ДАЛИ СЕ РАСПАДНУВА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА

5bc4ca7fdda4c843148b45ab

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЈА ПРЕКИНУВА ВРСКАТА СО ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА
Светиот синодот на Руската православна црква (РПЦ) на денешното заседание во белорускиот главен град Минск, донесе одлука за целосен прекин на евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија.
– На заседанието на Светиот синод беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија, изјави по седницата раководителот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ, митрополитот волоколамски Иларион.
Според Иларион, Синодот оценил дека во сегашните услови невозможна е понатамошна евхаристичката комуникација на РПЦ со Цариградската патријаршија.
Одлуката на РПЦ следи откако во четвртокот Цариградската партијаршија соопшти дека почнала процес за давање независност на црквата во Украина од Руската православна црква.
Цариградската патријаршија реши да ја укине одлуката од 1686 година, со која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.
+++Јован-Хаџи

This entry was posted in Соопштенија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.