ДУХОВЕН ЧОВЕК

Anonimnost
Често можеме да слушнеме, дека духовен човек – е оној, кој се занимава со наука, музика или уметност. Тие луѓе имаат свое место во општествово, и се достојни за почит, но да ги нарекуваме духовни според нивната активност е неправилно.
Духовен човек, според учењето на светите отци, е тој, кој е исполнет со Светиот Дух. Таквиот човек живее црковно, ги следи советите на светите отци, ги запазува заповедите на Христа, и постојано диши со благодатта на Светиот Дух, според зборовите на свети Григориј Богослов: „Потребно е да си спомнуваме на Бога почесто, отколку што дишиме“.свети Григориј Богослов: „Молитвата е како дишењето“. Оној кој сака да стане духовен човек, потребно е да дише со Светиот Дух, постојано и непрестајно. Исто така, потребно е да се научи и на тајните на духовниот живот. Основа за духовниот живот е – молитвата. Светите отци пишуваат дека, молитвата – е уметност над уметностите и наука над науките. Свети Јован Златоуст, кој е еден од најголемите светители, и столб, и вселенски учител на Православието, го говори следново: ако сакаш да разбереш колку некој човек го љуби Бога, немој да го прашуваш директно за тоа. Прашај го на индиректен начин: „Колку време се молиш?“ Од неговиот одговор ќе разбереш, колку тој го љуби Бога.
50539622_2275050709186048_4598229263118761984_n
Имено молитвата е она што им недостасува на денешните христијани. Луѓето не се молат, не ги посетуваат богослужбите, го посетуваат храмот, само кога ќе бидат повикани од своите роднини и пријатели на панихиди, венчавки и крштевки. И тоа го сметаат како доволно за да се наречат верници, кои ја сакаат Црквата и луѓето. Замислете од колку големо богатство е лишен оној, кој заборава своето срце да го направи храм Божји! Станува ли нашето срце храм Божји, кога ние се трудиме на нивата на духовниот живот. Духовниот живот – е „жетва“ на Светиот Дух, но само во тој случај, ако ние на нивата од нашиот живот посееме љубов и верност кон Христовите заповеди. Христовите Заповеди не се окови и лишување на слободата, туку лекарство за духовно исцеление.
Не постои монашка и светска духовност. Духовниот живот е еден. На монахот кој живее во манастир, му се даваат идеални услови за здобивање на благодатта на Светиот Дух. Но и световниот човек, ако е жив и вистински член на Црквата, може да ја здобие благодатта. Светиот Дух, Кој дејствува во светот не е заминат во пензија!
За да се здобие човек со вистинска духовност, како прво е потребно да осознае дека има многу недостатоци, грешки и гревови. Потребно е да се исповеда. Духовниот човек е должен постојано да ги гледа и контролира мислите на своето срце, своето расположение – односно дали е со Бога или не?
Еднаш на Света Гора дојде еден човек, кој имаше истакната позиција во општеството. Беше претприемач, и им помагаше на многумина. После нашиот разговор му предложив да се исповеда. „Јас никогаш се немам исповедано, бидејќи немам гревови,“ – одговори тој. И почна да ги набројува своите добродетели. Почна да раскажува како насекаде го сакаат и почитуваат. Јас просолзив од восхит, слушајќи го неговото фалење дека е најдобриот човек во светот! Признавам се огорчив. Кога дојде мојот ред да говорам (а бев прилично многу строг), му реков: „Ти знаеш на кого си сличен? На човек, кој доживеал мозочен удар, и поради едностраната парализа на половина од телото, ништо не чувствува.“ Исто така и ти си болен од бесчувствителност – од духовна бесчувствителност“. Човекот гледаше во мене со збунетост, а видно беше дека прв пат се имаше соочено со ваква ситуација. Јас продолжив: „Одговори ми искрено, ти кој говориш, дека немаш гревови: колку абортуси си извршил?“ Тогаш тој започна да се поти и да се загрижува. После кратко размислување со тажен тон одговори дека има извршено дванаесет абортуси. Извршил дванаесет убиства на своите деца. Само едно убиство е доволно за преостанатиот живот да го поминеш во постојано покајание и смирение, и наместо да се рекламираш себеси, ти си должен постојано да го молиш Бога за милост“. Овој разговор силно го измени неговиот живот, и тој во своето срце ги прими советите кои му ги кажав. Денес тој работи на својата професија, но со сосема други погледи. Тој сега знае што е тоа грев, што значи воцрковувањето и молитвата. Секој ден станува во шест наутро, и се моли со Исусовата молитва. Навечер чита мало повечерие со акатист кон Мајката Божја и уште половина час говори Исусова молитва. Кога доаѓа на Света Гора, при нашите средби, тој секогаш плаче. Не од сентименталност и депресија, туку од божествената љубов, која гори во неговото срце. Говори: „Колку години проживеав во слепота и незнаење! Давав „милостиња“ и се фалев со неа, ми беше пријатно кога ме фалеа, ми ракоплескаа, ме почитуваа. Но потоа увидов дека сум внатрешно сиромав човек, без духовна содржина и без духовна самоувереност. Бев придвижуван од страстите и гордоста, мислејќи дека сум најдобриот човек во светот“.
49342475_2275050735852712_1526194629811109888_n
Кога Светиот Дух се вселува во човекот, првото нешто на што го учи – е познавањето на својата немоќ и своите грешки, внимателно забележувајќи ги сите невнимателни постапки, кои сме ги правеле и ги правиме. Исто така, Он не учи да бидеме строги кон себеси и снисходливи кон другите. Навистина, кога човекот го здобива Светиот Дух, ја чувствува Неговата благодат толку опипливо, што започнува да ги љуби сите луѓе, такви какви што сè, а не какви што тој сака да бидат. Многу е важно, ние, во името на Христа, да ги прифаќаме луѓето такви, какви што сè, бидејќи Христос говори: Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците (Мат. 5, 46). Острастениот човек, го љуби оној кој него го љуби, и го почитува оној, кој него го почитува. Но треба да знаеме дека кога почитта и љубовта произлегуваат од нашите страсти, тие се израз на егоизмот. А човекот кој работи и создава за да го задоволи својот егоизам, ништо не може да добие во својот живот, бидејќи сите негови дела се само за пред очите на другите луѓе, и само однадвор изгледаат добри, а таквите дела Бог не ги прима.
Администрација на МВПЦ

This entry was posted in Поуки. Bookmark the permalink.

Comments are closed.