БЕСЕДА НА ЕПИСКОПОТ НА УКРАИНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА НА МОСКОВСКИОТ ПАТРИЈАРХАТ, ВЛАДИКАТА БАНЧЕНСКИ ЛОНГИН НА ПРАЗНИКОТ ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Русь Святая, храни веру Православную, в ней же тебе утверждение

Тврђава / Tvrdjava

maxresdefault-3-620x330
“Зошто живееме? Зошто сме, браќа и сестри, на Земјата? За да направиме зло? Да се убиеме едни со други? Не! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји. Ширете го доброто. Љубете и простувајте. Животот е краток, а последните времиња се наближуваат. Господ ќе дојде да му суди на овој свет. Какви ќе не најде, таков ќе биде Божјиот суд над нас. Бог им прости на сите. Ниту еден грешник не е оставен кој
не може да најде простување. Тој рече: “Јас дојдов да простам.” Ова беше волјата на Господ – да им прости на сите грешници, и сите да не однесе во Царството Божјо.

Но, денес, луѓето не сакаат да му служат на Бога. Затоа ви кажав дека веќе се дојдени тешките времиња. Православните луѓе се измамени од патријарси, епископи, свештеници, кои сакаат да покажат еден поинаков пат кон вечниот живот, но не патот кој Господ ни го остави. Што мислите, браќа и сестри, дали светите Отци на Црквата велат дека може заедно православните, католиците, протестантите, баптистите, Јеховините сведоци, да речат: “Ние сме во Христа, браќа и сестри” ?! НЕ! Господ ја одвоени ереста од вистината. И тие [т.е. еретиците] се непријатели на Бога, непријатели на нашата Православна Црква, непријатели на Божјата Мајка. Јас немам ништо против човекот [т.е. лично против еретикот], но, против еретички учења, не смееме да го дозволиме овој бунт во нашата црква, бидејќи во нашата Православна вера овие работи се богохулење.
Денес се молиме со вас, плачејќи, и замоливме да ја добиеме Светата Тајна на Телото и Крвта на Спасителот. Но, дали доаѓаме во црква и танцуваме како “Козаци”, како што тие прават во црквата во Москва? Ако е така, тоа не би била Црквата Божја! Тоа би била синагогата на сатаната. Овие луѓе го загубија чувството за тоа што значи да се биде христијанин. Како можеме да танцуваме пред олтарот ?! Како можеме да се нарекуваме браќа и сестри кога имаме различни верувања и учења во нашата Црква? Не верувајте во тоа! Тоа се луѓе кои го подготвуваат патот за антихристот. Тие се отпадници и предавници на нашата Света Православна вера.
Браќа и сестри, ние бараме сите да стоите во Вистината, и на Вистинскиот Пат! Светите Отци велат дека ќе дојде такво време како ова и дека тие ќе ве предадат и ќе го направат овој собор [т.е. Критскиот Синод], псевдо-Синодот, Синодот на ѓаволот, Антихристот, и тие ќе ја предадат Вистината Божја, и ќе ве гонат. Ние мислевме дека тоа време не е сега, туку ќе биде подоцна, но, браќа и сестри, гледаме дека тие земаат делови од светите мошти на нашиот отец Серафим Саровски, и ги даваат на еретичкиот езуитски папа!
Овој грев не може да биде простен, кога нашите епископи и митрополити го преместуваат престолот [Светата Трпеза] во средината на црквата, така што луѓето можат да ја гледаат службата во црквата, а таа треба да биде во Олтарот зад иконостасот-тоа е ерес! Латинска ерес! А тие не се плашат од ништо!
Сепак, ова е времето. Дојде време, браќа и сестри, да се молиме, да побараме од Господ Бог да ги запре нив и овој ужас. Но, светите Отци рекоа дека овој ужас ќе се случи! Тоа ќе дојде! Јас дури и не може да кажам зборови за да зборувам за овие најбезобразни нешта кои дојдоа во најсветото место, Олтарот, Олтар! А тие играа во Москва [т.е. пред Олтарот].
Значи патријархот не виде како тие танцуваат, пред Жртвеникот, како Козаци и пееја секташки песни?! Предавници, отпадници, слуги на сатаната! Не знам колку време ни остана, но, замолувам, ајде да се покаеме и да дојдеме до Господ Бог.
Сакам да имаме мир на умот и да бидеме со Бога и Неговиот народ. Јас нема да се скријам од вас. Секогаш ќе ја кажувам вистината. Кога го затворивме Синодот [Синодот на Москвскиот патријарх во февруари 2016 година], беше кажано, “никој не треба да знае она што се случува тука.” И зошто Црквата Божја не треба да знае? Зошто луѓето кои граделе цркви и манастири не треба да ја знаат вистината? И за што ни требате, браќа и сестри? За да можете да хранатите, облекувате и да изградите цркви, а потоа ние ќе ве спроведеме во бездната на вечните маки! Срамота! Срамота! Покајте се, православни! Вразумете се! Време е за исповед! Не треба да се плашите! Не плашете се од ништо! Бидете верни на Господ Бог, нашите канони на Православната Црква, и слушајте ги Светите Отци, кои сите напишаа и ни кажаа какви времиња ќе настанат, и ни кажаа што да правиме.
Фала на Бога што не отидовме на тој Собор [Крит], но на 2-3 февруари [пратеник на Советот во 2016 година] го имаше документот на Соборот. Тие велат дека тој е “добар” и не ги крши начелата на Православната Црква, и дека ние, епископите на Руската Православна Црква ‘се согласуваме со тоа’! Зошто нема согласност? Зарем тој не е ист како другиот Собор? Тој документ треба да се повлече бидејќи тој е за Антихристот, ѓаволот, но никој не слуша, и сите рекоа, “седи; за него веќе се гласаше; во ред е”!
Ние нема да правиме како што тие ни кажуваат, бидејќи тоа е патот кон вечна погибел. Ние сме слободни луѓе. Јас не верувам во Бога затоа што некој ме принуди да поверувам, туку верувам во Него, бидејќи не можам да живеам без Него. Мојот живот беше многу тежок. Од детството до денешен ден. И јас секогаш ја почувствув раката на Бога и Божјата помош. И секогаш Господ ми испраќа што треба да направам. Не дојдов во манастир или во служба на Бога, за да имам пофалби, или други да ми се поклонат. Јас доаѓам кај вас, за да му служам на Господ. Тој е сè за нас, а ние не сме ништо.
И поради тоа, со сето свое срце, ве молам да се грижите за Православната вера! Заштитете ја Вистината Божја! Ние нема да бидеме доволно, но Господ нема да не остави!
Драги браќа и сестри, ви го честитам овој свет празник на Пресвета Богородица. И се молам за милоста на нејзината заштитничка Мајчинска грижа за нас грешните и дека со Нејзиниот свет покров ќе ги заштити сите верници и сите луѓе на оваа земја. Немојте да дозволите да ве уплашат. Не плашете се, браќа и сестри! Можеби последните денови веќе се дојдени.

Небесната војна треба да се најде! Колку крвава битка е тоа! Стотици милиони луѓе ќе умрат! Но, не плашете се од ништо; ако сме со Бога, ако одиме со Бога, ако останеме со Бога во Вистината. Секој вели дека е со Бога и се обединуваат во име на љубовта, и покрај фактот на она во што веруваат. Еретичките зборови на нашиот патријарх, кога тој вели дека Бог е како сонцето и зрак кој излегува од сонцето, сето тоа е ерес; тогаш сите религии на земјата некако доведуваат до еден Бог?! На ова не не учеа Отците, тоа не е напишано никаде! Ова тој го вели, бидејќи неговиот учител е Митрополитот Никодим (Ротов), кој почина како куче пред нозете на папата. Нему му беше претскажано да не оди таму бидејќи ќе умре. Кога тој ја бакна обувката на папата, тогаш тој почина на неговите нозе.

Зошто не запревме кога ова чудо беше видено? Зошто ние ослепевме и си замислуваме некој друг пат од оној Пат на спасението што Господ ни го остави- тесната патека. Една Црква Господ ни остави и рече дека “вратите на пеколот нема да ја надвладеат” Црквата. Господ Исус рече: “Јас ќе ја изградам Мојата Црква”, и дека “Јас сум Главата на оваа Црква“, а не папата, не патријархот, ниту јас грешниот. Господ Исус е Глава на Црквата. Дали дојдовте денеска заради Мене, за да се молите на мене? Кој сум јас? Сите ние сме недостојни и грешни; дојдовме да Го молиме Господа. Срам ми е да го погледнам Бога бидејќи моите гревови се многу и јас мора да кажам за време на Литургијата: “Господи, биди милостив кон нас грешните! Господи! Прости ни, О, Боже! Ете како му се обраќам на Бога, и како треба вие да му се обратите на Господ Бог. Зашто, ние сме никој и ништо.

Браќа и сестри, простете ми. Ве сакам. Среќен сум што можам да бидам со вас. Но јас сакам да останам во Вистината на Бога, зашто Господ вели: “Сите гревови се простуваат, но гревот против Светиот Дух нема да се прости ниту тука ниту потоа”. Ереста – тоа е грев против Светиот Дух … … Јас знам дека само Бог е без грев. Остатокот од нас сме сите грешници. Тогаш како може папата да биде без грев? Бог нема потреба од заменик – папата отиде против Евангелието.

И можете да го видите овој слуга на Антихристот, Митрополитот Иларион [Алфеев], кој вели дека ние треба да ја промениме Библијата! Сега Библијата е лоша! [т.е. Митрополитот Иларион сака превод на Библијата на модерен руски јазик] Како тогаш толку луѓе биле спасени до денес? Тие велат дека е неопходно да се промени Литургијата затоа што луѓето не ја разбираат! [т.е. желбата да се префрлат од црковнословенскиот на современ руски јазик - забелешка] Тие мислат дека сите се будали, а само тие се паметни. Господи, научи нe! И биди милостив кон Црквата Божја и луѓето.
МВПЦ-параклис Осло

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.