веруваме во добар и праведен Бог Кој го сака секое суштество. Веруваме дека секој човечко суштество е создадено по ликот на Бога и дека секое достоинство потектува од достоинството на Севишниот. Веруваме дека ова достоинство е исто за секој од нас луѓето. Тоа важи за нас, сега, тука, во оваа земја особено. Бог не создал не да водиме војни, туку да се запознаваме и сакаме еден со друг и заедно да ја градиме оваа земја со взаемна почит.
2.1.1 Исто така веруваме во вечниот збор на Господ Бог, Неговиот Еднороден Син, нашиот Господ Исус Христос, кого Бог го испрати како Спасител на светот.
2.1.2 Веруваме во Светиот дух кој е секогаш во Црквата и целото човештво. Тоа е Дух кој ни помага да го разбереме Светото Писмо, Стариот и Новиот Завет, покажувајќи ни го нивното единство тука и сега. Светиот Дух го овозможува откровењето на Бога пред човештвото во минатото, сегашноста и иднината.
Како ние го разбираме Божјиот збор?
2.2 Веруваме дека Господ Бог му прозборел на човештвото тука во нашата земја: “Бог, кој од стари времиња многупати и на многу начини им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот Кого го постави за наследник на се и преку Кого ги создаде и вековите” (Ев. 1:1-2)
2.2.1 Ние, Палестинците Христијани, веруваме, како и сите Христијани во целиот свет дека Господ Исус Христос дојде да го исполни Законот и пророците. Тој е алфа и омега, почеток и крај, и со Неговата светлина и под водство на Светиот Дух, ние го читаме Светото Писмо. Ние размислуваме и го кажуваме Светото Писмо онака како што Исус Христос направи со двајцата апостолиц кои се наогале на патот за Емаус. Како што е напишано во Евангелието според Лука:” И кога почна од Мојсеја и од сите пророци им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо” (Лк. 24:27)
2.2.2 Нашиот Господ Исус Христос дојде најавувајќи ни дека Божјото Царство се наближува. Тој предизвика револуција во животот и верата на целото човештво. Тој дојде со “нова наука” (Мк. 1:27), фрлајќи нова светлина на стариот Завет на теми кои се однесуваат на нашата христијанска вера и нашиот секојдневен живот, теми како ветувања, избори, Божји луѓе и земја. Веруваме дека Божјиот збор е жив збор, фрлајќи светлина врз секој период од историјата покажувајќи им на Христијаните дека Господ Бог ни зборува тука и сега. Поради ова неприфатливо е да се трансформира Божјиот збор во камени писма кои ја изопачуваат љубовта на Бога и Неговата промисла во животот на народите и поединците. Ова е токму грешката во фундаменталистичкото интерпретирање на Библијата кое ни носи смрт и уништување кога Божјиот збор е скаменет и пренесен од генерација до генерација како смртно писмо. Ова смртно писмо се користи како оружје вон ашата сегашна историја за да не лиши од правата во нашата сопствена земја.
Нашата земја има универзална мисија
2.3 Веруваме дека нашата земја има универзална мисија. Во оваа универзалност значењето на ветувањата, на земјата, на изборите, на луѓето на Господа, го вклучува целото човештво, почнувајќи со сите народи на оваа земја. Во учењето на Светото Писмо, ветувањето на земја никогаш не било политичка програма, туку предуслов за да се исполни универзалното спасение. Тоа беше вовед за исполнување на Божјото Царство на земјата.
2.3.1 Господ Бог ги испрати патријарсите, пророците и апостолате во оваа земја за тие да можат да ја пртодолжат универзалната мисија во светот. Денес, во оваа земја, има три религии: Јудеизам, Христијанство и Ислам. НаШата земја е Божја земја како што е случајот и со сите земји во светот. Таа е света доколку Господ е присутен во неа бидејќи самиот Господ е свет и осветува. Ние кои живееме тука должност ни е да ја почитуваме Божјата воља за оваа земја. Наша должност е да ја ослободиме од злото на неправдата и војната. Таа е земја на Господа и затоа мора да биде земја на помирување, мир и љубов. Ова навистина е можно. Господ не стави тука како два народи и ни ја даде способноста, ако имаме желба, да живееме заедно и во неа да воспоставиме правда и мир и со тоад а ја направиме навистина Божја земја: “ Господова е земјата и се што е вон еа, светот и сите кои живеат вон его” (Пс. 24:1)
2.3.2 Нашата сегашност во оваа земја, како христијански и муслимански Палестинци, не е случајна туку длабоко вкоренета во историјата и географијата на оваа земја, и слика на поврзаноста на било кој друг народ со земјата во која живее. Беше неправедно кога бевме отфрлени. Западот бараше да се измени она што го истрпеа Евреите во земјите во Европа, но тој исто така направи измени на наша сметка на наша земја. Западот се обиде да ја поправи неправдата а резулатот беше нова неправда.
2.3.3 Понатаму знаеме дека одредени теолози од Западот се обидуваат да прикачат библиско и теолошко законство на прекршувањата на нашите права. На таков начин ветувањата, како што тие ги интерпретираат, станаа опасност за нашето постоење. “Добарата вест” во Евангелието стана “предвесник на смртта” за нас. Ги повикуваме овие теолози да го продлабочат своето разбирање и пренесување на Божјиот збор ид а ги исправат своите интерпретации за да можат да видат во Божјиот збор извор на живот за сите народи.
2.3.4 Нашата поврзаност со оваа земја е природно право. Тоа не е само идеолошко и теолошко прашање. Тоа прашање на живот и смрт. Има такви кои не се согласуваат со нас, дури и не нарекуваат непријатели само затоа што изјавуваме дека сакаме да живееме како слободни луѓе во наша земја. Страдаме од окупација на нашта земја бидејќис ме Палестинци. И како Палестинци Христијани страдаме поради погрешното интерпретирање на некои теолози. Соочени со ова, наша задача е да го заштитиме Божјиот збор како извор на живот, а не смрт, така што “добрата вест” да остане таква, “благовест” за нас и за сите. Поради оние кои се закануваат на нашето постоење како христијански и муслимански Палестинци, ја обновуваме нашата вера во Господа бидејќи знаеме дека Божјиот збор неможе да биде извор на нашето уништување.
2.4 Затоа ние објавуваме дека секоја употреба на Библијата за да се легитимираат или подржат политички опции или позиции што се засновани на неправда наметната од една личност врз друга, претворувајќи ја религијата во човечка идеологија и со тоа го лишуваат светот од Бога и Неговата светост, универзалност и вистина.
2.5 Исто така изјавуваме дека окупацијата на Израел на палестинската земја е грев против Бога и човештвото бидејќи тоа ги лишува Палестинците од нивните основни човекови права подарени од Бога. Таа ја искривува сликата на Бога кај Израелците кои станаа окупатори, исто како што ја искривува сликата на Палестинците кои живеат под окупација. Соопштуваме дека било која теологија, која се чини дека е заснована на Библијата, на верата или на историјата, која ја легитимизира окупацијата, е далеку од христијанското учење, бидејќи таквата теологија повикува на насилство и света војна во имњето на Семоќниот Бог, потчинувајќи го Бога кон привремените човечки интереси и искривувајќи ја божествената слика кај луѓето кои живеат под политичка и теолошка неправда.
israel-palestine-conflict-2
НАДЕЖ ЗА СЛОБОДА Е ЕДИНСТВАЕНОТО ШТО Е ВО ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД
3. Надеж
3.1 И покрај недостигот на дури мал зрак на позитивно очекување, нашата надеж останува цврста. Сегашната ситуација не ветува било какво брзо решение или окончување на окупацијата што ни е наметната. Да, иницијативите, конференциите, посетите и преговорите се зголемија но тие не предизвикаа никаква промена на подобро во нашата ситуација и страдање. Дури и новата позиција на САД, што беше објавена од претсеателот Обама со манифест да се стави крај на оваа трагедија, неможеше да направи никаква во нашата реалоност. Јасниот одговор на Израел, одбивајќи било какво решение, не остава места за позитивни очекувања. Сепак нашата надеж останува цврста бидејќи таа е од Господа. Бидејќи Господ е добар, семоќен и полн со љубов и Неговата добрина еден ден ќе го победи злото во кое се наоѓаме. Како што вели Свети апостол Павле: “Ако Бог е за нас, кој ќе биде против нас?(…) Кој ќе не одвои од Христовата љубов?Невољата ли, или притеснувањето, или гонењето или гладот, или голотата, или гибелта, или мечот? Како што е напишано: Заради тебе не убиваат постојано, не сметаа како овци за клање. (…) Зошто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание ќе може да не оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ”. (Рим. 8: 31, 35, 36, 38, 39.)

3.Кое е значењето на надежта?
3.2 Надежта во нас, прво, е главното нешто во нашата вера во Бога и второ наше очекување и покрај се за подобро утре. Трето, таа значи дека не запаѓаме во илузии туку дека точно сфаќаме дека ослободувањето не е на дофат на нашите раце. Надежта е способност да го видиме Господ Бог во маките и да бидеме содејствувачи со Светиот Дух кој пребива во нас. Од оваа визија се развива силата да бидеме цврсти и постојани ид а делуваме за да ја промениме реалноста во која се наоѓаме. Ндежта значи непредавање на злото, туку издржување и спротивставување. Сега не гледаме ништо освен урнатини и уништување. Гледаме се поголем рацистичко одвојување и наметнување на закони кои го негираат нашето постоење и достоинство. Гледаме конфузија и поделеност меѓу палестинските претсавници. Ако, и покрај се, навистина се спротивставиме на оваа реалност денес и работиме напорно, можеби деструкцијата што се појавува на хоризонтот нема да дојде над нас.
Знаци на надеж
3.3 Црквата во нашата земја, како и лидерите, и покрај нејзината слабост и поделеност, сепак покажуваат знаци на надеж. Нашите парохиски заедници се полни со живот и повеќето од младите луѓе се активни апостолиц за правда и мир. Покрај индивидуалната посветеност, нашите разни црковни институции ја прават нашата верба активна и присутна во службата и молитвите.
3.3.1 Меѓу знаците на надеж се локалните центри на теологија, со религиозен и социјален карактер. Тие се во голем број во нашите цркви. Вселенскиот дух, иако сеуште несигурен, се покажува се повеќе на средбите на нашите различни црковни семејства.
3.3.2 Ние можеме да додадеме бројни средби за интер-религиозен дијалог, христијанско-муслимански дијалог во кои се вклучени религиозни лидери и дел од луѓето. Признаваме дека дијалогот е долг процесс и се подобрува со секојдневни напори зошто секој ден ги чуствуваме истите страдања и ги имаме истите очекувања. Постојат и дијалози меѓу трите религии Јудеизмот, Христијанството и Исламот, како и различни средби за дијалози на академско и општествено ниво. Тие сите се обидуваат да ги урнат ѕидовите наметнати од окупацијата и да се спротистават на искривената слика за луѓето во срцата на нивните браќа и сестри.
3.3.3 Еден од најважните знаци на надеж е постојаноста на генерациите, вербата во правдината на нивната кауза и непрекидноста на меморијата која не ја заборава “Накба”, катастрофата и нејзиното значење. Исто така важен е и развојот на свеста меѓу многу цркви во светот и нивната 1елба да ја дознаат вистината што се случува тука.
3.3.4 Освен тоа гледаме одлучност меѓу повеќето луѓе да ја надвладеат тагата од минатото и да бидат подготвени за помирување штом ќе се воспостави правдата. Јавната свест за потребата да се вратат политичките права на Палестинците се зголемува и гласовите на Евреите и Израел, кои се залагаат за мир и правда, исто се зголемува како подршка со одобрение на меѓународната заедница. Вистина е дека овие сили за правда и помирување сеуште не се во состојба да ја трансформираат ситуацијата од неправда во Правда, но тие имаат свои влијанија и може да го скратат времето на страдање ид а го забрзаат времето на помирување.
Мисијата на црквата
3.4 Нашата црква е црква на луѓе кои се молат и служат. Оваа молитва и служба е пророчка носејќи го гласот на Бога во сегашноста и иднината. Се што се случува во нашата земја, сите што живеат тука, сета болка и надеж, целата неправда и сите напори да се запре неправдата, се дел од молитвата на нашата црква и службата на сите нејзини институции. Му благодариме на Господа што нашата Црква го подига својот глас против неправдата и покрај фактот што некои сакаат таа да остане нема и затворена во нејзината религиозна посветеност.
3.4.1 Мисијата на црквата е пророчка, храбро, искрено и со љубов да го кажува Божјиот збор во локален контекст ив о центарот на секојдневните настани. Ако таа зазема страна, тогаш црквата ќе биде на страната на угнетуваните, да застане со нив исто како што Господ Исус Христос застана на страната на секој сиромав и грешник повикувајќи ги да се покајат и да го вратат достоинството кое им е дадено од Бога и дека никој нема право д аим го одземе.
3.4.2 Мисијата на Црквата е да го прогласи Божјото царство, царството на правдата, мирот и достоинството. Како дел од Црквата ние сме повикани да се молиме и да ид а се погрижиме нашиот глас да се слушне кога ќе го најавиме новото општество каде луѓето веруваат во своето достоинство и достоинството на своите противници.
3.4.3 Нашата Црква укажува на Царството кое неможе да биде поврзано со било кое земно царство. Исус рече пред Пилат дека навистина е цар но :” моето Царство не е од овој свет” (Јов. 18:36). Свети апостол Павле вели: “Царството Божјо не се состои од јадење и пиење, туку во правда и мир и радост во Светиот Дух” (Рим. 14:17). Затоа религијата немож да подржува неправеден политички режим, туку треба да промовира Правда, вистина и човечко достоинство. Таа мора да дае напор да ги прочисти оние режими каде луѓето живеат во неправда и се нарушува човечкото достоинство. Царството Божјо на земјата не зависи од било каква политичка ориентација, но е поголемо од било кој политички систем.
3.4.4 Исус Христос рекол: “ Царството Божјо е меѓу вас” (Лк. 17:21). Царството кое е присутно меѓу нас и е во нас е продолжение на тајната на спасението. Тоа е присуството на Бога меѓу нас ин ашето чуство за тоа присуство во се што правиме и кажуваме. Токму поради ова присуство ќе направиме се што можеме се додека се врати правдата во оваа земја.
3.4.5 Суровите околности, во кои Палестинската Црква живеела и понатаму живее, бараат Цркавата да ја разјасни својата вера и идентитет. Ние сега го знаеме подобро нашиот идентитет ис ме исполнети со љубов а не со чуство на освета, со култура на живот а не со култура на смрт. Ова е извор на надеж за нас, за Црквата и за светот.
3.5 Воскресението е извор на нашата надеж. Како што Господ Исус Христос воскресна за победа над смртта и злото, така и ние, како и секој жител на оваа земја, може да го победи злото на војната. Ние ќе останеме цврста и активна црква во земјата на Воскресението.
4. Љубов,Заповедта за љубов
4.1 Нашиот Господ Исус Христос рекол: “Како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг” (Јов. 13:34). Тој веќе ни покажал како да се љубиме и како да се однесуваме кон нашите непријатели. Тој рекол: “Сте чуле дека било речено: љуби го својот ближен и мрази го својот непријател” а Јас ви велам: љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве гонат за да бидете синови на нашиот Татко, Кој е во Небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните ин а неправедните (…) И така бидете совршени како што е совршен вашиот небесен Татко”. (Мт. 5:43-47).
Свети апостол Павле рекол:” Никому не враќајте зло за зло” (Рим. 12:17),а Свети Петар рекол: “не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку напротив благословувајте, зошто сте повикани за тоа” (1 Пет. 3:9).
Отпор
4.2. Зборот е јасен. Љубовта е заповест за нас од Господа Исуса Христа и вклучува пријатели и непријатели. Ова мора да е јасно кога ќе се најдеме себеси во околности кога мора да се спротивставиме на злото од било аков вид.
4.2.1 Љубовта е гледање на лицето на Бога во секој човек. Секој поединец е мој брат или сестра. Сепак гледањето на лицето на Бога во секоја личност незначи дека треба да се прифати злото или агресијата. Оваа љубов бара да се исправи злото ид а се запре агресијата. Неправдата врз палестинскиот народ со израелската окупација е зло на кое мора да се пружи отпор. Тоа е зло и грев на ное треба да се пружи отпор ид а се отстрани. Христијанската љубов не повикува да и се спротивставиме на окупацијата.
Одговорноста е во меѓународната заедница бидејќи меѓународниот закон регулира односи меѓу народи. Конечно одговорноста е и во извршителите на неправдата; тие мора да се ослободат од злото кое е во нив и од неправдата што им ја наметнаа на други.
4.2.2 Кога ја разгледуваме историјата на народите, гледаме многу војни и отпор на тие војни, од војна на војна, од насилство на насилство. Признаваме дека сите народи мора да изнајдат нов начин во нивните односи меѓусебе и за решавање на нивните конфликти. Начините на употреба на сила мора да се заменат со начините на употреба на правда. Ова особено важи за народите кои се воено силни и можат да ја наметнат својата неправда врз послабите.
4.2.3 Ние велиме дека нашата опција како Христијани е да се спротивставиме на израелската окупација.л Отпорот е право идолжност на еден Христијанин. Но тој отпор е исполнет со љубов, тоа е креативен отпор бидејќи треба да најде начини како да ја ангажира човечноста кај непријателот. Гледајќи го Бога во лицето на непријателот значи заземање на позиција на активен отпор за да се прекине неправдата, да се стави крај на агресијата ид а се постигне саканата цел, а тоа е враќање на земјата, слободата, достоинството и независноста.
4.2.4 Господ Исус Христос ни оставил пример кој треба да го имитираме. Ние мора да се спротивставиме на злото, но несмееме да се спротивставиме на зло со зло. Тоа е тешка заповед, но како таква може да остане цврста и покрај јасните декларации на окупационите власти кои го отфрлаат нашето постоење и имаат многу оправдувања за продолжување на окупацијата врз нас.
4.2.5 Отпорот на злото на окупацијата е интегриран во христијанската љубов која го отфрла злото и го поправа. Можеме да се спротивставиме со граѓанска непослушност. Не се спротивставуваме со смрт туку со покажување на почит кон животот. Ние потврдуваме дека секој граѓанин треба да биде подготвен да го брани својот живот, слобода и земја.
4.2.6 Палестинските граѓански организации, како и меѓународните организации, невладините и одредени религиозни институции ги повикуваат поединците, компаниите и државите да учествуваат во секој економски и комерцијален бојкот на се што е произведено во услови на окупација. Ова го сфакаме како начин на мирен отпор. Овие кампањи мора да се одржат храбро, отворено и искрено изјавувајќи дека целта не е да се одмазди туку да се стави крај на постоечкото зло. Ослободувајќи ги причинителите на злото и жртвите на неправдата. Целта е да се ослободат народите од екстремистичките позиции на различните израелски влади, за да се донесе Правда и помирување. Во овој дух и со ваква посветеност ќе го постигнеме решението на нашите проблеми, како што се случи во Јужна Африка и со многу други движења за ослободување во светот.
4.3 Преку нашата љубов ние ќе ја совладаме неправдата и ќе ги поставиме основите на ново општество за нас и за нашите противници. Го повикуваме Израел да се откаже од неправдата кон нас, да не ја извртува реалноста на окупацијата, претворајќи се дека тоа е борба против тероризмот. Корените на тероризмот се во неправдата ив о злото на окупацијата. Го повикуваме израелскиот народ да биде наш партнер во мирот а не во бесконечниот циклус на насилството.
5. Нашиот збор до нашите браќа и сестри
5.1 Денес сите се соочуваме со патека која е блокирана и иднина која ветува само несреќа. Нашиот збор кон сите наши христијански браќа и сестри е збор на надеж, трпение, цврстина и ново дејствување за подобра иднина. Нашиот збор е дека ние, како христијани носиме порака, и ќе продолжиме да ја носиме без разлика на трњата, крвта и тешкотиите. Во исто време продолжуваме да дејствуваме во согласност со Божјата Воља, спротивставувајќи се на злото и приближувајќи го денот на правдата и мирот.
5.2 Ние им велиме на нашите хриситијански браќа и сестри дека е време на покајание. Покајанието не враќа во заедница со љубов кон секој кој страда, кон затворениците, ранетите, хендикепираните, децата кои неможат да го живеат своето детство и кон сите кои ги оплакуваат своите најблиски. Заедницата со љубов му вели на секој верник, дека ако мојот брат е затвореник, тогаш и јас сум затвореник, ако неговиот дом е уништен, и мојот дом е уништен, кога мојот брат е убиен и јас сум убиен. Соочени сме со истите предизвици и го делиме се она што се случило и ќе се случи. Можеби, како поединци или како поглавари на цркви, бевме тивки тогаш кога да го подигнеме нашиот глас за да ја осудиме неправдата и да го поделиме страдањето. Ова е време на каење заради нашата немост, индиферентност, недостиг на заедништво бидејќи не ја сочувавме нашата мисија во оваа земја и ја напуштивме, или поради тоа што не размисливме и не направивме доволно за да постигнеме нова и интегрирана визија. Наместо тоа останавме поделени спротивставувајќи се на она на што сме сведоци и ослабнувајќи го нашиот збор.
5.3 Ги повикуваме христијаните да останат истрајни во ова тешко време, како што сме издржале низ вековите. Бидете трпеливи, истрајни и полни со надеж дека можете да го почувствувате срцето на секој ваш брат и сестра кои го делат ова тешко време. “Секогаш бидете подготвени за одговор на секого кој ја бара причината на надежта, која е во вас” (1 Пет. 3:15). Бидете активни, и потврдувајќи ја оваа љубов, направете било каква жртва што отпорот ја бара од вас за да се совлада нашата болка.
5.4 НаШата порака до Муслиманите е порака на љубов и заедничко живеење и повиок за отфрлање на фанатизмот и екстремизмот. Тоа е систо така порака до светот дека Муслиманите нетреба да станат стереотипи на постојани неоријатели, ниту пак да бидат прикажани во карикатури како терористи, туку како луѓе со кои треба заеднички да се живее во мир ид а учествуваат во дијалози.
5.4.2 Нашата порака до Евреите е: иако се боревме едни против други во минатото и сеуште се бориме, можеме да се љубиме ид а живееме заедно. Можеме да го организираме политичкиот живот по завршувањето на окупацијата и по спроведувањето на правдата.
5.4.3 Зборот на верата им вели на сите да се вклучат во политичката активност, човекот не е направен да мрази. Не е дозволено да се мрази и не е дозволено да се убива. Културата на љубовта е култура на прифаќање на другиот. Преку неа ние стануваме совршени, а и преку љубовта се поставува основата на општеството.
6. Нашиот збор до црквите во светот
6.1 Нашиот збор до црквите во светот прво е збор на благодарност за солидарноста што ја покажавте кон нас со збор, дело и присуство меѓу нас. Тоа е збор на благодарност за многу цркви и Христијани кои го подржуваат правото на палестинскиот народ за самоодредување. Тоа е порака на солидарност со оние Христијани и цркви кои страдале за своето застапување на законот и правдата.
Сепак, тоа е исто така повик на покајание; да се посетат фундаменталистичките теолошки позиции кои подржуваат одредени неправедни политички опции во врска со палестинскиот народ.Божјиот збор е збор на љубов кон сите Негови созданија. Господ не е сојузник на еден против друг, ниту пак противник на некого. Господ е Бог на сите и ги сака сите, барајќи Правда од сите бидејќи заповедите се за сите еднакви. Нашето прашање до сите браќа и сестри во црквите денес е: Дали можете да ни помогнете да ја вратиме нашата слобода бидејќи тоа е единствениот пат да им се помогне на двата народи да се добие првда, мир, безбедност и љубов?
6.2 Ја осудуваме секоја форма на расизам, без разлика дали е религиозна или етничка, вклучувајќи го антисемитизмот и исламофобијата ив е повикуваме да го осудите тоа ид а се спротивставите во сите манифестации. Во исто време ве повикуваме да го кажете зборот на вистината ид а ја заземете позицијата на вистината во врска со израелската окупација на палестинската земја. Како што претходно рековме, го гледаме бојкотот како алатка на ненасилство за Правда, мир и безбедност за сите.
7. Нашиот збор до меѓународната заедница
7. Нашиот збор до меѓународната заедница е да прекине со принципот на двоен стандард и инсистира на меѓународните резолуции кои се однесуваат на палестинскиот проблем. Одредени делови на меѓународниот закон се закануваат дека ќе станеме ранливи на законот на џунглата. Тој го легитимизира барањето на одредени вооружени групи и држави дека меѓународната заедница само ја разбира логиката на силата. Затоа повикуваме на почеток на систем на економски санкции и бојкот врз Израел. Ова не е одмазда туку сериозна акција за да се постигне праведен и конечен мир кој ќе стави крај на окупацијата на Израел врз Палестина и другите арапски територии и ке гарантира безбедност и мир за сите.
8 Еврејските и муслиманските религиозни лидери
8. На крај, апелираме до религиозните и духовните лидери, еврејски и муслимански, со кои го делиме истото дека секој човек е создание од Бога и дека му е дадено истото достоинство. Да се обидеме Заедно да се издигнеме над политичките позиции кои досега потфрлија и кои не водеа на патот на неуспехот и страдањето.
9 Повик до нашиот палестински народ и до Израелците
9.1 Ова е повик да се види ликот на Бога во секое Божјо суштество ид а се совладаат бариерите на страв за да се воспостави конструктивен дијалог и да не се остане во бескрајните маневри чија цел е да се задржи ситуацијата каква што е. Нашиот апел е да се постигне заедничка визија, да се изгради еднаквост и поделба. Да не се користи супериорност или агресија под изговор дека тоа се прави заради страв и безбедност. Велиме дека љубовта е возможна и меѓусебната доверба е возможна. Со тоа и мирот е возможен и дефинитивното помирување исто така е возможно.. На таков начин сите ќе добијат правда и безбедност.
9.2 Образованието е важно. Образовните програм мора да ни помогнат да ги запознаеме останатите отколку да ги гледаме преку призма на конфликт, непријателство и религиозен фанатизам. Образовните програми денес се инфицирани со ова непријателство. Време е да се започне нов образовен систем што ќе овозможи секој да го види лицето на Бога во другиот и дека сме способни да се сакаме ид а ја градиме наШата иднина заедно во љубов и безбедност.
9.3 Обидувајќи се да се направи државата религиозна, еврејска или муслиманска, гушејќи ја во тесни граници и претворувајќи ја во во држава која практикува дискриминација каде еден народ е врз друг, апелираме до Евреите и Муслиманите да ја остават државата да биде држава на сите луѓе, со визија за почит кон религијата, за еднаквост, правда слобода и почит кон плурализмот, а не на доминација на религија или мнозинство на народ.
9.4 На лидерите на Палестина им велиме дека сегашната поделба не ослабнува и предизвикува поголемо страдање. Заради доброто на народот, треба да се стави крај на поделбата. Апелираме до меѓународната заедница да ја подржи оваа унија ид а ја почитува вољата на палестинскиот народ слободно да се изразуваат.
9.5 Ерусалим е основа на нашата визија и на нашиот цел живот. Тој е град на кого Господ му дал особена важност во историјата на човештвото. Тоа е град во кој сите луѓе се упатуваат- каде ќе се сретнат во мир и пријателство во присуство на еден единствен Бог. Според видението на пророкот Исаија: “Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сте брегови. Кон неа ќе одат сите народи (…)Тој ќе им биде судија на народите, ќе им суди на многу племиња кои ќе ги прековаат мечовите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување.” (Ис. 2:2-5). Денес градот Ерусалим е населен од два народи и три религии, а тој е во ова пророчко видение. Признавањето на Ерусалим како свет град, тоа може да биде инспирација за изнаоѓање на решение на целиот проблем кој е претежно проблемот на меѓусебна доверба и способноста да се основа нова земја на оваа земја на Господа.
10 Надеж и вера во Бога
10 Во отсуство на надеж ние ја извикуваме нашата надеж. Ние веруваме во Бога, добар и праведен. Веруваме дека добрината на Бога на крај ќе триумфира врз злото на омараза и смрт кои сеуште се присутни во нашата земја. Ќе видиме “нова земја” и “нов човек” кој ќе мож да се издигне во духот на љубовта кон сите браќа и сестри.
МВПЦСВЈК администрација Ветлеем

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.