ЖИВЕЕМЕ ДАЛЕКУ ОД ВЕРАТА, ЖИВЕЕМЕ ВО И МЕЃУ ИЗОПАЧЕН СВЕТ

20160429_102850(1)
Во време Господ го создаде светот, го создаде Рајот и го намени за својот народ кој ќе се продолжува од Адама зошто Тој гледајќи го Адама како е тажен и немоќен меѓу сите останати созданија, одлучи да ја создаде жената од неговото ребро за со неа да го дели својот живот и среќа и со која ќе го размножува овој свет создаден во убавина. Иако Адам заедно со својата жена Ева беа истерани од Рајот по нивниот пад неслушајќи ја заповедта Божја, Бог сепак им дозволи да се множат, се создаде народ, поминаа години, а народот се изроди, и добри и лоши, а со тоа Господ сакаше да не научи како да го делиме доброто од лошото и како на еден едноставен и убав начин да го поминеме нашиот живот. Гледајќи го својот народ како оди во бездна, Тој реши да го испрати Својот Син на земјата и да го спаси Својот народ учејќи го преку својот Син, Кој, познавајќи ја целата замисла на Својот Татко, се овоплоти преку Светиот Дух и Дева Марија и ја исполни целата замисла. Оставајќи ни ги сите Благодати, Господ не учи тука на земјава што е од Господ, а што од ѓаволот, кој на почетокот од Господ беше создаден како ангел и многу близок до Него. Покажувајќи ни го патот со своите раскажувања, а подоцна преку Своите Апостоли, Господ ни ја покажува убавината на животот меѓу мажот и жената со вера во Бога. Во тој дел ја спознаваме и самата желба и замисла на Господ дека светот Негов ќе се создава и размножува помеѓу мажот и жената, спротивни два пола создадени од Господа. Тука никаде не ја гледаме опакоста на животот помеѓу два исти пола, за кој и сам Бог рече дека е одвратно, кој, за жал, се повеќе и повеќе јавно се прикажува меѓу народите и ја искажува својата изопаченост која некои ја третираат како болест, а всушност нема никакви симптоми на болест, туку тие немајќи ја својата личност во секојдневниот живот, на таков начин ја покажуваат и докажуваат својата безвредност во живеењето со Бога. Ние како народ на овие појави не треба да обрнуваме особено внимание на тие безвредници, туку како прво за нив сите да се молиме на Господа и да ги молиме Светите Оци прво ним да им помогнат за нивно умствено здравје и враќање во еден нормален живот во Бога. Затоа треба да се започне еден нормален почеток на создавање на семејство и деца, а потоа децата да ги воспитуваме во Господа и да ги учиме од рани години да осознаваат за Господа и за Неговата вредност и значење во нашиот дом. Така нашето домаќинство ќе ја доживее Болагодатта Божја, ќе го доживее сето она што Бог ни го вети, она што нашите духовници ни кажаа и она што свештениците ни проповедаат при нашето присуство во Црквата. На таков начин ќе можеме нашите деца да ги отстраниме и заштитиме од сите злоби во светот, од сите настраности кои се појавуваат кај нивните врсници кои тргнале по лош пат. Не треба од самиот почеток децата да ги одвојуваме, туку треба децата да се обидат да ги усмерат кон правиот пат, но ако тие не ја прифатат нивната добра намера и рака на пријателство, тогаш нашите деца треба да се одвојат од нив, но да се молат за нив на Господа за нивно спасение.
Главна причина за овие појави е екуменизмот во Православието, црковната ерес, во која има појава на хомосексуализам. Одвојте се од нив и цврсто застанете на своите нозе пред сето тоа, но не со насилство, туку со Крстот Кој секогаш не чува од сите зла.
Најчест изговор на поддршката на појавата на хомосексуализам од страна на екуменистите е дека треба да живееме во демократско општество и дека секој човек има свои права. Но треба да сфатиме дека демократија не е одобрување на зло за човекот, демократија не е пат на кој се предаваме на ѓаволот за вечна погибел, демократија не е да го признаеме ѓаволот, ДЕМОКРАТИЈА Е ГОСПОД.
Господ нека ве благослови,
Господ нека е секогаш меѓу нас
+++ Хаџи Јован

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.