ЗОШТО МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ПЛАШИ?

Мили браќа и сестри во Христа,
По немилиот настан кој се случи пред неколку дена со Неговото Блаженство Архиепископот Јован на Православната Охридска Архиепископија, кој во последниве 13 години неуморно се гони од властите на Македонија, без разлика која партија е на власт, со лажни докази за перење или крадење на пари, едноставно се прашуваме што се случува со властите во оваа наша мала земја Македонија? Дали во неа владее општ страв кај луѓето, па и новинарите, од високо свештено лице, владика, обичен свештеник или монах кој не е од МПЦ, туку е од друга православна црква? Што можат овие луѓе да му наштетат на народот кога тие не прават ништо лошо, не крадат, не тераат никого на сила да прави ништо, не бараат пари од народот? Кој е виновникот за ваквиот исконски страв меѓу поголемиот дел од македонскиот народ од православни свештени лица кои не се од МПЦ? Зошто и владите на Македонија, постапуваат кон нив со однапред определен став, автоматски сметајќи ги за предавници и криминалци? А од друга страна се дозволува регистрација на разни секти во Основниот Суд Скопје 2, секти кои завеле голем број на млади луѓе во сосема погрешна животна патека која, не ретко, завршувала фатално. Зошто една секуларна држава, како што е Македонија, дозволува една црква да диригира какви закони ќе се донесуваат и какви судски одлуки ќе се изречуваат без претходно добро да се испитаат доказите за некое одредено криминално дело со кое тие се товарат или пак, уште позастрашувачки, не им се дозволува на свештени лица од други православни земји, влез во земјата? Значи свештено лице од друга православна црква не смее да влезе во Македонија како свештено лице, без да има покана од МПЦ??? Дали, браќа и сестри во Господа, знаете дека таков закон не постои во ниту една друга земја во светот?
Сега да се навратиме кон некои настани што се случија во минатите неколку месеци. МПЦ бараше од Бугарската Православна Црква да биде признаена како сестринска црква, вест која бомбастично беше емитувана на сите медиуми, нешто што беше последователно на владиниот договор со Бугарија за добрососедство. Понатаму во етерот ечеа вести дека за ваквиот акт ќе помогнела Руската Православна Црква, па дури и Вселенскиот Патријарх. Како што знаете, мили браќа и сестри, ништо од тоа не се случи затоа што на народот не му е кажана правата вистина за самопрогласувањето на МПЦ како афтокефална црква, а со самото тоа станува непризната од сите останати постоечки православни цркви, се смета за расколна, а свештените лица и владиците се самопрогласени без никаков благослов и хиротонисување кое е достојно и пропишано за еден таков црковен чин. Во Православната Црква постојат канони и секој кој ги прекршува тие канони, се оддалечува од неа и од Светата Троица, зошто се што не е благословено, во себе го нема Животворниот Свети Дух. МПЦ едноставно не им ја кажува правата вистина на својот народ, туку постојано објавува некакви тарифници за црковни услуги или служби кои, според православните канони, не треба да се наплаќаат, туку се да биде бесплатно, а народот да плати кој колку има и може и ако има воопшто. Дали Господ Исус Христос им кажа на своите ученици дека за секоја нивна услуга треба да му наплаќа на народот? Секако дека НЕ. Значи МПЦ е едниствената т.н. православна црква во Македонија, односно сака да биде единствената, за да може да спроведува свои норми и тарифници и народот да го држи „ за узда“ и да му кажува погрешна слика за православието и верата единствено со цел да си ги исполнува своите потреби, т.е. потребите на самопрогласените владици и свештени лица. Затоа и постои тој страв кај неа од ПОА и останатите православни свештени лица кои сакаат да ја посетат, дојдат или едностано да поминат низ Македонија. Едноставно меѓу „владиците“ и самопрогласениот „архиепископ“ на МПЦ постои огромен страв дека колку повеќе им се дозволува влез на други православни свештени лица луѓето конечно ќе ја дознаат правата вистина за нив. Вака, се до овој момент, на територијата на Македонија постои само ПОА за која се води долгогодишна хајка како кон секташи и предвници, што е многу далеку од правата вистина.
Нам, Македонска Вистинска Православна Црква, регострирана во Осло, Норвешка, призната од оваа земја и од сите институции во која таа е дел, не ни е дозволено било какво свештено лице, без разлика на чинот, да влезе во Македонија, без покана од т.н. архиепископ Стефан, за кого сите треба да ја прочитаат неговата биографија на интернет и да дознаат на каков начин во МПЦ се станува свештеник од највисок чин? Значи еден самопрогласен и неканонски архиепископ не му дозволува на еден канонски хиротонисан архиепископ, или друго високо православно свештено лице, да влезе и да се движи во Македонија во својата свештеничка одора во земјата без негова дозвола??? ЕДНОСТАВНО – ВО НИТУ ЕДНА ДРУГА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ЗАКОН!
Ние, во Македонска Вистинска Православна Црква се прашуваме зошто властите, особено сегашната власт, која се бори за влез во светските институции каде владеат законите за правата на човекот, се уште дозволува да се случуваат вакви нечовечки испади од одредени лица на одредена клучна позиција? Зарем Архиепископот Јован од ПОА не ги знае законите и судските пресуди изречени за него, па сега ќе ризикува нешто што не соодејствува на неговиот чин и вера? И зошто македонските новинари, кои се бореа за слобода на говор, се уште имаат страв да ги именуваат свештените лица од другите православни цркви со соодветниот чин, туку шарлатански ги именуваат со нивното презиме? Која е причината што тие не можат да се ослободат од наметнатите стереотипи? Зарем национализмот сепак владее меѓу нас толку многу што не можеме да ги отвориме нашите хоризонти кон вистината и човековото право, а велиме дека сакаме да бидеме дел од европското семејство, но во тоа семејство владее правото кое е еднакво за сите и каде владее човековото право, како и правото за религиозна определеност, каде нема монопол и диктатура и наметнување на волја на еден човек, институција или организација, а да не зборуваме за црква?
Мили браќа и сестри во Господа, поради ваквиот став на било која влада во Македонија, ние, Македонска Вистинска Православна Црква, не можеме да си дојдеме во својата земја, туку се уште чекаме некое подобро време кога власта ќе се свести дека со забрани, особено наметнати од црква, не може да се влезе во европското семејство, зошто ние, т.е. секое наше свештено лице може без никакви услови да влезе и да престојува во секоја друга православна и неправославна земја во светот без никакви условувања, слобдно со нашата соодветна одора, онаа која сме ја добиле при хиротонисување и миропомазание.
Администрација на МВПЦ, Витлеем, Палестина
images
Во продолжение е биографијата на т.н. архиепископ на МПЦ, Стефан:
„Роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.
Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.
Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архиерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.
Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. Црковното нацинолано собрание (составено од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква“.
З А Б Е Л Е Ш К А
Наша забелешка и прашања: Каде Стефан бил монах, колку време бил монах и дали е можно после само 9 дена како монах, значи не бил ниту искушеник, е можно да биде прогласен директно за Митрополит? Да се запрашаме, исто така, од кога манастирот Свети Наум во Охрид нема монаштво, туку е место кое е посетувано само од туристи? И, како последно прашање: кој него го хиротонисал и кој го прогласил за поглавар на МПЦ, кога од 17 јули 1967 година МПЦ самата се прогласува за автокефална црква и не е призната од никоја друга православна црква во светот?
Администрација на МВПЦ, Витлеем, Палестина
12527604_848337765286479_2006978644_n
ОВА Е КАКО ЕДЕН АРХИЕРЕЈ НА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ИЗГЛЕДА КОГА Е ВО КАФАНА СО СВОЈОТ ДРУГАР ЧАШАТА……….ОВА Е СТЕФАН

This entry was posted in Соопштенија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.