Дедо Добри (Добре Димитров Добрев) се претстави пред Господа

27752016_1856916204331989_1778833232495630032_nа

На 13-ти февруари 2018 година пред Господа се претстави возљубениот од сите Добре Димитров Добрев (дедо Добри), соопштува Бугарската Патријаршија на нивната официјална веб страна. Тлените останки на дедо Добри истиот ден беа изложени за поклонение во црквата во селото Бајлово, кадешто се наоѓаше неговиот земен дом. Заупокоена литургија беше отслужена следниот ден, а неговото погребение се изврши денеска (15-ти февруари).
Дедо Добри е роден на 20-ти јули 1914 г. во селото Бајлово. Татко му загинува во Првата Светска Војна, така што мајка му самата ги одгледува децата. На детството и училишните денови дедо Добри не се сеќава. Стапува во брак во 1940 год., време во кое Бугарија учествува во Втората Светска Војна. За време на бомбардирањата над Софија, граната паѓа во негова близина и речиси го лишува од слухот. Има четири деца, од кои две ги надживува. Во текот на годините, дедо Добри се оттргнува од материјалниот начин на живот и сосема се посветува на духовното. Имено, поради таа нова насока во животот и примерот што го дава со својата штедрост и аскетизам, многумина го нарекуваат „Светителот од Бајлово’“.
Околу 2000 година решава да го дари сиот свој имот на Бугарската Православна Црква. Речиси секој ден дедо Добри оди пешки или со автобус до Софија и пред вратата на храмот-споменик „Свети Александар Невски“ или црквата „Светите Седмочисленици“ во една пластична чашка собира пари, кои потоа ги дарува до стотинка. Во 2009 година дедо Добри дарува 35 700 лева (над 18 000 евра) на ПКСХП „Свети Александар Невски“ и со тоа станува најголем дарител на Патријатршиската катедрала.
Бог да помилува и спаси, и да даде скоро вбројување во редот на светите души!
ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ!!! +
Администрација на МВПЦ Витлеем

This entry was posted in Соопштенија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.