Нема вистинска мудрост без љубов, ниту права љубов без мудрост. Мудроста без љубов е мудрост змиска, себична и отровна; љубовта без мудроста е силен дожд кога засушената земја очекува благ дожд.
Колку неизмерно мудра е љубовта Божја! И ништо не може да се спореди во неизмерноста. Колку е голема мудроста и љубовта Божја, е покажана во создадената природа! И пак, таа е сенка на онаа мудрост и љубов, покажана од Бога преку Господ Исус Христос во делото на човековото спасение. Колкава мудроста и љубовта Божја е покажана при Првото Создавање! Но тоа е мудрост на создавање на некого кој не постоел, љубов на давање на некого кој немал. Мудроста пак покажана при Новото Создавање е љубов на себе жртвување.
Уште еднаш и уште двапати и уште многу пати прочитајте ги Евангелијата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос и исполнете се со неискажана Божја мудрост и Божја љубов. И ќе почувствувате умножено повеќекратно здравје на душата и силата на душата и радоста и животот.
Господ доаѓа на светот за да го излечи, обнови, воскресне од мртвите. Како доаѓа? Доаѓа како војвода пред кого и по кого одат војски. Војските небесни се насекаде околу Него. Би рекле: ќе го видите царскиот син во свила и порфира, а тоа – дете, родено во овча пештера и повиено во јасли воловски!
Би рекле: ќе видите генерал пред чија војска стои гора од бајонети, кои го заштитуваат неговиот живот од препади и непријателски напади. А тоа, всушност, е безопасно дете, по кого во лов се подигнале Царевите земски, како на лов на елени.
Би рекле: Ќе видите цар во свилена облека, каде брза во златни обувки, во придружба на своите големци. А тоа во суштина е прост работник кој пешачи долго и далеку по каменит пат и по валкан друм, по трновити патеки, дури од Назарет, на устието на реката Јордан, за да ја поклони својата глава под рацете на Јован Крстител и де се крсти, како и другите луѓе.
Ќе прашате: па каде се тие Негови војски? Тука се, околу Него, напред и назад. Тоа се светли ангелски војски кои во Христос го гледаат својот Војвода и Цар. Тие би сакале да Го носат на херувимски коли, но Он не сака – и само Он знае зошто не сака, Он и Неговиот Отец и Светиот Дух. Ангелските војски би сакале да Го облечат во сонце и да го накитат со ѕвезди и да го опашат со виножита, но Он тоа не го сака и само Он знае зошто не сака. Ангелите би сакале да го објават Неговото доаѓање со труби; би сакале одеднаш со својата снага и сила да ги отворат очите на сите луѓе на земјата, да прогледаат и да го познаат својот Господ; би сакале ангелите и би можеле, да дадат јазик и на дрвото и каменот, и на воздухот и водата, за целата природа да го дочека со извик: Осана! Осана! Но, Он тоа не го сака – и само Он знае зошто.
И ние сега знаеме зошто не сакал. Целото тоа славење Он го има во вечноста. Но Он сега се спуштил во мрежата на времето, во темнината на гревот и смртта, каде безброј Негови браќа плачат и ридаат, и се распаѓаат од смртта. Он се наоѓа во непријателскиот логор и преоблечен во затвореник, сличен на останатите заробеници, внимателно и мудро оди со цел властодршците на тој темен логор да ги фати и врзе, а своите заробени браќа да ги ослободи и воздигне во Царството на Бога и бесмртните ангели.
Тие војски ангелски за Него постојано се видливи, а за другите луѓе тие само повремено блеснувале како ретки зраци на сонцето зад густ облак. Во Неговиот живот на земјата воглавно имало три почетоци. Едниот почеток е одбележен со зачнувањето и раѓањето, другиот со крштевањето, а третиот со воскресението. Првиот почеток го означува Неговото доаѓање на свет, вториот Неговата проповед со зборови и чуда (зошто Он и како детепроповедал и правел чуда, но тоа било тајно), а третото означува основање на Неговото бесмртно царство. При првиот и последниот почеток постоеле ангели видливи и за останатите луѓе, а при вториот почеток, т.е. при крштевањето Негово, се објавиле Светата Троица. Но, ни вториот почеток не бил без појава на ангели. Се појавил еден ангел, тоа не бил бестелесен ангел, туку човек, по име Јован, син на првосвештеникот Захариј и неговата жена Елисавета. Тој не бил ангел како другите ангели, но беше наречен ангел од пророкот. „Еве ќе испратам ангел Свој, кој ќе го подготви патот пред мене, вели пророкот. (Малах. 3, 1).
Со ова пророштво го почнува своето Евангелие светиот евангелист Марко. И ова е една умилна тајна. Секој евангелист почнува со некој особен почеток; евангелист Јован почнува од вечноста, Матеј од Авраам, Лука од земското раѓање на Спасителот, а Марко од крштевањето на Јордан. Зошто сите евангелисти не почнуваат со еден почеток? Но, кажете ми каде е тој еден почеток на Исус Христос? Тешко е да се оди по една мртва работа до нејзиниот почеток, а колку потешко по жив човек, а не пак за Животодавец од Кого почнува животот. Всушност, секој од нас има четири почетоци, достапни било на нашиот ум или на нашето запазување. Еден наш почеток е во Бога, вториот во нашите прародители, третиот во нашите родители и четвртиот во времето кога почнуваме да го пројавуваме нашето најголемо делување на овој свет. Но Христос има и еден петти почеток во однос на тебе, како и во однос на секој од нас. Имено: почетокот на Исус Христос, Синот Божји и Неговото Евангелие за тебе е тогаш кога Он оживува во твоето срце и ум како твој единствен Спасител; тогаш кога Он престанува да биде во тебе само како едно златно кандило наполнето со масло, но кое не гори, туку кога се запали и почнува целото твое битие да грее и осветлува, тогаш, кога Он за тебе станува насушен леб без кого не можеш да поминеш ниту еден ден, тогаш кога Он ќе ти стане поголема вредност од целата вселена, од сите блага, од роднини и пријатели и подраг од самиот твој земски живот. Тогаш за тебе е вистински почеток на Исус Христос. Тогаш ти ќе можеш да ги разбереш останатите четири почетоци спомнати од четворицата евангелисти.
Евангелистот Марко го почнува своето евангелие со почетокот на Христовото јавно проповедање и јавното делување во светот. И веднаш го истакнува пророштвото на пророкот Малахиј за Јован Претеча, како за ангел кој оди пред лицето на Господ.
Зошто и пророкот и евангелистот го нарекуваат Јован ангел, кога тој не бил ангел, туку човек? Прво затоа што Јован со својот живот бил подобен на ангел небесен, и од сите смртни луѓе најмногу се приближил на ангелскиот живот. Второ за да се научиш и ти дека целта на Христовото дело на земјата е од луѓето да создаде ангели, од смртните и грешните и со природа заробени луѓе да создаде бесмртни, безгрешни и од природата слободни битија, како што се светите ангели на небото. Што е тоа што свети Јован е наречен ангел? Прво заради својата послушност кон Бога, второ, заради својата слобода од светот и трето заради безгрижноста за својот телесен живот. Првото е основата на светот, второто произлегува од првото, а третото од второто.
Ангелите се совршено послушни на Бога. На нив постојано непосредно се откриваат неискажаните тајни на Божјата мудрост, моќта и љубовта и нивната послушност кон својот Творец не е поради тоа што мора, туку од радост и смиреност. И свети Јован бил совршено послушен на Бога од детството. Роден од престарени родители, тој уште во раната младост останал сираче и бог му останал единствен родител, единствен наслон и единствена љубов. Неговиот татко бил првосвештеник, така што Јовановото богопознавање можело само да биде засилено. Неговото зачнување во утробата на стара мајка неродилка, со силата и волјата Божја не можело да остане непознато на него. Кога евангелистот Лука ја знаел чудната историја на зачнувањето на Јован, така и неа мора да ја знаел и Јован. Тој знаел дека Божји ангел го објавил неговото раѓање, така да ги знаел и пророчките зборови на ангелот: тој ќе биде голем пред Бога и ќе се наполни со Духот Свети уште во утробата на својата мајка и тој ќе дојде пред Него (пред Исус) во дух и сила на Илија. Се ова било врежано во срцето на малиот Јован. Главните линии на неговиот живот Бог му ги открил уште од најраното детство и нему веднаш морало да му биде јасно, што тој треба да прави и каков живот треба да живее. Тој веднаш се повлекол во пустина (Лк. 1, 80) деноноќно да ја ослушнува со духот свој волјата на живиот Бог. Тој целиот се предал на Бога и се очекувал од Бога. Нему не му требало да го учи некој од луѓето, зошто Оној од кого и луѓето го добиле своето најдобро знаење и го пренесувале од еден на друг, непосредно општел со нив и Самиот непосредно му ја откривал волјата Своја. И така одделен од светот, Јован сосема се прилепил за Бога, како и ангелите небесни. И како ангелите, и тој пиел од праизворот на мудроста, моќта и љубовта. Затоа и пророкот го нарекува ангел.
Освен тоа Јован наликувал на ангелите небесни и по својата слобода од светот и луѓето. За него светот бил прашина која во еден момент е зелена а во друг црна, но секогаш е прашина. За него луѓето биле само збунето стадо кое го изгубиле својот пастир. Што се светот и луѓето пред насекаде присутниот жив Бог? Што е нивната сила, нивната пофалба или закана? Исто што и меур во длабоко море. Никакво добро не може светот да даде на човекот, додека не го позајми од Бога, ниту пак некаква штета светот може да нанесе на човекот во присуство на Бога и без Божје допуштање. Од што тогаш да се плашиме од светот кога целиот свет живее во страв и диши со страв? Затоа Јован, како ангел Божји, воопшто не се врзал за светот, ниту пак имал страв од светот. Затоа Јован без страв им се обраќа на грешните ерусалемски велможи, пред кои светот се поклонува како пред идоли:„Породи аспидини! Кој ви кажа да бегате од гневот кој доаѓа (Лк. 3, 7)? И Ирод го прекорува за сите зла кои ги прави. Јован не се плаши од никого, освен од живиот Бог и Неговата света волја. Тој не ги разликува луѓето ниту по облека, ниту по чест, ниту пак по власт, ученост, богатсвто или старост – тој ги разликува само по нивната душа. Неговите очи не гледаат телесни луѓе, туку човечки души, кои за очите на другите луѓе се кријат под маската на своето тело. Таква слобода од светот и луѓето имаат само ангелите Божји. Затоа пророкот го нарекува Јован ангел.
Освен тоа се уподобил на ангелите и со безгрижноста за својот телесен живот. Ангелите не се телесни како луѓето, но и тие имаат светла одблека на својата личност која може да се нарече небеско тело (1. Кор. 15, 40). Ангелите се сосема безгрижни за себе, тие не мислат што ќе јадат или пијат или пак што ќе облечат. Служејќи му на Бога тие знаат дека Бог ќе ги нахрани, напои и облече. Кој е тој домаќин на земјата кој ги остава своите верни слуги да гладуваат и да одат голи? Бог уште повеќе се грижи за Своите верни слуги. Ние сме повеќе опколени со Бога отколку со воздух и светлина. Тој го знае нашето битие и ги знае нашите потреби. И тој секојдневно ги задоволува нашите потреби. Зошто сите луѓе не можат да го видат тоа? Зошто повремено се појавува суша и глад! Зошто Бог го дозволува тоа? Затоа што Бог не само што го храни нашето тело, туку и нашата душа. А искуството покажува дека телесната глад е храна на душата. Најочигледен доказ за ова е постот. Постојано ситото тело покажува постојано гладна душа. Кој пости тој душата ја гости. Човекот што повеќе се навикнува на постот, тоа се повеќе ги намалува грижите за своето тело и ја зголемува радоста на својата душа. Ова не може само со зборови да се каже или пак само да се слушне, ова е јасно само кога човек сам го проба и го практикува во животот.
Како и сите свети луѓе, кои не живееле со книжевна мудрост, туку со пробани стварности, така и Свети Јован. Тој се научил на безгрижност за својот телесен живот, не преку читање на книги и слушање на мудреци, кои кажуваат а не покажуваат, туку преку пробување да се живее без грижа. Тој пробал пост и увидел дека човекот можел да живее не само без сите тие јадења, за кои тој толку многу се грижи, туку и без леб. Тој се хранел само со див мед и растенија . Тој не употребувал ни вино, ниту било каков пијалок. И никогаш не се спомнало дека тој се жалел на глад или жед, зошто него го хранела Божјата сила која наидувала со верата и како на послушен слуга преку храната што ја земал. Лебот ангелски го јаде човекот (Пс. 87, 25). Тоа се случува со верните и послушните, додека неверните и непослушните мораат покрај раскошната кујна да имаат голема аптека. Зошто преку раскошното јадење и пиење на неверниот и непослушниот не му доаѓа храна на телото и душата, туку потешкотии, гнев и болести. Јован не се грижел ниту за живеалиште и облека. Живеалиште му била пустината покриена со небесен свод, а одело му била кожен појас од камилски влакна. Така и Илија бил опашан со кожен појас, што означува умртвеност на страстите и подготвеност да се врши волјата Божја. Тој ја гледал својата душа облечена во сончева риза од небесни ангели, отколку во телесна мрша („Подвижниците ослабувајќи го телото го ослабнувале и гревот; се грижат да бидат бестелесни, заменувајќи го смртното со бесмртно“, Григориј Богослов.) веројатно со цел и тој, како и апостол Павле, и многу други светители, не знаел дали е во тело или надвор од телото (2Кор. 12, 3-4). Се одморал или спиел или под ведро небо или во некоја од многуте пештери во пустината. За што тој би се грижел кога душата му се одмара во царскиот скут на небесниот Творец? Отровните змии и гладните лавови му биле соседи. Но тој не се плашел од нив зошто знаел дека над нив е севидечкото Око. И зошто би се плашел од нив кога тие не можеле да му наштетат на душата? А своето битие тој го гледал во својата душа, а не во своето тело. Свети Јован бил слободен од сите телесни грижи. Неговата душа била целата во грижа, а Божјата волја единствен закон и господар на неговата душа. Во тоа тој личел на ангелите небесни, затоа и пророкот го нарекува ангел.
Но има и друго пророштво за Свети Јован. Големиот пророк Илија го нарекува глас кој вика во пустината: подгответе пат за Господ, порамнете ги патеките Негови. Додека првото пророштво повеќе се однесувало за личниот карактер на Свети Јован, ова пророштво повеќе се однесува на карактерот на неговата служба, неговата мисија. Што е, тогаш, неговата служба? Да биде глас кој повикува во пустината, кој ќе ги опоменува луѓето да го подготват патот за Господ. Под пустина се подразбира пустината покрај реката Јордан од каде силниот Претеча Христов му затрубил на човештвото за узбуна:
Покајте се!
Ете, гневот доаѓа!
Ете, секирата стои до коренот на дрвото!
Ете, секое неродно дрво се сече и во оган се фрла!
Ете, доаѓа појакиот од мене, на кого лопатата му е во рака!
Ете, плевата ќе гори со оган вечен!
Покајте се!
Под пустина се подразбира и целото човештво и целата историја на човештвото, кое од грев се исушило. Претеча е првата ластовица на новата пролет. Но тој самиот не е ни пролетно сонце, ни пролетна миризба, ни пролетна песна – тој е само трубач кој ги буди заспаните во долготрајната зима. Тој е само весник на пролетта, додека пролетта е Господ Исус Христос.
Под пустина се подразбира и старата човечка душа, оддалечена од Бога и зануркана во смртна темнина, како река понорница во песочна пустина. Свети Јован е совест која ја крева реката кон сонцето, а Христос е Сонцето. Совеста е претходник на љубовта, како што е Јован на Христос.
Подгответе го патот Господов и израмнете ги патеките Негови. Како? Исповедајте се и покајте се. Направете го ова итно зошто Господ доаѓа. Тој ќе тропне на вратата на секоја душа. Кој се исповеда и се покае, тој ќе ја држи вратата на душата отворена и Господ ќе влезе и ќе му донесе живот вечен. А кој нема да се исповеда и покае, тој вратата на душата ќе ја држи затворена и зарѓана од гревови. И Господ ќе помине покрај него. Но по Него оди секирата и оганот, како што пред Него оди пролетта со сонцето, мирисот и песната. Патиштата Господови и патеките Негови се човечките души; нерамнините по нив се гревовите и безаконијата.
Што значи да се подготви патот Господов, тоа го објаснува пророкот Исаија во овие зборови: сите долини нека се подигнат и сите гори нека се спуштат (Ис. 40, 4). Тоа е: се она што го сметате за ниско и слабо, подигнете го високо, а се она што го сметатае за високо и моќно, спуштете го долу. Или со други зборови: Бога сте го сметале за ниска долина иако е Он највисока висина, а светот материјален сте го сметале за највисока висина, додека тој е низина и подножје за Божјите нозе. Гревот го преврте светот наопаку. Отфрлете го гревот и светот повторно ќе застане исправено. Затоа исповедајте се и покајте се и крстете се со крштевање на покајување заради простување на гревовите.
Се појави Јован крстејќи во пустината и проповедувајќи крштевање со покајување за простување на гревовите. Како знаеме дека Јован е предвесник на Христа? Дали само по тоа што тој се објавил на светот на неколку месеци пред Христа? Не, туку и по проповедите и делата свои со кои тој ги подготвувал луѓето да го дочекаат Христос. Целата негова проповед е повик на луѓето да се покајат; целото негово дело е крштевање со покајување за простување на гревовите. Исповеста, покајувањето и крштевањето со вода го прави Јован, но простувањето на гревовите не е во негова моќ. Само Христос може да врши простување на гревовите. Јован тоа го призна велејќи: Јас ве крштевам со вода, а Он ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган (Лк. 3, 16). Со тоа тој признал дека со своето крштевање само ги подготвува луѓето за крштевање Христово. Неговото крштевање е повеќе знак, а Христовото е вистинското крштевање со кое човекот се чисти од гревовите и станува ново создание и се всинува во Бога и се вбројува во полноправните граѓани на царството небесно.
Пустинскиот пророк Јован, ја познавал човечката природа до најголемите длабочини, целата нејзина слабост, наклонетост кон злото и колебливост. Тој тоа го осознал во триесетте години од својот осамен живот поминати во пустина. Преку себе го осознал целиот свет и се што има и може да има во светот. Неговата победоносна борба со самиот себеси му донела неисцрпно познавање на човечката природа. Затоа тој и сега излегува пред луѓето со слободата на победникот. Неговото знаење не е стекнато од книги, туку од прва рака, од Бога преку сопствено искуство. Отаму и неговото проповедување има чисто практичен карактер. Тој не им верува на луѓето на збор. Дури и кога еден човек искрено се исповедува и и скрено го изјавува своето каење за направените гревови, Јован не му верува, зошто тој ја знае колебливоста и слабоста на човековата природа. Го знае тоа Јован и настојува со целата сила покајниците да засведочат на своите зборови и дела. Долгото грешење на човекот му станува навика, а покајувањето може да биде само со долго вежбање во добродетели. „И добрата навика и злото времето ги храни како огнот дрвата“(Петар Дамаскин). Затоа Јован, сомнително гледајќи на моменталното покајување, им довикува: покажете плодови достојни на покајување (Лк. 3, 8).
На гордите фарисеи, садукеи и книжници ерусалемски, кои се гордееле со своето потекло од прататкото Авраам, Јован им довикува: Да не мислиме и не зборуваме во себе-го имаме таткото Авраам, зошто ви велам дека Бог може и од овој камен да подигне деца на Авраам (Мт. 3, 7-9). Грешната мисла и грешниот говор во себе е првото тајно зло во човекот од кои подоцна извираат сите јавни зла. Што помага искажаното покајување ако човекот продолжи во себе да мисли и зборува за злото?Лошата мисла и лошиот говор во себе не се само мисла и говор, туку се лошо дело, дури и пред да се посведочат со надворешни лоши дела. Змијата, која има отров во забите, без разлика дали каснала или не, таа е отровна змија.
Бог може и од овој камен да подигне деца Авраамови – има повеќе значења. Прво, Бог навистина е моќен за да создаде од камен луѓе какви сака. Од простиот народ Бог може да подигне апостоли, евангелисти, светители и јунаци над јунаците , а првенците на народот, кои светат со земен, минлив и лажен сјај, Бог ќе ги отфрли ако не покажат плод достоен за покајување. Од незнабошци кои се поклонуваат на мртви камења и дрва, Бог може да направи Свои слуги. Залудно израелските мудреци се гадат од нив како од нешто валкано и недостојно за земјата и небото; ако тие исти мудреци не се покажат на дело како деца Авраамови, Бог од незнабожците ќе создаде на Себе верни слуги. И конечно, нека мудреците на овој свет не се гордеат со своето знаење на законите земски и законите Божји, додека срцето им е тврдо како камен. Навистина, додека срцето им е тврдо како камен со дотогаш нивниот ум, преполн со разновидни знаења, ќе ги води право во вечниот оган. Тие се навикнале да го ценат само знаењето, но го занемариле срцето, тие дури и се гордеат со тврдината на своето срце. Но, Бог може од срцето да направи појдовна точка на човечкото спасение, од срцето, а не од умот, како што и Господ рекол преку пророците: и ќе ви дадам ново срце и нов дух ќе вметнам во вас, ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце и ќе ви вдахнам нов дух во вас (Езек. 36, 26). Насобраното знаење не можело да го омекне нивното срце. Но Бог може кај вистинските покајници да го омекне срцето со Својата благодат и тогаш со топлината и светлината на срцето кај верните ќе се осветли и умот со целото потребно знаење.
Така ги учи Јован тврдокорните ерусалемски мудреци, на дело да ја покажат искреноста на своето покајание. А најголемото дело кое тие горделивци и презители на останатите луѓе, можат да го направат е отфрлање на своите злобни мисли и зборувања во себе дека тие се деца Авраамови.
Од други луѓе Јован бара различни плодови на покајувањето; имено кој има две облеки нека даде една на оној кој нема; и кој има храна нека прави така (Лк. 3, 10-11). Јован знае дека овие покајници се затруени со лоши обичаи, дека иако имаат две облеки, зграпчуваат и трета и дека иако имаат многу храна, не ја делат со сиромашните, туку собираат се повеќе и повеќе. Затоа сега ги упатува на нов обичај на правење милосрдност, помагање на бедните, давање и делење, за да можат да го рашират на таков начин своето тесно срце и да го почувствуваат братството меѓу луѓето и татковството на Бога, нешто во што целосно ќе ги воведе Појакиот од Јован, преку крштевање со Светиот Дух и оган.
На цариниците Јован им препорачува други плодови на покајување, што приличи на нивниот лош обичај да земаат од народот повеќе отколку што законот бара. Цариниците биле даночници, закупници на данокот кои се богателе прекумерно и незаконски со земање од народот. Тој обичај толку бил закоравен кај нив што тие со неправедно стекнатото богатство се гордееле како и мудреците ерусалемски со својата мудрост. Како тие би можеле да го осведочат своето покајување ако не со отфрлање на лошите навики и држење на законските прописи? Мудриот Јован затоа им дава лек според болеста.
Што Јован им советува на војниците? На никого да не прават насилство и да бидат задоволни со својата плата. Повторно според болеста им дава лек. Наоружаниот човек е склон да прави насилства, самото оружје го тера на тоа. За да направи насилство, тој мора на насилството да даде некакво оправдување, како на својата совест, така и пред светот; оттаму на вооружениот човек му е својствено да ги напаѓа другите и да се жали на својата мала плата. Со цел покајувањето на војникот да има трајни вредности, тој мора да се откаже од своите лоши навики, од насилството, напаѓањето и жалењето дека има мала плата.
Се ова што Свети Јован препорачува како плодови на покајување не е доволно за спасување на душата од гревовите, но е доволно да ги удостои луѓето да излезат пред Христа. Задачата на Свети Јован претеча била токму таа, да засвири на узбуна, за луѓето колку толку се исчистат и се удостојат да излезат пред боженственото лице на Спасителот.
Гледајќи го страшниот пророк, и слушајќи ги неговите необични крици и закани со секира и оган, луѓето го прашувале: Кој си ти! Да не си ти Христос, кого светот го очекува?
-Јас не сум Христос, одговори Јован.
-Да не си Илија?
-Не сум.
Кој си? (Јов. 1, 20-23).
Глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот Господов!
И смирено признаваше Јован и исповедуваше:
-Доаѓа по мене Појак од мене, пред Кого јас не сум достоен да се наведнам и да ги одврзам ремените на Неговите обувки.
Христос дојде да ги научи луѓето на заборавеното смирение и послушност. Тој ни даде совршен пример на Своето смирение и Својата послушност кон Отецот небесен. И Неговиот Претеча не учи со својот пример на смирение и послушност – со својот пример на безгрешно смирение и послушност пред Христа.
Луѓето кои немаат смирение и послушност, немаат мудрост и љубов. А кој го нема тоа, тој го нема ни Бога. А кој го нема Бога, тој се нема ни себеси, туку постои како да не постои: темнина и сенка смртна.
Ако некој меѓу нас каже: Христос е премногу висок пример за мене, не можам на Него да се угледам – еве му го Јован Претеча, кој како човек е поблиску до смртните луѓе. Нека се угледа на смирението и послушноста на Јован. Но, ако некој не сака да прави добро, тој секогаш наоѓа изговори за своето бегање од доброто. А кој бара светлина на своето жално битисување на земјата, тој со радост ќе ја најде во ѕвездата на Свети Јован Крстител. Блазеси му на тој зошто таа ѕвезда, како онаа која ги донесе ѕвездарите од Исток во Витлеем, ќе го донесе најсветлото Сонце, Господ Исус Христос, кој е едниствена песна на ангелите и единствено спасение на луѓето за секогаш. Затоа нека Му е слава и благодарност, со Отецот и Светиот Дух – Троицата едносушни и неразделни, сега, секогаш, низ сите векови и во вечноста. Амин.
МВПЦ Осло администрација
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.