МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

TOMOS2
MVPCGRBPATRIJARSIJA

IMG_20140114_0003

MVPCGRBPATRIJARSIJA

IMG_20140215_0003(0)
Славете го Господа зашто е добар,
Зашто е вечна милоста Негова,
Славете го Богот на боговите,
Зашто е вечна милоста Негова,
Славете го Господарот над господарите,
Зашто е вечна милоста Негова,
Единиот кој прави големи чудеса,
Зашто е вечна милоста Негова,
Тој премудро го создаде небото,
Зашто е вечна милоста Негова,
Тој ја утврди земјата врз водите,
Зашто е вечна милоста Негова,
Единиот кој ги создаде големите светила,
Зашто е вечна милоста Негова,


На 7 јануари 2010 година беше формирана Македонска Вистинска Православна Црква на состанокот што се одржа на истата дата. Сите принципи на Македонска Вистинска Православна Црква се древното христијанско учење на нашиот Господ Исус Христос и Неговите Апостоли, Светите Православни Епископи од Исток кои го пренесуваа учењето на Господ и Неговите ученици, и седумте Вселенски Собори и Свети Синоди, според Јулијанскиот календар. Нека Господ Благослови, спаси и помогне на сите нас во остварување и градба на оваа Црква во Република Македонија.
Ако си православен или љубопитен, ти си добредојден во Македонска Вистинска Православна Црква и нашите Светонеделни и празнични Литургии. Нашата слава е на 7 јануари, според стариот Јулијански календар, на празникот Собор на Свети Јован Крстител.Ќе се изгради манастир кој ќе биде посветен на најголемиот пророк и Предвесник на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос. Црковните служби, Светата Литургија е за сите кои веруваат во Господ, но само православните, крстени во Господа, можат да примат и бидат дел од Тајната на Причестувањето. Манастирот е посветен на Свети Јован Крстител и со неговиот глас, преку неговите монаси и монахињи, сакаме да ги информираме сите мирјани во нашата околина и нашата земја Македонија, кои сакаат да ја користат манастирската обврска, дека нашите манастирски обврски и услуги кон вас верниците се бесплатни како на пример:венчавки, крштевки, миропомазување, погреби и останто . Секој кој самиот ќе добие желба од своето срце и посака да дарува на манастирот е добредојден со дар на вино црвено за Причестување, маслиново масло за кандилата во храмот и Манастирот, бело брашно за насушен леб и просфора, сите вакви дарови за нас се од големо значење, а на овој начин сметаме дека е и од Господ ако е дојдено од вашите срца. Затоа дојдете, повелете во манастирот и манастирската црква со љубов кон Господа затоа што тука се лекува, излекува и се благословува, тука не е судница и тука не се суди никому. Ние сме во изградба, но секако дека сме тука секогаш за вас, да бидеме секогаш со вас и Господ да е секојпат помеѓу нас.
ЗОШТО ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Бидејки линијата која не разделува од расколната црква на мпц е молитвеното општење. Покрај тоа не го прифаќаме модернизирањето во црквата, преземање и преаѓање на новиот календар, исфрлање на постот, изменување и нарушување на црковните канони и заедничка молитва со неправославните, неприфаќање на екуменизмот и антихристите, атеистите и не прифаќање на ересите кои се појавуваат во самата Православна црква. Затоа бидете дел од Македоската Вистинска Православна Црква, каде што ќе пoстите, исповедувате и Причестувате. Од самиот почеток Господ Исус Христос ни кажува како да живееме, како да се молиме и во кого да веруваме! Јасна е сликата дека сите тие кои поверуваа во Него и ден денес веруваат.
Затова и ние, МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, веруваме во Него како Господ Бог наш во Неговата вистина, во Неговата Црква и дека ние како народ Македонски, верници Негови, веруваме дека сме еден дел од Неговата Црква. Кога Господ Исус Христос почнал во своето време да оди и да го учи својот народ Тој никаде не ги споменува Црквите,туку вели да веруваме во еден Господ во Една Црква ,а не во Неговите Цркви и Патријаршии кој денес ги има по целиот свет. Еден Господ Исус Христос и Една Света Апостолска Православна Вселенска Вистинска Црква, таму за сите има место.Во таа Црква сите сме Православни и сите веруваме сега и во век и векови само еден Господ Исус Христос, кој Воскресе, ја победи смртта и спас ни донесе денес сите сложно да живееме православно. Нека на сите Православни цркви се вее само едно знаме, знаме на Едната Света Апостолска Православна Вистинска Црква на Господа Исуса Христа. Верувајте во Господ Исус Христос, молете се само на Него, na Светите Отци, Мајка Света Дева Марија, Богородица наша, нека Господ Благослови и нека не спаси.Амин.
МИЛИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА САКАМЕ ДА ОБЈАСНИМЕ,А НЕ ДА СЕ ДОКАЖУВАМЕ
Би сакале да ви обрнеме внимание со тоа што ќе ви кажеме неколку зборови повеќе за нас, иако веќе претходно сме кажале, но како едно надополнување за тоа кои сме ние како Црква. Од самиот почеток наидовме на бурни реакции од одредени луѓе кои не нарекоа со секакви имиња и не класифицираа во секакви секти, но тоа го направиле затоа што се постојано погрешно упатувани од големата пропаганда која ја врши мпц. (мпц е напишано со мали букви зошто е непризната црква).Остануваме тука на нашата веб страна. Како што веќе рековме, ние не сме под јурисдикција на СПЦ, ниту пак сме ПОА, туку припаѓаме на Вистинската Единствена Апостолска Православна Црква. Но пред сето тоа, ние сметаме дека треба да ви ја кажеме вистинската состојба во мпц, едноставно не можеме да ве држиме во лага. Треба да се каже вистината, иако тоа повлекува ваши прашања, но за се можете да прашате во линкот за Прашања и Одгвори каде ќе ви се дадат адекватни и реални одгвори. Да ви напоменеме дека оваа Црква е строго одредена ВО СВОИТЕ СТАВОВИ ДА БИДЕ И Е ПРОТИВ ЕКУМЕНИЗМОТ, ЕРЕСОТ И СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ НА ПАТОТ ДА СЕ СОЕДИНАТ СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА КОЈА САМАТА СЕ ОДВОИ И ЈА ОГРАБИ ЦРКВАТА НА ГОСПОДА, ПРОТИВ ОНИЕ КОИ ВОВЕДУВААТ НОВИ ЦРКОВНИ ОДРЕДБИ КОИ ВЕЌЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК СЕ ВО ЦРКВАТА ОД 33-та ГОДИНА..Каква е ползата, браќа и сестри мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси? Ако некој брат или сестра се без облека и имаат потреба од секојдневна храна, па некој од вас им рече: “Одете си во мир, стоплете се и наситете се!”, а не им го даде она што им е потребно за телото, каква е ползата од тоа? Така е и со верата, ако нема дела, мртва е сама по себе.

ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ГОСПОДA
Вие кои сте крстени и верници во Господ Исус Христос кои ја применувате Неговата молитва сакаме уште повеќе да ја отвориме вратата кон патот кој води кон Господ и сите ние заедно во манастирот да ја почуствуваме големата љубов од Господ, Неговата милост и човекољубивост. Само така е можно да живееме во една Црква, во една заедничка душа и заедно дa ја славиме Неговата Слава, да бидеме се поблиску до Него и на секое наше Неделно среќавање дa Гo величаеме сето она кој Tој ни го сoздаде и даде на сите нас. Да веруваш не е да се срамиш, но и не да се гордееш, да веруваш е дар од Господа и затоа и ние тука во манастирот „СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ„сакаме да ви подариме и да ви даруваме се што е и што води кон Господ. Затоа мили браќа и сестри во Господа да нe дозволиме да си сoздаваме искушенија туку да си имаме убави зборови и бесрамно да се гледаме сите на Неделната Света Литургија. Многу пати ќе имате многу нешта да прашате но многумина се срамат, многумина ете можеби и незнаат како да прашаат за нешто што им треба. Не срамете се , туку прашајте го секој од нас кој е близу до вас, а тој кој не знае ќе ве испрати кај оној кој ќе може убаво да ви објасни. Да,за палење на свеќи?Тоа е посебно прашање,а еве од некое си манастирско и црковно познавање сме гледале дека мирјаните кога палат свеќи палат многу повеќе oтколку што има потреба или значње. Палењето на свеќи е од големо значење во Православието,но ако палиме свеќа за една наша роднина, а тие се неколку членови, палиме една свеќа но на свеќата ги именуваме сите членови од неговата куќа по име, значи за секоја куќа по една свеќа е доволно, за секој еден поединец една свеќа, но за едно семејство по една свеќа е доволно. Кога доаѓате да не посетите и сакате нешто ете да донесете ,тоа е за нас од Господа, и сите тие дарови нека се во вино, кое ќе се служи за во Службата на Причестување и слично, брашно за просфора и насушниот леб, маслинов зејтин за кандилата но многумина им е најлесно да остават пари кое не носи добро. Зошто тоа го велам? Се сеќавате во Евангелието кога Господ ги истера сите оние кои во храмот продаваа и парите ги броеја, заради тоа што тоа не е од Господа, парите секојпат се само кавга во куќата, а ние тоа не го сакаме да биде помеѓу нас туку секојпат Господ да е со нас и помегу нас сите. Затоа мили наши браќа и сестри во Господа, запалете свеќа, помолете се на Господа, постете, исповедувајте се и причестете се што повеќе зошто тоа е подобро за вашето тело и душа, а парите нека бидат за вашето домаќинство.Пари на иконите не ставајте затоа што со тоа вие Господа не го купувате или помагате, туку тешкотии создавате. Дојдете, помогнете ни кога е берба на житото, пченката, компирите да ги извадимe од земја, зелката да jа собереме, токму тогаш на Господ сте му помогнале и благости добиле.Така сте ни сите добродојдени и за добро и за лошо со Господ се заедно ќe решиме.
Македонска Вистинска Православна Црква, неeкуменистичка, неeреска, не е во состав на расколната самонаречена македонска патријаршија на т.н. мпц-оа од многу причини од кои најголема и најсериозната е сеересот на екуменизмот кој во расколната мпц активно се спроведува со децении сосема јавно и во зборови и во дела.Црквата јавно ги осудува срамните постапки на гробиштата во Кавадрци,каде самонаречената мпц си зема за право да го стопира погребот на еден наш сограѓанин кој се упокои во Господа и требаше да биде испратен со сета почит и сите Православни обреди како му припаѓаат на секој еден Православен жител.Оваа МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА не е во состав во ниту една ЕКУМЕНИСТИЧКА НОВОПОЧНАТА ПАТРИЈАРШИЈА И ПАТРИЈАРСИ КОИ СЕ ВО СОСТАВ СО ПАПАТА И ВАТИКАН. Светската историја воопшто е непрестана борба – битка меѓу два непомирливи религиозно-политички принципи: теократија и сатанократија. Таа немилосрдна борба на двата табори кулминира во 1917 година со доаѓањето на власт на сатанократијата која се встоличи на урнатините на руската теократија. Отстранет е оној кој ја спречуваше експанзијата на Тајната на безаконијата – последниот богољубив помазаник Божји, православниот цар. Тајната на безаконијата, за која уште зборуваше апостол Павле дека уште во тоа апостолско време таа почнала да дејствува и незапирливо да се шири. Додека пред 1917г правилата само делумно се прекршувале во животот на православните цркви, во наредните 10 години тајната на безаконијата се вовлекла во самото срце на нејзината надворешна организација отстранувајќи ги последните побожни владици и водејќи ги помесните автокефални Цркви кон отпаѓање од вистината. Тоа довело до појава на движење на отпор против официјалните паднати Цркви, кое станало познато како „Вистинска Православна“, односно „Старокалендарска“ или „Катакомбна“ Православна Црква, спротивно на нивните псевдо-православни или новокалендарски или „надземни“ официјални пандами. Најважните меѓу нив биле Вистинската Православна или катакомбна Црква на Русија, Вистинска Православна или Старокалендарска Црква на Грција и Романија и Руската Загранична Црква. Така за разлика од надворешното единство, богатство и бројност на Црква на православното христијанство од 1914 година, денес пред нас, имаме слика на нивните мали и однадвор прогонети остатоци. Во почетокот на XX век се појави поделба за која веќе сега може да се каже дека до крај е остварена: од Православната Црква се одвоило т.н. „светско“ или „екуменистичко праволавие“ – изгубена е врската со Црквата на Светите Отци, Светите Собори и Светото Предание, а во псевдо-црковната структура се протегаат ереси на екуменизам, модернизам и сергијанство кои водат во пропаст. Основата на „светското православие“ во суштина е хиерархија која отпаднала од Христа и која по себе повлекува луѓе кои се сметаат за православни, но не знаат што е всушност Православието. За тие луѓе, кои светоотечкото учење за Црквата го замениле со римски папизам или протестантизам, значењето на епископот се сведува пред се на функција на црковен администратор или на улога на некаков авторитет кој е недопирлив за било каков човечки суд и во кој – само во него!- е содржана Црквата. По светоотечкото, пак, учење, изразено кај Свети Максим Исповедник, Црквата се состои „во правото и спасоносното исповедување на верата“ и согласно на тоа, во секој човек – носител на таа вера. Сепак, без епископ нема Црква и затоа додека постои Црква на земјата, ќе постојат и православни епископи. Како да се постапи ако Црквата, заради некои причини (смрт или отпаѓање од Црквата) останала без свој епископ, а православни епископи нема во близина, или не е воспоставено општење со нив? Во тој случај Црквата може привремено, до присоединување на конкретен православен епископ, да го спомнува „целото епископство на православните“. Така на пример, во XIII век, при смената на Константинаполскиот патријарх, се до изборот на новиот, монасите и клирот на патријаршијата го спомнувале „целото епископство на православните“, а во грчката Италија од X до XVI век Црквата исто така го спомнувала епископството во целост. Вистинската Православна Црква која се одвоила од отстапниците, цврсто го чува православното учење за Епископот и Црквата која е дел од Светото Предание. Ние сакаме да бидеме верни чеда на нашите Свети Отци, учителите на Православието и да живееме токму во онаа Црква во која живеат светите Апостоли, светите Пророци и Маченици и сите Светители и затоа не сакаме да одиме со отстапниците на православието од овој свет кои дрско го газат црковното учење и им се исмеваат на светите. Не сакаме да одиме со т.н. „патријарси“, со нивната хиерархија и „духовни старци“ кои ги поддржуваат, со заблудени пастири и народ, зошто сме научени од светите дека постојат две патеки – патеката на животот и патеката на смртта, патот на светлината и патот на темнината, патот на Светите Отци и патот на отстапниците и еретиците, „прогонителите на добрите, мразителите на вистината и љубителите на лагите“. Нека Светите Отци ни бидат патеводци на царскиот пат на Вистинското Православие! Меѓу современите православни христијани колку има такви кои имаат храброст да побегнат од екуменистите и да се одвојат од општењето со нив? Многу малку. Навистина, стадото Христово секогаш било мало! Мало стадо. Сите кои останале верни сведоци на Вистината во светот се непросветена толпа, непознавачи на Законот, со своите страсти и разногласини, со својата умствена ограниченост. Дали некој од првенците или од фарисеите поверувал во Него? Туку, проклет е овој народ што не го знае Законот (Јн. 7, 48-49). Кој богослов, кажете ми, станал вистински православен? Кој професор на факултет станал вистински православен? Кој од денешните современи беспрекорни епископи станал вистински православен? Ниту еден мудрец, ни некој силен од овој свет не ја следел толапата непросветени вистински православци, тој „мал број“ на Галилејци, кои удираат во клепалото, како што тоа некогаш го правел Ное, за да ги повика животните во арката. Оваа мала толпа извикува: Македонската патријаршија се наоѓа во целосна согласност со екуменистичките еретици, во раскол и создавање на омраза меѓу својот народ со најодвратни синкретисти. Погледнете наоколу како луѓето мирно пребиваат на своите места, како „благоразумно“ се причестуваат , венчаваат и крштеваат во големи и прекрасни храмови. И погледнете колку многу се – познати лица, интелектуалци, свештеници, учени епископи, старешини, книжевници, фарисеи, законици. Што да се каже, зарем сите тие луѓе се наоѓаат во незнаење и зарем само вистинските православни знаат се? Вистинските правослвни може и да не знаат се, но едно знаат-дека тие се наоѓаат во согласност со Исповедниците, Отците, Пустиниците, древните Маченици, Новомачениците и Апостолите. Што се однесува до нив, тие се малку, но ете, вистинските христијани секогаш биле во мал број. Тие не се моќни, но и Апостолите биле немоќни. Нив не ги загрижува тоа што се неуки, зошто ете и самиот Христос бил неук. Тие водат борба само за едно-како да ја сочуваат верноста на Православието, како да останат во Црквата и како да влезат во арката. А што се однесува до екуменистичките и новотарските учења, кои произведуваат толку длабок впечаток на своите ученици и на целата таа маса на парохјани и монаштво кои се наоѓаат во официјалната „црква“ која е распространета по целиот свет и призната од светот, на тоа вистинските православни одговараат заедно со Свети Теодор Студит: „Оној кој се потруди да му угоди на Бога има предност над илјадниците кои се фалат со својата саможивост. Кој пак, од оние кои здраво мислат, не сака попрво да биде во бројот на неколкумината кои тежнеат да стекнат спасение одејќи по тесниот пат, отколку да биде во бројот на многумината кои по широкиот пат одат кон пропаста? Ти, пак, ако ти е по волја, дај му предност на големиот број на давеници наспроти Ное кој се спасува, а мене дозволи ми со малобројните да влезам во арката“.

Светиот Синод, Mитрополитот на Црквата со Советот на Македонска Вистинска Православна Црква на состанокот што се оджа на 3, 4 и 5 јануар 2011 го донесе следново:

ПРАВИЛА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ВО НАШАТА СВЕТА ЦРКВА
1.Строго е забрането за свештството (епископи, свештеници, ѓакони) како и за мирјани, читатели, монаси, кои се стремат кон свештенството и монашкиот живот: да пушат, прекумерно да пијат, да посетуваат клубови, кина и други места каде што може да се навреди моралноста и религијата воопшто.
2.Свештените лица и монаси, надвор од граѓанските работа (освен на настава кога треба да носат расо) мора да носат свештеничка облека која се состои од туника и појас за епархиски свештеници, појас за јеромонаси и јероѓакони монаси, горна мантија старо словенски стил, риза кога е можно, задолжително со официјалните акти.
Од 1 мај до 30 септември, поради топлина може да се земе само качулка (или појас), од 1 Октомври-30 април се бара: расо, појас, капа, риза. Во случај на настинка може да се користат под јакна риза или друга облека соодветна на црковна одежда.
3.Секуларното свештенството и монасите мора да носат бради, а косата долга и може да се третира умерено.
4.Животот на монахот, како и на јеромонахот и јероѓаконот е составен од молитвата, учење и рачна работа. Во нашата црква не е дозволено монахот да живее во надворешниот свет, оти во надворешниот свет се случуваат големни тешкотии ,опасности и стапици и тешкотиите тешко може еден монах сам да ги совлада.
5.Во однос на интелектуалната подготовка на идните свештеници задолжително е четиригодишно теолошко, литургиско и духовно школување.
6.За оние кои веќе ги имаат завршено студиите во Римокатоличката теологија или за оние кои доаѓаат како свештеници од Римокатоличката Црква, потребен е соодветен подготовителен период (1-2 години) пред да биде ракоположени.
7.Свештениците и монасите, додека работат во светот, имаат моменти на молитва и размислување најмалку три пати на ден.
8.Секој свештеник или монах, што ќе го изберете како духовен водач и исповедник, и се придржувате на неговите насоки во внатрешниот и надворешен духовен живот, е секогаш послушен на директивите и предлозите на Митрополитот.
9.Секој член на Црквата,свештенсвото или мирјаните,треба да почека за канцеларија која му припаѓа нему и на сите што им е доверена од страна на поглаварот или некој во негово име.
10.Се препорачува за секого (свештенството и народот) смиреност, својствата на говорот и однесување како што имал Господ и неговите ученици.
11.Свештеник или монах кој ја остава нашата јурисдикција (или е отпуштен), не може да биде повратен, освен во некои исклучоци доколку се чини дека тоа е соодветно на Поглаварот.
12.Документите на оние кои заминуваат или се истерани, остануваат во базата на податоци и не може да бидат вратени.
13.Оној кој се стреми кон ѓаконство или свештенството, и е во брак, станува ракоположен. Добро е неговата сопруга да е со православна вероисповест. Ако сопругата на ѓаконот или свештеникот се упокои, тие не смеат да се преженат.
14.Датумот на годишниот Синод се одредува во првата недела од септември за три последователни дена: петок, сабота и недела.
15.Нашата еклисиологија не ги признава тајните на Римокатоличката црква.
16.Светиот Синод одлучи дека поглаварот на Македонска Вистинска Православна Црква секогаш мора да биде Македонец,роден во македонија.
17.Црковните служби се отворени за сите, но само православни верници учествуваат во Евхаристијата. Ако сакате да земете учество во Евхаристијата, мора да бидете на време на црквата.
Православен христијанин може да земе учество во Евхаристијата само во православна црква. Треба да пости во среда и петок,да ги чита неговите молитви наутро и навечер од молитвеник,да има запалено кандило или свеќа и темјан (во неделите и на празници) пред икона, читање на дневниот текст од Библијата и да учествува во црковни служби толку често колку што е можно повеќе.
Овие правила треба да се исполнат за да помогнат на патот на нашиот духовен живот.
Неговaта Светост Архиепископ и Патријарх Јован-Хаџи
07.01.2011 Година Господова


Неговата Светост Архиепископ и Патријарх на Македонска Вистинска Православна Црква на Македонија и македонскиот народ во дијаспора,Палестина и цела Скандинавија, +++Јован-Хаџи
со Светиот Архиерејски Синод на Македонска Вистинска Православна Црква претседава Неговатан Светост, Архиепископот и Патријарх Јован-Хадји.

СИНОД НА МВПЦ
.Архиепископ Даниел прв секретар на Македонска Вистинска Православна Црква
arhiepiskopdaniel@mvpcsvjk.org
.Епископ Мелкиседек Македоноија,Палестина и целиот свет
episkopmelkisedek@mvpcsvjk.org
.Епископ Спиридон Македонија,Палестина и Молдова
episkopspiridon@mvpcsvjk.org
◦Епископ Скандинавски г.Димитрие (хиротонија: 21. 06. 2009)
episkopdimitrie@mvpcsvjk.org
◦Епископ Европски г.Митракис
episkopmitrakis@mvpcsvjk.org
Архимандрит Aдминистратор Палестински – Мелитиус
arhimandritmiletius@mvpcsvjk.org
◦Епископ Полошко-кумановски г.Јеремие
episkopjeremie@mvpcsvjk.org
◦Епископ Преспанско-пелагониски- г.Серафим
episkopserafim@mvpcsvjk.org
◦Епископ Струмички г.Јосиф- (хиротонија: 6.08.2010)
episkopjosif@mvpcsvjk.org
◦Епископ Повардарски – г.Јован II
episkoppovjovan@mvpcsvjk.org
◦Епископ Хераклејски г. Симеон (хиротонија: 12. 07. 20010)
episkopsimeon@mvpcsvjk.org
◦Епископ Велички г.Јаков (хиротонија: 7. 10. 2012)
episkopjakov@mvpcsvjk.org
◦Епископ Лешочки г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)
episkopljosif@mvpcsvjk.org
СВЕШТЕНСТВО И МОНАШТВО
Ѓакон –Тодор
gakontodor@mvpcsvjk.org
Ѓакон – Доротеј
gakondorotej@mvpcsvjk.org
Јеромонах – Серафим
jeromonahserafim@mvpcsvjk.org
Игуманиа на манастир СВЈК- Емилија
majkaemilija@mvpcsvjk.org
Манастирот СВЈК има 18 монаси и 12 монахинњи
Искушеничка Кристина,Елена,Вера,Бисера,Борка,Дафина,Елена,Зора,
Василка,Дамјанка,Верица,Бојана,Македонка,Милка,Нада,Павлина,
Костадинка,Софија,Горица
Искушеници
Атанас,Серафим,Андон,Спасе,Герасим,Гоце,Лазар,Кирил,Наум,Ристе,
Стојче,Ристо,Љупчо,Методиј,Митре,Никола,Стефан,Трајан,Тихомир,Јане,

Добредојдени се сите оние кои сакаат да ја спасат Христовата Црква и Македонското Вистинско Православие.
Вие кој што сте во состојба и сакате да дарувате на Црквата користете ги овие податоци:
Makedonska Vistinska Pravoslavna Crkva
BIC: DNBANOKKXXX
IBAN:NO9115032839085
KONTO-SMETKA:15032839085
КОНТАКТ:
Емаил:tvojotglas@mvpcsvjk.org
Тел: +47/94053739
Зачленување во Македонска Вистинска Православна Црква испратете на:

Емаил:tvojotglas@mvpcsvjk.org

РЕГИСТРАЦИЈА НА ЦРКВАТА
Brønnøysundregistrene:Директорат за Регистрација
Број на Регистрацијата: 998401747
Црквена Организација: МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Адреса: PostBoks 6678,Rodeløkka,0502 Oslo Norway
Форма на Организацијата: Религија,Црква
Општина: Осло
Држава: Норвешка
Eмаил:tvojotglas@mvpcsvjk.org
Internettadresse: www.mvpcsvjk.org

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА
Пости и молитвословја и секогаш сите заедно да јадеме од едниот Леб и да пиеме од едната Чаша, и да ни бидат Трпезата Господова и словото Божје сета утеха од сега и до века, од Господа молиме. Подај, Господи!
Нашиот благоверен народ и учителите да се сочуваат и избават од нецрковното и неблагодатното и неподвижното богословје, од Господа молиме. Подај, Господи!
Нашата биднина да поминува во состојба на присуството Божје, и во неуморната борба по Бога со срце смирено да го запленуваме Спасителот наш – Исуса Христа, од Господа молиме! Подај, Господи!
Уште се молиме секадеприсутниот Дух на Вистината и Ризница на добрата да ги запре нечистите мисли во нашите умови и да нѐ просветли со богоугодна мисла, да ја отклони оградата на нашата себичност и себељубје и да ја всели во нас Својата благодат, та жедта наша за знаење во жед за славословје да се претвори, од Утешителот просиме! Подај, Господи!
За непоколебливост на богоспасителните свети Божји Цркви, за достојно претставување и пројава на Католичната Црква во нашите епархии, парохии и манастири, за свест на нашите лаици за нивното царско и свештеничко достоинство и служење, и за победа на Народот Божји над духот сектин, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Уште се молиме Господарот на изоблините жетви да изнесе на својата нива доволно работници на Духот Свет, и на Својот посветен народ Тој да ги праќа посакуваните пастири претстојатели. Подај, Господи!
Господ да нѐ избави од духот себедопадлив, себељублив и себеобожлив, кој и на надворешно украсување и бојадисување и маскирање нѐ нагонува, па да ни подари ревност за соборно живеење и себеукрасување со добродетели, од Господа молиме.Подај, Господи!
Господ да не заштити, спаси, помилува и сочува од духот на сите страсти што владеат во светот, од секаквовидно обессветување на телото и душата, и од кремации на телата кои се храмови на Духот Негов Свет, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
За покаен дух и за одрекнување од телеснопохотниот дух, измами и пустошења на децата Божји, и за утврденост во дарот и во призивот со кои сме призвани, на Господа да се помолиме. Господи, помилуј.
Уште се молиме праведниот гнев Божји да ги скроти сите оние кои загушени од демонот измислуваат богохулни игри и сладосртастја, па и тие да се покајат. Подај, Господи!
За заштита на сите деца во светот од телесни злоупотреби, и од смртоносниот бел прав, од секаквовидни безвредни и лоши ствари и разорна музика, од суета и распустна забава и спиритизам, виртуелна магија и разорна фантазија, од помодарска и ревијална суета и расипништво во време на глад и беда и болести на нашите ближни, и од секакво нечесно работништво и добивање, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Човекољубивиот дух на вистина, правда и покајание да проникне низ сите неправедно обогатени поединци и во нивните работништва, та и тие да им помагаат на сите сиромашни и невработени ближни свои во слава на Бога, од Господа молиме. Подај, Господи!
Просветени со Духот Свет, Духот Вистинит, да не оддаваме слава на суетни и страстни луѓе и на лажни пророци и „ѕвезди“ – паѓачки, туку да се уподобуваме во Христа како сите Свети Негови, од Господа молиме. Подај, Господи!
Добриот Утешител и секадепрустутниот Вдахновител да нѐ заштити од разорната моќ на индустријата на сните, и Тој да ни биде ризница на добрините, од Господа молиме. Подај, Господи!
Да се вразумат и покајат сите заслепени продавачи на тела и души кои ги продават на прозлобни луѓе и демони, и да се покајат сите истополни блудници – мажи, жени, деца, магови и магиси, на Господа да се помолиме. Господи помилуј.
Својата животворна сила за творење и раѓање сите сопружници да ја свртуваат од белата чума кон детската радост, а многубројните меѓу нив, своите страсти кон домашните миленичиња да ги насочат во љубов кон сопствените деца, од Господа молиме. Подај, Господи!
Уште се молиме сосема да престане уништувањето и злоупотребата на зачнатите деца Божји во македонскиот народ, и во сите христијански народи, и во целиот свет, а да се врши заповедта Божја за раѓање и множење и населување на целата Земја. Подај, Господи!
Заштита од секаков спиритизам и магија и вештерство и коцка на јуноста наша од Господа молиме. Подај, Господи.
Заштита и избавување од сите бели и црни магови, вештици и вештери, гуруа, погодувачи и хазардери, и за нивно покајание, повторно и пак од Господа молиме. Подај, Господи!
Да ги распнуваме своите страсти и желби и да не ја чиниме волјата на телото и помислите, туку сѐ да правиме во љубовта Христова, од Господа молиме. Подај, Господи!
Уште се молиме што поскоро да се скрши дланката на козмократоторот и козмотиранинот што во потајност го крои и прекројува Божјиот свет, и веќе да не онесреќува и уништува неизбројно мноштво луѓе, и за нивното покајание, да се помолиме на Господа. Подај, Господи!
Да се истреби лихварството и нечесната заработка, и веќе да престане трговијата со белото робје и новороденчињата и фетусите и телесните органи на живите и упокоените луѓе, повторно и пак на Господа да се помолиме. Подај, Господи!
Да се спасиме од прекумерието на мамонските емисари што со валкани пари ги потиснуваат малите народи, и за нивно покајание, од Господа молиме. Подај, Господи!
Од самиот почеток Господ Исус Христос ни кажува како да живееме,како да се молиме и во кого да веруваме! Јасна е сликата дека сите тие кои поверуваа во него и ден денес веруваат.

ТОЈ НЕ ОПРЕДЕЛИ
Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места,зашто не избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. Како што не и определи однапред за да не посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува во Возљубениот, во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат, која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него, за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата, за да соедини повторно во Христа, се што е на небесата и што е на земјата во Него,во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави се по советот на Својата волја, за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе од порано се надевавме во Христа. Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината, Евангелието на вашето спасение и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето. Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост за пофалба на Неговата слава. Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети,не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него,и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите, и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме според дејствувањето на Неговата моќна сила,чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места, далеку над секое началство, и власт, и сила, и господство и над секое име, кое се спомнува не само во овој свет, туку и во идниот. И се Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над се на Црквата, која е Негово Тело полнота на Оној, Кој исполнува се во се. Никoгаш нe нарушувај гo пoстoт вo срeда и вo пeтoк. Тoј пoст e запoвeдан oд Црквата и e дoбрo oбразлoжeн. Акo нeкoгаш вo живoтoт си гo нарушил oвoј пoст, мoли сe на Бoга да ти прoсти и пoвeќe нe грeши. Благoчeстивитe луѓe нe сe смeтаат сeбe си за разрeшeни oд тoј пoст,ни на пат, па дури ни вo бoлeст. Свeти Пахoмиј eднаш срeтнал луѓe кадe штo нoсат мртoвeц и видeл двајца ангeли вo пoвoрката. Тoј пoчнал да сe мoли на Бoга да му ја oткриe тајната за присуствoтo на ангeлитe при закoпoт на тoј чoвeк. Каквo дoбрo направил тoј чoвeк за да гo придружуваат свeти ангeли Бoжји вo спрoвoдoт дo грoбoт? Тoгаш, пo Бoжја прoмисла, сe приближилe свeтитe ангeли дo Пахoмиј и вака му oбјаснилe: “Eдeн oд нас e ангeл на срeдата, а втoриoт e ангeл на пeтoкoт. Па какo штo oвoј чoвeк сeкoгаш, дури и дo самата смрт, пoстeл вo срeда и вo пeтoк, затoа и ниe сo чeст гo спрoвeдувамe нeгoвoтo тeлo. Какo штo тoј дo смртта гo сoчувал пoстoт, затoа и ниe гo прoславувамe”.
Нека Господ Бог не Спаси и Благослви!

ВО МАНАСТРИОТ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

ЖИВОТОТ ВО МАНАСТИР БЕЗ ВОДА И ХРАНА ДО 13 ЧАСОТ
Во манастирот на МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА живееме според Атонскиот Типикон.
Карактеристично е тоа што во среда и петок имаме предходно освештени литургии кои се поврзани со вечерната служба.
Најважната работа во животот на монахот е дневната програма (распоред). Таа се заснова на молитви, но од друга страна и на дневни обврски, учење и одморање. Нашиот манастир го следи Типиконот на Света Гора со некои потребни промени. Поконкретно, ние стануваме во 03:00 часот и имаме лични молитви (канона) во секоја монашка ќелија. Заедничката служба почнува во 04:00 часот (часови, Божествена Литургија) се до 08:00 часот. Потоа појадуваме (освен кога постиме) и малку се одмораме. Потоа секој монах ја извршува својата работа: готвење, хранење животни, работење во градината, столарија, чистење, сликање икони и т.н. Овие работи се чинат како да немаат ништо духовно, но во манастирот сите овие работи имаат посебно значење. Монасите не работат за да заработат, туку на ваков начин тие ја нудат својата работа за да му служат на Бога. Во 13:30 часот тие имаат параклис пред иконата на Богородица и во 14:00 часот ручаат. Вечерната молитва е во 17:00 часот преку лето, и во 16:30 часот преку зима. По вечерната, во 18:00 часот монасите се слободни да се сконцентрираат на себе, на било каква работа или учење или молитва. Околу 21:00 часот монасите се собираат и имаат лесна вечера (освен во пост) пред последната служба, вечерната богослужба. На крајот од оваа служба монасите си простуваат еден на друг за се што тие си сториле во текот на денот „и прости ни ги нашите гревови, зошто ние им простуваме на сите наши должници“. Многу често има бдеење од 22:00 до 05:00 часот. Овој типикон почнува од почетокот на манастирскиот живот. Монасите ги жртвуваат часовите за одмор поради нивната љубов кон Бога. Ние обично имаме ноќни служби за празници кои се посветени на нашиот Господ и Мајка Богородица, како и во чест на некои големи светители.
За време на Велигденските пости типикот е изменет.Во тоа време ништо не јадеме и ништо не пиеме додека не заврши вечерната служба.
Кога после тоа ке ја примиме Светата Причест, таа благодат не се опишува, таа мора само да се доживее.
Во овој период многу малку спиеме,затоа што во тоа време е благодатта најголема.

СООПШТЕНИЕ ДО ВЕРНИОТ НАРОД:
Секој еден православен верник може да се Исповеда и Причести само во една Православна Вистинска Црква,.
Секој еден може да присуствува на една Света Неделна Литургија но не може да биде
Исповедан и Причестен.
Свештениците на Македонска Вистинска Православна Црква не наплатуваат за ниедна црковна услуга која ја извршуваат во името на МВПЦ.


ДО СИТЕ ВЕРНИЦИ И ПОСЕТИТЕЛИ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА
Иако до сега објавивме голем број текстови на објаснување и прикажување на постоењето на Вистинската Православна Црква, сепак не е јасно за голем број од луѓето и потикнати од денешното објавување на написот во дневниот весник „Вечер“, би сакале повторно да додадеме уште едно објаснување за состојбата воопшто во Православието.
Постои Всленеска Православна Црква, со седиште во Константинопол (Цариград)- Истанбул, под која припаѓаат канонските Православни Цркви и тоа: Руската Правослвна Црква, Романската Православна Црква, Бугарската Православна Црква, Српската Православна Црква, Грчката Православна Црква и други кои имаат Патријарси како примати и се автокефални и под нив припаѓаат автономни Православни Цркви кои се под раководство на Архиепископи, Митрополити. Сите оние кои не се во единство со овие какнонски цркви се расколни и не се признати од никого, ниту пак може да сослужуваат со свештени лица од други православни цркви. Таков е случајот со МПЦ.
Од друга страна пак, Вселенската Црква, значи сите сегашни канонски цркви, незапирливо и многу отворено итаат кон екуменизмот-прифаќање и сослужување со клирици на сите отпадници на догматите и каноните на Православната Црква: Римокатолиците, Протестантите, и сите оние секти кои произлегоа од Протестантизмот, и други вери. Тие многу отворено го покажуваат ова движење на чело со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Има веќе високи клирици кои не се согласувале со ваквото водење на црковната политика и се затворени, како што е примерот со Ерусалимскиот Патријарх Иринеј II, кој е веќе неколку години во куќен притвор, а на негово место е поставен ТеофилI.
Заради оваа состојба во канонската Православна Црква, која трае со децении и се повеќе се влошува, се појавува Вистинско Православие, кое со големо право, дадено од црковните канони, не сакаат да бидат во заедница со овие екуменисти и еретици и затоа се основаат Вистински Православни Цркви. Тие сите го исполнуваат догматот на една света соборна и апостолска црква, клириците заедно сожлужуваат и сите оние манастири кои сакаат да бидат во заедница со Вистинските цркви, стануваат егзархати. Со цел да се одржи Христовата вера во својот оригинал, онака како е предадено од страна на Неговите ученици, Светите Апостоли, без примеси на современиот живот, туку древна како што ја исповедале ранохристијаните, затоа е основана Вистинската Православна Црква.
Доколку клириците на МПЦ сакаат да се соединат со МВПЦ и да си го задржиме нашето древно наследтсво, но под правите изворни канони, секогаш ќе бидат добродојдени. Ние сме за Христова Црква во која ќе владее скромноста како доблест зошто Господ на себе имал само две облеки и не се кител со ништо, како што и самиот покажа во Евангелието во беседата на гората за тоа колку треба да се грижиме што ќе облечеме или јадеме или пиеме, зошто за тоа се грижи нашиот Небесен Татко, а исто така кога ги преврте масите на трговците полни со пари во храмот во Ерусалим.
Мислам дека успеавме да ви ја приближиме сликата на нашата вера во се што е до правата Вистина. Повторно ви предложуваме и советуваме прво да убаво да ги разгледате и прочитате нашите текстови пред да донесете било каков избрзан заклучок. Православната вера во својата вистинска смисла е пред се, а потоа се останато, зошто правиот пат не води кон небесата и вечниот живот. Господ рече: „Јас го победив светот“. Значи земните работи се споредни во однос на Христовата вера и Неговите закони. Најмудрите се оние кои се плашат од Судот Божји, а сите тие кои земските мудрости и премудрувања му се пред верата, тој не оди по вистинскиот пат. Но, Господ никој никого на сила не го тера, Тој ни остави слобода да избираме како ќе го живееме овој живот. Слава на Господа.
Господ нека ве Благослови
+++Јован-Хаџи
19.09.2012 света година
Осло Норвешка

This entry was posted in Мвпцсвјк. Bookmark the permalink.

Comments are closed.