ШТО НИ КАЖУВА БИБЛИЈАТА

АЛЧНОСТА (Лакомството)
а) Алчноста е корен на сите зла
“Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки” (1. Тимотеј 6:10)
“Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете. Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате – не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.” (Јаков 4:1-3)
“Алчниот човек си го упропастува сопственото семејство” (Поговорки 15:27)
“Кој е љубител на пари – не се наситува на пари; и кој е љубител на раскошот – не му достасува имотот!”
(Проповедник 5:10)
б) Да бидеме задоволни и внимателни
“Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.” (1. Тимотеј 6:6-9)
“Внимавајте и пазете се од секаков вид лакомство, зашто ни на оној што е многу богат, животот не му е сигурен само затоа што е богат!” (Исус, во Ев. Лука 12:15)
ПОСТОТ
а) Божјото гледиште за постот
“,Зашто, ние постиме, велат, а Ти (Боже) не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш!’ (А Господ одговара:)- – Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од други барате тешки трудови. Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа? Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од еднокрвниот не се криј. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува. Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: ,Еве Ме.- Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо.” (Исаија 58:3-9)
“Определете пост, објавете свечен собир, повикајте ги старците и сите жители од тој крај во домот на Господа, вашиот Бог – и викајте кон Господа.” (Јоил 1:14)
“Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од се срце, со пост, плач и ридание.” (Јоил 2:12)
“А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето, за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно” ( Матеј 6:17-18)
“Овој вид демон може да се изгони само ако претходно сте биле на молитва и пост.” ( Матеј 17:21)
“Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на пост и молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашате невоздржливост.”
(1. Коринт 7:5)
б) Примери за пост (од Библијата)
1) Мојсеј
“И остана Мојсеј таму пред Господа четириесет дена и четириесет ноќи, не јадејќи леб и не пиејќи вода; и ги напиша врз плочките зборовите на Заветот, Десетте заповеди.”
(2. Мојсеј 34:28)
2) Ездра
“Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради престапите на преселниците.” (Ездра 10:6)
3) Христос
“Исус се врати од реката Јордан исполнет со Светиот Дух. Духот Го одведе во пустината, каде што Ѓаволот Го искушуваше четириесет дена. За сето тоа време Тој не јадеше ништо…” (Лука 4:1-2)
4) Црквата во Антиохија
“Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: ,Одвојте ми ги Барнаба и Савле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!- Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.” (Дела на апостолите 13:2-3)
5) Апостол Павле и Барнаба
“Во секоја црква поставија старешини, откако постеа и се молеа, а потоа ги предадоа во рацете на Господ, во Кого поверуваа, Тој да се грижи за нив.” (Дела на апостолите 14:23)
ЖЕНАТА
“И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: ,Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!-” (1. Мојсеј 2:22-23)
“Бескруполозниот човек само имот стекнува, а благородната жена со почит се здобива.” (Поговорки 11:16)
“Со добра жена, мажот се гордее; лошата жена е рак во коските!.” (Поговорки 12:4)
“Мудра жена куќа гради; неразумна жена куќа руши.” (Поговорки 14:1)
“Кој ќе си најде добродетелна жена- таа и од дијаманти е поскапоцена!”(Поговорки 31:10)
“Шармот залажува, убавината минува, а жената која во Господ верува – заслужува пофалба!” (Поговорки 31:30)
“Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.” (1. Тимотеј 2:9-10)
“А на жената и рече: ,Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!-” (1. Мојсеј 3:16)
“Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.” (1. Коринт 11:3)
“Жените не треба да говорат на богослужбите. Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон.” (1. Коринт 14:34)
“Но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.” (2. Коринт 11:3)
“Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ.” (Ефес 5:22)
“Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.”
(1. Тимотеј 2:11)
“Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови.” (1. Петар 3:1)
“Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.” (1. Петар 3:5)
Аднинистрација на МВПЦ

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.