РЕЗОЛУЦИИ НА 28-ТА СЕПРАВОСЛАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОВЛАСТЕНИТЕ ЦРКВИ

РЕЗОЛУЦИИ НА 28-ТА СЕПРАВОСЛАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОВЛАСТЕНИТЕ ЦРКВИ ЗА ПРАШАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЕРЕСИТЕ И ПАРАРЕЛИГИЈАТА
28 СЕПРАВОСЛАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДЕЛЕГАТИТЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ И СВЕТИ МЕТРОПОЛИИ ЗА ПРАШАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЕРЕСИТЕ И ПАРАРЕЛИГИЈАТА
ЗАКЛУЧОЦИ

Дваесет и осмата Сеправославна конференција на делегатите на православните цркви и Светите митрополиии за прашања кои се однесуваат на ересите и парарелигијата, која се одржа под покровителство на Неговото Блаженство Јероним, Архиепископот Атински и на цела Грција, во Конферецискиот центар, од 31 октомври до 2 ноември 2016 во Агринион, чиј домаќин беше Неговото Високопреосвештенство Козма, Митрополитот на Етолија и Акарнанија, а со која претседаваше Неговото Високопреосвештенство Игнатиј, Митрополитот Лариски Tирнавоски, претседател на Синодскиот Комитет за ереси, на тема: “Еретички и окултни ставови што се однесуваат на човекот и човековите права”, во согласност со широката дискусија на презентации, едногласно ги одобри следните заклучоци:
Во последниве децении таа е поддржана од многумина, дотолку повеќе што веќе влеговме во векот на антропологијата – уште еднаш преокупација на теологијата и нејзиниот посебен интерес за човештвото. Ова значи дека е потребно современиот теолошки предизвик да не биде само поставување на содржината на верата, туку и да одговара на вистинското прашањето за тоа што е човекот денес, и како неговата цивилизација ќе се зачува.
Создателот го донесе човекот во постоењето од непостоење, како создание „според Неговиот образ и Неговото подобие”. Дарот “во согласност со Неговиот образ” претставува заедничка карактеристика на сите човечки суштества, додека “според подобието” се нуди на човештвото како потенцијал за слободен избор. Телото и душата заедно го сочинуваат целиот човек, кој се смета како психосоматско единство, како единствен субјект. Човекот е совршен микрокосмос, од неговиот почетокот, тој го рекапитулира, обединува и вклучува целиот универзум, со оглед на тоа што во него ги има сите компоненти на целина, и дека сè е создадена за него. Човекот беше создаден за самиот да се усоврши и од “образот” да се доведе до “подобие”. Тој е “боголико” создание и е “повикан од Бога”: тој го има повикот, во движењето и потенцијалот да стане обожен во Христа.
На несоодветното прашање во нашето време, што е човек, и како може да се задржи неговата цивилизација, одговорот на Православната теологија не е пронајден некаде на друго место, ниту далеку или надвор од наследството отелотворено во Доверба на “образот и подобието на Бога “, кој не е никој друг освен исконскиот човек – Богочовекот Исус Христос.

Спротивно на православното црковно учење во однос на човекот се сите антрополошки заблуди, како од окултните сфери, така и од различните еретички и пара-христијански движења.
Современиот окултен пристап во однос на човекот е повторување на демонската проповед на “ќе станете како богови” (Битие 3: 5), кое е и поттик за современите христијани да ги извршуваат работите од кои тие се откажале при Светата Тајна на Светото Крштение . Тоа е наведување од страна на “древна змија”, која го привлекува човекот во уште една егзистенцијална автономија, непочитувањето на Троичниот Бог и ветување на нови патишта за “самооткупување” и “богоподобие”, кои имаат соодветни маски зависно од случајот, во лавиринтот на ставови, навики и верувања.
Во однос на структурата и синтезата на човекот, окултна теорија прифаќа повеќе тела со различни имиња, бидејќи основниот принцип на окултната сфера е тврдењето дека терминот “тело” не значи само видлив и материјален елемент на човековото постоење. Поимот “тело” се користи – во врска со други окултни услови – да ја имплицира формата и презентацијата на една организирана суштина, која се изразува во еден поинаков начин на космички нивоа.
Во окултните верувања во врска со духовниот развој на човекот, сè зависи од сопствената моќ. Тој е спасен од страна на неговите активности. Бог – како што се доживува во окултните сфери – останува неутрален набљудувач кој не учествува во ништо. Сè што е нелегитимно и темно, дури морбидно, по падот, и пропаднатата религиозност е проектиран од страна на окултизмот со вишок на ароганција, како свое, ендо-космичко успокојување на античката, демонска проповед на “ќе станете како богови” . Во исто време, со неиздржлива суета на една егоистична совест, тоа, исто така, спроведува магијски ритуални практики.
Основна глава на окултното Њу Ејџ учење за човекот е верувањето во реинкарнација, заедно со поврзаноста со немилосрдниот “закон на кармата”. Според оваа теорија, секоја морална одговорност за активностите на човекот е поништено; лош човек не може да се смета за зол, доколку она што тој го прави или го подложува во својот живот не се резултат на својот слободен избор, туку “долгот” му се припишува на другиот, претходниот живот, кој се плаќа назад. Ова ја укинува секоја мисла на човековата слобода, на покајание и прошка. Верувањето во реинкарнација е чисто анти-христијанско учење, која ги надминува дури и законите на логиката. Спротивно на ова верување, Православната Црква верува во воскресението на човекот, претходница и основа на Воскресението Христово.

Окултниот пристап во однос на човекот апсолутно не се совпаѓа со христијанскиот пристап.
Библиската и светоотечката Црковна традиција во нивното неделиво единство – особено учењето на светите Отци на Црквата – не научи со јасност дека целината на аргументите и теориите за илуминации и практики од окултните сфери, со исклучок на изјавите на психијатриските и невролошки видови, не се ништо повеќе од инспирација, прозрачни реченици, дејства и методолошки пристапи од демонско потекло.

Во различни окултни и парарелигиозни групи со нивниот асортиман на практики и пристапи (на пример, практики за ментална манипулација), има брутално газење на основните човекови права.
Во современите верувања на еретички и парахристијански движења во врска со човекот се засновани врз основа на недостаток на интерпретации на библиските стихови, а понекогаш и во наводно ехо библијски “откровенија” од Бога (на пример, во Црквата на Исус Христос на светителите на Судниот ден или “мормоните”, христијанската наука и т.н.). Нивните верувања се во апсолутна спротивност со носителите на во Христста Божествените Откровенија на Светото Писмо и на Светото Предание.
Во еретичките и парахристијанските движења во областа на антропологијата, основните христијански терминологии како што се падот, гревот, спасението и т.н., им се дава радикално различни и неприфатливи значења – не само различни во учењето на православниот христијанин, туку, исто така, во останатиот христијански свет.

Во еретичките учења во однос на човекот, не помалку отсутни се и опасни учења во врска со животот на луѓето, како што се оние на Јеховините сведоци – на пример, нивното одбивање на трансфузија на крв за својот колега – човек кој страда; всушност, тие се стремат да претстават опасни учења како божем да се изведени од Светото Писмо.
Антрополошкото отстапувања од православното учење, како што беше прикажано од страна на различни окултни и еретички движења со различни имиња, предизвикува негативни последици, како на поединци, така и на групи кое го присвојуваат како правилно.
Конференцијата едногласно ги одобри Заклучоците наведени погоре и го овластува неговиот претседател да ги потпише.
МВПЦ ПРЕВОД параклис Осло
Претседателот на конференција
† Игнатиј Лариски и Тирнавоски

This entry was posted in Соопштенија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.