ЦРКВАТА МВПЦ ПРЕПОРАЧУВА

ПРОРОШТВО ЗА ИДНОТО БЕЗЗАКОНИЕ
СТАРЕЦ И МАЧЕНИК АНАТОЛИЈ ОПТИНСКИ ПОМЛАДИОТ (1855-1922)

И од тогаш ересите ќе се шират насекаде и ќе измамуваат многу луѓе. Непријателот на човечкиот род ќе делува со лукавост со цел во ереста да ги воведе, ако е можно, и избраните.
Нема да почне со грубо отфрлање на догмата за Светата Троица, Божеството на Исус Христос и непорочноста на Богородица, туку незабележливо ќе тргне со обвинување на учењето и уставот на Црквата и самиот нивен дух, предаден на нас од светите Отци преку Светиот Дух. Малкумина ќе ја забележат оваа лукавост на непријателот, само оние кои се поискусни во духовниот живот. Еретиците ќе ја зграпчат власта над Црквата и насекаде ќе ги постават своите слуги. Побожните ќе ги гледаат со презир. Он, Господ, рече: „По нивните плодови ќе ги препознаете“. Така и по нивните плодови и по делата на еретиците тежнеј да ги разликуваш од вистинските пастири.
Ова се духовни разбојници кои го растргнуваат духовното стадо и ќе влезе во трлото на Црквата, влегувајќи на други начини, користејќи се со сила ќе ги изгазат Божествените устави. Господ нив ги нарекува крадци.Навистина нивната прва задача ќе биде гонење на вистинските пастири, нивно затворање и прогон бидејќи без ова нема да можат да ги раскинат овците.
Затоа, синко мој, кога ќе видиш нарушување на преданието на Отците и Божествениот поредок во Црквата, поредок воспоставен од Бога, знај дека еретиците веќе се појавиле, иако можеби одредено време ќе ја кријат својата безбожност, или незабележливо ќе ја искривуваат Божествената вера со цел подобро да успеат во заведување и намамување на неискусните во мрежата.
Прогонот нема да биде насочен само против пастирите, туку и против слугите Божји, зошто сите тие, под власта на ереста, не ќе можат да ја трпат побожноста. Препознај ги овие волци во овчја кожа по нивната гордост и волјата за власт. Тие ќе бидат клеветници, предавници, сеејќи насекаде непријателство и завист. Затоа и Господ рече дека ќе ги препознаеш по нивните плодови. Вистинските слуги Божји се смирени, го љубат ближниот свој и се послушни на Црквата.
Монасите ќе бидат под голем притисок од страна на еретиците и монашкиот живот ќе биде презрен. Ќе има се помалку манастири, бројот на монасите ќе опаѓа, а тие што ќе останат, ќе трпат насилство. Овие мразители на монашкиот живот, имајќи само изглед на побожност, ќе тежнеат да ги привлечат монасите на своја страна ветувајќи им заштита и земски добра, а ќе им се закануваат на оние кои ќе им се спротивстават, со истерување.
Овие неволји ќе предизвикаат голем очај меѓу малодушните. Но, ти, синко мој, радувај се што ќе живееш во тоа време зошто тогаш верниците кои нема да покажуваат никакви доблести, ќе примат венци само поради цврстото стоење во верата, според зборовите на Господа. (Мат. 10, 32)
Бој се од Господ, синко мој, бој се да не ги изгубиш венците подготвени за тебе. Плаши се да не бидеш отфрлен од Христа во најкрајната темнина, во вечното мачење. Стој храбро во верата и ако е неопходно, издржи го прогонството и другите таги зошто Господ ќе биде со тебе и светите маченици и исповедници ќе гледаат на тебе и на твојата борба со радост.
Но, тешко ќе им биде на монасите во тие денови, кои ќе бидат врзани со богаства и имот, кои поради љубовта кон мирот ќе бидат спремни да се потчинат на еретиците. Тие ќе ја замолчуваат својата совест говорејќи: го чуваме и го спасуваме манастирот, а Господ ќе ни прости. Несреќни и слепи тие воопшто не разбираат дека преку ересите демоните ќе влезат во манастирот и тогаш нема повеќе да биде манастирот свет, туку само ѕидови од кого ќе си замине благодатта.
Меѓутоа Бог е помоќен од непријателот и Он никогаш нема да ги напушти своите слуги. Вистинските христијани ќе останат до крајот на времето. Само што тие ќе изберат да живеат во одделени и напуштени места. Не плаши се од тагата, туку повеќе плаши се од убиствената ерес зошто таа не лишува од благодатта и не одвојува од Христа. Од таа причина Господ ни заповеда еретикот да го гледаме како безбожник и цариник.
И така, синко мој, јакни во благодатта на Исус Христос. Побрзај да ја исповедаш верата, да го издржиш страдањето како добар војник на Исуса Христа Кој рече: „Биди верен до самата смрт и ќе ти дадам венец на животот“ (Отк. 2, 10).
Нему, со Отецот и Светиот Дух, нека е слава, чест и поклонение во вечните векови. Амин.
A PROPHESY OF FUTURE LAWLESSNESS
SAINT AND MARTYR ANATOLY THE YOUNGER (1855-1922)

And from that heresies will spread everywhere and deceive many people. The enemy of the human race will act with cunning in order to draw into heresy, if possible, even the elect.
He will not begin by crudely rejecting the dogmas of the Holy Trinity, the divinity of Jesus Christ and the virtue of the Theotokos, but he will begin imperceptibly to distort the teachings and statutes of the Church and their very spirit, handed down to us by the Holy Fathers through the Holy Spirit.
Few will notice these wiles of the enemy, only those more experienced in the spiritual life. Heretics will seize power over the Church and will place their servants everywhere; the pious will be regarded with contempt. He (the Lord) said, by their fruits ye shall know them, and so, by their fruits, as well as by the actions of the heretics, strive to distinguish them from the true pastors.
These are spiritual thieves, plundering the spiritual flock, and they will enter the sheepfold (the Church), climbing up some other way, using force and trampling upon the divine statutes. The Lord calls them robbers (cf. St. John 10:1). Indeed, their first task will be the persecution of the true pastors, their imprisonment and exile, for without this it will be impossible for them to plunder the sheep.
Therefore, my son, when you see the violation of patristic tradition and the divine order in the Church, the order established by God, know that the heretics have already appeared, although for the time being they may conceal their impiety, or they will distort the Divine Faith imperceptibly, in order to succeed better in seducing and enticing the inexperienced into the net.
The persecution will be directed against not only pastors but against all servants of God, for all those ruled by heresy will not endure piety. Recognize these wolves in sheep’s clothing by their proud dispositions and love of power. They will be slanderers, traitors, everywhere sowing enmity and malice; therefore, the Lord said that by their fruits you will know them. True servants of God are humble, love their neighbor and are obedient to the Church.
Monastics will be greatly oppressed by the heretics and monastic life will be scorned. Monasteries will become scarce, the number of monastics will decline, and those who remain will endure violence. These haters of monastic life, however, having only the appearance of piety, will strive to attract the monks to their side promising them protection and worldly goods, and threatening those who oppose them with expulsion.
These threats will cause great despair among the fainthearted, but you, my son rejoice that you have lived until that time, for then the faithful who have not shown any other virtues, will receive crowns merely for standing firm in the faith, according to the word of the Lord (St. Matthew 10:32).
Fear the Lord my son. Fear to lose the crown prepared (for you), fear to be cast by Christ into the outer darkness and eternal torment. Stand bravely in the faith, and if necessary, endure persecution and other sorrows, for the Lord will be with you… and the holy martyrs and confessors, they will look upon you and your struggle with joy.
But woe to the monks in those days who will be bound with possessions and riches, who because of love of peace will be ready to submit to the heretics. They will lull to sleep their conscience, saying, “We are preserving and saving the monastery and the Lord will forgive us.” The unfortunate and blind ones do not at all consider that through heresy the demons will enter the monastery and then it will no longer be a holy monastery, but merely walls from which grace will depart.
God, however, is mightier than the enemy, and He will never leave His servants. True Christians will remain until the end of this age, only they will choose to live in secluded, deserted places. Do not fear sorrows, rather fear pernicious heresy, for it strips us of grace and separates us from Christ. This is why the Lord commanded us to consider the heretic as a pagan and a publican.
And so, my son, strengthen yourself in the grace of Jesus Christ. Hasten to confess the faith, to endure suffering as a good soldier of Jesus Christ Who has said: Be faithful unto death, and I will give thee a crown of life (Rev.2:10).
To Him, with the Father and the Holy Spirit, be honor, glory, and dominion unto the ages of ages. Amen.
Администрација на МВПЦ Витлеем Палестина

This entry was posted in Видеа. Bookmark the permalink.

Comments are closed.