ВО ИСЧЕКУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА ЗА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК РОЖДЕНСТВО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС – БОЖИЌ

duhovden2131
Насекаде во светот веќе се гледа дека сите луѓе се подготвуваат да го прослават големиот христијански празник Божиќ, секој на свој начин, дали со пост, молитви и исповедување на своите гревови, со украсување на домот со разни пригодни предмети или пак со планови за патување во некое туристичко место во својата земја или во странство. Како и да е речиси сите некако се подготвуваат за прослава на Господовото рожденство. Но колкумина од сите нас се прашуваме: зошто се подготвуваме, што за нас претставува славењето на празникот и која е смислата на славењето, дали веруваме во сето тоа што го правиме или гледаме можност да искористиме слободни денови од работа да одиме некаде или што вкусно и обилно да подготвиме за свечената вечера или ручек? Зошто учествуваме во подготовките, што за нас претставува празникот? Дали тоа го правиме од навика, да се вклопиме во средината или навистина знаеме и веруваме во споменот и чествувањето на настанот кој се случил пред 2018 години?
Секој кој верува дека Господ Исус Христос се овоплоти во тело и постана Богочовек само со една цел: да ни каже со своите Божествени зборови дека Он се роди за да ни ја пренесе спасителната вест дека смртта не ни може ништо, дека ние не умираме туку заспиваме зошто секој од нас се раѓа за вечен живот. Бог не го создаде човекот за еден ден вечно да го снема, туку да живее вечно со Него. Господ се роди во време кога Палестина и еврејскиот народ беше под римска власт како Спасител, но не да го спаси народот од ропството на Римјаните, туку од ропството на гревот. Тој проживеа 33 човечки години на земјава, проповедаше на народот три години, се предаде да Го распнат за по три дена да Воскресне и да ни ја каже убавата и спасителна вест дека ние не умираме, туку имаме вечен живот.
kako-postaviti-sto-za-bozic
Затоа добро е секој да се запраша зошто го слави празникот Божиќ ако не верува или не може да сфати дека не умираме туку заспиваме или пак смета дека со смртта завршува човечкиот живот. Тогаш секоја подготовка на празникот без вера во Бога е само една празна традиција на украсување на својот дом и подготовка на обилни јадења и пијалоци само за да се сретнат со своите блиски и пријатели. Такво нешто секое семејство може да го прави и во други денови, зошто нивната прослава е празна, глува, таа се губи во воздухот како чад, додека оние семејства кои тоа го прават со вера во Бога и вечниот живот, тогаш над нивниот дом навистина свети ѕвезда како Божји благослов за таа година.
Мили браќа и сестри, верувајте во Евангелието и Господовите зборови зошто не постои поголема вистина во овој лажен свет каде од сите страни демнее непријателот на човекот само со една цел-да го уништи за вечност.
На крај нека ви е благословена подготовката за претстојниот празник Рожденство на Господ Исус Христос и нека Неговата милост биде врз нашите глави за вечни векови. Амин.
Администрација МВПЦСВЈК Витлеем

1
IN EXPECTATION AND PREPARATION OF THE GREAT CHRISTIAN FEAST THE BIRTH OF LORD JESUS CHRIST – CHRISTMAS
Everywhere in the world you are already seeing that all people are preparing to celebrate the great Christian feast Christmas, each in its own way, whether by fasting, praying and confessing their sins, decorating the home with various objects or with travel plans in a tourist place in their own countries or abroad. However, almost everyone is somehow preparing for the celebration of the Lord’s birth. But how many of us ask themselves: why are we preparing, what is the celebrating the feast for us and what is the meaning of the celebration, do we believe in everything we do or we just see the opportunity to use vacant days from work to go somewhere, or what tasty and abundantly to prepare for a dinner or a lunch? Why are we participating in the preparations, what is the meaning of the holiday for us? Do we do it out of a habit to fit among the others or we really do know and believe in the memory and celebration of the event that happened 2018 years ago?
Anyone who believes that Lord Jesus Christ has become embodied in the body and became a God-man for one purpose only: to tell us with his Divine words that He was born to convey the saving news that the death cannot do anything to us, that we do not die, but we fall asleep because each one of us was born for eternal life. God did not create man so that one day he vanishes forever, but to live with Him forever. The Lord was born at the time when Palestine and the Jewish people were under Roman rule as a Savior, but not to save the people from the slavery of the Romans, but from the slavery of the sin. He lived 33 human years on the earth, preached to the people for three years, surrendered Himself to be crucified and after three days to rise again and tell us the beautiful and saving news that we do not die, but we have eternal life.
Therefore, it is a good thing for everyone to ask himself/herself why he/she celebrates the Christmas feast if he/she does not believe or cannot understand that we are not dying but we fall asleep or thinks that human life ends with death. Then each preparation of the feast without faith in God is just an empty tradition of decorating the home and preparing plentiful meals and drinks just to meet your loved ones and friends. Such things can be done by every family in other days, because their celebration is empty, deafening, it is lost in the air as smoke, while those families who do this by faith in God and eternal life, then above their home really shines a star as God’s blessing for that year.
Beloved brothers and sisters, believe in the Gospel and the Lord’s words because there is no greater truth in this false world, where the enemy of man has only one goal – to destroy man for an eternity.
In the end, may the preparation for the upcoming feast of the Birth of the Lord Jesus Christ be blessed and let His mercy be upon our heads for ever and ever. Amen.
Administration MVPCSVJK Bethlehem

This entry was posted in Екуменизам. Bookmark the permalink.

Comments are closed.