КОНЦЕПТОТ НА ЦРКВАТА
Во овие модернивремиња, се обидуваме да дадеме дефиниција на Црквата: што е Црквата, кога била основана, кој ја формирал и врз која основа, како е структурирана, која е вистинската Црква, што е таа и т.н.
Сите овие прашања на почетокот на христијанскиот живот и апостолската ера на Отците не биле поставувани. Во времето на Отците на Црквата имало покажување на живот и валидност толку очигледна што вакви слични прашања не се појавувале. Тогаш Црквата била заедница на љубов активно објавувајќи го распнувањето на Христос. Од друга страна, Црквата, како тајна, дава малку формални дефиниции.
Црквата може да биде разбрана само преку искуство, со благодат и учествување во нејзиниот живот, како што Исус им кажа на своите ученици: „Дојдете и видете“. Тоа е искуство на жива вера! Теолошките книги и катехизмите ги подвлекоа формулите на околностите кои резултираа од контроверзните квоти меѓу различните теолошки школи; сепак сите дефиниции се концептуални по природа, но не доктрински.
Доктринските учења на Отците на Црквата не водат кон дефиниции, туку даваат опис на животот на Црквата. Во нив е идејата на Црквата и секој жив член на црковниот живот е одреден. Институционалните форми и нивниот социолошки аспект го крие вистинското срце на Црквата, зошто верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат. (Евреите, 11:1).
Црквата е Тело Христово, а Педесетницата која продолжува до денес на земјата е слика на Тројството, односно дејство на Отецот кој продолжува да создава, Синот кој продолжува да спасува, Светиот Дух кој продолжува да осветува . Преку Символот одреден на Соборот во Никеа ние исповедуваме:„ Верувам во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква“. Тоа значи: ја „знам“ видната институција на Црквата, но „мислам“ на невидливото: на упокоените, ангелите, вистинското и постојано присуство на Бога, Неговата благодат и Неговата милост.
Навистина постои тесна врска меѓу двете димензии на Црквата: видлива и невидлива , земја и небо, без да се измеша едната со другата и исто тело на живот во кое тие ги прегрнуваат небесата и земјата: Црквата во две димензии-небо и земја.
ПОТЕКЛО НА ЦРКВАТА И НЕЈЗИНАТА ПРИРОДА
Во Откровението (13, 8) и во Првото послание на Петар (1, 19) се зборува за Јагнето заклано од формирањето на светот за да се покаже дека делото на создавањето на светот го донесе со себе заедничкото учество на светителите на Црквата, Алфа и Омега на сето творечко дело на Бога.
Светот беше создаден во поглед на овоплотувањето на Христос, Синот Божји и со тоа Црквата постои од создавањето.
Исповедувањето на Православната вера е почеток на Црквата во Еденската градина. Всушност суштината на Црквата е изразена во тесната врска меѓу Бога и човекот навестена во рајот.
Бог го создаде човекот обединувајќи ги во него Неговите Ипостаси (овоплотувањето), создадените и несозадените, т.е. видливото и невидливото.
Исус Христос, Син Божји, се шири насекаде благодарение на принципите на едносушноста во Христа – Тело Христово- Црква: Бог – човекољубие, божество во човекот.
Зад минливоста на светот, нашата вера го открива трајното дејство кое останува во Црквата како центар на универзумот, судбината на светот и на секој од нас е испреплетен. Она што се случи во Христа со симнувањето од Светиот Крст е во секој човек и во човештвото преку обоготворување на целта на соборноста за љубовта кон создадената природа и несоздадената, за видливото и невидливото.
Единствено во Црквата човекот го исполнува своето спасение, а Свети Петар вели „да станете учесници во Божјата природа“ (2 Петар, 1, 4).
Обоготвореното човештво е живо претставување на Светата и Животворна, ЕдносуштнаТроица и е основа на Православната духовност.
ЦРКВАТА Е БОГ
Тајната на Црквата е назад во историјата, многу свети текстови пишуваат за Бог зашто нè избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов, во што се состои распределбата на тајната, која од вечноста беше скриена во Бога (Ефесјаните 1, 4 и 3, 9). Предпостоењето на Црквата во Бога е да се покаже природата на Црквата.
Црквата не зависи од историјата, и само формите на општествениот живот се случајни според историската еволуција, но Црквата не зависи од историјата, бидејќи нејзиното потекло е од друго место. Така Црквата, „скриена од сета бесконечност“ во беспочетниот Бог во небесата, се симнува од небото и со огнен јазик ја создава историјата во Ерусалим на денот на Педесетницата. Сите суштества на земјата и под земјата и на небото клекнуваат на колена и се приближуваат на Христа.
ВРСКАТА БОГ-ЧОВЕК ВО ЦРКВАТА
Основната разлика меѓу Павославието и ереста е врската со која историското тело е воспоставено како Црква. Во православното разбирање на врската меѓу Бога и човекот е опишана во форма на Крстот во која точката на среќавањето меѓу хоризонталната и вертикалната оска ја претставува Црквата.
Верската меѓу Бога и човекот е Црквата, и е во центарот на светот исполнета со божествена реалност во човечкото битие, преобразувајќи го во суштина која навестува дека хоризонталниот континуитет е Апостолското наследство, светите тајни(кои го овековечуваат Месијата),таа е обединувањето на верните во Христа.
Во пракса Православната Црква е онаму каде што дејствува апостолската тајна на заедничарењето, каде епископот ја слави Евхаристијата и ги обединува луѓето собрани во Тајната наТелото Хрис тово.
ЦРКВА, ИНСТИТУЦИЈА И НАСТАН
Светото Писмо не учи дека Светиот Дух „дува“ каде и кога сака, но прво се симнува врз Црквата и дејствува во воспоставеното тело.
Црквата историски потекнува во дејствувањето и страста Христови во тело. Светоста, пророштвото, тајниот живот, не можат да се дефинираат како институција; енергиите на обожението всушност не може да бидат институционално организирани.
Освен „институционалните форми“, постојат „форми на настан“.
Важно е да не се одвои или противи институционалното и настанот бидејќи тие се надополнуваат.
Институцијата „има свои корени длабоко во преполниот извор на Духот„ и настанот ќе дејствува само во контекст на црковната институција.
Видливата Црква не е само видлив собир на христијани, туку и „Дух Божји“ и благодатта на светиите живее во оваа соборност, нејзината видливост е затоа место на невидливото и неговиот бескраен настан.
Црквата е едно бидејќи таа е едно духовно тело оживеано од едниот и ист Божествен Дух, чија единствена Глава е Христос. Црквата иако е земна таа е небесна и божествена.
Месијата ја држи небесата и земјата собрани во Храмот.
СВЕТОТАИНСКАТА ЦРКОВНА СОБОРНОСТ
Горенаведеното ја истакнува извонредноста на Црквата во однос на светот.
Црквата не е организација или организиран човечки живот, туку е телото, животот на Бога во човекот и тоа веднаш ја дефинира нејзината структура како „Светотаинска соборност“.
Во оваа заеница ние влегуваме преку крштевање, почетникот е осветлен, доаѓањето на Христа дејствува во него, и откако е оформен во сликата на својот архетип, станува ново битие запечатено со дарот на Светиот Дух со помазување.
Откако станува соединет во Христа, ќе остане дел за секогаш без никаква можност за исклучување,сите негови дејства стануваат црковни дејства, односно во Црквата дури и ако биде исклучен од светото Причестување.
Црквата учи, категизира,прогласува и сведочи, но нејзината главна задача е да го проповеда Царството Божје и преобразувањето на човекот.
Живиот член на Христа се гледа како роден во живототворниот Дух , Творецот и Дарителот на еден сосема нов и свет живот.
Светиот Дух дава живот на душите и ги прави таинствено да засветат во природата на Едината и Најсвета Троица.
ЕВХАРИСТИЈАТА ВО ЦРКВАТА
Раната црква ги спои во еден акт трите главни светии: Крштевањето, Потврдувањето и Евхаристијата, нарекувајќи ги „отпочнување“.
Со еден акт новокрстениот поминувал низ трите фази и станувал член на народот на Бога, соединувајќи се со Христа. Евхаристијата е светиња над светињите. Екскомуникацијата без учество на Трпезата е знак на неучество во животот на Црквата. Надвор од Црквата нема спасение, што значи дека нема спасение надвор од Светата Евхаристиска Соброност.
Така причесната „недостојност“ спомната од Свети Петар во Првото Послание до Коринтјаните (11, 29) не се однесува на моралната состојба (сеуште ранлива), туку на негрижата, светлината на верата и ставот на човекот пред тајната.
Вистинското враќање кон моралниот ред на Црквата не е прашање на евхаристоска верност, туку учество во „примањето на целото тело“ на Господа. Всушност Господ ги додаде во Црквата оние кои беа на патот на спасението (Ап. дела, 2, 42). Тоа значи дека Господ ги додал спасените кон сите верници собрани на исто место за една иста работа: Евхаристијата – Црквата.
По Педесетницата, всушност, Црквата е место каде сите се обединети во Христа како членови и роднини.
Според светите Отци, Адам распаѓајќи се го исполни светот со своите фрагменти: Бог ги соедини во Христа и ги направи свое Тело.
ЦРКВАТА Е ЕДНА И СВЕТА
Отец Афанасиев, руски теолог, ја нагласува фундаменталната разлика на двојниот концепт на еклезиологијата: „Евхаристиска Еклезиологија“ и „Еклезиологија заснована врз идејата за Универзална Црква“. Втората идеја ја наведува потребата од едно универзално тело од кое локалните Цркви нема да се повеќе од места. Овој универзализам е по природа централизиран и води кон собирен центар на монархија.
Тоа е замислата на монархиската јурисдикција на Црквата во Рим. Дури некои протестантски теолози имаат римохристијански концепт.
Евхаристиската еклезиологија, која ја има својата основа во светите книги, го интерпретира зборот Еклезија (црква) во смисла „на Божји луѓе повикани на зближување во Телото Христово“.
Многубројноста на Господовите трпези не влијаат на посебноста на апсолутно една Менса зошто Еден е и Ист Христос кој се жртвува и нуди и бројот на местата не ја спречува едната и иста Соборна Црква (разбрана како универзална, а не како римска). Светиот Дух е присутен кај сите оние кои ја примаат евхаристијата како да со неа се причестува само еден и тогаш таа е цела и без ограничување.
Секоја локална црква, насекаде во светот, е телото на Христа во која почива Светиот Дух.
Свети Игнатиј Антиохиски учел дека секоја локална црква изградена во својот Епископ – жив знак на Црквата – е Соборна Црква и универзална, значи таа е Една и Света. Така Црквата е неделива и никогаш не е збир на локалните цркви.
„Каде е Христос, таму е Црквата и каде е Светиот Дух, таму е Црквата.“ Затоа секоја локална црква ја има полнотата на Црквата и Евхаристијата бидејќи таа е вертикална.
Ако локалните заедници се „делови“, човек е принуден да го признае соодветното присуство на Духот на Христа во врска со полнотата на принципот кој ја интегрира во себе целата Црква. Ова е позицијата на Црквата во Рим, но тоа е погрешно место!
Ако црквите комуницираат една со друга за да реагираат на одговорноста на една страна на телото, тогаш на другата излеваат динамичен карактер на мисионерска експанзија како Христова заповед за да го проповедаат Евангелието низ целиот свет и да крштеваат.
Сепак е разбирливо дека хоризонталното проширување на правосудната, административна црква е секогаш лоцирано, но во смисла на редот на Црквата и ограничениот број на луѓе.
Единството на Црквата не е збирот на локалните цркви, туку е едносуштната заедница на еднакви членови во ликот на Светата Троица.
ЦРКОВНАТА ПЕНТАРХИЈА
Традиционално Црквата ја штити заедницата на петте патријаршии: Ерусалимската, Антиохиската, Римската, Александриската и Константинополската. Оваа поврзаност покажува дека тоа се еквивалентни членови на Православното заедничко учество.
Интервенциите на императорите на Константинопол-Византија преку одржувањето на соборите наметнаа одредено првенство за политички причини. Канонот 34 на Апостолите вели: Епископите треба да го признаат приматот меѓу себе и да не прават ништо без него…но ниту приматот не може да прави било што без другите. Само преку овој вид на единство Бог ќе биде прославен во Светиот Дух.“
Но ова правило е донесено од луѓе според човечкиот ум условен да се обиде да дејствува како принцовите од овој свет, но не со божја волја и закон.
Единствената разлика меѓу епископите е почеста. Со години Рим ја применува функцијата „прв меѓу еднаквите“, но по неговото одвојување од Православната заедница, Константинопол тврди дека ја наследил оваа почест, но и тоа е од човечко потекло – црковно, но не божествено.
Канонот 48 од Помесниот картагински собор вели дека епископот од првата столица не се нарекува егзарх на свештениците или првосвештеник бидејќи добиената цела благодат на Светиот Дух е еднаква по достоинство со сите епископи и дури во ваков случај да се тврди спротивното би било мошне
Уште помалку местото на епископот во Рим не содржи ниту доктринална непогрешливост, ниту пак правна власт над црквите.
Ватиканскиот собор во 1870 година останува собор само на Римокатоличката Црква, а не на Едната и Света Црква. На тој собор дури се осудиле да го објават тоа и со овој акт Римската Црква се оддалечува од Црковната традиција и црковната заедница на Една, Света, Соборна и Апостолска Црква и целото Православие, паѓајќи безнадежно во голем раскол.
До сега согледавме дека Црквата основана од Христа е многу различна од Римската и неговата теологија.
Бог Отецот ја дал целата власт на Христос – Цар и Првосвештеник, и Он се оддржува се до крајот на светот, што повторно го покажува единството на Црквата на небесата и на земјата.
Секој епископ е „жива слика на Христос“, човек исполнет со сожалување и слуга Божји и има само една власт, а тоа е милосрдност и сочуствителност кон својата паства.
МВПЦ
+++јован-хадји
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.