МОНАШКИ ГРАВ

pasulj-profimedia-1465208846-89226
ГРАВ ПРОФИМИДИА
Рецепт кој го употребуваат монасите во манастирот на МВПЦ,
Гравот е едно од најомилените јадења кај монасите но исто во народот,лесно се приготвува,хранлив е и многу здрав.
Но секако монашкиот рецепт е нешто посебно и затоа ви препорачуваме да го пробате.
Монасите за приготвка употребуваат,грав,вода,маслинов зејтин,кромид,патлиџан,црвен пипер,бибер,сол и сушени зачини.
Приготовка:Гравот се прочистува и се мие во ладна вода,се става во лонец и долива вода толку колку гравот да го прелие.Граот се вари на висока температура но исто така треба да се пази да не загори..
Додека гравот се вари,во тиган на маслинов зејтин се пропржува неколку главици кромид и се издинстува,потоа се додава исецкан патлиџан,црвен пипер,бибер и останатите суви зачини.
Сварениот грав се прелива со оваа запршка добро се измешува и потоа се става во загреана рерна малку да се потпече се додека одозгора не се зафати корица.
corbasti-pasulj-1439292213-65252
Пријатен ручок
МВПЦ монаси-монахињи

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.