ЗА НЕУМЕСНОСТА И НЕДОПУСТЛИВОСТА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ

“ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА”

Прашање: Зошто Црквата не се спротивставува на дочекот на новата година според новиот календар? Штом дојде месец декември според новиот календар, нашите руски весници веднаш почнуваат да најавуваат „дочек на нова година“, која ја организираат разните руски организации. Најавите звучат многу примамливо: детално се набројува се што ќе се случува таму, се ветува пријатна и весела атмосфера, а потоа се упатува повик до сите да дојдат. При тоа, обично се заборава дека овие „дочеци“ се за време на Божиќниот пост, кога според правилата на Црквата, сосема е недопустливо било какви веселби, танци и игри, музика, како и употреба на месна и мрсна храна. Зошто нашите православни пастири не го подигнуваат својот глас против тие „дочеци“, зошто нашата Црква не протестира против нивното организирање?

МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СТРОГО ГИ ОСУДУВА СИТЕ ВАКВИ И СЛИЧНИ ПРАЗНУВАЊА ВО ВРЕМЕ НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ПОСТИ!
Одговор: Вашето размислување за неумесноста и недопустливоста на организирање на такви веселби за време на Божиќниот пост целосно се правилни. Драго ни е што тоа го слушаме од Вас, и што можеме да се увериме дека сеуште има верни христијани кои здраво размислуваат, кои се’ правилно разбираат и не сакаат да учествуваат во тоа страшно безумие на современото човештво кое во повеќето случаи е желно за „леб и игри“, и во животот е заинтересирано само за тоа како да добие што е можно повеќе задоволства за своето грешно тело, и на колку што е можно поразлични начини да се забавува и разонодува. Сепак, не сте сосема во право кога нашата Руска Црква (авторот мисли на предреволуционерната Руска Црква и Руска Православна Црква Задгранична на чија што јурисдикција и припаѓа) и нејзините пастири ги оптужувате за рамнодушност: има пастири кои совесно си ја вршат својата должност, почнувајќи од великиот пастир на нашето време приснопамјатниот отец Јован Кронштатски, секогаш го подигале и продолжуваат да го дигат својот глас против овие недолични „дочеци“ на Нова Година, како и воопшто против прекумерното предавање на веселби. Нашиот Архиерејски Синод и нашата локална Епархијска власт овде во Источна Америка, исто така, не еднаш во своите посланија ја имаат истакнато неумесноста и недопустливоста на организирање веселби во денови на пост и во навечерието на неделните и празничните денови. Но, што да се прави ако современото човештво, според зборовите на отец Јован Кронштатски, „спие со гревовен сон“, па затоа останува бесчувствително и глуво за сите тие повикувања на Црквата? Бидејќи, токму поради тоа на нашата Татковина и се случи таква страшна несреќа, а ние се најдовме раселени по светот. Но, и сега, во туѓина, се продолжува со ист таков начин на живот, со претерување во трагањето на задоволства, забави и веселби, па и уште со разни лукави самооправдувања, како што е: „за добротворни цели“ и „за ширење на руската култура“. Со тоа на себе навлекуваме уште поголем и пострашен Божји гнев, кој секако ќе се излие на нашата глава, ако навреме не се вразумиме и не се покаеме, и ако не почнеме да живееме онака како што наликува на православни христијани. Еве колку силно за тоа говори и не’ предупредува нашиот велик пастир отец Јован Кронштатски: „Светот се наоѓа во состојба на дремење, гревовен сон, спие. А Бог го буди со војни, помори, пожари, разорни бури, земјотреси, поплави, неродни години“ (Моиа Жизн во Христе т. I, стр. 227). Сега веројатно на секого му е јасно – во врска со комунистичката агресија која му се заканува на целиот свет и со страшните откритија со изузетно разорна моќ – дека целиот свет буквално се наоѓа на ивицата на пропаста и дека само Единствениот Господ и нашата предаденост на светата вера и Црква можат да не’ спасат. А нашите Руси, дури и тие кои што себе си сеуште се сметаат за православни, сето тоа го забораваат и постојано се предаваат на прекумерни и неумерени веселби, дури и во оние денови и часови кога според правилата на нашата света Црква тоа е забрането. Зарем, тоа не е’, во вистинска смисла на зборот – „Пир за време на чума“? Особено за нас, русите завиени во црно поради нашата несреќна татковина која е облиена со солзи и крв, и рспната на крст од страна на лутите безбожници – секое такво претерано предавање на бурни и нескромни веселби и забави сосема неумесно и едноставно не ни прилега. Денес со мирна душа може да се весели само оној на кого нашата Татковина Русија ништо не му значи, оној кој е со тврдо срце и бесчувствителен за нејзиното тешко четириесетгодишно страдање.
Аехиепископ Аверкиј Џорданвилски

This entry was posted in Библиотека. Bookmark the permalink.

Comments are closed.