КАЧУВАЊЕТО ДО ВРВОТ НА СВЕТА ГОРА

Atos 2
Качувањето до врвот на Атос е сериозен физички напор и се препорачува на искусните планинари во периодот од мај до октомври. Планинарите и туристите кои се во добра кондиција, качувањето може да го остварат во еден ден, но се препорачува за качувањето да се поминат два дена каде првиот ден би се преноќило во ќелијата Панагија на висина од 1500 метри надморска височина.
Самиот врв на Атос се наоѓа на висина од 2033 метри н.в. На него е изградена капела посветена на преображението на Спасителот. Покрај капелата се наоѓа камен со железниот крст на Свети Атанасиј, како и бунар со дождовница. Појдовното место за качувањето може да биде манастирот Велика Лавра на Свети Атанасиј или може да се тргне од скитата Света Ана.
Кога ќе дојдете до ќелијата Панагија на 1500 метри н.в. тука можете да преспиете бидејќи постојат две простории и капела. Во првата просторија има огниште со питка вода, а другата просторија е спална со 20-на ќебиња. Наш совет е да земете своја вреќа за спиење, како и енергетска храна со доволно течности (околу две литри). За сите оние кои сакаат печат од качувањето, тој се наоѓа во Панагија. Иако преку ден сонцето безмилосно пржи, ноќите се многу свежи.
За самото качување секогаш ви е потребна една јакна, батериска лампа, длабоки чевли, заштита од ветер и дожд. Исто така треба да бидете претпазливи бидејќи Атос е многу каменит и постои можност да сретнете и некоја змија.
Качувањето на планината Атос кај повеќето монаси станала пракса секоја година, а постои непишано правило дека секој монах треба во текот на својот живот да се качи на самиот врв барем еднаш. Кога ќе тргнете по планинарската патека до врвот, може да се случи да видите мазги и мулиња кои го носат товарот на постарите монаси. Од Панагија треба да се тргне рано и де се упатите кон врвот, за да можете и да присуствувате на излезот на сонцето кој претставува единствено доживување. Од Панагија до врвот потребни ви се околу два часа константна угорница. Слегувањето, иако физички е полесно, всушност е потешко бидејќи теренот е лизгав со многу камења и прашина.
Престојувањето на самиот врв е доживување за себе. На врвот ќе бидете наградени со преубав поглед кон морето и полуостровото Халкидики. Велат дека кога времето е убаво и ведро, може да се види и планината Олимп. На врвот се наоѓа мала црква и крст каде често се вршат разни верски служби. При качувањето кон врвот треба да совладате 1700 метри висинска разлика и да поминете околу осум километри со постојана угорница. Технички, качувањето до врвот спаѓа во качување од средна тежина.
За да се качите на планината Атос мора да имате специјална дозвола и виза за Света Гора. Повеќето луѓе документите за заминување на Атос и посетата на манастирот Хиландар ги вадат преку разни црковни здруженија, планинарски друштва во Србија, а постои претставништво и агенција во Уранополис кое се занимава со организирање и вадење на визи за посета на Света Гора и планината Атос. И не заборавете дека посетата на Света Гора може да ја доживеат само мажи.
Администрација на МВПЦ во Витлеем

atos
CLIMBING TO THE SUMMIT OF MOUNT ATHOS
Climbing to the top of Athos is a serious physical effort and is recommended to the experienced mountaineers in the period from May to October. Mountaineers and tourists who are in good condition can climb one day, but it is recommended to spend two days climbing for the first day to stay in the Panagia cell at a height of 1500 meters above sea level.
The very summit of Athos is at a height of 2033 meters. On it a chapel has been built dedicated to the Transfiguration of the Savior. Beside the chapel there is a stone with the Iron Cross of St. Athanasius, as well as, a well with a rainwater. The starting spot for climbing can be the Monastery of Great Lavra of St. Athanasius, or it can be departed from the Holy Anne’s skete.
When you reach the Panagia cell at 1,500 meters above sea level, you can sleep because there are two rooms and a chapel. In the first room there is a fireplace with potable water, and the other room is a bedroom with 20 blankets. Our advice is to take your sleeping bag, as well as energy foods with enough fluids (about two liters). For all those who want a seal from climbing, it is in Panagia. Although during the day the sun ruthlessly fries, the nights are very cool.
For the climbing you always need one jacket, flashlight, deep shoes, wind and rain protection. You also need to be cautious because Athos is very rocky and there is a chance to meet a snake.
Climbing Mount Athos among most of the monks has become a practice every year, and there is an unwritten rule that every monk should climb to the very top throughout his life at least once. When you take the hiking trail to the top, you may see mules bearing the burden of the older monks. From Panagia it is necessary to start early and go to the top, so you can also witness the sunrise, which is a unique experience. From Panagia to the top you need about two hours of constant climb. Descending, although physically easier, is actually more difficult because the ground is slippery with lots of stones and dust.
Staying at the very summit is an experience for yourself. There you will be rewarded with a beautiful view of the sea and the Halkidiki Peninsula. They say that when the weather is nice and clear, you can see the Mount Olympus. At the top there is a small church and a cross where various religious services are often performed. When climbing to the summit you have to overcome a 1700-meter-high difference and to pass about eight kilometers with a steep hill. Technically, the climbing to the top is considered as a midweight climb.
To climb the Mount Athos you must have a special permit and visa for the Holy Mountain. Most of the documents for going to Athos and the visit of the Hilandar monastery are carried out through various church associations, mountaineering societies in Serbia, and there is a representative and agency in Ouranopoli which organizes and issues visas for visiting the Holy Mountain and the Mount Athos. And do not forget that the visit to the Holy Mountain can only be experienced by men.
Administration of MGOC in Bethlehem
atos-vrh-22
atos-vrh-27

atos-vrh-29

suva-planina-trem-26

sveta-gora-atos

This entry was posted in Галерија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.