МИТРОПОЛИТОТ ПОРФИРИЈЕ, ОД СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ИЗЈАВУВА: ЕКУМЕНИЗМОТ Е НАСУШНА ПОТРЕБА ЗА БРАТОЉУБИВ ДИЈАЛОГ

0zd9ut19j20n4xcqqda5hh0d88n
(превземено од хрватскиот неделник „Новости“)
МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ОБЈАВУВА ОВА ИНТЕРВЈУ НА ЕДЕН ДОСЕГАШЕН ИГУМАН КОЈ ПО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА МИТРОПОЛИЈА И СО ПОСТАНУВАЊЕ НА МИТРОПОЛИТ ГИ ПРИФАЌА МНОГУ ЛЕСНО ЕКУМЕНИСТИТЕ И ТИЕ КОИ ГО ОСУДИЈА ГОСПОД ЗАРАДИ КОРИСТА КОЈА ИМ ЈА ОВОЗМОЖИ ГОСПОД.НАШАТА ЦРКВА КАКО И ДОСЕГА ОВОЈ И ВАКВИТЕ СЛИЧНИ СТАВОВИ НЕ ГИ ПРИФАЌА.

„За поедини луѓе екуменизмот е зло, предавство на православниот идентитет. За мене е насушна потреба за сведочење на братољубив дијалог како суштина на Црквата. Често забораваме дека имаме повеќе години единство отколку разделеност. Се надевам дека овој нов милениум ќе доведе до единство.“
Иако многумина се изненадиле кога слушнале дека должноста на загребско-љубљанскиот митрополит, по Јован Павловиќ кој умре во април оваа година, ќе ја превземе др. Порфирије Периќ, сепак на таа вест се израдувале сите кои барем малку ја следеле досегашната работа на овој 53-годишник, до неодамна игуман на манастирот Ковиљ во Војводина. Митрополитот Порфириј го следи глас на пристапен интелектуалец со голема животна енергија, кој од манастирот во Војводина направил место за средби и вистински расадник на добри идеи и добра духовна енергија. Исто така станал познат како голем екуменист, борец против болестите на зависност и духовен пријател на многу луѓе од светот на филмот и музиката. Застапувајќи помалку крути ставови за многу општествени прашања, многу се разликувал од традиционалниот имиџ на повеќето свештени лица во СПЦ. Неговиот избор е особено интересен бидејќи доаѓа во средина која е оптоварена со воена историја, во заедница која се бори за зачувување на својот религиски и национален идентитет, во опкружување во кое дури сега ширум му се отвора вратата на асимилацијата. Српската Православна Црква добро проценила дека митрополитот Порфирије е вистинската личност која на верниците, како и на сите жители од српска националност во целата митрополија, може да им даде нова надеж и храброст да не го заборават својот идентитет. Чест ни е што за своето прво интервју од стапување на новата должност го избрал токму „Новости“.
СТРАДАЊАТА И НЕСРЕЌИТЕ ПРОЧИСТУВААТ
-Доаѓате меѓу верници кои и во материјална и во духовна смисла претрпеле големи несреќи и во Втората светска војна и оној во деведесетите години. Каква е вашата порака до православните верници во Хрватска кои многу очекуваат од вашето духовно водство?
-Пред се сакам вам лично да ви изразам благодарност, како и до уредништвото на овој успешен неделник, на приликата да се обратам до читателите на „Новости“, кои не самоникнале: тие растат и се развиваат врз традицијата на српското издаваштво во Хрватска, кое трае многу долго. Ако се сетиме на „Српскиот забавник“, „Србобрана“, па и на „Привредник“, за кои лично сум врзан а кои ги објавува „Новости“, јасно е дека таа голема традиција успешно ја продолжувате и во овие изменети околности.
Во Хрватска, фала на Бога, покрај мене има уште четири архиереи. Ние сите заедно образуваме духовно водство на православните Срби и Република Хрватска. Освен осечко-полскиот и барањскиот владика, г. Лукијан, на чие животно искуство во многу нешта се угледуваме, нас петмината, не само генерациски, туку и по согледувањето на местото на Црквата во општеството, сме многу слични. И сремскиот епископ, г. Василије, и херцеговскиот, г. Григорије, имаат тука делови од својата епархија. Значи ние заедно, во духот на соборноста која е иманентна во Православната Црква, треба да дадеме одговори на сите важни прашања и проблеми кои на планот на идентитетот и духовниот живот ги имаат нашите верници. Мојата улога која, ex officio, ја имам како загребско-љубљански митрополит, е да го оснажам соборното согледување на црковните прашања на овој простор, имајќи во предвид дека делуваме во една држава, единствен уставно-правен простор во кој нашиот народ живее во исти или слични социјални околности.
И конечно, ние православните христијани кои живееме тука, треба животот да го согледуваме и да се поучуваме од библиските примери. Особено после несреќите кои ги спомнавте. Во Кинигата за Јов се вели дека кога Господ ме искушува, ќе излезам чист како злато. Тоа значи дека сите страдања и несреќи го прочистуваат човекот кој верува во Бога. Затоа мојата порака е: верувајте во Бога, бидете Христолики и како што се кажува во молитвата на славската свеќарска анафора, нека Христос биде меѓу нас! Нека Христос биде помеѓу нас православните христијани, но секогаш нека биде и меѓу православните и браќата католици со кои ги делиме овие балкански простори, секојдневниот живот, а до 1054 година и богослужбената традиција.
-СПЦ има важна улога во животот на православните верници во Хрватска, но многу тукашни Срби се израснати како атеисти и агностици. Дали сакате да ги завртите кон Црквата? Познато е дека вашата врата секогаш била отворена и за оние кои не се верници…
- Животното искуство ме учи дека има многу малку вистински атеисти. Сите ние сме повикани да бидеме Божји деца. Од друга страна, знаеме дека Бог им дал на луѓето слободна волја и дека секој човек одговара за својот животен пат. Општествениот систем во кој атеизмот беше речиси задолжителен, особено ако сте биле во државна служба, наследи доба на индивидуализам, конформизам, егоизам. Комуникацијата е отежната и во рамките на семејството, доколку тоа и постои. А семејството треба да биде домашна црква. Постарите се оптоварени со грижи, а младите бегаат во виртуален свет, виртуално дружење и општење. Заради тоа нашата задача да укажеме дека Христовото Евангелие упатува на живот во заедница, непрестајно давање на себе за другите, е неспоредливо потешка. Потребно е, со личен пример, автентично сведочење, да се изгради и нов пристап, нова семантика која на малдите ќе им укаже дека Христовиот пат е единствениот кој дава смисла на животот и ја гаси метафизичката жед. Но, сите тие препреки и искушенија, кои кај Србите во Хрватска се и потешки заради несреќите кои ги спомнавте, ќе ги совладаме само доколку ние свештениците го слушаме тивкиот Христов глас.
-Војната многу жители со српско потекло ги поколеба и уплаши во дефинирањето на нивниот национален идентитет. Дали мислите дека СПЦ треба поактивно да се вклучи во стопирање на процесот на асимилација?
-Во пристапната беседа ги дадов контурите на програмата на својата работа. Бидејќи сум запознат со тие проблеми, го цитирав светиот владика Николај, охридски и жички, кој за Свети Сава вели дека светот го почитувал и засакал него, а потоа и неговиот народ, не затоа што ги прославувал Србите, туку затоа што го прославувал Христа. Владика Николај всушност рекол што е работата на Црквата и свештениците: да служат литургија, да го проповедаат Евангелието, да прават добро на сите луѓе. Тоа е најголемото, најделотворното и, би рекол, единственото што Црквата треба да го прави и во врска со асимилацијата, односно зачувувањето на идентитетот.
НИКОГАШ НЕ Е ДОВОЛНО ОД БОЖЈЕТО СЛОВО
-Патријархот Иринеј и вие сте познати екуменисти.Неодамнишната средба на цариградскиот патријарх Вартоломеј и папата Францис охрабри многумина кои се надеваат на посилно поврзување на православието и католоцизмот. Дали мислите дека екуменизмот има иднина во Хрватска?
-За поедини луѓе екуменизмот е зло, предавство на православниот идентитет. За мене е насушна потреба за сведочење, братољубив дијалог, како суштина на Црквата. Христос рекол: „Сите да бидат едно како Ти, Оче, што си во Мене и Јас во Тебе, и тие во Нас да бидат едно, светот да верува дека Ти Ме испрати.“ Често заборавам дека имаме повеќе години единство отколку разделеност. Се надевам дека овој нов милениум ќе доведе до единство. Императивот на Евангелието е да работиме на единството, и покрај сите препреки, верувајќи секогаш во Божјата помош и Неговата промисла.
-Гостин на вашето встоличување бил и бискупот во Сисак Владо Кошиќ, кого го претставивте како пријател од студентските денови, но и кој во своите настапи неретко користи антисрпска реторика и делува спротивно на правилата на екуменскиот дијалог. Како со браќа како него може да се гради екуменизам?
-Неодамна поминав неколк часа во отворен и искрен разговор со братот, бискупот Кошиќ. Допревме многу актуелни прашања, па и овие кои ми ги поставувате. На некои појави не гледаме исто. Го слушав и тој ме слушаше мене. Се обидов да го разберам слушајќи ги неговите аргументи кои беа логични и цврсти, но и јас се трудев моите зборови да бидат братски и благи, а аргументите силни и јасни. Верувам дека со искрен дијалог можеме да се разбереме еден со друг и да станеме поблиски и дека само така и ние, како црковни пастири, скромно можеме, со Божја благодат, да придонесеме секој човек, не загрозувајќи друг и различен, на овие простори да живее потполно слободно. Наскоро повторно ќе се сретнеме и ќе го продолжиме разговорот.
-Со години во Србија бевте на чело на Републичката радиодифузна агенција (РРА). Дали сте задоволни од количината на програмите со религиска содржина во Србија?
-Никогаш не е доволно од Божјето слово. Човекот не живее само од леб, туку од секое слово кое излегува од устата Божја. Бев некое време на чело на независното регулатроно тело, но со тоа немав поголемо влијание врз телевизиските програми. Всушност, секоја медиумска куќа, па и јавниот сервис, има своја програмска концепција, своја уредничка политика.
-На ХРТ православните немаат своја емисија, а своја редакција немаат ниту жителите од српска националност. Дали мислите дека тоа би требало да се промени.
-На РТС постојат емисии, седмичен „Верски мозаик на Србија“ и секојдневен „Верски календар“ во кои, според принципот на позитивна дискриминација, рамномерно се застапени сите цркви и верски заедници кои историски се втемелени во Србија. Според тоа, во нив редовно е застапена и Католичката црква. Не е тешко да се забележи дека ХРТ не применува ваков принцип. Сите овие месеци откако сум встоличен за загребско-љубљански митрополит, покрај телевизискиот пренос на моето встоличување (кој, морам да кажам, беше одлично реализиран) и неколку емисии кои може да се набројат на прстите на едната рака, немало други програмски содржини во кои имало збор за Православната Црква. Слично е и со застапеноста на другите цркви и верски заедници на ХРТ. Не знам, можеби тоа е резултат на некои објективни околности. Како и да е, таа слика треба да се поправи. Треба да се применат европски стандарди и на секого да се даде исто право рамномерно да биде застапен во јавниот сервис. Лично, според мерката на своите можности, ќе се завземам за тоа, а верувам дека ќе наидам на разбирање.
ВО СРЕДБА СО ПАДНАТИОТ ЧОВЕК
-На Богословија предавате пасторална психологија. Можете ли да ни кажете нешто за тој дел од вашата работа? Дали ќе останете професор?
-Да, останувам професор. Мислам дека е важно да се биде во допир со студентите и научниците, да се има увид и достигнувања не само во теологијата, туку и во филозофијата, социологијата, политикологијата, биоетиката и други науки. Тие сознанија може да го збогатат нашиот пастирски пристап кон верниците. Важно е да се разберат антиномиите на модерниот човек. Тоа е невозможно без сознанија, а највиталните истражувачи на тоа поле се студентите. Младоста е отворена кон вечните прашања. На Исус еден млад човек Му го постави прашањето: „Учителе благи, што да направам за да добијам вечен живот?“
-Многу сте се бавеле со млади кои боледуваат од различни зависности и последици од други штетни активности: дали мислите, во некаков облик, со тоа да продолжите и во Хрватска?
- Мислам дека е потребно да продолжам со општествената работа. Болестите на зависност се еден од новите облици на отуѓување. Да се биде рамнодушен значи да се биде лишен од општествена емпатија, односно потивко и тесно да се стави главата во песок и да се побегне од нашата иднина, а тоа се младите. Скршените семејства и општеството свртено кон среброљубието само предизвикуваат девијации како зависност од дрога, алкохолизам, зависност од компјутерски технологии. Црквата не е вистинска црква ако не се сретне со паднатиот човек. Ако не му ги даде двете раце, таа е само остаток од минатото и естетика на обожавателите на обредот, од било која исповед или деноминација.
-СПЦ пред Втората светска војна имала бројни имоти и згради кои биле национализирани. Дали ви е познато во колкава мерка е извршена денационализацијата?
-Се покажало дека денационализацијата е многу сложен процес затоа што во меѓувреме било променето повеќе титуларни имоти. Се работи за неотуѓиви права. Државата веќе многу од одземеното го вратила. Бидејќи Хрватска е членка на Европската Унија, уверен сум дека одземеното ќе биде вратено колку што е тоа можно. Од друга страна, тоа е важно прашање за СПЦ, но не и најважно. Нашата служба кон Христа е суштината на нашето постоење. Кажано е: „Барајте го царството Божје и Неговата правда, а се останато ќе ви се придодаде“.
ПРАШАЊЕТО НА КИРИЛИЦАТА Е НЕГАТИВНО ИСПОЛИТИЗИРАНО
-Не можеме да побегнеме од тешки прашања. Каков е вашиот став за беатификацијата на Алојз Степинац, нешто за што мислењата на католиците и православните се дијаметрално спротивни?
- Откако живеам во Хрватска, увидов дека браќата римокатолици имаат големо почитување кон личноста на кардиналот Степинец. Темата на канонизацијата не е нова. Папата Јован Павле Втори уште во 1998 година го прогласи кардиналот Степинец за блажен. Католичката црква има своја процедура на прогласување на светители која е различна од праксата на Православната Црква. Ние тука не одлучуваме. Сакам само да ги повторам зборовите на патријархот Иринеј дека личноста на светителот треба да биде почитуван од другите христијани.
-Каков е вашиот став за актуелниот проблем на поставување на кирилични плочи во средини во кои третина од населението се жители од српска националност?
-За жал, тоа прашање во голема мера е негативно исполитизирано. Поединци ја злоупотребуваат болката на оние кои во несреќни и безумни крвопролевања во девеесетите години од минатиот век ги изгубиле своите блиски. Таа болка ја разбирам и секојдневно се коленопреклонувам и молам на Бога да им даде утеха онака како само Он умее. Исто така со цело срце се молам да на секоја невина жртва, без разлика на кој народ и на која вера припаѓа, и се подари царство небесно. Но со политизацијата на прашања како што е кирилицата, заради постигнување на користољубиви, дневнополитички цели, поединци не само што не придонесуваат во ублажувањето на болката, туку уште повеќе ја продлабочуваат и отвораат можноста за нови и потешки рани. Да бидам јасен: секој кој живее во Хрватска треба да ги почитува законите на оваа земја, развивајќи лични и колективни потенцијали кои придонесуваат за општото добро и развојот на државата. А државата и општеството се должни да го штитат и афирмираат негувањето на духовната и националната посебност, лично-соборниот идентитет на секој народ и поединец. Тоа важи и за Србија, за Хрватите во Србија. Изразувам надеж дека Католичката црква ќе придонесе во сочувувањето на верскиот и културниот идентитет на Србите, онака како што тоа настојува да го прави Православната Црква во Србија. Кирилицата е дел од српската посебност и идентитет! Сепак, за трајно да се реши проблемот на кирилицата и други слични проблеми, најважно е да постои политичка волја. Црквите се тука, од своја страна, да создадат позитивна атмосфера. Кирилицата исто така ја користат Бугарите, Русите Украинците…Замислите кога третина од жителите на некоја хрватска жупанија или град би бил составен од некој од нив. Дали локалната управа заради нив би поставила кирилични натписи или не? Претпоставувам дека би поставила. Се работи за човекови права и ништо повеќе. Она што денес се нарекува западна цивилизација, а јас без разлика на маните и искушенијата, ја изедначувам со христијанска цивилизација, го создаде Миланскиот едикт, давајќи пред тринаесет векови слободна совест на секој народ и секоја личност. Ако сме христијани, тоа врвно начело на слободата ќе го негуваме, а не да го гушиме.

Mitropolit Porfirije Ekumenizam je nasušna potreba za bratoljubivim dijalogom
Za pojedine je ekumenizam zlo, izdaja pravoslavnog identiteta. Za mene je nasušna potreba za svedočenjem, bratoljubivim dijalogom, kao suštinom Crkve. Često zaboravljamo da imamo više godina jedinstva nego razdeljenosti. Nadam se da će ovaj novi milenijum voditi jedinstvu

Iako su se mnogi iznenadili kada su čuli da dužnost mitropolita zagrebačko-ljubljanskoga, nakon Jovana Pavlovića koji je umro u travnju ove godine, preuzima dr. Porfirije Perić, toj su se vijesti obradovali svi koji su imalo pratili dosadašnji rad toga 53-godišnjaka, donedavnog igumana manastira Kovilj u Vojvodini. Mitropolita Porfirija prati glas pristupačnog intelektualca velike životne energije, koji je od vojvođanskog manastira napravio mjesto susreta i istinski rasadnik dobrih ideja i dobre duhovne energije. Postao je, uz ostalo, poznat kao veliki ekumenist, borac protiv bolesti ovisnosti i duhovni prijatelj mnogih ljudi iz svijeta filma i muzike. Zastupajući manje krute stavove o mnogim društvenim pitanjima, dosta se razlikovao od tradicionalnog imidža većine sveštenika SPC-a. Njegov je izbor posebno zanimljiv u svjetlu toga što dolazi u sredinu opterećenu ratnom prošlošću, u zajednicu koja se bori za očuvanje svoga religijskoga i nacionalnoga identiteta, u okružje u kojem joj se širom otvaraju tek vrata asimilacije. Srpska pravoslavna crkva dobro je procijenila da je mitropolit Porfirije prava osoba koja vjernicima, ali i svim građanima srpske nacionalnosti u cijeloj mitropoliji, može pružiti novu nadu i hrabrost da ne zaborave svoj identitet. Čast nam je da je za svoj prvi intervju od stupanja na novu dužnost izabrao upravo ‘Novosti’.
Patnje i nedaće pročišćuju
Dolazite među vjernike koji su i u materijalnom i u duhovnom smislu pretrpjeli velike nedaće i u Drugom svjetskom ratu i u onom devedesetih. Kakva je vaša poruka pravoslavnim vjernicima u Hrvatskoj, koji puno očekuju od vašega duhovnog vodstva?
Pre svega, želim da izrazim zahvalnost vama lično, kao i uredništvu uspešnog nedeljnika, na prilici da se obratim čitaocima ‘Novosti’, koje nisu samonikle: one rastu i razvijaju se na tradiciji srpskog izdavaštva u Hrvatskoj, koje traje veoma dugo. Ako se setimo ‘Srpskog zabavnika’, ‘Srbobrana’, pa i ‘Privrednika’, za koji sam i lično vezan a koji kao podlistak izdaju ‘Novosti’, jasno je da tu veliku tradiciju uspešno nastavljate i u ovim izmenjenim okolnostima.
U Hrvatskoj, Bogu hvala, pored mene su još četiri arhijereja. Mi svi zajedno činimo duhovno vođstvo pravoslavnih Srba u Republici Hrvatskoj. Osim vladike osečko-poljskog i baranjskog, g. Lukijana, na čije se životno iskustvo u mnogo čemu ugledamo, nas petorica smo, ne samo generacijski nego i po sagledavanju mesta Crkve u društvu, veoma slični. I episkopi sremski, g. Vasilije, i hercegovački, g. Grigorije, imaju ovde delove svojih eparhija. Dakle mi zajedno, u duhu sabornosti koja je imanentna Pravoslavnoj crkvi, treba da damo odgovore na sva važna pitanja i probleme koje na planu identiteta i duhovnog života imaju naši vernici. Moja uloga koju, ex officio, imam kao mitropolit zagrebačko-ljubljanski je da osnažim saborno sagledavanje crkvenih pitanja na ovom prostoru, s obzirom na to da delujemo u jednoj državi, jedinstvenom ustavno-pravnom prostoru u kojem naš narod živi u istim ili sličnim socijalnim okolnostima.
I napokon, mi pravoslavni hrišćani koji živimo ovde treba da život sagledavamo i poučavamo se biblijskim primerima. Pogotovu posle nedaća koje ste pomenuli. Knjiga o Jovu kaže da, kad me Gospod iskuša, izaći ću čist kao zlato. To znači da sva patnja i nedaće pročišćuju čoveka koji se uzda u Boga. Zato je moja poruka: uzdajte se u Boga, budite hristoliki i neka, kao što se kaže u molitvi slavske svečarske anafore, Hristos bude između nas! Neka Hristos bude između nas pravoslavnih hrišćana, ali neka bude uvek i između pravoslavnih i braće katolika, sa kojima delimo ove balkanske prostore, svakodnevni život, a do 1054. godine i bogoslužbenu tradiciju.
SPC ima važnu ulogu u životu pravoslavnih vjernika u Hrvatskoj, ali mnogi ovdašnji Srbi odgojeni su kao ateisti i agnostici. Želite li ih okrenuti Crkvi? Poznato je da su vaša vrata uvijek bila otvorena i onima koji nisu vjernici…
Životno iskustvo me uči da istinskih ateista ima vrlo malo. Svi smo mi prizvani da budemo Božja deca. S druge strane, znamo da je Bog dao ljudima slobodnu volju i da svaki čovek odgovara za svoj životni put. Društveni sistem u kome je ateizam bio gotovo obavezan, naročito ako ste u državnoj službi, nasledilo je doba individualizma, konformizma, egoizma. Komunikacija je otežana i u okviru porodice, ukoliko ona i postoji. A porodica treba da bude domaća crkva. Stariji su ophrvani brigama, a mladi beže u virtualni svet, virtualno druženje i opštenje. Zbog toga je naš zadatak da ukažemo da jevanđelje Hristovo upućuje na život u zajednici, neprestano davanje sebe drugima, nesravnjivo teži. Potrebno je, uz lični primer, autentično svedočenje, izgraditi i novi pristup, novu semantiku koja će mladima ukazati da je Hristov put jedini koji daje smisao životu i gasi metafizičku žeđ. Ali sve te prepreke i iskušenja, koji su kod Srba u Hrvatskoj i teži zbog nedaća koje ste pomenuli, savladaćemo samo ukoliko mi sveštenici budemo slušali tihi glas Hristov.
Nedavno sam proveo nekoliko sati u otvorenom i iskrenom razgovoru sa bratom, biskupom Košićem. Verujem da iskrenim dijalogom možemo razumeti jedan drugoga i postati bliži i da samo tako i mi, kao crkveni pastiri, skromno možemo, blagodaću Božjom, doprineti da svaki čovek na ovim prostorima živi potpuno slobodno
Rat je mnoge građane srpskog porijekla pokolebao i uplašio u definiranju njihovoga nacionalnog identiteta. Mislite li da se SPC treba aktivnije uključiti u zaustavljanje procesa asimilacije?
U pristupnoj besedi dao sam obrise programa svog rada. Budući da sam upoznat sa tim problemom, citirao sam svetog vladiku Nikolaja, ohridskog i žičkog, koji za svetog Savu kaže da je svet poštovao i zavoleo njega, pa zatim i njegov narod, ne zato što je proslavljao Srbe nego zato što je proslavljao Hrista. Vladika Nikolaj rekao je zapravo šta je posao Crkve i sveštenika: da služe liturgiju, da propovedaju jevanđelje, da čine dobro svim ljudima. To je najviše, najdelotvornije i, rekao bih, jedino šta Crkva treba da radi i po pitanju asimilacije, odnosno očuvanja identiteta.
Nikad dosta Božje reči
Patrijarh Irinej i vi poznati ste ekumenisti. Nedavni susret carigradskog patrijarha Bartolomeja i pape Franje ohrabrio je mnoge koji se nadaju jačem povezivanju pravoslavlja i katoličanstva. Mislite li da ekumenizam ima budućnost u Hrvatskoj?
Za pojedine je ekumenizam zlo, izdaja pravoslavnog identiteta. Za mene je nasušna potreba za svedočenjem, bratoljubivim dijalogom, kao suštinom Crkve. Hristos je rekao: ‘Da svi jedno budu, kao Ti, Oče, što si u meni i ja u tebi, da i oni u nama jedno budu, da svet veruje da si me Ti poslao.’ Često zaboravljamo da imamo više godina jedinstva nego razdeljenosti. Nadam se da će ovaj novi milenijum voditi jedinstvu. Imperativ je jevanđelja da radimo na jedinstvu, uprkos svim preprekama, uzdajući se uvek u Božju pomoć i promisao Njegovu.
Gost na vašem ustoličenju bio je i sisački biskup Vlado Košić, kojeg ste predstavili kao prijatelja iz studentskih dana, ali koji u svojim istupima nerijetko koristi antisrpsku retoriku i djeluje suprotno pravilima ekumenskog dijaloga. Kako s braćom poput njega graditi ekumenizam?
Nedavno sam proveo nekoliko sati u otvorenom i iskrenom razgovoru sa bratom, biskupom Košićem. Dotakli smo se mnogih aktuelnih pitanja, pa i ovih koja mi postavljate. Na neke pojave ne gledamo isto. Slušao sam ga i on je slušao mene. Pokušao sam da ga razumem, slušajući njegove argumente koji su bili logični i čvrsti, ali i ja sam se trudio da moje reči budu bratske i blage, a argumenti jaki i jasni. Verujem da iskrenim dijalogom možemo razumeti jedan drugoga i postati bliži i da samo tako i mi, kao crkveni pastiri, skromno možemo, blagodaću Božjom, doprineti da svaki čovek, ne ugrožavajući drugog i drugačijeg, na ovim prostorima živi potpuno slobodno. Uskoro ćemo se opet sresti i nastaviti razgovor.
Godinama ste u Srbiji bili na čelu Republičke radiodifuzne agencije (RRA). Jeste li zadovoljni količinom programa religijskog sadržaja u Srbiji?
Nikad dosta Božje reči. Čovek ne živi samo o hlebu, nego o svakoj reči koja izlazi iz usta Božjih. Bio sam neko vreme na čelu nezavisnog regulatornog tela, ali time nisam imao veći uticaj na televizijske programe. Uostalom, svaka medijska kuća, pa i javni servis, ima svoju programsku koncepciju, svoju uređivačku politiku.
Na HRT-u pravoslavci nemaju svoju emisiju, a svoju redakciju nemaju ni građani srpske nacionalnosti. Mislite li da bi se to trebalo promijeniti?
Na RTS-u postoje emisije, sedmična ‘Verski mozaik Srbije’ i svakodnevna ‘Verski kalendar’, u kojima su, po principu pozitivne diskriminacije, ravnomerno zastupljene sve crkve i verske zajednice koje su istorijski utemeljene u Srbiji. Prema tome, u njima je redovno zastupljena i Katolička crkva. Nije teško zapaziti da HRT ne primenjuje ovakav princip. Svih ovih meseci otkada sam ustoličen za mitropolita zagrebačko-ljubljanskog, pored televizijskog prenosa mog ustoličenja (koji je, moram da kažem, bio odlično realizovan) i nekoliko emisija koje se mogu nabrojati na prste jedne ruke, nije bilo drugih programskih sadržaja u kojima bi bilo reči o Pravoslavnoj crkvi. Slično je i sa zastupljenošću drugih crkava i verskih zajednica na HRT-u. Ne znam, možda je to rezultat i nekih objektivnih okolnosti. Bilo kako bilo, tu sliku treba popraviti. Treba primeniti evropske standarde i svakome dati isto pravo da ravnomerno bude zastupljen na javnom servisu. Lično ću se, po meri svojih mogućnosti, za to zauzeti, a verujem da ću naići na razumevanje.
U susret palom čoveku
Predajete na Bogosloviji i to pastoralnu psihologiju. Možete li nam reći nešto o tom dijelu vašeg rada? Hoćete li ostati profesor?
Da, ostajem profesor. Mislim da je važno biti u dodiru sa studentima i naučnicima, imati uvide u dostignuća ne samo iz teologije, nego i iz psihologije, filosofije, sociologije, politikologije, bioetike i drugih nauka. Ta saznanja mogu da obogate naš pastirski pristup vernicima. Bitno je razumeti antinomije modernog čoveka. To je nemoguće bez saznanja, a najvitalniji istraživači na tom polju su studenti. Mladost je otvorena prema večnim pitanjima. Isusu je mladi čovek postavio pitanje: ‘Učitelju blagi, šta da učinim da zadobijem život večni?’
Puno ste se bavili mladima koji boluju od različitih ovisnosti i posljedica drugih štetnih aktivnosti: mislite li, u nekom obliku, s time nastaviti i u Hrvatskoj?
Mislim da je nužno nastaviti sa društvenim radom. Bolesti zavisnosti su jedan od novih oblika otuđenja. Biti ravnodušan znači biti lišen socijalne empatije, to jest kvijetistički i uskogrudo zabijati glavu u pesak i bežati od naše budućnosti, a to su mladi. Razbijene porodice i društvo okrenuto srebroljublju upravo uzrokuju devijacije kao što su narkomanija, alkoholizam, zavisnost od kompjuterskih tehnologija. Crkva nije istinska crkva ako ne izlazi u susret palom čoveku. Ako mu ne pruži obe ruke, ona je samo relikt prošlosti i estetika ljubitelja obreda, bilo koje konfesije ili denominacije.
SPC je prije Drugog svjetskog rata imao brojna dobra i zgrade koje su nacionalizirane. Je li vam poznato u kojoj mjeri je izvršena denacionalizacija?
Pokazalo se da je denacionalizacija veoma složen proces, zato što je u međuvremenu promenjeno više titulara imovine. Radi se o neotuđivim pravima. Država je već dosta oduzetog vratila. Budući da je Hrvatska članica Evropske unije, uveren sam da će oduzeto biti vraćeno
koliko god je to moguće. Sa druge strane, to jeste bitno pitanje za SPC, ali ne i najbitnije. Naša služba Hristu je suština našeg postojanja. Rečeno je: ‘Ištite pre svega carstvo Božje i pravdu Njegovu, a sve ostalo će vam se pridodati.’
Pitanje ćirilice negativno je ispolitizovano
Ne možemo pobjeći od teških pitanja. Kakav je vaš stav o beatifikaciji Alojzija Stepinca, o čemu su mišljenja katolika i pravoslavaca često dijametralno suprotna?
Otkako živim u Hrvatskoj, uvideo sam da braća rimokatolici imaju veliko poštovanje prema ličnosti kardinala Stepinca. Tema kanonizacije nije nova. Papa Jovan Pavle II još je 1998. kardinala Stepinca proglasio blaženim. Katolička crkva ima svoju proceduru proglašenja svetitelja, koja je različita od prakse Pravoslavne crkve. Mi tu ne odlučujemo. Želim samo da ponovim reči patrijarha Irineja da ličnost svetitelja treba da bude poštovana i od drugih hrišćana.
Kakav je vaš stav o aktualnom problemu postavljanja ćiriličnih ploča u sredinama u kojima je trećina stanovnika srpske nacionalnosti?
Nažalost, to je pitanje u velikoj meri negativno ispolitizovano. Pojedinci zloupotrebljavaju bol onih koji su u nesretnim i bezumnim krvoprolićima devedesetih godina prošlog veka izgubili svoje bližnje. Taj bol razumem i svakodnevno se kolenopreklonim i molim Bogu da im da utehu onako kako samo on ume. Isto tako, celim srcem se molim da svakoj nevinoj žrtvi, bez obzira kom narodu i kojoj veri pripada, podari carstvo nebesko. Ali politizacijom pitanja kao što je ćirilica, radi postizanja koristoljubivih, dnevnopolitičkih ciljeva, pojedinci ne samo da ne doprinose ublažavanju bola, nego ga još više produbljuju i otvaraju mogućnosti za nove i teže rane. Da budem jasan: svako ko živi u Hrvatskoj treba da poštuje zakone ove zemlje, da razvijajući lične i kolektivne potencijale doprinosi opštem dobru i razvoju države. A država i društvo su dužni da štite i afirmišu negovanje duhovne i nacionalne posebnosti, lično-sabornog identiteta svakog naroda i pojedinca. To važi i za Srbiju, za Hrvate u Srbiji, kao i za Srbe u Hrvatskoj. Izražavam nadu da će i Katolička crkva doprineti očuvanju verskog i kulturnog identiteta Srba, onako kako to nastoji da čini Pravoslavna crkva u Srbiji. Ćirilica je deo srpske posebnosti i identiteta! Ipak, da bi se trajno rešio problem ćirilice i drugi slični problemi, najvažnije je da postoji politička volja. Crkve su tu da, sa svoje strane, stvore pozitivnu atmosferu. Ćirilicu takođe koriste Bugari, Rusi, Ukrajinci… Zamislite kad bi trećinu građana neke hrvatske županije ili grada činio neko od njih. Da li bi lokalna uprava zbog njih postavila ćirilične natpise ili ne bi? Pretpostavljam da bi. Reč je o ljudskim pravima i ništa više od toga. Ono što se danas naziva zapadnom civilizacijom, a ja je bez obzira na mane i iskušenja izjednačavam sa hrišćanskom civilizacijom, stvorio je Milanski edikt, davši pre trinaest vekova slobodu savesti svakom narodu i svakoj ličnosti. Ako smo hrišćani, to vrhunsko načelo slobode ćemo negovati, a ne gušiti.
администрација МВПЦСВЈК Витлеем

sveti justin popovic
СВЕТИ ЈУСТИН ПОПОВИЌ – ДЕЛ ОД НЕГОВОТО ДЕЛО: ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА И ЕКУМЕНИЗМОТ
(стр. 55-56)
На европскиот Запад, христијанството постепено се претворало во хуманизам. Долго и напорно Богочовекот е намалуван, менуван, стеснуван и на крај сведен на човек: на непогрешлив човек во Рим и не помалку непогрешлив човек во Лондон и Берлин. Така настанал папизмот кој од Христа зема се и протестантизам кој од Христа бара најмалку, а често и ништо. И во папизмот и во протестантизмот на местото на Богочовекот поставен е човек и како највисока вредност и како највисок критериум. Извршена е болна и тажна корекција на Богочовекот, Неговото дело и Неговото учење. Истрајно и самоуверено се трудел папизмот Богочовекот да Го замени со човек, додека во догматот за непогрешливоста на папата – човекот, Богочовекот не е засекогаш заменет со минливиот „непогрешлив“ човек. Зошто со овој догмат папата одлучно и јасно е прогласен не само за нешто повеќе од човекот, туку и од светите Апостоли, и од светите Отци и од светите Вселенски собори. Ваквото отстапување од Богочовекот, од вселенската Црква како Богочовечки организам, папизмот го надминал Лутер, творецот на протестантизмот. Во самата суштина, првиот радикален протест во името на хуманизмот против Богочовекот Христос и неговиот Богочовечки организам – Црквата – треба да се бара во папизмот, не во лутеранизмот. Папизмот е навистина првиот и најстариот протестанизмот.
Не треба да се лажеме: папизмот и е најрадикалниот протестантизам зошто темелот на Христијанството го пренел од вечниот Богочовек на минливиот човек. И тоа го прогласил за најглавен догмат, а тоа значи: за најглавна вистина, за најглавна вредност, за најглавно мерило на сите битија и сите нешта во сите светови. А протестантите само го прифатиле овој догмат во суштина, го разработиле до ужасни размери и детали. Во самата суштина, протестантизмот не е ништо друго освен генерално применет папизам. Зошто во протестантизмот основното начело на папизмот е спроведено во животот од страна на секој човек посебно. По примерот на непогрешливиот човек во Рим, секој протестант е повторен непогрешлив човек, зошто претендира на лична непогрешливост во нештата на верата. Може да се каже: протестантизмот е вулгаризиран папизмот, само лишен од мистика, авторитет и власт.
Сведувањето на Христијанството, со сите негови бескрајни вистини Богочовечки, на човекот, направено е западното христијанство да биде претворено во хуманизам. Ова може да изгледа парадоксално, но е вистинско со својата неодолива и неизбришлива историска стварност. Зошто западното христијанство, во својата суштина, е најодлучен хуманизам, бидејќи човекот го прогласил непогрешлив и Богочовечката религија ја претворил во хуманистичка. Дека тоа е така покажува тоа што Богочовекот е потиснат на небото, а на Неговото испразнето место е поставен Неговиот заменик, Vicarius Christi – папата. Колку трагична нелогичност: на насекаде присутниот Бог и на Господ Христос е поставен заменик! Но оваа нелогичност се овоплотила во западното христијанство: црквата е претворена во држава, папата стана владетел, владиците се прогласени за кнезови, свештениците станале водачи на клерикалните партии, верниците се прогласени за папски поданици, Евангелието е заменето со ватикански зборник на канонско право, евангелската етика и методика на љубовта е заменета со казуистика, со језуитска и „света“ инквизиција. А тоа значи: со систематско отстранување, уништување на се што не се клања на папата, па дури и со насилно преведување во папската вера и запалување на грешниците во слава на кроткиот и благ Господ Исус!
Нема сомнение, сите овие факти самите се слеваат во еден неодоливо лигичен заклучок: на Запад нема Црква, нема Богочовек, затоа нема ниту вистинско Богочовечко општество, во кое човек на човека му е бесмртен брат и вечен собрат. Хуманистичкото христијанство е всушност најодлучниот протест против Богочовекот Христос и сите евангелски Богочовечки вредности и мерила на Вистината и во ова провејува омиленото тежнеење на европскиот човек се да сведе на човекот како на основна вредност и основно мерило. А зад се тоа стои еден идол: Mensshliches Allzumennschliches (човечко – премногу човечко). Сведувањето на хуманизам, Христијанството, нема сомневање, е упростено, а во исто време и – упропастено. Бидејќи е извршено изедначување на Христијанството со хуманизмот, денес на некои места во Европа се помислува на враѓање на Богочовекот Христос. Само криците за враќање на Исус се немоќни во темната ноќ на хуманистичкото христијанство кое ги напуштило Богочовечките вредности и мерки и сега се гуши во очај и немоќ. А од длабочините на вековите се слушаат горчливите зборови на тажниот пророк Божји Еремија: „Нека е проклет човекот кој се надева на човек!“…
…Според нашето православно чувство: Христијанството е Христијанство со Богочовекот, со Неговата Богочовечка идеологија и Богочовечка методика. Тоа е основната вистина на сметка на кој не можат да се прават никакви компромиси. Само како Богочовек, Христос е највисока вредност и нејвисока мерка. …Не може да се биде Христијанин без вера во Христа како Богочовек и во Црквата како Негово Богочовечко тело, Црква во која Он ја оставил Својата чудесна Личност…Секое заменување на Богочовекот со било кој човек и секое избирање од Христијанството само она што му се допаѓа на човечкиот индивидуален вкус и разум, го претвора Христијанството во површен и беспомошен хуманизам.“….
(Препорака од Администрацијата на МВПЦ е секој православен верник да го прочита ова спасоносно дело „Православната Црква и екуменизмот“ на чуварот на Православната вера, Преподобен Јустин Поповиќ-Ќелијски за да не потклекне на искушенијата на екуменизмот кој има се поголем и побрз замав од било кога во историјата.)
администрација МВПЦСВЈК Витлеем

This entry was posted in Екуменизам. Bookmark the permalink.

Comments are closed.