ДО СИТЕ ВЕРНИЦИ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА И ПАТРИЈАРШИЈА

IMG_20180407_132611

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ!
Со Своето воскресение Господ Исус Христос го изведе човечкиот род од пеколот и го вознесе во рајот. Од смртта Он го откина човечкиот род и го вознесе во бесмртноста. Од ништожноста и од небитието Он го воскресна човекот во вечен живот. Господ Исус Христос го спаси човекот од ѓаволот и го предаде во прегратката на Бога. Тоа е Воскресението, тоа е огромната и безмерна љубов на Господа Кој со Својата смрт ја победи смртта и ја фрли во бездна, а на човечкиот род му даде вечен живот, вечен живот во кој се влегува преку вечната вистина, правдата, љубовта и радоста.
Секој вистински христијанин совоскреснува со Господ Исус Христос и како таков живее во овој свет, како мртовец кој излегол од гробот, ја совладал смртта и оди низ овој свет како бесмртник на кого смртта не може ништо да му направи. Бесмртникот е посилен од смртта и тој ја уништува со силата на Воскреснатиот Господ. Ние сме христијани, а да се биде христијанин значи да се биде во Христа, со верата во Христа, зошто ние сите сме нови луѓе, се облековме во Христа при нашето крштевање и станавме луѓе бесмртни. Ние сме нови луѓе, имаме ново срце и нова душа, бесмртно срце и бесмртна душа и бесмртна радост во Воскреснатиот Господ. Стариот смртен човек помина и се роди нов човек, бесмртен човек во Христа.
Во овој свет само ние христијаните сме вечно нови, вечно млади, зошто нема смрт во нашите души, нас не може ништо да не запре. Христовиот човек е вечно млад и што повеќе живее, тоа е се помлад зошто таква е вечноста која Господ ја дава, таква е вечната сила, правдата и вечниот живот кој Господ им го дава на Своите следбеници.
Господ Исус Христос дојде во овој свет да покаже и докаже дека само со помош на добри сретства може да се биде добар, дека само со помошта Божја може да се стане совршен во овој свет, совршен во добродетелта, совршен во правдата, совршен во вистината и совршен во љубовта. До доброто може да се дојде само со помош на Бога. А до вечниот живот, вечната вистина, вечната правда може да се дојде само со помош на Господ Исус Христос.
Ние христијаните почнуваме со вечната вистина од самото наше крштевање, тогаш силата ни ја дава Господ Христос на секој од нас и ние се разликуваме од останатите луѓе во тоа што веруваме во Воскресението на Господ Исус Христос, а со тоа и во своето лично воскресение. Ние, денешните христијани, кои иако сме никакви и речиси сакати во споредба со оние на самиот почеток на христијанството, сепак сведочиме за една вистина, сведочиме за Воскреснатиот Христос. Господ Воскресна и човекот воскресна. Ние постојано во овој свет, секој од нас како христијани проповедаме едно и сведочиме едно, а тоа е Воскреснатиот Господ.
ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!ΑΛΗΘΩΣ ΑΝΕΣΤΗ!
На сите вам, верници на Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија, ви го честитам најголемиот празник, празникот над празниците, победата над нашиот најголем непријател-смртта, нека е за многаја лјета и за навек.
Архиепископ на Македонска Вистинска Православна Црква
и Патријаршија
++ Јован – Хаџи
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на сите во гробовите живот им дарува.

images
TO ALL BELIEVERS OF THE MACEDONIAN GENUINE ORTHODOX CHURCH AND PATRIARCHY
CHRIST IS RISEN!

With His resurrection, the Lord Jesus Christ brought the human race from hell and ascended to heaven. From death, He cast off the human race and ascended into immortality. From the nothingness and from the non-being He resurrected the man in eternal life. The Lord Jesus Christ saved the man from the devil and handed him over to the embrace of God. That is the Resurrection, that is the huge and immense love of the Lord Who overcomes death by His death and throws it into the abyss, and gives to the human race eternal life, eternal life in which we enter through the eternal truth, justice, love and joy.
Every true Christian associate with the Lord Jesus Christ and as such, he lives in this world, as a dead man who came out of the grave, overcame death and walk through this world as an immortal to whom death cannot do anything to him. The Immortal is stronger than death and it destroys it by the power of the Risen Lord. We are Christians, and being Christian is to be in Christ, with the faith in Christ, because we are all new people, we have dressed in Christ during our baptism and become immortal people. We are new people, we have a new heart and a new soul, an immortal heart and an immortal soul and an immortal joy in the Risen Lord. The old mortal man has passed and a new man is born, an immortal man in Christ.
In this world, only we Christians are eternally new, eternally young, because there is no death in our souls, ње cannot be stopped by anything. Christ’s man is eternally young and the more he lives, the younger he is, because such is the eternity that the Lord gives, such is the eternal power, justice and eternal life that the Lord gives to His followers.
The Lord Jesus Christ came to this world to show and prove that only with the help of good resources one can be good, that only with the help of God one can become perfect in this world, perfect in virtue, perfect in justice, perfect in truth and perfect in love. The good can only be achieved with the help of God. And to eternal life, eternal truth, eternal justice one can only come with the help of the Lord Jesus Christ.
We Christians begin with the eternal truth from our baptism, then our Lord Christ gives us strength to each of us, and we differ from the other people in our belief in the Resurrection of the Lord Jesus Christ, and therefore in our personal resurrection. We, today’s Christians, who, although we are not good and almost lame in comparison with those of the very beginning of the Christianity, yet we testify to one truth, we testify of the Resurrected Christ. The Lord resurrected and the man resurrected. We continually in this world, each of us as Christians preach one truth and testify one truth, and that is the Risen Lord.
HE IS RISEN INDEED!
To all of you, the believers of the Macedonian Genuine Orthodox Church and Patriarchy, I congratulate you the greatest feast, the greatest feast of all the Church’s feasts, the victory over our greatest enemy-death. May it be for many years and forever.
The Archbishop of the Macedonian Genuine Orthodox Church and Patriarchy
++ Jovan – Hadji
Christ is Risen from the dead, by death trampling down death and to those in the tombs He has granted life.

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.