ЗА БОГ КОЈ ЉУБИ
Мили Христијани, сите Христијани велат: „Како можеме да не го сакаме Бога?“ или „Кого ќе го сакаме, ако не Бога?“ Ова е вистинита изрека: „Како можеме, а да не го сакаме Бога?“ или слично: „Кого ќе го сакаме, ако не Бога?“
Бог е врховното добро, несоздадено, беспочетно и ќе постои без промени. Како што сонцето секогаш свети, како што огнот секогаш грее, така и Бог по природа е добар. Тој и секогаш прави добро бидејќи „никој не е благ освен единиот Бог.“(Мат. 19, 17) Бог прави добро дури и кога не казнува бидејќи не казнува за да не исправи. Тој не удира за да може да не помилува, ни испраќа таги и жалости за да може да не утеши. „Зошто кого Господ го љуби него и го кара; а го бие секој син кого го прима“. (Ев. 12,6)
Како тогаш некој може да не сака толку големо Добро како што е Бог? Бог е нашиот Творец, не создаде од ништо. Не постоевме и ете живееме, се движиме, имаме битие, постоиме. Неговите семоќни раце не создадоа. Тој не создаде не како другите суштества бесчувствителни и неразумни. Тој не создаде според Својот посебен, Божествен совет, „Да создадеме човек“ (Бит. 1, 26). За другите суштества е речено: „зошто Тој заповеди и создаде се“ (Пс. 148, 5), но не е така со човекот. Речено е: Да создадеме човек.
О, Најсвет, о Најмил Совет! Триипостасниот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух, рече за човекот: „Да создадеме човек“. Каков човек? „Според Нашиот лик“, речено е: „и спред Нашата сличност“. О, чудесна добрина Божја кон човекот! Колку највозвишени почести кон човекот! Човекот е создаден од Бога по лик и сличност Божја. На кое суштество Бог дарувал таква почест? Не знаеме ниту едно. Дарувано му е на човекот и тој е почестен со ликот Божји. Колку најмило и прекрасно суштество Божје, човеку, слико Божја! Човекот ја носи во себе како царски печат.
Како што царот е почестен, така е и неговиот портрет. Како што на Бога, Царот Небесен Му припаѓа целата почест, така и на Неговата слика, човекот. Бог ја излеа оваа добрина при нашето создавање, о Христијанине. Како тогаш можеме, а да не го сакаме Бога?
Паднавме и погинавме. Не можеме доволно да тагуваме заради ова: „Човекот во честа, ако не е разумен, ќе се изедначи со стоката која ја колат“ (Пс. 49, 20). Но и тогаш Бог, Кој го љуби човечкиот род, не не заборавил, туку пронајде чудесни средства за нашето спасение. Ни го испрати Својот Единороден Син, да не спаси и собере кон Себе. „Зошто на Бога толку му омиле светот што и Синот Свој Единороден Го даде за ниеден кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен. Зошто Бог не го испрати Својот Син да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него“. (Јован 3, 16-17)
Како тогаш да не Го сакаме Бог, Кој толку не сака? Како што и сите Го нарекуваме, Тој е Љубител на човештвото, затоа и човекот мора да биде љубител на Бога. Зошто ништо не може да се даде како одговор на љубов освен љубов и благодарност.
Бог е наш Создател. Тој мисли за нас и се грижи за нас. Ни дава храна, облека и дом. Неговото сонце, месечината и ѕвездите ни даваат светлина. Неговиот оган не грее и ние ја спремаме нашата храна на неа. Неговата вода не чисти и освежува. Неговите ѕверови ни служат. Неговиот воздух не оживува и не држи во живот. Со еден збор опкружени сме со Неговиот благослов и љубов, а без нив не сме во состојба да живееме ни еден момент. Како тогаш можеме, а да не го сакаме Бога, Кој толку многу не сака? Го сакаме човекот кој прави добро; уште повеќе треба да го сакаме Бога, Кој прави добро. Се што е создадено и човекот се имот Божји. „Господова е земјата и се што е во неа, вселената и се што живее во неа“ (Пс. 24,1).
Бог е нашиот Татко. Му се молиме и говориме: „Оче наш, Кој си на Небесата…..“ Како тогаш да не го сакаме Бог Отецот? Добрите деца го сакаат својот татко. Тогаш ако сакаме да бидеме вистински Божји деца и нелицемерно да го наречеме Татко, тогаш мора и да Го сакаме како Татко.
Вистински се говори од страна на сите: „Како можеме, а да не го сакаме Бога?“ Љубовта, како и секоја друга доблест. Мора да пребива во нашето срце. А ако живее во срцето, тогаш сигурно ќе се појави и однадвор, слично на несварената храна од стомакот. Скриениот оган се издава со својата топлина, а мирисите со својата миризба. Така Давид ја покажа својата света љубов која ја чувствувал кон Бога, со своите најслатки химни кон Бога: „Те љубам Господи, Тврдино моја! Господи, Карпо моја, Крепост моја, Спасение мое, Боже мој, Карпо моја, во Кого барам прибежиште, штит мој, рог на моето спасение, Тврдино моја!“(Пс. 18, 1-2) и на многу други места. Иако љубовта може да се крие во срцето, сепак не може да биде сокриена, туку себеси се предава со своите надворешни знаци.
ЗНАЦИТЕ НА ЉУБОВТА КОН БОГА
Да погледнеме кои се знаците на љубовта кон Бога за да немаме лажен сон на љубовта наместо вистинска љубов. Во ништо човек не се лаже колку во љубовта. Знаците на оваа љубов се:
1.Самиот Бог укажува на ова велејќи:„кој ги има Моите заповеди и ги држи, тоа е оној кој има љубов кон Мене“ (Јован 14, 21). Зошто вистинскиот љубител на Бога ќе се чува од се што е одвратно на Бога и ќе брза да исполни се што е угодно на Бога. Заради тоа тој ги чува Неговите заповеди. Занчи оние Христијани кои ги занемаруваат заповедите немаат љубов кон Бога. Таквите се пакосни и им прават штета на другите на секакви начини. Тие се расипници, прељубници и сите оскревнавители. Таквите се разбојници, крадци, и сите оние кои неправедно присвојуваат имот на други. Такви се клеветниците и лукавите, лажливците, препредените, измамниците и лицемерите. Такви се бајачите и тие кои одат кај нив. Такви се оние кои прават лоши дела. Таквата љубов не го сака Законот Божји, ниту Самиот Бог. Тие се сакаат себеси и сопствените потреби, но не Бога или Неговиот свет закон.
2.Очигледен знак на љубов кон Бога е искрената радост кон Бога, зошто ние се радуваме на она што го љубиме. Слично на тоа, Божјата љубов не може да постои без радост и кога човек ќе ја почувствува слаткоста на Божјата љубов во своето срце, тој се радува во Бога. Зошто толку слатката доблест како што е љубовта не може да се чувствува без радост. Како што медот го засладува нашето грло кога ќе го пробаме, така и љубовта Божја го прави нашето срце радосно, кога пробаме и видиме дека Бог е добар (Пс. 34, 8). Таквата радост во Бога може да се види на многу места во Светото Писмо, а најмногу е претставена во Светите Псалми. Оваа радост е духовна и небесна и таа е предвкус на слаткоста на вечниот живот.
3.Вистинскиот љубител на Бога го презира светот и се што е во светот и тежнее кон Бога, неговиот најсакан. Тој не ги цени честа, славата, богатството и сите утехи на светот по кои трагаат синовите на овој свет, зошто нему единствено Бог, несоздаденото и најмилото Добро, му е доволно. Во Него тој наоѓа совршенство на честа, славата, богатството и утехата. За него Бог е бесценет бисер зарди кого се останато го смета за неважно. Таквиот не сака ништо на Небесата ниту на земјата, освен Бог. Таквата љубов е насликана во самите зборови на Псалтирот: „Кого го имам на небото освен Тебе? Кога сум со Тебе ништо не сакам на земјата. Премалени ми се и телото и срцето: Стено на моето срце и мое наследство, о Боже довека!“ (Пс. 73, 25-26) Тој ја користи храната, пијалокот, облеката и се останато само колку што е потребно, но не за сетилни задоволства. Од ова следи дека кој го сака светот, не го сака Бога. Според сведоштвата на Апостолот: „Ако некој го љуби светот, нема во него љубов кон Отецот“ (1.Јн. 2, 15).
Такви се оние кои пронаоѓаат задоволство само во гордоста и надворешниот сјај на светот, во богати домови, во богати кочии, богати трпези, во носење на скапоцена облека, да бидат славени и обожавани од сите и т.н. Таквите луѓе ја љубат: „телесната желба и желбата на очите и гордоста на животот“ (1 Јн. 2, 16), што е се одвратно пред Бога, но тие не го сакаат Бога.
4. Вистинскиот љубител на Бога секогаш Го чува во умот и Неговата љубов кон нас и Неговите добродетелства. Ова го гледаме дури и во човечката љубов зошто често се сеќаваме на оние кои ги сакаме. Така што секој кој Го сака Бога, се сеќава на Него, мисли на Него, наоѓа утеха во Него и Нему Му се радува. Зошто каде е неговото богатство, таму е и неговото срце. (Матеј 6, 21) Нему бесценето и најдраго богатство му е Бог. Спред тоа неговото срце исто така го држи неразделно од Него. Затоа тој и се сеќава на Неговото Свето Име често и со љубов. Од ова гледаме дека оние кои Го забораваат не Го сакаат, зошто заборавеноста е очигледен знак на отсуство на љубов кон Бога. Оној кој сака никогаш не може да го заборави својот љубен.
5.Оној кој љуби не сака никогаш да биде одвоен од љубениот. Многу Христијани сакаат да бидат со Господ Исус Христос кога е прославен, но не сакаат да бидат со Него во тешкотии, прекор или пак да го носат својот крст. Тие Го проколнуваат да влезат во Неговото Царство, но не сакаат да страдаат во светот и така покажуваат дека нивното срце не е право и дека тие вистински не Го сакаат Христа. А да ја кажеме вистината, тие повеќе се сакаат себеси отколку Христа. Поради оваа причина Господ говори: „И кој не го земе својот крст и не тргне по Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10, 38). Вистинскиот пријател се познава во несреќа. Нашиот вистински пријател не сака и не не заборава во несреќи. Така и вистинскиот љубител на Христа е оној кој живее со Христа во овој свет, му се прилепува во срцето и без жаќење го поднесува крстот со Него и сака да биде со Него неразделно во векот кој доаѓа. Таквиот му говори на Христа: „Мене ми е добро да бидам близу Бога“ (Пс.73, 28).
6. Знак на љубов Божја е и љубовта кон ближниот. Оној кој вистински Го сака Бога исто така го сака и својот ближен. Оној кој го сака својот љубен, го сака и она што го сака неговиот љубен. Изворот на Божјата љубов е љубов кон Бога, но љубовта Божја се познава преку љубовта кон ближниот. Оттука е очигледно дека оној кој не го сака својот ближен, не го сака ни Бога. Како што Апостолот учи: „Ако некој каже: јас го љубам Бога, а го мрази својот брат, тој е лажец зошто кој не го љуби својот брат, кого го гледа, како може да го љуби Бога, Кого не Го гледа? И оваа заповед ја имаме од Него: Кој Го љуби Бога да го љуби и својот брат“ (Јн. 4, 20-21). Ова се знаците на Божјата љубов, сокриени во човековото срце.
Драги Христијани, да се покаеме и да и завртиме грб на својата суета, да го исчистиме своето срце со покајание и скрушеност за да може Божјата љубов да почива во нас. „Бог е љубов и кој стои во љубов, тој стои во Бога и Бог стои во него“ (1.Јн. 4, 16).
ПАТОТ КОН НЕБЕСАТА-втор дел
ЗОШТО БИ ТРЕБАЛЕ ДА ГО ЉУБИМЕ БОГА?
Бог е врховно добро од Кого извира секоја добра работа и сите блаженства кои се и кои секогаш ќе бидат.
Без Бога сите блаженства се проклетства и несреќи, животот е смрт, радоста и сладоста се горчливи. Да се живее со Бога е среќа во несреќи и жалости, богатство во сиромаштија, слава во срам и утеха во жалост. Без Бога не може да има вистински спокој, мир и утеха.
Спред тоа, љубете Го Бога како ваше врховно добро и блаженство, љубете Го повеќе од секое друго суштество, повеќе од мајката и таткото, од жената и децата, повеќе од вас самите. Приближете Му се во срцето и над се, сакајте Го Него зошто Тој е вашето вечно добро и блаженство, без Кого нема ни живот, ни блаженство, ниту во овој век, ниту во векот кој доаѓа.
Секое Божје суштество е добро, но нивниот Создател е неспоредливо подобар. Љубете го, тогаш, тоа добро кое постои, без почеток, секогаш ќе постои, без промени, од Кого сите суштества се создадени добри.
СЕЌАВАЈТЕ СЕ НА ЉУБОВТА БОЖЈА
Секаде и во секој труд сеќавајте се на Господ Бог и Неговата света љубов кон вас. Се што можете да видите на Небесата и на земјата и во вашиот дом ве побудува да се сетите на Господ Бог и Неговата света љубов. Ние се развиваме во љубовта Божја. Секое Божје суштество носи сведочење за неговата љубов кон нас. Кога ќе видиш создание Божје и имаш полза од него, речи си на самиот себе:„ова е дело на рацете на Господ Бог и создадено е заради мене. Овие светлечки тела на небото, сонцето, месечината, ѕвездите, се тоа е создание на Господ Бог и тие го претставуваат цел свет и мене. Оваа земја, на која живеам, која носи плод за мене и мојата стока, и се што може да биде на неа, е создание од мојот Господ Бог. Оваа стока која ми служи е создание од мојот Господ и од Него ми е дадено да ми служи. Оваа куќа во која живеам е благослов Божји и дадена ми е од Него за одмор. Оваа храна која ја јадам е дар Божји за освежување и утеха на моето немоќно тело. Оваа облека во која сум облечен Господ Бог ми ја даде заради покривање на моето голо тело.
Овде е иконата Христова; слика на мојот Спасител Кој заради мене дојде во овој несреќен свет да ме спаси мене кој гинев, страдав и умирав, заради мене, и така ме извади од гревот, ѓаволот, смртта и пеколот. Ја обожавам Неговата неискажлива љубов кон човекот.
Овде е иконата на Богородица, слика на Пресветата Дева која го родила телесно, бесемено, Исус Христос, мојот Господ Бог. Блажена е меѓу жените Мајката која го носела Овоплотениот Бог и блажен е плодот на нејзината утроба (Лука 1; 46)! Блажена е утробата која го носела Господа и градите кои го доеле (Лука 11; 27)!
Овде е иконата на Предвесникот; тоа е слика на тој голем пророк, кој бил испратен од Бога пред лицето на мојот Спасител Исус Христос да на луѓето, кој им го проповедаше Него, можеше да Го покаже велејќи: „Ете Јагне Божје, Кој ги зема на Себе гревовите на светот“ (Јован 1; 29), кој се најде достоен да Го крсти во реката Јордан.
Овде е иконата на Апостолот, тое е слика на Ученикот на мојот Спасител кој Го видел лично, кој отишол со Него, го гледал како прави чуда, го слушал како проповеда, го гледал како страда заради спасението на светот и како станува од мртвите и се вознесува на небото.
Овде е иконата на Маченикот, тоа е слика на борец кој издржал дури до крв заради честа на мојот Спасител Исус Христос и не го штедел ни својот свет живот, заради Неговото Име и ја втемелил нашата побожна вера како вистинска леејќи ја сопствената крв.
Ова слово, Светото Писмо кое го слушам, е Слово Божје, тој збор од Неговата уста. Устата на мојот Господ го зборуваше тоа и преку нив, Господ ми говори: „Помил ми е законот на Твојата уста отколку илјадници златници и сребреници“ (Пс. 119; 72). О, Господи, дарувај ми уво да го слушам Твоето свето слово.
Овој свет дом, црквата во која стојам е храм Божји каде се нудат молитви и славење на Бога од страна на верниците, браќата мои. Овие гласови, ова славење и заедничката молитва се оние гласови со кои химните, заблагодарувањето, пофалбите и славењето се испратени кон Светото Име на мојот Бог.
Овој свет човек, епископ или свештеник, се најблиски слуги на мојот Бог, кои Му принесуваат молитви за мене грешниот и за цел свет. Овој човек, проповедникот на Божјите зборови, е гласник на мојот Бог кој мене и на останатите мои браќа ни го осветлува патот на спасението.
Овој мој брат, секој човек, е сакано суштество Божје и како јас, е суштество создадено според ликот и образот Божји. И по падот, беше избавен, како јас, со Крвта на Синот Божји, мојот Спасител, и повикан во вечниот живот на Словото Божјо. Мора да Го сакам мојот Бог како сакано суштество, како самиот себеси. И не смеам да му правам ништо што тој не сака и мора да му правам она што тој би го направил на самиот себе зошто тоа е она што мојот Господ ни заповеда. Со еден збор, секоја прилика и секој предмет може да те инспирира на сеќавање на Господ Бог со љубов и мора да ти ја покаже Неговата љубов кон тебе зошто дури и Неговата казна доаѓа од љубовта Негова кон нас. Спред Светото Писмо: „Кого Господ го љуби, него го казнува“ (Евреите, 12; 6).
Тогаш запомни го насекаде и во секоја прилика и во сите предмети Името на твојот Господ Бог. Погрижи се да не Го заборавиш својот Добротвор кога уживаш во Неговите добродетелства, за да не се покажете како неблагодарни зошто заборавањето на Добротворот е јасен знак за неблагодарност.
Бог е твојот Создател, Избавител, врховен Доброчинител и добар Старател. Те создал и ти ја дава секоја добра работа и без Неговата добрина не би можел да живееш ниту една минута.
Не го гледаш својот Доброчинител со воие очи, но ги гледаш добрините кои ти ги дарува. Ги гледаш сонцето, месечината и ѕвездите кои те осветлуваат. Го гледаш огнот кој те грее и на кој спремаш храна. Ја гледаш храната која те задоволува, ја гледаш облеката со која е покриено твоето голо тело. Ги гледаш останатите безбројни добрини кои Тој ти ги дал заради твоите потреби и утеха.
Гледајќи го сето тоа и примајќи ги сите добра, сеќавај се на твојот невидлив Добротвор секаде и секогаш со љубов и заблагодарувај Му се за сите Негови добрини со чисто срце. Најголемото добро е што со Негова добра волја, Христос, Неговиот Единороден Син, дојде на земјата и не избави со Својата драгоцена Крв од страдања, пекол и смрт. Во овој дел Тој ја покажа Својата преголема добрина кон нас. Затоа мораме секогаш непрекинато да гледаме со вера на ова големо дело Божје, толку несфатливо за умот, и да се сеќаваме на Бога Кој толку не сака нас недостојните. Мора да му се заблагодариме со сето срце, да Го обожаваме, славиме, да пееме и да Го прславуваме со срце и устите наши. „Благословен е Господ, Израелевиот Бог, зашто го посети и го искупи Својот народ; и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид“ (Лука 1; 68-69).
Ти исто така би требало секогаш да го памтиш ова големо Божје дело и да му се воодушевуваш, да Му заблагодаруваш на Бога од срце, да живееш како е угодно на Бога, Кој дојде на земјата за да ги спаси грешниците, за да не Го навредиме со својата неблагодарност. Тој сака да те спаси, би требало да ја исполнуваш Неговата волја и да се грижиш за спасението на својата душа со трудољубивост. Биди Му благодарен, живеј во светот смирено, со љубов, кротко и трпеливо, како што Тој живеел. Тој го бара истото и од тебе.
Труди се да Му угодиш на Бога, со вера и послушност на она што Тој бара и што Му е угодно и немој да правиш она што Тој не сака и што не Му е угодно. Без послушност, без разлика што човек да работи, не му угодува на Бога.
ПОЧИТ КОН БОГА
Не го обожавај Бога со материјални работи и површно, туку со добра совест, страв, љубов, послушност, благодарност, молитва и вера. Зошто: „Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во Дух и вистина.” (Јован 4; 24).
Спомнувај го Името Божје со почитување, страв и побожност и тоа само кога и каде треба да се спомнува, зошто Името Божје е свето и страшно, а тие кои го спомнуваат без почит, тешко грешат. Подај ја целата почит кон Името Божје како кон Самиот Бог. Го спомнуваш името на земскиот цар со почит-така и треба. Колку со поголема почит треба да го спомнуваме Името на Бога, Царот Небесен, кое длабоко се почитува, љуби од сите Ангели и Свети души, со крајна стравопочит.
Божјото Име правилно се спомнува во молитви, во славење, заблагодарување, во пофалба и духовни песни, во разговори и говори соодветни за Христијани. Кога се зборува за Светиот Збор Божји, за Законот и Евангелието, за доаѓањето на Христос во светот, за Неговиот живот на земјата, страдањето и смртта која ја претрпел заради нас, за Христовиот Суд, за вечните маки и вечниот живот.
Не го спомнувај во други разговори, без некоја потреба, а ако постои потреба да се спомне, тогаш тоа нека биде со големо внимание и почит.
Чувај се од спомнување на Името Божје во лаги и шеги, за Судот Божји да не дојде на тебе во тој момент: „зошто начиот Бог е оган кој гори“ (Евреите, 12; 29).
Без жива вера и страв Божји не е возможно да се живее побожно. Живата вера се инспирира во човечкото срце од размислувањето за зборот Божји и Светиот Дух. Од оваа причина треба да внимаваме на зборот Божји и да се молиме Самиот Бог да ја запали лампата на нашата вера во нашето срце. Старвот Божји често се создава од размислувањето за сеприсутноста на Бога и Неговото сезнаење. Бог во суштина е насекаде присутен и каде и да бидеме, Тој е со нас, што и да правиме, зборуваме, мислиме, се е пред неговите очи. Тој ги знае нашите дела многу повеќе отколку ние самите. Мисли на ова, Христијанину, и внимавај и со Божја помош, ќе се роди страв Божји во тебе. Стравот Божји ќе те чува и исправува секаде и во сите работи и ќе те оддалечува од секое лошо дело и ќе те потврдува во секое добро дело. Така ден по ден ќе стануваш се подобар.
Држи Го Бога, значи, пред своите духовни очи и ќе има страв Божји, како Псалмопоецот: „Секаде пред себе Го гледам Господа“ (Пс. 16; 8).
Додека стоиш во црква биди внимателен кон она што се чита и пее. Тоа раѓа грижа на совеста, вистинска молитва, искрено пеење и заблагодарување. Избегнувај телесно стоење во црква, со скитање на умот вон црквата, и телесно стоење пред Бога, а да се размислува за светски работи, за на тебе да не се примени изреката: „Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене“ (Матеј, 15;8). Затоа, додека стоиш со телото во црква, стој и со срце и дух, како да стоиш пред Бога.
Кога ги гледаш иконите на светителите, сети се дека Еден е Создателот Кој кој ги создал и нив и тебе и дека Неговата цел за нив била иста и како за тебе, т.е. да ги спаси нив и тебе. Тие се прославени, а пред тебе лежи иста слава, само угледај се на нивните животи и ќе бидеш спасен.
Молитвата не се состои само од стоење и поклонување на телото пред Бога и во читање на напишани молитви, но и без тоа, можно е да се молиш во умот и духот во секое време и на секое место. Можеш да се молиш додека одиш, седиш, лежиш, меѓу луѓе, и во осаменост. Крени го својот ум и срцето кон Бога и моли за милост и помош од Него. Зошто Бог е секаде и на секое место и вратата кон Него секогаш е отворена и лесно е да Му се пријде , за разлика од луѓето. А ние можеме да Му пријдеме со вера и молитви, секаде и во секое време, во секоја потреба и услови. Можеме да му зборуваме во секое време…Господи, смилувај се, Господи помогни!“ и слично.
СВЕТИ ТИХОН ЗАДОНСКИ
МВПЦ-администрација
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.