ДО ВЕРНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух
Мили браќа и сестри на МВПЦ,
Времето многу брзо поминува и во секојдневието се случуваат секојдневни нешта кои се или во наша полза или во полза на некој од нас.
За многу кратко време од оформувањето на веб страната се покажа дека сме читани од голем број луѓе со кое се потврдува дека ја исполнуваме нашата задача како е дословно и Благословено.
Досега исто се обидовме на многу начини да се етаблраме и во нашата татковина но не успеавме а поред тоа се случија многу нешта кои на еден начин ги преживевме во добро и болка.
Но секако ги помниме добрите а на болните се сеќаваме,како и тоа дека после еден долг период дојде времето да Тронот на црквата го предадам на помладите кои се како прво многу поздрави и поголема отпорност поседуваат.
Со ова црквата со Светиот Синод и мој Благослов го именува архиепископ Милетиус кој со свечана хиротонија за Велигден 2019 Света Господова Година ќе ја превземе должноста на Патријарх на Македонска Вистинска Православна Црква Господ нека Благодлови.
Во моментов се и разговори околу новиот состав на Светиот Синод кој исто така и ќе ја има својата резиденција во Витлеем а за кое верниците ќе бидат со време информурани за настаните и измените во црквата.

На многаја љета,Господ нека ве Благослови секојпат во моите молитви
архиепископ Јован-Хаџи
27/08/2018 година Господова

GRBOTNAMVPC
Pecat okrugli

This entry was posted in Архиепископ. Bookmark the permalink.

Comments are closed.