ЗА ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

Crkva.Zlatno
1.Во предходниот неделен ден Црквата со приказната за спасениот блуден син подсетува на неизмерливата човекољубов Божја кон нас. Оваа недела таа подучува за страшниот Суд Божји, држејќи се до валидна и убава цел и следејќи ги зборовите на пророкот, затоа што е запишано: Милост и суд ќе Ти пеам, Господе (Пс.100;1) и:Еднаш зборуваше Бог и овие две ги чув: да моќта Божја и Твоја е, Господе, благодет, затоа што Ти ќе му вратиш секому по делата негови (Пс.61;12-13).
2. Милосрдие и долготрпение Божјо му предходат, значи, на Неговиот Суд. Бог во Себе поседува и со Себе ја опфаќа секоја доблест, Он е чиста праведност и милосрдие. Сепак, како милосрдието не се соединува со судот (т.е. со непристрасна праведност на судот), како што е напишано:Да не не поштедиш ништо на суд (Прич.Сол.24;23), Он преведно го распоредил времето и за едно и за друго, така да сегашниот век го основал како период на милосрдие, а идниот како ера на праведна плата. Затоа се што се прави во Светата црква со благодатта на Светиот Дух направено така да не научи да овде добиеме простување на гревовите, да побрзаме, додека сме во овој живот, се здобиеме со милост и да се направиме достојни за Божјото човекољубие, затоа што е тој, последниот суд, немилосрден за тие кои не создавале благодат.
3.Неодамна зборувавме за неспоредливото милосрдие Божјо кон нас а денеска ни претстои беседа за Второто Христово доаѓање и со тоа е поврзан страшниот Суд, како и за тие непознати работи кои ќе се случат поради тоа, а кои ни окото не ги виде,ни увото не ги чу, ниту во срцето човеково, ако не е причестено со Божествениот Дух, не дојдоа – за работите кои ги надминуваат не само сетилата, туку и умот и разумот човеков. Иако нас овде не подучува Оној Кој се знае и Кој на својата земја ќе и суди, Он сепак оди кон нашите можности на разбирање, предочувајќи ни ги примерните термини. Поради тоа се воведуваат термините како “молња“, “облаци“, “звукот на трубата“, “престол“ и слични на нив, иако,во согласност со Неговото кажување, ние очекуваме нова небеса и нова земја, кога овие сегашниве ќе се сменат.
4. Ако пак тоа што е речено – и тоа во вид на раѓање кон нашето разбирање-душите на совесните слушатели ги исполнува со страв и трепет, што тек ќе се случува тогаш, кога сето ова ќе се остварува на дело?! Колку ли достојни треба да бидеме во светото однесување и во благочест го дочекаме денот на Божјото Доаѓање, поради кого, како што зборува свети Петар, небесата со бука ќе поминат, а стихии вжештени ќе се распаднат и земјата и работите што се на нејзе ќе изгорат (2.Петр.3;10,12)? Но пред сето ова да се сврши, ќе се случи мачно доаѓање и влијание антихристово поради борба со верата, кој ќе биде дозволен на кратко време. Кога таа состојба не би се прекинала, никој нема да се спаси, како што проповеда Господ во Евангелијата. Поради тоа Он ги советува Своите блиски, зборувајќи: Бдејте, значи, во секое време молејќи се да се удостоите да избегнете се што мора да се случи, и да застанете пред Синот Човеков (Лк.21;36).
5.Сето тоа, навистина, не исполнува со голем трепет. Сепек, тие што животот го минуваат во неверие, неправда и немарност им се заканува уште пострашно од ова, а за што и Сам Господ кажува: Ќе проплачат сите племиња на земјата. Племињата земски се тие што не се покориле на Оној Кој дошол од небото, ниту го познале и го повикале Отецот Небесен, ниту пак со сличноста на своите дела се искачиле кон Неговиот пламен. Се вели и следното: Затоа што ќе доје (тој ден) како замка на сите кои живеат (досл. седат) на лицето на целата земја (Лк.21;35), односно на тие кои се прејадуваат, се пијанчат, во раскош и животните грижи се приковале себеси за земјата и земското, во подполност се препуштие на тоа што на сетилата им изгледа како блескаво – богатство, слава и задоволство. Со изразот “лице на земјата“ Господ прикриено наговестува во што се состои нивната привидна радост. Зборувајќи како таквите “седат“ (грч. Καθήμενους) Господ укажал на нивната постојана, длабока вкоренета застоеност. Он со овие зборови на безбожните им ги прилкучува и тие што без покајување до крај претстојуваат во грев, како што Исаја предскажал: Заедно ќе горат грешник и беззаконик, и никого ќе нема да утеши (Иса.1;31). – Нашиот живот е на небесата, од каде го чекаме и Спасителот, Господ Исус Христос, вели апостол (Фил.3;20) и Вие не сте од свеша, им кажал Господ на Своите ученици, на кои им го порачува ова:А кога ќе почне ова да се случува, исправете се и подигнете ги главите свои, затоа што се приближува избавувањето ваше (Лк.21;28).
6. Гледате ли како тие што живеат во Христос се исполнуваат со радост и неискажана храброст поради тоа што ќе се неминовно случи одма по овие настани, додека тие што живеат по телото се исполнети со срам, со јад и со посрамотеност? Затоа и Павле воскликнува, кажувајќи: Бог ќе му даде на секого по делата Негови:живот вечен на тие кои со истрајност во добри дела ја мразат славата и честа и бесмртноста; а бес и гнев на тие што упорно се противат на вистината а се покоруваат на неправдата. Несреќа и тага на секоја душа на човекот кој прави зло (Рим.2,6-9). Така било и во времето на Ное, кога гревот многу се намножил и завладеал скоро со сите луѓе, и кога од Бог дојде потопот, кој што уништил се што дише, сочувувајќи го само овој праведник со целиот негов дом, а поради создавање на друг свет. Бог после ова донекаде го пресекувал злото кое би се намножило во светот: со оган ги спалил Содомјаните, фараоновите луѓе ги потопил во морето, а бесрамниот род јудејски го истребувал со глад, немири, болести и со страшни одмазди.
7. Иако сеопштиот Исцелител поради човечкот род употребил болни лекови и постапки на исцелување, Он не ги пропуштил ни тие средства кои радуваат и кои со стил се користат: така ги воздигнал Отците, ги покажал Пророците, ги создал знаци, го дал Мојсиевиот закон, ги испратил ангелите. Сепак, се ова било малку пред незадржливиот порој на нашето зло, и Самиот Логос Божји ги оставил небесата и се симнал на земјата, како голем Лек Кој го рангира крајот и на најтешките согрешенија. Он е во се, освен во гревот, станал таков кави што сме и ние, во Самиот Себе го укинал гревоти, не осили нас, го отапи неговиот жалац. Со крстот ги посрами неговите началници и сотрудници, со смрт го уништи тој кој располага со смртна моќ.
8. И како што во Ноевите денови Господ грешниците ги удавил во водата, така и подоцна со Својата праведност и благодат го удавил и самиот грев, се воскреснал Себеси како бесмртен, како некое Семе и Првина (прв род) на вечниот свет, како пример и прикажување на нашето воскресение, на кое со доверба се надеваме. Воскреснувајќи и вознесувајќи се на небесата, Господ по целата вселена ги испратил апостолите, извел многубројно собрание на маченици (или сведоци, грч. μαρτύρων ), истакна мноштво учители, ја покажал Црквата на светите (досл. преподобни). И бидејќи се завршил, не пропуштајќи да направи ништо од тоа што било потребно, увидувајќи да злото се намножува во таа мерка да луѓето ќе се, оставајќи го Сам вистинитиот Бог и Сам вистинитиот Христос, поклонат на антихристот и ќе му бидат послушни. Тогаш Тој Сам ќе се симне од небесата со сила и голема слава, но не веќе да биде долготрпелив, туку да ги казни тие кои со своите итри дела во времето на долготрпението го собрале против себе гневот Божји. Он тие неизлекувани грешници ќе ги одсече од здравите како скапан дел и ќе ги предаде на огнот, додека Своите ќе ги ослободи од влијание на лошите луѓе и соживот со нив и ќе ги направи наследници на Царството небесно.
9. Но одма после омразента дрскост на антихристот Оној Кој се држи во Својата десница ќе предизвика големи потреси во се, согласно на тоа што кажал преку Пророкот: Нема да ја потресам само земјата, туку и небото (Агеј 2;21). Он, значи, ќе го потресе светот и ќе ги раскине највисоките граници на се, ќе го свитка небесниот свод, земјата ќе ја помеша со оган и се ќе уништи, одозгора ќе ги сруши, така да ги наречеме, темелите на вселената, а одозгора, како неискажани удари на громови, ќе испрати многу ѕвезди на главите на тие што го обожуваат зајадливиот, како би ги најпрво казнил тие што му поверувале на антихристот кој им го врзал умот, така да го поставиле наместо Бог. Потоа ќе се појави Он Сам со неопишива слава и со силен трубен глас и ќе оживее се што заспало од постанок на светот како што некогаш со Својот дах го оживеал нашиот прататко (Адам), и ќе ги покаже пред Себе како живи. Он безбожниците нема да ги изведе на суд, ниту ќе ги удостои ма и со еден збор, затоа што, согласно со зборовите на Писмото, безбожниците нема да воскреснат за на суд, туку за осуда.
10. Според денесните прочитани евангелски зборови, Он на суд ќе ги изнесе сите наши, затоа што рекол: Кога ќе дојде Синот Човеков во славата Своја и сите свети ангели со Него. За време на неговот Прво доаѓање, славата на Неговото Божество била сокриена под тело кое поради нас го примил на Себе. Сега тоа се крие кај Отецот на небесата, заедно со равнобожјото ( грч. Όμόθεος) (1) тело. Тогаш, сепак, ќе се открие целата слава Негова, затоа што ќе се покажат од исток до запад како свети и сите краеви на вселената ги осветлува со зраците на божеството. Нејзе ќе ја прати глас на живототворната труба кој ќе ја исполни целата вселена и, заедно со тој глас (тие појавувања на славата Божја) повикувајќи ги сите кај Него. И додека порано Он невидливо ги сопирал ангелите, задржувајќи го нивното ревносно спротивставување на богоборците, тогаш Тој ќе дојде наочиглед на сите и нема да одмолчи, туку со презир ќе ги отфрли непокорните и ќе ги даде на маки.
11. Затоа, кога ќе дојде Синот Човеков во слава Своја и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја“, запишано е во Евангелието. На ист начин ова го предскажал и предвидел и пророкот Данило, зборувајќи:Гледав до каде се поставија престолите, и седна Старецот Дана…и гледа, како Синот Човеков иде од облаците небесни, и дојде до Старецот Дана и застана пред Него, и му се даде секоја сила и чест, илјада илјади Му служеа, десет илјади по десет илјади стоеа пред Него (Дан.7;9,10;13). Со ова се согласува и светото Евангелие: И ќе се соберат пред Него сите народи, и ќе ги раздели помеѓу себе како овчарот што ги разделува овците од козите. “Овци“ Он ги вика праведниците како луѓе кротки и добри, луѓе кои оделе по правиот пат на доблестите кои Он ги прокрчил и кои Му се осликале, со оглед да и Него Самиот пророкот и Крстител го нарекол Јагне, зборувајќи: Овде, Јагнето Божјо Кое ги зема на Себе гревовите на светот (Јн.1;29). “Кози“ пак ги именува грешниците како луѓе бесрамни, кои пред себе немале пат, туку паднале од стрмните карпи на гревот. Тие првите, кои правеле праведни дела, ќе ги постави од десна страна на Себеси, а тие кои не се како нив – од лева. “Тогаш ќе рече Царот“, зборува Он, не додавајќи кој Цар или Цар на што, затоа што освен Него друг Цар нема: затоа што ако овде и има многу цареви и владетели, сепак постои само еден вистински Господ, еден Цар, природрн Господар на вселената. На тој начим, тогаш едиствениот Цар ќе им каже на тие што Му стојат од десната страна: Чекориме благословени од Отецот Мој; примете го Царството кое ви еподготвено од постанокот на светот (Мт.25;32).
12. И навистина, заправо кон тоа од самиот почеток било насочено создавањето на светот, кон таа цел била насочена таа небесна и најстара намера Очева, по која Ангелот на Отецовиот Голем совет го создал живиот човек не само по Својот образ, туку и по Својот лик, човек кој еднаш ќе смогне да во себе го смести величеството на Царството Божје, блаженство на наследството Божје, сесовршенство на благословот на Отецот Небесен, и низ која (намера) постанало се видливо и невидливо. Он не рекол: од постанок на чулниот свет, туку едноставно – “од создавањето на светот“, како небесниот, така и земскиот. И не само тоа, туку се и божественото и неискажаното намалување (грч. Κένωσις ), богочовечки начин на живот, спасоносните Страданија и сите Свети Тајни кои се промислителски и премудро построени, имале за цел да тој кој во овој живот бил верен од устата на Спасителот ги слушне зборовите: Добро, слуго добри и верни, ти си бил верен во мало, над многуте ќе те поставам; Влези во радост на својот Господар (Мт.25;21). Вие што, по Моја замисла, благоразумно сте се користеле со земските, на пропадливиот и минливиот свет, дојдете да го наследите овој свет кој настапили кој сега е, свет небесен, вели Господ, затоа што огладнев, и Ми дадовте да јадам; ожеднев, и Ме напоивте; странец бев, и Ме примивте; бев гол, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте кај Мене.
13. Tука би требало да испитаме поради што Он го спомнува само доброчинството, поради што подарил благослов и наследство на Царството? Сепак, тие што слушаат со внимание јасно е да (Господ) не го спомнал само него, затоа што тие што прават милосрдие предходно веќе ги нарече “овци“. Со тоа ја потврди нивната сличност со Себе и исполетост со секаква доблест, како и тоа да тие поради правење добро секојпат биле спремни да одат во смрт, слично на Него Самиот, како што е пишано: Како јагне носен на колење беше и како овца нема пред тие кои ја стрижат не ја отвори устата Своја (Иса.53;7).
14. Да би, затоа, такви бидат и тие, посебо го велича правењето добри дела, затоа што е потребно да тој кој ќе го наследи вечното Царство и ова го поседува како манифестација (доказ) и плод на љубовта, како шеф кој ги на надминува сите останати доблести. Господ ова го покажал и во приказната за десете девојки (в. Мт.25;11). Имено, не сите што тука се нашле биле воведени во божествената (брачна) постела, туку само тие кои биле украсени со девственост. Девственоста пак нема успешно да се сочува во колку не биде пропратена со аскетизам и воздржување, како и многу и разновидни подвизи во здобивање на доблести. Освен тоа, девојките што во своите раце држат светилки, т.е. својата памет и познавањето кое им е доверено, како и дејноста на својата душа а што е сликовито представено како “раце“- тие се што воздигнуваат, укрепуваат и во текот на целиот свој живот на Бог му ги посветуваат својот ум и душа, поради што се поврзуваат со светилки. Потребно е исто така да има доволно и масло како светилките би можеле да горат. Маслото е љубов, како круна на доблеста. И како што би , поставувајќи темел и подигнувајќи ѕидови но не изградувајќи кров, целата своја работа би ја направиле бескорисна, така ќе се случи и ако се здобиеш со сите доблести, но не добиваш љубов: со тоа сите тие ќе ги направиш непотребни и залудни. Сепак, подеднакво е точно да ни кровот на куќата не може да се изгради без ѕидовите кои го подпираат одоздола.
15.На тој начин, Господ дава наследство на Царството на тие кои останатите доблести ги потврдиле со дела на љубов: таквите дошле до љубов или со својот беспрекорен живот или преку покајување во нејзе нашле засолниште. Како чувари на таинственото раѓање од Бог, тие први помеѓу нив ги нарекувам “синови“. Другите пак ги викаме “платеници“, затоа што, благодарение на изобилствот на пот на покајување и смирение, повторно се здобиле со благодат како некаква плата (за својот труд).
16. Затоа, изложувајќи предходно во светите Евангелија тоа што се однесува за суд, Господ потоа навел и тоа што се однесува за љубовта како нешто што се изведува или потикнува на веќе наброените доблести (правење добро). Праведниците одговарајќи ќе речат: Господе, кога Те видовме Гладен, Те нахранивме? Или жеден, Те напоивме? Кога Те видовме странец, Те примивме? Или гол,Те облековме? Кога Те видовме болен или во затвор, дојдовме кај Тебе! Ги гледате тие праведници што стојат од десна страна од Бог? На нив, значи, поради правдата и напоредно со праведноста својствено им е и милосрдиет. Гледате ли уште една доблест посведочена кај праведниците како дополнување на полнотата на љубовта, која е слична на навремено подигнат ѕид (да ги штити сите доблести), а тоа е смирението? Таквите тврдат дека не се достојни на величење и пофалби, како да не направиле никакво добро – и тоа заправо тие за кои има сведоштво да ниедно добро не пропуштиле да направет!
17.Токму поради тоа, како што мислам, Господ одговара на нивната одважност, како на сите би им се покажале, како би со своето смирение се возвисиле и праведно ја задобиле Неговата благодат која Он великодушно ја дарува на смирените, затоа што Господ на гордите се противи, а на смирените им дава благодат. Така Он и сега им зборува: Навистина ви велам:кога ќе му направите на еден од овие Мои најмали браќа, Мене ми направивте. “Најмали“ ги вика поради сиромаштијата и маленкоста на нивната положба, а “браќа“ затоа што и Самиот така (во сиромаштија) живеел на земјата во тело.
18. Слушнете и зарадувајте се вие, кои сте сиромашни и бедни, затоа што по тоа сте браќа на Господ; и без разлика на тоа што сте биле сиромашни и бедни независно од вашата воља, со тоа што ќе трпите и ќе благодарите (на Бог), ќе направите да тоа ваше благо стане доброволно. Слушнете и вие, богати, и прегрнете го блажено сиромаштие, за да би станале сонаследници и браќа на Христос, и тоа уште поблиски одколку што се луѓето кои се сиромашни против своја воља, затоа што е, и Он, заради нас, доброволно бил сиромав. Слушнете и заплачете вие што вообразено ги презирате своите страдални браќа или, подобро кажано, браќа Господови, па од вашето изобилие на сиромавите не им давате ни храна ни засолниште, ни облека, нити потребна грижа, и својот остаток (вишок) не го користите за пополнување на нивните недостатоци. И подобро би било да кажам “да слушнеме и да заплачеме“, затоа што и на мене, кој ви го зборува ова, ме прекорува совеста, бидејќи не сум подполно слободен од страстите: се додека има многу од оние кои се смрзнуваат игладуваат, додека јас сум и пресит и облечен. На големиот плач се достојни тие што добрата, кои ги надминуваат секојдневните потребеи, ги поседуваат и ги задржуваат, па дури се грижат како да ги намножат. На нив им е наредено да ги сакаат своите блиски како самите себеси, но тие не ги сметаат за вредни ни колку правот земен! Тоа значи дека среброто и златото сме го засакле повеќе одколку своите браќа!
19. Да се свртиме и да се покаеме, и да помагаме во потребите на браќата кои се сиромашни во нашата средина и да ги направиме заедничари на имотот со кој што располагаме. Ако своеволно не одбереме да богољубиво го разделиме целиот свој имот, нека не задржувеме немилосрдно се за себе. Да го направиме ова едно, но поради тоа што ќе го пропуштиме да се смириме пред Бог па ќе го добиеме Неговото простување, затоа што Неговото човекољубие ќе го надополни нашиот недостаток. Нека никако не се случи да го слушнеме тој страшен глас како вели: Одете од Мене, проклети. Како е тоа страшно: одалечете се од животот, бидете исклучени од радоста, бидете лишени од светлоста!
20. Тоа, сепак, не е се, затоа што го вели и ова:Одете од Мене, проклети, во вечен оган кој е спремен за ѓаволот и неговите ангели. Тие што се наоѓаат од десна страна ќе имаат живот, и тоа “во изобилие“: ќе го имаат во изобилие по тоа што се наоѓаат во Божја близина, но и по тоа што ќе живеат како синови и наследници на Царството. Спротивно на ова, тие што стојат од лева страна со одалечување од Бог го изгубиле вистинскиот живот. Тие ќе изобилуваат со зло, затоа што ќе бидат поврзани со демоните и предадени на пеколни маки.
21. Каков е тој оган кој ги спалува и словосвесните телесни битија и безтелесните духови, така да се мачат и остануваат бесмртни, оган од кој нашиот земски оган ќе се растопи, како што е запишано: Стихиите вжештени ќе се растопат (2. Петр.3;12)? Колку страдањето се зголемува поради осуство на надеж во избавување, бидејќи тој оган е неизгаслив! Но што означува тоа насилно фрлање во оган? Постои, велат, река која го носи тој оган и ги носи луѓето се далеку и подалеку од Бог. Затоа Христос не рекол:“одете надвор“, туку:“одете“ (т.е.непрекидно се одалечувате) од Мене проклети, затоа што сте проклети и поради сиромавиот и, иако тие вас би ве трпеле, вие сте достојни за осудување. Одете, зборува Господ, во оган кој не е подготвен за вас туку за ѓаволот и неговите ангели. Не беше таква Мојата првобитна воља, не ве создадов поради тоа, ниту за вас го создадов тој оган. Тој неугаслив оган запалн е за демоните на кои злото им стана навка, но вашата нераскаена воља, слична на нивната, и вас ве нареди помеѓу нив.Вие сами доброволно одбравте соживот со злите ангели: “Затоа што огладнев, и не Ми дадовте да јадам, ожеднев, и не Ме напоивте; бев странец, и не Ме примивте; гол бев, и не Ме облековте; болен и во затвор бев, и не Ме постивте“. И како што, браќа, љувовта и делата од љубов претставуваат полнота на доблести, така и омразата и делата со омраза, одсуство на сочувство и воља да ништо со никого не делиме претставуваат полнота на греховност;и како што доблестите го следат човекољубието и постојат напоредно со него, така и омразата ја пратат гревови и затоа луѓето веќе и само поради нејзе (омраза) се осудени.
22.Сакав да кажам да нема поголем пример на омраза кон луѓето од кога некој изобилството на пари го цени повеќе од братот. Сепак, гледам да може да се пронајде уште поголемо зло и уште полош пример на омраза кон луѓето, затоа што има и такви кои не само што не сакаат да делат милост од своето богатство, туку и туѓото ќе го присвојат. Нека, затоа, на основ на тоа што е решено за немилосрдните, заклучат што всашност за себе спремаат, какви страданија ќе имаат, за какви непојмливи и страшни осуди се достојни, нека се одалечат од неправдите и нека со дела на покајување го умилостиват Бог. Тие тогаш вака ќе зборуваат: Господе, кога Те видовме гладен или жеден,или странец или гол, или болен или во затвор, и не Те послуживме?
23. Приметувате ли (во овие зборови)и тоа најпоследно зло – гордост, која секојпат е поврзана со бесчувствителност (досл. со отсуство на сочувство, грч.бкгоцжхбеш), како што е, наспроти тоа, сочувството поврзано со смирение? Така праведниците, бидејќи се пофалени за создавање на добра, не сакаат да се оправдуваат, туку уште повеќе се смируваат. Тие пак (горделивите), бидејќи Праведниот Судија ги осудува поради нивната бездушност, не паѓаат ничкум и не се смируваат, туку противречат и се правдаат сами себеси, порадо што и ќе зачујат:Навистина ви велам: кога не направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте. Така, вели (Евангелието) ќе отидат “тие во мака вечна, а праведниците во живот вечен“.
24. Да бидеме, затоа, браќа, милостиви кон самите себеси така што ќе бидеме милостиви кон ближните; со сочувство ќе добиеме сочувство, да направиме добро да би и на нас ни биде направено добро, затоа што нашата плата ќе соодветна на тоа. Сепак, нашето доброчинство и човекољубие, нашата љубов, милосрдие и сочувство ни по мерка ни по значење не може да се спореди со тоа кое ги надминува далеку. Ти, наиме, пружаш од тоа со што располага човекот, и колку е човекот во состојба да направи добро, а примаш стоструко повеќе од бежествените и непресушните богаства и се здобиваш со живот вечен, а доброчинства примаш од тоа колку Бог може да чини добро, соодветно од тоа што окото не виде и увото не чу,и во срцето на човекот не дојде (1.Кор.2,9).
25. Да побрзаме, затоа, да добиеме богатство на милост, да за малку пари купиме вечно наследство. Да се исплашиме на доличен начин поради одлуката која е донесена за немилосрдните, да не бисме и ние биле таму осудени на основа на нејзе. Не се плашиме да ќе, делејќи милост, и сами ќе осиромашиме, затоа што и ние ќе зачуеме од Христос: Одете благословени на Отецот Мој, наследете го Царството. Да се исплашиме и да на правиме се да поради немилосрдноста не останеме надвор од љубовта кон Бог затоа што, како кажува Евангелистот, кој не го љуби братот свој кого го гледа, како може да го сака Бог, Кого не Го видел (1.Јн.4;20)? И како тој што не го сака Бог би можел да живее со Него? Тој пак кој не е со Него, ќе замине од Него, а кој замине од Него ќе се сруши во пекол.
26. Ние, сепак, ќе покажеме дела на љубов кон нашите браќа во Христос: пружајќи им милост на сиромашните, враќајки ги заблудените на прав пат, ма каква да била нивната заблуда или потреба, да се биде праведен кон неправедните, закрепувајќи ги тие што лежат среде слабост, било да страдаат од видливи или невидливи непријатели, било да трпет маки поради зли духови или поради страсти на бесчестие, постувајќи ги робовите во затворите, трпејќи ги тие што не напаѓаат и угодувајќи еден на друг дури и ако некој негодува поради својот брат, затоа што и Христос нас ни угодуваше. Едноставо речено, на сите начини, со сите дела и зборови, со се што располагаме да покажеме љубов еден кон друг, да би и од Бог задобиеме љубов и да би не нас Он благословил, да би сме го наследеле небесното и вечно Царство кое ни е ветено и подготвено за нас од постанокот на светот.
27. Нека сите ние се удостоиме на ова Царство со благодет и човекољубие кон Господ наш Исус Христос, со Кои нека на Отецот, како и Светиот Дух, чест и слава во век и веков. Амин.
На Сретение на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос,
во кое се зборува и за целомудреноста и за злото кое и е спротивно

1.Пред Христовото доаѓање сите сме имале тоа што постоело од Прародителите – проклетство и општа и еднаква осуда која сите ја добиле од едниот Прародител, предавана како од корен на родот и наследувана заедно со (човековата) природа. Секој за тоа , што лично го направил, добивал од Бог осуда или пофалба, но никој ништо не можел против тоа општо проклетство и осуда, на тоа зло наследство кое од почеток му било предадено и кое тој го пренесувал на своите поколенија.
2. Сепак, дојде Христос, Ослободител на природата, Кој општото проклетство го претворил во општ благослов, примајќи ја од Пречиста Дева нашата праведно осудена природа, да би ја ви Самиот Себе претставил во нов лик и непричесна на старото семе, т.е. како невина и оправдана, како би тие кои потоа од Него во Дух родени останат надвор од прародителството проклетство и осуда. Зарем постои нешто, што не би на секој човек му дозволи да учествува во Неговата благодат? Има ли некој кој од Него не добива простување за своите постапки? Не, такво нешто не може да биде, затоа што Он од нас не примил само ипостас (нашиот лик, нашето лице) туку (севкупната) нашата природа која ја обновил, соединувајќи се со нејзе во Својот Ипостас. Сакајќи сите да се спасат, Он навистина “ги оставил“ небесата, се симнал (на земјата) поради сите, низ дела и зборови и Страдање го покажа целиот пат на спасение и се воздигнал на небесата, повикувајќи ги тамо тие кои поверува во Него. Он не само природата, која по нераскинливото соединување ја прифатил од нас, туку на секој кој верува во Него Му подарил целосно одкупување, које навистина го створил и не престанува да го ствара, мирејќи се со Отецот низ Самиот Себе, враќајки се со силата на (сопствената) послушност на секој од нас и исцелувајќи ја нашата непослушност.
3.Он поради тоа го завешта божественото крштение, оставил спасителни закони, на сите им проповедаше покајување и го предаде Своето Тело и Крв, затоа што ни крштението, ниту живот спрема божествените заповеди, ни причесност на боготворителниот Леб и Чашата не ја прифаќа природата како таква, туку заправо ипостас (личност) секој еден верник. Со помош на сето тоа Христос нас не оправдува како посебни личности (грч. шоатсткгос;) и не враќа во послушност на Небесниот Отец. Самата природа, која ја примил од нас, Он ја обновил и ја покажал како освештена, оправдана и во се послушна на Отецот, поради што и Он Сам по ипостасот (ипостасно,грч. Шоатсгакгос;) се соединил со нејзе и, во согласност со неа делувал и страдал, што се однесуваат на настаните кои денес ги празнуваме, т.е. на Неговото воздигнување во тој стар храм или на претставување поради исчистување, на Симеоновото боговдахнато Сретение и исповедание на (пророчицата) Ана, која цел живот не го напуштала храмот.
4. После Спасителовото Раѓање од Дева, и после Обрезанието, кое по законот се врши осмиот ден, кога, како што вели евангелистот Лука, навршија дните за очистување нивно по законот на Мојсие, Го донесоа во Ерусалим да Го стават пред Господ, како што е напишано во законот Господов (Лк.2;22). Он го прима Обрезанието по законот, се прави по закон, станува претставен како е напишано во законоти, согласно на тоа што е речено во законот Господов, се принесува и жртва.
5.Гледате ли како Творецот и Господар на Законот во се бил послушен на Законот? Што со тоа напревил? Нашата природа во се ја направил послушна на Отецот и така ја исцелил нашата непослушност, трансвормирајќи го проклетството во благослов. Како што во Адам била целата наша природа, така е и во Христос; и како што сме низ Адам, кој постанал од земја, сите ние кои сме од него постанати, се вративме во земја и бевме испратени во адот, така сме низ Адам Кој е од Небесата, према зборовите на апостолите, сите одново сме повкани на небо и удостоени со тамошната слава и благодат, иако сега тоа е покриено со тајна, затоа што се вели: Вашиот живот е сокриен со Христос во Бог. А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш ќе и сите вие со Него се јавите во слава (Кол.3;4). Кои тоа “сите“? Се зборува за оние кои се посвоени од Христос во Дух, и кои на дело покажале дека се Негови чеда.
6. А кога се навршија деновите за нивно очистување, Го донесоа да Го стават пред Господа. За кого тука станува збор? Законот вели дека се должни да се исчистат како новородени, така и тие кои ги родиле во заедница на бракот. Заради тоа Псалмопоецот вели: Во безаконие се зачнав и во грев ме роди мојата мајка (Пс. 50;7). Бидејќи тука не се работи за родителите, туку за една Која родила, а бидејќи е Она Дева, бидејќи е во прашање раѓање на Детето Кое е бесемено зачнато, тогаш тука, се разбира, немало потреба за очистување, тику и тоа претставувало дело на послушност кое ја враќа непослушната природа, делото на исправување на виновниците за непослушност. Кога се, значи,навршија деновите за очистување нивно, Го донесоа да Го стават пред Господа, да Го посвета, да Го претстават како првенец, согласно на тоа што е запишано во Законот Господов: Секое машко кое ќе ја отвори утробата на мајката своја, свет ќе се нарече пред Бог (Посвети Ми го секој првенец, кој што ќе ја отвори утробата во синовите Израелеви: затоа што е Мое – 2.Мојс.13;2).
7. И навистина, Он бил единствен Кој со Своето зачнување ја отворил утробата и без брачно соединување бил носен во нејзе со силината на еден збор и со знак Божји, како што Ангелот и соопштил на Дева. Бидејки Законот вели: секое мешко што ќе ја отвори утробата на мајката? Слично како што се многу нарекувале пророци и христоси (помазници) – како што и Бог зборува низ Псалмопојците: Не се допирајте до помазниците Мои, и на пророците Мои не им правите зло (Пс.104;15) – но само еден навистина бил Христос (помазник) и еден Пророк, така и овде, премда се вели “секој првенец“, секое машко кое ќе ја отвори утробата на мајката, утробата навистина ја отворил само Он, единствен Светец Израелов. Го донесоа – вели – да принесат жртва како што е речено во Зконот Господов: две грлици и две голубчиња.
8. Принесување на пар грлици претставувало целомудреност на родителите, тие кои живеат по законот на бракот; а двете голупчиња, кои не го познаваат бракот, јасно ја наговестувале Дева и од оваа Дева родениот, Кој до крај е Девственик. Обрни внимание на строгата точност на Законот: зборувал за пар грлици, бидејќи грлиците ги означуваат тие кои се соединети со брак; кога пак е збор за гулапчињата, на нив ова не може да се примени, затоа што ни Она Која родила ни Он Кој е роден не знаеле за јарем (на бракот). Наговестувајќи уште во дамнина девственото раѓање, Законот го предскажува со овие праслики (предизображенија). Одкако се на чудесен начин родил, Он сега бил донесен во храмот, додека Светиот Дух припремал други, достојни грлици и гулапчиња. Како тоа? Симеон и Ана, затоа што би и тие поради својата младенственост (детска возраст) кога е во прашање грев оправдано би можеле да бидат наречени гулапчиња или пак грлици, со оглед на нивната крајна целомудреност.
9. Ќе ги изложиме концизно евангелските зборови. Со оглед на навистина праведен и богобојазлив, Симеон претставувал орудие на Светиот Дух и сега е, со Него подстакнат, дошол во храмот, им побрзал во пресрет и го земал во неговите раце овој Небесен и воедно Земски Младенец, принесувајќи Му, како на Бог, химна и изблик, молејки да во мир се раздели од своето тело, објавувајќи на сите и тврдејќи дека е Он (Младенец) Спасоносната Светлост, Која ќе ги обори неверниците и ќе ги подигне тие кои веруваат во Него.
10. Потоа и на Дева, Мајка на Младенецот, и предскажал бол кој ќе го почувствува покрај Крстот на Синот и кој ќе покаже дека е Она по природа Мајка на овој Богочовек – Младенец, како и да колебливите ќе се помислат, кои ќе се откријат, ќе се избришат од срцата. Симеон, наиме, убаво докажал да тагата која ќе и Ја донесе страдањето на Синот и длабоката болка и страдањето со Него ќе покаже дака Она е вистинска Мајка на овој чудесен Син.
11. Пророчицата Ана, ќерка на Фанаул, вдовица од осумдесет и четири години, ревносна во постот и молитвите, која никогаш не излегувала од храмот, тогаш особено била обземена со божествениот Дух, се заблагодарува на Бога и овјавила дека дошло времето на избавување на сите кои Го чекаат, а тоа е овој Младенец.
12. Такви совесни грлици испратил Светиот Дух поради Сретение на Христос Кој влегол во храмот, и ни покажал какви треба да бидат тие што во себе го примаат Христос. Освен тоа, ни покажа какви треба да бидат жените кои, губејќи го мажот, остануваат без средства за живот, како и мажите кои ќе ја изгубат својата сопруга. Таа Ана, ќерка Фануилова, била вдовица, но и пророчица. Зошто? Затоа што ги оставила световните и и животните грижи и не излегувала од храмот, затоа што живееле непорочно, проведувајќи и ден и ноќ во постови и бденија, во молитви и псалмопоење. Природо е зошто Го препознала Господа, на Кого Му служела со своите дела, тогаш кога Он дошол (во храмот), како што Му и Псалмопоецот – Пророк вели: Ќе пејам и ќе разберам на патот непорочен: кога ќе дојдеш кај мене (Пс.100;2).
13. Такви треба да бидат тие кои од брак, со посредство на честито вдовство, пристапуваат кон девствен живот да би така живееле. Значи, ако на втор брак во подполност гледаш од височина како на помалку вреден, тогаш чврсто се држи до својата намера и оди за тие кои од почеток до крај биле безбрачни. Иако апостол Павле имал ташта, не заостанувал зад Јован Девственик кој потрчал кон живототворниот Гроб, па дури и го поминал. Затоа заедничкиот Господар го поставил да биде предводник на предводникот. На таква височина изведува богочожнивост, пренесувајќи од тело кон дух!
14. Внимавај да со одкажување од првиот (т.е. брак) како помалку вреден и посегнувајќи за другиот (за девственост) кој не можеш да го достигнеш не скршнеш од патот и не паднеш, не постапувајќи веќе по законот или над законот, туку против законот. Ако и тие кои живеат во вдовиштво ги сметаме за достојни за осуда во колку не живеат целомудрено, па дури и ако се на законски начин обврзале во втор брак, не ги сметаме за подполно беспрекорни (бидејќи, како што вели Павле, ја одфрлиле првобитната вера), колку се со голема осуда достојни тие кои на законскиот брак го претпоставуваат незаконското уживање и тие кои се, иако живеат со (законити) жени, не бегаат од разврат?! Потопот кој го зафатил целиот свет настапил поради блуничење на тие кои од старна се нарекувале “синови Божји“; поради блудничење на Содома се симнал оган од небото; несреќи ги снашле и Израелците кои погрешиле со Моавките. Причина за тогашното истребување на голем број луѓе бил блудот, а мислам да тој и денес за нас претставува причина за порази кои ги трпиме од идолопоклониците и разни внатрешни и надворешни зла и несреќи.
15. Писмото “на Божјите синови“ најпрво ги повикало тие што потекнуваат од Енос, а тој бил првиот кој се надевал во повикување на името Господово. Енос бил син на Сит, чиј што род се разликувал од родот на проколнатиот Каин и живеел целомудрено. Поради нив тогаш и преживеа светот, се додека, како е пишано, не ги виделе ќерките човечки, т.е. девојките од родот Каинов. Тие биле убави, заради што тие, занесени од нивната раскалашана убавина, почнале да ги земаат за жени, која и да ја посакале, додека не се научиле на нивните дела и додека не се намножило злото на земјата. Тогаш настапил Потопот и сите ги уништил. Да тогаш на земјата не се нашол Ное и Ноевите синови кои живееле целомудрено – дека живееле целомудрено се гледа од тоа што секој имал по една жена со која и влегол во Ковчегот – да не би останало никаков корен ни основа на кој би постанал другиот свет.
16. Гледате ли како во давнешно време поради блуд можел да пропадне овој свет, да не се сочувал благодарение на целомудрените? Нема ли тие кои се недостојни за овој свет бидејќи го доведуваат во хаос, ќе бидат одфрлени и во идниот век и предадени на огнот пеколен, затоа што никако не се спротивставувале на огнот на телесните наслади, освен ако не побрзаат да низ покајување го угаснат и да со солзите овде ја измијат нечистотијата од минатото?! Нека знаат дека, ако не побрзаат да низ покајување се спротистаават на страстите а повремено и на страмната страст која по природа е уште полоша од таа која и предходеше и која заради развратната пожуда, уште овде ќе го привлечат пеколниот оган кој ќе ги грабне раскалашаните и ќе ги предаде на вечни маки.
17. Кој не знае за Содомљаните и за нивното разгорување на противприродниот блуд, поради што дошол огнен дожд и нивна пропаст? Често и цел град страдал заради еден развратник, како што се случило на жителите на Сихема да во целост ги истребат Јаковлевите синови затоа што Сихем ја грабнал Дина, ќерката на Јаков. Да го оставиме сега тоа што било пред (Мојсиевиот) Законот и да запрашаме: зарем и самиот Закон не заповеда да се невестата која не ја сочувала девственоста убие со камења? Да се ќерката на свештеникот која паднала во телесен грев ја изгори оган? Нели се забранува платата на блудницата да се дава како принос во храмот? Зарем не е поради Израелците кои блудничеле со Моавките во еден ден било убиено дваесет и три илјади нивни мажи? Затоа и великиот Павле ни вели: Нити да блудничиме, како што некои од нив блудничеа, и паднаа во еден ден дваесет и три илјади (1.Кор.10;8).Вака е пред Мојсиевиот Закон, во време на Законот и после него казнуван блудот.
18. Што тогаш да се каже за нас, кои имаме заповед да го распнеме телото со неговите страсти и похоти, а сепак повторно паѓаме во тоа за што доаѓа гневот Божји на синовите на противењето? Предупредени сме на тоа да треба да ги умртвиме своите делови на земјата, и блудот, и нечистотијата, и лошата страст, и похотливоста, но не обрнуваме внимание на предупредувањата. Зарем не се плашиме, ако од ништо друго, а тоа барем од гневот Божји; кој ни се заканува и од небото и од земјата, како на овдешни така и на вечни маки? Не чувствуваме ли побожен страв пред појавување во телото на Сонцето на Правдата, на Христос, и зарем никако не сакаме да праведно одиме, како по ден? Не затреперуваме ли пред апостолските закани, судовите и советите, во кои се вели: Не знаете ли дека сте храм Божји и да Божјиот Дух престојува во вас? Ако некој го разорува храмот Божји, него Бог ќе го разори (1.Кор:3;16-17), познати се делата на телото, кои се: прељубљ, блуд, нечистотија, бесрамносст… љубомора,убиства, пијанчење, раскалашаност, и слично на ова за кои ви однапред кажувам, како што и порано ви кажував, да тие кои прават такво нешто нема да го наследат Божјото Царство (Гал.5;19-21), затоа што знајте го ова, да ниеден блудник, или нечист, или лаком, кој е идолопоклоник, нема наследство во Царството на Христос и Бог (Еф.5;5) и затоа што ова е воља Божја:светост ваша (во грчкиот текст: “наша“), да се пазите од блуд, и секој од вас да знае да го држи своето тело во светост и во чест, а не во страстна желба, како и незнаенобошците кои не го познаваат Бог…Затоа што не не повика Бог на нечистота, туку во светост. Кој, значи, одфрла, не го одфрла човекот туку Бог, кој и го дал на Светиот Дух Свој на вас (1.Сол.4;3-8).
19. Дали некој би може да ги наброи сите изреки на апостолите и пророците кои се однесуват на ова? Еве што апостолот препорачува на целомудрите, тие кои станаа делови Христови: Ви пишував во посланиците да не се мешате со блудниците (1.Кор.5;9).Ако тие сами не се отргнат од блудот, апостолот ги советува другите да се отргнат од нив и така да ги посрамотат, зборувајќи: Да не се мешате со некој кој се вика брат, ако е блудник…со таков заедно и да не јадете (1.Кор.5;11). Гледаш ли да тој кој се тркала во блуд претставува заедничка срамота за Црквата и затоа од таквиот треба сите да се тргаат и да го избркаат? И самиот Павле на сатаната и го предал блудникот од Коринт, не покажувајќи ни љубов кон него ниту го прифатија назад се додека овој на соодветен начин не го покажал своето покајување.
20. Е, човече, со сите сили спасувај ја својата душа од такви зла, сегашни и идни, и тоа двоструки: во идниот и во овој век. Исавовиот род е одфрлен заради тоа што тој бил блудник и насилник, а Ровоам бил лишен од поголемиот дел на царството затоа што бил љубител на жени. Неговиот родител Соломон, кој ги сакал жените како никој друг, си заминал од овој живот не доживувајќи таква несреќа, и тоа поради Давид кој еднаш направил тежок престап, но го исчистил со потоци солзи и други дела на покајување.
21. Бегајте од блуд, браќа – заповеда пак Апостолот. Да и Самсон бегал од блудот, не би паднал во Далилините раце, нити би заедно со косата изгубил сила и очи, ниту пак неславно би го звршил својот живот помеѓу иноплемениците. Да тие кои Мојсеј ги предводел како восководец и законодавец бегале од блудот, не би принеле жртва на Велфегор и не би јаделе жртви за мртви, не би паднале до таа мерка во која паднале. Да од блуд бегал Соломон, не би отстапил од Бог Кој му даде царство и мудрост, и немаше да подигне храм на идолите.
22. Гледате ли како блудната страст го води човекот и во безбожност? Ни убавината на Сузана која ги маѓепсала старците – судии во Вавилон не би ги потоа совладала и не би биле убиени со камења да од самиот почеток бегале од таа гнасна страст, и да (Сузана) предходно секој ден не ја развратно гледале. Ниту на Олоферн не би му била одсечена глават да најпрво Јудитините сандали, како е запишано, не му го привлекле неговиот поглед и да нејзината убавина не ја заробила неговата душа. Затоа Јов вели: Завет им поставив на очите свои да не помислувам на девојка (Јов.31;1). Зарем се ова дотолку повеќе не се однесува на жена со недолично однесување, разведена или мажена?
23. Према тоа, богољупче, подвизувај се или во безбрачноста или во благодаруваниот брак! Пиј вода од својте бунари, или, поточно кажано, од твојот единствен бунар, па и тоа прави го целомудрено. Во целост се воздржувај од незаконско пиење, затоа што тоа е вода Стикса која се влева во (адска река) Ахеронт, вода која е исполнета со смртоносен отров и таа ќе те отруе, затоа што тие кои ја пијат ги одвлекува пред адската врата или, подобро кажано, во самата длабочина на пеколот. Бегај од медот од развратните усни, затоа што се знае да тие итро предизвикуваат смрт на развратникот, која се гледа во одалечување од Бог. Давид за тоа вели: Види, кој себеси се одалечува од Тебе ќе пропадне, го уби секој прељубник (Пс.72;27).
24. Потребно е, значи да тој чие тело со посредство на Светиот Дух станало храм Божји и во кој претстојува Духот Божји, да биде чист, или барем да се чисти, да стално биде неоскрнавен и да се воздржува од препуштање на насладите, да се труди да се здобије со непорочност и целомудреност и да бега од секаков блуд и нечистотија, да би сите ние во радост заекогаш престојуваме со непропадливиот Женик во беспрекорни постели, со молитвите на Она Која Го поради наше спасение девствено родила, Негова приснодевствена, пренепорочна и преславна Мајка, сега и секогаш и во век и веков. Амин.
превод на македонски сестра Слободанка
healthy-foo6d
Зборот кажан за создавањето на постот ,кој бил изговорен во првата недела на Велигденскиот пост.
1.Многу е вешта во злото и многу лукава,или подобро кажано сезлобна е таа духовна змија,која е зачеток на злото.Таа има начин да постави препреки на секое наше добро дело и секоја добра намера.Ако не го спречи неговиот почеток,измислува други измами со кои отежнува да ги извршиме до крај. Ако пак неможе да го оневозможи нивното извршување некаде на средината на патот,пак ќе смисли други подвали и ќе пронајде начин веќе извршеното дело да го направи бескорисно,или,уште полошо,ќе направи тоа дело да им направи штета на оние кои не биле сосема претпазливи.Пред се,ќе ни го представи како напорно и недостижно и така ќе не наведе на безредие и безнадежност,како да тежиме кон нешто претешко и невозможно,поради што својата намера неможеме да ја спроведеме на дело.Освен тоа таа чини парохиите да се посомневаат во наградата која Бог ни ја ветил.
2.Браќа,затоа би требало со помош на душевната храброст,ревност и верба да ја избегнеме таа замка ,имајќи на ум дека,како што земјата не дака корисни плодови ако не се трудиме околу неа ,така ни душата без душевни подвизи нема да даде ништо од Бога пријатно,што служи за спас.И додека земјата е непогодна за земјоделие,до таму е и секоја словесна душа по природа приемчива за доблеста.Бидејќи и покрај прародителските осуди принудени сме животот да го поминеме трудејќи се и во напори и тоа никој да неможе да го избегне,да го направиме тоа тогаш во добро расположение,и она што ни е без наша волја станато својствено,да го принесеме на Бога како добротворен дар,давајќи го привременото,во замена за постојаното.За (нашите) напорите ќе бидеме наградени со добар удел,задобивајќи со привремениот труд вечен мир:трудејќи се сега на доблеста,секако ќе го добиеме ветениот одмор во идниот век.Навистина е сигурен Оној Кој ветил и Кој представува подготвен Помошник на оние кои посветено се внесуваат во остварување на доблеста.Може ли тогаш било што да биде неуспешно ,ако помага Тој кој е силен во се ?!
3.Кога за тоа ќе размислиме и срдечно ќе пристапиме кон творењето на доблестите,оној злобник знаејќи дека тоа не е добро ако не се заврши на добар начин,ќе настојува да не предомисли од творењето на добра со од Бога пријатна цел.Поточно речено,нема да не поттикне во желбата да го прославиме Бога,туку со желбата луѓето да не видат,за на тој начин да не лиши од духовните и небесни дарови кои ги добивеме од Бога.Ние,меѓутоа ќе го спречиме и оваа негова проба ако од една страна помислуваме на возвишеното добро кои се подготвени за оние кои богопријатно живеат,а од друга страна на ништожност на угодување на луѓето,кое не е само недостојно во споредба со идната големина на слава од Бога,туку и недостојно и на страдањето и исцрпувањето на телото.
4.Меѓутоа,и после таква победа над него,овој зачеток на злото во нас лукаво ќе предизвика гордост,како некоја крајна и нејнечиста јама,дошепнувајќи ни помисли на воздигнување,како со сопствената снага и со проникливост да задобиеме доблест.Меѓутоа ние ќе се опоменеме со Самата Вистина која кажува:без мене неможете да правите ништо (Јн.15;5).Така ќе ги избегнеме различните знаци на лукавиот,работејќи на добар начин и усовршувајќи го доброто во долчното смирување.При тоа ќе знаеме дека оној го кој има црковниот сад со скапоценот мир,во овој случај ќе го оскрвнавиме и уништиме тоа миро доколку (мирото) го излееме во нечистотија или ако нечистотијата ја влееме во црковен сад (со миро).Така е и со доблеста:ако некој ја одгурне и отфрли со своето неработење или ако со нејзиното творење ја помеша злобата,на сличен начин ќе оскрвнави и уништи.
5.Го зборувам ова за на вашата љубов токму сега бидејќи е време на постот,за да го сочуваме неизмешан со било какво зло.И иако постат два дена во неделата ,оној евангелски фарисеј немал од тоа никаква корист, бидејќи неговиот пост бил измежан со гордоста и осудувањето на ближниот.Значи ли тоа дека постот не ни носи никаква корист? Меѓутоа колку е постот корисен кои со извршуваат богопријатно и како што доликува,покажале Мојсеј,Илија и Самиот Господ.
6.Мојсеј го извршувал четириесетдневниот пост на планината (разбудете ги ве молам вашите умови и качете се,кога вам ви е дадено времето за тоа ,заедно со Мојсеј на планината ,кај Бога,со подсредство на тоа,по пат вознесете до Христа Кој ,меѓутоа ,не живее на планината туку на небесата и доаѓа заедно со нас).Мојсеј го завршувасе четириедет дневниот пост на планината,а во Писмото го видел Бога ,но не во сложувалките туку во откровение,се беше со Него и разговараше како што разговара со пријател. Бог го поучил,па и самиот Мојсеј другите ги поучувал за Него,зборувајќи дека Тој е Вечно суштен кој се наоѓа во небитието (непостоечкото), туку,напротив од небитието се приведува во битие,не дозволувајќи да се распадне во небитие.Тој на почетокот со еден знак и само со Својата волја восцели видливата (сензуална,сетилна)творевина во еден миг извел од небитието.Во Писмото е кажани:На почетокот Бог го створи небото и земјата (Пост.1;1).Они не биле еден од друг раздвоени со потполно празен простор,без ништо што би било помеѓу нив.Земјата била измешана со вода , при што и едната и другата биле исполнети (досл.бремени) од воздухот, живо-тните,и растенијата од сите врсти.Небото било исполнето со различна светлост и оган,со кои се одржува вселената.
7.Така Бог во почетокот ги створи небото и земјата,како некоја материја во која се, се содржи и која се може да изнесе од себе, одлично оспорувајќи ги оние кои погрешно сметаат дека материјата првобитно настанала сама по себе.Потоа прекрасно творејќи го и укасувајќи го светот,во шест дена расподелил на секого од нив (т.е од тие денови) одговарајќи и нему својствен поредок ,зависно од неговите својства/особини и на тој начин го дополнил неговото украсување.Раздвојувајќи ги (деновите) само со Својата заповед, Тој како од некоја сокриена ризница на виделина го извадил сето она што во неа било зачувано,распоредувајќи го и поставувајќи го во најголем склад,прилагодувајќи го поединечното на се,секое поединечно,на севкупноста и целината на се поединечно.На неподвижната земја,како некое средиште поставил вечнодвижечко небо како некој возвишен круг и премудро ги соединил со посредство на она што е помеѓу нив,за сиот неподвижен свет сочувал споредно со движечкиот .Бидејќи вечнодвижечките тела која се движат многу бргу во потполност кружно поставени,било нужно оноа што е неподвижно да добие место во средината,така неговата положба представува противтежа на движечкото и на тој начин вселенската свера не би се поместувала во вид на цилиндер.
8.Кога најголемиот Уметник,Бог на секого од двата краја на вселената му додели одговарачко место,потврдил и благоподреден,започнал ,така да речеме,овој свет.Во оној простор кој се наоѓа помеѓу овие краеви,повторно го распоредил оноа што му припаѓа на секому од нив,но ги поставува од горе и ги распоредува да истовремено и благоподредено лебди и цело време се движи заедно со горната граница на сето оноа што е лесно и дејствено и што може да се придонесе во корист на она што се наоѓа пониску.А тоа е толку повоздигнато од средината ,наоколу распоредено,да може од една страна да ја спроведува во права мерка претераната свежина на горните краеви,движејќи се во спротивна страна и на одредени места држејќи го и она другото со спротивното движење,како би ни пружил корисно разликување на годишното време и мерите на временските растојанија, а на умните и знаењето за Бога Кој сето го создал,распоредил и подредил.
9.Едно ставил горе во висинта,двократно да кружи на таков начин,поради убавина на сиот свет и поголема корист,а второто го поставил долу и околу средината а тоа е оноа што има тежина и што е пасивна природа,што е створено да се јавува и повторно да се јавува,што може да се разликува и споредува,а кога тежнее повеќе да се менува кон она што е корисно,поставувајќи го тоа како украс,како и односот помеѓу нив,како навистина би можел се да нарекува Универзум (поредок).
10.После сето тоа бил создаден и човекот ,кој и пред создавањето бил од Бога удостоен со голема чест и промислување.Така и овој сетилен свет,кој е сездаден поради него,создаден пред него;и Царското Небеско,кое е подготвено за него исто така создадено пред него,од создавањето на светот.Нему (на човекот) му претходела специјална волја Божја: тој е создаден од Божјата рака и по образот Божји,што значи дека не добил се од вештаството и од оној сетилен свет како останатите живи битија.Такво (вештаствено)било само неговото тело ,додека неговата душа од надсветовно потекло или подобро кажано,таа потекнува од самиот Бог,со посредство на неискажаното вдахновение,како нешто големо и чудесно што го надминува сето останато,како нешто што се надзира и со него владее, способно да го спознае Бога,да Го прими,и да Го пројави како совршено дело на возвишената величина на Уметникот.Поради то за свое живеалиште го добил рајот кој нарочно го засадил Самиот Бог.Овдека можел да размислува и да зборува со Бога лице во лице,овдека добил совет и заповед од Бога Кој му наложил да пости согласно со ова место како би ,ако ја одри и сочува заповедта ,насекаде бил бесмртен,не запознавајќи го трудот и страдањето.
11.Тој за жал,наместо оваа заповед и совет,доброволно му дал првенство на наговорот на онаа змија,зачетокот на злото,и така го нарушил заповедениот пост.Наместо вечниот живот,примил смрт и наместо место со непоматена радост ова место на гревот,исполнето со страдање и патење.Покрај тоа,бил осуден и на ад и на тамошната темнина.Нашата природа би останала во преисподниот,каде ја споштила и онаа змија која на поченокот ја промашила,да не дошол Христос ,почнувајќи од постот ,во потполност ја уништил неговата тиранија,да не е ослободил и оживеал,за што и прорекувал Мојсеј.Постејќи тогаш на планината ,он добил две од Бога созтавени плочи,на кои од прстот Божји бил напишан Законот.Во согласност со тој (закон),Мојсеј го подучувал светиот народ,на дело едуцирајќи ги и однапред представувајќи се што се однесува за Христа,бидејќи тој да бил ослободувач и спаслител на Аврамовото племе ,како што и Христос потоа станал ослободувач и спасителна целиот човечки народ.
12.И Илија исто така ,постејќи четириесет дена ,и самиот на планиата го видел Бога,но не во огнот,како што порано Го виделе старешините на Израел,туку преоѓајќи го богопријатниот пост на гледање во оган,Го видел во гласот кој проповедал низ лесното ветре,што повеќе одговара на зборовите Господни:Бог е дух,и оние кои ме се поклонуваат,во духот и вистината треба да се поклонуваат (Јн.4;24).Овој глас (по видување на пророкот Илија) ја кажувал вистината и проповедал Само Вистина ,која ќе се проповеда до сите краеви на земјата ,бидејќи провејувањето на тивкиот глас преку ветрето го наговестил Светиот Дух и благодедта.
13.Благодарејќи на ова боговидение во текот на постот Илија добил сила да им помага на пророците наместо на себе и двоструко ја пројавува онаа благодет која живеела во него самиот,но и поради тоа за од земјата да биде вознесен високо на небото,како очигледен преобраз на покасното Вознесување Христово од земјата на небото.И самиот Христос постејќи во пустината ,со сила го совладал заедничкиот дегустатор,и одземајќи му ја моќта која ја има над луѓето и уништувајќи ја во целина неговата тиранија, ја ослободил нашата природа и го направил овој (ѓавол) предмет на подсмев за сите оние кои сакаат да живеат по Неговото Евангелие.Тој ги исполнил пророштвата на пророкот и тоа што ним им се случуваше во вид на преобразба ,Тој го објавил на дело како благодет и вистина.
14.Ги гледате ли подароците од постот,и на што сме и колку сме од неговото посредство удостоени?Меѓутоа, и на основа на неговите спротивности,т.е прејадување и неумереност ,може да се види каква корист носи постот.Во текот на предходните две недели ,прејадувањето и неумереноста потполно овладале со градот:неред и викотници,тепачки и немири,песни за немир,сатански игри и недолично смеење.Постот кој започна оваа недела ,се преобразил во еден доличен начин на живот, протерувајќи ги суетните грижи поврзани со расипништво и воздржувајќи се од тежок напор на утробата оставена без работа,не пренел на дела на покаение ,не убеди да не се трудиме на храната на пропаста,туку над храната на вечниот живот.
15.Каде е сега колењето на животните и мирисот на изгорената маст,подготвена со секакви ѓаконии и точност на куварот?Каде се оние кои претрчуваат преку улиците и разуздани викотници кои го сквернават воздухот?Каде се оние кои на сите страни удираат во тапани и свират на флејти,веселејќи ги куќите и трпезите,и оние кои заедно се излежуваат, заедно плескаат со рацете и излагаат пред тапаните и флејтите,прекумерну полнејќи ја својата утроба?Каде се оние кои денот и ноќта ги поминуваат на гозбите?Каде се оние кои гледаат каде ќе има пијанка и се викаат еден со друг на пијанчење и на срам кој произлегува од пијанството? Дури кога дојде постот ,сето зло исчезна и наместо него дојде секое добро. Наместо непристојни песни сега на усните им е пеењето на светиот псалм ,наместо недоличото смеење сега преовладуваат спасоносната тага и солзи ,наместо безнравствена потера и забава по патиштата,сега за сите постои само еден заеднички пат кој води во светот на Христовата Црква.И како што угодувањето на стомаког произведува мноштво гревови ,така постот представува корен на сета доблест и почеток( исполнување) на боженствените заповеди.
16.Несомнено е дека невоздржаните истовремено ги представуваат и старото и новото зло,иако тоа со времето никако не е постаро од својата спротивност т.е од постот.Поради невоздржувањето на нашите прародители во рајот и нивниот презир на постариот пост,смртта навлегла во светот и царувал гревот,донесувајќи со себе осуда на нашата природа ,од Адам па се до доаѓањето на Христа.Покрај невоздржувањето на Адамовиот подмладок кои живееле во истиот свет во кој живееме и ние и поради невниот презир на постарата целомудрост,на целата земја дошол потоп.Бог во тоа време говорел на Ное:Нема Мојот Дух довека да се заканува на луѓето,бидејќи се тела. (1.Мојс.6;3).Кои се тие телесни дела?Зарем не се угодување на стомакот,пијанчење,разуздност од кое произлегуваат сите останати дела? Поради проклетата раскош и невоздржаност на Содомјаните врз нив се спуштил оган од небото, како што кажува пророкот Езекил: Ова беше беззаконие на Содомот:раскош во изобилството на лебот(Езек.16;49). Тие и покрај раскошот згрешиле дури и против својата природа се завеле во погубни противприродни врски. Што првородениот Јаковлев син Исава го лишил од предноста на првородството и татковскиот благослов? Нели тоа била похотливоста и неразумната потреба за храна? Што ги осудило на смрт синовите на првосвештеникот Илија, а и него самиот-кој не покажа доволно грижи околу нивното воспитување- го донело до таму да биде напразно земен од овој живот кога добил вест за нивната смрт?
Зарем тоа тоа не беше неправовремено земање на залаци (жртвени) на месото од котелот и негова употреба? Сиот еврејски народ како што е напишано се насладувал во времето кога Мојсеј поради нив постел на планината-јаделе пиеле и играле а покловањето кон идолот за нив било забава бидејќи тогаш го начнале златното теле.
17. На тој начин, раскошот не е само причина на гревот туку е и причина на беззаконието (т.е гревот против самата вера). Наспроти тоа постот и воздржувањето не им користат само на доблеста туку и на побожноста, бидејќи постот мора да биде пратен со воздржување. Зошто? Затоа што заситеноста со јадењата ја спречува очистувачката жалост по бога, болката во срцето и скрушеноста кои ненаклоненоста кон покајанието ја преобразуваат во спасоносно покајание. Имено без скрушено срце не може да се достигне искрено покајување. Скрушеноста на срцето поттикнува ограничување во храната и сонот како и воздржаност на сетилата, наведувајќи го да жали за своите гревови.
18. Иако оној евангелиски богаташ на самиот себе си говорел: Јади, пиј и весели се(Лк. 12;19) и самиот себе несреќник се сторил достоен на вечниот оган и недостојното дури и на овој живот, ние напротив ќе зборуваме сами на себе да се воздржуваме и да постиме да бдееме и да се ограничуваме да се смириме и злопатиме поради своето спасение. На тој начин овој живот ќе го проживееме добро и богољубиво и ќе наследиме вечна добробит.
19. Сите ние да се подготвиме да ја здобиеме благодетта и човекољубивиот Господ Наш Исус Христос, Кому му доликува слава, чест и поклонување со безпочетниот негов Татко и живототворниот Дух, сега и секогаш и во век и векови. Амин.

За постот
1.На очите им е пријатно да го гледаат мирното море како блеска и сјае со јасна светлост, додека неговата мазна површина го одразува блесокот на светлината. Меѓутоа многу е попријатно не само да видиме Црквата туку и да зборуваме во неа, собрани во Бога ослободена од збунетоста на таинствено озраченоста Божествена светлост и насоченоста кон тоа Блескавило со рацете и очите, и сите сетила и мисли. Бидејќи благодетот на Духот денес ми го подарила да го видам таа прекрасна глетка како, и вас, кои сте деноноќно присутни во храмот Божји, грижејќи се да му пристапите без никаков недостаток, би можел да ве споредам со изданокот на надземното стебло, засадено покрај изворот на вода Духот. И јас, колку ќе можам ќе потпомогнам на тоа оросување Како што вие му додавате на утрото и дневни молитви така и јас доколку времето ми дозволи на утринската ќе и ја доделам и вечерната поука, јасно укажувајќи ви на оние замки со помош на кои непријателот на нашето спасение на разни начини настојува бескорисното да го направи не само пост, туку и наша молитва.
2.Постојат браќа,и други врсти на р’ѓаво прејадување и пијанчење,но тие не доаѓаат ниту од јадењето ниту од пиењето,ниту од насладувањата кои од нив проникнуваат,туку од од гневот на ближниот,од омразата и злопамтењето,како и од секое оноа зло кое тие го раѓаат,за што Мојсеј говори во песната:Виното нивно е отров змејски и неизлечиви јадежи на поколението на аспидот.(5.Мојс.32;33).Поради тоа пророкот Исаја кажува: Тежко на оние кои се без вино пијани (Иса.25;1) и советува,говорејќи:Да не постите кога сте во караница (Иса.58;4).На оние кои во таква состојба постат,тој како да зборува во името Господово:Тоа ли го нарекуваш пријатниот пост кон Бога-кога кога ќе го свиткаш вратот свој како срп?Зошто ги одвраќам очите свои од вас кои ги раширувате рацете свои кон Мене,и мога ги м ножите молитвите свои,јас не слушам (Иса.58;5,1;15).
3.Според тоа,пијанството од таков вид ,кое потекнива од омразата и кое е, повеќе од било што друго ,причина за Бог да се одврати од нас,ѓаволот настојува да го предизвика кај оние што се молат и постат.Тој ги подсетува на грешките на другите луѓе кон нив ,ги поттикнува на злопамтење и им го наоштрува јазикот за клевети.Тој при тоа ги прави да се приспособат на оној човек кој Давид го опишува како се моли исполнет со злоба:Смислуваш беззаконија по цел ден ,неправдата ја смисли јазикот твој,како брич оштар ја направи измамата (Пс.51;3-4).Давид го моли Бога да го избави од таквите луѓе,зборувајќи:Избави ме ,Господе,од злиот човек,и од мажот неправеден ослободи ме …наоштрете го јазикот свој како кај змија отровот аспидин е под устите нивни (Пс.139;1,3).
4.Ве молам,браќа,во време на постот и молитвите ,да од срце простиме,ако некогаш навистина сме имале или сме мислеле дека имаме нешто против некого и сите да живееме во љубов.Освен тоа,да мислиме подобро еден за друг,поттикнувајќи се взаемно на љубов и добри дела.Да зборуваме добро едните за другите и во самите себе да расудуваме и да размислуваме за она што е добро пред Бога и пред луѓето,за да постиме со благодарен и беспрекорен пост за молитвите кои ги упатуваме кон Бога во текот на постот бидат пријатни,за по благодетта и на доличен начин да Го нарекуваме Татко и за да можеме смело да Ми кажеме:Оче прости ни ги долговите наши како што и ние ги опростуваме на должниците наши (Мт.6;12).
5.Постои пак и друга недолична работа која злонамерникот во текот на постот и на молитвите ги полага во нашата душа.Тоа е фалењето ,кое во себе го носел и оној фарисеј:иако постел и се молел ,се вратил (од молитвата) без плод(досл.празен).Ние пак,знаејќи дека е нечист секој кој е со надмено срце и Бог да не го прифаќа ,и знаејќи дека сме должници на Бога во многуте и големи работи и да го враќаме само најмалиот дел на долгот,да го занемариме она што е позади нас сосема ништовно и да се стремиме кон она што е пред нас,постејќи и молечќи се со скрушено срце,од самопокорување и смиреност,за и нашиот пост да биде чист и богоугоден,за и во Храмот Божји да владее внимание и будност.
6.Друг начин на делување на лукавиот ,кој прави нашиот труд од постот и молитвата да биде бескорисен,се состои од тоа да не убеди тоа да го сториме (т.е да постиме и да се молиме ) од славољубие и лицемерство.Затоа Господ во Евангелието советува,зборувајќи: Влези во собата своја ,и затворајќи ја вратата своја,помоли се на Отецот свој Кој е во тајноста ;и на Отецот твој кој гледа тајно,ќе ти возврати јавно(Мт.6,6).
7.Тој тоа не ни го зборува за да ни заповеда да се оттуѓиме од собирањата во храмот,од (заедничката) молитва и псалмопеење.Во тој случај Псалмопеецот-пророкот не би Му зборел:Сред Црква ќе Те пофалам (Пс.21;23),ќе Те Исповедам и фалам помеѓу народите,Господе,ќе псалмопејам помеѓу безбожниците (Пс.56;10) и Заветот свој ќе го исполнам пред оние што Му се плашат(Пс.21;26),а нам:Во црквите благословете го Бога (Пс.67;27) и Одете поклонете се и припаднете му Нему и да плачеме пред Господ Создателот наш(Пс.94;6).Времето не ни дозволува сега да наведеме и други уште по возвишени примери.Господ, значи поучува да се молиме во самотијата ,во своите куќи па дури и на светата постела.Не поттикнува да се молиме на Бога во Црквата,како што молитвата која се твори „одвнатре“,т.е со умот,не поттикнува да се молиме и со усните.Оној пак што сака да се помоли само кога ќе влезе во храмот Божји,но не дома ,ниту на пат,ниту на плоштадите не се грижи за молитва,нема вистински да се моли ни тогаш кога ќе се најде во храмот Божји.
8.Тоа го покажува оној што потоа говори:Готово е (подготвено) е срцето мое,Господе,додава:ќе ти Пеам и псалма во славата Твоја (Пс.56;8) а на друго место кажува:Кога би Те споменувал на постелата моја,утрата би размислувал за Тебе (Пс.63;7).Кажано е .меѓутоа и следново:И кога постите, кажува Христос,не бидете мрачни како лицемери;бидејќи тие ги намуртуваат лицата свои за да им покажат на луѓето како постат.Навистина ви кажувам: ја примиле платата своја.И ти кога постиш,намачкај ја главата своја,и лицето свое изми го ,да не те видат луѓето дека постиш,туку Отецот твој Кој е во тајност;и Отецот твој,Којгледа тајно ,ќе ти возврати тебе јавно(Мт.6;16-18).
9.О какво неспоредливо човекољубие!Господ со овие зборови нам сега ни објавува пресуда и одлука која ќе се пројави во идниот суд,за овде да добиеме уште подобра пресуда и подобар удел.Оние кои живеат славољубиво ,а не според Неговите заповеди Господ ќе ги изговори зборовите кои се согласни со оноа што сега го говори:“Ја добивте својата награда во текот на својот живот“ како што и Аврам,на евангелиската парбола му кажал на оној богаташ во пламенот:Ги прими добрата свои во животот свој (Лк.16;25).Оние пак кои се остваруваат во доблеста имајќи го само Него на ум,Тој кажува дека ќе им возврати јавно т.е дека пред оној општествен собир (досл.глетка) ќе им возврати со благослов,наследство, радост и беспрекорното и вечно насладување.Оној кој сака сите да се спасат и да дојдат во спознавање на вистината,не сака никој да биде лишен од ова наследство,поради што,како што и самиот кажа,сега ја објавува Својата непристрасна и непроменета пресуда,покажувајќи дека синовите Божји се само оние кои ја презреле човечката слава.
10.Поради тоа Тој кажува за ова и за другото,говорејќи:Отецот Твој,Кој гледа тајно,ќе ти возврати јавно,за оние кои ја презреле празната и човечка слава да ги направи Свои синови и наследници и за да ги покаже како такви.Оние другите,меѓутоа,доколку не се покајат,ќе ги лиши од посвојување.Господ ова го кажува за нашата молитва и пост да не бидам видливи за човечките очи,поради што од нив нема да има никаква корист:би се случило одважно да истраеме во трудот на молитвата и постот,а да се лишиме од наградата за тоа!Ни зборува да ја намачкаме главата со масло и да го измиеме лицето,т.е да не се трудиме да бидеме бледи,нечисти и со сува глава,како да сме измачени од постот,и како да го презираме телото , поради што би добиле пофалба од луѓето.Така покрај славољубието постапувале фарисеите,поради што се праведно оттуѓени од Христовата Црква,и Господ строго забранува да ги поддржуваме.
11.Ако некој возвишено кажува дека овде се мисли на главата на душата,односно на умот кој е нејзин владеечки дел и дека лицето тука го означува имагинарниот дел на душата(досл.дејствието) кои произлегуваат од сетилата,тогаш е добро ако ,додека постиме ја мачкаме главата со масло, т.е ако својот ум го направиме милосрден,и ако го измиеме своето лице,т.е својата вообразеност од срамните и нечисти мисли,од гневот и секаквото лукавство.Таквиот пост,кој се завршува на оној начин,не протерува и не посрамотува само сите р’ѓави страсти и заедно со нив ги поттикнува и творците на овие страсти,односно демоните,туку и оние што постат ги придружува со добри ангели и ги преобразува во ангели,прави ангелите да бидат нивни чувари и ги побудува (ангелите) да им помагаат и да бидат нивни учесници.
12.Во античкото време,кај оние тројца момчиња во Вавилон, украсени со исто такво воздржување и пост,покажал дека е заедно со нив во пламенот и четвртиот кој ги сочувал неповредени и волшебно ги наросувал.На сличен начин пред Данило,кој го користел повеќедневниот пост,застанал ангел, правејќи го мудар и предскажувајќи му ги идните случувања.Во друг случај,кога тој (Данило) со молитва и пост им ја затворил устата на лавовите,ангелот од големо растојание го пренел преку воздухот пророкот,кој му ја донел храната.Така и во нас,кои го практикуваме телесниот и духовен пост и се молиме,со дејсто на добрите ангели ќе биде изгасен огнот на телесните желби,гнегот ќе биде скротен како оние лавови,и ќе се причестиме со храната од пророкот со надеж во идни добра ,верба и умни созрцевања,ќе ни биде дадено да ја газиме змијата и шкорпијата и сета сила ѓаволска.
13.Постот кој не е таков и кој не се завршува на тој начин сроден е со злите ангели:на нив им е својствено гладувањето( досл.незимање на храна) поврзано со гневот и омразата,со гордоста и спротивставувањето на Бога.Поради тоа ќе им се спротивставиме ,бидејќи сме ние послушни и служители на Добрата,бидејќи не војуваме против крвта и телото,кажува апостолот,туку против поглаварството и власта и господарот на темнината на овој свет,против духовите на злобата и поднебесјето (Еф.6;12).Ние неможеме да им се спротиставиме само со постот,тику,за своја заштита ќе го користиме и оклопот на праведноста, шлемот на спасоносната милостина штитот на верата како и ножот на Духот,најмоќни во одбраната,а тоа на нас ни е упатен спасоносниот збор Божји.На тој начин,треба да водиме добра битка ,да сочуваме цврста вера и да ги згаснеме стрелите на лукавиот и покажувајќи се во се како победници, ги задобиеме небесните и неовенати венци,радувајчи се заедно со снгелите и Самиот Христот нашиот Господ.
14.Нему му прилега секоја слава,власт,чест и поклонување со беспочетниот Нивен Отец и сите свети,умерен и живототворен Дух.сега и навек и во век и векови.Амин.
За верата,кажана во Неделата на Православието
Содржи и исповед на Православниот Исповедник

1.“Веруваме во Бога“ и “му веруваме на Бога“ не означува едно исто,бидејќи “да му веруваш на Бога“ значи неговите ветувања кои ни ги дал да ги сметаме цврсти и вистинити,додека “да веруваш во Бога“ подразбира на Него да се мисли на православен начин.Ние сме должни да го одржиме и едното и другото,да ја вистиниме и во едното и во другото тоа да го оджиме така што (во Божјите ветувања кон нас) ќе бидеме уверени повеќе отколку да сме виделе со сопствени очи.Треба да му бидеме верни на Бога во кој веруваме,а бидејќи сме верни ,така да бидеме и оправдани бидејќи е кажано:Му Веруваше Аврам на Бога и тоа му се пресмета во праведноста (Рим.4;3).Како Аврам верувал кга бил оправдан?Тој од Бога добил ветување дека во семето Негово ,а тоа бил Исак,ќе ги благослови сите племиња на Израел.Потоа ја добил заповедта од да принесе жртва на Исак.Тој тогаш сеуште бил во детинеста возраст и бил единствениот низ кој требало да биде исполнето ветувањето.Ништо не прашувајќи,таткото бил спремен со сопствените раце да го заколе детето ,иако тогаш верувал дека низ него треба да се исполни ветувањето кое го сметал за цврсто и неоспорно.
2.Гледате ли каква е верата која оправдува?!И на нас Христос ни ветил наследство на вечниот живот,насладување и слава ,и Царство,а потоа заповедал да живееме во сиромаштија,да постиме,да живееме совршено и воздржано ,да бидеме спремни на смртта,да се распнеме самите себе си со страста и похотливоста, да побрзаме кон тоа и да веруваме во она ветување Божје,навистина верувајќи му на Бога угледувајќи се на Аврам,и тоа ќе ни се смета во праведноста.
3.Гледате ли што проследило со таква намера?Спремноста Исак да се предаде на колење представува не само силно сведочење и доказ на Аврамовата вера,туку и причина поради кое од неговото семе (т.е од потомството) требало да се роди Христос,низ Кој се благословени сите племиња на земјата о ветувањето исполнето.На некој начин,Бог станал должник на оној кој поради Него го предал својот едиствен син така за и Тој ,од Своја страна,поради ветувањето кое му е дадено го предава Својот Единствен и вистински Син.Слично е кога сме ние во прашање: целомудроста,праведноста,смиреноста и трпението на оние кои на било кој начин причинуваат зло,разделување на својот имот,како и исцрпување на телото со пост и бдеење,со еден збор распнување на себе си со страстите и похотта во исполнувањето на заповедта Божја ,не представува само доказ за навистина да веруваме во ветувањето Христово ,туку ,во некој смислол, прави Бог да биде должен да ни возврати со вечен и непропадлив живот,со насладување,слава и Царство.
4.Поради тоа и Тој Самиот,гледајќи ги Своите Ученици,рекол: Блажени да се сиромашните на духот,бидејќи нивното Царство е Небесно.Блажени да се оние кои плачат.Блажени да се милостивите.Блажени да се гладните и жедни за правдата.Но тешко си на вас издајниците,тешко си на оние кои се смеат сега,тешко на оние кои се сити сега ,тешко си на вас кога ќе застанат сите луѓе и добро ќе зборуваат за вас(Мт.5;3,Лк.6;24-26).Кажи ми тогаш, може ли за оној кој не обрнува внимание на блаженството Господово туку на тоа што Господ го сожалува,ќе поверува да верува во Бога?Ќе му ја покажам, кажува ,вербата своја низ делата свои.Кој е помеѓу нас мудар нека покаже со доброто однесување на делата свои (Јак.2;18,3;13).
5.Нека тоа ,дека навистина веруваме во Бога,односно дека сме ја спознале вистинитоста и постојаноста на ветеното и заканите нам кои ни ги упатил, како и нашите очекувања они брзо да се пројават, ги покажува нашите добри дела и очувувањето на заповедта Божја. Како меѓутоа ќе докажеме дека во во Бога веруваме православно,т.е добро,непогрешно и побожно мислиме за Него?Така што нашата исповед ќе биде согласно со нашите богоносни Отеци.Незалудната верба во Бога не причинува противење на телесните страсти и замките на лукавиот,туку и противење на страсните луѓе кои не наговараат на р’ѓаво наследство.Така православното верување во едниот вистински Бог се покажува не само низ противењето на незнаењето и на наговорувањето на противниците туку и низ притивењето на безбожните луѓе кои не демнеат и заедно со себе не повлекуваат во сопствената пропаст.Кога се во прашање двете овие вери (верување на Бога и верување во Бога),најголема помош ни пружаат не само Бог и силата на познанието која ни ја дал,туку и добрите ангели и Благочестивите луѓе кои живеат согласно со Божјата волја.
6.Поради тоа нашата духовна и заедничка Мајка и Хранителка,Црквата Христова денеска уште погласно и сеопфатно се огласува за оние кои засјаеле со побожност и доблест.Објавувајќи за нивните свети собирии за боженствените догми кои таму се прогласени,таа воедно ги отфрла следбениците на безбожништвото (ереси) и нивните лукави учења и сваќања за и ние да се тргнеме од нив и,следејќи ги оние кои боженствено мислат да веруваме во еден Бог Отец, и Син и свет Дух,од Кого и во Кого се настанало, Кој е пред се,над се и во се ;Единка во Тројцата и Тројца во Единката, неслеано соединета и неделиво разделена, Единка и Троица семожни.
7.Таткото надвременски(безвременски) безпочетен и вечен ,единствен извор и корен на боженството Кое се созрцува во Синот и Светиот Дух,не само Творецот ,туку Единствениот Отец,едниот Син и единствениот Производител,едниот Свет Дух,вечносуштинскии секадесуштински Отец, насекаде единствен Отец и единствен производител на Светиот Дух ,Кој е (Негов)единствен Син вечен ,а кога станува збор за времето ,современ,но не е и беспочетен,бидејќи е Негов родител ,корен изворник и почеток,Отец,од Кој, Единствениот пред сите векови произлегод ,бесплотно,безстрасно и непроменливо роден но не и раздвоен,Кој е Бог од Бога не поинаков како Бог туку поинаков како Син,Кој е вечносуштински и насекадесуштински и секогаш во Бога,неслеано тлее жив Логос,вистинска Светлост,поставена Премудрост,причина и почеток на целото творештво бидејќи сето ова низ Него настанало,Кој на крајот на вековите,како што претскажале пророците, самиот себе си се понижил,примајќи поради нас облик каков што ни е на нас својствен.Со благосакањето на Отецот и со дејството на Светиот Дух бил зачнат и се родил од Девица како Оној кој навистина се отелотворил и станал сличен на нас во се освен во гревот останувајчи и по отелотворението во еден Ипостас,вистински Бог како што и бил.Правејќи се боженствено како Бог,а се човечки како Човек,изложувајќи се на непорочните човечки страдања,бестрасен(“неподложен на страдање“) и бесмртен и останувајќи Бог,доброволно поради нас телесно претрпел страдања како човек и бил распнат,и умрел, и бил погребан,и на третиот ден воскреснал и со Својата смрт и воскреснување го поразил оној кој што бил господар на смртта.По воскреснувањето Се појавувал и се вознел на небото и седнал од десната страна на Отецот,правејќи ја нашата природа рамноправна и сопрестолна,бидејќи е таа потполно единствена со боженството.Со таа природа (човечката природа која тој ја примил со отелотворението) повторно ќе дојде во слава да им суди на живите и мртвите коу повторно ќе бидат повикани во живот со силата на Неговото Доаѓање, и ќе му даде на секого според делата негови.Знаејќи дека она што го земал од нас,т.е нашата природа подложно на сетилно набљудување и дека е описиво,ние Него го преобразуваме на иконите и побожно се поклонуваме.На иконите исто така ја преобразуваме и и се поклонуваме и на онаа Која Го родила во девственоста како и на оние кои совршено Му угодиле.Симболите на Неговите страдања а особено Крстот ги почитуваме и им се поклонуваме како на боженствени знаменитости на победата над заедничкиот непријател.Секојдневно потсетувајќи се на него,по Негова заповед свештено дејствуваме во боженствените тајни (ја усовршуваме боженствената Евхаристија) и се причестуваме.Според неговата заповед пред се стануваме крстени и крштеваме, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,Кој го почитуваме и на Кого му се поклонуваме.
9.Од превечниот и беспочетен Отец и Свет Дух,Кој е себе почетен Отец и Син,бидејќи надвремен (безвремен) но не и безпричина,бидејќи и Тој за Своите корени ,почеток и причина го има Отецот,од Кој бестрасно и непроменето произлегува пред сите векови ,неразделлив од Отецот и Синот како Оној кој од Отецот произлегува и во Синот почива,имајќи со Него неслеано единство и неделива разделеност.Тој навистина е Бог и Самиот е од Бога;не другите како Бог ,туку Други како Утешител,како самоипостасен Дух Свет Кој од Отецот го има битието и низ Синот се испраќа на почетокот на вечниот живот и залогот на идното и вечно постоечкото добро; и Самиот е причинител на сето што е создадено ,бидејќи се во Него постанало.Тој е непроменливо ист како Отец и Син,освен по својствата на нероденоста (како својство Отец) и раѓањето (како својство Син).Синот Го пратил на Своите ученици т.е Духот Свет се појавил (открил ,покажал),и во таа смисла треба да го разбереме “праќањето“ на Светиот Дух:како подруго би бил пратен Оној Кој е секаде присутен и неодделен од Оној Кој го испраќа?Поради тоа Светиот Дух не се праќа само од Синот ,туку и од Отецот ,и Самиот по Своја волја доаѓа, бидејќи праќањето или покажувањето на Светиот Дух представува заедничко дело на Отецот и Синот и Духот.
10.Тој не се покажува по Својата суштина ,бидејќи никој никогаш не ја видел и не ја објавил боженствената природа ,туку по благодетта ,силата и дејството,кои се заеднички на Отецот,Синот и Духот.Лично својство на Секој од Нив е Неговиот Ипостас и тоа што за неа се запазува,што представува ипостасна особина.На нив не им е заедничко само тоа што е непројавено ,неискажано и непричесно а тоа е боженствената суштина ,и благодетот,силата,дејството (енергија),сјаење,непропаднување и Царство и се она што Бог по благодедта соопштува и соединува со светите ангели и луѓето а при тоа не бива лишен од единството и простотата ,ниту поради разделеноста и различноста на ипостасот,ниту поради разделеноста и разноличноста на божествените сили и енергија.Така ние веруваме во еден Бог,во едно триипостасно и семожно Боженство,и свечено објавуваме за оние кои со таква вера му угодиле на Бога.Ги отфрламе оние кои не веруваат на овој начин туку прогласуваат свои сопствени ереси или до крајот ги следат своите ересијарси. Знајте ,браќа,дека р’ѓавите страсти и безбожните учења се взаемно тесно поврзани,дека представуваат извор на едното и другото и дека се причина на оправданата богооставеност на овој вид на луѓе.
11.Пишувајќи за Елените,големиот Павле не подучил дека сиот рој на гревови приозлегува од безбожништвото:И како не се грижеа да го спознаат Бога ,не Го прославија како Бог ниту му заблагодарија ,и ги предаде Бог во расипаниот ум да прават што е недолично,нив кои го исполниле сите неправди ,блудничења,злоба,лакомство и друго (Рим.1;28-29,21).И повторно причина низ гревност да се воведе безбожништво можат да докажат многумина што тоа сирово го претрпеле.Така Соломон,препуштајќи се на телесните наслади,паднал во идолопоклонство.Совладан со крајно властољубие,принел жртва на златни телиња а Јуда предавник болувал од среброљубие, поради што падна во богоубиство.
12.Поради тоа верата е без дела мртва и неделив ,како што се и делата без вера некорисни.Поради тоа благодет на Светиот Дух денес,во ова свето време на постот и придвижувањето кон доблеста,соединето како пофалба на оние кои правилно ги поучувале зборовите по божноста (т.е православно исповедување),така и отфрлањето на оние чие што учење е неправославно.Поради тоа да се погрижиме и за едното и за другото:да ја покажеме верата низ делата и низ верата да задобиеме корист од својот труд.
13.Р’ѓавите страсти и безбожноста не само што се подготвуваат едни со други туку и меѓусебно се слични.Тоа накратко ќе го појаснам на вашата љубов говорејќи за оние кои се појавиле во нашето време размислуваат различно од нас.Како што Адам добил власт од Бога да проба од секое дрво во рајот па сепак не бил задоволен со тоа, туку, убеден од советот на онаа змија ,зачетничката на злото, јадел од единственото дрво за кое му било заповедано да не го допира.Така е,може да се каже, и со оние добри Дарови Божји,навистина достојни на Неговата љубов,кои Тој ги пружил на секого кој што сака да биде причестен.За овие дарови, како што рекол некој,карактеристично е следното:“Обожуваниот по благодетта ќе биде удостоен со се она што е Бог, освен со поистоветувањето со Бога во суштина“.Постојат меѓутоа некој луѓе кои учат дека и ние сме причесни на самата надсуштинска суштина Божја,и тврдат дека таа (суштината Божја) може да се нарекува на соодветен начин.Поддржувајќи ја онаа змија, зачетничката на злото овие луѓе расипано толкуваат и ги искривуваат Светите зборови,токму како што таа(змијата)направила со Божјите зборови. Ние,меѓутоа од Господа сме добиле сила да стапнуваме на змии и шкорпии и на сета сила ѓаволска и лесно ќе го разориме секое нејзино лукавство и стапица,било да е насочено против благочеста или против благочестивиот начин на живот.Така во се ќе се покажеме како победници и ќе добиеме небесни непропадливи венци на праведноста во Самиот Христа, непоткупливиот Судија и Дарителот Кој што ни дава награда,
14. а Кому му припаѓа сета слава,чест и поклонување,со беспочетниот Негов Отец и пресветиот и благ и животворен Дух,сега и секогаш и во вечни векови.Амин.
МВПЦ параклис Осло

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.