МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО ОД ВЕЛИГДЕН ДО ТОМИНА НЕДЕЛА

Полуноќницата, утринските молитви, часовите, повечерието и молитвите пред спиење се вршат по ова правило:
Со молитвите на Светите Отци наши Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин.
Христос Воскресе од мртвите, со смрт смртта ја уништи, и на сите во гробовите живот им дарува. (трипати)
Откако го видовме Воскресението Христово, да се поклониме на светиот Господ Исус, единствен безгрешен. На Твојот Крст се поклонуваме, Христе, и светото Твое Воскресение го пееме и славиме; зошто Ти си Бог наш, освен Тебе друг не знаеме, името Твое го именуваме. Дојдете сите верни, да се поклониме на светото Христово Воскресение. Зошто, ете, преку Крстот дојде радост за целиот свет. Секогаш благословувајќи го Господа, да го пееме Воскресението Негово; зошто заради нас претрпувајќи Крст, со смрт смртта ја разурна. (трипати)
Ипакој, глас 4:
Претекнувајќи го утрото Мироносиците со Марија, и наоѓајќи го каменот одтркалан од гробот, слушнаа од Ангелите: Зошто со мртвите како човек Го барате Оној Кој е во вечната светлина? Видете ги погребните повои, трчајте и на светот проповедајте: дека Господ воскресна, умртвувајќи ја смртта, зошто Тој е Син на Бога, Кој го спасува човечкиот род.
Кондак, глас 8:
Иако и во гроб си слегол, Бесмртен, адовата сила си ја разорил, и воскресна како Победител, Христе Боже. На жените Мироносици зборувајќи им: Радувајте се! И на Твоите Апостоли мир давајќи им, на паднатите давајќи им воскресение.
Во гробот телесно, но во адот како Бог, во Рај со разбојникот, и на Престолот си бил, Христе, со Отецот и Духот, се исполнувајќи, Неогранечен.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Твојот гроб – изворот на нашето воскресение, Христе, се покажа како живоносен, како поубав од Рајот, навистина посветол од секоја царска одаја.
И сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.
На Вишниот си осветена Божествена населба, радувај се Богородице, зошто преку Тебе им се даде радост на оние кои воскликнуваат: Благословена си Ти меѓу жените, Себеспрекорна Владичице.
Господи помилуј (40 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вековите на вековите.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено Бога – Словото што го роди, вистинска Богородице, Тебе ние Те величаме.
Христос воскресе од мртвите… (трипати). Слава: и сега: Господи помилуј (трипати)
Со молитвите на Светите Отци наши Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин.

This entry was posted in Молитвеник. Bookmark the permalink.

Comments are closed.