ЗА ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ

IMG_5533
За темата на причестувањето постои раширена заблуда која воопшто не го отсликува изворното православно доживување. Некои веруваат дека причестувањето е дозволено само – три пати годишно. Таквото сфаќање е сосема погрешно и далеку од вистината. Тао го извртува изворното православно доживување и сериозно го загрозува православниот духовен живот. Целосно го извртува православното христијанско учење за Светата Евхаристија и со себе носи духовни опасности за верниците кои духовно се подвизуваат.
Која е тука вистината
Која е вистината за оваа спасоносна тема на причестување која претставува основа и темел на духовниот живот?
Тајната на Боженствената Евхаристија претставува средиште на животот на Црквата. Извршувајќи ја тајната на Боженствената Евхаристаја и учествувајќи во неа, се втелуваме во мистичното и диховното Тело Господово и се соединуваме со Господ. Без свесно учествување во тајната на Боженствената Евхаристија немамо духовен живот ниту се здобиваме со спасение.
Но, свесното учествување во тајната на Боженствената Евхаристија неминовно го наметнува причестувањето со Телото и Крвта Господови. Ние не сме само набљудувачи на Евхаристијата, туку нејзини учесници. Верниците, заедно со свештеникот ја извршуваат тајната на Светата Евхаристија, светотаински доживуваат живот Господов, се причестуваат со Телото и Крвта Христова и така се соединуваат со Христа.Заради тоа на секоја Боженствена Литургија свештеникот се обраќа на верните и ги повикува на причестување со Телото и Крвта Христова велејќи: „Со страв Божји, со вера и љубов пристапете“. Свесните и совесните верници се должни да се отповикаат на овој повик на свештеникот.
Секако, неопходна е душевна подготовка. Потребни се жива православна вера, искрено покајничко расположение, борба против гревот и љубов кон Христос.

Светото причестување: Извор на животот
Целокупната Света Литургија со своите молитви, кои не треба да се изговараат во себе, туку верниците треба да го слушнат, со свои молби и химни, ги подготвува верние за учество во чашата на животот. Оној кој не е само обичен набљудувач, туку и со душата учествува во извршување на тајната на Боженствената Евхаристија, се здобива, со молитви на Светата Литургија со дух на покајување, доживува внатрешно умиление, бара милост Божја за своите гревови, сопатник е Господов на патот кон Голгота, и душата му се осветува. Живее со Господ. Со љубов чезнеејќи за Христа, со смирен дух приоѓа, се причестува со телото и Крвта Господови и станува Богоносец и Христоносец.
Така учеството на верниот христијанин во вршењето на тајната на Боженствената Евхаристија се запечатува со неговото причестување со телото и Крвта Христови.
Тоа е и духовниот живот. Без постојаното причестување нема духовен живот. Боженственото причестување е извор на животот. Самиот Господ рече: „Кој го јаде Телото мое и ја пие Крвта моја има живот вечен“. Боженственото причестување е лек за бесмртност – „ оној кој од Него јаде да не умре“. Тоа е лек бидејќи е простување на нашите гревови и извор на нашето осветување. Не соединува со Господ. „Кој го јаде моето Тело и ја пие мојата Крв, во мене пребива и јас во него“, рече самиот Господ.
Верниците треба да се причестуваат често
По правило верниците треба да се причестуваат на секоја Света Литургија. Секако ако духовно се трудат и живеат духовен живот. За честото причестување не учи прво самиот текст на Светата Литургија и повикот на свештеникот, како што веќе спомнавме. Верниците заедно со свештеникот го преколнуваат Господ при секое причестување: „и удостој не неосудено да се причестиме со Твоите непорочни и животворни тајни…на отпуштање на гревовите, на заедница со Светиот Дух.
Постојат и сведоштва од пракса и животот на Црквата и од беседите на Светите Отци од кои јасно се гледа неопходноста на честото причестување. Делата Апостолски не уверуваат дека првите христијани „биле постојани во апостолското учење, во заедница, во кршењето на лебот (т.е. во причестувањето) и во молитвите“.
Значи центар на животот на првите христијани бил проповедта на Апостолите и учествувањето во Светата Тајна на Боженствената Евхаристија. Деветиот апостолски канон јасно зборува за честото причестување: „Сите верни кои влегуваат (во Црклвата) и го слушаат Светото Писмо, а не остануваат и за време на молитвите и Светото причестување, треба да се оддалечат како оние кои предизвикуваат беспоредок во Црквата“. Значи, по овој канон од Црквата се отсекуваат кои не се причестуваат на секоја Литургија. И Свети Василиј Велики по ова прашање е категоричен. Тој вели: „Да се причестуваш и да го земаш Христовото Свето Тело и Светата Крв секој ден очигледно е добро и корисно, зошто Тој самиот кажа: Оној кој го јаде Телото мое и ја пие мојата Крв, има живот вечен. Зошто кој се сомнева во тоа да учествува постојано во животот не е ништо друго туку повеќе да се живее? Ние се причестуваме четири пати седмично – во недела, среда, петок и сабота, но и во други денови ако е празни на некој светител“.
Овој голем Отец на Црквата не обавестува дека христијаните во негово време се причестувале најмалку четири пати седмично. А од поновите Отци на Црквата, Свети Никодим Светогорец, во своето дело за постојаното причестување пишува: „ Причестувањето со Светите Тајни на сите верници се подразбира и тоа не се случува заради свечтенодејствување, туку да се раздаде оваа Причест на сите верници.
А Светиот патријарх Григириј Петти во својата енциклопедија за постојаното причестување, која ја објавил во 1819 годин, се вели: „Воопшто не се забранува постојаното причестување, ниту се бара да помине период од четириесет дена за да христијанинот повторно се причести, како што некои тоа го мислеле“.
Се ова го потврдува и Литургијата на предосветените дарови
Литургијата на предложените чесни Дарови сами од себе громогласно ја потврдуваат праксата на Црквата за постојаното причестување. Литургијата на Предосветените Дарови служи само за таа цел. Бидејќи за врене на Големата Четириесетница, заради тажниот карактер на овој период од црковната година, не служи Боженствената Литургија која инаку има воскресен карактер, Црквата создала т.е. Литургија на Предосветени Дарови, која во суштина е чин на причестување за верните да можат да се причестуваат и во текот на седмицата. Значи, не само во сабота и недела, кога е дозволено извршување на Светата Литургија во вистинска смисла на тие зборови, туку и во среда и петок, со претходно осветен леб на животот.
Ова е чиста, православна и кристално јасна вистина за постојаното причестување.
Подготовка за причестување со пречистите тајни
Подготовката за често причестување претставу а целокупен живот на христијанинот. Не е тоа подготовка од само неколку дена. Вистинскиот христијанин е должен секогаш да живее со волјата Божја како свој водич. Компас на неговиот живот е словото Божјо, онака како го изразува Светото Писмо и го толкува Православната Христијанска Црква. Верниот христијанин го проучува словото Божјо, за да секогаш знае што е волја Божја и настојува својот живот секогаш да го усклади со неа. И неговитд православно христијанско учење за животот. Треба да ја промислува православната христијанска догми, да верува во нив и да настојува да живее православно христијански. Православната вера е и точно правило на верата во Бога и точно правило на животот и делувањата. Христијанскиот живот е живот на напор и труд да се живее во православна христијанска вера.
Тоа е живот со молитви, често учество во богослужења и свети тајни, живот со црковна свест и совест во напорен подвиг на борбата против гревот и во аскетски труд во животот да се применат заповедите Божји. Тоа е живот со љубов, добрина, трпеливост, воздржаност, чистота, самоконтрола и секојдневно осветување. Христијанинот кој настојува доблесно да живее по Бога и искрено да војува во духовна борба, треба и може да се причестува често, за да се крепи во својот дух со подвизување и да ја осветува својата душа. Таквиот христијанин има свој духовник, се исповедува од време на време, т.е. кога заради нешто чувствува гржа на совест. Него апсолутно ништо не го спречува често да се причестува. Единствен смртниот грев и непокајаноста е препрека на човекот да се причести со пречистите тајни. Христијанинот кој внимава на својот живот и живее во трајно покајание, треба и може да се причестува многу често. Што е можно почесто, ако е можно секоја недела на светата Литургија.
Посебности
За да може човек да се причестува со пречистите тајни и постојано да биде соединет со Господ, особено е потребно: прво-душевна состојба на желба за причестување со Телото и Крвта Господови; второ – духовен живот онаков каков што претходно го опишавме во груби црти; трето – отсуство на омраз, осветољубивост и пакост кон другите; четврто – добри односи со блиските; петто – воздржување од смртни гревови, живеење во дух на постојано покајување и доживотна борба против грвовите и шесто – молитвено расположение и љубов кон Бога.
Не се бара посебен пост
На оние кои живеат по Бога и често се причестуваат, не им се пропишува посебен пост.
Сите христијани, ако не постојат сериозни здравствени причини, се обврзани да се држат по каноните за одредни постови во текот на целата година. А тоа се: а) пост во среда и петок, – воздржување од месо, риба, млечни производи и јајца, освен во Светлата седмица и седмицата од Педесетницата до неделата на Сите Свеи, како и седмицата од неделата на Митарот и Фарисејот до неделата на Блудниот син, кога е дозволено да се јаде се; исто така е дозволено да се јаде се освен месо во Сиропусната седмица; б) постови: Чесниот или Великиот пост, Божиќниот пост, Постот на Светите Апостоли или Петровиот пост и Богородичниот пост, доколку не постојат сериозни здравствени причини да не се пости. Постот е подвиг на возржување. Тоа е голема доблест и должност на сите верни доколку тоа здравјето не им го дозволува. Не постои ниту еден канон кој одредува или пропишува посебен пост пред причест. Христијаните кои се придржуваат на постовите кои претходно ги спомнавме, ако здравствената состојба тоа им го дозволува, може слободно да се причестува секоја недела и на секоја Света Литургија, без никаков додатен пост. И Господ ја предаде тајната на Боженствената Евхаристија и дал Неговите ученици да се причестат сред тајната вечера. Подоцна Црквата, од практични причини, воспоставила причестување без никаква храна претходно, не барајќи да се пости претходните денови. А во пракса Црквата секогаш имала и Свети Литургии служени во вечесрни саати споени со вечерни следниот ден, кога верните можеле да се причестат под услов потполно да се воздржувале од храна барем шест-седум саати. Скоро е овичај, заради стравопочитување кон оваа света тајна, оние кои се причестуваат не земаат мрсна храна веќе од претходната вечер. Многу е погрешно сфаќањето на поедини кои не се причестуваат на неделната Литургија, туку во сабота, зошто во сабота не било дозволено да се пости. Таквиот обичај и таквото сфаќање е заблуда.
Горекажаното не важи за немарните
Горекажаното важи за христијани кои се трудат да живеат по Бога. За оние кои се само по име христијани, а живеат без духовни интересирања, немарен и невнимателен живот и не се чуваат од грев – за таквите не важи горекажаното. Тие млаки христијани обично не се интересираат за често причестување. Сметаат дека е доволно да се причестат само два или трипати годишно, зошто, според нив, така треба. Оние кои на Причеста пристапуваат главно на Божик или Велигден треба задолжително претходно да се исповедаат и да постат во склад со мислењето на нивниот исповедник. Но ни млакиот христијанин кој само изјавува дека е христијанин, а при тоа нема некои духовни интересирања, Црквата не ги занемарува, туку со нежна љубов ги прифаќа во прегратка. Тој, се разбира, не припаѓа во живите членови на Православната Црква. На верницитењ со млака вера по икономија им се дозволува да се причестат два-три пати во годината и тоа секогаш по пост и исповед.
Ова е православно учење
Ова е православното учење за честото причестување. Оваа вистина громогласно ја потврдува и разгласува и самата Света Литургија, но и праксата и животот на Црквата. Реткото причестување сведочи за опаѓање на црквеноста и за изопачувањето на православниот христијански етос. Понатаму сведочи за немарен живот, млака христијанска свест и совест и непознавање на суштината и целта на Боженствената Евхаристија. Значи, оние кои заговараат ретко причестување вршат насилство над православниот духовен живот, го покажуваат своето непознавање на суштината на светата тајна на Евхаристијата и се наоѓаат во најжална прелест или заблуда
МИТРОПОЛИТ ПИРЕЈСКИ КАЛИНИК
chalice

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.